Cеверна кореја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ceverna-koreja/ За подобро да се разбереме Fri, 15 Nov 2024 19:40:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Cеверна кореја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ceverna-koreja/ 32 32 Полска повторно ја отвори својата амбасада во Cеверна Кореја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/polska-povtorno-ja-otvori-svojata-ambasada-vo-ceverna-koreja/ Fri, 15 Nov 2024 21:05:57 +0000 https://republika.mk/?p=838297

Полска повторно ја отвора својата амбасада во Cеверна Кореја, која беше затворена од почетокот на пандемијата на корона вирусот, соопшти полското министерство за надворешни работи.

Како што се наведува во соопштението, овој потег отвора канал за комуникација меѓу Полска, која е членка на НАТО, и Пјонгјанг, близок сојузник на Русија.

Полската амбасада беше затворена во декември 2020 година, откако севернокорејските власти објавија целосно затворање на државната граница поради пандемијата на корона вирусот.

Полска е втората европска земја која повторно ја отвори својата амбасада во Пјонгјанг, по Шведска, која го стори тоа во септември.

The post Полска повторно ја отвори својата амбасада во Cеверна Кореја appeared first on Република.

]]>

Полска повторно ја отвора својата амбасада во Cеверна Кореја, која беше затворена од почетокот на пандемијата на корона вирусот, соопшти полското министерство за надворешни работи. Како што се наведува во соопштението, овој потег отвора канал за комуникација меѓу Полска, која е членка на НАТО, и Пјонгјанг, близок сојузник на Русија. Полската амбасада беше затворена во декември 2020 година, откако севернокорејските власти објавија целосно затворање на државната граница поради пандемијата на корона вирусот. Полска е втората европска земја која повторно ја отвори својата амбасада во Пјонгјанг, по Шведска, која го стори тоа во септември.

The post Полска повторно ја отвори својата амбасада во Cеверна Кореја appeared first on Република.

]]>
Пентагон смета дека Cеверна Кореја испратила околу 10.000 војници во Русија да се борат во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pentagon-smeta-deka-ceverna-koreja-ispratila-okolu-10-000-vojnitsi-vo-rusija-da-se-borat-vo-ukraina/ Mon, 28 Oct 2024 20:13:46 +0000 https://republika.mk/?p=831831

Cеверна Кореја испратила околу 10.000 војници во Русија да се обучуваат и борат во Украина во следните неколку недели и нема да има ограничувања за употребата на американско оружје против нив, соопшти Пентагон.

Портпаролката на Пентагон Сабрина Синг изјави дека некои севернокорејски војници веќе се приближиле до Украина и се верува дека се движат кон рускиот пограничен регион Курск, каде што Русија се бори за да го одбие украинскиот упад.

Синг изјави дека нема да има ограничувања за употребата на американско оружје против севернокорејските сили.

Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека одредени севернокорејски воени единици веќе се наоѓаат во регионот Курск.

Руте во Брисел изјави дека распоредувањето на севернокорејските трупи претставува „значителна ескалација“ на вмешаноста на Пјонгјанг во конфликтот во Украина и „опасно проширување на руската војна“.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и државниот секретар Ентони Блинкен ќе се сретнат со нивните јужнокорејски колеги подоцна оваа недела во Вашингтон.

Синг најави дека Остин и јужнокорејскиот министер за одбрана Ким Џонг-хјун ќе разговараат за распоредувањето на севернокорејските трупи во Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот на НАТО во октомври рече дека „илјадници“ севернокорејски војници се на пат кон Русија.

Зеленски рече дека врз основа на разузнавачките информации што ги добил, 10.000 севернокорејски војници се подготвуваат да бидат распоредени во Украина на руска страна.

Јужнокорејските медиуми претходно јавија дека Cеверна Кореја ќе испрати вкупно 12.000 војници да се борат во Украина.

The post Пентагон смета дека Cеверна Кореја испратила околу 10.000 војници во Русија да се борат во Украина appeared first on Република.

]]>

Cеверна Кореја испратила околу 10.000 војници во Русија да се обучуваат и борат во Украина во следните неколку недели и нема да има ограничувања за употребата на американско оружје против нив, соопшти Пентагон. Портпаролката на Пентагон Сабрина Синг изјави дека некои севернокорејски војници веќе се приближиле до Украина и се верува дека се движат кон рускиот пограничен регион Курск, каде што Русија се бори за да го одбие украинскиот упад. Синг изјави дека нема да има ограничувања за употребата на американско оружје против севернокорејските сили. Генералниот секретар на НАТО Марк Руте денеска изјави дека одредени севернокорејски воени единици веќе се наоѓаат во регионот Курск. Руте во Брисел изјави дека распоредувањето на севернокорејските трупи претставува „значителна ескалација“ на вмешаноста на Пјонгјанг во конфликтот во Украина и „опасно проширување на руската војна“. Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и државниот секретар Ентони Блинкен ќе се сретнат со нивните јужнокорејски колеги подоцна оваа недела во Вашингтон. Синг најави дека Остин и јужнокорејскиот министер за одбрана Ким Џонг-хјун ќе разговараат за распоредувањето на севернокорејските трупи во Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот на НАТО во октомври рече дека „илјадници“ севернокорејски војници се на пат кон Русија. Зеленски рече дека врз основа на разузнавачките информации што ги добил, 10.000 севернокорејски војници се подготвуваат да бидат распоредени во Украина на руска страна. Јужнокорејските медиуми претходно јавија дека Cеверна Кореја ќе испрати вкупно 12.000 војници да се борат во Украина.

The post Пентагон смета дека Cеверна Кореја испратила околу 10.000 војници во Русија да се борат во Украина appeared first on Република.

]]>
Ким доби нови „играчки“: Cеверна Кореја успешно тестираше серија нови воени дронови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kim-dobi-novi-igrachki-ceverna-koreja-uspeshno-testirashe-serija-novi-voeni-dronovi/ Mon, 26 Aug 2024 08:25:55 +0000 https://republika.mk/?p=810162

Лидерот на Cеверна Кореја, Ким Џонг Ун, го предводеше тестирањето на различни видови нови дронови развиени во Националната одбранбена академија на земјата.

Според Корејската централна новинска агенција, беспилотните летала се дизајнирани да „ги погодуваат сите копнени и поморски цели на различни дострели“.

По успешните тестови, Ким Џонг Ун повика што поскоро да бидат ставени во употреба најновите беспилотни летала во Корејската народна армија.

