центар жупа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/centar-zupa/ За подобро да се разбереме Thu, 04 Jul 2024 11:28:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png центар жупа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/centar-zupa/ 32 32 Во првиот уписен рок во гимназиите во Дебар и Центар Жупа, запишани само 66 од предвидените 340 ученици https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-prviot-upisen-rok-vo-gimnaziite-vo-debar-i-tsentar-zhupa-zapishani-samo-66-od-predvidenite-340-uchenitsi/ Thu, 04 Jul 2024 11:28:58 +0000 https://republika.mk/?p=793390

По двете пријавувања, во рамки на првиот уписен рок, во гимназиите „28 ноември“ во Дебар и „АТА“ во Центар Жупа, во прва година, пополнети се само 66 ученички места, што е 19,4 отсто од предвидената квота од 340 ученици.

Во дебарската гимназија, каде според конкурсот на МОН, предвиден е упис на 272 ученика, запишани се 46 ученици.

Во прва година, за учебната 2024/25 година, во прва година запишани се 46 завршени основци, од кои 33 за паралелките на албански и 13 на македонски наставен јазик. Тоа значи дека за вториот, августовски уписен рок, слободни се 226 ученички места. Гледано одделно за настава на албански 137 и 89 на македонски наставен јазик, изјави за МИА, Афрона Леши, претседателка на Комисијата за спроведување на уписот.

Споредено со првиот уписен рок за минатата учебна година бројот на сега запишаните бележи благ пад. Тогаш биле запишани 71 ученик, односно 65 за настава на албански и шест на македонски наставен јазик.

Според директорот на гимназијата АТА, Сабри Асан, во оваа образовна институција во прва година запишани се 20 ученици.

Гледано одделно по наставен јазик, 16 се за паралелката на турски, од кои 11 во првото и 5 во второто пријавува, додека на македонски наставен јазик четворицата ученици се во првото пријавување, додека во второто ниту еден. Право на упис имаат 68 ученици, во две паралелки, односно по 34 на двата јазика, рече за МИА, директорот Асан.

Во оваа гимназија годинава бројот на запишаните е за пет ученика повеќе. Тогаш биле запишани 15 од кои 10 на труски и пет на македонски наставен јазик.

Второто пријавување ќе се врши на 21 август, кога се очекува борјот на запишани да биде поголем, но повеќе од јасно е дека предидената квота и оваа година нема да биде пополнета.

The post Во првиот уписен рок во гимназиите во Дебар и Центар Жупа, запишани само 66 од предвидените 340 ученици appeared first on Република.

]]>

По двете пријавувања, во рамки на првиот уписен рок, во гимназиите „28 ноември“ во Дебар и „АТА“ во Центар Жупа, во прва година, пополнети се само 66 ученички места, што е 19,4 отсто од предвидената квота од 340 ученици. Во дебарската гимназија, каде според конкурсот на МОН, предвиден е упис на 272 ученика, запишани се 46 ученици.
Во прва година, за учебната 2024/25 година, во прва година запишани се 46 завршени основци, од кои 33 за паралелките на албански и 13 на македонски наставен јазик. Тоа значи дека за вториот, августовски уписен рок, слободни се 226 ученички места. Гледано одделно за настава на албански 137 и 89 на македонски наставен јазик, изјави за МИА, Афрона Леши, претседателка на Комисијата за спроведување на уписот.
Споредено со првиот уписен рок за минатата учебна година бројот на сега запишаните бележи благ пад. Тогаш биле запишани 71 ученик, односно 65 за настава на албански и шест на македонски наставен јазик. Според директорот на гимназијата АТА, Сабри Асан, во оваа образовна институција во прва година запишани се 20 ученици.
Гледано одделно по наставен јазик, 16 се за паралелката на турски, од кои 11 во првото и 5 во второто пријавува, додека на македонски наставен јазик четворицата ученици се во првото пријавување, додека во второто ниту еден. Право на упис имаат 68 ученици, во две паралелки, односно по 34 на двата јазика, рече за МИА, директорот Асан.
Во оваа гимназија годинава бројот на запишаните е за пет ученика повеќе. Тогаш биле запишани 15 од кои 10 на труски и пет на македонски наставен јазик. Второто пријавување ќе се врши на 21 август, кога се очекува борјот на запишани да биде поголем, но повеќе од јасно е дека предидената квота и оваа година нема да биде пополнета.

The post Во првиот уписен рок во гимназиите во Дебар и Центар Жупа, запишани само 66 од предвидените 340 ученици appeared first on Република.

]]>
Во Дебар до 13 часот излезноста на изборите е 13 отсто, во Центар Жупа 9,12 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-debar-do-13-chasot-izleznosta-na-izborite-e-13-otsto-vo-tsentar-zhupa-9-12/ Wed, 24 Apr 2024 12:11:24 +0000 https://republika.mk/?p=770113

Изборниот ден во општините Дебар и Центар Жупа минува тековно, со поголема излезност од претпладневните часови.

- До 13 часот во општина Дебар правото на глас го искористиле 2566 лице или 13 отсто од вкупно запишаните 19 334 лица во единствениот избирачки список. Во сите 27 гласачки места изборниот ден минува во најдобар ред. Очекуваме излезноста да се зголемува. Вчера, инаку, правото на глас го остварија 29 болни и изнемоштени лица, изјави за МИА, Рилинд Хаса, претседател на ОИК-Дебар.

Споредено со  првиот круг од претседателските избори на 21 април 2019 година излезноста е помала. Тогаш до 13 часот гласале 3.259 лица или 18 отсто од вкупно запишаните 18.574 со право на глас. Во вториот круг пак до 13 часот правото на глас го оствариле 1 594 лица или 9 отсто.

-Во нашата општина правото на глас до 13 часот го остварија 672 граѓани или 9,12 отсто од вкупно запишаните 7.383. На сите 16 избирачки места гласањето се одвива тековно. Вообичаено поголема излезност очекуваме во попладневните часови. Вчера гласаа три болни и изнемоштени лица, информираше за МИА, претседателот на ОИК-Центар Жупа, Неџип Илјаз.

На минатите претседателски избори, во првиот круг, во ова општина, одзивот на гласачи бил 6 отсто или правото на глас го искористиле 429 лица, од  вкупо 6 953 запишани во единствениот избирачки список, додека во вториот круг гласале 489 лица или седум отсто.

The post Во Дебар до 13 часот излезноста на изборите е 13 отсто, во Центар Жупа 9,12 appeared first on Република.

