цензура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cenzura/ За подобро да се разбереме Tue, 21 May 2024 12:09:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png цензура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cenzura/ 32 32 ЗНМ бара одговорност од Бесија Иљази за цензурата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znm-bara-odgovornost-od-besija-ilazi-za-tsenzurata/ Tue, 21 May 2024 12:09:03 +0000 https://republika.mk/?p=780506

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува обидот за цензура и ограничување на правото на говор од страна на Бесија Иљази, организацискиската директорка на Клиниката за Токсикологија во Скопје.

Според денешната пријава од членови на ЗНМ, на влезот на Клиниката за Токсикологија во Скопје јавно била истакната наредба со која се забранува на вработените да имаат контакти со новинари или медиуми. Во наредбата од 20.5.2024 година, се вели дека согласно член 30 и 31 од статутот на ЈЗУ Клиника за Токсикологија Скопје, се забранува неовластено присуство, давање изјави за јавност преку интервјуа и свикување прес-конференции, со што би се нанело штета на интересите и угледот на клиниката.

Ваквата наредба претставува грубо прекршување на слободата на говор и професионалното новинарство, спротивно на Уставот. Цензурата во Македонија е забранета со член 16 од Уставот на РСМ. Јавните здравствени установи и сите јавни институции во државата треба да обезбедат јавност во своето работење и да информираат за своите одлуки и работа, а не да забрануваат информирање за теми од јавен интерес, алармираат од ЗНМ.

Во осудата од ЗНМ се додава дека новинарите се должни да објавуваат информации што содржат сомнеж за злоупотреби на сите носители на јавни функции, бидејќи на тоа ги обврзува новинарскиот Кодекс, кој јасно наведува дека новинарот ќе ги почитува законите, но нема да објави или сокрие ништо што е во спротивност со јавниот интерес.

The post ЗНМ бара одговорност од Бесија Иљази за цензурата appeared first on Република.

]]>

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува обидот за цензура и ограничување на правото на говор од страна на Бесија Иљази, организацискиската директорка на Клиниката за Токсикологија во Скопје. Според денешната пријава од членови на ЗНМ, на влезот на Клиниката за Токсикологија во Скопје јавно била истакната наредба со која се забранува на вработените да имаат контакти со новинари или медиуми. Во наредбата од 20.5.2024 година, се вели дека согласно член 30 и 31 од статутот на ЈЗУ Клиника за Токсикологија Скопје, се забранува неовластено присуство, давање изјави за јавност преку интервјуа и свикување прес-конференции, со што би се нанело штета на интересите и угледот на клиниката.
Ваквата наредба претставува грубо прекршување на слободата на говор и професионалното новинарство, спротивно на Уставот. Цензурата во Македонија е забранета со член 16 од Уставот на РСМ. Јавните здравствени установи и сите јавни институции во државата треба да обезбедат јавност во своето работење и да информираат за своите одлуки и работа, а не да забрануваат информирање за теми од јавен интерес, алармираат од ЗНМ.
Во осудата од ЗНМ се додава дека новинарите се должни да објавуваат информации што содржат сомнеж за злоупотреби на сите носители на јавни функции, бидејќи на тоа ги обврзува новинарскиот Кодекс, кој јасно наведува дека новинарот ќе ги почитува законите, но нема да објави или сокрие ништо што е во спротивност со јавниот интерес.  

The post ЗНМ бара одговорност од Бесија Иљази за цензурата appeared first on Република.

]]>
Стејт департмент: Украина спроведува тешка цензура на информации https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/stejt-department-ukraina-sproveduva-teshka-tsenzura-na-informatsii/ Mon, 01 Apr 2024 14:04:16 +0000 https://republika.mk/?p=760986

Од американскиот Стејт департмент реагираа дека властите на Украина спроведуваат тешка цензура на информации.

Украинската влада треба да биде поотворена за јавноста во соопштувањето на тешката вистина за ситуацијата на бојното поле, изјави високиот функционер на Стејт департментот, Џејмс Рубин.

Во интервју за „Политико“, Рубин, кој го предводи Глобалниот центар за ангажман, агенција задолжена да се спротивстави на дезинформациите, истакнува дека иако Украина „се движи во вистинската насока“, таа сè уште не е „целосно развиена демократија“, што имплицира одредени ограничувања за медиумите во земјата.

Дипломатот ја повика украинската влада да биде помалку рестриктивна во контролирањето на медиумското покривање на конфликтот.

The post Стејт департмент: Украина спроведува тешка цензура на информации appeared first on Република.

]]>

Од американскиот Стејт департмент реагираа дека властите на Украина спроведуваат тешка цензура на информации.
Украинската влада треба да биде поотворена за јавноста во соопштувањето на тешката вистина за ситуацијата на бојното поле, изјави високиот функционер на Стејт департментот, Џејмс Рубин.
Во интервју за „Политико“, Рубин, кој го предводи Глобалниот центар за ангажман, агенција задолжена да се спротивстави на дезинформациите, истакнува дека иако Украина „се движи во вистинската насока“, таа сè уште не е „целосно развиена демократија“, што имплицира одредени ограничувања за медиумите во земјата. Дипломатот ја повика украинската влада да биде помалку рестриктивна во контролирањето на медиумското покривање на конфликтот.

The post Стејт департмент: Украина спроведува тешка цензура на информации appeared first on Република.

]]>
Претседателот на Мексико ги обвини западните медиуми дека шират дезинформации и цензура – „Јутјуб“ му го тргна видеото https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/pretsedatelot-na-meksiko-gi-obvini-zapadnite-mediumi-deka-shirat-dezinformatsii-i-tsenzura-jutjub-mu-go-trgna-videoto/ Mon, 26 Feb 2024 20:20:21 +0000 https://republika.mk/?p=748252

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, обвини дел од најголемите американски медиуми како „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“, „Фајненшл тајмс“ или „Волстрит Журнал“, дека работат во за интересите на одредени интересни групи и со таа цел се најголемите креатори на дезинформации и лажни вести за да ја манипулираат јавноста.

Се чувствувате како божествена каста, привилегирана. Вие сте најупорните доушници, поточно дезинформатори. Најупорните манипулатори. Поврзани сте со интересни групи создадени од хегемонистички влади. Мексико има слободи кои не постојат во САД. Ако продолжат вака, предлагам подобро да ја вратат Статуата на слободата во Франција или да ја испратат овде во Мексико бидејќи тука е слобода.

Она што најмногу им помага да го контролираат олигарсите, кои се сметаат себеси за господари на светот, е да доминираат во медиумите, дискредитирајќи ги националните лидери или оние кои се против хегемонијата. На крајот на краиштата, ова е враќање назад кон Гебелс, шефот на пропагандата на Хитлер, чија девиза беше дека лагата повторена многу пати може да стане вистина, вели Обрадор.

По ваквиот јавен настап на Обрадор, видеото од неговиот говор беше тргнат од Јутјуб со образложение дека „ги прекршувал правилата на социјалната мрежа“.

The post Претседателот на Мексико ги обвини западните медиуми дека шират дезинформации и цензура – „Јутјуб“ му го тргна видеото appeared first on Република.

]]>

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, обвини дел од најголемите американски медиуми како „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“, „Фајненшл тајмс“ или „Волстрит Журнал“, дека работат во за интересите на одредени интересни групи и со таа цел се најголемите креатори на дезинформации и лажни вести за да ја манипулираат јавноста.
Се чувствувате како божествена каста, привилегирана. Вие сте најупорните доушници, поточно дезинформатори. Најупорните манипулатори. Поврзани сте со интересни групи создадени од хегемонистички влади. Мексико има слободи кои не постојат во САД. Ако продолжат вака, предлагам подобро да ја вратат Статуата на слободата во Франција или да ја испратат овде во Мексико бидејќи тука е слобода.   Она што најмногу им помага да го контролираат олигарсите, кои се сметаат себеси за господари на светот, е да доминираат во медиумите, дискредитирајќи ги националните лидери или оние кои се против хегемонијата. На крајот на краиштата, ова е враќање назад кон Гебелс, шефот на пропагандата на Хитлер, чија девиза беше дека лагата повторена многу пати може да стане вистина, вели Обрадор.
По ваквиот јавен настап на Обрадор, видеото од неговиот говор беше тргнат од Јутјуб со образложение дека „ги прекршувал правилата на социјалната мрежа“.

The post Претседателот на Мексико ги обвини западните медиуми дека шират дезинформации и цензура – „Јутјуб“ му го тргна видеото appeared first on Република.

]]>
Американски политиколог: САД го финансираат развојот на алатки за цензура и дезинформации https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/amerikanski-politikolog-sad-go-finansiraat-razvojot-na-alatki-za-tsenzura-i-dezinformatsii/ Fri, 01 Dec 2023 17:22:01 +0000 https://republika.mk/?p=718454

Американскиот политоколог и колумнист, Мајкл Шеленбергер, на сослушувања во Конгресот презентираше докази за вмешаноста на американски и британски воени изведувачи во цензурата на социјалните мрежи и ја критикуваше американската влада за повикување на „софистицирани психолошки операции“.

Воени изведувачи на САД и Велика Британија, во периодот 2019-2020 година користеле софистицирани психолошки операции и тактики за дезинформација... против американскиот народ“, истакна политикологот.

Според Шеленбергер, Агенцијата за сајбер безбедност и инфраструктура на американскиот Стејт департмент е таканаречениот центар на гравитација во повеќето активности за цензура, а Националната научна фондација на САД го финансира развојот на алатки за цензура и дезинформации. Шеленбергер додаде дека други федерални владини агенции играат помошна улога.

