цевки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cevki/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Mar 2024 13:16:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png цевки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cevki/ 32 32 Тројца мажи со дрва и цевки тепале две жени во виничко село https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/trojtsa-mazhi-so-drva-i-tsevki-tepale-dve-zheni-vo-vinichko-selo/ Thu, 14 Mar 2024 13:16:40 +0000 https://republika.mk/?p=754773

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против три лица од виничкото село Трсино, за кои постои сомнение дека во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз две жени и притоа им нанеле телесни повреди.

Додека оштетените биле во дворот од нивната куќа, тројцата мажи ја прескокнале оградата од дворот и се упатиле кон нив, држејќи во рацете тврди предмети – дрва и цевки. Жените се скриле во помошен објект, но осомничените ги извлекле и започнале да ги удираат, нанесувајќи им телесни повреди, а предизвикале чувство на страв и кај уште една жена – сведок на настанот. На овој начин осомничените сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Според првичните сознанија, причина за насилството биле подолготрајни нарушени односи меѓу две семејства во селото, а при лишување од слобода осомничените продолжиле да се закануваат дека ќе извршат убиство. Со оглед на опасноста осомничените да го повторат делото или да извршат друго дело со кое се закануваат, но и опасноста од бегство, јавниот обвинител до Основниот суд во Виница достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и определи притворска мерка спрема сите осомничени.

 

The post Тројца мажи со дрва и цевки тепале две жени во виничко село appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против три лица од виничкото село Трсино, за кои постои сомнение дека во група ја загрозиле сигурноста и извршиле грубо насилство врз две жени и притоа им нанеле телесни повреди. Додека оштетените биле во дворот од нивната куќа, тројцата мажи ја прескокнале оградата од дворот и се упатиле кон нив, држејќи во рацете тврди предмети – дрва и цевки. Жените се скриле во помошен објект, но осомничените ги извлекле и започнале да ги удираат, нанесувајќи им телесни повреди, а предизвикале чувство на страв и кај уште една жена – сведок на настанот. На овој начин осомничените сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Според првичните сознанија, причина за насилството биле подолготрајни нарушени односи меѓу две семејства во селото, а при лишување од слобода осомничените продолжиле да се закануваат дека ќе извршат убиство. Со оглед на опасноста осомничените да го повторат делото или да извршат друго дело со кое се закануваат, но и опасноста од бегство, јавниот обвинител до Основниот суд во Виница достави предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати предлогот и определи притворска мерка спрема сите осомничени.  

The post Тројца мажи со дрва и цевки тепале две жени во виничко село appeared first on Република.

]]>
ЕСМ: Се поставуваат нови цевки под мостот „Беласица“, испораката на топлинска енергија е по алтернативен вод https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/esm-se-postavuvaat-novi-tsevki-pod-mostot-belasitsa-isporakata-na-toplinska-energija-e-po-alternativen-vod/ Fri, 20 Oct 2023 11:39:05 +0000 https://republika.mk/?p=693287

Под мостот „Беласица“ се поставуваат нови цевки за парното греење во Скопје. Електрани на Македонија АД соопшти дека се вложуваат „максимални напори за санацијата да заврши во најкус можен рок“ и дека се работи за „комплексна активност што бара сериозна посветеност и работа“.

Додека траат активностите за поставувањето на новите цевки се користи алтернативниот вод на железничкиот мост кој има капацитет да се врши континуирана испорака на топлинска енергија до потрошувачите вклучувајќи ги и количините кои ќе ги испорачува ТЕ-ТО. Во текот на изминатиот период, АД ЕСМ активно работеше на решение за проблемот со цевководот кај мостот „Беласица“, кој е од суштинска важност за парното греење во Град Скопје. Успешно беа отстранети оштетените цевки и донесени се нови и за нивно постаувавање веќе се започна со активности на терен, соопшти ЕСМ.

Наведува дека испораката на топлинска енергија во грејна сезона е од 6 до 22 часот по строго утврдени правила и дијаграми и, според нив, во октомври и првата половина на ноември, кога надворешните временски услови се променливи, снабдувањето со топлинска енергија зависи од надворешните температури и од атмосферските услови во различни периоди од денот.

При одредени атмосферски услови во периодите на високи надворешни дневни температури, се прекинува испораката на топлинска енергија. Воедно, повторно апелираме до потрошувачите и управителите односно заедниците на сопственици да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок и тоа веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи, да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација), информира АД ЕСМ.

The post ЕСМ: Се поставуваат нови цевки под мостот „Беласица“, испораката на топлинска енергија е по алтернативен вод appeared first on Република.