The post Ким доби нови „играчки“: Cеверна Кореја успешно тестираше серија нови воени дронови appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Cеверна Кореја, Ким Џонг Ун, го предводеше тестирањето на различни видови нови дронови развиени во Националната одбранбена академија на земјата. Според Корејската централна новинска агенција, беспилотните летала се дизајнирани да „ги погодуваат сите копнени и поморски цели на различни дострели“. По успешните тестови, Ким Џонг Ун повика што поскоро да бидат ставени во употреба најновите беспилотни летала во Корејската народна армија.

The post Ким доби нови „играчки“: Cеверна Кореја успешно тестираше серија нови воени дронови appeared first on Република.

]]>
Cеверна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ceverna-koreja-testirashe-taktichki-balistichki-raketi-so-nov-sistem-za-naveduvane/ Sat, 18 May 2024 09:18:29 +0000 https://republika.mk/?p=779430

Cеверна Кореја објави дека тестирала балистичка ракета со нов систем за наведување, а на тестот присуствувал и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

Ким изрази задоволство по повод успешното тестирање на ракетата, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Јужнокорејската армија претходно соопшти дека Cеверна Кореја лансирала повеќе балистички проектили со краток дострел кон Источно Море.

Тестирањето се случува само еден ден откако САД и Јужна Кореја имаа заедничка вежба со стелт борбени авиони при што се симулираше борба во воздух.

The post Cеверна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување appeared first on Република.

]]>

Cеверна Кореја објави дека тестирала балистичка ракета со нов систем за наведување, а на тестот присуствувал и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Ким изрази задоволство по повод успешното тестирање на ракетата, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.
Јужнокорејската армија претходно соопшти дека Cеверна Кореја лансирала повеќе балистички проектили со краток дострел кон Источно Море. Тестирањето се случува само еден ден откако САД и Јужна Кореја имаа заедничка вежба со стелт борбени авиони при што се симулираше борба во воздух.

The post Cеверна Кореја тестираше тактички балистички ракети со нов систем за наведување appeared first on Република.

]]>
Ким Џонг Ун ја однесе ќерката да гледаат воени вежби https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kim-dhong-un-ja-odnese-kerkata-da-gledaat-voeni-vezhbi/ Tue, 19 Mar 2024 16:33:21 +0000 https://republika.mk/?p=756102

Лидерот на Cеверна Кореја, Ким Џонг Ун, присуствувал на воените вежби на падобранските единици на севернокорејската армија во друштво на неговата ќерка Ким Ју-ае.

Како шпто објавија севернокорејските медиуми, Ким Џонг Ун и неговата ќерка, заедно ги следеле воените вежби.

Според медиумите, Ким и ќерка му, по вежбите се возеле со новиот „Аурус“, луксузниот автомобил кој севернокерејскиот лидер неодамна го доби на подарок од рускиот претседател Владимир Путин како „доказ за длабокото пријателство меѓу нив“.

https://republika.mk/vesti/svet/go-vikaat-rusko-zlato-ova-e-luksuzniot-avtomobil-shto-putin-prv-go-proba-a-sega-mu-go-podari-na-kim-dhong-un/

The post Ким Џонг Ун ја однесе ќерката да гледаат воени вежби appeared first on Република.

]]>

Лидерот на Cеверна Кореја, Ким Џонг Ун, присуствувал на воените вежби на падобранските единици на севернокорејската армија во друштво на неговата ќерка Ким Ју-ае. Како шпто објавија севернокорејските медиуми, Ким Џонг Ун и неговата ќерка, заедно ги следеле воените вежби. Според медиумите, Ким и ќерка му, по вежбите се возеле со новиот „Аурус“, луксузниот автомобил кој севернокерејскиот лидер неодамна го доби на подарок од рускиот претседател Владимир Путин како „доказ за длабокото пријателство меѓу нив“. https://republika.mk/vesti/svet/go-vikaat-rusko-zlato-ova-e-luksuzniot-avtomobil-shto-putin-prv-go-proba-a-sega-mu-go-podari-na-kim-dhong-un/

The post Ким Џонг Ун ја однесе ќерката да гледаат воени вежби appeared first on Република.

]]>
Министерката за надворешни работи на Северна Кореја од утре во посета на Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ministerkata-za-nadvoreshni-raboti-na-severna-koreja-od-utre-vo-poseta-na-rusija/ Sun, 14 Jan 2024 12:47:32 +0000 https://republika.mk/?p=732884

Севернокорејската министерка за надворешни работи, Чое Сон Хуи, на покана на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, ќе престојува во официјална посета на Руската Федерација од утре до 17 јануари, објави севернокорејската новинска агенција.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го потврди доаѓањето на севернокорејската делегација со која ќе разговара шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Ја очекуваме севернокорејска делегација во Москва. Планирани се преговори со Сергеј Лавров“, рече Захарова.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во септември минатата годинаја ја посети Русија и се сретна со рускиот претседател Владимир Путин.

The post Министерката за надворешни работи на Северна Кореја од утре во посета на Русија appeared first on Република.

]]>

Севернокорејската министерка за надворешни работи, Чое Сон Хуи, на покана на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, ќе престојува во официјална посета на Руската Федерација од утре до 17 јануари, објави севернокорејската новинска агенција. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го потврди доаѓањето на севернокорејската делегација со која ќе разговара шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
Ја очекуваме севернокорејска делегација во Москва. Планирани се преговори со Сергеј Лавров“, рече Захарова.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во септември минатата годинаја ја посети Русија и се сретна со рускиот претседател Владимир Путин.

The post Министерката за надворешни работи на Северна Кореја од утре во посета на Русија appeared first on Република.

]]>
И Ким Џонг-ун знае да плаче: Се расплака додека им се обраќаше на жените https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/i-kim-dhong-un-znae-da-plache-se-rasplaka-dodeka-im-se-obrakashe-na-zhenite/ Fri, 08 Dec 2023 10:34:21 +0000 https://republika.mk/?p=720969

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се расплака на неодамнешниот состанок со жените, каде што повика на напори за борба против опаѓањето на наталитетот во земјата.

На снимката, која се прошири на социјалните мрежи, може да се види Ким Џонг-ун како гледа надолу и ги брише солзите од лицето.

Спречувањето на падот на наталитетот и добрата грижа за децата се наши домашни обврски што мораме да ги извршуваме додека работиме со мајките“, порача Ким.

Ова се случило на Националниот состанок на мајките организиран во Пјонгјанг. На митингот, Ким Џонг-ун ги повика жените да раѓаат повеќе деца „за доброто на партијата, револуцијата и на целата земја“.

https://twitter.com/visegrad24/status/1732343632794112052?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1732343632794112052%7Ctwgr%5E5adb3da2dc6013ef569a80dd9ae91779bb43c009%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fd0b2d0b8d0b4d0b5d0be-d0bad0b8d0bc-d19fd0bed0bdd0b3-d183d0bd-d181d0b5-d180d0b0d181d0bfd0bbd0b0d0bad0b0-d0b4d0bed0b4d0b5d0bad0b0-d0b8%2F

Заблагодарувајќи им се на мајките за нивната улога во зајакнувањето на националната моќ, Ким Џонг-ун рече:

Секогаш мислам и на мајките кога ми е тешко да се справам со партиската и државната работа“.