The post Американски политиколог: САД го финансираат развојот на алатки за цензура и дезинформации appeared first on Република.

Музеј на град Скопје цензурира уметник бидејќи неговите дела ја коментираат придавката „северна“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/muzej-na-grad-skopje-tsenzurira-umetnik-bidejki-negovite-dela-ja-komentiraat-pridavkata-severna/ Tue, 28 Nov 2023 08:09:17 +0000 https://republika.mk/?p=716978

Ликовен уметник, чии дела ја коментираат придавката „северна“ во името на државата и односот на уметникот кон неа, е елиминиран од изложбата на Музеј на град Скопје, објави самиот автор на Фејсбук.

Уметникот Зоран Шекеров, чие дело требаше да биде дел од инсталација, дефинитивно не е дел од програмата на изложбата која се отвара денеска, 28. ноември, со почеток од 19:30 часот.

Шеќеров, кој беше дел од шестемина уметници кои предходно заедно изложувале на Сардинија во Италија, не е наведен во официјалната програма на изложбата „A/R Каљари-Скопје“ која ја организира Музејот на град Скопје. Очигледно, менаџментот на Музејот на град Скопје го цензурира Шеќеров затоа што сакал да објави дело во кое се вели дека „Уметник од Македонија, воопшто не е уметник“

Во подготовката на изложбата на Шекеров му било речено дека не може да му бидат објавени дела со тема „северна“ затоа што тоа било политичка порака. Во официјалната програма на изложбата остануваат петте уметници кои предходно како тим изложувале во Италија.

Запомнете го 28-ми ноември како црн ден за македонската култура и уметност, ден кога се цензурираше уметникот во Македонија. Иако никого лично не повредувам во содржината на моето дело, истото беше забрането со манипулативни оправдувања од типот: ќе ги повредиш колегите во музеј, овака ќе направиш кога ќе се менува политиката, па дури и се впуштија во обид да прават корекција на делото“ – напиша Шекеров на Фејсбук.

The post Музеј на град Скопје цензурира уметник бидејќи неговите дела ја коментираат придавката „северна“ appeared first on Република.

]]>

Ликовен уметник, чии дела ја коментираат придавката „северна“ во името на државата и односот на уметникот кон неа, е елиминиран од изложбата на Музеј на град Скопје, објави самиот автор на Фејсбук. Уметникот Зоран Шекеров, чие дело требаше да биде дел од инсталација, дефинитивно не е дел од програмата на изложбата која се отвара денеска, 28. ноември, со почеток од 19:30 часот. Шеќеров, кој беше дел од шестемина уметници кои предходно заедно изложувале на Сардинија во Италија, не е наведен во официјалната програма на изложбата „A/R Каљари-Скопје“ која ја организира Музејот на град Скопје. Очигледно, менаџментот на Музејот на град Скопје го цензурира Шеќеров затоа што сакал да објави дело во кое се вели дека „Уметник од Македонија, воопшто не е уметник“ Во подготовката на изложбата на Шекеров му било речено дека не може да му бидат објавени дела со тема „северна“ затоа што тоа било политичка порака. Во официјалната програма на изложбата остануваат петте уметници кои предходно како тим изложувале во Италија.
Запомнете го 28-ми ноември како црн ден за македонската култура и уметност, ден кога се цензурираше уметникот во Македонија. Иако никого лично не повредувам во содржината на моето дело, истото беше забрането со манипулативни оправдувања од типот: ќе ги повредиш колегите во музеј, овака ќе направиш кога ќе се менува политиката, па дури и се впуштија во обид да прават корекција на делото“ – напиша Шекеров на Фејсбук.

The post Музеј на град Скопје цензурира уметник бидејќи неговите дела ја коментираат придавката „северна“ appeared first on Република.

]]>
ЗНМ со остра реакција: Односот на владините службеници е цензура! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znm-so-ostra-reaktsija-odnosot-na-vladinite-sluzhbenitsi-e-tsenzura/ Sat, 04 Feb 2023 11:47:30 +0000 https://republika.mk/?p=604759

Расправање и недоличен однос на административни службеници од владиниот протокол кон новинарски екипи, нелогични правила кои ограничуваат влез на новинари и физички ги дели новинарите од снимателите од местото на настанот, игнорантски однос на новинарски прашања, селективно издавање акредитации на медиумите се дел од пропустите и грешките кои институциите ги прават за време на денешното одбележување на официјалното чествување пред гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, реагираат од Здружението на новинарите на Македонија.

Настанот се уште трае што остава можност на организаторите да се коригираат овие грешки и да се излезе во пресрет на новинарите и снимателите кои се таму, бидејќи што тоа им е професионална обврска во насока на известување за потребите на граѓаните и задоволување на јавниот интерес.
Санкција од Владата за постапките на службеничката е само првиот чекор што треба да води кон сериозна промена на односот кон новинарите и медиумските работници. Укажуваме дека административни службеници немаат овластувања да комуницираат со новинари на терен, па дури и дрско да им наредуваат каде тие треба да се позиционираат и како треба да си ја вршат новинарската работата.

Бараме и објаснување од кабинетот на премиерот зошто новинарите во првиот дел на одбележувањето на овој настан имаа забрана за влез во објектот на „Св. Спас“.

Предупредуваме дека вакви арбитратни одлуки, не само што креираат лоша пракса за организирање на идни настани од страна на Владата, туку ја вознемируваат новинарската заедница и ги ограничуваат присутните новинари да имаат пристап до случувањата кои се од јавен интерес, нагласуваат од ЗНМ.

The post ЗНМ со остра реакција: Односот на владините службеници е цензура! appeared first on Република.

]]>

Расправање и недоличен однос на административни службеници од владиниот протокол кон новинарски екипи, нелогични правила кои ограничуваат влез на новинари и физички ги дели новинарите од снимателите од местото на настанот, игнорантски однос на новинарски прашања, селективно издавање акредитации на медиумите се дел од пропустите и грешките кои институциите ги прават за време на денешното одбележување на официјалното чествување пред гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, реагираат од Здружението на новинарите на Македонија. Настанот се уште трае што остава можност на организаторите да се коригираат овие грешки и да се излезе во пресрет на новинарите и снимателите кои се таму, бидејќи што тоа им е професионална обврска во насока на известување за потребите на граѓаните и задоволување на јавниот интерес. Санкција од Владата за постапките на службеничката е само првиот чекор што треба да води кон сериозна промена на односот кон новинарите и медиумските работници. Укажуваме дека административни службеници немаат овластувања да комуницираат со новинари на терен, па дури и дрско да им наредуваат каде тие треба да се позиционираат и како треба да си ја вршат новинарската работата. Бараме и објаснување од кабинетот на премиерот зошто новинарите во првиот дел на одбележувањето на овој настан имаа забрана за влез во објектот на „Св. Спас“. Предупредуваме дека вакви арбитратни одлуки, не само што креираат лоша пракса за организирање на идни настани од страна на Владата, туку ја вознемируваат новинарската заедница и ги ограничуваат присутните новинари да имаат пристап до случувањата кои се од јавен интерес, нагласуваат од ЗНМ.

The post ЗНМ со остра реакција: Односот на владините службеници е цензура! appeared first on Република.

]]>
ССНМ: Владата покажа елементарно непознавање на системот на работа и потребите на новинарските екипи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ssnm-vladata-pokazha-elementarno-nepoznavane-na-sistemot-na-rabota-i-potrebite-na-novinarskite-ekipi/ Sat, 04 Feb 2023 10:13:23 +0000 https://republika.mk/?p=604705

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) бара итна реакција од владините служби за овозможување услови и пристап за соодветна работа на новинарите и снимателите при следење на одбележувањето на 151 година од раѓањето на Гоце Делчев.

Протоколот за следење на овој настан претставува елементарно непознавање на системот на работа и потребите на новинарските екипи и службите на Владата мора да имаат предвид дека новинарите и снимателите работат во тим и не смее да бидат одвоени, бидејќи на тој начин им се оневозможува да работат согласно професионалните стандарди и систем на дејствување на новинарските екипи со цел известувањето да биде објективно и професионално. Одговорните за организација на настанот во црквата св. Спас во Скопје се уште имаат време да ги исправат погрешно утврдените протоколи за движење на медиумските екипи, се вели во реакцијата.

Со првично предвидениот протокол, како што наведува ССНМ, Владата и нејзините служби ги попречуваат новинарите во извршување на нивната основна работа, а со тоа се попречува и слободата на информирање.

The post ССНМ: Владата покажа елементарно непознавање на системот на работа и потребите на новинарските екипи appeared first on Република.

Мицковски: Е*ате нација држава во која народ не може да е горд на своето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskovski-e-ate-natsija-drzhava-vo-koja-narod-ne-mozhe-da-e-gord-na-svoeto/ Sat, 04 Feb 2023 08:49:20 +0000 https://republika.mk/?p=604627

Владата им кажува на новинарите како да работат и каде смеат да стојат и да снимаат. Боже какви незналици се ова и кои драма кралици, дозволија масовна хистерија да се создаде, не поделија како народ и држава околу славењето на најголемиот национален револуционер, дополнително не поделија политички, пошто нивниот идиотски протокол е замислен секој оделно, со своја минутажа, наместо заедно да се поклонат пред гробот, коментира Ивор Мицковски за денешното честување на Гоце Делчев, кое поминува во многу скандали.

