ценовник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cenovnik/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Apr 2024 16:12:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ценовник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cenovnik/ 32 32 Втора јавна објава на ценовник за платено политичко рекламирање на „Република“ https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/vtora-javna-objava-na-tsenovnik-za-plateno-politichko-reklamirane-na-republika/ Fri, 12 Apr 2024 16:12:36 +0000 https://republika.mk/?p=765490

Согласно Изборниот законик и роковникот за извршување на изборните дејствија за претстојните избори, порталот „Република“ ја објавува својата Понуда за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања.

Порталите republika.mk, english.republika.mk, shqip.republika.mk се регистрирани на регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми на Државната изборна комисија.

Во продолжение ценовникот и другите елементи од Понудата за платено политичко рекламирање на „Република“

The post Втора јавна објава на ценовник за платено политичко рекламирање на „Република“ appeared first on Република.

]]>

Согласно Изборниот законик и роковникот за извршување на изборните дејствија за претстојните избори, порталот „Република“ ја објавува својата Понуда за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања. Порталите republika.mk, english.republika.mk, shqip.republika.mk се регистрирани на регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми на Државната изборна комисија. Во продолжение ценовникот и другите елементи од Понудата за платено политичко рекламирање на „Република“

The post Втора јавна објава на ценовник за платено политичко рекламирање на „Република“ appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Дали со блок тарифите на регулаторот следи енергетско „цунами“ за македонскиот народ?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-dali-so-blok-tarifite-na-regulatorot-sledi-energetsko-cunami-za-makedonskiot-narod/ Tue, 07 Jun 2022 11:49:41 +0000 https://republika.mk/?p=512183

Математиката е егзактна наука. Еден плус еден се два, два и два се четири и тоа важи во целиот свет, но не за Бислимоски. И не секогаш во Македонија, особено кога со математика и бројки се занимава картелот од Муртино во спрега со тандемот Ковачевски неговите министри и сопартиjци. Како поинаку да се толкува веселава математика и циркузијада која ја припреми вчера претседателот на Регулаторната комисија за енергетика?! Велат во Фејсбук статус од комисијата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако се направи мала анализа на таа нивна ‘ШАМПИОНСКА’ математика, ќе бидете принудени, сакале или не, да поминете на весела математика. Па така ако почнеме од временскиот период на читање на броилата 35 дена, Бислимоски со тајфата во улога на „перачи на мозоци“ велат дека годишно ќе добивате помалку од 10,5 сметки односно ќе ги „фатите“ дека безобразно лажат. Со калкулатор, хартија и молив, ќе пресметате колку сметки би добиле годишно. Веселата математика околу поскапувањето на електричната енергија и нивните прогнози вели дека струјата ќе била иста или за некои домаќинства и поевтина, но праксата покажува дека тие секогаш се што прогнозирале – промашиле. Па уште и фалбите дека со раздвојување на сметките за дистрибуција и снабдување ќе сме почнеле целосно да го либерализираме пазарот на електрична енергија. Всушност и блок тарифите и раздвојувањето на сметките е трик на Бислимоски, за да не може прецизно да се дефинира процентот на зголемување на електричната енергија од јули 2022 година. А, сигурно ќе биде не помалку од 30 %! „Шампионите“ во енергетиката само пред три години проектираа дека електричната енергија не би надминала 60 еур/MWh до 2040 година, наспроти предвидувањата на цела Енергетска заедница за енормен раст и недостаток на ресурси, за денес да имаме цени од 300 еур/MWh. Можеме да сфатиме кога толкава грешка направиле самонаречените стручњаци на СДС во документот кој го нарекуваа Енергетска Стратегија. Какво цунами ќе предизвика ова поскапување со разорено и уништено домашно производство, со поплавени рудници, со уништени багери и со неодржувани термоелектрани во РЕК Битола. Додека сите енергетски компании во светот бројат милионски профити, неспособноста на СДС и шампионскиот тим од енергетиката ги доведоа сите домашни енергетски компании на раб на блокирани сметки, двојно го зголемија долгот за само неколку месеци од оваа година, живееме на кредити. Последниот удар на граѓаните на Македонија ќе им го зададе „цунамито“ наречено РКЕ и Бислимоски, во спрега со Владата преку т.н. блок тарифи за електрична енергија, истакнуваат од таму.

Посебно ќе биде тешко за оние домаќинства кои се греат на струја, а тоа мора да го прават на струја бидејќи во најголем дел од Македонија нема друг начин за греење. Е, тогаш најдобро ќе се почувствува цунамито на Бислимоски, додаваат од таму.

 

The post ВМРО-ДПМНЕ: Дали со блок тарифите на регулаторот следи енергетско „цунами“ за македонскиот народ?! appeared first on Република.

]]>

Математиката е егзактна наука. Еден плус еден се два, два и два се четири и тоа важи во целиот свет, но не за Бислимоски. И не секогаш во Македонија, особено кога со математика и бројки се занимава картелот од Муртино во спрега со тандемот Ковачевски неговите министри и сопартиjци. Како поинаку да се толкува веселава математика и циркузијада која ја припреми вчера претседателот на Регулаторната комисија за енергетика?! Велат во Фејсбук статус од комисијата на ВМРО-ДПМНЕ. -Ако се направи мала анализа на таа нивна ‘ШАМПИОНСКА’ математика, ќе бидете принудени, сакале или не, да поминете на весела математика. Па така ако почнеме од временскиот период на читање на броилата 35 дена, Бислимоски со тајфата во улога на „перачи на мозоци“ велат дека годишно ќе добивате помалку од 10,5 сметки односно ќе ги „фатите“ дека безобразно лажат. Со калкулатор, хартија и молив, ќе пресметате колку сметки би добиле годишно. Веселата математика околу поскапувањето на електричната енергија и нивните прогнози вели дека струјата ќе била иста или за некои домаќинства и поевтина, но праксата покажува дека тие секогаш се што прогнозирале – промашиле. Па уште и фалбите дека со раздвојување на сметките за дистрибуција и снабдување ќе сме почнеле целосно да го либерализираме пазарот на електрична енергија. Всушност и блок тарифите и раздвојувањето на сметките е трик на Бислимоски, за да не може прецизно да се дефинира процентот на зголемување на електричната енергија од јули 2022 година. А, сигурно ќе биде не помалку од 30 %! „Шампионите“ во енергетиката само пред три години проектираа дека електричната енергија не би надминала 60 еур/MWh до 2040 година, наспроти предвидувањата на цела Енергетска заедница за енормен раст и недостаток на ресурси, за денес да имаме цени од 300 еур/MWh. Можеме да сфатиме кога толкава грешка направиле самонаречените стручњаци на СДС во документот кој го нарекуваа Енергетска Стратегија. Какво цунами ќе предизвика ова поскапување со разорено и уништено домашно производство, со поплавени рудници, со уништени багери и со неодржувани термоелектрани во РЕК Битола. Додека сите енергетски компании во светот бројат милионски профити, неспособноста на СДС и шампионскиот тим од енергетиката ги доведоа сите домашни енергетски компании на раб на блокирани сметки, двојно го зголемија долгот за само неколку месеци од оваа година, живееме на кредити. Последниот удар на граѓаните на Македонија ќе им го зададе „цунамито“ наречено РКЕ и Бислимоски, во спрега со Владата преку т.н. блок тарифи за електрична енергија, истакнуваат од таму. Посебно ќе биде тешко за оние домаќинства кои се греат на струја, а тоа мора да го прават на струја бидејќи во најголем дел од Македонија нема друг начин за греење. Е, тогаш најдобро ќе се почувствува цунамито на Бислимоски, додаваат од таму.  

The post ВМРО-ДПМНЕ: Дали со блок тарифите на регулаторот следи енергетско „цунами“ за македонскиот народ?! appeared first on Република.

]]>
Секоја епархија има свој тарифник, не е исто да се жениш во Скопје или во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sekoja-eparhija-ima-svoj-tarifnik-ne-e-isto-da-se-zenish-vo-skopje-ili-vo-bitola/ Thu, 24 Mar 2022 09:41:52 +0000 https://republika.mk/?p=477561

Засега на ниво на црквата не сме разговарале за генерално покачување на цените на црковните услуги, вели во изјава за „Нова Македонија“, митрополитот дебарско-кичевски и портпарол на Синодот на МПЦ-ОА, г. Тимотеј, откако минатата недела се појави информацијата дека преспанско-пелагониската епархија има нов ценовник.

Црквата ги следи тековите на општествениот живот во земјата. Ако економијата оди во одредена насока, не е исклучено и да се покачат цените на услугите што ги дава и црквата. Сепак, секоја епархија има надлежност да прави промени во финансиското работење и да има свој тарифник – објаснува тој.

Според ценовникот на скопската епархија, на пример, крштевката чини 4.000 денари, од кои половина ги плаќа кумот, а половина родителите на детето што се крштева.

За венчавка со еден свештеник се наплаќа 6.000 денари, а доколку свечениот чин го извршуваат тројца свештеници, се плаќа 7.000 денари. Наплатата се дели на четири дела, односно на кумот, на старосватот и на родителите на невестата и младоженецот.

Опелото за погреб чини 3.000 денари.

Свештениците не им наплаќаат услуги на граѓаните од социјално загрозените категории, како и на оние семејства што имаат повеќе деца.

 

The post Секоја епархија има свој тарифник, не е исто да се жениш во Скопје или во Битола appeared first on Република.

]]>

Засега на ниво на црквата не сме разговарале за генерално покачување на цените на црковните услуги, вели во изјава за „Нова Македонија“, митрополитот дебарско-кичевски и портпарол на Синодот на МПЦ-ОА, г. Тимотеј, откако минатата недела се појави информацијата дека преспанско-пелагониската епархија има нов ценовник.
Црквата ги следи тековите на општествениот живот во земјата. Ако економијата оди во одредена насока, не е исклучено и да се покачат цените на услугите што ги дава и црквата. Сепак, секоја епархија има надлежност да прави промени во финансиското работење и да има свој тарифник – објаснува тој.
Според ценовникот на скопската епархија, на пример, крштевката чини 4.000 денари, од кои половина ги плаќа кумот, а половина родителите на детето што се крштева. За венчавка со еден свештеник се наплаќа 6.000 денари, а доколку свечениот чин го извршуваат тројца свештеници, се плаќа 7.000 денари. Наплатата се дели на четири дела, односно на кумот, на старосватот и на родителите на невестата и младоженецот. Опелото за погреб чини 3.000 денари. Свештениците не им наплаќаат услуги на граѓаните од социјално загрозените категории, како и на оние семејства што имаат повеќе деца.  

The post Секоја епархија има свој тарифник, не е исто да се жениш во Скопје или во Битола appeared first on Република.

]]>