цена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cena/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Feb 2024 13:23:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png цена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cena/ 32 32 Дизелот поевтинува за два денара https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dizelot-poevtinuva-za-dva-denara/ Fri, 23 Feb 2024 13:23:16 +0000 https://republika.mk/?p=747443

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,00 денара и еден литар ќе чини 78,50 данари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

The post Дизелот поевтинува за два денара appeared first on Република.

]]>

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,00 денара и еден литар ќе чини 78,50 данари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

The post Дизелот поевтинува за два денара appeared first on Република.

]]>
Ова се новите цени на бензините, што важат од денеска https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ova-se-novite-tseni-na-benzinite-shto-vazhat-od-deneska/ Tue, 13 Feb 2024 08:46:57 +0000 https://republika.mk/?p=743499

Регулаторната комисија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,32% во однос на одлуката од 5.2.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,514%, кај дизелот за 1,750%, кај екстра лесното масло има намалување за 1,421% и кај мазутот намалувањето е за 2,590%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,531%

Согласно новата одлука, од 13.2.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 79,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 76,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 40,732 (денари/килограм)

The post Ова се новите цени на бензините, што важат од денеска appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,32% во однос на одлуката од 5.2.2024 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,514%, кај дизелот за 1,750%, кај екстра лесното масло има намалување за 1,421% и кај мазутот намалувањето е за 2,590%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,531% Согласно новата одлука, од 13.2.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 79,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 76,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 40,732 (денари/килограм)

The post Ова се новите цени на бензините, што важат од денеска appeared first on Република.

]]>
Доларот зајакна, цената на нафтата порасна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dolarot-zajakna-tsenata-na-naftata-porasna-3/ Mon, 05 Feb 2024 08:25:55 +0000 https://republika.mk/?p=740421

На повеќето Азиски берзи цените на акциите паднаа, додека доларот зајакна откако претседателот на ФЕД Џером Пауел рече дека централната банка внимателно ќе ги намали каматните стапки. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, со исклучок на Јапонија, беше околу 06:00 часот пониски за околу 1 процент.

Истовремено, на токиската берза индексот Никеи зајакна за 0,5 отсто, додека цените на акциите во Хонг Конг, Јужна Кореја, Австралија и Шангај паднаа меѓу 0,2 и 1,8 отсто.

Падот на цените на акциите во Хонг Конг и Шангај е резултат, како и минатата недела, на бавниот раст на кинеската економија и стравувањата од продлабочување на кризата на пазарот на недвижности.

Така, кинеските берзански индекси се лизнаа на ново најниско ниво во последните пет години, а инвеститорите не беа охрабрени ниту од новите стимулативни мерки на кинеската централна банка. Имено, од денеска стапува на сила одлуката за помала распределба на задолжителните резерви на банките, која треба да го стимулира кредитирањето, а со тоа и растот на економијата.

Подобро расположение нема ниту на другите азиски берзи, бидејќи се појасно е дека централните банки на западните земји нема да почнат да ги намалуваат каматните стапки толку брзо како што се надеваа инвеститорите.

Во петокот, новите податоци покажаа дека бројот на вработени во САД се зголеми значително повеќе од очекуваното во јануари, а платите исто така неочекувано пораснаа.

Тоа значи дека потрошувачката, а со тоа и притисоците врз инфлацијата, ќе продолжат да се зголемуваат. Поради ова, надежите на инвеститорите дека ФЕД веќе во март ќе почне да ги намалува каматните стапки целосно избледеа.

Дотолку повеќе што во неделата вечерта, претседателот на ФЕД, Пауел, во интервју за емисијата „60 минути“ изјави дека централната банка ќе биде внимателна при намалувањето на каматните стапки и дека тоа веројатно ќе биде со многу побавно темпо отколку што очекува пазарот.

Како резултат на тоа, вредноста на доларот во однос на кошницата валути го достигна највисокото ниво во последните осум недели на валутните пазари.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,18 поени, додека во петокот вечерта изнесуваше 103,96 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 148,40 на 148,60 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0775 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0785 долари.

Цените на нафтата, пак, благо пораснаа, откако минатата недела потонаа за повеќе од 7 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,32 отсто, на 77,60 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за 0,18 отсто, на 72,40 долари.

The post Доларот зајакна, цената на нафтата порасна appeared first on Република.