Одамна имаме традиција да се плукаме и делиме на најголемите прослави и празници, но сега внесуваме еден нов квалитет, параноја и сенародна отуѓеност од државата и нејзините национални и историски обележја, личности или настани.
Одродени, поделени, разнебитени одвнатре и однадвор, ужасна слика и реалност сме секојдневно, ама за празници сме дупло.
Ебате нација држава во која народ не може да е горд на своето, на своите ебани национални конструкти и атрибути, него мора да е под опсада заради надвворешни и внатрешни иструментализации, конструкции и негации.
Кај реалноста е мизерна, кај надежта не постои, кај можностите се сведени на нула, ама ни трунка достоинство да немаме, е навистина крајот и смртта на оваа “независна” приказна, пишува тој.

The post Мицковски: Е*ате нација држава во која народ не може да е горд на своето appeared first on Република.

]]>

Владата им кажува на новинарите како да работат и каде смеат да стојат и да снимаат. Боже какви незналици се ова и кои драма кралици, дозволија масовна хистерија да се создаде, не поделија како народ и држава околу славењето на најголемиот национален револуционер, дополнително не поделија политички, пошто нивниот идиотски протокол е замислен секој оделно, со своја минутажа, наместо заедно да се поклонат пред гробот, коментира Ивор Мицковски за денешното честување на Гоце Делчев, кое поминува во многу скандали.
Одамна имаме традиција да се плукаме и делиме на најголемите прослави и празници, но сега внесуваме еден нов квалитет, параноја и сенародна отуѓеност од државата и нејзините национални и историски обележја, личности или настани. Одродени, поделени, разнебитени одвнатре и однадвор, ужасна слика и реалност сме секојдневно, ама за празници сме дупло. Ебате нација држава во која народ не може да е горд на своето, на своите ебани национални конструкти и атрибути, него мора да е под опсада заради надвворешни и внатрешни иструментализации, конструкции и негации. Кај реалноста е мизерна, кај надежта не постои, кај можностите се сведени на нула, ама ни трунка достоинство да немаме, е навистина крајот и смртта на оваа “независна” приказна, пишува тој.

The post Мицковски: Е*ате нација држава во која народ не може да е горд на своето appeared first on Република.

]]>
И АВМУ со остра реакција за селективноста на Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-avmu-so-ostra-reaktsija-za-selektivnosta-na-vladata/ Sat, 04 Feb 2023 08:20:20 +0000 https://republika.mk/?p=604575

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува селективниот пристап на Владата за акредитирање на дел од медиумите за следење на настанот на кој ќе се одбележува 151-та годишнина од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

https://republika.mk/vesti/makedonija/tsenzura-zamolchuvane-selektivnost-vladata-im-zabrani-na-republika-i-presing-da-prisustvuvaat-na-rodendenot-na-gotse-delchev/

Улогата на медиумските работници е да документираат и пренесат информации од настани кои се од висок јавен интерес, дури и во услови кога се воспоставени посебни безбедносни мерки. Секое попречувањето на нивната работа претставува загрозување на слободата и правото на информирање. Агенцијата апелира да се најде соодветен и неселективен начин, на сите медиумските работници да им се овозможи еднаков и слободен пристап до сите настани што се од големо општествено значење, реагираат од АВМУ.

The post И АВМУ со остра реакција за селективноста на Владата appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува селективниот пристап на Владата за акредитирање на дел од медиумите за следење на настанот на кој ќе се одбележува 151-та годишнина од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. https://republika.mk/vesti/makedonija/tsenzura-zamolchuvane-selektivnost-vladata-im-zabrani-na-republika-i-presing-da-prisustvuvaat-na-rodendenot-na-gotse-delchev/
Улогата на медиумските работници е да документираат и пренесат информации од настани кои се од висок јавен интерес, дури и во услови кога се воспоставени посебни безбедносни мерки. Секое попречувањето на нивната работа претставува загрозување на слободата и правото на информирање. Агенцијата апелира да се најде соодветен и неселективен начин, на сите медиумските работници да им се овозможи еднаков и слободен пристап до сите настани што се од големо општествено значење, реагираат од АВМУ.

The post И АВМУ со остра реакција за селективноста на Владата appeared first on Република.

]]>
Кавги и надвикување пред платото на „Свети Спас“, Владата им кажува на новинарите како да работат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kavgi-i-nadvikuvane-pred-platoto-na-sveti-spas-vladata-im-kazhuva-na-novinarite-kako-da-rabotat/ Sat, 04 Feb 2023 07:47:07 +0000 https://republika.mk/?p=604552

Владата одредува каде снимателите ќе снимаат за време на чествувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, а новинарите не можат да го следат чествувањето во кругот на црквата, туку стојат надвор пред платото, пренесува „Макфакс“, од каде додаваат дека наместо да најдат решение, владини службеници се расправаат со новинарите.

Владините службеници, кога снимателите бараа да останат пред платото, им кажаа дека тоа не е дозволено и дека мора да бидат внатре бидејќи настанот се одвива во црквата. На новинарите кои сакаа да влезат внатре им беше укажано дека тоа не е дозволено и дека ќе стојат надвор.

Видео тука

The post Кавги и надвикување пред платото на „Свети Спас“, Владата им кажува на новинарите како да работат appeared first on Република.

]]>

Владата одредува каде снимателите ќе снимаат за време на чествувањето на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, а новинарите не можат да го следат чествувањето во кругот на црквата, туку стојат надвор пред платото, пренесува „Макфакс“, од каде додаваат дека наместо да најдат решение, владини службеници се расправаат со новинарите. Владините службеници, кога снимателите бараа да останат пред платото, им кажаа дека тоа не е дозволено и дека мора да бидат внатре бидејќи настанот се одвива во црквата. На новинарите кои сакаа да влезат внатре им беше укажано дека тоа не е дозволено и дека ќе стојат надвор. Видео тука      

The post Кавги и надвикување пред платото на „Свети Спас“, Владата им кажува на новинарите како да работат appeared first on Република.

]]>
Дали е Лазо, дали е Тито?! Нит е Лазо, нит е Тито, тук е Таче! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-e-lazo-dali-e-tito-nit-e-lazo-nit-e-tito-tuk-e-tache/ Sat, 04 Feb 2023 07:30:52 +0000 https://republika.mk/?p=604530

Дали е Лазо, дали е Тито?! Нит е Лазо, нит е Тито, тук е Таче!

Да, актуелниот премиер намесник Димитар Ковачевски се нареди рамо до рамо во редот на лидерите од времето на едноумието и тоа во втората деценија на 21 век!

Актуелната власт на СДСМ и ДУИ, веќе без никакви дилеми, спроти чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на македонската револуционерна икона Гоце Делчев не врати далеку назад во најмрачното време на тоталитарниот режим на македонскиот комунизам/социјализам со човечки лик, во времето на колешивизмот и титовизмот, удирајќи и непростлива шлаканица на каква, таквата, нефункционална, но сепак  демократија во државата.

На двајца новинари на Република и Пресинг ТВ, како и на нашиот репортер владината прес-служба не им ги одобри акредитациите за следење и информирање за настаните од црквата „Св.Спас“ во Скопје! И тоа без никакво образложение!

Според тоа, присуството на новинарите Игор Чавески и Предраг Димитровски, и на фоторепортерот Александар Ивановски на чествувањето, согласно оценката на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, не е достојно на ликот и делото на Гоце Делчев!!!

Без никакво образложение од владината прес-служба редакциите на Република и Пресинг ТВ и нивните новинари и репортер станаа непријатели на државата!!! А, на таквите, нели, не им е местото со останатите „пријателски“ на државата медиуми.

Исто како во времето на Лазар Колишевски кога во посета на Република Македонија доаѓал маршалот Јосип Броз Тито. И денес живи сведоци на настаните, како и стотици и стотици редови сеќавања потсетуваат дека пред доаѓањето на Маршалот, три дена претходно во занданите завршувале сите потенцијални и актуелни неистомисленици со единствената комунистичка партија. „Новата“ слобода ќе ја почувствувале откако Тито ќе си заминел од Македонија.

За среќа, Игор Чавски, Предраг Димитровски и Александар Ивановски не завршија зад решетки спроти чествувањето на роденденот на Гоце Делчев, што апсолутно не значи дека тоа не може некој друг пат да им се случи!

Исто како во култниот филм на Столе Попов, „Тетовирање“. Веќе утре поединечно на тројцата на улица може да им се случи припадник на полицијата да почне да им вика „Признај, пизда ти материна, признај“. А, што да признаат?! Тоа не е ни малку важно.

Важно е дека ние, поединечно, треба да бидеме подготвени и наизуст да ја знаеме репликата:

-Седам јас на една клупа сам, мирен како бубачка. Ми идат двајца цајкани. Друже, добар ден, поздравувајќи со раката. Кажем, добар ден. Како сте, каже друже. Ја кажем добро. Какав је овај куфер? Кажем куфер као куфер, празан. Отвори! Неќу, отворите сам. Ма отвори кад ти кажем, пизда ти материна, отвори. Најебо си ако случајно наѓемо бомба или нешто слично. Отвори, кажем. Отворим, нормално кофер као кофер празан. А, птицо, значи ту смо, ту смо. Са чиме си хтео да га напуниш, ајде признај. Са чиме си хтео да га напуниш, ајде признај. Кажем, шта да признам, шта да признам. Признај пизда ти материна, признај кад ти кажем, признај. И ме тепаа, и ме тепаа. Признај кад ти кажем, пизда ти материна, признај!

Чавески, Димитровски и Ивановски за известување од настаните пред „Св.Спас“ немаше да носат куфери, освен мобилни телефони, евентуално нотес и пенкало, и нормално фотоапарат. Единствено можеа да фотографираат и да постават прашање до државните раководители и тоа ако им беше дозволно. Но, очигледно некој оценил дека и тоа претставувало опасност за државата!!!

