ценовен шок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cenoven-shok/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Dec 2023 08:54:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ценовен шок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cenoven-shok/ 32 32 Бислимовски: Нема да дозволиме ценовен шок https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimovski-nema-da-dozvolime-tsenoven-shok/ Wed, 20 Dec 2023 08:54:18 +0000 https://republika.mk/?p=724746

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски во разговор за МИА вели дека нема да се дозволи ценовен шок и посочува дека посочува дека следната седмица се очекува да ја информираат јавноста околу цената на струјата од 1 јануари 2024 година.

-Цените на струјата секогаш сe актуелни, во изминатиот период повторно бевме соочени со разноразни црни сценарија, колку ќе значи поскапувањето, што ќе значи. Ние ги привршуваме цените во однос на делот за мрежарините, за пренос и за дистрибуција на електрична енергија. Понатака откако ќе ги усвоиме, универзалниот снабдувач треба да ги достави. Очекуваме во текот на следната недела да ја информираме јавноста. Секогаш имаме креативни решенија, нема да има никаков ценовен шок, сè ќе биде во рамките на тоа што може да се очекува, вели Бислимоски.

Тој во своето кажување вели иако компаниите имаат свои трошоци сепак на крај ќе ги разочараат сите експерти со објавување на цената на струјата. Го даде како пример зголемувањето од 27% што го побарале компаниите и кажа дека тие “апсолутно тоа нема да го добијат“.

Ги привршуваме анализите, имаме начин како да го спречиме тоа, ќе воведуваме и надоместок за пристап кон мрежа, којшто најодговорно тврдам дека ќе им помогне на сите потрошувачи во државата, имајќи предвид дека поради поставување на фотоволтаици на кровови и на индустриски капацитети и на домаќинства, потрошувачката ни падна за десетина проценти што прави дополнителен притисок врз цената. Значи, тоа има влијание и не може тие што не поставиле фотоволтаици да плаќаат за тие што поставиле фотоволтаици, вели Бислимоски.

Објаснува дека има 130 илјади домаќинства кои минимално трошат електрична енергија, но трошоците за одржување на мрежите се фиксни секој месец и „не може да плаќаат само тие што трошат, туку има и фиксен трошок“.

Во однос на воведените блок тарифи потенцира дека се покажа дека функционираат и ќе продолжат да функционираат.

Имавме сосема разбирлив притисок од Меѓународниот монетарен фонд, но на крајот се разбравме дека колку и да ги намалиме ние тарифите, толку повеќе ќе се зголемува приходот и со тоа ќе има други непотребни работи коишто треба да се случуваат. Блок тарифите ќе продолжат да функционираат и сега за сега даваат одлични резултати. Најбитно ни беше со блок тарифите да се намали потрошувачката на електрична енергија. Веќе испраќаме и сигнал, тие што се во четврти блок, многу влегуваат во четвртиот блок, можат да си одат на слободен пазар да си набават електрична енергија, објаснува Бислимоски за МИА.

