Центар за култура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/centar-za-kultura/ За подобро да се разбереме Tue, 29 Oct 2024 12:24:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Центар за култура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/centar-za-kultura/ 32 32 Распишан конкурсот за најдобра поема „Григор Прличев“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/raspishan-konkursot-za-najdobra-poema-grigor-prlichev/ Tue, 29 Oct 2024 12:24:53 +0000 https://republika.mk/?p=832057

Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид го распиша годинешниот конкурс за најдобра поема што традиционално се објавува во знак на сеќавање на ликот и делото на големиот охридски поет и преродбеник.

Според пропозициите на конкурсот, пријавувањето на авторски трудови ќе трае заклучно со 26 ноември, со досега необјавени поеми на слободно избрана тема.

-Тематската содржина на поемата со која што се конкурира е од слободен карактер, поемата не смее да биде помала од 912 стихови и секој педесетти стих треба да е нумериран. Делото треба да е напишано со големина на фонт минимум 11 (единаесет), испечатено еднострано на А4 формат во 4 (четири) еднакви шифрирани примероци. На конкурсот еден автор може да пријави само едно дело, коавторски дела се неприфатливи. Конкурсот е анонимен, а за најдобрата поема предвидена е и парична награда, се наведува во објавениот конкурс.

За изборот односно наградата одлучува тричлено жири составено од реномирани автори од РСМ.

Сите заинтересирани автори кои сакаат да учествуваат на конкурсот треба да испратат необјавена поема на адреса НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, ул. „Македонски просветители” бр. 4, 6000 Охрид, со назнака „Пријава за избор на најдобра поема „Григор Прличев за 2021 година”.

Поемите кои нема да пристигнат до определениот рок или нема да ги исполнуваат условите од истиот нема да бидат земени предвид за наградата. Комисијата согласно Правилникот за критериумите и постапката за избор на најдобра поема, ќе ги извести авторите што поднеле уредна апликација за резултатите од изборот.

Наградата на лауреатот ќе му биде доделена во рамки на Манифестацијата „Прличеви беседи“ што секоја година се одржува на почетокот на февруари во знак на одбележување на годишнината од смртта на македонскиот книжевен великан Григор Прличев.

The post Распишан конкурсот за најдобра поема „Григор Прличев“ appeared first on Република.

]]>

Изложбата „Мантра на љубовта“ на дела од Маја Андонова Јокиќ од вечерва во Центарот за култура во Крива Паланка https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhbata-mantra-na-lubovta-na-dela-od-maja-andonova-jokik-od-vecherva-vo-tsentarot-za-kultura-vo-kriva-palanka/ Tue, 13 Aug 2024 11:00:48 +0000 https://republika.mk/?p=806123

Вечерва во НУ Центар за култура во Крива Паланка, со почеток во 20:00 часот, во рамките на Кривопаланечко културно лето, ќе биде отворена изложбата на ликовни дела од Маја Андонова Јокиќ со наслов Мантра на љубовта.

Делата ги доловуваат малите моменти од денот,љубовта,промените во општеството.

Маја Андонова Јокиќ – трагач по одговори за човековата душа, вљубеник во јогата, зајдисонцата, изгрејсонцата, облаците, доживувања што будат, емоции…

The post Изложбата „Мантра на љубовта“ на дела од Маја Андонова Јокиќ од вечерва во Центарот за култура во Крива Паланка appeared first on Република.

]]>

Вечерва во НУ Центар за култура во Крива Паланка, со почеток во 20:00 часот, во рамките на Кривопаланечко културно лето, ќе биде отворена изложбата на ликовни дела од Маја Андонова Јокиќ со наслов Мантра на љубовта. Делата ги доловуваат малите моменти од денот,љубовта,промените во општеството.   Маја Андонова Јокиќ – трагач по одговори за човековата душа, вљубеник во јогата, зајдисонцата, изгрејсонцата, облаците, доживувања што будат, емоции…

The post Изложбата „Мантра на љубовта“ на дела од Маја Андонова Јокиќ од вечерва во Центарот за култура во Крива Паланка appeared first on Република.