А, којзнае, можеби на нашите служби бугарскиот министер за внатрешни работи или претставниците на Државната служба за национална безбедност им предочиле дека нашите медиуми и новинари не се подобни за следење и известување од настанот?! Па тие веќе имаат искуство во составувањето црни листи на неподобни личности од македонска страна, како „противници“ и на апсолутно асиметричниот Договор за добрососедство, пријателство и соработка и на терминот „заедничка историја“. А, богами, да се најде нечие име на тие црни листи е навистина предност, а не хендикеп. Зашто, тоа значи дека си македонист чист како солза, а не неоврховист, необолшевик, неонацист или неофашист, уште помалку дека си човек без кичма, без сопствено размислување, без достоинство и личен дигнитет и интегритет.

Работите станаа многу појасни, откако првиот вицепремиер Артан Груби ни порача дека секој кој е против уставните измени за внесување на т.н. македонски Бугари во Уставот е против Европската унија, а премиерот намесник Димитар Ковачевски не кажа ни збор против таквата поделба на македонското национално ткиво.

Во духот на титовистичките постулати и комунистички доктрини, и Груби и Таче станаа нови Лазо и Тито. Зашто, наметнаа нова поделба, што не се разликува ни милиметар од познатите историски од воениот и поствоениот период. Главното прашање поврзано со настаните на скопското Кале на самиот почеток на 1945 година било дали да се оди на Солун или на Срем, а во 1948-та, по судирот со Информбирото, доминирало она трагичното дали си за Тито или за Сталин. И сите, кои до вчера верувале и се поклонувале на фотографиите и на Тито и на Сталин, погрешниот избор ги однел по занданите на злогласната ОЗНА или УДБ-а.

Очигледно, „демократијата“ на Таче и на Груби не е ништо друго, освен тоталитаризмот на Лазо и на Тито.

The post Дали е Лазо, дали е Тито?! Нит е Лазо, нит е Тито, тук е Таче! appeared first on Република.

]]>

Дали е Лазо, дали е Тито?! Нит е Лазо, нит е Тито, тук е Таче! Да, актуелниот премиер намесник Димитар Ковачевски се нареди рамо до рамо во редот на лидерите од времето на едноумието и тоа во втората деценија на 21 век!
Актуелната власт на СДСМ и ДУИ, веќе без никакви дилеми, спроти чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на македонската револуционерна икона Гоце Делчев не врати далеку назад во најмрачното време на тоталитарниот режим на македонскиот комунизам/социјализам со човечки лик, во времето на колешивизмот и титовизмот, удирајќи и непростлива шлаканица на каква, таквата, нефункционална, но сепак  демократија во државата.
На двајца новинари на Република и Пресинг ТВ, како и на нашиот репортер владината прес-служба не им ги одобри акредитациите за следење и информирање за настаните од црквата „Св.Спас“ во Скопје! И тоа без никакво образложение! Според тоа, присуството на новинарите Игор Чавески и Предраг Димитровски, и на фоторепортерот Александар Ивановски на чествувањето, согласно оценката на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, не е достојно на ликот и делото на Гоце Делчев!!! Без никакво образложение од владината прес-служба редакциите на Република и Пресинг ТВ и нивните новинари и репортер станаа непријатели на државата!!! А, на таквите, нели, не им е местото со останатите „пријателски“ на државата медиуми. Исто како во времето на Лазар Колишевски кога во посета на Република Македонија доаѓал маршалот Јосип Броз Тито. И денес живи сведоци на настаните, како и стотици и стотици редови сеќавања потсетуваат дека пред доаѓањето на Маршалот, три дена претходно во занданите завршувале сите потенцијални и актуелни неистомисленици со единствената комунистичка партија. „Новата“ слобода ќе ја почувствувале откако Тито ќе си заминел од Македонија. За среќа, Игор Чавски, Предраг Димитровски и Александар Ивановски не завршија зад решетки спроти чествувањето на роденденот на Гоце Делчев, што апсолутно не значи дека тоа не може некој друг пат да им се случи! Исто како во култниот филм на Столе Попов, „Тетовирање“. Веќе утре поединечно на тројцата на улица може да им се случи припадник на полицијата да почне да им вика „Признај, пизда ти материна, признај“. А, што да признаат?! Тоа не е ни малку важно. Важно е дека ние, поединечно, треба да бидеме подготвени и наизуст да ја знаеме репликата:
-Седам јас на една клупа сам, мирен како бубачка. Ми идат двајца цајкани. Друже, добар ден, поздравувајќи со раката. Кажем, добар ден. Како сте, каже друже. Ја кажем добро. Какав је овај куфер? Кажем куфер као куфер, празан. Отвори! Неќу, отворите сам. Ма отвори кад ти кажем, пизда ти материна, отвори. Најебо си ако случајно наѓемо бомба или нешто слично. Отвори, кажем. Отворим, нормално кофер као кофер празан. А, птицо, значи ту смо, ту смо. Са чиме си хтео да га напуниш, ајде признај. Са чиме си хтео да га напуниш, ајде признај. Кажем, шта да признам, шта да признам. Признај пизда ти материна, признај кад ти кажем, признај. И ме тепаа, и ме тепаа. Признај кад ти кажем, пизда ти материна, признај!
Чавески, Димитровски и Ивановски за известување од настаните пред „Св.Спас“ немаше да носат куфери, освен мобилни телефони, евентуално нотес и пенкало, и нормално фотоапарат. Единствено можеа да фотографираат и да постават прашање до државните раководители и тоа ако им беше дозволно. Но, очигледно некој оценил дека и тоа претставувало опасност за државата!!!
А, којзнае, можеби на нашите служби бугарскиот министер за внатрешни работи или претставниците на Државната служба за национална безбедност им предочиле дека нашите медиуми и новинари не се подобни за следење и известување од настанот?! Па тие веќе имаат искуство во составувањето црни листи на неподобни личности од македонска страна, како „противници“ и на апсолутно асиметричниот Договор за добрососедство, пријателство и соработка и на терминот „заедничка историја“. А, богами, да се најде нечие име на тие црни листи е навистина предност, а не хендикеп. Зашто, тоа значи дека си македонист чист како солза, а не неоврховист, необолшевик, неонацист или неофашист, уште помалку дека си човек без кичма, без сопствено размислување, без достоинство и личен дигнитет и интегритет.
Работите станаа многу појасни, откако првиот вицепремиер Артан Груби ни порача дека секој кој е против уставните измени за внесување на т.н. македонски Бугари во Уставот е против Европската унија, а премиерот намесник Димитар Ковачевски не кажа ни збор против таквата поделба на македонското национално ткиво. Во духот на титовистичките постулати и комунистички доктрини, и Груби и Таче станаа нови Лазо и Тито. Зашто, наметнаа нова поделба, што не се разликува ни милиметар од познатите историски од воениот и поствоениот период. Главното прашање поврзано со настаните на скопското Кале на самиот почеток на 1945 година било дали да се оди на Солун или на Срем, а во 1948-та, по судирот со Информбирото, доминирало она трагичното дали си за Тито или за Сталин. И сите, кои до вчера верувале и се поклонувале на фотографиите и на Тито и на Сталин, погрешниот избор ги однел по занданите на злогласната ОЗНА или УДБ-а. Очигледно, „демократијата“ на Таче и на Груби не е ништо друго, освен тоталитаризмот на Лазо и на Тито.

The post Дали е Лазо, дали е Тито?! Нит е Лазо, нит е Тито, тук е Таче! appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ го осуди цензурирањето на медиумите од страна на Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-go-osudi-tsenzuriraneto-na-mediumite-od-strana-na-vladata/ Fri, 03 Feb 2023 20:19:38 +0000 https://republika.mk/?p=604505

Владата забранува на дел од новинарите и медиумите да известуваат за утрешното чествување на Гоце Делчев, без образложение недоделувајќи акредитации на одредени медиуми, новинари и фоторепортери.

Зошто може бугарските здруженија да присуствуваат, а не може новинари да известуваат за чествувањето на Гоце Делчев, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Кој во владата и според кои критериуми ги подели медиумите на подобни и неподобни за известување?Ова е срам за владата, министрите и сите што работат за владиниот режим во делот со медиуми.

Најстрого ја осудуваме цензурата врз медиумите од страна на Владата на Ковачевски врз новинари кои сакаат да известуваат за чествувањето на Гоце Делчев.

https://republika.mk/vesti/makedonija/tsenzura-zamolchuvane-selektivnost-vladata-im-zabrani-na-republika-i-presing-da-prisustvuvaat-na-rodendenot-na-gotse-delchev/

Ваквата поделба на медиумите и брутална цензура значи дека Ковачевски губи контрола.

Откако со денови министри се расправаат со новинари, вечерва владината прес служба забрани известување на новинари на два интернет портали од гробот на Гоце Делчев по повод на 151 година од неговото раѓање.

СДС се уплашени од критичко размислување и спроведуваат класично едноумие.

Забрана на новинари да си ја вршат својата дејност е одлика само на тоталитарни режими.

Димитар Ковачевски со ваквите чекори покажува дека слободата на изразувања е само празна флоскула која ја користи кога држи пресконференции со дипломати или претставници на нашите стратешки партнери, а во суштина ги има сите одлики кои ги имале режимите од истокот.

Колку поблиску е падот од власт, толку понервозни се СДС и ДУИ, а тоа се гледа по цензурата и замолчувањето на медиумите.

The post ВМРО-ДПМНЕ го осуди цензурирањето на медиумите од страна на Владата appeared first on Република.