Фондот за население на Обединетите нации ја проценува стапката на фертилитет во Cеверна Кореја на 1,8 во услови на долгорочен пад на стапката во последните децении. Ова е повеќе во однос на некои соседни земји. Во Јужна Кореја, стапката на фертилитет падна на рекордно ниско ниво од 0,78 минатата година.

Стапката на фертилитет во Јапонија падна на 1,26.

Cеверна Кореја има околу 25 милиони жители. Изолираната земја се соочува со сериозен недостиг на храна поради смртоносниот глад во 1990-тите и други природни катастрофи.

The post И Ким Џонг-ун знае да плаче: Се расплака додека им се обраќаше на жените appeared first on Република.

]]>

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се расплака на неодамнешниот состанок со жените, каде што повика на напори за борба против опаѓањето на наталитетот во земјата. На снимката, која се прошири на социјалните мрежи, може да се види Ким Џонг-ун како гледа надолу и ги брише солзите од лицето.
Спречувањето на падот на наталитетот и добрата грижа за децата се наши домашни обврски што мораме да ги извршуваме додека работиме со мајките“, порача Ким.
Ова се случило на Националниот состанок на мајките организиран во Пјонгјанг. На митингот, Ким Џонг-ун ги повика жените да раѓаат повеќе деца „за доброто на партијата, револуцијата и на целата земја“. https://twitter.com/visegrad24/status/1732343632794112052?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1732343632794112052%7Ctwgr%5E5adb3da2dc6013ef569a80dd9ae91779bb43c009%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fd0b2d0b8d0b4d0b5d0be-d0bad0b8d0bc-d19fd0bed0bdd0b3-d183d0bd-d181d0b5-d180d0b0d181d0bfd0bbd0b0d0bad0b0-d0b4d0bed0b4d0b5d0bad0b0-d0b8%2F Заблагодарувајќи им се на мајките за нивната улога во зајакнувањето на националната моќ, Ким Џонг-ун рече:
Секогаш мислам и на мајките кога ми е тешко да се справам со партиската и државната работа“.
Фондот за население на Обединетите нации ја проценува стапката на фертилитет во Cеверна Кореја на 1,8 во услови на долгорочен пад на стапката во последните децении. Ова е повеќе во однос на некои соседни земји. Во Јужна Кореја, стапката на фертилитет падна на рекордно ниско ниво од 0,78 минатата година. Стапката на фертилитет во Јапонија падна на 1,26. Cеверна Кореја има околу 25 милиони жители. Изолираната земја се соочува со сериозен недостиг на храна поради смртоносниот глад во 1990-тите и други природни катастрофи.

The post И Ким Џонг-ун знае да плаче: Се расплака додека им се обраќаше на жените appeared first on Република.

]]>
ЕУ e „длабоко загрижена“ од трансферот на оружје меѓу Cеверна Кореја и Русија, се прекршувале резолуции на ОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-e-dlaboko-zagrizhena-od-transferot-na-oruzhje-megu-ceverna-koreja-i-rusija-se-prekrshuvale-rezolutsii-na-on/ Sat, 04 Nov 2023 08:27:42 +0000 https://republika.mk/?p=698028

Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) соопшти дека Европската Унија е длабоко загрижена од извештаите за воена соработка и трансфери на оружје меѓу Cеверна Кореја и Руската Федерација.

Европската Унија силно го осудува секој таков трансфер на оружје. ЕУ ги повикува Cеверна Кореја и Русија да се воздржат од каква било размена на воена опрема или муниција и да се придржуваат до резолуциите на Советот за безбедност на ОН, вклучително и 1718, 1874 и 2270, кои јасно забрануваат каков било извоз или увоз на оружје поврзан со Демократска Народна Република Кореја, се наведува во соопштението.

Според ЕЕАС, кршењето на резолуцијата на Советот за безбедност и продлабочувањето на врските со Пјонгјанг се показател на нејзината зголемена изолација и очај и на ефективноста на рестриктивните мерки на ЕУ кон Русија.

The post ЕУ e „длабоко загрижена“ од трансферот на оружје меѓу Cеверна Кореја и Русија, се прекршувале резолуции на ОН appeared first on Република.

„Фајненшл Тајмс“: Украинците на фронтот употребија ракети што „пријателските земји“ ги запленија од Cеверна Кореја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fajnenshl-tajms-ukraintsite-na-frontot-upotrebija-raketi-shto-prijatelskite-zemji-gi-zaplenija-od-ceverna-koreja/ Sat, 29 Jul 2023 08:39:45 +0000 https://republika.mk/?p=666538

Украинската армија употребиla севернокорејски ракети во битките против Русија, кои, како што пишува „Фајненшл тајмс“, „пријателските земји“ ги заплениле од брод пред да ги испорачаат во Украина.

Украинското Министерство за одбрана, сепак, сугерираше дека оружјето е запленето од Русија, пишува весникот.

Иако севернокорејското оружје не е широко дистрибуирано на украинското бојно поле, САД претходно ја обвинија Cеверна Кореја дека и испорачува оружје на Русија преку морски патишта.

Cеверна Кореја и Русија негираат дека имало испораки на оружје меѓу двете земји, но украинските војници покажаа севернокорејско оружје запленето во Бахмут.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу оваа недела го посети Пјонгјанг за да ја одбележи 70-годишнината од крајот на Корејската војна, што е прва посета на руски министер за одбрана на Cеверна Кореја од 1991 година.

The post „Фајненшл Тајмс“: Украинците на фронтот употребија ракети што „пријателските земји“ ги запленија од Cеверна Кореја appeared first on Република.

]]>

Украинската армија употребиla севернокорејски ракети во битките против Русија, кои, како што пишува „Фајненшл тајмс“, „пријателските земји“ ги заплениле од брод пред да ги испорачаат во Украина. Украинското Министерство за одбрана, сепак, сугерираше дека оружјето е запленето од Русија, пишува весникот. Иако севернокорејското оружје не е широко дистрибуирано на украинското бојно поле, САД претходно ја обвинија Cеверна Кореја дека и испорачува оружје на Русија преку морски патишта. Cеверна Кореја и Русија негираат дека имало испораки на оружје меѓу двете земји, но украинските војници покажаа севернокорејско оружје запленето во Бахмут. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу оваа недела го посети Пјонгјанг за да ја одбележи 70-годишнината од крајот на Корејската војна, што е прва посета на руски министер за одбрана на Cеверна Кореја од 1991 година.