The post Бислимовски: Нема да дозволиме ценовен шок appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски во разговор за МИА вели дека нема да се дозволи ценовен шок и посочува дека посочува дека следната седмица се очекува да ја информираат јавноста околу цената на струјата од 1 јануари 2024 година. -Цените на струјата секогаш сe актуелни, во изминатиот период повторно бевме соочени со разноразни црни сценарија, колку ќе значи поскапувањето, што ќе значи. Ние ги привршуваме цените во однос на делот за мрежарините, за пренос и за дистрибуција на електрична енергија. Понатака откако ќе ги усвоиме, универзалниот снабдувач треба да ги достави. Очекуваме во текот на следната недела да ја информираме јавноста. Секогаш имаме креативни решенија, нема да има никаков ценовен шок, сè ќе биде во рамките на тоа што може да се очекува, вели Бислимоски. Тој во своето кажување вели иако компаниите имаат свои трошоци сепак на крај ќе ги разочараат сите експерти со објавување на цената на струјата. Го даде како пример зголемувањето од 27% што го побарале компаниите и кажа дека тие “апсолутно тоа нема да го добијат“.
Ги привршуваме анализите, имаме начин како да го спречиме тоа, ќе воведуваме и надоместок за пристап кон мрежа, којшто најодговорно тврдам дека ќе им помогне на сите потрошувачи во државата, имајќи предвид дека поради поставување на фотоволтаици на кровови и на индустриски капацитети и на домаќинства, потрошувачката ни падна за десетина проценти што прави дополнителен притисок врз цената. Значи, тоа има влијание и не може тие што не поставиле фотоволтаици да плаќаат за тие што поставиле фотоволтаици, вели Бислимоски.
Објаснува дека има 130 илјади домаќинства кои минимално трошат електрична енергија, но трошоците за одржување на мрежите се фиксни секој месец и „не може да плаќаат само тие што трошат, туку има и фиксен трошок“. Во однос на воведените блок тарифи потенцира дека се покажа дека функционираат и ќе продолжат да функционираат.
Имавме сосема разбирлив притисок од Меѓународниот монетарен фонд, но на крајот се разбравме дека колку и да ги намалиме ние тарифите, толку повеќе ќе се зголемува приходот и со тоа ќе има други непотребни работи коишто треба да се случуваат. Блок тарифите ќе продолжат да функционираат и сега за сега даваат одлични резултати. Најбитно ни беше со блок тарифите да се намали потрошувачката на електрична енергија. Веќе испраќаме и сигнал, тие што се во четврти блок, многу влегуваат во четвртиот блок, можат да си одат на слободен пазар да си набават електрична енергија, објаснува Бислимоски за МИА.
 
The post Бислимовски: Нема да дозволиме ценовен шок appeared first on Република.

]]>
Ако граѓаните ја користат струјата за основни потреби во домаќинството, тогаш ќе нема ценовен шок, вели Ковачевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ako-graganite-ja-koristat-strujata-za-osnovni-potrebi-vo-domakinstvoto-togash-ke-nema-tsenoven-shok-veli-kovachevski/ Mon, 11 Dec 2023 13:47:09 +0000 https://republika.mk/?p=721798

Истакнувајќи дека цената на струјата во државата ја определува Регулаторната комисија за енергетика, Ковачевски посочи дека првиот и вториот тарифен блок опфаќаат до 98 проценти од домаќинствата во државава и за нив, како што рече, „ќе нема никаква промена на цената како што и немаше бидејќи ценовен шок не дозволивме за граѓаните“.

-ретиот и четвртиот блок се помал број домаќинства што имаат поголема потрошувачка на електрична енергија. Во четвртиот блок се домаќинства коишто согласно своите приходи, согласно своите можности загреваат поголеми простории, базени итн. Секој согласно своите можности тоа може да го прави, меѓутоа и ќе плати поскапа цена на електрична енергија бидејќи, да не заборавиме, ние ја субвенционираме до 90 проценти за да немаме ценовен шок, рече Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на новата апаратура за генетика во МАНУ.

Евтината тарифа преку ден, според него, е направена врз основа на пресметка што ја определува просечната потрошувачка на електрична енергија во текот на 24 часа и врз основа на претпоставено зголемување на потрошувачката од 13 д 15 часот на нешто што се правело подоцна или порано.

Голем број на домаќинства во државата имаат пензионери, меѓутоа имаат и лица кои се дома и имаат активности кои побаруваат поголема потрошувачка на електрична енергија како што е готвење, перење, пеглање итн. и ги извршуваат во тие два часа. Такви искуства сме имале и во минатото кога имало евтина тарифа, рече Ковачевски.

Според Ковачевски, нема промена во однос на одлуката за проектот Чебрен. Одлуката, појасни, е донесена од страна на Владата, спроведена од Секторот за законодавство и направена согласно со Законот за концесии и Законот за води.

До овој момент јас во систем не сум видел промена на одлуката, наведе Ковачевски.

The post Ако граѓаните ја користат струјата за основни потреби во домаќинството, тогаш ќе нема ценовен шок, вели Ковачевски appeared first on Република.

Ковачевски: Навремените антикризни мерки ги спречија ценовните шокови и го заштитија стандардот на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-navremenite-antikrizni-merki-gi-sprechija-cenovnite-shokovi-i-go-zashtitija-standardot-na-gragjanite/ Wed, 29 Jun 2022 14:30:48 +0000 https://republika.mk/?p=521168

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски денеска во одговор на пратеничко прашање истакна дека навремените антикризни мерки ги спречија ценовните шокови и го заштитија стандардот на граѓаните.

