Центар училиште Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/centar-uchilishte/ За подобро да се разбереме Fri, 11 Feb 2022 11:04:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Центар училиште Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/centar-uchilishte/ 32 32 77 прочистувачи за воздух во основните училишта во Центар https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/77-prochistuvachi-za-vozduh-vo-osnovnite-uchilishta-vo-centar/ Fri, 11 Feb 2022 11:04:39 +0000 https://republika.mk/?p=457152

Општина Центар достави 77 прочистувачи за воздух во седум основни училишта во општината. Денеска, градоначалникот Горан Герасимовски, со претставници од општинските служби, достави 11 прочистувачи на воздух во ООУ „Коле Неделковски“.

Прочистувачите во сите основни училишта ќе бидат поставени во училниците каде се одржува одделенска настава, со што се обезбедува здрав и квалитетен воздух за учениците.

Прочистувачите за воздух кои денеска се доставуваат во основните училишта ќе придонесат за слободно извршување на секојдневните задачи на учениците, како и нивна помала изложеност на загадениот воздух и штетните честички. Здравјето е непроценлива вредност за секој човек, затоа Општина Центар има за приоритет да го зачува кај сите граѓани, особено на младите. Прочистувачите за воздух имаат позитивни ефекти со кои ги редуцираат вирусите и бактериите, спречуваат настанување на мувла и влага по ѕидовите и со нивно користење учениците ќе добијат поквалитетен и поздрав воздух во просториите, изјави Герасимовски.

Општина Центар достави прочистувачи за воздух во училиштата „Гоце Делчев“, „Коле Неделковски“, „Кочо Рацин“, „Киро Глигоров“, „Димитар Миладинов“, „Ј.К.Песталоци“ и „11 Октомври“, додека „Св. Кирил и Методиј“ веќе има прочистувачи за воздух во сите простории.

Претходно, општината обезбеди прочистувачи за воздух за сите 3 градинки и 8 објекти-клонови, во висина од 1.600.000 денари преку програмата за животна средина при Министерство за животна средина и просторно планирање.

The post 77 прочистувачи за воздух во основните училишта во Центар appeared first on Република.

]]>

Општина Центар достави 77 прочистувачи за воздух во седум основни училишта во општината. Денеска, градоначалникот Горан Герасимовски, со претставници од општинските служби, достави 11 прочистувачи на воздух во ООУ „Коле Неделковски“.
Прочистувачите во сите основни училишта ќе бидат поставени во училниците каде се одржува одделенска настава, со што се обезбедува здрав и квалитетен воздух за учениците.
Прочистувачите за воздух кои денеска се доставуваат во основните училишта ќе придонесат за слободно извршување на секојдневните задачи на учениците, како и нивна помала изложеност на загадениот воздух и штетните честички. Здравјето е непроценлива вредност за секој човек, затоа Општина Центар има за приоритет да го зачува кај сите граѓани, особено на младите. Прочистувачите за воздух имаат позитивни ефекти со кои ги редуцираат вирусите и бактериите, спречуваат настанување на мувла и влага по ѕидовите и со нивно користење учениците ќе добијат поквалитетен и поздрав воздух во просториите, изјави Герасимовски.
Општина Центар достави прочистувачи за воздух во училиштата „Гоце Делчев“, „Коле Неделковски“, „Кочо Рацин“, „Киро Глигоров“, „Димитар Миладинов“, „Ј.К.Песталоци“ и „11 Октомври“, додека „Св. Кирил и Методиј“ веќе има прочистувачи за воздух во сите простории. Претходно, општината обезбеди прочистувачи за воздух за сите 3 градинки и 8 објекти-клонови, во висина од 1.600.000 денари преку програмата за животна средина при Министерство за животна средина и просторно планирање.

The post 77 прочистувачи за воздух во основните училишта во Центар appeared first on Република.

]]>