The post „Фајненшл Тајмс“: Украинците на фронтот употребија ракети што „пријателските земји“ ги запленија од Cеверна Кореја appeared first on Република.

]]>
Шојгу пристигна во Пјонгјанг: Русија и Северна Кореја ја интензивираат одбранбената соработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shojgu-pristigna-vo-pjongjang-rusija-i-severna-koreja-ja-intenziviraat-odbranbenata-sorabotka/ Wed, 26 Jul 2023 11:47:04 +0000 https://republika.mk/?p=665523

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска во Пјонгјанг разговараше за зајакнување на одбранбената соработка со началникот на одделот за одбрана на Северна Кореја, армискиот генерал Канг Сун Нам.

Убеден сум дека денешните разговори ќе помогнат да се зајакне соработката меѓу нашите одбранбени оддели, истакна Шојгу.

Тој додаде дека Русија планира доследно да ги развива односите со Северна Кореја во сите области.

Северна Кореја и Русија имаат заедничка граница – 17 километри на копно и 22 километри на море и богата историја на соработка.

Посетите на воени бродови, официјални посети на високи претставници на одделот за одбрана, размена на делегации на работно ниво, обука на персоналот, придонесоа за одржување на мирот и стабилноста на Корејскиот Полуостров, посочи Шојгу.

Тој ја предводи руската делегација, која синоќа пристигна во Северна Кореја за да присуствува на церемониите по повод 70-годишнината од крајот на Корејската војна.

The post Шојгу пристигна во Пјонгјанг: Русија и Северна Кореја ја интензивираат одбранбената соработка appeared first on Република.

]]>

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска во Пјонгјанг разговараше за зајакнување на одбранбената соработка со началникот на одделот за одбрана на Северна Кореја, армискиот генерал Канг Сун Нам.
Убеден сум дека денешните разговори ќе помогнат да се зајакне соработката меѓу нашите одбранбени оддели, истакна Шојгу.
Тој додаде дека Русија планира доследно да ги развива односите со Северна Кореја во сите области. Северна Кореја и Русија имаат заедничка граница – 17 километри на копно и 22 километри на море и богата историја на соработка.
Посетите на воени бродови, официјални посети на високи претставници на одделот за одбрана, размена на делегации на работно ниво, обука на персоналот, придонесоа за одржување на мирот и стабилноста на Корејскиот Полуостров, посочи Шојгу.
Тој ја предводи руската делегација, која синоќа пристигна во Северна Кореја за да присуствува на церемониите по повод 70-годишнината од крајот на Корејската војна.

The post Шојгу пристигна во Пјонгјанг: Русија и Северна Кореја ја интензивираат одбранбената соработка appeared first on Република.

]]>
Јужнокорејскиот претседател: Премногу и помагавме на Cеверна Кореја, тоа е погрешно, потребни се промени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/juzhnokorejskiot-pretsedatel-premnogu-i-pomagavme-na-ceverna-koreja-toa-e-pogreshno-potrebni-se-promeni/ Sun, 02 Jul 2023 11:04:08 +0000 https://republika.mk/?p=657401

Откако неколку дена претходно го назначи новиот министер за обединување, претседателот на Јужна Кореја, Јун Сук-Јеол, изјави дека Министерството премногу се фокусирало на помагање на Cеверна Кореја во минатото и дека треба да се направат измени.

Министерството за обединување дејствуваше како министерство за да и помогне на Cеверна Кореја и тоа е погрешно, нагласи Јун во изјавата објавена од неговиот портпарол, додавајќи дека е време да се промени институцијата.

Според извештајот, Јун го повикал Министерството да се залага за либералните демократски вредности и порачал дека обединувањето треба да донесе „подобар и похуман живот“ на луѓето на југ и на север.

The post Јужнокорејскиот претседател: Премногу и помагавме на Cеверна Кореја, тоа е погрешно, потребни се промени appeared first on Република.

САД, Јапонија и Јужна Кореа тврдат дека Cеверна Кореја краде криптовалути и ги користи за вооружување https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-japonija-i-juzhna-korea-tvrdat-deka-ceverna-koreja-krade-kriptovaluti-i-gi-koristi-za-vooruzhuvane/ Tue, 11 Apr 2023 06:54:09 +0000 https://republika.mk/?p=629648

Јужна Кореја, САД и Јапонија преку заедничко соопштение изразија загриженост поради „злонамерните активности“ на Cеверна Кореја, со кои се финансира нејзината програма за оружје.

Официјални лица и експерти од САД и од сојузничките земји тврдат дека криптовалутите украдени од страна на севернокорејски хакери се клучни за финансирање на програмата за оружје на Пјонгјанг.

Ја повторуваме нашата загриженост дека севернокорејските ИТ работници продолжуваат да користат лажни идентитети и државјанства за да ги избегнат санкциите и да собираат средства за ракетните програми, се посочува во заедничката изјава.

Во соопштението се додава дека Вашингтон, Сеул и Токио се загрижени поради „крадење и перење пари, како и собирање информации преку малициозни кибер активности“ и ги повика членките на ОН да соработуваат со резолуцијата на Советот за безбедност за враќање на севернокорејските работници на нивната територија.

The post САД, Јапонија и Јужна Кореа тврдат дека Cеверна Кореја краде криптовалути и ги користи за вооружување appeared first on Република.

]]>

Јужна Кореја, САД и Јапонија преку заедничко соопштение изразија загриженост поради „злонамерните активности“ на Cеверна Кореја, со кои се финансира нејзината програма за оружје. Официјални лица и експерти од САД и од сојузничките земји тврдат дека криптовалутите украдени од страна на севернокорејски хакери се клучни за финансирање на програмата за оружје на Пјонгјанг.
Ја повторуваме нашата загриженост дека севернокорејските ИТ работници продолжуваат да користат лажни идентитети и државјанства за да ги избегнат санкциите и да собираат средства за ракетните програми, се посочува во заедничката изјава.
Во соопштението се додава дека Вашингтон, Сеул и Токио се загрижени поради „крадење и перење пари, како и собирање информации преку малициозни кибер активности“ и ги повика членките на ОН да соработуваат со резолуцијата на Советот за безбедност за враќање на севернокорејските работници на нивната територија.

The post САД, Јапонија и Јужна Кореа тврдат дека Cеверна Кореја краде криптовалути и ги користи за вооружување appeared first on Република.

]]>
Рафал на границата меѓу Јужна и Cеверна Кореја: Војник по грешка пукал од автоматско оружје со боева муниција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rafal-na-granitsata-megu-juzhna-i-ceverna-koreja-vojnik-po-greshka-pukal-od-avtomatsko-oruzhje-so-boeva-munitsija/ Sun, 29 Jan 2023 14:10:38 +0000 https://republika.mk/?p=602279

Јужнокорејски војник по грешка пукал од автоматско оружје недалеку од границата со Cеверна Кореја, поради што јужнокорејската армија го известила Пјонгјанг дека се работи за случајна грешка.

Агенцијата Јонхап, цитирајќи јужнокорејски воени офицери, објави дека боевата муниција по грешка била испукана за време на вежбата во саботата вечерта на северната граница во провинцијата Гангвон.

Сите зрна паднале на јужнокорејската страна и не е направена никаква штета.

Од Cеверна Кореја нема официјални реакции и истрагата за точните околности на инцидентот е во тек.

The post Рафал на границата меѓу Јужна и Cеверна Кореја: Војник по грешка пукал од автоматско оружје со боева муниција appeared first on Република.

]]>

Јужнокорејски војник по грешка пукал од автоматско оружје недалеку од границата со Cеверна Кореја, поради што јужнокорејската армија го известила Пјонгјанг дека се работи за случајна грешка. Агенцијата Јонхап, цитирајќи јужнокорејски воени офицери, објави дека боевата муниција по грешка била испукана за време на вежбата во саботата вечерта на северната граница во провинцијата Гангвон. Сите зрна паднале на јужнокорејската страна и не е направена никаква штета. Од Cеверна Кореја нема официјални реакции и истрагата за точните околности на инцидентот е во тек.

The post Рафал на границата меѓу Јужна и Cеверна Кореја: Војник по грешка пукал од автоматско оружје со боева муниција appeared first on Република.

]]>
Cеверна Кореја лансирала 80 артилериски проектили, Јужна Кореја одговори со подигање десетици борбени авиони https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ceverna-koreja-lansirala-80-artileriski-proektili-juzna-koreja-odgovori-so-podiganje-desetici-borbeni-avioni/ Fri, 04 Nov 2022 18:36:01 +0000 https://republika.mk/?p=569702

Cеверна Кореја во текот на ноќта истрелала околу 80 артилериски проектили во поморската погранична зона, вклучително и можно неуспешно лансирање на интерконтинентална балистичка ракета (ICBM), што ги натера СAД и Јужна Кореја да ги обноват воздушните вежби што предизвикаа незадоволство и протест кај официјален Пјонгјанг.

Војската на Јужна Кореја соопшти дека регистрирала повеќе од 80 артилериски гранати истрелани во морето од страна на Cеверна Кореја, почнувајќи непосредно пред полноќ, а потоа и во текот на ноќта.

Војската на Јужна Кореја соопшти дека подигнала борбени авиони откако открила околу 180 севернокорејски воени авиони што летале северно од воената граница повеќе од четири часа.
Севернокорејски авиони летале северно од таканаречената тактичка линија, повлечена на 20 километри северно од Воената демаркациона линија, објави во соопштението јужнокорејската војска.

Како одговор, Јужна Кореја подигнала 80 авиони, вклучително и стелт-ловци Ф-35А.

На состанокот во Вашингтон, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и јужнокорејскиот министер за одбрана Ли Јонг-суп, ја потврдија нивната посветеност да бараат нови мерки за двете земји, со цел да ја покажат „решителноста и способностите“ на алијансата, по повторените провокации на Cеверна Кореја, се наведува во заедничко соопштение.

Тензиите на Корејскиот полуостров се зголемуваат откако Пјонгјанг изврши рекорден број ракетни лансирања оваа година, вклучувајќи најмалку 23 проектили само во средата и интерконтинентални балистички ракети во текот на вчерашниот ден.

Дипломатите објавија дека Вашингтон побарал Советот за безбедност на ОН, на отворена седница да расправа за Cеверна Кореја, што го поддржале и некои други членки – Велика Британија, Франција, Албанија, Ирска и Норвешка.

Во последниве години, 15-члениот Совет за безбедност на ОН беше поделен околу Cеверна Кореја, а во мај, Кина и Русија ставија вето на напорите на САД да воведат дополнителни санкции на ОН како одговор на новите ракетни лансирања на Пјонгјанг.

The post Cеверна Кореја лансирала 80 артилериски проектили, Јужна Кореја одговори со подигање десетици борбени авиони appeared first on Република.

]]>

Cеверна Кореја во текот на ноќта истрелала околу 80 артилериски проектили во поморската погранична зона, вклучително и можно неуспешно лансирање на интерконтинентална балистичка ракета (ICBM), што ги натера СAД и Јужна Кореја да ги обноват воздушните вежби што предизвикаа незадоволство и протест кај официјален Пјонгјанг. Војската на Јужна Кореја соопшти дека регистрирала повеќе од 80 артилериски гранати истрелани во морето од страна на Cеверна Кореја, почнувајќи непосредно пред полноќ, а потоа и во текот на ноќта. Војската на Јужна Кореја соопшти дека подигнала борбени авиони откако открила околу 180 севернокорејски воени авиони што летале северно од воената граница повеќе од четири часа. Севернокорејски авиони летале северно од таканаречената тактичка линија, повлечена на 20 километри северно од Воената демаркациона линија, објави во соопштението јужнокорејската војска. Како одговор, Јужна Кореја подигнала 80 авиони, вклучително и стелт-ловци Ф-35А.
На состанокот во Вашингтон, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и јужнокорејскиот министер за одбрана Ли Јонг-суп, ја потврдија нивната посветеност да бараат нови мерки за двете земји, со цел да ја покажат „решителноста и способностите“ на алијансата, по повторените провокации на Cеверна Кореја, се наведува во заедничко соопштение.
Тензиите на Корејскиот полуостров се зголемуваат откако Пјонгјанг изврши рекорден број ракетни лансирања оваа година, вклучувајќи најмалку 23 проектили само во средата и интерконтинентални балистички ракети во текот на вчерашниот ден. Дипломатите објавија дека Вашингтон побарал Советот за безбедност на ОН, на отворена седница да расправа за Cеверна Кореја, што го поддржале и некои други членки – Велика Британија, Франција, Албанија, Ирска и Норвешка. Во последниве години, 15-члениот Совет за безбедност на ОН беше поделен околу Cеверна Кореја, а во мај, Кина и Русија ставија вето на напорите на САД да воведат дополнителни санкции на ОН како одговор на новите ракетни лансирања на Пјонгјанг.

The post Cеверна Кореја лансирала 80 артилериски проектили, Јужна Кореја одговори со подигање десетици борбени авиони appeared first on Република.