Како одговорна Влада уште од почетокот на својот мандат носеше антикризни пакети  и мерки кои беа оценети како позитивни и успешни надвор од меѓународните институции и затоа стои во извештајот. Само да ве потсетам во време на ковид кризата беа донесени 6 пакета антикризни мерки од 1,2 милијарди евра, а сега за време на војната во Украина нови пакети антикризни мерки во вредност од 400 милиони евра, дополнително не дозволивме ценовен шок за граѓаните во однос на електричната енергија со оглед на тоа што електричната енергија за сите граѓани беше субвенционирана со 80 проценти од страна на државата, државата треба да им се најде на граѓаните тогаш кога им е најтешко, рече премиерот Ковачевски.

Премиерот Ковачевски истакна дека се презедоа мерки и во однос на ограничувањето на цените и во однос на ригорозни и неселективни контроли во малопродажбата и големопродажбата.

Имаше уште една многу значајна работа, а тоа е зголемувањето на пензиите, порано пензионерите беа користени пред избори за еднократно зголемување на нивните пензии. Она што го ветив кога станав премиер е дека пензионерите нема да бидат ставени во позиција пред избори да им се зголемуваат пензиите туку ќе воведеме методологија која ќе даде вистинско зголемување тогаш кога податоците од Државниот завод за статистика за зголемување на просечната плата и за зголемување на инфлацијата и затоа оваа година која не е и нема да биде изборна година имаме историски најголеми зголемувања на пензиите. Тоа се работи кои време на најголема криза, со домаќинско работење овозможија прво да обезбедиме зголемена минимална плата, зголемена просечна плата, зголемени социјални додатоци и зголемени додатоци за електрична енергија и зголемени субвенции за инвестиции, рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека и во услови на криза продолжуваат странските инвестиции а младинската невработеност која беше 48%, сега е сведена на 28% затоа што сите активности кои се направени и во однос на гаранции и во однос на вработување и обуки на младите се во таа насока и тоа сега го гледаме.

The post Ковачевски: Навремените антикризни мерки ги спречија ценовните шокови и го заштитија стандардот на граѓаните appeared first on Република.

Владата очекува до крајот на годината да се стабилизираат ценовните притисоци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-ochekuva-do-krajot-na-godinata-da-se-stabiliziraat-cenovnite-pritisoci/ Thu, 02 Jun 2022 17:31:30 +0000 https://republika.mk/?p=510379

Она што го направи оваа влада во изминатите четири месеци е повеќе од тоа што некои влади го направиле за 4 години. ВМРО-ДПМНЕ сигурно нема да се согласи, но на крај испаѓало дека за многу работи се согласувале, рече вечерва премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „Само интервју“.

Тој ги оцени како успешни првите 120 дена од функционирањето на неговиот владин кабинет.

Сите мерки кои што беа направени беа детално планирани со консултации со експерти. Чинеа 400 милиони евра или вкупно 615 милиони евра. Се уште е на важност намалувањето на ДДВ-то за електрична енергија. Директни издатоци за пензионерите и поволни каматни стапки. Дел од тие мерки не се укинати, но дел се редизајнираат, поради тоа што пред нас претстои тешка зима. Во моментов работиме на редизајнирање на мерките и да бидат насочени кон најпогодените граѓани од кризата. Не би кажал дека плаќаме повеќе од тоа што се светски цени. Дел од мерките ќе продолжат до крајот на годината, додаде Ковачевски.

Премиерот додаде дека Владата очекува до крајот на годината да се стабилизираат ценовните притисоци.

The post Владата очекува до крајот на годината да се стабилизираат ценовните притисоци appeared first on Република.