]]>

Владата забранува на дел од новинарите и медиумите да известуваат за утрешното чествување на Гоце Делчев, без образложение недоделувајќи акредитации на одредени медиуми, новинари и фоторепортери. Зошто може бугарските здруженија да присуствуваат, а не може новинари да известуваат за чествувањето на Гоце Делчев, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
Кој во владата и според кои критериуми ги подели медиумите на подобни и неподобни за известување?Ова е срам за владата, министрите и сите што работат за владиниот режим во делот со медиуми.
Најстрого ја осудуваме цензурата врз медиумите од страна на Владата на Ковачевски врз новинари кои сакаат да известуваат за чествувањето на Гоце Делчев. https://republika.mk/vesti/makedonija/tsenzura-zamolchuvane-selektivnost-vladata-im-zabrani-na-republika-i-presing-da-prisustvuvaat-na-rodendenot-na-gotse-delchev/ Ваквата поделба на медиумите и брутална цензура значи дека Ковачевски губи контрола. Откако со денови министри се расправаат со новинари, вечерва владината прес служба забрани известување на новинари на два интернет портали од гробот на Гоце Делчев по повод на 151 година од неговото раѓање. СДС се уплашени од критичко размислување и спроведуваат класично едноумие. Забрана на новинари да си ја вршат својата дејност е одлика само на тоталитарни режими. Димитар Ковачевски со ваквите чекори покажува дека слободата на изразувања е само празна флоскула која ја користи кога држи пресконференции со дипломати или претставници на нашите стратешки партнери, а во суштина ги има сите одлики кои ги имале режимите од истокот. Колку поблиску е падот од власт, толку понервозни се СДС и ДУИ, а тоа се гледа по цензурата и замолчувањето на медиумите.

The post ВМРО-ДПМНЕ го осуди цензурирањето на медиумите од страна на Владата appeared first on Република.

]]>
МАН реагира на цензурата: Владата да ги одобри акредитациите за медиумите и да престане да дискриминира! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/man-reagira-na-tsenzurata-vladata-da-gi-odobri-akreditatsiite-za-mediumite-i-da-prestane-da-diskriminira/ Fri, 03 Feb 2023 18:44:59 +0000 https://republika.mk/?p=604469

Македонската асоцијација на новинари МАН ја повикува владата да обезбеди непречени услови за работа на сите медиуми од Македонија на утрешното одбележување на роденденот на апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев.

Известени сме од нашите членови дека на најмалку 10-тина независни и професионални новинари и фоторепортери им е одбиено барањето за акредитација за утрешното одбележување. Истовремено, не е одбиена акредитација на ниеден од провладините новинари и медиумите блиски до власта. Со ваквата дискриминација, владата ја загрозува слободата на информирање, што е Уставно загарантирана. Истовремено, го засилува притисокот врз медиумите и новинарите со обидите да ги цензурира преку забрани за присуство на јавни настани. Владата има рок до изутрина пред почетокот на настанот да ги одобри акредитациите на медиумите кои вечерва ги одбила и да престане со праксата на селективно одбирање подобни и неподобни медиуми според нивните партиски интереси. Македонската асоцијација на новинари МАН за последен пат ја опоменува владата дека ги помина сите црвени линии и пристојни начини за комуникација, велат од МАН.

Доцна попладнево, без образложение, меѓу останатите, одбиени се барањата за акредитација на новинарите и фоторепортерот од „Република“ и „Пресинг“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/tsenzura-zamolchuvane-selektivnost-vladata-im-zabrani-na-republika-i-presing-da-prisustvuvaat-na-rodendenot-na-gotse-delchev/

The post МАН реагира на цензурата: Владата да ги одобри акредитациите за медиумите и да престане да дискриминира! appeared first on Република.

]]>

Македонската асоцијација на новинари МАН ја повикува владата да обезбеди непречени услови за работа на сите медиуми од Македонија на утрешното одбележување на роденденот на апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев. Известени сме од нашите членови дека на најмалку 10-тина независни и професионални новинари и фоторепортери им е одбиено барањето за акредитација за утрешното одбележување. Истовремено, не е одбиена акредитација на ниеден од провладините новинари и медиумите блиски до власта. Со ваквата дискриминација, владата ја загрозува слободата на информирање, што е Уставно загарантирана. Истовремено, го засилува притисокот врз медиумите и новинарите со обидите да ги цензурира преку забрани за присуство на јавни настани. Владата има рок до изутрина пред почетокот на настанот да ги одобри акредитациите на медиумите кои вечерва ги одбила и да престане со праксата на селективно одбирање подобни и неподобни медиуми според нивните партиски интереси. Македонската асоцијација на новинари МАН за последен пат ја опоменува владата дека ги помина сите црвени линии и пристојни начини за комуникација, велат од МАН. Доцна попладнево, без образложение, меѓу останатите, одбиени се барањата за акредитација на новинарите и фоторепортерот од „Република“ и „Пресинг“. https://republika.mk/vesti/makedonija/tsenzura-zamolchuvane-selektivnost-vladata-im-zabrani-na-republika-i-presing-da-prisustvuvaat-na-rodendenot-na-gotse-delchev/

The post МАН реагира на цензурата: Владата да ги одобри акредитациите за медиумите и да престане да дискриминира! appeared first on Република.

]]>
ЗНМ ја поздравува одлуката на Судот да го одбие барањето за цензура на „Нечиста крв“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/znm-ja-pozdravuva-odlukata-na-sudot-da-go-odbie-baranjeto-za-cenzura-na-nechista-krv/ Thu, 20 Oct 2022 11:18:50 +0000 https://republika.mk/?p=563537

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Основниот граѓански суд Скопје за донесување решение со кое се одбива барањето за одредување привремена судска мерка со кое се бараше да се наложи на тужените од страна на Судот веднаш да ги отстранат објавените содржини со наслов „Нечиста крв“, односно објавите на документарниот видео запис со истоимениот наслов на МРТВ, Јутјуб каналот на ИРЛ и Фејсбук профилот на ИРЛ.

Како што информираат од ЗНМ, ова следи по поднесената тужба против Истражувачка Репортерска Лабораторија од страна на докторот Жан Митрев и приватната здравствена установа – Клиничка болница Жан Митрев Скопје.

До ИРЛ беше поднесена тужба за утврдување на граѓанска одговорност за клевета и надомест на нематеријална штета во вредност од 1.200.000 денари. ЗНМ во однос на ова реагираше во одбрана на правото на слобода на изразување и известување на јавноста, односно барањето да се избрише „Нечиста крв“ претставува апсурд и опасност. За овој обид за цензура ЗНМ ги извести своите меѓународни партнери Европската федерација на новинари (ЕФЈ) и Меѓународната федерација на новинари (МФН) - стои во соопштението на ЗНМ.

The post ЗНМ ја поздравува одлуката на Судот да го одбие барањето за цензура на „Нечиста крв“ appeared first on Република.

]]>

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на Основниот граѓански суд Скопје за донесување решение со кое се одбива барањето за одредување привремена судска мерка со кое се бараше да се наложи на тужените од страна на Судот веднаш да ги отстранат објавените содржини со наслов „Нечиста крв“, односно објавите на документарниот видео запис со истоимениот наслов на МРТВ, Јутјуб каналот на ИРЛ и Фејсбук профилот на ИРЛ. Како што информираат од ЗНМ, ова следи по поднесената тужба против Истражувачка Репортерска Лабораторија од страна на докторот Жан Митрев и приватната здравствена установа – Клиничка болница Жан Митрев Скопје.
До ИРЛ беше поднесена тужба за утврдување на граѓанска одговорност за клевета и надомест на нематеријална штета во вредност од 1.200.000 денари. ЗНМ во однос на ова реагираше во одбрана на правото на слобода на изразување и известување на јавноста, односно барањето да се избрише „Нечиста крв“ претставува апсурд и опасност. За овој обид за цензура ЗНМ ги извести своите меѓународни партнери Европската федерација на новинари (ЕФЈ) и Меѓународната федерација на новинари (МФН) - стои во соопштението на ЗНМ.

The post ЗНМ ја поздравува одлуката на Судот да го одбие барањето за цензура на „Нечиста крв“ appeared first on Република.

]]>
Министерката за култура јасно и гласно ги потврди стравувањата на македонските граѓани, рече Арсовски и побара итна оставка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerkata-za-kultura-jasno-i-glasno-gi-potvrdi-stravuvanjata-na-makedonskite-gragjani-reche-arsovski-i-pobara-itna-ostavka/ Sat, 06 Aug 2022 09:41:39 +0000 https://republika.mk/?p=537346

Вчера сите се згрозивме од скандалозната изјава на министерката за култура, Бисера Стојчевска. Министерка која што доаѓа директно од редовите на СДСМ. Стојчевска ни кажа всушност дека треба да живееме како Орвеловата 1984, цензурирано.

Ова на денешната прес-конференција го изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, кој додаде дека министерката јасно и гласно ги потврди стравувањата на македонското општество, на македонските граѓани, на народот дека договорите на оваа влада која што ги прави со Бугарија водат кон асимилација и тивка цензура на македонското творештво, нашето најголемо богатство.

Министерката за култура меѓу редови кажа што содржи и што предвидува Протоколот кој што го усогласија владата на СДСМ и Бугарија. Секое она дело кое што ќе обработува содржина која според бугарската страна е оценето како говор на омраза нема да биде поддржано со државни средства. Имено таа вели „мораме да бидеме свесни дека мора да одиме напред. Мора да се ослободиме. Историјата нам повеќе не смее да ни биде затвор“. Ова го вели министерката за култура од СДСМ. Г-ѓо министерке, дали вие воопшто знаете колку творечки дела, филмови, песни, романи се создадени и се поврзани со тематиката од Втората светска војна или историјата на македонскиот народ, која што сега е оспорувана од страна на Бугарија? Дали знаете или не знаете? Очигледно не знаете и тоа е уште поголем срам за вас како министерка. Знаете ли министерке дека ова кое сега власта и вие го прави е класичен тоталитаризам кој цензурира говор, кој ограничува творечка мисла на уметниците?!, рече Аросвски.