]]>

На повеќето Азиски берзи цените на акциите паднаа, додека доларот зајакна откако претседателот на ФЕД Џером Пауел рече дека централната банка внимателно ќе ги намали каматните стапки. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, со исклучок на Јапонија, беше околу 06:00 часот пониски за околу 1 процент. Истовремено, на токиската берза индексот Никеи зајакна за 0,5 отсто, додека цените на акциите во Хонг Конг, Јужна Кореја, Австралија и Шангај паднаа меѓу 0,2 и 1,8 отсто. Падот на цените на акциите во Хонг Конг и Шангај е резултат, како и минатата недела, на бавниот раст на кинеската економија и стравувањата од продлабочување на кризата на пазарот на недвижности. Така, кинеските берзански индекси се лизнаа на ново најниско ниво во последните пет години, а инвеститорите не беа охрабрени ниту од новите стимулативни мерки на кинеската централна банка. Имено, од денеска стапува на сила одлуката за помала распределба на задолжителните резерви на банките, која треба да го стимулира кредитирањето, а со тоа и растот на економијата. Подобро расположение нема ниту на другите азиски берзи, бидејќи се појасно е дека централните банки на западните земји нема да почнат да ги намалуваат каматните стапки толку брзо како што се надеваа инвеститорите. Во петокот, новите податоци покажаа дека бројот на вработени во САД се зголеми значително повеќе од очекуваното во јануари, а платите исто така неочекувано пораснаа. Тоа значи дека потрошувачката, а со тоа и притисоците врз инфлацијата, ќе продолжат да се зголемуваат. Поради ова, надежите на инвеститорите дека ФЕД веќе во март ќе почне да ги намалува каматните стапки целосно избледеа. Дотолку повеќе што во неделата вечерта, претседателот на ФЕД, Пауел, во интервју за емисијата „60 минути“ изјави дека централната банка ќе биде внимателна при намалувањето на каматните стапки и дека тоа веројатно ќе биде со многу побавно темпо отколку што очекува пазарот. Како резултат на тоа, вредноста на доларот во однос на кошницата валути го достигна највисокото ниво во последните осум недели на валутните пазари. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,18 поени, додека во петокот вечерта изнесуваше 103,96 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 148,40 на 148,60 јени. И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0775 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0785 долари. Цените на нафтата, пак, благо пораснаа, откако минатата недела потонаа за повеќе од 7 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,32 отсто, на 77,60 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за 0,18 отсто, на 72,40 долари.

The post Доларот зајакна, цената на нафтата порасна appeared first on Република.

]]>
Лоша вест во петок навечер: Значително поскапува дизелот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/losha-vest-vo-petok-navecher-znachitelno-poskapuva-dizelot/ Fri, 02 Feb 2024 17:28:59 +0000 https://republika.mk/?p=739846

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.01.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 76,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,439 ден/кг.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.01.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 78,50 ден/лит.

The post Лоша вест во петок навечер: Значително поскапува дизелот appeared first on Република.

]]>

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.01.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 76,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,439 ден/кг. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.01.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 78,50 ден/лит.

The post Лоша вест во петок навечер: Значително поскапува дизелот appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Ако сметките за струја се превисоки, секој има право на жалба https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-ako-smetkite-za-struja-se-previsoki-sekoj-ima-pravo-na-zhalba/ Wed, 31 Jan 2024 13:45:28 +0000 https://republika.mk/?p=739067

Министерот за економија, Крешник Бектеши, на денешната прес-конференција, како одговор на новинарско прашање дека голем број на граѓани се жалат на многу повисоки сметки за електрична енергија во јануари, рече дека домаќинствата и малите потрошувачи имаат право на жалба кај Регулаторната комисија за енергетика.

Јас не верувам дека има зголемување на цените повеќе од тоа што се утврдени со РКЕ, но граѓаните секогаш имаат право на жалба во регулаторната комисија и ги повикувам, ако мислат дека има некоја грешка или злоупотреба, да пријават и тоа ќе се среди веднаш - рече министерот.

Бектеши  додаде дека законски до 1 јули не може да се промени цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи и дека не очекува нејзино зголемување ниту по овој датум, согласно информациите кои што ги има за трошоците за клучните енергетски компании.

The post Бектеши: Ако сметките за струја се превисоки, секој има право на жалба appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија, Крешник Бектеши, на денешната прес-конференција, како одговор на новинарско прашање дека голем број на граѓани се жалат на многу повисоки сметки за електрична енергија во јануари, рече дека домаќинствата и малите потрошувачи имаат право на жалба кај Регулаторната комисија за енергетика.
Јас не верувам дека има зголемување на цените повеќе од тоа што се утврдени со РКЕ, но граѓаните секогаш имаат право на жалба во регулаторната комисија и ги повикувам, ако мислат дека има некоја грешка или злоупотреба, да пријават и тоа ќе се среди веднаш - рече министерот.
Бектеши  додаде дека законски до 1 јули не може да се промени цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи и дека не очекува нејзино зголемување ниту по овој датум, согласно информациите кои што ги има за трошоците за клучните енергетски компании.

The post Бектеши: Ако сметките за струја се превисоки, секој има право на жалба appeared first on Република.

]]>
Бектеши: До 1 јули субвенции од Владата преку ЕСМ, нема зголемување на цената во првиот и вториот блок https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-do-1-juli-subventsii-od-vladata-preku-esm-nema-zgolemuvane-na-tsenata-vo-prviot-i-vtoriot-blok/ Tue, 23 Jan 2024 13:33:48 +0000 https://republika.mk/?p=735963

До 1 јули ќе има субвенција од страна на Владата директно преку ЕСМ со утврдување на нивната цена со која се продава електричната енергија, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

На новинарско прашање дали Владата размислува за ревидирање на висината на субвенцијата на цената на струјата со оглед дека сега има два часа евтина струја во текот на денот, Бектеши истакна дека во одредени месеци субвенцијата ќе се зголеми, а граѓаните да бидат спокојни бидејќи ќе нема зголемување на цената за првиот и вториот блок.

Целта на воведување на дневната евтина тарифа, посочи Бектеши, беше од моментот кога имаше инвестициски бум во делот на фотонапонските централи. Во моментот кога зборуваме имаме инсталирани капацитети кои веќе произведуваат електрична енергија, а генерално во текот на денот се произведува повеќе од 680 мегавати. Тоа значи дека од април до октомври ќе имаме вишоци во одредени часови на денот што дава можност преку конкурентност да се намали цената на производство на фотонапонски централи.

- Како Влада секако дека субвенциите ги даваме индиректно преку работењето на ЕСМ со утврдување на цената на ЕСМ која ја нуди за универзалниот снабдувач и така ќе продолжиме до средина на оваа година кога треба да се донесе и новата одлука за цената на ЕСМ која ќе ја дава до универзалниот снабдувач што е и снабдувач за сите домаќинства и мали потрошувачи. Ова значи дека до 1 јули ќе има субвенција од страна на Владата директно преку ЕСМ со утврдување на нивната цена со која се продава електричната енергија, рече Бектеши.

Како што појасни, во одредени месеци, секако субвенцијата ќе се зголеми. - На пример во јануари, во февруари, имаме помало производство на електрична енергија од страна на фотонапонските централи, а од април до октомври ќе се намали што на крајот на година со пресметките, методологијата на РКЕ, ќе биде истата цена и нема да има зголемување за одредени блокови. Значи, граѓаните да бидат спокојни дека нема да има зголемување за првиот и за вториот блок. Спротивно, ќе има намалување на давачката за дистрибутивната мрежа, рече Бектеши.

The post Бектеши: До 1 јули субвенции од Владата преку ЕСМ, нема зголемување на цената во првиот и вториот блок appeared first on Република.

]]>

До 1 јули ќе има субвенција од страна на Владата директно преку ЕСМ со утврдување на нивната цена со која се продава електричната енергија, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши. На новинарско прашање дали Владата размислува за ревидирање на висината на субвенцијата на цената на струјата со оглед дека сега има два часа евтина струја во текот на денот, Бектеши истакна дека во одредени месеци субвенцијата ќе се зголеми, а граѓаните да бидат спокојни бидејќи ќе нема зголемување на цената за првиот и вториот блок. Целта на воведување на дневната евтина тарифа, посочи Бектеши, беше од моментот кога имаше инвестициски бум во делот на фотонапонските централи. Во моментот кога зборуваме имаме инсталирани капацитети кои веќе произведуваат електрична енергија, а генерално во текот на денот се произведува повеќе од 680 мегавати. Тоа значи дека од април до октомври ќе имаме вишоци во одредени часови на денот што дава можност преку конкурентност да се намали цената на производство на фотонапонски централи. - Како Влада секако дека субвенциите ги даваме индиректно преку работењето на ЕСМ со утврдување на цената на ЕСМ која ја нуди за универзалниот снабдувач и така ќе продолжиме до средина на оваа година кога треба да се донесе и новата одлука за цената на ЕСМ која ќе ја дава до универзалниот снабдувач што е и снабдувач за сите домаќинства и мали потрошувачи. Ова значи дека до 1 јули ќе има субвенција од страна на Владата директно преку ЕСМ со утврдување на нивната цена со која се продава електричната енергија, рече Бектеши. Како што појасни, во одредени месеци, секако субвенцијата ќе се зголеми. - На пример во јануари, во февруари, имаме помало производство на електрична енергија од страна на фотонапонските централи, а од април до октомври ќе се намали што на крајот на година со пресметките, методологијата на РКЕ, ќе биде истата цена и нема да има зголемување за одредени блокови. Значи, граѓаните да бидат спокојни дека нема да има зголемување за првиот и за вториот блок. Спротивно, ќе има намалување на давачката за дистрибутивната мрежа, рече Бектеши.

The post Бектеши: До 1 јули субвенции од Владата преку ЕСМ, нема зголемување на цената во првиот и вториот блок appeared first on Република.

]]>
Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/benzinite-poevtinuvaat-dizelot-poskapuva-2/ Mon, 15 Jan 2024 13:13:51 +0000 https://republika.mk/?p=733289

За половина денар поевтинуваат бензините, а дизел горивото, пак, поскапува за еден еднар од ноќеска, информира Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со новата одлука на РКЕ, цената на дизел горивото ќе изнесува 73,5 денари за литар, цената на Еуросупер 95 ќе биде 76,5 денари за литар, а на Еуросупер 98, цената ќе биде 73,5 денари за литар.

Цената на екстра лесното масло се зголемува за 1,5 денари за литар, па отсега цената ќе изнесува 73,5 денари за литар. Килограм мазут пак, од полноќ ќе изнесува 41,9 денари.

 

The post Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува appeared first on Република.

]]>

За половина денар поевтинуваат бензините, а дизел горивото, пак, поскапува за еден еднар од ноќеска, информира Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со новата одлука на РКЕ, цената на дизел горивото ќе изнесува 73,5 денари за литар, цената на Еуросупер 95 ќе биде 76,5 денари за литар, а на Еуросупер 98, цената ќе биде 73,5 денари за литар. Цената на екстра лесното масло се зголемува за 1,5 денари за литар, па отсега цената ќе изнесува 73,5 денари за литар. Килограм мазут пак, од полноќ ќе изнесува 41,9 денари.  

The post Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува appeared first on Република.

]]>
Поевтинуваат горивата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/poevtinuvaat-gorivata/ Tue, 09 Jan 2024 12:40:10 +0000 https://republika.mk/?p=731148

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54% во однос на одлуката од 2.1.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната

пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,355%, кај дизелот за 2,341%, кај екстра лесното масло за 2,138% и кај мазутот зголемувањето е за 0,219%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,566%

Од 10.1.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,517 (денари/килограм)

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,281 ден/кг и сега ќе изнесува 41,517 ден/кг.

The post Поевтинуваат горивата appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54% во однос на одлуката од 2.1.2024 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната
пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,355%, кај дизелот за 2,341%, кај екстра лесното масло за 2,138% и кај мазутот зголемувањето е за 0,219%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,566% Од 10.1.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 41,517 (денари/килограм) Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,281 ден/кг и сега ќе изнесува 41,517 ден/кг.

The post Поевтинуваат горивата appeared first on Република.

]]>
Доларот зајакна, цената на нафтата порасна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dolarot-zajakna-tsenata-na-naftata-porasna-2/ Thu, 04 Jan 2024 07:49:47 +0000 https://republika.mk/?p=729460

На азиските пазари берзанските индекси паднаа трет ден по ред, додека вредноста на доларот во однос на кошницата валути достигна највисоко ниво во последните три недели.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше во минус од 0,3 отсто околу 07:00 часот, откако ослабна трет ден по ред.

Во исто време, индексот Никеи се лизна за 0,5 отсто на берзата во Токио, додека цените на акциите во Австралија, Шангај, Хонг Конг и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,3 и 0,9 отсто.

Кинеските берзи се под најголем притисок бидејќи најновите податоци покажуваат дека втората по големина економија во светот не расте толку брзо како што се надеваа инвеститорите.

Подобро расположение нема ниту на останатите азиски пазари бидејќи вчера на Волстрит цените на акциите паднаа втор ден по ред.

Dow Jones загуби 0,76 отсто, додека S&P 500 се лизна за 0,80 отсто, а Nasdaq индексот 1,18 отсто. Ова е првпат од 2015 година индексот S&P 500 да падна два дена по ред на самиот почеток на годината, а тоа е последица, велат аналитичарите, на одлуката на инвеститорите да повлечат дел од својата заработка од пазарот, откако силен пораст на цените на акциите на крајот на минатата година.

Дополнително, во вчерашниот записник од последниот состанок на американската централна банка минатата година не се дадени никакви индикации за тоа кога би можело да следи намалување на каматните стапки.

Лидерите на ФЕД веруваат дека инфлацијата е под контрола и предупредуваат дека премногу рестриктивната монетарна политика може да и наштети на економијата. Но, од записникот не може да се заклучи кога би можело да започне намалувањето на каматните стапки.

„Записниците сугерираат дека многу претставници на ФЕД се залагаат за задржување на каматните стапки на покачени нивоа за подолг период, а оние кои проценуваат дека намалувањето на каматните стапки ќе започне во 2024 година, очекуваат да го сторат тоа подоцна во текот на годината“, објаснува Квинси Крозби, стратег во LPL. Финансиски.

Во последните месеци од минатата година, инвеститорите се надеваа на агресивно намалување на стапката на ФЕД во 2024 година.
Во последните месеци од минатата година, цените на акциите нагло пораснаа бидејќи инвеститорите се надеваа на агресивно намалување на стапката од страна на ФЕД оваа година.

И додека проценките на лидерите на ФЕД од минатогодишниот состанок покажуваат дека трипати се очекува намалување на каматните стапки оваа година, на пазарот се шпекулира дека ФЕД ќе ги намали каматните стапки шест пати, почнувајќи од март.

На пазарот на пари во последните денови се проценуваше дека има повеќе од 70 отсто шанси ФЕД да почне да ги намалува каматните стапки веќе во март, но вчера, по објавувањето на записникот на ФЕД, тие шанси беа намалени на помалку од 70 проценти.

И на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна трет ден по ред. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 102,49 поени, блиску до највисокото ниво во последните три недели, додека вчера во ова време изнесуваше 102,15 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 141,95 на 143,40 јени. И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0925 долари, додека вчера во ова време беше 1,0950 долари.

Цените на нафтата, пак, пораснаа втор ден по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,72 отсто, на 78,80 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,92 отсто, на 73,35 долари.

The post Доларот зајакна, цената на нафтата порасна appeared first on Република.

]]>

На азиските пазари берзанските индекси паднаа трет ден по ред, додека вредноста на доларот во однос на кошницата валути достигна највисоко ниво во последните три недели. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше во минус од 0,3 отсто околу 07:00 часот, откако ослабна трет ден по ред. Во исто време, индексот Никеи се лизна за 0,5 отсто на берзата во Токио, додека цените на акциите во Австралија, Шангај, Хонг Конг и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,3 и 0,9 отсто. Кинеските берзи се под најголем притисок бидејќи најновите податоци покажуваат дека втората по големина економија во светот не расте толку брзо како што се надеваа инвеститорите. Подобро расположение нема ниту на останатите азиски пазари бидејќи вчера на Волстрит цените на акциите паднаа втор ден по ред. Dow Jones загуби 0,76 отсто, додека S&P 500 се лизна за 0,80 отсто, а Nasdaq индексот 1,18 отсто. Ова е првпат од 2015 година индексот S&P 500 да падна два дена по ред на самиот почеток на годината, а тоа е последица, велат аналитичарите, на одлуката на инвеститорите да повлечат дел од својата заработка од пазарот, откако силен пораст на цените на акциите на крајот на минатата година. Дополнително, во вчерашниот записник од последниот состанок на американската централна банка минатата година не се дадени никакви индикации за тоа кога би можело да следи намалување на каматните стапки. Лидерите на ФЕД веруваат дека инфлацијата е под контрола и предупредуваат дека премногу рестриктивната монетарна политика може да и наштети на економијата. Но, од записникот не може да се заклучи кога би можело да започне намалувањето на каматните стапки. „Записниците сугерираат дека многу претставници на ФЕД се залагаат за задржување на каматните стапки на покачени нивоа за подолг период, а оние кои проценуваат дека намалувањето на каматните стапки ќе започне во 2024 година, очекуваат да го сторат тоа подоцна во текот на годината“, објаснува Квинси Крозби, стратег во LPL. Финансиски. Во последните месеци од минатата година, инвеститорите се надеваа на агресивно намалување на стапката на ФЕД во 2024 година. Во последните месеци од минатата година, цените на акциите нагло пораснаа бидејќи инвеститорите се надеваа на агресивно намалување на стапката од страна на ФЕД оваа година. И додека проценките на лидерите на ФЕД од минатогодишниот состанок покажуваат дека трипати се очекува намалување на каматните стапки оваа година, на пазарот се шпекулира дека ФЕД ќе ги намали каматните стапки шест пати, почнувајќи од март. На пазарот на пари во последните денови се проценуваше дека има повеќе од 70 отсто шанси ФЕД да почне да ги намалува каматните стапки веќе во март, но вчера, по објавувањето на записникот на ФЕД, тие шанси беа намалени на помалку од 70 проценти. И на валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна трет ден по ред. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 102,49 поени, блиску до највисокото ниво во последните три недели, додека вчера во ова време изнесуваше 102,15 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 141,95 на 143,40 јени. И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0925 долари, додека вчера во ова време беше 1,0950 долари. Цените на нафтата, пак, пораснаа втор ден по ред. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,72 отсто, на 78,80 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,92 отсто, на 73,35 долари.

The post Доларот зајакна, цената на нафтата порасна appeared first on Република.

]]>
Струјата во прв блок поевтинува за 5,16 отсто, за втор блок и за евтината тарифа останува иста, за трет блок поскапува за 2,88, а за четврт блок за 1,86 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/strujata-vo-prv-blok-poevtinuva-za-5-16-otsto-poskapuva-vo-tret-i-chetvrt-blok/ Tue, 26 Dec 2023 10:52:03 +0000 https://republika.mk/?p=726766

Цената на струјата за домаќинствата од 1 јануари се намалува за 5,16 отсто за прв блок, за втор блок и за евтината тарифа останува иста, за трет блок поскапува за 2,88, а за четврт блок за 1,86 отсто. Цената за секој блок е збир од цена за активна електрична енергија плус мрежарина.

Како што истакна денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимоски, тоа го овозможи воведувањето на надоместокот за пристап до мрежа од 200 денари месечно што ќе го плаќаат сите корисници. Во спротивно доколку не се воведеше, како што кажа, ќе имало поскапување за 3,4 отсто во прв блок, за 8,62 во втор, за 9,46 во трет и за 4,92 отсто во четврт блок, додека евтината тарифа ќе се зголемела за 15,42 отсто. Дополнително, надоместокот за пристап до мрежа овозможи и намалување на мрежарината за речиси 23 отсто.

-Со новиот концепт пристап кон мрежа, се направи фер распределба на трошокот за мрежа меѓу редовните корисници и оние потрошувачи кои повремено ги користат објектите. Во моментите кога го имплементиравме надоместокот за пристап кон мрежа се водевме пред се на една од најбитните темелни вредности на нашиот Устав, тоа е социјалната правда. Со воведувањето на овој пристап кон мрежа овозможивме цената за мрежарина да се намали за речиси 23 проценти. Сето тоа ни овозможи да донесеме цени како што ги објавивме, рече Бислимоски на денешната прес-конференција, истакнувајќи дека одлуката е во насока на заштити стандардот на граѓаните.

Цената на струјата за домаќинствата од 1 јануари се намалува за 5,16 отсто за прв блок, за втор блок и за евтината тарифа останува иста, за трет блок поскапува за 2,88, а за четврт блок за 1,

Ова е првата одлуката за цена што ја пресметуваше и ја објави во „Службен весник“ универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“, а под контрола на РКЕ.

-Со ЕВН неколку пати одржавме состаноци и имавме забелешки во одреден дел околу факторот на корекција. ЕВН бараше да се примени поголем дел од факторот на корекција кој треба да се врати во наредниот период, а ние инсистиравме во оваа одлука факторот на корекција да биде нула. На крајот концептот РКЕ да врши контрола во носењето на одлуката на „ЕВН Хоум“ се покажа како правилен и беа прифатени нашите образложенија врз чија основа се донесе одлуката за цените, рече Бислимоски.

Посочи дека кај 80 проценти од домаќинствата веќе функционира евтината дневна тарифа во периодот од 13 до 15 часот што беше воведена од 1 декември годинава.