]]>

Она што го направи оваа влада во изминатите четири месеци е повеќе од тоа што некои влади го направиле за 4 години. ВМРО-ДПМНЕ сигурно нема да се согласи, но на крај испаѓало дека за многу работи се согласувале, рече вечерва премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „Само интервју“. Тој ги оцени како успешни првите 120 дена од функционирањето на неговиот владин кабинет.
Сите мерки кои што беа направени беа детално планирани со консултации со експерти. Чинеа 400 милиони евра или вкупно 615 милиони евра. Се уште е на важност намалувањето на ДДВ-то за електрична енергија. Директни издатоци за пензионерите и поволни каматни стапки. Дел од тие мерки не се укинати, но дел се редизајнираат, поради тоа што пред нас претстои тешка зима. Во моментов работиме на редизајнирање на мерките и да бидат насочени кон најпогодените граѓани од кризата. Не би кажал дека плаќаме повеќе од тоа што се светски цени. Дел од мерките ќе продолжат до крајот на годината, додаде Ковачевски.
Премиерот додаде дека Владата очекува до крајот на годината да се стабилизираат ценовните притисоци.

The post Владата очекува до крајот на годината да се стабилизираат ценовните притисоци appeared first on Република.

]]>
Со вкупно 615 милиони евра Владата ги амортизираше ценовните шокови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-vkupno-615-milioni-evra-vladata-gi-amortizirashe-cenovnite-shokovi/ Mon, 11 Apr 2022 09:46:57 +0000 https://republika.mk/?p=486645

За амортизирање на ценовните шокови предизвикани од пандемијата и воениот конфликт во Украина, Владата на Република Македонија, издвои речиси 615 милиони евра. Минатата година преземени се мерки за амортизирање на порастот на цените, а годинава дополнително е донесен сет од 26 мерки за поддршка на стандардот на граѓаните и фирмите, но и за финансиска поддршка на фирмите преку Развојната банка, соопшти валдината прес служба.

Благодарение на овие мерки имаме најниска цена на нафта и нафтени деривати во регионот. Ефектите од владините одлуки дадоа резултати. Преку замрзнување на цените на прехранбените производи, а потоа и намалување на данокот на додадена вредност од пет проценти на нула проценти, успеавме да спречиме огромен раст на цените. Дополнително, на основните прехранбени производи се ограничени и малопродажните и големопродажните маржи за заштита на стандардот на граѓаните. Без овие мерки сметките за храна би биле повисоки за 1.500 денари месечно. Дополнително, за ранливите категории граѓани обезбедивме финансиска поддршка од 1.000 денари месечно за да можат да ги покријат своите сметки и ја покачивме минималната плата на 18.000 денари.

Во изминатиот период, Владата сите ресурси ги насочи кон справување со кризата. Со мерките за одржување на ликвидноста на компаниите и ликвидноста на енергетскиот сектор, како држава одлучивме 80 проценти од сметките за електрична енергија да ги субвенционираме. Без овие мерки цената на електрична енергија, односно сметките за струја на граѓаните би биле за 2.150 денари повисоки. доколку не беа ограничувањата на маржите и намалувањето на ДДВ, а нафтените деривати би ги плаќале само по основ на ДДВ, без намалувањето на акцизата, 300 денари повеќе.

Порасна и просечната плата, а во најголемиот дел од секторите во државата во изминатите години платите беа покачени и за над 20 проценти низ изминатите три години. Владата е на чекор од реализација на ветувањето од минимум 30.000 просечна плата, последните податоци покажуваат дека просечната плата изнесува 29.980 денари.

Влогот во стандардот на граѓаните е врвен приоритет, особено во услови на огромна економска криза и Владата ќе продолжи финансиски да ги поддржува граѓаните и компаниите.

The post Со вкупно 615 милиони евра Владата ги амортизираше ценовните шокови appeared first on Република.

