централна власт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/centralna-vlast/ За подобро да се разбереме Fri, 03 Mar 2023 07:46:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png централна власт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/centralna-vlast/ 32 32 Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат проблеми со централната власт од политички причини https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gradonachalnitsite-na-vmro-dpmne-imaat-problemi-so-tsentralnata-vlast-od-politichki-prichini/ Fri, 03 Mar 2023 07:46:59 +0000 https://republika.mk/?p=615309

Претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески ги пренесе поплаките на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ дека имаат проблеми со централната власт. И тој како и градоначалникот на Кумамново, Максим Димитриевски, се согласува со констатацијата дека власта треба да биде слепа за политичката определба.

Проблемите, објаснува Славески, доаѓаат на различни нивоа, а посебно го истакна попречувањето на идејата за општински обврзници.

Централната власт, која е помоќна, треба на некој начин да биде слепа, да не прави разлика на политичката провиниенција на градоначалниците, рече Славески во емисијата „Вин вин“  на телевизија Телма.

https://republika.mk/vesti/makedonija/tsentralnata-vlast-svesno-gi-zapushta-opshtinite-koi-gi-smeta-za-politichki-nepodobni/

Славески се осврна на пречките во функционирање кои ги имаат општините.

Проблемот е прво кадровски. Со доделените средства општините не се атрактивни за електроинженерите, програмерите, архитектите, добрите правници. Второто прашање е и политичко, распределба на надлежностите, вели Славески.

Според Славески критериумот за баланс на распределба на средствата меѓу локално и централно ниво треба да биде, ако се делегираат надлежности треба да се обезбедат средства.

Не сакам да бидам адвокат ниту на централната ниту на локалната власт. Оттука ќе кажам парите ги нема од два аспекти, затоа што имаме високи буџетски дефицити, зборувам за централниот буџет, и затоа што сме релативно сиромашна држава, посочи Славески.

The post Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат проблеми со централната власт од политички причини appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески ги пренесе поплаките на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ дека имаат проблеми со централната власт. И тој како и градоначалникот на Кумамново, Максим Димитриевски, се согласува со констатацијата дека власта треба да биде слепа за политичката определба. Проблемите, објаснува Славески, доаѓаат на различни нивоа, а посебно го истакна попречувањето на идејата за општински обврзници.
Централната власт, која е помоќна, треба на некој начин да биде слепа, да не прави разлика на политичката провиниенција на градоначалниците, рече Славески во емисијата „Вин вин“  на телевизија Телма.
https://republika.mk/vesti/makedonija/tsentralnata-vlast-svesno-gi-zapushta-opshtinite-koi-gi-smeta-za-politichki-nepodobni/ Славески се осврна на пречките во функционирање кои ги имаат општините.
Проблемот е прво кадровски. Со доделените средства општините не се атрактивни за електроинженерите, програмерите, архитектите, добрите правници. Второто прашање е и политичко, распределба на надлежностите, вели Славески.
Според Славески критериумот за баланс на распределба на средствата меѓу локално и централно ниво треба да биде, ако се делегираат надлежности треба да се обезбедат средства.
Не сакам да бидам адвокат ниту на централната ниту на локалната власт. Оттука ќе кажам парите ги нема од два аспекти, затоа што имаме високи буџетски дефицити, зборувам за централниот буџет, и затоа што сме релативно сиромашна држава, посочи Славески.

The post Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ имаат проблеми со централната власт од политички причини appeared first on Република.

]]>
Централната власт свесно ги запушта општините кои ги смета за политички неподобни https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tsentralnata-vlast-svesno-gi-zapushta-opshtinite-koi-gi-smeta-za-politichki-nepodobni/ Fri, 03 Mar 2023 07:30:29 +0000 https://republika.mk/?p=615306

Сто илјади дневно му се потребни на Куманово за да функционираат непречено образованието, социјалната заштита, детските градинки, старечките домови, сите пренесени надлежности.

Поред проценките на кумановскиот градоначалник Максими Димитриевски на Куманово му се потребни 250 милиони евра за да ја среди подземната инфраструктура, да изгради фекална, атмосферска канализација во урбаните и дел од урбано-руралните средини и да обезбеди мрежа за водоснабдување во сите делови на приградските населби и поголемите села. Проблемот е, вели тој, што централната власт ги држи и ги троши парите и тие не стигнуваат до општините.

Тоа значи дека доколку сакаме сериозно да се развиеме треба следните 20 години годишните буџети да ги инвестираме исклучиво во изградба на фекална и атмосферска канализација, а да заборавиме на се останато. Парите се држат на централно ниво, се трошат на централно ниво, а граѓаните немаат можност да ги добијат средствата да им се вратат на локално ниво коишто преку даноци, такси првенствено преку данок од ДДВ, а потоа и персоналниот данок го плаќаат кон државата. Централната власт со мач удира по локалната власт. Ги цеди граѓаните со даноци и такси, а за возврат не им враќа ништо. Затоа имате катастрофални реализации на државните буџети од 15 и 20%, а дополнително државата се зајми, рече Димитриевски во Вин вин на Телма.

Во емисијата, тој направи паралела дека Куманово во 2017 година собрала 288 милиони денари сопствени приходи, минатата година собрала скоро 400 милиони, а Арачиново собрала 0 денари и добила награда од Владата. Димитриевски посочи дека Арачиново еднаш добила 600 илјади евра, а вториот пат уште еден грант средства директно од Владата во буџетот, потенцирајќи дека тоа е негативен пример и не се помага така.