]]>

Под мостот „Беласица“ се поставуваат нови цевки за парното греење во Скопје. Електрани на Македонија АД соопшти дека се вложуваат „максимални напори за санацијата да заврши во најкус можен рок“ и дека се работи за „комплексна активност што бара сериозна посветеност и работа“. Додека траат активностите за поставувањето на новите цевки се користи алтернативниот вод на железничкиот мост кој има капацитет да се врши континуирана испорака на топлинска енергија до потрошувачите вклучувајќи ги и количините кои ќе ги испорачува ТЕ-ТО. Во текот на изминатиот период, АД ЕСМ активно работеше на решение за проблемот со цевководот кај мостот „Беласица“, кој е од суштинска важност за парното греење во Град Скопје. Успешно беа отстранети оштетените цевки и донесени се нови и за нивно постаувавање веќе се започна со активности на терен, соопшти ЕСМ. Наведува дека испораката на топлинска енергија во грејна сезона е од 6 до 22 часот по строго утврдени правила и дијаграми и, според нив, во октомври и првата половина на ноември, кога надворешните временски услови се променливи, снабдувањето со топлинска енергија зависи од надворешните температури и од атмосферските услови во различни периоди од денот. При одредени атмосферски услови во периодите на високи надворешни дневни температури, се прекинува испораката на топлинска енергија. Воедно, повторно апелираме до потрошувачите и управителите односно заедниците на сопственици да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок и тоа веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи, да овозможат непречен пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација), информира АД ЕСМ.

The post ЕСМ: Се поставуваат нови цевки под мостот „Беласица“, испораката на топлинска енергија е по алтернативен вод appeared first on Република.

]]>
Се очекува во наредните денови ЕСМ ќе почне со поставување на топловодните цевки под мостот „Беласица“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/se-ochekuva-vo-narednite-denovi-esm-ke-pochne-so-postavuvane-na-toplovodnite-tsevki-pod-mostot-belasitsa/ Tue, 26 Sep 2023 15:22:21 +0000 https://republika.mk/?p=685395

Доколку не бидат поставени топловодните цевки на мостот „Беласица“, цената на парното греење, како што кажа претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, ќе доживее цунами, затоа што топинската енергија што се добива од централата ТЕ-ТО е неколкукратно поевтина во однос на она што би се добивало од другите топлани кои работат на другите енергенси, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Ковачевски посочи дека активно се работи и дека не би требало да се доцни.

Мислам дека во наредните денови ЕСМ ќе треба да започне со поставување на нови цевки, тоа значи одредена подготовка на долниот дел од мостот неврзано со конструкцијата на мостот и врз основа на таа подготовка, која се прави врз претходно вештачење, ќе можат да започнат со поставување на цевките. Доколку не се успее во тој процес, тогаш ќе има проблем греењето во Скопје, но сметам дека не треба тоа да се случи, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција во Владата.

Според него, потребна е континуирана комуникација меѓу ЕСМ и Град Скопје.

ЕСМ има многу сериозно пристапено кон овој проблем. Ќе биде потребна дневна комуникација со Град Скопје прво во делот на санирање односно подготовка на подлогите за поставување на цевките, издавање на сооветни дозволи. Сметам дека има време тоа да биде направено. Штом се направи тоа ќе ја олесни работата на Регулаторна комисија за да може да одреди цена на топлинска енергија, рече Ковачевски.

Целосната реконструкција на мостот, како што посочи, не е поврзана со топловодот.

The post Се очекува во наредните денови ЕСМ ќе почне со поставување на топловодните цевки под мостот „Беласица“ appeared first on Република.

]]>

Доколку не бидат поставени топловодните цевки на мостот „Беласица“, цената на парното греење, како што кажа претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, ќе доживее цунами, затоа што топинската енергија што се добива од централата ТЕ-ТО е неколкукратно поевтина во однос на она што би се добивало од другите топлани кои работат на другите енергенси, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски. Ковачевски посочи дека активно се работи и дека не би требало да се доцни.
Мислам дека во наредните денови ЕСМ ќе треба да започне со поставување на нови цевки, тоа значи одредена подготовка на долниот дел од мостот неврзано со конструкцијата на мостот и врз основа на таа подготовка, која се прави врз претходно вештачење, ќе можат да започнат со поставување на цевките. Доколку не се успее во тој процес, тогаш ќе има проблем греењето во Скопје, но сметам дека не треба тоа да се случи, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната прес-конференција во Владата.
Според него, потребна е континуирана комуникација меѓу ЕСМ и Град Скопје.
ЕСМ има многу сериозно пристапено кон овој проблем. Ќе биде потребна дневна комуникација со Град Скопје прво во делот на санирање односно подготовка на подлогите за поставување на цевките, издавање на сооветни дозволи. Сметам дека има време тоа да биде направено. Штом се направи тоа ќе ја олесни работата на Регулаторна комисија за да може да одреди цена на топлинска енергија, рече Ковачевски.
Целосната реконструкција на мостот, како што посочи, не е поврзана со топловодот.

The post Се очекува во наредните денови ЕСМ ќе почне со поставување на топловодните цевки под мостот „Беласица“ appeared first on Република.

]]>