Во првиот блок се домаќинствата кои трошат од 0 до 210 киловат часови електрична енергија месечно, во вториот од 210 до 630, во третиот од 630 до 1.050 и во четвртиот тие што трошат над 1.050 киловат часови месечно.

Според Бислимоски, некаде околу 80 проценти од домаќинствата се во првиот и во вториот блок. Смета дека со воведувањето на евтината дневна тарифа дополнително ќе се намали потрошувачката по блоковите, а за сметка на тоа ќе се зголеми во евтината тарифа каде цената е двапати поевтина од првиот блок

The post Струјата во прв блок поевтинува за 5,16 отсто, за втор блок и за евтината тарифа останува иста, за трет блок поскапува за 2,88, а за четврт блок за 1,86 отсто appeared first on Република.

]]>

Цената на струјата за домаќинствата од 1 јануари се намалува за 5,16 отсто за прв блок, за втор блок и за евтината тарифа останува иста, за трет блок поскапува за 2,88, а за четврт блок за 1,86 отсто. Цената за секој блок е збир од цена за активна електрична енергија плус мрежарина. Како што истакна денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимоски, тоа го овозможи воведувањето на надоместокот за пристап до мрежа од 200 денари месечно што ќе го плаќаат сите корисници. Во спротивно доколку не се воведеше, како што кажа, ќе имало поскапување за 3,4 отсто во прв блок, за 8,62 во втор, за 9,46 во трет и за 4,92 отсто во четврт блок, додека евтината тарифа ќе се зголемела за 15,42 отсто. Дополнително, надоместокот за пристап до мрежа овозможи и намалување на мрежарината за речиси 23 отсто. -Со новиот концепт пристап кон мрежа, се направи фер распределба на трошокот за мрежа меѓу редовните корисници и оние потрошувачи кои повремено ги користат објектите. Во моментите кога го имплементиравме надоместокот за пристап кон мрежа се водевме пред се на една од најбитните темелни вредности на нашиот Устав, тоа е социјалната правда. Со воведувањето на овој пристап кон мрежа овозможивме цената за мрежарина да се намали за речиси 23 проценти. Сето тоа ни овозможи да донесеме цени како што ги објавивме, рече Бислимоски на денешната прес-конференција, истакнувајќи дека одлуката е во насока на заштити стандардот на граѓаните. Цената на струјата за домаќинствата од 1 јануари се намалува за 5,16 отсто за прв блок, за втор блок и за евтината тарифа останува иста, за трет блок поскапува за 2,88, а за четврт блок за 1, Ова е првата одлуката за цена што ја пресметуваше и ја објави во „Службен весник“ универзалниот снабдувач „ЕВН Хоум“, а под контрола на РКЕ. -Со ЕВН неколку пати одржавме состаноци и имавме забелешки во одреден дел околу факторот на корекција. ЕВН бараше да се примени поголем дел од факторот на корекција кој треба да се врати во наредниот период, а ние инсистиравме во оваа одлука факторот на корекција да биде нула. На крајот концептот РКЕ да врши контрола во носењето на одлуката на „ЕВН Хоум“ се покажа како правилен и беа прифатени нашите образложенија врз чија основа се донесе одлуката за цените, рече Бислимоски. Посочи дека кај 80 проценти од домаќинствата веќе функционира евтината дневна тарифа во периодот од 13 до 15 часот што беше воведена од 1 декември годинава. Во првиот блок се домаќинствата кои трошат од 0 до 210 киловат часови електрична енергија месечно, во вториот од 210 до 630, во третиот од 630 до 1.050 и во четвртиот тие што трошат над 1.050 киловат часови месечно. Според Бислимоски, некаде околу 80 проценти од домаќинствата се во првиот и во вториот блок. Смета дека со воведувањето на евтината дневна тарифа дополнително ќе се намали потрошувачката по блоковите, а за сметка на тоа ќе се зголеми во евтината тарифа каде цената е двапати поевтина од првиот блок

The post Струјата во прв блок поевтинува за 5,16 отсто, за втор блок и за евтината тарифа останува иста, за трет блок поскапува за 2,88, а за четврт блок за 1,86 отсто appeared first on Република.

]]>
Настаните во Црвеното Море ја креваат цената на нафтата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/nastanite-vo-tsrvenoto-more-ja-krevaat-tsenata-na-naftata/ Sun, 24 Dec 2023 10:39:34 +0000 https://republika.mk/?p=726132

Цената на нафтата на меѓународните пазари порасна за еден процент, поради продолжувањето на тензиите по нападите на јеменските Хути врз бродови во Црвеното Море. Цената на барелот на лондонскиот пазар се зголеми за 71 цент во однос на претходното затворање, на 80,1 долар. Во Њујорк барелот се тргуваше за 81 цент повисоко, на 74,7 долари. Во саботата наутро цената на нафтата WTI, референтната за американскиот пазар, падна на 73,56 долари, а нафтата од типот Брент на 79,07 долари за барел.

Цените на нафтата според фјучерс договорите на двата пазари се на пат кон неделен раст од речиси пет отсто, поттикнат од растечките геополитички ризици поради нападите во Црвеното Море и можните прекини на операциите на бродовите. Неколку бродски компании го избегнуваат Црвеното Море поради нападите врз бродови од страна на милитантната група Хути, кои се нивниот одговор на војната во Газа.

Нападите предизвикаа прекини во глобалната трговија преку Суецкиот канал, низ кој минува околу 12 отсто од светската трговија. Соединетите Американски Држави (САД) во вторникот започнаа мултинационална операција за заштита на трговијата во Црвеното Море, но Хутите најавија дека ќе продолжат со нападите.

Долгорочното влијание врз цените целосно зависи од времето во кое бродските компании продолжуваат да ја избегнуваат областа. Она што го преувеличува таквото влијание е немањето јасност за тоа како, каде и кога ќе дејствува таканаречената поморска коалиција – изјави Џон Еванс од „PVM“.

И покрај геополитичките тензии кои ги поддржуваат повисоките цени на нафтата, цените паднаа во четвртокот откако Ангола објави дека ќе ја напушти Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК). Африканската нација, која произведува околу 1,1 милион барели нафта дневно, рече дека членството во организацијата не им служи на нејзините интереси, протестирајќи против одлуката на пошироката групација ОПЕК + да ја намали производната квота на членката следната година.

– Иако таквиот курс беше сосема предвидлив поради ставовите на Ангола на последниот состанок на ОПЕК, тој потсетува на растечките поделби кои во иднина може да го загрозат единството на групата – додаде Еванс.

Одделно, ОПЕК објави дека цената на барел од кошничката нафта на нејзините членки се намалила за 40 центи на 80,84 отсто.

The post Настаните во Црвеното Море ја креваат цената на нафтата appeared first on Република.

]]>

Цената на нафтата на меѓународните пазари порасна за еден процент, поради продолжувањето на тензиите по нападите на јеменските Хути врз бродови во Црвеното Море. Цената на барелот на лондонскиот пазар се зголеми за 71 цент во однос на претходното затворање, на 80,1 долар. Во Њујорк барелот се тргуваше за 81 цент повисоко, на 74,7 долари. Во саботата наутро цената на нафтата WTI, референтната за американскиот пазар, падна на 73,56 долари, а нафтата од типот Брент на 79,07 долари за барел. Цените на нафтата според фјучерс договорите на двата пазари се на пат кон неделен раст од речиси пет отсто, поттикнат од растечките геополитички ризици поради нападите во Црвеното Море и можните прекини на операциите на бродовите. Неколку бродски компании го избегнуваат Црвеното Море поради нападите врз бродови од страна на милитантната група Хути, кои се нивниот одговор на војната во Газа. Нападите предизвикаа прекини во глобалната трговија преку Суецкиот канал, низ кој минува околу 12 отсто од светската трговија. Соединетите Американски Држави (САД) во вторникот започнаа мултинационална операција за заштита на трговијата во Црвеното Море, но Хутите најавија дека ќе продолжат со нападите. Долгорочното влијание врз цените целосно зависи од времето во кое бродските компании продолжуваат да ја избегнуваат областа. Она што го преувеличува таквото влијание е немањето јасност за тоа како, каде и кога ќе дејствува таканаречената поморска коалиција – изјави Џон Еванс од „PVM“. И покрај геополитичките тензии кои ги поддржуваат повисоките цени на нафтата, цените паднаа во четвртокот откако Ангола објави дека ќе ја напушти Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК). Африканската нација, која произведува околу 1,1 милион барели нафта дневно, рече дека членството во организацијата не им служи на нејзините интереси, протестирајќи против одлуката на пошироката групација ОПЕК + да ја намали производната квота на членката следната година. – Иако таквиот курс беше сосема предвидлив поради ставовите на Ангола на последниот состанок на ОПