Централноевропска иницјатива Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/centralnoevropska-inicjativa/ За подобро да се разбереме Sat, 01 Jan 2022 13:43:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Централноевропска иницјатива Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/centralnoevropska-inicjativa/ 32 32 Бугарија од денеска го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarija-od-deneska-go-prezema-pretsedavanjeto-so-centralnoevropskata-inicijativa/ Sat, 01 Jan 2022 13:43:08 +0000 https://republika.mk/?p=439318

Бугарија од денеска го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива за период од една година, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата на својата веб-страница.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, приоритетите на бугарското претседателство се поврзани со социо-економските последици од Ковид-19, подобрувањето на поврзаноста, младите и соработката меѓу локалните власти. За реализација на приоритетите во 2022 година ќе се одржат настани на високо и експертско ниво, како и средби на шефови на влади и министри за надворешни работи на земјите членки.

Централноевропската иницијатива е основана во Будимпешта во 1989 година, а седиштето е во Трст. Вклучува 18 земји-членки со површина од 2,4 милиони квадратни километри и население од речиси 250 милиони луѓе. ЦЕИ е првиот регионален форум на политичката карта на Централна, Источна и Југоисточна Европа, има најдолга историја и најголема територија меѓу сите регионални организации, процеси и иницијативи.

The post Бугарија од денеска го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива appeared first on Република.

]]>

Бугарија од денеска го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива за период од една година, соопшти Министерството за надворешни работи на земјата на својата веб-страница. Како што јави дописникот на МИА од Софија, приоритетите на бугарското претседателство се поврзани со социо-економските последици од Ковид-19, подобрувањето на поврзаноста, младите и соработката меѓу локалните власти. За реализација на приоритетите во 2022 година ќе се одржат настани на високо и експертско ниво, како и средби на шефови на влади и министри за надворешни работи на земјите членки. Централноевропската иницијатива е основана во Будимпешта во 1989 година, а седиштето е во Трст. Вклучува 18 земји-членки со површина од 2,4 милиони квадратни километри и население од речиси 250 милиони луѓе. ЦЕИ е првиот регионален форум на политичката карта на Централна, Источна и Југоисточна Европа, има најдолга историја и најголема територија меѓу сите регионални организации, процеси и иницијативи.

The post Бугарија од денеска го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива appeared first on Република.

]]>