]]>
Изработен проект за идниот модерен простор на Центарот за култура во Крива Паланка https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izraboten-proekt-za-idniot-moderen-prostor-na-tsentarot-za-kultura-vo-kriva-palanka/ Thu, 24 Aug 2023 08:17:40 +0000 https://republika.mk/?p=675222

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска престојуваше во работна посета на Општина Крива Паланка каде што  оствари средба со градоначалникот Сашко Митовски, а присуствуваше и на прес-конференцијата на која беше презентиран проектот за изработка на проектно-техничка документација за реконструкција и адаптација на Центарот за култура.

Костадиновска-Стојчевска на прес-конференцијата потенцираше дека вреднувањето и моќта на културата, како срце на секоја заедница, во Крива Паланка се должи на активното и успешно работење на Националната установа Центар за култура и  Локалната установа Градски музеј.

Според министерката за култура, успешноста на установите во остварувањето на утврдените цели се должи и на соработката меѓу  државната и локалната власт, а тоа се потврдува и со денешната презентација на проектот со кој Центарот за култура треба да прерасне во модерен и динамичен простор во кој ќе се реализираат настани што ќе ја збогатат културната понуда на регионот.

Препознавајќи го значењето на проектот, Општина Крива Паланка доби финансиска поддршка 800 000 денари преку Програмата за користење средства за капитални дотации за единиците на локалната самоуправа во областа на културата. Ова е одличен пример дека со добар план и стратегија, локалната и централната власт може и треба да соработуваат за да ги остваруваат потребите и интересите на граѓаните“, рече министерката за култура.

Таа додаде дека проектот вклучува широк спектар активности, како: реконструкција на постојната концертна сала, реконструкција и адаптација на влезниот хол на салата, реконструкција и офоморување на нова мултифункционална сала за мали камерни концерти, промоции, семинари, реконструкција, адаптација и опремување на библиотеката, инсталација на системи за греење и за ладење, нова аудио- и видеоопрема, инсталација на системи за сценски и светлосни ефекти и друго.

Според Костадиновска-Стојчевска, идните проектанти ќе имаат обемна, содржајна и сеопфатна работа со цел подобрување на состојбите во оваа национална установа како во делот на условите за изведувачките активности така и во делот на пообрување на условите за творење и создавање  дела од локалните творци.

Во целост, проектот претставува сериозен стимул за унапредување на состојбите во културата во овој регион. Затоа, чувствувам особено задоволство што преку овие капитални дотации поддржуваме локални проекти и иницијативи кои им даваат можност на граѓаните да се вклучат и да уживаат во културните активности“, потенцираше Костадиновска-Стојчевска.

Таа потсети дека Министерството за култура во Годишната програма за 2023 г. поддржа голем број проекти на НУ Центар за култура Крива Паланка, на Градскиот музеј, како и за: работа на фолклорните анамбли во градот, Ликовната колонија „Св. Јоаким Осоговски“, детскиот фестивал „Распеано симитче“ и Музичкиот фестивал „Џој-фест“.

На крајот, министерката за култура упати голема благодарност до градоначалникот Сашко Митовски и до сите вклучени, за посветената работа во областа на културата и за заложбите за културен развој на Општина Крива Паланка.

Костадиновска-Стојчевска ги посети и Градскиот музеј и кривопаланечката тврдина – Кале каде што директорот на музејот Драган Величковски ја запозна со плановите и можностите за негова стручна валоризација.

The post Изработен проект за идниот модерен простор на Центарот за култура во Крива Паланка appeared first on Република.

Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани добива целосно нов изглед, инвестирани над 26 милиони денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/centarot-za-kultura-beli-mugri-vo-kochani-dobiva-celosno-nov-izgled-investirani-nad-26-milioni-denari/ Fri, 04 Nov 2022 09:56:46 +0000 https://republika.mk/?p=569476

Преку програмите за изградба на нови објекти и реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата, досега се инвестирани над 26 милиони денари за реконструкција на Центарот за култура во Кочани.

Проектната документација е целосно обезбедена и завршена во 2016 година. Реконструкцијата на објектот на НУ ЦК „Бели мугри“ во Кочани е започната во 2018 година со изведба на фазата за реконструкција на покривот, реконструкција на фасадата и промена на фасадната столарија. Со реализацијата на оваа фаза, извршена е комплетна изведба на енергетски ефикасна фасада и изолација на објектот. Нам, како Влада, приоритет ни е сите културни центри, кои со години биле запоставени, во континуитет да се реконструираат, а со тоа ќе се подобри работата на културните работници и ќе се збогати културно-забавниот живот на граѓаните – рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, која беше на увид во Кочани.

Таа, при увидот, додаде дека реконструкцијата на објектот продолжи во 2021 година кога беше започната реконструкцијата на гледалиштето во внатрешноста на објектот. Oваа фаза се реализираше со средства во износ над 3 милиони денари.

Во согласност со планот за реконструкција за оваа 2022 година, предвидени се 16 милиони денари, а заклучно со октомври се реализирани над 8 и пол милиони денари, а во тек е реализацијата на уште еден договор кој се однесува на набавка и монтажа на седишта во гледалиштето, кој е во вредност од над 7 милиони денари и се очекува до крајот на годинава да биде реализиран целосно – вели министерката за култура.

– Во текот на следната година, со реконструкција на системот за греење и ладење во објектот, на делови од електричната инсталација, реконструкција на сцената и на административниот и техничкиот простор од објектот, ќе се изврши целосна реализација на предвидениот проект за реконструкција на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани – рече за крај министерката за култура.

The post Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани добива целосно нов изглед, инвестирани над 26 милиони денари appeared first on Република.

Мозаични фонтани го красат Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mozaichni-fontani-go-krasat-centarot-za-kultura-aco-shopov-vo-shtip/ Thu, 14 Apr 2022 07:52:49 +0000 https://republika.mk/?p=488228

Со изработката на мозаик од вредните раце на учениците од штипските основни училишта, просторот пред Центарот за култура „Ацо Шопов“ добива нов лик. Директорот НУ Центар за култура „Ацо Шопов“-Штип, Горан Трајков ги повика граѓаните во петок на отворањето на мозаичните фонтани.

Ја имаме честа да ги поканиме граѓаните во петок во 12 часот да додјат на отворањето на нашите мозаични фонтани кои ги изработија учениците од основните училишта под менторство на Александра Димитрова и Верче Наумова. Ние се надеваме дека овие мозаични фонтани кои ги работеа макотрпно два месеци ќе помогнат во обновувањето на сјајо на центарот за култура, вели Трајков.

По поставувањето на мозаичните фонтани ќе се уредува и фасадата на Центарот за култура, исто со изработки од мозаик. Овој проект ќе се работи до јули годинава. Проектот е предвидено да трае нешто повеќе од два месеци и да се создаде нов лик на фасадата на најголемата културна институција.

The post Мозаични фонтани го красат Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип appeared first on Република.

Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани доби 15 милиони денари за реконструкција на големата салa https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/centarot-za-kultura-beli-mugri-vo-kochani-dobi-15-milioni-denari-za-rekonstrukcija-na-golemata-sala/ Mon, 21 Feb 2022 07:53:36 +0000 https://republika.mk/?p=461240

Националната установа Центар за култура „Бели мугри“ од Кочани и годинава влезе во програмата за инвестиции на Министерството за култура, од каде доби 15 милиони денари за довршување на реконструкцијата на внатрешноста.
Со финсиската поддршка целосно ќе се обнови сценскиот простор и опремата во големата сала, а ќе се заменат и електричната инсталација и затоплувањето.