Потенцираше дека никој во светот не ограничува творечка мисла на уметниците.

И сега повторно најверојатно ќе почнете како и во претходното време во комунизмот да создавате подобни и неподобни уметници. Најверојатно тоа е вашата цел.

Дали сте свесни и вие како Стојчевска и целото СДСМ, дека вчера се откажаа од сите историски филмови кои ги снимиле доајените на македонското платно, се откажаа од сите сценарија напишани за македонскиот непокор и мака, се откажаа од буквално се, но и онака како и што се очекуваше дека ќе се откажете буквално од се што е македонско. Да биде срамот поголем министерката освен што сугерира забрана на творби со историска содржина, таа дава една бедна квалификација за досегашното творештво на автори како Петре М Андреевски кои имаат историски наратив, нарекувајќи ги мрачни времиња.

Цитирам: да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката. Не нешто што повторно ќе го врати народот назад, кон едни мрачни времиња каде што навистина не видовме ништо добро.

Да го квалифицирате творештвото на Петре М Андреевски како мрачно, мора да не сте прочитале ниту една книга од него, да не се чувствувате како Македонец и да се срамите од вашата култура, ѝ порача Арсовски.

Тие мрачни времиња кои што сега ги споменувате, ѝ се обрати тој, ги живееле нашите предци, за ние денеска да живееме во независна Република Македонија, која што вие како СДСМ и влада се обидувате да ја распродадете.

Очигледно министерката за култура нема никаква врска ниту со творештво, ниту со дела, ниту пак со култура. Залудно е на тоа место каде што седи. Ако евентуално прочитала некоја си лектира е врвот на нејзиниот контакт со културата, па сега дојде време на уметниците да им ава насоки какви дела да пишувале и како да расположувале публика, вели да се пишувале само комедии. Најголема комедија во оваа држава е СДСМ. А таа комедија СДСМ најголемата трагедија и ја нанесува на Република Македонија.

Срамно и бедно! После ваков скандал Стојчевска треба да си поднесе оставка, бидејќи министерка што се срами и ја цензурира сопствената култура, не може да биде министерка на Република Македонија. Срамно и бедно, може да биде само министерка која што одработува за туѓи интереси, рече Арсовски.

https://youtu.be/c6IT4NcRFZ4

The post Министерката за култура јасно и гласно ги потврди стравувањата на македонските граѓани, рече Арсовски и побара итна оставка appeared first on Република.

]]>

Вчера сите се згрозивме од скандалозната изјава на министерката за култура, Бисера Стојчевска. Министерка која што доаѓа директно од редовите на СДСМ. Стојчевска ни кажа всушност дека треба да живееме како Орвеловата 1984, цензурирано. Ова на денешната прес-конференција го изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, кој додаде дека министерката јасно и гласно ги потврди стравувањата на македонското општество, на македонските граѓани, на народот дека договорите на оваа влада која што ги прави со Бугарија водат кон асимилација и тивка цензура на македонското творештво, нашето најголемо богатство.
Министерката за култура меѓу редови кажа што содржи и што предвидува Протоколот кој што го усогласија владата на СДСМ и Бугарија. Секое она дело кое што ќе обработува содржина која според бугарската страна е оценето како говор на омраза нема да биде поддржано со државни средства. Имено таа вели „мораме да бидеме свесни дека мора да одиме напред. Мора да се ослободиме. Историјата нам повеќе не смее да ни биде затвор“. Ова го вели министерката за култура од СДСМ. Г-ѓо министерке, дали вие воопшто знаете колку творечки дела, филмови, песни, романи се создадени и се поврзани со тематиката од Втората светска војна или историјата на македонскиот народ, која што сега е оспорувана од страна на Бугарија? Дали знаете или не знаете? Очигледно не знаете и тоа е уште поголем срам за вас како министерка. Знаете ли министерке дека ова кое сега власта и вие го прави е класичен тоталитаризам кој цензурира говор, кој ограничува творечка мисла на уметниците?!, рече Аросвски.
Потенцираше дека никој во светот не ограничува творечка мисла на уметниците.
И сега повторно најверојатно ќе почнете како и во претходното време во комунизмот да создавате подобни и неподобни уметници. Најверојатно тоа е вашата цел. Дали сте свесни и вие како Стојчевска и целото СДСМ, дека вчера се откажаа од сите историски филмови кои ги снимиле доајените на македонското платно, се откажаа од сите сценарија напишани за македонскиот непокор и мака, се откажаа од буквално се, но и онака како и што се очекуваше дека ќе се откажете буквално од се што е македонско. Да биде срамот поголем министерката освен што сугерира забрана на творби со историска содржина, таа дава една бедна квалификација за досегашното творештво на автори како Петре М Андреевски кои имаат историски наратив, нарекувајќи ги мрачни времиња. Цитирам: да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката. Не нешто што повторно ќе го врати народот назад, кон едни мрачни времиња каде што навистина не видовме ништо добро. Да го квалифицирате творештвото на Петре М Андреевски како мрачно, мора да не сте прочитале ниту една книга од него, да не се чувствувате како Македонец и да се срамите од вашата култура, ѝ порача Арсовски.
Тие мрачни времиња кои што сега ги споменувате, ѝ се обрати тој, ги живееле нашите предци, за ние денеска да живееме во независна Република Македонија, која што вие како СДСМ и влада се обидувате да ја распродадете.
Очигледно министерката за култура нема никаква врска ниту со творештво, ниту со дела, ниту пак со култура. Залудно е на тоа место каде што седи. Ако евентуално прочитала некоја си лектира е врвот на нејзиниот контакт со културата, па сега дојде време на уметниците да им ава насоки какви дела да пишувале и како да расположувале публика, вели да се пишувале само комедии. Најголема комедија во оваа држава е СДСМ. А таа комедија СДСМ најголемата трагедија и ја нанесува на Република Македонија. Срамно и бедно! После ваков скандал Стојчевска треба да си поднесе оставка, бидејќи министерка што се срами и ја цензурира сопствената култура, не може да биде министерка на Република Македонија. Срамно и бедно, може да биде само министерка која што одработува за туѓи интереси, рече Арсовски.
https://youtu.be/c6IT4NcRFZ4

The post Министерката за култура јасно и гласно ги потврди стравувањата на македонските граѓани, рече Арсовски и побара итна оставка appeared first on Република.

]]>
Костадиновска-Стојчевска: Се додека сум јас министер за култура нема да има цензура во ниту еден проект поддржан од Министерството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kostadinovska-stojchevska-se-dodeka-sum-jas-minister-za-kultura-nema-da-ima-cenzura-vo-nitu-eden-proekt-poddrzan-od-ministerstvoto/ Fri, 05 Aug 2022 12:32:48 +0000 https://republika.mk/?p=537140

По реакциите во јавност за мојата изјава во интервју за VOA, чувствувам обврска да објаснам неколку аспекти, напиша на својот фејсбук профил, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

ЦЕНЗУРАТА е одлик на минати општества или минати власти и неа не и е местото во 21век, во земја кандидат за полноправно членство во ЕУ. Цензурата е феномен кој се коси со демократијата и слободата на говор во која денес и тоа како уживаме!

Токму затоа, мојата изјава започнува со зборовите “Слободно нека творат!”

Како министерка, се додека сум јас на тоа место, нема да има цензура во ниту еден проект поддржан од Министерството за култура. Исто така, сакам да сум апсолутно јасна, додека сум јас министерка, нема да има простор да се ограничува или насочува кој било уметник на кој било начин, тоа е против сите мои лични и пред сѐ професионални уверувања.

Доколку изјавата која денес е цел на “слободни” толкувања, повредила чувства, порив, мотив и обиди за творење, жал ми е. Намерата апсолутно не е да се насочува или ограничува, напротив, мојата интенција секогаш била и ќе биде поддршка на слободната мисла и изразување.

И за крај, би сакала да повторам: Слободата на уметникот е огромна. Таа е неприкосновена. Таа слобода НИКОЈ не може да ја ограничи. И тука, никој не треба да има дилеми.

The post Костадиновска-Стојчевска: Се додека сум јас министер за култура нема да има цензура во ниту еден проект поддржан од Министерството appeared first on Република.

]]>

По реакциите во јавност за мојата изјава во интервју за VOA, чувствувам обврска да објаснам неколку аспекти, напиша на својот фејсбук профил, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

ЦЕНЗУРАТА е одлик на минати општества или минати власти и неа не и е местото во 21век, во земја кандидат за полноправно членство во ЕУ. Цензурата е феномен кој се коси со демократијата и слободата на говор во која денес и тоа како уживаме!
Токму затоа, мојата изјава започнува со зборовите “Слободно нека творат!” Како министерка, се додека сум јас на тоа место, нема да има цензура во ниту еден проект поддржан од Министерството за култура. Исто така, сакам да сум апсолутно јасна, додека сум јас министерка, нема да има простор да се ограничува или насочува кој било уметник на кој било начин, тоа е против сите мои лични и пред сѐ професионални уверувања. Доколку изјавата која денес е цел на “слободни” толкувања, повредила чувства, порив, мотив и обиди за творење, жал ми е. Намерата апсолутно не е да се насочува или ограничува, напротив, мојата интенција секогаш била и ќе биде поддршка на слободната мисла и изразување.  

