цени на станови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ceni-na-stanovi/ За подобро да се разбереме Thu, 06 Oct 2022 09:23:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png цени на станови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ceni-na-stanovi/ 32 32 Недвижностите поскапеле за 21,2 отсто во третиот квартал годинава https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nedviznostite-poskapele-za-21-2-otsto-vo-tretiot-kvartal-godinava-2/ Thu, 06 Oct 2022 09:23:47 +0000 https://republika.mk/?p=557925

Во периодот јули-септември годинава, споредено со претходните три месеци, растот на цените на недвижностите е за 4,7 отсто, покажуваат податоците на Народната банка.

Во вториот квартал годинава цените на становите забележаа зголемување од 16,5 отсто на годишно, односно од 6,8 проценти на квартало ниво, додека во првиот квартал исто така имаше раст на годишно ниво од 12,4 отсто , односно од 2,9 на квартално ниво.

Државниот завод за статистика претходно објави дека во септември годинава се издадени 318 одобренија за градење, за 28,2 проценти повеќе во однос на септември лани. Од издадените одобренија за градење, 184 (57,9 проценти) се за објекти од високоградба, 35 (11 проценти) од нискоградба, а 99 (31.1 процент) се објекти за реконструкција. Во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови, со вкупна корисна површина од 56 849 метри квадратни. Најмногу станови ќе се градат во Скопскиот регион, 216, од кои 196 се во Општина Гази Баба. Меѓу општините со пoголем број планирани нови станови се и Струмица, 87, Гевгелија, 86, Гостивар, 76, Дебар, 40,.

The post Недвижностите поскапеле за 21,2 отсто во третиот квартал годинава appeared first on Република.

]]>

Во периодот јули-септември годинава, споредено со претходните три месеци, растот на цените на недвижностите е за 4,7 отсто, покажуваат податоците на Народната банка. Во вториот квартал годинава цените на становите забележаа зголемување од 16,5 отсто на годишно, односно од 6,8 проценти на квартало ниво, додека во првиот квартал исто така имаше раст на годишно ниво од 12,4 отсто , односно од 2,9 на квартално ниво. Државниот завод за статистика претходно објави дека во септември годинава се издадени 318 одобренија за градење, за 28,2 проценти повеќе во однос на септември лани. Од издадените одобренија за градење, 184 (57,9 проценти) се за објекти од високоградба, 35 (11 проценти) од нискоградба, а 99 (31.1 процент) се објекти за реконструкција. Во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови, со вкупна корисна површина од 56 849 метри квадратни. Најмногу станови ќе се градат во Скопскиот регион, 216, од кои 196 се во Општина Гази Баба. Меѓу општините со пoголем број планирани нови станови се и Струмица, 87, Гевгелија, 86, Гостивар, 76, Дебар, 40,.

The post Недвижностите поскапеле за 21,2 отсто во третиот квартал годинава appeared first on Република.

]]>
Побарувачката за нови станови во Скопје не престанува https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/pobaruvachkata-za-novi-stanovi-vo-skopje-ne-prestanuva/ Wed, 17 Aug 2022 13:16:47 +0000 https://republika.mk/?p=541367

Во јуни годинава се издадени 277 одобренија за градење, што е за 13,4 проценти помалку во однос на јуни лани. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 691 127 000 денари, што е за 19,2 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во Скопскиот регион се издадени 73 одобренија, од кои најмногу во Илинден (24), во Карпош (16), Аеродром и Петровец по шест, Кисела Вода и Бутел по три,…

Предвидена е изградба на 550 станови со вкупна корисна површина од 40.493 метри квадратни. Најголем дел од становите, 388, ќе се градат во Скопскиот регион, а од вкупната бројка, 215 се во Аеродром, 84 во Кисела Вода, 26 во Петровец. Во Битола се планирани 78, Струга 26,..

Од вкупниот број  издадени одобренија за градење, 132 (47,7  проценти) се наменети за објекти од високоградба, 57 (20,5 проценти) од нискоградба и 88 (31,8 проценти) за објекти за реконструкција.

Од 277 објекти, на 147 (53,1 процент) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 130 (46,9 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

The post Побарувачката за нови станови во Скопје не престанува appeared first on Република.

]]>

Во јуни годинава се издадени 277 одобренија за градење, што е за 13,4 проценти помалку во однос на јуни лани. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 691 127 000 денари, што е за 19,2 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика. Во Скопскиот регион се издадени 73 одобренија, од кои најмногу во Илинден (24), во Карпош (16), Аеродром и Петровец по шест, Кисела Вода и Бутел по три,… Предвидена е изградба на 550 станови со вкупна корисна површина од 40.493 метри квадратни. Најголем дел од становите, 388, ќе се градат во Скопскиот регион, а од вкупната бројка, 215 се во Аеродром, 84 во Кисела Вода, 26 во Петровец. Во Битола се планирани 78, Струга 26,.. Од вкупниот број  издадени одобренија за градење, 132 (47,7  проценти) се наменети за објекти од високоградба, 57 (20,5 проценти) од нискоградба и 88 (31,8 проценти) за објекти за реконструкција. Од 277 објекти, на 147 (53,1 процент) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 130 (46,9 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

The post Побарувачката за нови станови во Скопје не престанува appeared first on Република.

]]>
Цената на становите ќе стагнира но нема да паѓа велат консултантите за недвижности https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/cenata-na-stanovite-kje-stagnira-no-nema-da-pagja-velat-konsultantite-za-nedviznosti/ Thu, 23 Jun 2022 18:37:20 +0000 https://republika.mk/?p=519055

Стагнација на цената на метар квадратен. По вртоглавиот пораст изминатиов период, посебно во главниот град, консултантите за недвижности велат дека не може да се очекува пад. Цените или ќе останат исти или ќе одат нагоре. Причините за растот ги гледаат во поскапените материјални за градба, а не во зголемената побарувачка.

– На среден рок, се оценува дека нема да има драстично поскапување на становите, под услов да не растат цените на материјалите. Пазарот е избалансиран, нема непродадени испорачани станови, па цените никогаш нема да се намалат, туку пазарот ќе се сегментира со премиум локации за живеење, а Центар и Карпош ќе останат најскапи затоа што таму веќе нема локации за градење, изјави Олга Девенџи, консултант за недвижнини.

Минатата година само во главниот град биле продадени 4.500 станови, по просечна цена од 1.270 евра. Квадратот најмогу поскапел во населбите Карпош и Аеродром. Во услови кога каматите на заштедите се речиси нула, граѓаните вишокот пари го вложуваат во недвижнини, како најсигурна инвестиција. Наредниот период се очекува сликата да се промени по преземените чекори на Народната банка, со цел да се заострат критетирмите за одобрување нови кредити и да се зголемат каматите. Инаку, низ државата од вкупно 840 илјади станови, 37% или нешто над 307 илјади се празни.

The post Цената на становите ќе стагнира но нема да паѓа велат консултантите за недвижности appeared first on Република.