]]>

За амортизирање на ценовните шокови предизвикани од пандемијата и воениот конфликт во Украина, Владата на Република Македонија, издвои речиси 615 милиони евра. Минатата година преземени се мерки за амортизирање на порастот на цените, а годинава дополнително е донесен сет од 26 мерки за поддршка на стандардот на граѓаните и фирмите, но и за финансиска поддршка на фирмите преку Развојната банка, соопшти валдината прес служба.  
Благодарение на овие мерки имаме најниска цена на нафта и нафтени деривати во регионот. Ефектите од владините одлуки дадоа резултати. Преку замрзнување на цените на прехранбените производи, а потоа и намалување на данокот на додадена вредност од пет проценти на нула проценти, успеавме да спречиме огромен раст на цените. Дополнително, на основните прехранбени производи се ограничени и малопродажните и големопродажните маржи за заштита на стандардот на граѓаните. Без овие мерки сметките за храна би биле повисоки за 1.500 денари месечно. Дополнително, за ранливите категории граѓани обезбедивме финансиска поддршка од 1.000 денари месечно за да можат да ги покријат своите сметки и ја покачивме минималната плата на 18.000 денари. Во изминатиот период, Владата сите ресурси ги насочи кон справување со кризата. Со мерките за одржување на ликвидноста на компаниите и ликвидноста на енергетскиот сектор, како држава одлучивме 80 проценти од сметките за електрична енергија да ги субвенционираме. Без овие мерки цената на електрична енергија, односно сметките за струја на граѓаните би биле за 2.150 денари повисоки. доколку не беа ограничувањата на маржите и намалувањето на ДДВ, а нафтените деривати би ги плаќале само по основ на ДДВ, без намалувањето на акцизата, 300 денари повеќе. Порасна и просечната плата, а во најголемиот дел од секторите во државата во изминатите години платите беа покачени и за над 20 проценти низ изминатите три години. Владата е на чекор од реализација на ветувањето од минимум 30.000 просечна плата, последните податоци покажуваат дека просечната плата изнесува 29.980 денари. Влогот во стандардот на граѓаните е врвен приоритет, особено во услови на огромна економска криза и Владата ќе продолжи финансиски да ги поддржува граѓаните и компаниите.

The post Со вкупно 615 милиони евра Владата ги амортизираше ценовните шокови appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Власта јавно кажа дека знаеле за агресијата врз Украина пред 4 месеци, што значи дека одговорна власт би се подготвувала за ценовен и економски шок https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-vlasta-javno-kaza-deka-znaele-za-agresijata-vrz-ukraina-pred-4-meseci-shto-znachi-deka-odgovorna-vlast-bi-se-podgotvuvala-za-cenoven-i-ekonomski-shok/ Tue, 08 Mar 2022 09:41:10 +0000 https://republika.mk/?p=469410

Власта јавно кажа дека знаеле за агресијата врз Украина пред 4 месеци, што значи дека одговорна власт би се подготвувала за ценовен и економски шок, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Но, тие пропуштија да се занимаваат со тоа што е најважно за граѓаните, нивниот стандард.
Она што денес се случува во Македонија не е одраз на војната во Украина, туку последица на неспособната Влада. Поскапувањето на бензините е жесток социјален удар врз граѓаните во секој поглед, врз вработените, невработените, земјоделците, индустријата, стопанството.

Не е време за изговори. Владата итно да се откаже од половина од акцизата која ја добива од горивата и да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ кој е заглавен низ собраниските лавиринти за намалување за 50 проценти на акцизата. 43% од цената на бензините се давачки кон државата за секој литар гориво.

Да се намали ДДВ за храна. Наместо 5 проценти даночна стапка за храна, да е нула проценти и бараме за парното да се намали на нула, пишува Мицкоски на Фејсбук.

Тој бара ДДВ-то на електричната енергија до крај на годината да остане на исто ниво на 5%
И многу важно, раст на платите во јавниот сектор преку усогласување на коефициентот на тежина на работната сила со веќе договореното со колективните договори.

Пари во буџетот има, нека престанат да крадат, нека се стопираат непродуктивните трошења, набавките за златни чинии, нека се контролираат јавните трошења, вели Мицкоски.

The post Мицкоски: Власта јавно кажа дека знаеле за агресијата врз Украина пред 4 месеци, што значи дека одговорна власт би се подготвувала за ценовен и економски шок appeared first on Република.