И за крај, би сакала да повторам: Слободата на уметникот е огромна. Таа е неприкосновена. Таа слобода НИКОЈ не може да ја ограничи. И тука, никој не треба да има дилеми.

The post Костадиновска-Стојчевска: Се додека сум јас министер за култура нема да има цензура во ниту еден проект поддржан од Министерството appeared first on Република.

]]>
Авторите стравуваат од цензура по потпишаниот протокол со Бугарија, министерката за култура вели: Нека творат слободно теми што ќе расположат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/avtorite-stravuvaat-od-cenzura-po-potpishaniot-protokol-so-bugarija-ministerkata-za-kultura-veli-neka-tvorat-slobodno-temi-shto-kje-raspolozat/ Fri, 05 Aug 2022 08:53:42 +0000 https://republika.mk/?p=536998

По потпишувањето на протоколот со Бугарија, авторите си го поставуваат прашањето: Дали следи цензура на слободната и креативна мисла?, а министерка за култура, вели: Нека творат слободно, теми што ќе расположат, пишува „Гласот на Америка“.

Никој, односно Министерството за култура, нема да ја има улогата на полицаец и да будно да следи кој што ќе направи. Слободата на уметникот е голема. Тој има право да се изрази и тоа право никој не може да му го ограничи во ниту еден момент, вели министерката Бисера Костадиновска – Стојчевска.

Слободно нека творат. Но, да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката. Не нешто што повторно ќе го врати народот назад, кон едни мрачни времиња кадешто навистина не видовме ништо добро, посочува министерката за култура за Гласот на Америка.

Целиот текст овде.

The post Авторите стравуваат од цензура по потпишаниот протокол со Бугарија, министерката за култура вели: Нека творат слободно теми што ќе расположат appeared first on Република.

Почитувана министерке, дали сте свесни дека со овие таканаречени мерки се согласивте на цензура во творењето? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochituvana-ministerke-dali-ste-svesni-deka-so-ovie-takanarecheni-merki-se-soglasivte-na-cenzura-vo-tvorenjeto/ Thu, 28 Jul 2022 12:44:22 +0000 https://republika.mk/?p=534285

Почитувана министерке Бисера Костадиновска Стојчевска, вие бевте член на Меѓуресорска работна група за туризам, култура, наука и образование, млади и спорт како дел од преговорите помеѓу Македонија и Бугарија. И врз основа на Вашата работа како работна група се донесени заклучоци и чекори и се преземени обврски кои се дел од непромислено потпишаниот Протокол од вториот состанок на заедничката меѓувладина комисија помеѓу Македонија и Бугарија. Во третата точка од Протоколот, на страна 18 во темата Говор на омраза се вели: Двете држави да гарантираат дека државното финансирање на нови книги, документарни изданија и списанија, филмови и друга уметничка продукција, како и на споменици на културата и прослави, ќе се реализира во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, и во овој контекст, секој субјект финансиран од државата ќе потврди преку јасна и обврзувачка изјава дека ќе го следи со неопходното внимание прашањето за неприфаќање на сите форми на говор на омраза и непочитувањето на оваа должност ќе претставува основа за прекин на понатамошното државно финансирање на ваквиот субјект“, истакна пратеничката Велика Стојкова Серафимовска денес на собраниската седница за пратенички прашања.

„Понатаму, на страна 20 се вели: Република Македонија ќе преземе мерки со кои ќе осигура ефективен пристап до еднакви права, заштита од дискриминација и заштита на културата и идентитетот на бугарската заедница во Република Македонија:

• Постигнување на одржливи резултати за превенција и реакција против појавите на јазик на омраза против Бугарите во Република Македонија во јавниот простор во Република Македонија.

• Постигнување на одржливи резултати во превенцијата, истрагата и гонењето кај кривични дела од омраза, појава на јазик на омраза и дискриминација против Бугарите во Република Македонија“, прочита пратеничката од Протоколот кој што е потпишан од Македонија и Бугарија.

Оттука Стојкова Серафимовска ја запраша министерката за култура дали кога се согласиле за содржината на Протоколот во делот на културата помислила на реперкусиите на преземените обврски врз градењето, негувањето и промоцијата на македонската национална култура? Дали од власта беа свесни дека уметникот и уметноста се неопходно и најекспресивно средство при градењето на културниот идентитет и колективна меморија? Дали беа свесни дека со овие таканаречени мерки се согласиле на цензура во творењето. Дали сега македонските уметници ќе творат во илегала, како на почетокот на 20 век, а сите дела создадени во изминативе 80 години кои се однесуваат на таканаречените „спорни историски периоди“ ќе бидат ставени во бункер и заборавени?

Јас поставив многу прашања, но еве да формулирам едно конкретно прашање кое не е само мое, туку и на стотици македонски граѓани, а особено на уметниците и културните дејци кои навистина се чудат како може некој да се меша во културното наследство и културата на една држава, нешто што е осудено дури и во меѓународни конвенции. Министерке, што точно значи говор на омраза кон бугарската заедница во некој конкретен случај, еве на пример во еден филм, книга или друго уметничко дело кое би ги раскажало случувањата од Втората светска војна, или пак денешните случувања на негирање на постоење на јазик и историја што е целосно спротивно на европските вредности на почитување на културната разноликост и право на самоопределување, запраша пратеничката.

Второто прашање на пратеничката се однесуваше исто така на министерката за култура и се однесува на Споменикот Аквадукт во Скопје и Скопското кале. Таа посочи дека се надева дека сите ја знаат состојбата на Аквадуктот, а Владата неколку пати ветуваше соодветна заштита и промоција на овој објект, но за жал од тоа ништо не се случи.Исто така и Скопското Кале изгледа повеќе како запуштена џунгла во срцето на главниот град.

Министерке, дали може да дадете временска рамка кога овие два објекти ќе бидат соодветно заштитени и подготвени за нивна интеграција во културната понуда на Македонија, како за културни и туристички цели, така и за едукативни тури, запраша Стојкова Серфимовска.

Третото прашање на пратеничката Стојкова Серафимовска се однесуваше до министерот за образование и наука, Јетон Шаќири и се однесува на потпишаната Одлука на 12 јули за измена на наставните планови во основното образование.

Имено, додека народот се противи на францускиот предлог и додека траат масовните протести на улиците, токму поради јасните последици по македонскиот јазик и идентитет, министерот за образование и наука, кадар на ДУИ усвојува нов наставен план за основно образование, со кој изучувањето на македонскиот јазик во второ одделение се намалува од 6 на 5 часови неделно. Ова е само почеток на промените, кои според Концепцијата, ќе се воведат и во другите одделенија, етапно во секоја следна учебна година. Се поставува прашањето како е безбеден идентитетот и јазикот, кога власта веќе почна со фризирање на наставните програми, запраша пратеничката Стојкова Серафимовска.

Министерката Костадиновска Стојчевска одговори дека Министерството за култура во ниту еден момент нема да цензурира ништо.

Државава треба да гради соживот, а историјата е таа што е и не смее да се интерпретира како говор на омраза, подвлече министерката.

Правите слободни интерпретации на Договорот за пријателство. Министерството за култура во ниту еден момент нема да цензурира, секој има право на творештво. Спонзорираме уметност и творештво на многу повисока категорија граѓани и овој Договор за пријателство се надевам нема така да го толкувате. Соработката со Бугарија одамна постои, топла вода не измисливме ама мора да одиме во Европа, да градиме соживот. Немојте да ги извртувате напорите што се направени, дека Министерството ќе прави цензура и дека ќе става граници. Во Договорот со Буарија стои дека ќе разменуваме артисти за Илидненски денови, Струшки вечери, Охридско лето,… што не е ништо ново, подвлече Костадиновска Стојчевска.

Таа не одговори конкретно на прашањето кое го постави пратеничката Велика Стојковска Серафимовска која, меѓу другото, сакаше да добие одговор што конкретно според потпишаниот Протокол со Бугарија значи „говор на омраза” и дали тоа предвидува цензура во творењето на уметниците, како и дали делата кои се однеусваат на т.н. спорни периоди ќе бидат заборавени и забранети. Стојковска Серафимовска како примери ги посочи филмовите „Волчја ноќ”, „Истрел”, „Јазол”, „Трето полувреме”,…, прашувајќи дали ќе треба да се менува нивната содржина.

The post Почитувана министерке, дали сте свесни дека со овие таканаречени мерки се согласивте на цензура во творењето? appeared first on Република.

]]>

Почитувана министерке Бисера Костадиновска Стојчевска, вие бевте член на Меѓуресорска работна група за туризам, култура, наука и образование, млади и спорт како дел од преговорите помеѓу Македонија и Бугарија. И врз основа на Вашата работа како работна група се донесени заклучоци и чекори и се преземени обврски кои се дел од непромислено потпишаниот Протокол од вториот состанок на заедничката меѓувладина комисија помеѓу Македонија и Бугарија. Во третата точка од Протоколот, на страна 18 во темата Говор на омраза се вели: Двете држави да гарантираат дека државното финансирање на нови книги, документарни изданија и списанија, филмови и друга уметничка продукција, како и на споменици на културата и прослави, ќе се реализира во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, и во овој контекст, секој субјект финансиран од државата ќе потврди преку јасна и обврзувачка изјава дека ќе го следи со неопходното внимание прашањето за неприфаќање на сите форми на говор на омраза и непочитувањето на оваа должност ќе претставува основа за прекин на понатамошното државно финансирање на ваквиот субјект“, истакна пратеничката Велика Стојкова Серафимовска денес на собраниската седница за пратенички прашања. „Понатаму, на страна 20 се вели: Република Македонија ќе преземе мерки со кои ќе осигура ефективен пристап до еднакви права, заштита од дискриминација и заштита на културата и идентитетот на бугарската заедница во Република Македонија: • Постигнување на одржливи резултати за превенција и реакција против појавите на јазик на омраза против Бугарите во Република Македонија во јавниот простор во Република Македонија. • Постигнување на одржливи резултати во превенцијата, истрагата и гонењето кај кривични дела од омраза, појава на јазик на омраза и дискриминација против Бугарите во Република Македонија“, прочита пратеничката од Протоколот кој што е потпишан од Македонија и Бугарија. Оттука Стојкова Серафимовска ја запраша министерката за култура дали кога се согласиле за содржината на Протоколот во делот на културата помислила на реперкусиите на преземените обврски врз градењето, негувањето и промоцијата на македонската национална култура? Дали од власта беа свесни дека уметникот и уметноста се неопходно и најекспресивно средство при градењето на културниот идентитет и колективна меморија? Дали беа свесни дека со овие таканаречени мерки се согласиле на цензура во творењето. Дали сега македонските уметници ќе творат во илегала, како на почетокот на 20 век, а сите дела создадени во изминативе 80 години кои се однесуваат на таканаречените „спорни историски периоди“ ќе бидат ставени во бункер и заборавени?
Јас поставив многу прашања, но еве да формулирам едно конкретно прашање кое не е само мое, туку и на стотици македонски граѓани, а особено на уметниците и културните дејци кои навистина се чудат како може некој да се меша во културното наследство и културата на една држава, нешто што е осудено дури и во меѓународни конвенции. Министерке, што точно значи говор на омраза кон бугарската заедница во некој конкретен случај, еве на пример во еден филм, книга или друго уметничко дело кое би ги раскажало случувањата од Втората светска војна, или пак денешните случувања на негирање на постоење на јазик и историја што е целосно спротивно на европските вредности на почитување на културната разноликост и право на самоопределување, запраша пратеничката.
Второто прашање на пратеничката се однесуваше исто така на министерката за култура и се однесува на Споменикот Аквадукт во Скопје и Скопското кале. Таа посочи дека се надева дека сите ја знаат состојбата на Аквадуктот, а Владата неколку пати ветуваше соодветна заштита и промоција на овој објект, но за жал од тоа ништо не се случи.Исто така и Скопското Кале изгледа повеќе како запуштена џунгла во срцето на главниот град.
Министерке, дали може да дадете временска рамка кога овие два објекти ќе бидат соодветно заштитени и подготвени за нивна интеграција во културната понуда на Македонија, како за културни и туристички цели, така и за едукативни тури, запраша Стојкова Серфимовска.
Третото прашање на пратеничката Стојкова Серафимовска се однесуваше до министерот за образование и наука, Јетон Шаќири и се однесува на потпишаната Одлука на 12 јули за измена на наставните планови во основното образование.
Имено, додека народот се противи на францускиот предлог и додека траат масовните протести на улиците, токму поради јасните последици по македонскиот јазик и идентитет, министерот за образование и наука, кадар на ДУИ усвојува нов наставен план за основно образование, со кој изучувањето на македонскиот јазик во второ одделение се намалува од 6 на 5 часови неделно. Ова е само почеток на промените, кои според Концепцијата, ќе се воведат и во другите одделенија, етапно во секоја следна учебна година. Се поставува прашањето како е безбеден идентитетот и јазикот, кога власта веќе почна со фризирање на наставните програми, запраша пратеничката Стојкова Серафимовска.
Министерката Костадиновска Стојчевска одговори дека Министерството за култура во ниту еден момент нема да цензурира ништо. Државава треба да гради соживот, а историјата е таа што е и не смее да се интерпретира како говор на омраза, подвлече министерката.
Правите слободни интерпретации на Договорот за пријателство. Министерството за култура во ниту еден момент нема да цензурира, секој има право на творештво. Спонзорираме уметност и творештво на многу повисока категорија граѓани и овој Договор за пријателство се надевам нема така да го толкувате. Соработката со Бугарија одамна постои, топла вода не измисливме ама мора да одиме во Европа, да градиме соживот. Немојте да ги извртувате напорите што се направени, дека Министерството ќе прави цензура и дека ќе става граници. Во Договорот со Буарија стои дека ќе разменуваме артисти за Илидненски денови, Струшки вечери, Охридско лето,… што не е ништо ново, подвлече Костадиновска Стојчевска.
Таа не одговори конкретно на прашањето кое го постави пратеничката Велика Стојковска Серафимовска која, меѓу другото, сакаше да добие одговор што конкретно според потпишаниот Протокол со Бугарија значи „говор на омраза” и дали тоа предвидува цензура во творењето на уметниците, како и дали делата кои се однеусваат на т.н. спорни периоди ќе бидат заборавени и забранети. Стојковска Серафимовска како примери ги посочи филмовите „Волчја ноќ”, „Истрел”, „Јазол”, „Трето полувреме”,…, прашувајќи дали ќе треба да се менува нивната содржина.

The post Почитувана министерке, дали сте свесни дека со овие таканаречени мерки се согласивте на цензура во творењето? appeared first on Република.

]]>
Пешевски: За почеток на преговори спремни сте да озаконите цензура и суверенитетот на одлучување да го префрлите на друга држава? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/peshevski-za-pochetok-na-pregovori-spremni-ste-da-ozakonite-cenzura-i-suverenitetot-na-odluchuvanje-da-go-prefrlite-na-druga-drzava/ Mon, 11 Jul 2022 07:34:30 +0000 https://republika.mk/?p=526817

Адвокатот Драган Пешевски и порача на власта дека доколку потпишат договор во кој ќе се озакони цензура и ќе се префрли на друга држава суверенитетот на одлучување ќе поднесе кривични пријави до сите инволвирани.

Научете се веќе дека 'вие' не ги судите луѓето на суд, судот ги суди и тоа пресудите ги носи во името на граѓаните на Република Македонија (а деновиве тие граѓани ви го покажаа мислењето)

Второ, ако е ова вака како што зборите, а знаеме дека е, за почеток на преговорите спремни сте да озаконите цензура и суверенитетот на одлучување го префрлите на друга држава??? (за што ви ветувам од мене на сите инволвирани кривична пријава).

И за крај, ако следи вето по вето значи со потпишување на ваков предлог и рамка ние не ги отвараме преговорите со ЕУ, ние ги затвараме, а богами ја затвараме и државата ама вие сепак би да потпишеме…

Fuck you НЕ е НЕ!!!“, пишува Пешевски на фејсбук.

The post Пешевски: За почеток на преговори спремни сте да озаконите цензура и суверенитетот на одлучување да го префрлите на друга држава? appeared first on Република.

]]>

Адвокатот Драган Пешевски и порача на власта дека доколку потпишат договор во кој ќе се озакони цензура и ќе се префрли на друга држава суверенитетот на одлучување ќе поднесе кривични пријави до сите инволвирани.
Научете се веќе дека 'вие' не ги судите луѓето на суд, судот ги суди и тоа пресудите ги носи во името на граѓаните на Република Македонија (а деновиве тие граѓани ви го покажаа мислењето) Второ, ако е ова вака како што зборите, а знаеме дека е, за почеток на преговорите спремни сте да озаконите цензура и суверенитетот на одлучување го префрлите на друга држава??? (за што ви ветувам од мене на сите инволвирани кривична пријава). И за крај, ако следи вето по вето значи со потпишување на ваков предлог и рамка ние не ги отвараме преговорите со ЕУ, ние ги затвараме, а богами ја затвараме и државата ама вие сепак би да потпишеме… Fuck you НЕ е НЕ!!!“, пишува Пешевски на фејсбук.

The post Пешевски: За почеток на преговори спремни сте да озаконите цензура и суверенитетот на одлучување да го префрлите на друга држава? appeared first on Република.

]]>
Кајли Џенер во одбрана на брадавиците од цензурата на Инстаграм https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/kajli-dzener-vo-odbrana-na-bradavicite-od-cenzurata-na-instagram/ Thu, 09 Jun 2022 07:53:35 +0000 https://republika.mk/?p=512915

Кајли Џенер, најмалата од кланот Кардашијан, позираше со бикини на кои има испечатени брадавици, а фотографијата веднаш стана вирална, добивајќи повеќе од 11 милиони лајкови.

Ваквата фотографија, Џенер ја објави како протест против политиката за цензура на Инстаграм, која не дозволува на фотографиите објавени на социјалната мрежа да се гледаат голи женски гради.

Бикинито е дел од соработката на Жан Пол Готје со стилистката Лота Волкова, а вклучува и соодветни беж гаќички. Комплетот е достапен за 325 долари.

The post Кајли Џенер во одбрана на брадавиците од цензурата на Инстаграм appeared first on Република.

]]>

Кајли Џенер, најмалата од кланот Кардашијан, позираше со бикини на кои има испечатени брадавици, а фотографијата веднаш стана вирална, добивајќи повеќе од 11 милиони лајкови. Ваквата фотографија, Џенер ја објави како протест против политиката за цензура на Инстаграм, која не дозволува на фотографиите објавени на социјалната мрежа да се гледаат голи женски гради. Бикинито е дел од соработката на Жан Пол Готје со стилистката Лота Волкова, а вклучува и соодветни беж гаќички. Комплетот е достапен за 325 долари.

The post Кајли Џенер во одбрана на брадавиците од цензурата на Инстаграм appeared first on Република.

]]>