централна банка на албанија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/centralna-banka-na-albanija/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Nov 2022 21:26:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png централна банка на албанија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/centralna-banka-na-albanija/ 32 32 Централната банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка за 0,5 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/centralnata-banka-na-albanija-ja-zgolemi-osnovnata-kamatna-stapka-za-0-5-procenti/ Wed, 02 Nov 2022 21:26:59 +0000 https://republika.mk/?p=568963

Централната банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка за 0,5 проценти и таа сега изнесува 2,75 проценти, што е петта интервенција годинава.
Тоа со цел да ги ублажи нагорните ценовни притисоци преку монетарната политика.

Надзорниот одбор на Централната банка на Албанија оцени дека високите нивоа на инфлациски притисоци се примарен ризик за одржливиот и долгорочен раст во земјата. Поради оваа причина, во согласност со нашата цел за стабилност на цените, Надзорниот одбор одлучи да се зголеми основната каматна стапка за 0,5 процентни поени, од нивото од 2,25 отсто на ниво од 2,75 проценти, изјави Гент Сејко, гувернер на Централна банка на Албанија.

Тој додаде дека се зголемува и еднодневната каматна стапка на кредитите за 0,5 процентни поени на 3,75 проценти, како и зголемување на еднодневната каматна стапка на депозитите на 1,75 отсто.

Според него нивото на инфлација во третото тромесечје е 7, 9 проценти и оти таа ќе продолжи да расте и во последното тромесечје од годинава.
Гледано одделно по месеци инфлацијата во септември била 8,1 отсто, во август 8, додека во јули 7,5 отсто.

The post Централната банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка за 0,5 проценти appeared first on Република.

]]>

Централната банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка за 0,5 проценти и таа сега изнесува 2,75 проценти, што е петта интервенција годинава. Тоа со цел да ги ублажи нагорните ценовни притисоци преку монетарната политика.
Надзорниот одбор на Централната банка на Албанија оцени дека високите нивоа на инфлациски притисоци се примарен ризик за одржливиот и долгорочен раст во земјата. Поради оваа причина, во согласност со нашата цел за стабилност на цените, Надзорниот одбор одлучи да се зголеми основната каматна стапка за 0,5 процентни поени, од нивото од 2,25 отсто на ниво од 2,75 проценти, изјави Гент Сејко, гувернер на Централна банка на Албанија.
Тој додаде дека се зголемува и еднодневната каматна стапка на кредитите за 0,5 процентни поени на 3,75 проценти, како и зголемување на еднодневната каматна стапка на депозитите на 1,75 отсто. Според него нивото на инфлација во третото тромесечје е 7, 9 проценти и оти таа ќе продолжи да расте и во последното тромесечје од годинава. Гледано одделно по месеци инфлацијата во септември била 8,1 отсто, во август 8, додека во јули 7,5 отсто.

The post Централната банка на Албанија ја зголеми основната каматна стапка за 0,5 проценти appeared first on Република.

]]>