Се очекува градежните работи да завршат до крајот на оваа година, со што објектот повторно ќе биде ставен во функција. Според проектот, досегашното затоплување за кое се користеше јаглен, ќе се замени со топлотни пумпи, а целосно ќе биде обновена електриката, машинскиот дел и столовите во салата. Реконструкцијата на озвучувањето и осветлувањето на сцената е предвидено за идната година, истакна в.д. директорката на НУЦК „Бели мугри“, Ана Поп Михаилова.

Пред реконструкцијата на внатрешноста, вo 2020 година целосно беше обновена фасадата на објектот, за што од Министерството за култура беа добиени околу 14 милиони денари.

Од НУЦК „Бели мугри“ истакнаа дека за програма за работа за оваа година се обезбедени над 1,2 милиони денари, што е зголемување за четири пати. Со средствата ќе се реализираат девет проекти во областа на визуелните уметности, архитектура и дизајн, по три проекти во драмската, музичката и библиотечната, а два проекта се во сценско-музичката дејност.

The post Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани доби 15 милиони денари за реконструкција на големата салa appeared first on Република.

]]>

Националната установа Центар за култура „Бели мугри“ од Кочани и годинава влезе во програмата за инвестиции на Министерството за култура, од каде доби 15 милиони денари за довршување на реконструкцијата на внатрешноста. Со финсиската поддршка целосно ќе се обнови сценскиот простор и опремата во големата сала, а ќе се заменат и електричната инсталација и затоплувањето.
Се очекува градежните работи да завршат до крајот на оваа година, со што објектот повторно ќе биде ставен во функција. Според проектот, досегашното затоплување за кое се користеше јаглен, ќе се замени со топлотни пумпи, а целосно ќе биде обновена електриката, машинскиот дел и столовите во салата. Реконструкцијата на озвучувањето и осветлувањето на сцената е предвидено за идната година, истакна в.д. директорката на НУЦК „Бели мугри“, Ана Поп Михаилова.
Пред реконструкцијата на внатрешноста, вo 2020 година целосно беше обновена фасадата на објектот, за што од Министерството за култура беа добиени околу 14 милиони денари. Од НУЦК „Бели мугри“ истакнаа дека за програма за работа за оваа година се обезбедени над 1,2 милиони денари, што е зголемување за четири пати. Со средствата ќе се реализираат девет проекти во областа на визуелните уметности, архитектура и дизајн, по три проекти во драмската, музичката и библиотечната, а два проекта се во сценско-музичката дејност.

The post Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани доби 15 милиони денари за реконструкција на големата салa appeared first on Република.

]]>
Отворен мултикултурниот центар ,,Коста Србакоски“ во Вевчани https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/otvoren-multikulturniot-centar-kosta-srbakoski-vo-vevchani/ Wed, 12 Jan 2022 14:35:27 +0000 https://republika.mk/?p=443792

Постојат личности кои со своето големо и несекојдневно дело, со својот надчовечки труд, лична храброст и напор, успеале да ги натфрлат вековите, засекогаш вгнездувајќи се во најсветлите анали на народната меморија!, рече меѓу другото градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски на денешното свечено отворање на мултикултурниот центар „Коста Србакоски“.

Постојат и настани кои заради нивното далекусежно значење, претставуваат моќен сведок за славни херојски времиња кога народот цврсто обединет под знамето на доброто ги извојувал најголемите победи!

Таквите личности не се некакви имагинарни ликови што постојат само во книжевните дела или пак се особеност само на некои далечни историски периоди или пак само на некои други заедници.

Напротив!

И ова свето место, овој наш роден крај - каде Господ ги излеал своите најголеми дарови – има чест и гордост да сведочи за човек кој го посвети целиот свој живот за остварување на длабоко хуманиот, вонвременскиот и секогаш современ вевчански идеал, одважно водејќи тешки долгогодишни битки од полза за нашето Вевчани!

Како вистинска драгоцена реткост - како најсјаен бисер на колективното народно богатство - предводејќи го народот на Вевчани, овој човек прерасна во вистински народен трибун чиј лик и дело буди неизмерна количина на восхит, на силни емоции, на голема радост, на љубов... и на солзи!

Затоа, денес, на денот кога одбележуваме 30 години од создавањето на вевчанската република која беше негов производ, со гордост објавуваме дека реновираниот објект на старата училишна зграда гордо во децениите што следуваат ќе го носи името на КОСТА СРБАКОСКИ!

Драги пријатели,

Оваа институција е производ на една длабока визија, на Вевчани да му се подари место во кое ќе пулсира оптимизмот, напредокот и развојот на нашата заедница!

Истовремено, оваа институција е производ и на силната и длабоко човечка потреба оваа заедница искрено да му се заблагодари и да му се оддолжи на КОСТА СРБАКОСКИ – БЕЗ СОМНЕНИЕ – НАЈВАЖНАТА ЛИЧНОСТ ВО НАШАТА НАЈНОВА ВЕВЧАНСКА ИСТОРИЈА!

Овие две премиси денес се отелотворуваат како вистина и како чест за да сведочат за секогаш дека нема ништо посвето и не постои ништо позначајно од добрата мисла и од личната храброст да се даде сé за иднината, за просперитетот и за развојот на оваа грутка македонска земја која нé родила и во која живееме!

Во духот на единството и на космополитизмот на Коста Србакоски, сакам да изразам голема благодарност и за единството што беше манифестирано во Советот на општина Вевчани кога советниците од сите политички партии едногласно ја поддржа оваа моја идеја, на седницата што ја одржавме на 15 декември 2022 година.

Така како што заеднички беше реализирана оваа дамнешна идеја за осовременување на просторот во кој некогаш работеше и самиот Коста, така нека биде прифатен од сите аманетот да го сочуваме, унапредиме и развиваме новиот мултикултурен центар, како и ликот и делото на Коста Србакоски.

Драги пријатели,

Идејата за создавањето на грандиозниот објект започна да се реализира во 2015 година кога беше изработен идејниот проект и беше успешно завршен сложениот процес на апликација и конечно одобрување на средствата за негово адаптирање, реновирање и осовременување!

Денес, пак, седум години подоцна, со чувство на голема гордост, го објавувам пуштањето во употреба на „Мултикултурниот центар Коста Србакоски“!

Станува збор за модерен мултифункционален објект со корисна површина од 1400 м2.

Во него се веќе опремени големата конгресна сала, повеќе сали за семинари, музејски простории, просторија со опреми за функционално уредување на мултимедијален туристички центар, како и простории со други придружни, главно спортски содржини.

Сé на сé, станува збор за еден – во вистинска смисла - модерен објект кој во себе ги задржал архитектонските обележја за да биде споменик на неговите градители, но истовремено има добиено и нова функција, соодветно на новите потреби.

Меѓутоа, овој простор ќе ја добие својата вистинска смисла и значење само тогаш кога во целост ќе пулсираат сите негови содржини.

Свесни за тој факт, како нова општинска администрација, уште од првиот ден, воспоставивме контакти со амбасади на големи и важни држави.

Дел од нив ќе бидат наши гости за време на деновите од карневалот и ќе имаат можност одблизу да се запознаат со капацитетите на „Мултикултурниот центар Коста Србакоски“!

Заеднички интензивно работиме за да креираме содржини кои ќе му дадат вистинска смисла и важност на овој објект!

Имаме големи планови и веруваме дека ќе успееме!

Знам дека на Вевчани му подаруваме уште една знаменитост која дополнително ќе ја зајакне и ќе ја унапреди вредноста на ова наше вековно место.

Драги пријатели,

Да создаваме дела и да го јакнеме единството бидејќи само така ќе можеме да кажеме дека сме го исполниле аманетот на нашите предци!