]]>

Власта јавно кажа дека знаеле за агресијата врз Украина пред 4 месеци, што значи дека одговорна власт би се подготвувала за ценовен и економски шок, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Но, тие пропуштија да се занимаваат со тоа што е најважно за граѓаните, нивниот стандард. Она што денес се случува во Македонија не е одраз на војната во Украина, туку последица на неспособната Влада. Поскапувањето на бензините е жесток социјален удар врз граѓаните во секој поглед, врз вработените, невработените, земјоделците, индустријата, стопанството. Не е време за изговори. Владата итно да се откаже од половина од акцизата која ја добива од горивата и да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ кој е заглавен низ собраниските лавиринти за намалување за 50 проценти на акцизата. 43% од цената на бензините се давачки кон државата за секој литар гориво. Да се намали ДДВ за храна. Наместо 5 проценти даночна стапка за храна, да е нула проценти и бараме за парното да се намали на нула, пишува Мицкоски на Фејсбук.
Тој бара ДДВ-то на електричната енергија до крај на годината да остане на исто ниво на 5% И многу важно, раст на платите во јавниот сектор преку усогласување на коефициентот на тежина на работната сила со веќе договореното со колективните договори.
Пари во буџетот има, нека престанат да крадат, нека се стопираат непродуктивните трошења, набавките за златни чинии, нека се контролираат јавните трошења, вели Мицкоски.

The post Мицкоски: Власта јавно кажа дека знаеле за агресијата врз Украина пред 4 месеци, што значи дека одговорна власт би се подготвувала за ценовен и економски шок appeared first on Република.

]]>
Влада: Следат нови мерки за да нема поголем ценовен шок на основните прехранбени производи и на енергенсите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vlada-sledat-novi-merki-za-da-nema-pogolem-cenoven-shok-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi-i-na-energensite/ Mon, 07 Mar 2022 09:21:32 +0000 https://republika.mk/?p=468811

Владата на Република Македонија континуирано ја следи состојбата и со конкретни мерки делува за да се зачува стандардот на граѓаните. Во таа насока во текот на наредните неколку дена јавноста ќе биде информирана за новите пакет мерки за надминување на состојбата во економијата, а со цел да нема поголем ценовен шок на основните прехранбени производи и на енергенсите.

Владата со сите релевантни чинители, синдикати, комори, работодавачи во рамки на Економскиот совет, како и со надворешни експерти ќе дискутира за надминување на актуелната состојба во земјата, како последица на светските случувања кои се прелеваат и кај нас. Секој во својот домен ќе даде свој придонес во однос на согледувањето на  состојбата кои би биле евентуално можни предлози и идеи за натамошни решенија.

Дополнително, Владата синоќа информираше и дека, нема да има промени на сметките за топлинска енергија за домаќинствата.

Со оваа владина одлука се прави измена на Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазар на топлинска енергија.

Со оваа измена се утврдува правен основ за преземање на мерка за финансиска поддршка која ќе им ја надомести разликата на цената на енергенси за топлинската енергија на снабдувачите со топлинска енергија за да се елиминира можноста разликата на цените да падне на товар на потрошувачите на топлинска енергија од категоријата домаќинства.

Мерките кои ќе бидат донесени и во следниот период се за зачувување на стандардот на граѓаните паралелно со растот на минималната плата од 18.000 денари, како и постигнатиот договор за  историскиот раст на пензиите.

Владата со системски решенија се грижи за животниот стандард, особено за оние најранливите, како врвен приоритет.

The post Влада: Следат нови мерки за да нема поголем ценовен шок на основните прехранбени производи и на енергенсите appeared first on Република.

]]>

Владата на Република Македонија континуирано ја следи состојбата и со конкретни мерки делува за да се зачува стандардот на граѓаните. Во таа насока во текот на наредните неколку дена јавноста ќе биде информирана за новите пакет мерки за надминување на состојбата во економијата, а со цел да нема поголем ценовен шок на основните прехранбени производи и на енергенсите. Владата со сите релевантни чинители, синдикати, комори, работодавачи во рамки на Економскиот совет, како и со надворешни експерти ќе дискутира за надминување на актуелната состојба во земјата, како последица на светските случувања кои се прелеваат и кај нас. Секој во својот домен ќе даде свој придонес во однос на согледувањето на  состојбата кои би биле евентуално можни предлози и идеи за натамошни решенија. Дополнително, Владата синоќа информираше и дека, нема да има промени на сметките за топлинска енергија за домаќинствата. Со оваа владина одлука се прави измена на Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазар на топлинска енергија. Со оваа измена се утврдува правен основ за преземање на мерка за финансиска поддршка која ќе им ја надомести разликата на цената на енергенси за топлинската енергија на снабдувачите со топлинска енергија за да се елиминира можноста разликата на цените да падне на товар на потрошувачите на топлинска енергија од категоријата домаќинства. Мерките кои ќе бидат донесени и во следниот период се за зачувување на стандардот на граѓаните паралелно со растот на минималната плата од 18.000 денари, како и постигнатиот договор за  историскиот раст на пензиите. Владата со системски решенија се грижи за животниот стандард, особено за оние најранливите, како врвен приоритет.