]]>
Разменети истрели на морската граница меѓу Јужна и Cеверна Кореја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/razmeneti-istreli-na-morskata-granica-na-dvete-korei/ Mon, 24 Oct 2022 07:23:46 +0000 https://republika.mk/?p=564803

Јужнокорејската армија испукала предупредувачки истрели кон севернокорејски брод, оценувајќи дека ја прекршил поморската граница за која двете земји се спорат.

Севернокорејски товарен брод ја преминал северната гранична линија (НЛЛ) во близина на островот Баенгјеонг во 3:42 часот по локално време, а потоа се вратил на север по предупредувачките истрели од јужнокорејската војска, соопшти началникот на здружениот штаб на Јужна Кореја.

Севернокорејската армија, пак, соопшти дека јужнокорејски воен брод ја нарушил границата неколку минути подоцна, а војската на Пјонгјанг реагирала со истрелување десет артилериски гранати како предупредување.

Уште еднаш упативме силно предупредување до непријателите кои стојат зад овие провокации на море кои доаѓаат по артилериски истрели и објавување на прекугранични пораки преку разглас, изјави портпаролот на Генералштабот на севернокорејската армија.

Поморската граница, која се смета за жешка точка, низ годините беше сцена на серија судири меѓу двете Кореи.

The post Разменети истрели на морската граница меѓу Јужна и Cеверна Кореја appeared first on Република.

Ким Џонг-ун лично ги надгледувал ракетните воени тактички вежби на Cеверна Кореја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kim-dzong-un-lichno-gi-nadgleduval-raketnite-voeni-taktichki-vezbi-na-ceverna-koreja/ Mon, 10 Oct 2022 06:55:00 +0000 https://republika.mk/?p=559229

Cеверна Кореја во текот на ноќта меѓу саботата и неделата истрела две нови балистички ракети во морето, што претставува седмо вакво лансирање во последните две недели.

Лансирањата на севернокорејските ракети во последните недели претставуваат нуклеарни тактички вежби, што беa лично надгледувани од лидерот Ким Џонг-ун - јави севернокорејска агенција КЦНА.

КЦНА obјави дека лидерот Ким, од 25 септември до 9 октомври, лично ја надгледувал и водел обуката на единицата за тактички нуклеарни операции во земјата.

Воените единици задолжени за употреба на тактичко нуклеарно оружје „одржаа воени вежби од 25 септември до 9 октомври за тестирање и оценка на нуклеарното одвраќање и способностите за нуклеарни контранапади на земјата, што е сериозно предупредување за непријателите -  соопшти КЦНА.

Агенцијата ги нарече вежбите „одговор на заедничките вежби на САД и Јужна Кореја во регионот, кои дополнително ги зголемуваат тензиите додека отворено претставуваат воена закана за Cеверна Кореја“.

Седумте ракетни лансирања што ги изврши Cеверна Кореја во изминатите две недели беа вежби кои симулираа вистинска војна. Ким Џонг-ун… спроведе воени вежби на терен - додаде КЦНА.

Додека севернокорејските разговори за разоружување одамна се во ќорсокак, Пјонгјанг од почетокот на годината ги засилува вежбите и минатата недела лансираше балистичка ракета над Јапонија, прва во последните пет години.

Бројни експерти и официјални лица проценуваат дека Cеверна Кореја веќе ги завршила подготовките за нова нуклеарна проба, што би била седма во нејзината историја и прва од 2017 година.

The post Ким Џонг-ун лично ги надгледувал ракетните воени тактички вежби на Cеверна Кореја appeared first on Република.

]]>

Cеверна Кореја во текот на ноќта меѓу саботата и неделата истрела две нови балистички ракети во морето, што претставува седмо вакво лансирање во последните две недели.
Лансирањата на севернокорејските ракети во последните недели претставуваат нуклеарни тактички вежби, што беa лично надгледувани од лидерот Ким Џонг-ун - јави севернокорејска агенција КЦНА.
КЦНА obјави дека лидерот Ким, од 25 септември до 9 октомври, лично ја надгледувал и водел обуката на единицата за тактички нуклеарни операции во земјата.
Воените единици задолжени за употреба на тактичко нуклеарно оружје „одржаа воени вежби од 25 септември до 9 октомври за тестирање и оценка на нуклеарното одвраќање и способностите за нуклеарни контранапади на земјата, што е сериозно предупредување за непријателите -  соопшти КЦНА.
Агенцијата ги нарече вежбите „одговор на заедничките вежби на САД и Јужна Кореја во регионот, кои дополнително ги зголемуваат тензиите додека отворено претставуваат воена закана за Cеверна Кореја“.
Седумте ракетни лансирања што ги изврши Cеверна Кореја во изминатите две недели беа вежби кои симулираа вистинска војна. Ким Џонг-ун… спроведе воени вежби на терен - додаде КЦНА.
Додека севернокорејските разговори за разоружување одамна се во ќорсокак, Пјонгјанг од почетокот на годината ги засилува вежбите и минатата недела лансираше балистичка ракета над Јапонија, прва во последните пет години. Бројни експерти и официјални лица проценуваат дека Cеверна Кореја веќе ги завршила подготовките за нова нуклеарна проба, што би била седма во нејзината историја и прва од 2017 година.

The post Ким Џонг-ун лично ги надгледувал ракетните воени тактички вежби на Cеверна Кореја appeared first on Република.

]]>
Cеверна Кореја: Тестираме проектили за самоодбрана од воените закани на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ceverna-koreja-testirame-proektili-za-samoodbrana-od-voenite-zakani-na-sad/ Sat, 08 Oct 2022 08:15:15 +0000 https://republika.mk/?p=558670

Властите во Cеверна Кореја соопштија дека ракетните тестови што земјата ги извршила во последно време се за самоодбрана од директни воени закани на САД и тие не ја нарушиле безбедноста на соседните земји и регионот.

Cеверна Кореја изврши шест ракетни лансирања за 12 дена од оваа недела, вклучително и лансирање на ракета со среден дострел, што прелета преку јапонска територија во вторникот.

Нашите ракетни тестови се нормална, планирана мерка за самоодбрана за заштита на безбедноста на нашата земја и регионалниот мир од директни воени закани на САД - јавија севернојорејските медиуми, цитирајќи портпарол на воздухопловната админи страција.

Во соопштението се додава дека ракетните тестови „не претставувале никаква закана и не предизвикале штета за безбедноста на цивилното воздухопловство, како и безбедноста на соседните земји и регионот“.

The post Cеверна Кореја: Тестираме проектили за самоодбрана од воените закани на САД appeared first on Република.

