Централен регистер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/centralen-register/ За подобро да се разбереме Fri, 25 Oct 2024 14:25:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Централен регистер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/centralen-register/ 32 32 Николовски-Стамнова: Со еден клик Централниот регистар ќе има евиденција за царински долг, се интензивираат активностите за електронска размена на податоци https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nikolovski-stamnova-so-eden-klik-tsentralniot-registar-ke-ima-evidentsija-za-tsarinski-dolg-se-intenziviraat-aktivnostite-za-elektronska-razmena-na-podatotsi/ Fri, 25 Oct 2024 14:53:15 +0000 https://republika.mk/?p=831033

Царинската управа и Централниот регистер ги интензивираат активностите потребни за  надградба на едношалтерскиот систем на Централниот регистар при што Царинската управа ќе им овозможи електронски пристап до базата на податоци за платени увозни давачки. Ова беше главната тема на денешниот состанок меѓу директорот на Царинска управа Бобан Николовски и директорката на Централен регистар Анита Стамнова.

Како што информира Царинската управа, интенцијата е граѓаните и фирмите да не мораат да доаѓаат во Царинска управа да вадат потврди дека немаат доспеан неплатен долг по основ на царина и други увозни давачки коишто им се потребни при уписи во Централниот регистар.

- Директорите истакнаа дека ваквите активности се во насока на подобрување на условите за водење бизнис при што и двете институции ќе работат на унапредување и олеснување на постапките преку нивна целосна дигитализација, стои во соопштението.

The post Николовски-Стамнова: Со еден клик Централниот регистар ќе има евиденција за царински долг, се интензивираат активностите за електронска размена на податоци appeared first on Република.

]]>

Царинската управа и Централниот регистер ги интензивираат активностите потребни за  надградба на едношалтерскиот систем на Централниот регистар при што Царинската управа ќе им овозможи електронски пристап до базата на податоци за платени увозни давачки. Ова беше главната тема на денешниот состанок меѓу директорот на Царинска управа Бобан Николовски и директорката на Централен регистар Анита Стамнова. Како што информира Царинската управа, интенцијата е граѓаните и фирмите да не мораат да доаѓаат во Царинска управа да вадат потврди дека немаат доспеан неплатен долг по основ на царина и други увозни давачки коишто им се потребни при уписи во Централниот регистар.
- Директорите истакнаа дека ваквите активности се во насока на подобрување на условите за водење бизнис при што и двете институции ќе работат на унапредување и олеснување на постапките преку нивна целосна дигитализација, стои во соопштението.

The post Николовски-Стамнова: Со еден клик Централниот регистар ќе има евиденција за царински долг, се интензивираат активностите за електронска размена на податоци appeared first on Република.

]]>
Централниот регистар побарал проверка на имињата на сите 17.000 регистрирани здруженија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tsentralniot-registar-pobaral-proverka-na-iminata-na-site-17-000-registrirani-zdruzhenija/ Thu, 23 Feb 2023 13:36:45 +0000 https://republika.mk/?p=612356

Централниот регистар до новоформираната Комисија за употреба на историските имиња во рамки на Министерството за правда, доставил иницијатива за проверка на имињата на сите 17.000 здруженија регистрирани во земјава, изјави директорката на Централниот регистар Марија Бошковска-Јанковски за ТВ 24.

- Испратена е комплет документација, а генерално статутите и програмите се речиси идентични кај сите здруженија, нема некоја разлика. Сите се земени од базата во Централниот регистар, со таа разлика што кај бугарските има некои реченици во смисла дека ќе ги штити бугарските интереси итн., но тоа не е доволен момент за да не може да се регистрира тој правен субјект, вели Бошковска-Јанковски.

Таа појаснува дека Централниот регистар е „само евидентно тело и база на податоци“ и нема надлежност да каже дали некое здружение може да се регистрира или не.

- Ако правниот субјект ја поднел целата потребна документација и во пријавата и во прилозите потребни за регистрација ги исполнува условите, ние не можеме да му кажеме дали ќе биде регистриран или не. Ние постапуваме исклучиво според Законот. Сега, со измените во Законот за здруженија и фондации, ако некое здружение побара да се регистрира, а притоа има спорно име, ние ќе бараме дали тој правен субјект има согласност од Министерството за правда за регистрација, додава Бошковска Јанковски.