]]>

Изборниот ден во општините Дебар и Центар Жупа минува тековно, со поголема излезност од претпладневните часови.
- До 13 часот во општина Дебар правото на глас го искористиле 2566 лице или 13 отсто од вкупно запишаните 19 334 лица во единствениот избирачки список. Во сите 27 гласачки места изборниот ден минува во најдобар ред. Очекуваме излезноста да се зголемува. Вчера, инаку, правото на глас го остварија 29 болни и изнемоштени лица, изјави за МИА, Рилинд Хаса, претседател на ОИК-Дебар.
Споредено со  првиот круг од претседателските избори на 21 април 2019 година излезноста е помала. Тогаш до 13 часот гласале 3.259 лица или 18 отсто од вкупно запишаните 18.574 со право на глас. Во вториот круг пак до 13 часот правото на глас го оствариле 1 594 лица или 9 отсто.
-Во нашата општина правото на глас до 13 часот го остварија 672 граѓани или 9,12 отсто од вкупно запишаните 7.383. На сите 16 избирачки места гласањето се одвива тековно. Вообичаено поголема излезност очекуваме во попладневните часови. Вчера гласаа три болни и изнемоштени лица, информираше за МИА, претседателот на ОИК-Центар Жупа, Неџип Илјаз.
На минатите претседателски избори, во првиот круг, во ова општина, одзивот на гласачи бил 6 отсто или правото на глас го искористиле 429 лица, од  вкупо 6 953 запишани во единствениот избирачки список, додека во вториот круг гласале 489 лица или седум отсто.

The post Во Дебар до 13 часот излезноста на изборите е 13 отсто, во Центар Жупа 9,12 appeared first on Република.

]]>
Излезноста во општините Дебар и Центар Жупа до 11 часот 5, односно 4,47 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izleznosta-vo-opshtinite-debar-i-tsentar-zhupa-do-11-chasot-5-odnosno-4-47-otsto/ Wed, 24 Apr 2024 10:16:49 +0000 https://republika.mk/?p=770008

Изборниот ден од првиот круг на претседателските избори во Дебар и Центар Жупа се одвива тековно, со зголемена излезност на граѓаните, кои го остваруваат нивното граѓанско право, потврдуваат од општинските изборни комисии.

Во општина Дебар, до 11 часот гласале 980 или 5 отсто од вкупно запишаните 19.334 лица.

Зголемена излезност е забележана и во општина Центар Жупа, каде до 11 часот од вкупно запишаните 7.383 лица  гласале  329 или 4,47  отсто.

И во двете општини, избирачките места се посетени од  претставници на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДХИР.

Во близина избирачките места, 27 во општина Дебар и 16 во соседната, Центар Жупа, во согласност со законот, има присуство на полициски службеници. 

The post Излезноста во општините Дебар и Центар Жупа до 11 часот 5, односно 4,47 отсто appeared first on Република.

]]>

Изборниот ден од првиот круг на претседателските избори во Дебар и Центар Жупа се одвива тековно, со зголемена излезност на граѓаните, кои го остваруваат нивното граѓанско право, потврдуваат од општинските изборни комисии. Во општина Дебар, до 11 часот гласале 980 или 5 отсто од вкупно запишаните 19.334 лица. Зголемена излезност е забележана и во општина Центар Жупа, каде до 11 часот од вкупно запишаните 7.383 лица  гласале  329 или 4,47  отсто. И во двете општини, избирачките места се посетени од  претставници на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДХИР. Во близина избирачките места, 27 во општина Дебар и 16 во соседната, Центар Жупа, во согласност со законот, има присуство на полициски службеници. 

The post Излезноста во општините Дебар и Центар Жупа до 11 часот 5, односно 4,47 отсто appeared first on Република.

]]>
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/do-9-chasot-vo-debar-eden-otsto-vo-tsentar-zhupa-1-9-otsto-izlezenost/ Wed, 24 Apr 2024 08:29:12 +0000 https://republika.mk/?p=769908

Непречено се одвива изборниот процес од првиот круг на претседателските избори во општините Дебар и Центар Жупа.

Според Рилинд Хаса претседател на ОИК-Дебар, до 9 часот правото на глас го искористиле 283 гласачи или еден отсто од вкупно запишаните 19.334 лица, колку што се запишани во единствениот Избрачки список.

Претседателот на ОК-Центар Жупа, Неџип Илјаз, информираше дека до 9 часот гласале 80 граѓани или 1,9 отсто од вкупно запишаните 7.383 лица со право на глас.

Членови на двете општински изборни комисии вршат редовни обиколки на гласачките места.

The post До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност appeared first on Република.

]]>

Непречено се одвива изборниот процес од првиот круг на претседателските избори во општините Дебар и Центар Жупа. Според Рилинд Хаса претседател на ОИК-Дебар, до 9 часот правото на глас го искористиле 283 гласачи или еден отсто од вкупно запишаните 19.334 лица, колку што се запишани во единствениот Избрачки список. Претседателот на ОК-Центар Жупа, Неџип Илјаз, информираше дека до 9 часот гласале 80 граѓани или 1,9 отсто од вкупно запишаните 7.383 лица со право на глас. Членови на двете општински изборни комисии вршат редовни обиколки на гласачките места.

The post До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност appeared first on Република.

]]>
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-opshtinite-debar-i-tsentar-zhupa-poveke-glasachi-od-zhiteli/ Fri, 19 Apr 2024 16:24:06 +0000 https://republika.mk/?p=768081

Во општините Дебар и Центар Жупа, во единствениот избирачки список запишани се поголем број лица, отколку, што, според пописот од 2021 година, има резидентно население.

Во општина Дебар со право на глас се запишани 19.334 лица, наспроти 15.412 колку што според пописот има жители, додека во соседната општина Центар Жупа резидентно население има 3.720 а во единствениот избрачки список се запишани 7.393 лица со право на глас.

-На прв поглед овој податок збунува, но тоа е појава која е присутна и во други општини, како што повеќе изборни циклуси наназад е и соседната општина Маврово и Ростуше. Тоа е поради масовната миграција присутна во овој крај. Поконкретно бројот на гласачи е поголем бидејќи во него се и нашинците кои се во странство а поседуваат лични документи на нашата држава, изјави за МИА, Неџип Илјаз претседател на Општинската изборна комисија за Центар Жупа.

Подговоките за престојните избори течат непречено.

-Денеска во Дебар заврши петневната обука на 270 членови за 27 избрачки избори, како и за ОИК. На трети април  успешно заврши четиридневната обука во Центар Жупа за 160 членови на 16 избирачки одбори и ОИК, рече за МИА, Али Реџа одговорен на тричлената екипа обучувачи.

Според првите луѓе на ОИК разгледани се доставените барања и документацијата и одлучено е во вторник во домашни услови да гласаат 32  изнемоштени  и болни лица во општина Дебар и 5 во Џентар Жупа, колку што и се пријавиле.

Двете општини се дел од петтата изборна единица, ќе се гласа на 27 односно, 16 гласачки места, кои главно се сместени во простории на училиштата

The post Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители appeared first on Република.

]]>

Во општините Дебар и Центар Жупа, во единствениот избирачки список запишани се поголем број лица, отколку, што, според пописот од 2021 година, има резидентно население. Во општина Дебар со право на глас се запишани 19.334 лица, наспроти 15.412 колку што според пописот има жители, додека во соседната општина Центар Жупа резидентно население има 3.720 а во единствениот избрачки список се запишани 7.393 лица со право на глас. -На прв поглед овој податок збунува, но тоа е појава која е присутна и во други општини, како што повеќе изборни циклуси наназад е и соседната општина Маврово и Ростуше. Тоа е поради масовната миграција присутна во овој крај. Поконкретно бројот на гласачи е поголем бидејќи во него се и нашинците кои се во странство а поседуваат лични документи на нашата држава, изјави за МИА, Неџип Илјаз претседател на Општинската изборна комисија за Центар Жупа. Подговоките за престојните избори течат непречено. -Денеска во Дебар заврши петневната обука на 270 членови за 27 избрачки избори, како и за ОИК. На трети април  успешно заврши четиридневната обука во Центар Жупа за 160 членови на 16 избирачки одбори и ОИК, рече за МИА, Али Реџа одговорен на тричлената екипа обучувачи. Според првите луѓе на ОИК разгледани се доставените барања и документацијата и одлучено е во вторник во домашни услови да гласаат 32  изнемоштени  и болни лица во општина Дебар и 5 во Џентар Жупа, колку што и се пријавиле. Двете општини се дел од петтата изборна единица, ќе се гласа на 27 односно, 16 гласачки места, кои главно се сместени во простории на училиштата

The post Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители appeared first on Република.

]]>
Пријавени само нешто над 20% од предвидената квота: Во гимназиите во Дебар и Центар Жупа има 254 слободни места https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prijaveni-samo-neshto-nad-20-od-predvidenata-kvota-vo-gimnaziite-vo-debar-i-tsentar-zhupa-ima-254-slobodni-mesta/ Mon, 21 Aug 2023 20:04:57 +0000 https://republika.mk/?p=674346

Во двете средни општински училишта „28 ноември“ во Дебар и „АТА“ во Центар Жупа, за вториот уписен рок, кој почна денеска има дури 254 слободни места за упис во прва година.

Тоа е поради фактот што во двете пријавувања во првиот уписен рок предвидената квота пополнета е 26 отсто во дебарската, односно 22 отсто во гимназијата во Жупа.

Во двете пријавувања од првиот уписен рок во нашата гимназија запишани беа 71 ученик, од нив 65 се за настава на албански и шест на македонски наставен јазик. Тоа значи дека за овој, втор уписен рок, слободни се вкупно 201 ученичко место. За настава на албански јазик слободни се 105, додека на македонски 96 места, вели за МИА, Рамадан Имери, директор на дебарската гимназија.

Според конкурсот на МОН, во оваа образовна установа право на упис имаа 270 завршени основци и тоа 170 во пет паралелки на албански и 102 во три паралелки на македонски наставен јазик.

Во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа, каде предвидената квота од 68, односно две паралелки, со по 34 ученици, по една на македонски и на турски наставен јазик, пополнети се само 15 ученички места.

Во двете пријавувања од првиот уписен рок во нашата образовна установа запишани се 15 завршени основци, од нив 10 за настава на турски и 5 на македонски наставен јазик. Тоа значи дека се слободни 24 места за паралелката на турски и 29 за паралелката на македонски наставен јазик, вели за МИА, Сабри Асан директор.

Во двете гимназии очекуваат бројот на запишаните да биде поголем во овој втор уписен рок, бидејќи дел од оние кои не успеале да се запишат во некое средно стручно училиште, тоа ќе го сторат тука.

Сепак имајќи ги во предвид бројките од минатите години и се помалиот број ученици во основното образование, повеќе од јасно е дека предвидената бројка нема да биде пополнета.

The post Пријавени само нешто над 20% од предвидената квота: Во гимназиите во Дебар и Центар Жупа има 254 слободни места appeared first on Република.

]]>

Во двете средни општински училишта „28 ноември“ во Дебар и „АТА“ во Центар Жупа, за вториот уписен рок, кој почна денеска има дури 254 слободни места за упис во прва година. Тоа е поради фактот што во двете пријавувања во првиот уписен рок предвидената квота пополнета е 26 отсто во дебарската, односно 22 отсто во гимназијата во Жупа.
Во двете пријавувања од првиот уписен рок во нашата гимназија запишани беа 71 ученик, од нив 65 се за настава на албански и шест на македонски наставен јазик. Тоа значи дека за овој, втор уписен рок, слободни се вкупно 201 ученичко место. За настава на албански јазик слободни се 105, додека на македонски 96 места, вели за МИА, Рамадан Имери, директор на дебарската гимназија.
Според конкурсот на МОН, во оваа образовна установа право на упис имаа 270 завршени основци и тоа 170 во пет паралелки на албански и 102 во три паралелки на македонски наставен јазик. Во гимназијата „АТА“ во Центар Жупа, каде предвидената квота од 68, односно две паралелки, со по 34 ученици, по една на македонски и на турски наставен јазик, пополнети се само 15 ученички места.
Во двете пријавувања од првиот уписен рок во нашата образовна установа запишани се 15 завршени основци, од нив 10 за настава на турски и 5 на македонски наставен јазик. Тоа значи дека се слободни 24 места за паралелката на турски и 29 за паралелката на македонски наставен јазик, вели за МИА, Сабри Асан директор.
Во двете гимназии очекуваат бројот на запишаните да биде поголем во овој втор уписен рок, бидејќи дел од оние кои не успеале да се запишат во некое средно стручно училиште, тоа ќе го сторат тука. Сепак имајќи ги во предвид бројките од минатите години и се помалиот број ученици во основното образование, повеќе од јасно е дека предвидената бројка нема да биде пополнета.

The post Пријавени само нешто над 20% од предвидената квота: Во гимназиите во Дебар и Центар Жупа има 254 слободни места appeared first on Република.