The post Влада: Следат нови мерки за да нема поголем ценовен шок на основните прехранбени производи и на енергенсите appeared first on Република.

]]>
Нов ценовен шок: Цигарите во Македонија повторно поскапеа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nov-cenoven-shok-cigarite-vo-makedonija-povtorno-poskapea/ Wed, 16 Feb 2022 11:34:18 +0000 https://republika.mk/?p=459286

Поскапувањето на цигарите беше најавено уште минатиот месец, иако никој од производителите и увозниците на цигари во Македонија официјално не ја потврди таа информација.

Како што кажуваат купувачите, цигарите се поскапени за дури 10 денари.

Вакво нешто се очекуваше со оглед на трендот на зголемување на цените на суровините, репроматеријалите и енергенсите, пред сѐ гасот и електричната енергија, кои имаат значителен удел во производството.

Притисок врз цената на цигарите создава и редовното годишно зголемување на акцизата, која како дополнителна давачка ја воведе државата за да го дестимулира пушењето. Имено, секоја година, почнувајќи од 2013 година, па сѐ до 2023 година, акцизата на цигарите се зголемува за најмалку пет денари по кутија.

Во изминатите години, за да избегнат поголемо поскапување на цигарите, некои производители и увозници на цигари, носеа одлуки да преземат дел од трошокот за зголемената акциза врз себе.

The post Нов ценовен шок: Цигарите во Македонија повторно поскапеа appeared first on Република.

]]>

Поскапувањето на цигарите беше најавено уште минатиот месец, иако никој од производителите и увозниците на цигари во Македонија официјално не ја потврди таа информација. Како што кажуваат купувачите, цигарите се поскапени за дури 10 денари. Вакво нешто се очекуваше со оглед на трендот на зголемување на цените на суровините, репроматеријалите и енергенсите, пред сѐ гасот и електричната енергија, кои имаат значителен удел во производството. Притисок врз цената на цигарите создава и редовното годишно зголемување на акцизата, која како дополнителна давачка ја воведе државата за да го дестимулира пушењето. Имено, секоја година, почнувајќи од 2013 година, па сѐ до 2023 година, акцизата на цигарите се зголемува за најмалку пет денари по кутија. Во изминатите години, за да избегнат поголемо поскапување на цигарите, некои производители и увозници на цигари, носеа одлуки да преземат дел од трошокот за зголемената акциза врз себе.

The post Нов ценовен шок: Цигарите во Македонија повторно поскапеа appeared first on Република.

]]>
Македонска пиперка 280, краставици 259, ананас 120 денари! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/makedonska-piperka-280-krastavici-259-ananas-120-denari/ Sat, 05 Feb 2022 17:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=454573

Еден килограм „Бабура зелена македонска“ ќе ве чини 279 денари. Ако мислевте дека тоа е цената за готови, односно полнети бабури, не! Се лажете! Добивате само зелена пиперка која потоа треба да ја полните.

Па така, повеќе ви се исплаќа да купите ананас, кој ем е увезен, ем ви е поевтин. За еден килограм ќе платите само 120 денари. А ручекот да ви биде овошна салата. Ем диета, ем поевтино, ем здрава храна!

Ако сепак се решите пак за „Полнети бабури“, ќе ви треба и месо, а ќе ви треба и салата. А доколку пак се одлучите тоа да биде македонска марула, ќе ви требаат уште дополнителни 249 денари на пример за 1 килограм марула.

Нема поевтино да поминете ниту ако се одлучите за салата со краставици, бидејќи еден килограм е неверојатни 259 денари.