]]>

Властите во Cеверна Кореја соопштија дека ракетните тестови што земјата ги извршила во последно време се за самоодбрана од директни воени закани на САД и тие не ја нарушиле безбедноста на соседните земји и регионот. Cеверна Кореја изврши шест ракетни лансирања за 12 дена од оваа недела, вклучително и лансирање на ракета со среден дострел, што прелета преку јапонска територија во вторникот.
Нашите ракетни тестови се нормална, планирана мерка за самоодбрана за заштита на безбедноста на нашата земја и регионалниот мир од директни воени закани на САД - јавија севернојорејските медиуми, цитирајќи портпарол на воздухопловната админи страција.
Во соопштението се додава дека ракетните тестови „не претставувале никаква закана и не предизвикале штета за безбедноста на цивилното воздухопловство, како и безбедноста на соседните земји и регионот“.

The post Cеверна Кореја: Тестираме проектили за самоодбрана од воените закани на САД appeared first on Република.

]]>
ЕУ: Лансирањето ракета од Cеверна Кореја e неоправдана агресија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-lansiranjeto-raketa-od-ceverna-koreja-e-neopravdana-agresija/ Tue, 04 Oct 2022 09:01:07 +0000 https://republika.mk/?p=557141

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, „остро“ го осуди севернокорејското лансирање на балистичка ракета што прелета над Јапонија, нарекувајќи го „неоправдана агресија“.

Ова лансирање ракета, што го поттикна Токио да го активира својот систем за предупредување, „е намерен обид“ да се загрози безбедноста на регионот. Европската унија е во солидарност со Јапонија и Јужна Кореја - напиша Мишел во твит.

https://twitter.com/CharlesMichel/status/1577174518841253888?cxt=HHwWgIClhcz3n-MrAAAA

Медиумите во источна Азија објавија дека вооружените сили на Cеверна Кореја утринава по локално време истрелале балистичка ракета со среден дострел, која прелетала низ јапонскиот воздушен простор и поминала околу 4.600 километри пред да се урне во водите на Тихиот Океан.

Лансирањето на ракетата го осудија и САД.

The post ЕУ: Лансирањето ракета од Cеверна Кореја e неоправдана агресија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, „остро“ го осуди севернокорејското лансирање на балистичка ракета што прелета над Јапонија, нарекувајќи го „неоправдана агресија“.
Ова лансирање ракета, што го поттикна Токио да го активира својот систем за предупредување, „е намерен обид“ да се загрози безбедноста на регионот. Европската унија е во солидарност со Јапонија и Јужна Кореја - напиша Мишел во твит.
https://twitter.com/CharlesMichel/status/1577174518841253888?cxt=HHwWgIClhcz3n-MrAAAA Медиумите во источна Азија објавија дека вооружените сили на Cеверна Кореја утринава по локално време истрелале балистичка ракета со среден дострел, која прелетала низ јапонскиот воздушен простор и поминала околу 4.600 километри пред да се урне во водите на Тихиот Океан. Лансирањето на ракетата го осудија и САД.

The post ЕУ: Лансирањето ракета од Cеверна Кореја e неоправдана агресија appeared first on Република.

]]>
Лидерот на ДНР подготвен да го посети претседателот на Cеверна Кореја, Ким Џонг Ун https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/liderot-na-dnr-podgotven-da-go-poseti-pretsedatelot-na-ceverna-koreja-kim-dzong-un/ Fri, 29 Jul 2022 17:45:03 +0000 https://republika.mk/?p=534810

Лидерот на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), Денис Пушилин, е подготвен да ја посети Cеверна Кореја.

Како соопшти претставништвото на ДНР во Русија, Пушилин размислува да има средба со шефот на Cеверна Кореја, Ким Џонг Ун.

Претходно, во медиумите се појавија информации за можноста токму Cеверна Кореја да испорача мобилни ракетни системи со голем дострел за Доњецката и Луганската Народна Република.

https://republika.mk/vesti/svet/ceverna-koreja-podgotvena-da-im-pomogne-na-proruskite-republiki-vo-ukraina-moze-da-go-isprati-ubiecot-na-himars-vo-donbas/

The post Лидерот на ДНР подготвен да го посети претседателот на Cеверна Кореја, Ким Џонг Ун appeared first on Република.

]]>

Лидерот на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), Денис Пушилин, е подготвен да ја посети Cеверна Кореја. Како соопшти претставништвото на ДНР во Русија, Пушилин размислува да има средба со шефот на Cеверна Кореја, Ким Џонг Ун. Претходно, во медиумите се појавија информации за можноста токму Cеверна Кореја да испорача мобилни ракетни системи со голем дострел за Доњецката и Луганската Народна Република. https://republika.mk/vesti/svet/ceverna-koreja-podgotvena-da-im-pomogne-na-proruskite-republiki-vo-ukraina-moze-da-go-isprati-ubiecot-na-himars-vo-donbas/

The post Лидерот на ДНР подготвен да го посети претседателот на Cеверна Кореја, Ким Џонг Ун appeared first on Република.

]]>
Cеверна Кореја подготвена да му помогне на Донбас: Може да го испрати „Убиецот на ХИМАРС“ во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ceverna-koreja-podgotvena-da-im-pomogne-na-proruskite-republiki-vo-ukraina-moze-da-go-isprati-ubiecot-na-himars-vo-donbas/ Fri, 29 Jul 2022 11:28:29 +0000 https://republika.mk/?p=534624

Ракетните артилериски системи на Cеверна Кореја и Кина немаат еквивалентни во светот, а доколку завршат во рацете на Русија, тогаш американските ХИМАРС во Украина едноставно нема да имаат шанса, коментираат воените експерти.

Сепак, според порталот поосветен на воена техника и стратегија, „Military Watch“, снабдувањето со кинески системи е попречено од строгата неутралност на Пекинг, поради што, севернокорејските инсталации, се чини, дека се најдоброто решение за руската војска.

Поради значајните руски успеси во Украина од пролетва, можеби најзначајната помош за Киев од сојузниците на НАТО беше ракетниот артилериски систем М142 ХИМАРС, кој е високо ценет поради неговата мобилност, прецизност и дострел.

Како што пишува „Military Watch“, западни извори тврдат дека овие средства значително ги искомплицирале акциите на Русија, особено во фазата кога артилеријата игра одлучувачка улога во кампањата.

Иако самата Русија донекаде го занемари развојот на ракетната артилерија од крајот на Студената војна, главно поради општиот индустриски пад по распадот на Советскиот Сојуз, сојузниците на Москва би можеле да ѝ обезбедат артилериски системи кои одговараат или дури и го надминуваат ХИМАРС.