Во однос на промената на спорните имиња на бугарските клубови, Бошковска-Јанковски наведува дека здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид почнало процедура за усогласување со измените на Законот за здруженијата и фондациите, но поднесената документација до Централниот регистар не е целосна, додека битолското здружение „Иван Михајлов“ пак воопшто не иницирало промена на името во законски предвидениот рок.

Бошковска Јанковски појасни дека иако поднесената документација на здружението „Цар Борис Трети“ за промена на името не била целосна, сепак е почната постапка.

- Отворен е деловоден број и (здружението) е информирано дека треба да постапи согласно Законот, односно да достави пријава и проследна документација за да го изврши усогласувањето. Ова е можеби купување време, но ако достават пријава како што треба, ќе биде информирано Министерството за правда да почека со одлуката, вели Бошковска Јанковски.

Согласно измените на Законот за здруженијата и фондациите, во член членот 8 став 3 се додаваат две нови алинеи и тоа дека „како име или назив на здружение не можат да бидат употребени имиња што по која било основа во минатото се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстремизам, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и третиот рајх. Ако во името на здружението е содржано такво име, одобрение дава министерот за правда, по препорака на Комисија која ќе биде формирана од министерот за правда со претставници на Министерството за култура, Институтот за национална историја, МАНУ и Министерството за правда“.

Две нови алинеи се додаваат и во членот 18 став 2 кои предвидуваат дека „целите на здружението не смеат да предизвикуваат расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и третиот рајх. Дејностите со кои се остваруваат целите не смеат да ги предизвикуваат горенаведените нетрпеливости.“

Измените предвидуваат и ретроактивно дејство на Законот и тој се однесува и на веќе регистрираните здруженија и фонации, па така во завршните одредби се предлага здруженијата и фондациите што нема да постапат според наведените измени да бидат избришани од Регистарот со одлука на министерот за правда.

Рокот на сите здруженија за усогласување со законските измени истече на 16 февруари, а оние кои нема да се усогласат треба да бидат избришани од Централниот регистар со одлука на министерот за правда најдоцна до 16 март, врз основа на мислење добиено од новоформираната Комисија за имиња.

 

The post Централниот регистар побарал проверка на имињата на сите 17.000 регистрирани здруженија appeared first on Република.

]]>

Централниот регистар до новоформираната Комисија за употреба на историските имиња во рамки на Министерството за правда, доставил иницијатива за проверка на имињата на сите 17.000 здруженија регистрирани во земјава, изјави директорката на Централниот регистар Марија Бошковска-Јанковски за ТВ 24. - Испратена е комплет документација, а генерално статутите и програмите се речиси идентични кај сите здруженија, нема некоја разлика. Сите се земени од базата во Централниот регистар, со таа разлика што кај бугарските има некои реченици во смисла дека ќе ги штити бугарските интереси итн., но тоа не е доволен момент за да не може да се регистрира тој правен субјект, вели Бошковска-Јанковски. Таа појаснува дека Централниот регистар е „само евидентно тело и база на податоци“ и нема надлежност да каже дали некое здружение може да се регистрира или не. - Ако правниот субјект ја поднел целата потребна документација и во пријавата и во прилозите потребни за регистрација ги исполнува условите, ние не можеме да му кажеме дали ќе биде регистриран или не. Ние постапуваме исклучиво според Законот. Сега, со измените во Законот за здруженија и фондации, ако некое здружение побара да се регистрира, а притоа има спорно име, ние ќе бараме дали тој правен субјект има согласност од Министерството за правда за регистрација, додава Бошковска Јанковски. Во однос на промената на спорните имиња на бугарските клубови, Бошковска-Јанковски наведува дека здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид почнало процедура за усогласување со измените на Законот за здруженијата и фондациите, но поднесената документација до Централниот регистар не е целосна, додека битолското здружение „Иван Михајлов“ пак воопшто не иницирало промена на името во законски предвидениот рок. Бошковска Јанковски појасни дека иако поднесената документација на здружението „Цар Борис Трети“ за промена на името не била целосна, сепак е почната постапка. - Отворен е деловоден број и (здружението) е информирано дека треба да постапи согласно Законот, односно да достави пријава и проследна документација за да го изврши усогласувањето. Ова е можеби купување време, но ако достават пријава како што треба, ќе биде информирано Министерството за правда да почека со одлуката, вели Бошковска Јанковски. Согласно измените на Законот за здруженијата и фондациите, во член членот 8 став 3 се додаваат две нови алинеи и тоа дека „како име или назив на здружение не можат да бидат употребени имиња што по која било основа во минатото се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстремизам, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и третиот рајх. Ако во името на здружението е содржано такво име, одобрение дава министерот за правда, по препорака на Комисија која ќе биде формирана од министерот за правда со претставници на Министерството за култура, Институтот за национална историја, МАНУ и Министерството за правда“. Две нови алинеи се додаваат и во членот 18 став 2 кои предвидуваат дека „целите на здружението не смеат да предизвикуваат расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и третиот рајх. Дејностите со кои се остваруваат целите не смеат да ги предизвикуваат горенаведените нетрпеливости.“ Измените предвидуваат и ретроактивно дејство на Законот и тој се однесува и на веќе регистрираните здруженија и фонации, па така во завршните одредби се предлага здруженијата и фондациите што нема да постапат според наведените измени да бидат избришани од Регистарот со одлука на министерот за правда. Рокот на сите здруженија за усогласување со законските измени истече на 16 февруари, а оние кои нема да се усогласат треба да бидат избришани од Централниот регистар со одлука на министерот за правда најдоцна до 16 март, врз основа на мислење добиено од новоформираната Комисија за имиња.  

