централа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/centrala/ За подобро да се разбереме Fri, 14 Oct 2022 14:13:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png централа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/centrala/ 32 32 Ако ТЕ-ТО работи со полн капацитет, компаниите ќе немаат проблем со набавка на струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ako-te-to-raboti-so-poln-kapacitet-kompaniite-kje-nemaat-problem-so-nabavka-na-struja/ Fri, 14 Oct 2022 14:13:14 +0000 https://republika.mk/?p=561217

Централата ТЕ-ТО е еден од клучните капацитети во решавањето на енергетската криза. Денеска имавме разговори со менаџментот за да се договориме како заеднички да настапиме пред државата, за да можеме да изнајдеме решение за компаниите коишто, ако овој капацитет работи со полна сила, сигурно нема да имаат проблем со набавка на електрична енергија, порача претседателот на Стопанската комора Бранко Азески при денешната посета на гасната централа ТЕ-ТО.

На состанокот, на кој присуствуваа и потпретседателот на Комората Зоран Јовановски и извршниот директор Антони Пешев, генералниот директор на ТЕ-ТО АД Скопје Димитар Кочовски информираше дека централата работела до 1 октомври, а во моментов се прави ремонт. Планот е да се набави гас на слободниот пазар и веќе во ноември ТЕ-ТО да се стави во функција. Но, очекуваат државата да ја компензира штетата што била предизвикана на почетокот на оваа година.

ТЕ-ТО АД Скопје во првиот квартал од годинава го помогна енергетскиот систем во државата со 37 милиони евра, кои компанијата ги претрпе како загуба (изгубена добивка), поради што драстично се намали ликвидноста за следниот период. Сега се надеваме дека државата барем делумно ќе ја компензира оваа штета со цел да ја обновиме ликвидноста за да може централата нормално да функционира - истакна Кочовски.

Тој информираше и дека ТЕ-ТО минатата година покрила 20 отсто од вкупната потрошувачка на струја во државата или 30 отсто од домашното производство дошло од гасната централа. Централата ТЕ-ТО е изградена во 2012 година, како приватна инвестиција. Основната дејност е когенеративно производство на електрична и топлинска енергија во таканаречен комбиниран циклус.

Раководството на Стопанската комора денеска ја посети и ИТ компанијата „Ултра“, која укажа на падот на ИТ индустријата оваа година. Во разговорот акцент беше ставен на даночната регулатива, потребата од дерегулација и поголемо вклучување на домашните ИТ компании во процесот на дигитална трансформација на општеството.

The post Ако ТЕ-ТО работи со полн капацитет, компаниите ќе немаат проблем со набавка на струја appeared first on Република.

]]>

Централата ТЕ-ТО е еден од клучните капацитети во решавањето на енергетската криза. Денеска имавме разговори со менаџментот за да се договориме како заеднички да настапиме пред државата, за да можеме да изнајдеме решение за компаниите коишто, ако овој капацитет работи со полна сила, сигурно нема да имаат проблем со набавка на електрична енергија, порача претседателот на Стопанската комора Бранко Азески при денешната посета на гасната централа ТЕ-ТО. На состанокот, на кој присуствуваа и потпретседателот на Комората Зоран Јовановски и извршниот директор Антони Пешев, генералниот директор на ТЕ-ТО АД Скопје Димитар Кочовски информираше дека централата работела до 1 октомври, а во моментов се прави ремонт. Планот е да се набави гас на слободниот пазар и веќе во ноември ТЕ-ТО да се стави во функција. Но, очекуваат државата да ја компензира штетата што била предизвикана на почетокот на оваа година.
ТЕ-ТО АД Скопје во првиот квартал од годинава го помогна енергетскиот систем во државата со 37 милиони евра, кои компанијата ги претрпе како загуба (изгубена добивка), поради што драстично се намали ликвидноста за следниот период. Сега се надеваме дека државата барем делумно ќе ја компензира оваа штета со цел да ја обновиме ликвидноста за да може централата нормално да функционира - истакна Кочовски.
Тој информираше и дека ТЕ-ТО минатата година покрила 20 отсто од вкупната потрошувачка на струја во државата или 30 отсто од домашното производство дошло од гасната централа. Централата ТЕ-ТО е изградена во 2012 година, како приватна инвестиција. Основната дејност е когенеративно производство на електрична и топлинска енергија во таканаречен комбиниран циклус. Раководството на Стопанската комора денеска ја посети и ИТ компанијата „Ултра“, која укажа на падот на ИТ индустријата оваа година. Во разговорот акцент беше ставен на даночната регулатива, потребата од дерегулација и поголемо вклучување на домашните ИТ компании во процесот на дигитална трансформација на општеството.

The post Ако ТЕ-ТО работи со полн капацитет, компаниите ќе немаат проблем со набавка на струја appeared first on Република.

]]>
Eлектрична централа на Тајван ненадејно престана со работа: Повеќе од пет милиони домаќинства останаа без струја https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/elektrichna-centrala-na-tajvan-nenadejno-prestana-so-rabota-povekje-od-pet-milioni-domakjinstva-ostanaa-bez-struja/ Thu, 03 Mar 2022 09:59:51 +0000 https://republika.mk/?p=466890

Повеќе од пет милиони домаќинства во Тајван останале без струја по ненадејното исклучување на една електрана.

Погодени биле домаќинствата на целиот островот, вклучително и 490.000 во главниот град Тајпеј. Се известува дека околу 70 отсто од погодените домаќинства веќе повторно имаат струја.

Тајванската претседателла Цај Ингвен се извини за непријатностите предизвикани на граѓаните и изјави дека е потребна брза истрага за причините за прекинот.

Централата, која е привремено запре со работа, се наоѓа во јужниот дел на Тајван, соопшти тајванската влада. Портпаролот на владата информира дека таа всушност продолжила да работи со капацитет од околу 24 отсто, но тешкотиите во нејзината работа довеле до проблеми со преносот и дистрибуцијата на електрична енергија во централен и северен Тајван. Портпаролот нагласи дека овој случај ја истакнува ранливоста на преносот на електрична енергија од јужен кон северен Тајван.

Неопходно е час поскоро да се заврши изградбата на терминалот за течен природен гас во северниот дел на Тајван - изјави портпаролот.

The post Eлектрична централа на Тајван ненадејно престана со работа: Повеќе од пет милиони домаќинства останаа без струја appeared first on Република.

]]>

Повеќе од пет милиони домаќинства во Тајван останале без струја по ненадејното исклучување на една електрана. Погодени биле домаќинствата на целиот островот, вклучително и 490.000 во главниот град Тајпеј. Се известува дека околу 70 отсто од погодените домаќинства веќе повторно имаат струја. Тајванската претседателла Цај Ингвен се извини за непријатностите предизвикани на граѓаните и изјави дека е потребна брза истрага за причините за прекинот. Централата, која е привремено запре со работа, се наоѓа во јужниот дел на Тајван, соопшти тајванската влада. Портпаролот на владата информира дека таа всушност продолжила да работи со капацитет од околу 24 отсто, но тешкотиите во нејзината работа довеле до проблеми со преносот и дистрибуцијата на електрична енергија во централен и северен Тајван. Портпаролот нагласи дека овој случај ја истакнува ранливоста на преносот на електрична енергија од јужен кон северен Тајван.
Неопходно е час поскоро да се заврши изградбата на терминалот за течен природен гас во северниот дел на Тајван - изјави портпаролот.

The post Eлектрична централа на Тајван ненадејно престана со работа: Повеќе од пет милиони домаќинства останаа без струја appeared first on Република.

]]>