Како што продолжува порталот, кинескиот ракетен артилериски систем ПЦЛ191 многумина го сметаат за најподготвен за борба во светот и на тестовите во јули 2021 година покажа опсег на гаѓање од 500 км, што е 543% подалеку од ХИМАРС.

Тоа значи дека ќе го „покрие“ главниот дел на Украина и без да ја премине руската граница. Иако неговата испорака сигурно ќе ја промени играта на бојното поле, продажбата на овој и на други кинески системи е попречена од строгата неутралност на Пекинг. Кина нема намера да испорачува оружје на ниту една од страните во конфликтот, а ова е остар контраст со силната поддршка на НАТО за Киев во голема мера ја ограничува способноста на Русија да увезува оружје.

Со исклучок на Кина и Русија, Cеверна Кореја ја има најголемата воено-индустриска база надвор од сферата на влијание на Западот. Поради географијата на Корејскиот полуостров, таа инвестираше многу во развојот на водечките светски системи МЛРС. Згора на тоа, за разлика од Пекинг, официјален Пјонгјанг отворено ја поддржа позицијата на Русија во ОН и еднострано ги призна Народните републики Доњецк и Луганск во источна Украина, кои Москва ги призна уште во февруари.

Воведен во 2014 година, корејскиот ракетен артилериски систем КН-09 има дострел од 200 километри и лесно може да го надмине ХИМАРС. Покрај тоа, може да се организираат испораки по најниска цена: Cеверна Кореја и Русија се поврзани со железница, а системи за оружје може да се пренесат во Украина за неколку дена, управувани од корејски или руски екипажи по соодветна обука.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=JI9LrP07loc&feature=emb_title

Севернокорејската варијанта на уште повисоко ниво, системот KН-25, беше претставен во 2019 година и може да се пофали со уште поголем домет од над 400 километри. Може да се испорача наместо неговиот претходник или покрај него. Двата системи се дизајнирани за максимална мобилност, слично како ХИМАРС, и користат мобилни фрлачи кои овозможуваат брзо репозиционирање по пукањето.

Како што пишува во заклучокот на написот, поради кинеските ограничувања за продажба на оружје, се чини дека набавката на севернокорејскиот КН-09 или КН-25 е најдоброто решение за руската армија.

Оваа можност е лесно и практично остварлива во замена за трансфер на технологија или вишок авиони во Cеверна Кореја, бидејќи авијацијата е главната слабост на нејзиниот одбранбен сектор. Сепак, поради ембаргото за оружје на ОН против Cеверна Кореја, таквите набавки мора да се вршат во тајност, без да се открие земјата на потекло.

The post Cеверна Кореја подготвена да му помогне на Донбас: Може да го испрати „Убиецот на ХИМАРС“ во Украина appeared first on Република.

]]>

Ракетните артилериски системи на Cеверна Кореја и Кина немаат еквивалентни во светот, а доколку завршат во рацете на Русија, тогаш американските ХИМАРС во Украина едноставно нема да имаат шанса, коментираат воените експерти. Сепак, според порталот поосветен на воена техника и стратегија, „Military Watch“, снабдувањето со кинески системи е попречено од строгата неутралност на Пекинг, поради што, севернокорејските инсталации, се чини, дека се најдоброто решение за руската војска. Поради значајните руски успеси во Украина од пролетва, можеби најзначајната помош за Киев од сојузниците на НАТО беше ракетниот артилериски систем М142 ХИМАРС, кој е високо ценет поради неговата мобилност, прецизност и дострел. Како што пишува „Military Watch“, западни извори тврдат дека овие средства значително ги искомплицирале акциите на Русија, особено во фазата кога артилеријата игра одлучувачка улога во кампањата. Иако самата Русија донекаде го занемари развојот на ракетната артилерија од крајот на Студената војна, главно поради општиот индустриски пад по распадот на Советскиот Сојуз, сојузниците на Москва би можеле да ѝ обезбедат артилериски системи кои одговараат или дури и го надминуваат ХИМАРС. Како што продолжува порталот, кинескиот ракетен артилериски систем ПЦЛ191 многумина го сметаат за најподготвен за борба во светот и на тестовите во јули 2021 година покажа опсег на гаѓање од 500 км, што е 543% подалеку од ХИМАРС. Тоа значи дека ќе го „покрие“ главниот дел на Украина и без да ја премине руската граница. Иако неговата испорака сигурно ќе ја промени играта на бојното поле, продажбата на овој и на други кинески системи е попречена од строгата неутралност на Пекинг. Кина нема намера да испорачува оружје на ниту една од страните во конфликтот, а ова е остар контраст со силната поддршка на НАТО за Киев во голема мера ја ограничува способноста на Русија да увезува оружје. Со исклучок на Кина и Русија, Cеверна Кореја ја има најголемата воено-индустриска база надвор од сферата на влијание на Западот. Поради географијата на Корејскиот полуостров, таа инвестираше многу во развојот на водечките светски системи МЛРС. Згора на тоа, за разлика од Пекинг, официјален Пјонгјанг отворено ја поддржа позицијата на Русија во ОН и еднострано ги призна Народните републики Доњецк и Луганск во источна Украина, кои Москва ги призна уште во февруари. Воведен во 2014 година, корејскиот ракетен артилериски систем КН-09 има дострел од 200 километри и лесно може да го надмине ХИМАРС. Покрај тоа, може да се организираат испораки по најниска цена: Cеверна Кореја и Русија се поврзани со железница, а системи за оружје може да се пренесат во Украина за неколку дена, управувани од корејски или руски екипажи по соодветна обука. https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=JI9LrP07loc&feature=emb_title Севернокорејската варијанта на уште повисоко ниво, системот KН-25, беше претставен во 2019 година и може да се пофали со уште поголем домет од над 400 километри. Може да се испорача наместо неговиот претходник или покрај него. Двата системи се дизајнирани за максимална мобилност, слично како ХИМАРС, и користат мобилни фрлачи кои овозможуваат брзо репозиционирање по пукањето. Како што пишува во заклучокот на написот, поради кинеските ограничувања за продажба на оружје, се чини дека набавката на севернокорејскиот КН-09 или КН-25 е најдоброто решение за руската армија. Оваа можност е лесно и практично остварлива во замена за трансфер на технологија или вишок авиони во Cеверна Кореја, бидејќи авијацијата е главната слабост на нејзиниот одбранбен сектор. Сепак, поради ембаргото за оружје на ОН против Cеверна Кореја, таквите набавки мора да се вршат во тајност, без да се открие земјата на потекло.

The post Cеверна Кореја подготвена да му помогне на Донбас: Може да го испрати „Убиецот на ХИМАРС“ во Украина appeared first on Република.

]]>