централен регистар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/centralen-registar/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Sep 2024 09:41:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png централен регистар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/centralen-registar/ 32 32 Анита Стамнова е нова директорка на Централен Регистар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/anita-stamnova-e-nova-direktorka-na-tsentralen-registar/ Wed, 25 Sep 2024 09:41:53 +0000 https://republika.mk/?p=819489

Анита Стамнова е назначена за вршител на должност директор на Централен регистар на местото на претходната раководителка, Марија Бошковска-Јанковски.

Стамнова порано била заменик-директорка на Државниот завод за статистика, а претходно раководителка на одделението за буџетска координација и буџетска контрола на Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати.

Таа досега беше член на кабинетот на министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска.

The post Анита Стамнова е нова директорка на Централен Регистар appeared first on Република.

]]>

Анита Стамнова е назначена за вршител на должност директор на Централен регистар на местото на претходната раководителка, Марија Бошковска-Јанковски. Стамнова порано била заменик-директорка на Државниот завод за статистика, а претходно раководителка на одделението за буџетска координација и буџетска контрола на Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати. Таа досега беше член на кабинетот на министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска.

The post Анита Стамнова е нова директорка на Централен Регистар appeared first on Република.

]]>
И „Цар Борис Трети“ избришан од Централен регистар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/i-tsar-boris-treti-izbrishan-od-tsentralen-registar/ Tue, 04 Apr 2023 10:57:17 +0000 https://republika.mk/?p=627077

Културниот центар „Цар Борис Трети“ од Охрид е избришан од Централниот регистар затоа што во законски рок не поднесе комплетна документација за пререгистрација. Централниот регистар постапи пет дена откако министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението со кое се забранува здружение да го користи името на оваа контроверзна личност.

Претходно владината Комисија за употреба на имиња на историски личности даде негативно мислење со образложение дека именување на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество.

Бугарските клубови имаа рок до 16 февруари да ја усогласат работата со измените во Законот за здруженија и фондации, според кои во називот не можат да користат имиња на личности што се поврзуваат со геноцид, нацизам и фашизам…

The post И „Цар Борис Трети“ избришан од Централен регистар appeared first on Република.

]]>

Културниот центар „Цар Борис Трети“ од Охрид е избришан од Централниот регистар затоа што во законски рок не поднесе комплетна документација за пререгистрација. Централниот регистар постапи пет дена откако министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението со кое се забранува здружение да го користи името на оваа контроверзна личност. Претходно владината Комисија за употреба на имиња на историски личности даде негативно мислење со образложение дека именување на здружението со таков назив предизвикува тензии и нетолеранција во целото македонско општество. Бугарските клубови имаа рок до 16 февруари да ја усогласат работата со измените во Законот за здруженија и фондации, според кои во називот не можат да користат имиња на личности што се поврзуваат со геноцид, нацизам и фашизам…  

The post И „Цар Борис Трети“ избришан од Централен регистар appeared first on Република.

]]>
Одбиено барањето на здружението „Цар Борис Трети“, негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов. https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/odbieno-baraneto-na-zdruzhenieto-tsar-boris-treti-negativno-mislene-za-upotreba-na-imeto-ivan-mihajlov/ Thu, 16 Mar 2023 16:38:22 +0000 https://republika.mk/?p=620409

Централниот регистар попладнево соопшти дека е донесено решение со кое барањето за усогласување од страна на здружението „Цар Борис III“ од Охрид е одбиено бидејќи во законски предвидениот рок не се доставени бараните документи.

– Централниот регистар во текот на денешниот ден донесе Решение со кое барањето за усогласување од страна на Здружението Цар Борис III од Охрид го одби, од причина што од страна на Здружението Цар Борис III од Охрид до Централниот регистар во законски предвидениот рок од 30 дена не се доставени бараните документи дадени во известувањето во согласност со Законот за здруженија и фондации, се наведува во соопштението на Централниот регистар.

