цени на мало Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ceni-na-malo/ За подобро да се разбереме Mon, 09 Oct 2023 10:53:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png цени на мало Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/ceni-na-malo/ 32 32 Трошоците на живот во септември поголеми од лани за 6.6%, а цените на мало за 4.7% https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/troshotsite-na-zhivot-vo-septemvri-pogolemi-od-lani-za-6-6-a-tsenite-na-malo-za-4-7/ Mon, 09 Oct 2023 10:53:11 +0000 https://republika.mk/?p=689515

Трошоците на животот во септември годинава, во однос на септември лани, бележат зголемување од 6.6 %, а цените на мало од 4.7 %.

Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, се намалиле за 0.1%, а цените на мало за 1.0%.

Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 2.7 %, маслото и маснотиите за 1.7 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 1.3 % и млекото за 0.4 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 34.8 %, туристичките аранжмани за 7.1 %, производите за домаќинството - нетрајни за 0.8 %, другите печатени материјали за 0.4 %, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 0.3 %, малите алатки и останатите додатоци за 0.2 %.

Пораст на индексите на трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај жестоките пијалаци за 2.3 %, јајцата за 2.0 %, виното за 1.9 %, сирењето и урдата за 1.2 %, месото, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.0 %, кафето, чајот, какаото за 0.9 %, рибата и морските плодови за 0.7 %, лебот и житата за 0.6 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0.5 %.

Во септември, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 10.6 %, мотоциклите за 8.6 %, течните горива за домаќинствата за 6.2 %, парамедицинските услуги за 5.4 %, гасот за домаќинствата за 4.6 %, горивата и мазивата за сопсветните превозни средства за 4.1 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека за 3.9 %, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 3.5 %, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 3.4 %, медиумите за снимање за 2.8 %, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема за 2.3 %, услугите за сместување за 2.0 %, медицинските услуги за 1.9 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето за 1.8 %, ткаенините за изработка на облека за 1.4 %, мебелот и покуќнината за 1.2 %, другите лични предмети за 1.1 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема. Пораст е забележан и кај рестораните, кафулињата и слично за 0.9 %, игрите, играчките и хобијата за 0.8 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.7 %, моторните возила, накитот, часовниците и рачните часовници, другите услуги неспоменати на друго место за 0.6 %, големите електрични апарати за домаќинствата за 0.5 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.4 %, облеката, другите услуги поврзани со станот неспоменати на друго место, домашните услуги и услугите за домаќинствата, терапевтските помагала и опремата, фризерските салони и центрите за разубавување, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.3 %, актуелните ренти исплатени од станарите, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, теписите и другите подни покривки, патниот патнички транспорт, другото образование за 0.2 %.

 

The post Трошоците на живот во септември поголеми од лани за 6.6%, а цените на мало за 4.7% appeared first on Република.

]]>

Трошоците на животот во септември годинава, во однос на септември лани, бележат зголемување од 6.6 %, а цените на мало од 4.7 %. Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, се намалиле за 0.1%, а цените на мало за 1.0%. Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за 2.7 %, маслото и маснотиите за 1.7 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 1.3 % и млекото за 0.4 %. Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 34.8 %, туристичките аранжмани за 7.1 %, производите за домаќинството - нетрајни за 0.8 %, другите печатени материјали за 0.4 %, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 0.3 %, малите алатки и останатите додатоци за 0.2 %. Пораст на индексите на трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај жестоките пијалаци за 2.3 %, јајцата за 2.0 %, виното за 1.9 %, сирењето и урдата за 1.2 %, месото, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.0 %, кафето, чајот, какаото за 0.9 %, рибата и морските плодови за 0.7 %, лебот и житата за 0.6 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 0.5 %. Во септември, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 10.6 %, мотоциклите за 8.6 %, течните горива за домаќинствата за 6.2 %, парамедицинските услуги за 5.4 %, гасот за домаќинствата за 4.6 %, горивата и мазивата за сопсветните превозни средства за 4.1 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека за 3.9 %, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 3.5 %, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 3.4 %, медиумите за снимање за 2.8 %, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема за 2.3 %, услугите за сместување за 2.0 %, медицинските услуги за 1.9 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето за 1.8 %, ткаенините за изработка на облека за 1.4 %, мебелот и покуќнината за 1.2 %, другите лични предмети за 1.1 %, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема. Пораст е забележан и кај рестораните, кафулињата и слично за 0.9 %, игрите, играчките и хобијата за 0.8 %, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.7 %, моторните возила, накитот, часовниците и рачните часовници, другите услуги неспоменати на друго место за 0.6 %, големите електрични апарати за домаќинствата за 0.5 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.4 %, облеката, другите услуги поврзани со станот неспоменати на друго место, домашните услуги и услугите за домаќинствата, терапевтските помагала и опремата, фризерските салони и центрите за разубавување, другите апарати и производи за лична хигиена за 0.3 %, актуелните ренти исплатени од станарите, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, теписите и другите подни покривки, патниот патнички транспорт, другото образование за 0.2 %.  

The post Трошоците на живот во септември поголеми од лани за 6.6%, а цените на мало за 4.7% appeared first on Република.

]]>
Министерство за економија: Ако се оцени дека е потребно ќе продолжи одлуката за трговските маржи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ministerstvo-za-ekonomija-ako-se-otseni-deka-e-potrebno-ke-prodolzhi-odlukata-za-trgovskite-marzhi/ Wed, 28 Jun 2023 14:42:10 +0000 https://republika.mk/?p=656120

Од министерството за економија излегоа со став дека со оглед дека на пазарот има стабилизирање на домашните цени кои се резултат на стабилизирање на берзанските цени на суровинските компоненти од увоз и цените на електричната енергија, по 30 јуни 2023 година, кога завршува рокот за примена на oдлуката за трговските маржи, домашните цени треба да продожат да се утврдуваат според пазарните услови.

Од Министерството за МИА велат дека се следи состојбата со цените на суровините и енергенсите на светските берзи, но и нагласуваат дека долгорочна примена на трговски маржи во услови кога не постои неизвесност на перманентен раст на берзанските цени може да доведе до спротивен ефект на пазарните услови поради наметнување државна контрола на цените и намалување на конкурентноста.

Сепак, доколку пазарот оцени дека треба да има продолжување на рокот на Одлуката, тоа и ќе се спроведе.

Ограничување на трговската маржа на основните прехранбени производи важи до 30 јуни 2023 година и нејзината примена се заснова на следење на временската рамка што се одреди на кризната состојба. Со оглед дека на пазарот имаме стабилизирање на домашните цени кои се резултат на стабилизирање на берзанските цени на суровинските компоненти од увоз и цените на електричната енергија, цениме дека по завршување на рокот на примена на Одлуката на трговските маржи, домашните цени треба да продожат да се утврдуваат според пазарни услови.

 

Долгорочна примена на трговски маржи во услови кога не постои неизвесност на перманентен раст на берзанските цени може да доведе до спротивен ефект на пазарните услови поради наметнување на државна контрола на цените и намалување на конкурентноста кога не сe објективни причинитe за тоа. Доколку пазарот оцени дека треба да има продолжување на рокот, тоа ќе го спроведеме. Засега ја следиме состојбата со цените на суровините и енергенсите на светските берзи. Тие цени главно ќе ги диктираат условите и потребата од продолжување на мерката или пак ќе оставиме производителите и трговците да покажат општествена одговорност кон потрошувачите по завршување на рокот на мерката, наведуваат за МИА од Министерството за економија.

Институците денеска треба да ги заокружат анализите дали листата на прехранбени производи со замрзната цена ќе се прошири и со шеќерот, јајцата и оризот, а одлуките за тоа ќе се донесат на по

Владата на крајот на април одлучи да го продолжи ограничувањето на трговските маржи за основните прехранбени производи до 30 јуни.

Со таквата одлука, највисоката трговска маржа за леб бел (сечен на парчиња или цел), шеќер бел и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло) се утврди во висина до пет проценти во трговијата на големо и до пет5 проценти во трговијата на мало.

Највисоката трговска маржа за брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, јајца од кокошка, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт се утврдува во висина до 10 проценти во трговијата на големо и мало.

The post Министерство за економија: Ако се оцени дека е потребно ќе продолжи одлуката за трговските маржи appeared first on Република.

]]>

Од министерството за економија излегоа со став дека со оглед дека на пазарот има стабилизирање на домашните цени кои се резултат на стабилизирање на берзанските цени на суровинските компоненти од увоз и цените на електричната енергија, по 30 јуни 2023 година, кога завршува рокот за примена на oдлуката за трговските маржи, домашните цени треба да продожат да се утврдуваат според пазарните услови. Од Министерството за МИА велат дека се следи состојбата со цените на суровините и енергенсите на светските берзи, но и нагласуваат дека долгорочна примена на трговски маржи во услови кога не постои неизвесност на перманентен раст на берзанските цени може да доведе до спротивен ефект на пазарните услови поради наметнување државна контрола на цените и намалување на конкурентноста. Сепак, доколку пазарот оцени дека треба да има продолжување на рокот на Одлуката, тоа и ќе се спроведе.
Ограничување на трговската маржа на основните прехранбени производи важи до 30 јуни 2023 година и нејзината примена се заснова на следење на временската рамка што се одреди на кризната состојба. Со оглед дека на пазарот имаме стабилизирање на домашните цени кои се резултат на стабилизирање на берзанските цени на суровинските компоненти од увоз и цените на електричната енергија, цениме дека по завршување на рокот на примена на Одлуката на трговските маржи, домашните цени треба да продожат да се утврдуваат според пазарни услови.   Долгорочна примена на трговски маржи во услови кога не постои неизвесност на перманентен раст на берзанските цени може да доведе до спротивен ефект на пазарните услови поради наметнување на државна контрола на цените и намалување на конкурентноста кога не сe објективни причинитe за тоа. Доколку пазарот оцени дека треба да има продолжување на рокот, тоа ќе го спроведеме. Засега ја следиме состојбата со цените на суровините и енергенсите на светските берзи. Тие цени главно ќе ги диктираат условите и потребата од продолжување на мерката или пак ќе оставиме производителите и трговците да покажат општествена одговорност кон потрошувачите по завршување на рокот на мерката, наведуваат за МИА од Министерството за економија.
Институците денеска треба да ги заокружат анализите дали листата на прехранбени производи со замрзната цена ќе се прошири и со шеќерот, јајцата и оризот, а одлуките за тоа ќе се донесат на по Владата на крајот на април одлучи да го продолжи ограничувањето на трговските маржи за основните прехранбени производи до 30 јуни. Со таквата одлука, највисоката трговска маржа за леб бел (сечен на парчиња или цел), шеќер бел и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло) се утврди во висина до пет проценти во трговијата на големо и до пет5 проценти во трговијата на мало. Највисоката трговска маржа за брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, јајца од кокошка, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт се утврдува во висина до 10 проценти во трговијата на големо и мало.

The post Министерство за економија: Ако се оцени дека е потребно ќе продолжи одлуката за трговските маржи appeared first on Република.

]]>
Зголемени трошоците на живот и цените на мало во јануари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zgolemeni-troshocite-na-zivot-i-cenite-na-malo-vo-januari/ Mon, 14 Feb 2022 11:57:06 +0000 https://republika.mk/?p=458323

Трошоците на живот во јануари биле зголемени за 1,5 проценти, а цените на мало за 1,2 проценти во однос на декември, објави денеска Државниот завод за статистика.
Пораст на трошоците на живот е забележан кај кафето, чајот и какаото за 4,3 проценти, рибата и морските плодови за 3,5 проценти, кај свежото овошје за 3,4 проценти, пивото за 2,6 проценти, како и кај виното, минералната вода, газираните пијалоци, соковите, шеќерот, медот, чоколадото и кондиторските производи.
Зголемување има и кај централното греење за 14 проценти и електричната енергија за домаќинствата за 9,4 проценти.
Намалување на трошоците на животот има кај воздухопловниот патнички транспорт за 8,4 проценти, медиумите за снимање за 4,2 проценти, обувките за 1,7 проценти, парамедицинските услуги за 1,2 проценти, информатичката опрема за обработка на податоците, туристичките аранжмани….
Споредбено со јануари лани, зголемување од 6,7 проценти има кај трошоците на живот, а за 7,3 проценти кај цените на мало.

The post Зголемени трошоците на живот и цените на мало во јануари appeared first on Република.

]]>

Трошоците на живот во јануари биле зголемени за 1,5 проценти, а цените на мало за 1,2 проценти во однос на декември, објави денеска Државниот завод за статистика. Пораст на трошоците на живот е забележан кај кафето, чајот и какаото за 4,3 проценти, рибата и морските плодови за 3,5 проценти, кај свежото овошје за 3,4 проценти, пивото за 2,6 проценти, како и кај виното, минералната вода, газираните пијалоци, соковите, шеќерот, медот, чоколадото и кондиторските производи. Зголемување има и кај централното греење за 14 проценти и електричната енергија за домаќинствата за 9,4 проценти. Намалување на трошоците на животот има кај воздухопловниот патнички транспорт за 8,4 проценти, медиумите за снимање за 4,2 проценти, обувките за 1,7 проценти, парамедицинските услуги за 1,2 проценти, информатичката опрема за обработка на податоците, туристичките аранжмани…. Споредбено со јануари лани, зголемување од 6,7 проценти има кај трошоците на живот, а за 7,3 проценти кај цените на мало.

The post Зголемени трошоците на живот и цените на мало во јануари appeared first on Република.

]]>