]]>
СДСМ победи во Општина каде имаше само еден кандидат-нивен https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-pobedi-vo-opshtina-kade-imashe-samo-eden-kandidat-niven/ Sat, 20 Aug 2022 18:16:06 +0000 https://republika.mk/?p=542430

Го повикуваме Ковачевски да каже кого победил во Центар Жупа, кога имаше само еден кандидат?!Изборите успеаја само затоа што сограѓаните од дијаспората се во Македонија напоменуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Истовремено Ковачевски да каже кои се тие мрачни сили, и да не ја замајува јавноста со неговите лаги и обиди за прикажување на лажен триумфализам.

The post СДСМ победи во Општина каде имаше само еден кандидат-нивен appeared first on Република.

]]>

Го повикуваме Ковачевски да каже кого победил во Центар Жупа, кога имаше само еден кандидат?!Изборите успеаја само затоа што сограѓаните од дијаспората се во Македонија напоменуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Истовремено Ковачевски да каже кои се тие мрачни сили, и да не ја замајува јавноста со неговите лаги и обиди за прикажување на лажен триумфализам.

The post СДСМ победи во Општина каде имаше само еден кандидат-нивен appeared first on Република.

]]>
До 13 часот во Центар Жупа излезноста 25 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/do-13-chasot-vo-centar-zupa-izleznosta-25-otsto/ Sat, 20 Aug 2022 11:48:25 +0000 https://republika.mk/?p=542304

Изборниот ден во општина Центар Жупа минува тековно, со зголемен процент на излезност. До 13 часот, правото на глас го искористиле 1817 граѓани или 25 отсто од вкупно запишаните 7.154 гласачи во Единствениот избрачки список.

– Во сите 16 избирачки места, изборниот ден минува без проблеми, а поголема излезност се очекува во попладневните часови, изјави Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија.

Споредено со повторените избори на 17 април, кога излезноста беше 18,17 сега таа е повисока за 6,83 отсто.

Во оваа општина, каде над 60 отсто од популацијата е во некоја од западноевропските земји, главно во Италија, се повторува гласањето за градоначалник, поради необезбеден цензус од 1/3 од вкупниот број гласачи. Нивното присуство сега се очекува да го обезбеди потребниот цензус од 2.385 гласачи.

The post До 13 часот во Центар Жупа излезноста 25 отсто appeared first on Република.

]]>

Изборниот ден во општина Центар Жупа минува тековно, со зголемен процент на излезност. До 13 часот, правото на глас го искористиле 1817 граѓани или 25 отсто од вкупно запишаните 7.154 гласачи во Единствениот избрачки список. – Во сите 16 избирачки места, изборниот ден минува без проблеми, а поголема излезност се очекува во попладневните часови, изјави Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија. Споредено со повторените избори на 17 април, кога излезноста беше 18,17 сега таа е повисока за 6,83 отсто. Во оваа општина, каде над 60 отсто од популацијата е во некоја од западноевропските земји, главно во Италија, се повторува гласањето за градоначалник, поради необезбеден цензус од 1/3 од вкупниот број гласачи. Нивното присуство сега се очекува да го обезбеди потребниот цензус од 2.385 гласачи.

The post До 13 часот во Центар Жупа излезноста 25 отсто appeared first on Република.

]]>
Излезноста во Центар Жупа до 11 часот 14 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izleznosta-vo-centar-zupa-do-11-chasot-14-otsto/ Sat, 20 Aug 2022 10:15:28 +0000 https://republika.mk/?p=542275

Во општина Центар Жупа, каде денеска се спроведуваат втори повторени избори за градоначалник, до 11 часот правото на глас го оствариле 1.035 лица или 14 отсто, од вкупно 7154 запишани избирачи. 

Излезноста постепено се зголемува, што е вообичаено за секои избори. До 9 часот имавме 5,69 отсто излезност додека два часа подоцна излезноста е 14  отсто. Во сите 16 гласачки места изборниот процес минува без проблеми, рече Неџип Илјаз, претседател на општинската изборна комисија.  

Споредено со повторените избори на 17 април, кога до 11 частот правото на глас го остварија 593 лица или 8,38 отсто денеска излезноста е поголема за 5,62 отсто. 

Вчера правото на глас во оваа општина го искористија 29 болни и немоќни лица. 

The post Излезноста во Центар Жупа до 11 часот 14 отсто appeared first on Република.

]]>

Во општина Центар Жупа, каде денеска се спроведуваат втори повторени избори за градоначалник, до 11 часот правото на глас го оствариле 1.035 лица или 14 отсто, од вкупно 7154 запишани избирачи. 
Излезноста постепено се зголемува, што е вообичаено за секои избори. До 9 часот имавме 5,69 отсто излезност додека два часа подоцна излезноста е 14  отсто. Во сите 16 гласачки места изборниот процес минува без проблеми, рече Неџип Илјаз, претседател на општинската изборна комисија.  
Споредено со повторените избори на 17 април, кога до 11 частот правото на глас го остварија 593 лица или 8,38 отсто денеска излезноста е поголема за 5,62 отсто.  Вчера правото на глас во оваа општина го искористија 29 болни и немоќни лица. 

The post Излезноста во Центар Жупа до 11 часот 14 отсто appeared first on Република.

]]>
Излезноста до 9 часот во Центар Жупа 5,69 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izleznosta-do-9-chasot-vo-centar-zupa-5-69-otsto/ Sat, 20 Aug 2022 08:11:30 +0000 https://republika.mk/?p=542240

Непречено се одвива изборниот процес во општина Центар Жупа, каде до 9 часот правото на глас го оствариле 407 лица. 

Во процент тоа изнесува 5,69 отсто од вкупно запишаните 7.154 гласачи. Гласањето се одвива без проблеми и се надеваме дека така ќе биде до затворањето на избрачките места. Вообичаено поголема излезност се очекува во попладневните часови, вели Неџип Илјаз, претседател на општинската изборна комисија. 

Споредено со редовните локални избори на 17 октомври минатата година, бројот на оние кои го остварите правото на глас е поголем за 4,09 отсто. 

Тогаш до 9 часот гласале 120 лица или 1,6 отсто од 7.317 колку што беа во единствениот избирачки список. Во април пак излезноста беше 2,17 отсто од запишаните 7077 лица, што значи дека денеска излезноста до 9 часот е поголема за 3,52 отсто.  

Според Излјаз, членовите на комисијата се во постојана обиколка на 16-те гласачки места. 

The post Излезноста до 9 часот во Центар Жупа 5,69 отсто appeared first on Република.

]]>

Непречено се одвива изборниот процес во општина Центар Жупа, каде до 9 часот правото на глас го оствариле 407 лица. 
Во процент тоа изнесува 5,69 отсто од вкупно запишаните 7.154 гласачи. Гласањето се одвива без проблеми и се надеваме дека така ќе биде до затворањето на избрачките места. Вообичаено поголема излезност се очекува во попладневните часови, вели Неџип Илјаз, претседател на општинската изборна комисија. 
Споредено со редовните локални избори на 17 октомври минатата година, бројот на оние кои го остварите правото на глас е поголем за 4,09 отсто.  Тогаш до 9 часот гласале 120 лица или 1,6 отсто од 7.317 колку што беа во единствениот избирачки список. Во април пак излезноста беше 2,17 отсто од запишаните 7077 лица, што значи дека денеска излезноста до 9 часот е поголема за 3,52 отсто.   Според Излјаз, членовите на комисијата се во постојана обиколка на 16-те гласачки места. 

The post Излезноста до 9 часот во Центар Жупа 5,69 отсто appeared first on Република.

]]>
Во Центар Жупа навреме отворени сите гласачки места https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-centar-zupa-navreme-otvoreni-site-glasachki-mesta/ Sat, 20 Aug 2022 06:41:04 +0000 https://republika.mk/?p=542204

Во општина Центар Жупа денеска се спроведуваат по вторпат повторени избори за градоначалник. 

Во 7 часот отворени се сите 16 гласачки места. Во единствениот избирачки список запишани се 7.154 лица  а за да биде избран градоначалник гласачкото право треба да го остварат 2.385 лица. Вчера гласаа 29 болни и немоќни лица, изјави за МИА, Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија. 

Очекува изборниот ден да мине во најдобар ред, со поголема излезност во попладневните часови.

На гласачкото ливче овој пат е само еден кандидат, предложен  од политичка партија. 

Во оваа печалбарска општина, каде над 60 отсто од популацијата живее во некоја западно европска земја,  се повторува гласањето за градоначалник бидејќи ниту на редовните локални избори на 17 октомври минатата година, ниту на повторените на 17 април годинава, не беше обезбеден потребниот цензус од една третина или 33,33 отсто од вкупното гласачко тело. Во октомври излезноста беше 25,77 додека во април 29,97 отсто. 

Поради масовното присуство на печалбарите, кои по традиција во август доаѓаат во родниот крај, оправдано се очекува да се обезбеди потребниот процент на излезност.

The post Во Центар Жупа навреме отворени сите гласачки места appeared first on Република.

]]>

Во општина Центар Жупа денеска се спроведуваат по вторпат повторени избори за градоначалник. 
Во 7 часот отворени се сите 16 гласачки места. Во единствениот избирачки список запишани се 7.154 лица  а за да биде избран градоначалник гласачкото право треба да го остварат 2.385 лица. Вчера гласаа 29 болни и немоќни лица, изјави за МИА, Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија. 
Очекува изборниот ден да мине во најдобар ред, со поголема излезност во попладневните часови. На гласачкото ливче овој пат е само еден кандидат, предложен  од политичка партија.  Во оваа печалбарска општина, каде над 60 отсто од популацијата живее во некоја западно европска земја,  се повторува гласањето за градоначалник бидејќи ниту на редовните локални избори на 17 октомври минатата година, ниту на повторените на 17 април годинава, не беше обезбеден потребниот цензус од една третина или 33,33 отсто од вкупното гласачко тело. Во октомври излезноста беше 25,77 додека во април 29,97 отсто.  Поради масовното присуство на печалбарите, кои по традиција во август доаѓаат во родниот крај, оправдано се очекува да се обезбеди потребниот процент на излезност.

The post Во Центар Жупа навреме отворени сите гласачки места appeared first on Република.

]]>
Во Центар Жупа правото на глас го остварија 29 болни и немоќни лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-centar-zupa-pravoto-na-glas-go-ostvarija-29-bolni-i-nemokjni-lica/ Fri, 19 Aug 2022 15:38:49 +0000 https://republika.mk/?p=542100

Во општина Центар Жупа денеска, ден пред утрешното гласање за градоначалник, во домашни услови правото на глас го остварија 29 болни и немоќни лица.

Гласаа сите 29 лица на кои им беше одобрено барањето. Да потсетам добивме 32 барања, но три беа одбиени, бидејќи лицата не беа запишани во единствениот избирачки список, изјави за МИА, Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија.

Оценува дека денешното гласање и распределбата на изборниот материјал минале без никаков проблем.

Утре во нашата општина ќе се гласа на 16 избирачки места, а правото на глас треба да го остварат 7.154 лица, или 77 гласачи повеќе од предвремените избори во април, додека пак споредено со редовните локални избори од октомври минатата година има 163 гласачи помалку. Како комисија ги презедовме сите потребни активности за еден нормален изборен процес, рече Илјаз.

На гласачкото ливче се наоѓа само еден кандидат, предложен од политичка партија.

The post Во Центар Жупа правото на глас го остварија 29 болни и немоќни лица appeared first on Република.

]]>

Во општина Центар Жупа денеска, ден пред утрешното гласање за градоначалник, во домашни услови правото на глас го остварија 29 болни и немоќни лица. Гласаа сите 29 лица на кои им беше одобрено барањето. Да потсетам добивме 32 барања, но три беа одбиени, бидејќи лицата не беа запишани во единствениот избирачки список, изјави за МИА, Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија. Оценува дека денешното гласање и распределбата на изборниот материјал минале без никаков проблем. Утре во нашата општина ќе се гласа на 16 избирачки места, а правото на глас треба да го остварат 7.154 лица, или 77 гласачи повеќе од предвремените избори во април, додека пак споредено со редовните локални избори од октомври минатата година има 163 гласачи помалку. Како комисија ги презедовме сите потребни активности за еден нормален изборен процес, рече Илјаз. На гласачкото ливче се наоѓа само еден кандидат, предложен од политичка партија.

The post Во Центар Жупа правото на глас го остварија 29 болни и немоќни лица appeared first on Република.

]]>
Утврден редоследот на гласачките ливчиња за избор на градоначалници на Центар Жупа и Маврово-Ростуше и за членови на Советот на Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/utvrden-redosledot-na-glasachkite-livchinja-za-izbor-na-gradonachalnici-na-centar-zupa-i-mavrovo-rostushe-i-za-chlenovi-na-sovetot-na-tetovo/ Mon, 25 Jul 2022 11:37:32 +0000 https://republika.mk/?p=532949

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница го утврди распоредот на кандидатите на гласачко ливче за изборот на градоначалници на општините Центар Жупа и Маврово-Ростуше, како и за членови на Советот на Општина Тетово, преку влечење на жрепка од страна на овластените претставници на партиите и групите избирачи.

Под број еден на гласачките ливчиња ќе бидат кандидатите за градоначници на Центар Жупа и на Маврово-Ростуше на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ, под број два на Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, а под број три на Демократска партија на Турците во Македонија (ДПТМ).

На гласачкото ливче за избор на членови на тетовскиот општински Совет под бројот еден ќе биде листата на коалицијата предводена од СДСМ, а под бројот два на ВМРО-ДПМНЕ. Под бројот три е ДПА, под четири е Политичката партија ИНТЕГРА, а под бројот пет Група избирачи Агрон Заими.

Под бројот шест е Алтернатива, под седум е листата на Алијансата за Албанците, а под бројот осум е Движењето БЕСА. Листата на ДПТМ ќе биде под бројот девет, а Групата избирачи Елмедина Абдулаи ќе биде под бројот 10.

Листата на ДУИ ќе се најде на кандидатското ливче под бројот 11, на Партијата за целосна еманципација на Ромите под број 12, а на Левица ќе биде 13-та.

Исто така, на денешната седница преку влечње на жрепка беа утврдени и локации на рекламни паноа и билборди за политичко рекламирање за избори за градоначалник на општините Центар Жупа, Маврово и Ростуше.

The post Утврден редоследот на гласачките ливчиња за избор на градоначалници на Центар Жупа и Маврово-Ростуше и за членови на Советот на Тетово appeared first on Република.

]]>

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница го утврди распоредот на кандидатите на гласачко ливче за изборот на градоначалници на општините Центар Жупа и Маврово-Ростуше, како и за членови на Советот на Општина Тетово, преку влечење на жрепка од страна на овластените претставници на партиите и групите избирачи. Под број еден на гласачките ливчиња ќе бидат кандидатите за градоначници на Центар Жупа и на Маврово-Ростуше на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ, под број два на Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, а под број три на Демократска партија на Турците во Македонија (ДПТМ). На гласачкото ливче за избор на членови на тетовскиот општински Совет под бројот еден ќе биде листата на коалицијата предводена од СДСМ, а под бројот два на ВМРО-ДПМНЕ. Под бројот три е ДПА, под четири е Политичката партија ИНТЕГРА, а под бројот пет Група избирачи Агрон Заими. Под бројот шест е Алтернатива, под седум е листата на Алијансата за Албанците, а под бројот осум е Движењето БЕСА. Листата на ДПТМ ќе биде под бројот девет, а Групата избирачи Елмедина Абдулаи ќе биде под бројот 10. Листата на ДУИ ќе се најде на кандидатското ливче под бројот 11, на Партијата за целосна еманципација на Ромите под број 12, а на Левица ќе биде 13-та. Исто така, на денешната седница преку влечње на жрепка беа утврдени и локации на рекламни паноа и билборди за политичко рекламирање за избори за градоначалник на општините Центар Жупа, Маврово и Ростуше.

The post Утврден редоследот на гласачките ливчиња за избор на градоначалници на Центар Жупа и Маврово-Ростуше и за членови на Советот на Тетово appeared first on Република.

]]>
ДИК ги објави роковите за изборите во Маврово и Ростуше и Центар Жупа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dik-gi-objavi-rokovite-za-izborite-vo-mavrovo-i-rostushe-i-centar-zupa/ Sat, 11 Jun 2022 20:50:13 +0000 https://republika.mk/?p=513995

Државната изборна комисија ги објави роковите за извршување на изборните дејствија за спроведување на избори за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и градоначалник на Општина Центар Жупа што ќе се одржат на 20 август 2022 година.

Борис Кондарко од ДИК рече дека рокот за собирање на потписи од граѓани за кандидати почнува на 20 јуни и трае 15 дена до 4 јули, додека избирачкиот список од страна на ДИК се заклучува најдоцна до 30 јули.

Кандидатските листи за градоначалници се поднесуваат до општинските изборни комисии Маврово Ростуше и Центар Жупа најдоцна до 15 јули, а кандидатските бројки на гласачкото ливче ќе се изберат со жрепка од страна на ДИК најдоцна до 26 јули.

-Изборната кампања започнува на 31.07 значи 31 јули во 0.00 часот вклучувајќи го и денот 31 и  трае заклучно со 18 август до 24.00 часот, 19 август е изборен молк, а денот на гласањето е 20 август, истакна Кондарко.

Членовите во избирачките одбори партиите треба да ги достават до општинските изборни комисии Маврово и Ростуше и Центар Жупа, по претходно известување од страна на ДИК најдоцна до 8 август.

Што се однесува до медиумите кои се заинтересирани за платено политичко рекламирање, должни се да се регистрираат согласно условите на изборниот законик директно во архивата ДИК или по електронски пат најдоцна до 14 јуни, додека рокот за доставување на ценовниците е 16 јуни.

Во однос на медиумите останува во сила упатството за начинот и постапката за потврдување за просечно постигнатата цена за платено политичко рекламирање од 4 февруари 2022 година кои се донесени за повторените општински избори во општината Маврово и Ростуше и општината Центар Жупа.

Со оглед дека изборите беа неуспешни останува истата пресметана цена од тогаш, и затоа ќе остане да важи истото упатство.

The post ДИК ги објави роковите за изборите во Маврово и Ростуше и Центар Жупа appeared first on Република.

]]>

Државната изборна комисија ги објави роковите за извршување на изборните дејствија за спроведување на избори за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и градоначалник на Општина Центар Жупа што ќе се одржат на 20 август 2022 година. Борис Кондарко од ДИК рече дека рокот за собирање на потписи од граѓани за кандидати почнува на 20 јуни и трае 15 дена до 4 јули, додека избирачкиот список од страна на ДИК се заклучува најдоцна до 30 јули. Кандидатските листи за градоначалници се поднесуваат до општинските изборни комисии Маврово Ростуше и Центар Жупа најдоцна до 15 јули, а кандидатските бројки на гласачкото ливче ќе се изберат со жрепка од страна на ДИК најдоцна до 26 јули.
-Изборната кампања започнува на 31.07 значи 31 јули во 0.00 часот вклучувајќи го и денот 31 и  трае заклучно со 18 август до 24.00 часот, 19 август е изборен молк, а денот на гласањето е 20 август, истакна Кондарко.
Членовите во избирачките одбори партиите треба да ги достават до општинските изборни комисии Маврово и Ростуше и Центар Жупа, по претходно известување од страна на ДИК најдоцна до 8 август. Што се однесува до медиумите кои се заинтересирани за платено политичко рекламирање, должни се да се регистрираат согласно условите на изборниот законик директно во архивата ДИК или по електронски пат најдоцна до 14 јуни, додека рокот за доставување на ценовниците е 16 јуни. Во однос на медиумите останува во сила упатството за начинот и постапката за потврдување за просечно постигнатата цена за платено политичко рекламирање од 4 февруари 2022 година кои се донесени за повторените општински избори во општината Маврово и Ростуше и општината Центар Жупа. Со оглед дека изборите беа неуспешни останува истата пресметана цена од тогаш, и затоа ќе остане да важи истото упатство.

The post ДИК ги објави роковите за изборите во Маврово и Ростуше и Центар Жупа appeared first on Република.

]]>
ДИК: Не е исполнета излезноста на изборите за градоначалник во Центар Жупа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dik-ne-e-ispolneta-izleznosta-na-izborite-za-gradonachalnik-vo-centar-zupa/ Wed, 20 Apr 2022 13:34:20 +0000 https://republika.mk/?p=491237

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница изгласа заклучок за конечните резултати од Локалните избори што се спроведоа на 17 април годинава во Општина Центар Жупа, при што беше констатирано дека не е исполнета излезноста на една третина од граѓаните.

На избирачкиот список во Центар Жупа беа запишани 7 077 лица како гласачи, на денот на гласањето излегле да гласаат вкупно 2 120 граѓани, што е 29,96 проценти од вкупно запишаните на територија на општината, а недостасувале 239 гласачи за да бидат успешни изборите.

Согласно законот, ДИК во предвидениот рок ќе ја извести Владата за резултатите од изборите

The post ДИК: Не е исполнета излезноста на изборите за градоначалник во Центар Жупа appeared first on Република.

]]>

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница изгласа заклучок за конечните резултати од Локалните избори што се спроведоа на 17 април годинава во Општина Центар Жупа, при што беше констатирано дека не е исполнета излезноста на една третина од граѓаните. На избирачкиот список во Центар Жупа беа запишани 7 077 лица како гласачи, на денот на гласањето излегле да гласаат вкупно 2 120 граѓани, што е 29,96 проценти од вкупно запишаните на територија на општината, а недостасувале 239 гласачи за да бидат успешни изборите. Согласно законот, ДИК во предвидениот рок ќе ја извести Владата за резултатите од изборите

The post ДИК: Не е исполнета излезноста на изборите за градоначалник во Центар Жупа appeared first on Република.

]]>
Во Центар Жупа повторно не е избран градоначалник поради необезбеден цензус https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-centar-zupa-povtorno-ne-e-izbran-gradonachalnik-poradi-neobezbeden-cenzus/ Mon, 18 Apr 2022 07:09:16 +0000 https://republika.mk/?p=489782

Во општина Центар Жупа на повторените избори за градоначалник не е обезбеден потребниот цензус што значи дека не е избран градоначалник.

Според првичните резултати добиени по електронски пат од општинската изборна комисија Центар Жупа, Државната изборна комисија соопшти дека од 7077 избирачи, на гласање излегле 2120, односно 29.96 отсто. Вкупно 2052 гласачки ливчиња се важечки, додека 68 се неважечки.

ДИК информира дека кандидатот со реден број 1, Шаин Шаќир, предложен од ДНЕТ, освоил вкупно 165 гласа, додека кандидатот со реден број 2, Аријан Ибраим, предложен од ДПТМ, освоил вкупно 1887 гласа.

На денешните избори од вкупно запишаните 7077 лица со право на глас, гласале 2121 лице или 29,97 отсто, со што не е постигнат потребниот цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело. Кандидатот Аријан Ибраим, од Турската демократска партија, освои 1887 гласови или 89,1 отсто, додека Шаин Шаќир од партијата Движење за национално единство на Турците 165 гласови ли 7,78 отсто - изјави синоќа за МИА, Неџип Илјаз, претседател на општинската изборна комисија.

Двајцата кандидати беа во трка за градоначалничката функција и на изборите на 17 октомври минатата година. Тогаш, Ибраим, освои 1.342 гласови или околу 72 отсто а Шаќир 482 гласа или 26 отсто. Вкупната излезност беше 25,77 отсто од тогаш запишаните 7317 гласачи.

Изборниот ден мина без проблеми на сите 16 гласачки места, кои беа отворени во 7 и затворени во 19 часот.

Поради необезбеден цензус во октомври, со одлука на Владата на Македонија на 14 ноември Ибраим, кој два мандата е на функцијата, беше наименуван за повереник за надлежностите на градоначалник за оваа општина.

The post Во Центар Жупа повторно не е избран градоначалник поради необезбеден цензус appeared first on Република.

]]>

Во општина Центар Жупа на повторените избори за градоначалник не е обезбеден потребниот цензус што значи дека не е избран градоначалник. Според првичните резултати добиени по електронски пат од општинската изборна комисија Центар Жупа, Државната изборна комисија соопшти дека од 7077 избирачи, на гласање излегле 2120, односно 29.96 отсто. Вкупно 2052 гласачки ливчиња се важечки, додека 68 се неважечки. ДИК информира дека кандидатот со реден број 1, Шаин Шаќир, предложен од ДНЕТ, освоил вкупно 165 гласа, додека кандидатот со реден број 2, Аријан Ибраим, предложен од ДПТМ, освоил вкупно 1887 гласа.
На денешните избори од вкупно запишаните 7077 лица со право на глас, гласале 2121 лице или 29,97 отсто, со што не е постигнат потребниот цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело. Кандидатот Аријан Ибраим, од Турската демократска партија, освои 1887 гласови или 89,1 отсто, додека Шаин Шаќир од партијата Движење за национално единство на Турците 165 гласови ли 7,78 отсто - изјави синоќа за МИА, Неџип Илјаз, претседател на општинската изборна комисија.
Двајцата кандидати беа во трка за градоначалничката функција и на изборите на 17 октомври минатата година. Тогаш, Ибраим, освои 1.342 гласови или околу 72 отсто а Шаќир 482 гласа или 26 отсто. Вкупната излезност беше 25,77 отсто од тогаш запишаните 7317 гласачи. Изборниот ден мина без проблеми на сите 16 гласачки места, кои беа отворени во 7 и затворени во 19 часот. Поради необезбеден цензус во октомври, со одлука на Владата на Македонија на 14 ноември Ибраим, кој два мандата е на функцијата, беше наименуван за повереник за надлежностите на градоначалник за оваа општина.

The post Во Центар Жупа повторно не е избран градоначалник поради необезбеден цензус appeared first on Република.

]]>
Во Центар Жупа повторно не е обезбеден цензус и не е избран градоначалник https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-centar-zupa-povtorno-ne-e-obezbeden-cenzus-i-ne-e-izbran-gradonachalnik/ Sun, 17 Apr 2022 20:32:14 +0000 https://republika.mk/?p=489705

И по денешното повторено гласање, жителите на Општина Центар Жупа не избраа градоначалник. Според изборните штабови на кандидатите, и овој пат не е обезбеден потребниот цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело од 7 077 гласачи.

Од таму додаваат дека на денешното гласање правото го оствариле 29,68 отсто, што е за околу 4 отсто помалку од потребниот цензус.

На Lокалните избори на 17 октомври минатата година право на глас имаа 7 317, а го остварија 25,77 отсто.

Денешниот изборен ден мина без проблеми на сите 16 гласачки места.

За да гласаат беа пристигнати околу 700 иселеници од ова подрачје, кои живеат и работат во Италија.

Во трка за градоначалничката функција, како и на 17 октомври минатата година, беа Аријан Ибраим, предложен од Турската демократска партија, кој довербата од граѓаните ја бараше третпат и Шаин Шаќир од партијата Движење за национално единство на Турците.

The post Во Центар Жупа повторно не е обезбеден цензус и не е избран градоначалник appeared first on Република.

]]>

И по денешното повторено гласање, жителите на Општина Центар Жупа не избраа градоначалник. Според изборните штабови на кандидатите, и овој пат не е обезбеден потребниот цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело од 7 077 гласачи. Од таму додаваат дека на денешното гласање правото го оствариле 29,68 отсто, што е за околу 4 отсто помалку од потребниот цензус. На Lокалните избори на 17 октомври минатата година право на глас имаа 7 317, а го остварија 25,77 отсто. Денешниот изборен ден мина без проблеми на сите 16 гласачки места. За да гласаат беа пристигнати околу 700 иселеници од ова подрачје, кои живеат и работат во Италија. Во трка за градоначалничката функција, како и на 17 октомври минатата година, беа Аријан Ибраим, предложен од Турската демократска партија, кој довербата од граѓаните ја бараше третпат и Шаин Шаќир од партијата Движење за национално единство на Турците.

The post Во Центар Жупа повторно не е обезбеден цензус и не е избран градоначалник appeared first on Република.

]]>
Излезност во Центар Жупа до 11 часот е 8,37 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izleznost-vo-centar-zupa-do-11-chasot-e-8-37-otsto/ Sun, 17 Apr 2022 09:46:43 +0000 https://republika.mk/?p=489509

Денеска, на 16 избирачки места во општина Центар Жупа 7077 запишани избирачи имаат право да гласаат на Изборите за градоначалник на општината.

Според информациите од општинската изборна комисија, на сите 16 избирачки места гласањето се одвива без проблеми.

До 11 часот излезноста на гласачките места во општина Центар Жупа е 8.37%, односно гласале 593 гласачи.

The post Излезност во Центар Жупа до 11 часот е 8,37 отсто appeared first on Република.

]]>

Денеска, на 16 избирачки места во општина Центар Жупа 7077 запишани избирачи имаат право да гласаат на Изборите за градоначалник на општината. Според информациите од општинската изборна комисија, на сите 16 избирачки места гласањето се одвива без проблеми. До 11 часот излезноста на гласачките места во општина Центар Жупа е 8.37%, односно гласале 593 гласачи.

The post Излезност во Центар Жупа до 11 часот е 8,37 отсто appeared first on Република.

]]>
Изборната кампања за градоначалник на Маврово Ростуше и Центар Жупа почнува на 12 март https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izbornata-kampanja-za-gradonachalnik-na-mavrovo-rostushe-i-centar-zupa-pochnuva-na-12-mart/ Fri, 04 Feb 2022 18:37:55 +0000 https://republika.mk/?p=454346

Државната изборна комисија вечерва усвои Роковник за изборни дејности за изборите за градоначалник на општините Маврово и Ростуше и градоначалник на Центар Жупа.

Членот на ДИК, Борис Кондарко, во своето образложение истакна дека Изборниот список ќе биде ставен на увид од 19 февруари до 10 март, односно наведе дека овој список ќе биде ставен на увид во сите подрачни одделенија на ДИК и на веб страницата.

Собирањето на потписи на граѓани за кандидирање на кандидати за градоначалник во овие две општини ќе започне на 13 февруари и ќе трае до 27 февруари. Предлагањето на листи на кандидати од страна на политичките парти или независни листи на кандидати со собрани потписи до Општинските изборни комисии Маврово и Ростуше и Центар Жупа ќе може да се врши заклучно до 12 март. Изборната кампања за првиот круг започнува на 28 март и трае заклучно со 15 април, објасни Кондарко.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска го потпиша решението за распишување на избори за градоначалник на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа кои треба да се одржат на 17 април.

The post Изборната кампања за градоначалник на Маврово Ростуше и Центар Жупа почнува на 12 март appeared first on Република.

]]>

Државната изборна комисија вечерва усвои Роковник за изборни дејности за изборите за градоначалник на општините Маврово и Ростуше и градоначалник на Центар Жупа. Членот на ДИК, Борис Кондарко, во своето образложение истакна дека Изборниот список ќе биде ставен на увид од 19 февруари до 10 март, односно наведе дека овој список ќе биде ставен на увид во сите подрачни одделенија на ДИК и на веб страницата. Собирањето на потписи на граѓани за кандидирање на кандидати за градоначалник во овие две општини ќе започне на 13 февруари и ќе трае до 27 февруари. Предлагањето на листи на кандидати од страна на политичките парти или независни листи на кандидати со собрани потписи до Општинските изборни комисии Маврово и Ростуше и Центар Жупа ќе може да се врши заклучно до 12 март. Изборната кампања за првиот круг започнува на 28 март и трае заклучно со 15 април, објасни Кондарко. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска го потпиша решението за распишување на избори за градоначалник на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа кои треба да се одржат на 17 април.

The post Изборната кампања за градоначалник на Маврово Ростуше и Центар Жупа почнува на 12 март appeared first on Република.

]]>