Оттаму додаваат дека за донесената одлука ќе го известат Министерството за правда.

За културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола, кој немаше поднесено барање за преименување согласно измените на Законот за здруженија и фондации, денеска Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов.

-Комисијата за употреба на имиња на личности смета дека именувањето на здружението Иван Михајлов е провокација за националните чувства на македонскиот народ имајќи предвид дека се работи за личност блиска со фашистичка идеологија кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ, а истовремено предизвикува нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество, се наведува во соопштението.

Заклучокот од седницата треба да биде проследен до министерот за правда, кој ќе треба да донесе одлука врз основа на добиеното негативно мислење од Комисијата.

Согласно Законот за здруженија и фондации, што беше донесен по скратена постапка во ноември 2022, бугарските клубови се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување. Рокот за поднесување на барањето истече на 16 февруари.

Согласно измените на Законот за здруженија и фондации се забранува граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, Третиот рајх и сл. Законот е со ретроактивно дејство и се однесува на веќе регистрираните здруженија и фондации и предвидува оние што нема да постапат според наведените измени, да се бришат од регистарот откако одлука ќе донесе министерот за правда.

The post Одбиено барањето на здружението „Цар Борис Трети“, негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов. appeared first on Република.

]]>

Централниот регистар попладнево соопшти дека е донесено решение со кое барањето за усогласување од страна на здружението „Цар Борис III“ од Охрид е одбиено бидејќи во законски предвидениот рок не се доставени бараните документи.
– Централниот регистар во текот на денешниот ден донесе Решение со кое барањето за усогласување од страна на Здружението Цар Борис III од Охрид го одби, од причина што од страна на Здружението Цар Борис III од Охрид до Централниот регистар во законски предвидениот рок од 30 дена не се доставени бараните документи дадени во известувањето во согласност со Законот за здруженија и фондации, се наведува во соопштението на Централниот регистар.
Оттаму додаваат дека за донесената одлука ќе го известат Министерството за правда. За културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола, кој немаше поднесено барање за преименување согласно измените на Законот за здруженија и фондации, денеска Комисијата за употреба на имиња на личности даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов.
-Комисијата за употреба на имиња на личности смета дека именувањето на здружението Иван Михајлов е провокација за националните чувства на македонскиот народ имајќи предвид дека се работи за личност блиска со фашистичка идеологија кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ, а истовремено предизвикува нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество, се наведува во соопштението.
Заклучокот од седницата треба да биде проследен до министерот за правда, кој ќе треба да донесе одлука врз основа на добиеното негативно мислење од Комисијата. Согласно Законот за здруженија и фондации, што беше донесен по скратена постапка во ноември 2022, бугарските клубови се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување. Рокот за поднесување на барањето истече на 16 февруари. Согласно измените на Законот за здруженија и фондации се забранува граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, Третиот рајх и сл. Законот е со ретроактивно дејство и се однесува на веќе регистрираните здруженија и фондации и предвидува оние што нема да постапат според наведените измени, да се бришат од регистарот откако одлука ќе донесе министерот за правда.

The post Одбиено барањето на здружението „Цар Борис Трети“, негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов. appeared first on Република.

]]>
Со здруженијата коишто нема да го почитуваат законот ќе постапува Централниот регистар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-zdruzhenijata-koishto-nema-da-go-pochituvaat-zakonot-ke-postapuva-tsentralniot-registar/ Fri, 24 Feb 2023 12:33:41 +0000 https://republika.mk/?p=612755

Законот за здруженија на граѓани не е само за еден тип на здруженија на граѓани, туку за сите здруженија на граѓани што треба да ги исполнат условите. Оние здруженија што нема да го почитуваат законот, согласно со одлуките на Комисијата со нив ќе се постапува од страна на Централниот регистар. Тоа важи во сите области во државата, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, прашан за имињата на бугарските клубови.

Ковачевски, нагласи дека, ставот на Владата и неговиот личен став се многу јасни.