Централната власт е таа којашто свесно некои општини ги става во ситуација на стагнација, од аспект на подобност. Тоа мора да се анулира, без разлика кој ќе ја владее државата. Мора да се даде еднаква можност на сите, но не да заборавиме дека треба да има посебен осврт на регионалниот развој, ако доаѓам од североисточниот плански регион не можеме да не го развиеме најнеразвиениот регион со три милиони евра годишно. Државата треба да издвои посериозна сума на пари за да реализираме регионални проекти, да го поврземе Куманово со Кратово, со Крива Паланка, со Старо Нагоричане, со поквалитетна регионална патна инфраструктура, изјави Димитриевски.

The post Централната власт свесно ги запушта општините кои ги смета за политички неподобни appeared first on Република.

]]>

Сто илјади дневно му се потребни на Куманово за да функционираат непречено образованието, социјалната заштита, детските градинки, старечките домови, сите пренесени надлежности. Поред проценките на кумановскиот градоначалник Максими Димитриевски на Куманово му се потребни 250 милиони евра за да ја среди подземната инфраструктура, да изгради фекална, атмосферска канализација во урбаните и дел од урбано-руралните средини и да обезбеди мрежа за водоснабдување во сите делови на приградските населби и поголемите села. Проблемот е, вели тој, што централната власт ги држи и ги троши парите и тие не стигнуваат до општините. Тоа значи дека доколку сакаме сериозно да се развиеме треба следните 20 години годишните буџети да ги инвестираме исклучиво во изградба на фекална и атмосферска канализација, а да заборавиме на се останато. Парите се држат на централно ниво, се трошат на централно ниво, а граѓаните немаат можност да ги добијат средствата да им се вратат на локално ниво коишто преку даноци, такси првенствено преку данок од ДДВ, а потоа и персоналниот данок го плаќаат кон државата. Централната власт со мач удира по локалната власт. Ги цеди граѓаните со даноци и такси, а за возврат не им враќа ништо. Затоа имате катастрофални реализации на државните буџети од 15 и 20%, а дополнително државата се зајми, рече Димитриевски во Вин вин на Телма. Во емисијата, тој направи паралела дека Куманово во 2017 година собрала 288 милиони денари сопствени приходи, минатата година собрала скоро 400 милиони, а Арачиново собрала 0 денари и добила награда од Владата. Димитриевски посочи дека Арачиново еднаш добила 600 илјади евра, а вториот пат уште еден грант средства директно од Владата во буџетот, потенцирајќи дека тоа е негативен пример и не се помага така. Централната власт е таа којашто свесно некои општини ги става во ситуација на стагнација, од аспект на подобност. Тоа мора да се анулира, без разлика кој ќе ја владее државата. Мора да се даде еднаква можност на сите, но не да заборавиме дека треба да има посебен осврт на регионалниот развој, ако доаѓам од североисточниот плански регион не можеме да не го развиеме најнеразвиениот регион со три милиони евра годишно. Државата треба да издвои посериозна сума на пари за да реализираме регионални проекти, да го поврземе Куманово со Кратово, со Крива Паланка, со Старо Нагоричане, со поквалитетна регионална патна инфраструктура, изјави Димитриевски.

The post Централната власт свесно ги запушта општините кои ги смета за политички неподобни appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Соработката на централната власт со општините е комплетно опструктивна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-sorabotkata-na-centralnata-vlast-so-opshtinite-e-kompletno-opstruktivna/ Sun, 06 Nov 2022 14:59:14 +0000 https://republika.mk/?p=570406

Весна Јаневска, претседател на комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ на линковско вклучување од вториот ден на политичкиот саем на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека веќе подолг период се докажува дека соработката на централната власт со општините не е на соодветно ниво.

Веќе подолг период се зборува, а сега и се докажува дека соработката на централната власт со општините не е на соодветно ниво и би рекла не е коректна, а во одредени моменти и комплетно опструктивноа. Ќе почнам од блок дотациите, во оваа страшна економска криза кога растат цените на струјата, на огревното дрво, денес читам достигнало и до 5.000 денари, блок дотациите не стигнуваат да ги покријат овие режии, а да не заборавиме дека општините треба да ги платат од овие блок дотации и превозот на учениците и за средно и за основно образование. Градоначалниците се приморани да прават прераспределба на своите сопствени општински буџетски средства за да можат да покријат барем режијата и овие основни потреби за да може воспитно-образовниот процес да се одвива, инаку би морал да биде прекинат, рече Јаневска.

Јаневска во своето обраќање зборуваше за нереализација на проектите за изградба, доградба и санација на училишта кои се одобрени, поминати на влада и објавени во службен весник.

Друго за што можеме да зборуваме е нереализација на проектите за изградба, доградба и санација на училишта кои се одобрени, поминати на влада и објавени во службен весник. Во населбата Ченто е одобрено изградба на училиште за која владата одобрува 20 илјади евра за проект кој вреди милион и петстотини илјади евра и е крајно несериозно, што може градоначалникот да направи со 20.000 евра. Има такви ситуации во повеќе, кажа Јаневска.

Јаневска се осврна на одземање на ингеренции на градоначалници за училиштата но и за градинките од страна на централната власт.

Можеме да дискутираме и за одземање на ингеренции на нашите градоначалници за училиштата но и за градинките. Наместо централната власт да им помогне на градоначалниците, да постават нови кадри кои соодветно ќе работат во корист на училиштата и учениците, централната власт одлучи да им одземе ингеренции, толку многу одземање ингеренции никогаш немало, додаде Јаневска.

The post Јаневска: Соработката на централната власт со општините е комплетно опструктивна appeared first on Република.