The post Централниот регистар побарал проверка на имињата на сите 17.000 регистрирани здруженија appeared first on Република.

]]>
Централен регистар го продолжува рокот за поднесување на годишна сметка https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/centralen-registar-go-prodolzuva-rokot-za-podnesuvanje-na-godishna-smetka/ Wed, 16 Feb 2022 11:07:19 +0000 https://republika.mk/?p=459268

Централен регистар ги известува правните субјекти дека, согласно барањата пристигнати до Централниот регистар, кои се однесуваат за продолжување на рокот за поднесување на годишна сметка за 2021 година, поради заштита и превенција од вирусот covid-19, Централниот регистар одлучи да излезе во пресрет на барањето на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите со продолжување на рокот за 10 дена, како за хартиено така и за електронско поднесување на годишни сметки.

Крајниот рок за поднесување на годишна сметка во хартиена форма ќе биде до 10.03 2022 година, со работно време на сите канцеларии на Централниот регистар од 08:00 до 16:00 часот, додека крајниот рок за поднесување на годишната сметка во електронска форма ќе биде до 25.03.2022 година до 24 часот.

Централниот регистар како сервисно ориентирана институција која секогаш ги зема во предвид барањата и потребите на странките и нашите корисници, во рамките на законските можности трета година по ред го продолжува рокот за поднесување на годишните сметки поради зголемениот број на позитивни случаи од Корона вирус. Сакаме да напоменеме дека минатата година приемот на годишните сметки го следеше трендот како и изминатите години, па во законски предвидениот рок во Централен регистар беа поднесени 95% годишни сметки, соопштуваат од Централен регистар.

Одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 став 1 од Законот за трговски друштва.

The post Централен регистар го продолжува рокот за поднесување на годишна сметка appeared first on Република.

]]>

Централен регистар ги известува правните субјекти дека, согласно барањата пристигнати до Централниот регистар, кои се однесуваат за продолжување на рокот за поднесување на годишна сметка за 2021 година, поради заштита и превенција од вирусот covid-19, Централниот регистар одлучи да излезе во пресрет на барањето на обврзниците за поднесување на годишна сметка и на сметководителите со продолжување на рокот за 10 дена, како за хартиено така и за електронско поднесување на годишни сметки. Крајниот рок за поднесување на годишна сметка во хартиена форма ќе биде до 10.03 2022 година, со работно време на сите канцеларии на Централниот регистар од 08:00 до 16:00 часот, додека крајниот рок за поднесување на годишната сметка во електронска форма ќе биде до 25.03.2022 година до 24 часот.
Централниот регистар како сервисно ориентирана институција која секогаш ги зема во предвид барањата и потребите на странките и нашите корисници, во рамките на законските можности трета година по ред го продолжува рокот за поднесување на годишните сметки поради зголемениот број на позитивни случаи од Корона вирус. Сакаме да напоменеме дека минатата година приемот на годишните сметки го следеше трендот како и изминатите години, па во законски предвидениот рок во Централен регистар беа поднесени 95% годишни сметки, соопштуваат од Централен регистар.
Одлуката за пролонгирање на рокот е во согласност со член 477 став 1 од Законот за трговски друштва.

The post Централен регистар го продолжува рокот за поднесување на годишна сметка appeared first on Република.

]]>