Централно претседателство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/centralno-pretsedatelstvo/ За подобро да се разбереме Sat, 25 Mar 2023 17:21:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Централно претседателство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/centralno-pretsedatelstvo/ 32 32 Заврши Централното претседателство на ДУИ, наредната недела нова седница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zavrshi-tsentralnoto-pretsedatelstvo-na-dui-narednata-nedela-nova-sednitsa/ Sat, 25 Mar 2023 17:21:49 +0000 https://republika.mk/?p=623646

По три часа седница, Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска одлучи наредната недела повторно да се состане.

Според изјавите на претседателот Али Ахмети и на портпаролот Бујар Османи, наредниот пат најверојатно ќе има можност за внатрепартиска дебата за прашања околу партиското работење што во јавноста ги наметнаа членови кои се дел од т.н.. „Огнена група“. Ќе продолжи да се дебатира и за темата „Фронт за Европа“ односно процесот за уставни измени со цел членство во ЕУ.

Идната недела ќе разговараме за конкретни делови за работа на Фронтот, но и за развојот внатре во ДУИ, и другите партии. ДУИ не е направена за да се распадне, туку е формирана за да гради. Нашата партија не е формирана за поделби, туку да формира нови работи. Разговаравме за европскиот фронт. Ако е потребно, може да разговараме пак за таа тема, изјави Али Ахмети по средбата со членовите на Централното претседателство.

Партискиот портпарол Бујар Османи рече дека денешната редовна седница на Претседателството била посветена на т.н. Фронт за Европа поради можноста за брзо членство во ЕУ.

Сметајќи дека има неповторлив моментум за брзо зачленување во Европската Унија низ брза трака којашто се предвидува за регионот, имајќи го предвид решението на косовско-српскиот дијалог, сметаме дека е ургентно е неопходно да се соберат во еден заеднички фронт сите проевропски сили во државата за да се направат суштинските чекори. Бидејќи ако се испушти овој моментум, можеме да влеземе во сериозна ситуација на изолација. Едногласни беа ставовите на сите членови на претседателството дека важен е овој фронт, дека ова е единствена платформа за да се концентрира европската енергија на општеството за да се обезбеди европска иднина на граѓаните, истакна Османи.

Портпаролот на ДУИ ја објасни и состојбата со назначување на координатори во ДУИ во некои нивни ограноци. Информираше дека Централното претседателство едногласно има одлучено за распишување избори во сите ограноци.

ДУИ е една од првите партии која почнува избори на претседатели на ограноци по принцип еден член еден глас. Тоа е завршено веќе во Тетово, Гостивар и претседателството одлучи да се почне процес таму каде што не е почнат. Кога има лансирање изборен процес, претседателот Ахмети назначува координатор додека не се направи избор тој координатор е и координатор на политички процеси во тој огранок. Нема ништо спорно, од претходни избори процеси, каде секаде имаше координатор во текот на изборите, имаме координатор по зони, координатор по ограноци и координатор на ниво на избирачки места. Тоа е начинот на кој функционира ДУИ, рече Османи.

На средбата беа и членовите на т.н. Огнена група кои, исто така, најавија дека за нивните барања ќе има дебата наредната недела.

The post Заврши Централното претседателство на ДУИ, наредната недела нова седница appeared first on Република.

]]>

По три часа седница, Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска одлучи наредната недела повторно да се состане. Според изјавите на претседателот Али Ахмети и на портпаролот Бујар Османи, наредниот пат најверојатно ќе има можност за внатрепартиска дебата за прашања околу партиското работење што во јавноста ги наметнаа членови кои се дел од т.н.. „Огнена група“. Ќе продолжи да се дебатира и за темата „Фронт за Европа“ односно процесот за уставни измени со цел членство во ЕУ.