Да го јакнеме и љубоморно да го чуваме вевчанскиот идеал, барем приближно онака како што тоа го правеше Коста Србакоски.

Да продолжиме да бидеме место кое е пример во залагањата за уште повеќе слобода и за уште повеќе демократија, така како што веруваше Коста Србакоски.

Колку што е значајна оваа градба, толку нека биде значајно делото на овој претставник на најдоброто од Вевчани.

Колку што ќе биде корисна и од полза оваа институција која започна да постои, толку нека биде големо и долговечно сеќавањето на најголемиот современ трибун на Вевчани.

Колку што ќе биде потрошен труд за да се исполни во целост мисијата на Мултикултурниот центар, толку многу и уште повеќе нека се шири во светот вистината за големото дело на Коста Србакоски.

Да се сеќаваме на најдоброто од нас и да продолжиме да ги испишуваме најсветлите страници на вевчанската историја.

Да си подадеме рака и заедно да освојуваме нови врвови на развојот, на слободата и на демократијата.

Да гледаме храбро напред, следејќи го примерот на сите знајни и незнајни Вевчанци кои се вградија во темелите на Вевчани.

Нека се раѓаат најдобрите идеи во овој објект кој денес го пуштаме во употреба и нека биде вечен споменот за Коста Србакоски!

Голема благодарност изразувам за:

- Изложбата на уметнички слики од Аница Ќитаноска, Никола Угриноски и Владимир Младеноски;

- За културно уметничкиот програм на КУД ,,Дримкол“ – Вевчани.

The post Отворен мултикултурниот центар ,,Коста Србакоски“ во Вевчани appeared first on Република.

]]>

Постојат личности кои со своето големо и несекојдневно дело, со својот надчовечки труд, лична храброст и напор, успеале да ги натфрлат вековите, засекогаш вгнездувајќи се во најсветлите анали на народната меморија!, рече меѓу другото градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски на денешното свечено отворање на мултикултурниот центар „Коста Србакоски“.