Во Македонија владеат закони еднакви за сите. Прво, се работи за Закон за здруженија на граѓани не само за еден тип на здруженија на граѓани, туку за сите здруженија на граѓани коишто треба да ги исполнат условите согласно со Законот којшто е донесен во Собранието. Оние здруженија коишто нема да го почитуваат законот и коишто нема да се усогласат согласно со законските одредби во предвидениот рок, а согласно со одлуките на Комисијата предвидена со закон тогаш ќе се постапува со нив од страна на Централниот регистар согласно со законот. Тоа важи во сите области во државата, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на фабриката „Гересхајмер“ во ТИРЗ 2.

Оние здруженија коишто се усогласени со Законот или оние здруженија коишто не се усогласени, а ќе го искористат периодот за усогласување даден според закон и ќе се усогласат тогаш, како што нагласи Ковачевски, тие нормално ќе продолжат да функционираат

The post Со здруженијата коишто нема да го почитуваат законот ќе постапува Централниот регистар appeared first on Република.

]]>

Законот за здруженија на граѓани не е само за еден тип на здруженија на граѓани, туку за сите здруженија на граѓани што треба да ги исполнат условите. Оние здруженија што нема да го почитуваат законот, согласно со одлуките на Комисијата со нив ќе се постапува од страна на Централниот регистар. Тоа важи во сите области во државата, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски, прашан за имињата на бугарските клубови. Ковачевски, нагласи дека, ставот на Владата и неговиот личен став се многу јасни.
Во Македонија владеат закони еднакви за сите. Прво, се работи за Закон за здруженија на граѓани не само за еден тип на здруженија на граѓани, туку за сите здруженија на граѓани коишто треба да ги исполнат условите согласно со Законот којшто е донесен во Собранието. Оние здруженија коишто нема да го почитуваат законот и коишто нема да се усогласат согласно со законските одредби во предвидениот рок, а согласно со одлуките на Комисијата предвидена со закон тогаш ќе се постапува со нив од страна на Централниот регистар согласно со законот. Тоа важи во сите области во државата, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на фабриката „Гересхајмер“ во ТИРЗ 2.
Оние здруженија коишто се усогласени со Законот или оние здруженија коишто не се усогласени, а ќе го искористат периодот за усогласување даден според закон и ќе се усогласат тогаш, како што нагласи Ковачевски, тие нормално ќе продолжат да функционираат

The post Со здруженијата коишто нема да го почитуваат законот ќе постапува Централниот регистар appeared first on Република.

]]>
Централен регистар: Здруженијата кои нема да ги усогласат имињата, се бришат од Регистарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tsentralen-registar-zdruzhenijata-koi-nema-da-gi-usoglasat-iminata-se-brishat-od-registarot/ Thu, 16 Feb 2023 13:43:04 +0000 https://republika.mk/?p=609800

Организациите регистрирани согласно со одредбите на Законот за здруженија и фондации кои нема да ги усогласат имињата и дејноста, се бришат од Регистарот, соопшти денеска Централен регистар.

Го пренесуваме соопштението од Централен регистар во целост:

„Ја информираме јавноста во врска со усогласувањето на здруженијата согласно Законот за здруженија и фондации,

Согласно измените од Законот за здруженија и фондации бр.239/2022, здруженијата се должни во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон да ги усогласат своето име и/или назив, скратено име, програма, цели и дејности, согласно со одредбите од Законот за здруженија и фондации. Рокот за усогласување истекува денес – 16.02.2023.

Организациите регистрирани согласно со одредбите на Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република Македонија“ број 52/10, 135/11 и 55/16), кои нема да ги усогласат името и/или називот, скратеното име, програмата, целите и дејностите се бришат од Регистарот врз основа на донесена одлука за неусогласеност од страна на министерот за правда по претходно добиено негативно мислење од Комисијата. Одлуката за неусогласеност од страна на Министерството за правда се донесува во рок од четири месеци од денот на влегувањето во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации.

До Централен регистар на ден 10.02.2023 година е доставен Допис со наслов - Предмет: Барање за усогласување на работата на Здружение за афирмација на културните вредности на македонските бугари ЦАР БОРИС III Охрид со Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации( Службен весник на Република Македонија број 239/2022).

На Допис - барањето од подносителот, Централениот регистар до подносителот на Дописот, достави Известување за поднесување на пријава и прилози за соодветната промена согласно Законот за здруженија и фондации.

Во текот на утрешниот ден, Централниот регистар ќе достави список на здруженија кои понатаму треба да бидат предмет на анализа од страна на Министерството за правда. Дополнително, Централен регистар ќе достави информација до Министерството за правда дали Здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари ЦАР БОРИС III Охрид постапило по Известувањето од Централен регистар, односно дали поднело пријава и прилози за соодветната промена согласно Законот за здруженија и фондации“

The post Централен регистар: Здруженијата кои нема да ги усогласат имињата, се бришат од Регистарот appeared first on Република.

]]>

Организациите регистрирани согласно со одредбите на Законот за здруженија и фондации кои нема да ги усогласат имињата и дејноста, се бришат од Регистарот, соопшти денеска Централен регистар. Го пренесуваме соопштението од Централен регистар во целост:

„Ја информираме јавноста во врска со усогласувањето на здруженијата согласно Законот за здруженија и фондации,

Согласно измените од Законот за здруженија и фондации бр.239/2022, здруженијата се должни во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон да ги усогласат своето име и/или назив, скратено име, програма, цели и дејности, согласно со одредбите од Законот за здруженија и фондации. Рокот за усогласување истекува денес – 16.02.2023.

Организациите регистрирани согласно со одредбите на Законот за здруженија и фондации („Службен весник на Република Македонија“ број 52/10, 135/11 и 55/16), кои нема да ги усогласат името и/или називот, скратеното име, програмата, целите и дејностите се бришат од Регистарот врз основа на донесена одлука за неусогласеност од страна на министерот за правда по претходно добиено негативно мислење од Комисијата. Одлуката за неусогласеност од страна на Министерството за правда се донесува во рок од четири месеци од денот на влегувањето во сила на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации.

До Централен регистар на ден 10.02.2023 година е доставен Допис со наслов - Предмет: Барање за усогласување на работата на Здружение за афирмација на културните вредности на македонските бугари ЦАР БОРИС III Охрид со Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации( Службен весник на Република Македонија број 239/2022).

На Допис - барањето од подносителот, Централениот регистар до подносителот на Дописот, достави Известување за поднесување на пријава и прилози за соодветната промена согласно Законот за здруженија и фондации.

Во текот на утрешниот ден, Централниот регистар ќе достави список на здруженија кои понатаму треба да бидат предмет на анализа од страна на Министерството за правда. Дополнително, Централен регистар ќе достави информација до Министерството за правда дали Здружението за афирмација на културните вредности на македонските бугари ЦАР БОРИС III Охрид постапило по Известувањето од Централен регистар, односно дали поднело пријава и прилози за соодветната промена согласно Законот за здруженија и фондации“

The post Централен регистар: Здруженијата кои нема да ги усогласат имињата, се бришат од Регистарот appeared first on Република.

]]>
Комисијата за спречување дискриминација поведе прекршочна постапка против Министерството за правда https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/komisijata-za-sprechuvane-diskriminatsija-povede-prekrshochna-postapka-protiv-ministerstvoto-za-pravda/ Tue, 31 Jan 2023 14:53:57 +0000 https://republika.mk/?p=603041

Комисијата за заштита од дискриминација поведе прекршочна постапка против Министерството за правда и министерот Тупанчевски, затоа што не постапија по нивните препораки од октомври минатата година и не извршија надзор во културниот центар „Ванчо Мијхајлов“ во Битола, како  надлежен орган за спроведување на Законот за здруженија, oбјави Телма.

Комисијата смета дека културниот клуб „Ванчо Михајлов“ нема согласност за употреба на името, поради што треба да биде поништена регистрацијата на ова здружение, но од Правда добила одговор дека надлежен орган е Централен регистар.

Комисијата поведе прекршочна постапка пред битолскиот Основен суд и против Културниот центар „Иван Михајлов“ затоа што не се испочитувани препораките за отстранување на сите спорни содржини во името, статутот и програмата што предизвикуваат потешки форми на дискриминаци и вознемирување од страна на здружението кое го носи името на докажан соработник на фашистите.

Целиоте текст овде.

The post Комисијата за спречување дискриминација поведе прекршочна постапка против Министерството за правда appeared first on Република.

]]>

Комисијата за заштита од дискриминација поведе прекршочна постапка против Министерството за правда и министерот Тупанчевски, затоа што не постапија по нивните препораки од октомври минатата година и не извршија надзор во културниот центар „Ванчо Мијхајлов“ во Битола, како  надлежен орган за спроведување на Законот за здруженија, oбјави Телма. Комисијата смета дека културниот клуб „Ванчо Михајлов“ нема согласност за употреба на името, поради што треба да биде поништена регистрацијата на ова здружение, но од Правда добила одговор дека надлежен орган е Централен регистар. Комисијата поведе прекршочна постапка пред битолскиот Основен суд и против Културниот центар „Иван Михајлов“ затоа што не се испочитувани препораките за отстранување на сите спорни содржини во името, статутот и програмата што предизвикуваат потешки форми на дискриминаци и вознемирување од страна на здружението кое го носи името на докажан соработник на фашистите. Целиоте текст овде.

The post Комисијата за спречување дискриминација поведе прекршочна постапка против Министерството за правда appeared first on Република.

]]>
Дали Ковачевски знaел дека „Ванчо Михајлов“ нема дозвола од Министерството за правда уште од времето на Заев? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-kovachevski-znael-deka-vancho-mihajlov-nema-dozvola-od-miniterstvoto-za-pravda/ Wed, 20 Apr 2022 08:10:27 +0000 https://republika.mk/?p=490919

Отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ се уште е главна тема во Македонија и во Бугарија. Власта во Скопје најпрво се обиде да го прикрие овој настан, но кога јавноста се крена тоа веќе беше невозможно па мораа да излезат каква-таква реакција.

Па така, министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека спорно било името на Ванчо Михајлов а инаку би се појавиле во отворањето на клубот.

Премиерот Ковачевски пак се однесува како да „није одавде“. Во првата реакција призна дека Михајлов бил контроверзна историска личност но во Македонија  било „овозможено сите граѓани слободно да ги практикуваат своите етнички, религиски и идеолошки убедувања“.

За вчера пак Ковачевски да тврди дека со последната посета на бугарската делегација во Битола се разбудиле духовите од минатото поттикнувајќи го повторно говорот на омраза и недовербата против кои успешно се боревме.

Антифашистичката определба на граѓаните е дел од нашиот национален идентитет и македонските граѓани се определени за членство во ЕУ, но провокации кои ги повредуваат нашите чувства ја загрозуваат таа определба-изјави вчера Ковачевски.

Прашањето е кој е вистинскиот Ковачевски?Дали кога се повикува на антифашистичката борба или кога вика во Македонија е овозможено сите да ги практикуваат своите права.

Ковачевски е должен да објасни и дали знаел дека Минитерството за правда уште во 2019 година дал негативно мислење за отворање на клуб со име „Иван Михајлов“?

Ако знаел тогаш морал да му предочи на Централниот регистар дека не смее да се регистира ваков клуб. Ако пак не знаелнешто не е во ред со комуникацијата меѓу него и администрацијата на Заев бидејќи клубот добил негативно мислење за време на власта на претходниот премиер.

The post Дали Ковачевски знaел дека „Ванчо Михајлов“ нема дозвола од Министерството за правда уште од времето на Заев? appeared first on Република.

]]>

Отворањето на клубот „Ванчо Михајлов“ се уште е главна тема во Македонија и во Бугарија. Власта во Скопје најпрво се обиде да го прикрие овој настан, но кога јавноста се крена тоа веќе беше невозможно па мораа да излезат каква-таква реакција. Па така, министерот за надворешни работи Бујар Османи рече дека спорно било името на Ванчо Михајлов а инаку би се појавиле во отворањето на клубот. Премиерот Ковачевски пак се однесува како да „није одавде“. Во првата реакција призна дека Михајлов бил контроверзна историска личност но во Македонија  било „овозможено сите граѓани слободно да ги практикуваат своите етнички, религиски и идеолошки убедувања“. За вчера пак Ковачевски да тврди дека со последната посета на бугарската делегација во Битола се разбудиле духовите од минатото поттикнувајќи го повторно говорот на омраза и недовербата против кои успешно се боревме.
Антифашистичката определба на граѓаните е дел од нашиот национален идентитет и македонските граѓани се определени за членство во ЕУ, но провокации кои ги повредуваат нашите чувства ја загрозуваат таа определба-изјави вчера Ковачевски.
Прашањето е кој е вистинскиот Ковачевски?Дали кога се повикува на антифашистичката борба или кога вика во Македонија е овозможено сите да ги практикуваат своите права. Ковачевски е должен да објасни и дали знаел дека Минитерството за правда уште во 2019 година дал негативно мислење за отворање на клуб со име „Иван Михајлов“? Ако знаел тогаш морал да му предочи на Централниот регистар дека не смее да се регистира ваков клуб. Ако пак не знаелнешто не е во ред со комуникацијата меѓу него и администрацијата на Заев бидејќи клубот добил негативно мислење за време на власта на претходниот премиер.  

The post Дали Ковачевски знaел дека „Ванчо Михајлов“ нема дозвола од Министерството за правда уште од времето на Заев? appeared first on Република.

]]>
Се огласи Централен регистар: Љупчо Ѓоргиевски побарал основање на „Ванчо Михајлов“, не можеле да го спречат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-oglasi-centralen-registar-ljupcho-gjorgievski-pobaral-osnovanje-na-vancho-mihajlov-ne-mozele-da-go-sprechat/ Tue, 19 Apr 2022 10:47:38 +0000 https://republika.mk/?p=490460

Откако „Република“ постави прашање до Централен регистар зошто го регистирале клубот „Иван Михајлов“, Регистарот испрати образложение.Оттаму велат дека  не смееле да го спречат основањето на вакво здружение а за спорното име објаснуваат дека се што треба да е содржано во името на организацијата е регулирано со член 8 и 9 од Законот за здруженија и фондации.

Согласно член 49 од Законот за трговските друштва - Во фирмата може да се внесе име и презиме на историска и друга позната личност само со согласност на личноста, или, ако е почината, со согласност на нејзините сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда.

Оттаму додаваат дека  пријавата за упис на основање била доставена изјава заверена кај нотар од застапникот по закон на здружението – лицето Љупчо Ѓоргиевски со која под морална, материјална и кривична одговорност тврди дека лицето Иван Михајлов нема законски наследници до трет ред во права линија. Согласно истите одредби во врска со кои доколку нема наследници, согласност дава Министерството за правда.

Во отсуство на издадено Решение за Согласност од страна на Министерството за правда кон Пријавата за упис е доставено Известување од Министерство за правда со бр. 11-423/2019, од 05.03.2019 година, со кое се известува подносителот дека Министерството за правда не е во можност да издаде одобрение од причина што во Министерството не се води регистар на историски личности или каков било друг документ со кој може да се утврди статусот на историска личност и употребата на нејзиното име.

Централниот регистар го зема во предвид известувањето од Министерството за правда за немање регистар за историски личности но, исто така, не е предвидено дека друг државен орган води регистар на историски личности. Или, со други зборови, не постои надлежен државен орган кој може да издаде одобрение за употреба на име на личност.

 Централниот регистар не може да го спречи загарантираното уставно право на граѓаните за слобода на здружување заради остварување на нивните политички, економски, социјални, културни и други права и уверувања како темелна вредност определено во член 20 и член 48 од Уставот-додаваат оттму.

Регистарот нагласува дека единствено Утавниот суд е надлежен да утврди дали нарушување на уставниот поредок од страна на ова здружение.Согласно член 110 од Уставот на РСМ, Уставниот суд, покрај другото, одлучува и за уставноста на програмите и статутите на политичките партии и здруженијата на граѓаните.Понатаму, во надлежност на Уставниот суд е и укинување и поништување на Статут и Програма на здружение, доколку утврди дека истите не се во согласност со Устав или закон.

The post Се огласи Централен регистар: Љупчо Ѓоргиевски побарал основање на „Ванчо Михајлов“, не можеле да го спречат appeared first on Република.

„Република“ го праша Централниот регистар: Kако е впишано здружението „Иван Михајлов“ без одобрение од Министерството за правда? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/republika-go-prasha-centralniot-registar-kako-e-vpishano-zdruzenieto-ivan-mihajlov-bez-odobrenie-od-ministerstvoto-za-pravda/ Tue, 19 Apr 2022 08:18:43 +0000 https://republika.mk/?p=490347

Случувањата во Битола отворија неколку прашања во врска со клубот кој го носи името на бугарскиот фашистички соработник Ванчо Михајлов.

Сомнежите дека сето ова е направено со дозвола на власта ги покрена поранешната министерка за правда Рената Дескоска. Таа на Фејсбук го објави предметот за спорниот клуб во кој јасно се наведува дека министерството за правда не дало дозвола за употреба на ова име.

Министерството јасно посочува дека во називот на здружението „Иван Михајлов“ кое е во постапка на регстирање во Централниот регистар е содржано името на историска личност а со оглед на тоа што не постои регистар на историски личности или друг документ со кој може да се утврди статусот на историската личност „министерството за правда не е во можност да издаде одобрение за употреба на името „Иван Михајлов“ во името на здружението“.

Затоа „Република“ постави прашање до Централниот регистар како е регитрирано ова здружение без дозвола на Министерството за правда. Тие се должни да одговорат бидејќи ова здружение отворено искажува антимакедонски ставови.

https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-dozvolil-da-se-formira-vancho-mihajlov-deskoska-tvrdi-deka-pravda-ne-dala-soglasnost-da-se-formira-zdruzenieto/

The post „Република“ го праша Централниот регистар: Kако е впишано здружението „Иван Михајлов“ без одобрение од Министерството за правда? appeared first on Република.

]]>

Случувањата во Битола отворија неколку прашања во врска со клубот кој го носи името на бугарскиот фашистички соработник Ванчо Михајлов. Сомнежите дека сето ова е направено со дозвола на власта ги покрена поранешната министерка за правда Рената Дескоска. Таа на Фејсбук го објави предметот за спорниот клуб во кој јасно се наведува дека министерството за правда не дало дозвола за употреба на ова име. Министерството јасно посочува дека во називот на здружението „Иван Михајлов“ кое е во постапка на регстирање во Централниот регистар е содржано името на историска личност а со оглед на тоа што не постои регистар на историски личности или друг документ со кој може да се утврди статусот на историската личност „министерството за правда не е во можност да издаде одобрение за употреба на името „Иван Михајлов“ во името на здружението“. Затоа „Република“ постави прашање до Централниот регистар како е регитрирано ова здружение без дозвола на Министерството за правда. Тие се должни да одговорат бидејќи ова здружение отворено искажува антимакедонски ставови. https://republika.mk/vesti/makedonija/koj-dozvolil-da-se-formira-vancho-mihajlov-deskoska-tvrdi-deka-pravda-ne-dala-soglasnost-da-se-formira-zdruzenieto/

The post „Република“ го праша Централниот регистар: Kако е впишано здружението „Иван Михајлов“ без одобрение од Министерството за правда? appeared first on Република.

]]>