Ова се цените на кои денеска наидовме во еден од поголемите маркети во Скопје.

Додека се мислевме дали да ги купиме бабурите, дојде и една повозрасна жена исто така тргнала да купи бабури за да ги полни за ручек. Но, планот за ручек се смени кога ги виде цените, видно нервозна искоментира „ове е кражба на народот“.

Владата пред една недела инфорамираше дека цените на основните продукти остануваат замрнзати. А во нив спаѓаат лебот, шеќерот, брашното, маслото за јадење, трајното млеко, свежото месо и сувомеснати производи и сирењето и урдата.

Преземени од news.mk

The post Македонска пиперка 280, краставици 259, ананас 120 денари! appeared first on Република.

]]>

Еден килограм „Бабура зелена македонска“ ќе ве чини 279 денари. Ако мислевте дека тоа е цената за готови, односно полнети бабури, не! Се лажете! Добивате само зелена пиперка која потоа треба да ја полните. Па така, повеќе ви се исплаќа да купите ананас, кој ем е увезен, ем ви е поевтин. За еден килограм ќе платите само 120 денари. А ручекот да ви биде овошна салата. Ем диета, ем поевтино, ем здрава храна! Ако сепак се решите пак за „Полнети бабури“, ќе ви треба и месо, а ќе ви треба и салата. А доколку пак се одлучите тоа да биде македонска марула, ќе ви требаат уште дополнителни 249 денари на пример за 1 килограм марула. Нема поевтино да поминете ниту ако се одлучите за салата со краставици, бидејќи еден килограм е неверојатни 259 денари. Ова се цените на кои денеска наидовме во еден од поголемите маркети во Скопје. Додека се мислевме дали да ги купиме бабурите, дојде и една повозрасна жена исто така тргнала да купи бабури за да ги полни за ручек. Но, планот за ручек се смени кога ги виде цените, видно нервозна искоментира „ове е кражба на народот“. Владата пред една недела инфорамираше дека цените на основните продукти остануваат замрнзати. А во нив спаѓаат лебот, шеќерот, брашното, маслото за јадење, трајното млеко, свежото месо и сувомеснати производи и сирењето и урдата. Преземени од news.mk

The post Македонска пиперка 280, краставици 259, ананас 120 денари! appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: Колкав ќе биде ценовниот шок после 31 јануари кога ќе се одмрзнат цените https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-kolkav-kje-bide-cenovniot-shok-posle-31-januari-koga-kje-se-odmrznat-cenite/ Mon, 10 Jan 2022 21:27:08 +0000 https://republika.mk/?p=442842

Ние како опозиција две години потенциравме дека се случуваат страшни моменти во енергетскиот сектор, дека намерно се уништува и дека служи за црпење на парите од она што значи ресурси на Македонија и буџетот. Да не потсетувам за разни афери кои што ги извадивме во јавноста, чии камиони возат во РЕК Битола, за тоа кој колку копа во РЕК Битола, за тоа како се празнеа езерата и со видео материјали ги посочувавме оние водни ресурси кои што ја доведоа не само енергетската слика, туку и моментите во земјоделството, сточарството, рибниот фонд, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Добро утро, секое утро“ на ТВ Алфа.

Стоилковски праша колкав ќе биде ценовниот шок после 31 јануари кога ќе се одмрзнат цените, имајќи во предвид дека и струјата и гасот покачи, додавајќи дека ова е тежок удар врз домашната економија.

Имаме поскапени ресурси, струјата и гасот, имаме смрзнување на цените на производите. Кажете ми го вие мене сега економскиот момент за произведувачите кога ресурсите им се поскапуваат, а бидејќи индустриската струја таа која што ја користат во погоните за работа е многу поскапа од оваа што ја покачија, а производот кој што го произведуваат треба да биде со иста цена. Знаете што ова е тежок удар врз домашната економија. Колкава ќе биде ценовниот шок после 31 јануари кога ќе се “одмрзнат“. Цената на струјата е покачена, во меѓувреме покачи и гасот за 200 проценти и на крај производите колку ќе поскапат, рече Стоилковски.

The post Стоилковски: Колкав ќе биде ценовниот шок после 31 јануари кога ќе се одмрзнат цените appeared first on Република.