Постојат и настани кои заради нивното далекусежно значење, претставуваат моќен сведок за славни херојски времиња кога народот цврсто обединет под знамето на доброто ги извојувал најголемите победи!
Таквите личности не се некакви имагинарни ликови што постојат само во книжевните дела или пак се особеност само на некои далечни историски периоди или пак само на некои други заедници. Напротив! И ова свето место, овој наш роден крај - каде Господ ги излеал своите најголеми дарови – има чест и гордост да сведочи за човек кој го посвети целиот свој живот за остварување на длабоко хуманиот, вонвременскиот и секогаш современ вевчански идеал, одважно водејќи тешки долгогодишни битки од полза за нашето Вевчани! Како вистинска драгоцена реткост - како најсјаен бисер на колективното народно богатство - предводејќи го народот на Вевчани, овој човек прерасна во вистински народен трибун чиј лик и дело буди неизмерна количина на восхит, на силни емоции, на голема радост, на љубов... и на солзи! Затоа, денес, на денот кога одбележуваме 30 години од создавањето на вевчанската република која беше негов производ, со гордост објавуваме дека реновираниот објект на старата училишна зграда гордо во децениите што следуваат ќе го носи името на КОСТА СРБАКОСКИ! Драги пријатели, Оваа институција е производ на една длабока визија, на Вевчани да му се подари место во кое ќе пулсира оптимизмот, напредокот и развојот на нашата заедница! Истовремено, оваа институција е производ и на силната и длабоко човечка потреба оваа заедница искрено да му се заблагодари и да му се оддолжи на КОСТА СРБАКОСКИ – БЕЗ СОМНЕНИЕ – НАЈВАЖНАТА ЛИЧНОСТ ВО НАШАТА НАЈНОВА ВЕВЧАНСКА ИСТОРИЈА! Овие две премиси денес се отелотворуваат како вистина и како чест за да сведочат за секогаш дека нема ништо посвето и не постои ништо позначајно од добрата мисла и од личната храброст да се даде сé за иднината, за просперитетот и за развојот на оваа грутка македонска земја која нé родила и во која живееме! Во духот на единството и на космополитизмот на Коста Србакоски, сакам да изразам голема благодарност и за единството што беше манифестирано во Советот на општина Вевчани кога советниците од сите политички партии едногласно ја поддржа оваа моја идеја, на седницата што ја одржавме на 15 декември 2022 година. Така како што заеднички беше реализирана оваа дамнешна идеја за осовременување на просторот во кој некогаш работеше и самиот Коста, така нека биде прифатен од сите аманетот да го сочуваме, унапредиме и развиваме новиот мултикултурен центар, како и ликот и делото на Коста Србакоски. Драги пријатели, Идејата за создавањето на грандиозниот објект започна да се реализира во 2015 година кога беше изработен идејниот проект и беше успешно завршен сложениот процес на апликација и конечно одобрување на средствата за негово адаптирање, реновирање и осовременување! Денес, пак, седум години подоцна, со чувство на голема гордост, го објавувам пуштањето во употреба на „Мултикултурниот центар Коста Србакоски“! Станува збор за модерен мултифункционален објект со корисна површина од 1400 м2. Во него се веќе опремени големата конгресна сала, повеќе сали за семинари, музејски простории, просторија со опреми за функционално уредување на мултимедијален туристички центар, како и простории со други придружни, главно спортски содржини. Сé на сé, станува збор за еден – во вистинска смисла - модерен објект кој во себе ги задржал архитектонските обележја за да биде споменик на неговите градители, но истовремено има добиено и нова функција, соодветно на новите потреби. Меѓутоа, овој простор ќе ја добие својата вистинска смисла и значење само тогаш кога во целост ќе пулсираат сите негови содржини. Свесни за тој факт, како нова општинска администрација, уште од првиот ден, воспоставивме контакти со амбасади на големи и важни држави. Дел од нив ќе бидат наши гости за време на деновите од карневалот и ќе имаат можност одблизу да се запознаат со капацитетите на „Мултикултурниот центар Коста Србакоски“! Заеднички интензивно работиме за да креираме содржини кои ќе му дадат вистинска смисла и важност на овој објект! Имаме големи планови и веруваме дека ќе успееме! Знам дека на Вевчани му подаруваме уште една знаменитост која дополнително ќе ја зајакне и ќе ја унапреди вредноста на ова наше вековно место. Драги пријатели, Да создаваме дела и да го јакнеме единството бидејќи само така ќе можеме да кажеме дека сме го исполниле аманетот на нашите предци! Да го јакнеме и љубоморно да го чуваме вевчанскиот идеал, барем приближно онака како што тоа го правеше Коста Србакоски. Да продолжиме да бидеме место кое е пример во залагањата за уште повеќе слобода и за уште повеќе демократија, така како што веруваше Коста Србакоски. Колку што е значајна оваа градба, толку нека биде значајно делото на овој претставник на најдоброто од Вевчани. Колку што ќе биде корисна и од полза оваа институција која започна да постои, толку нека биде големо и долговечно сеќавањето на најголемиот современ трибун на Вевчани. Колку што ќе биде потрошен труд за да се исполни во целост мисијата на Мултикултурниот центар, толку многу и уште повеќе нека се шири во светот вистината за големото дело на Коста Србакоски. Да се сеќаваме на најдоброто од нас и да продолжиме да ги испишуваме најсветлите страници на вевчанската историја. Да си подадеме рака и заедно да освојуваме нови врвови на развојот, на слободата и на демократијата. Да гледаме храбро напред, следејќи го примерот на сите знајни и незнајни Вевчанци кои се вградија во темелите на Вевчани. Нека се раѓаат најдобрите идеи во овој објект кој денес го пуштаме во употреба и нека биде вечен споменот за Коста Србакоски!   Голема благодарност изразувам за: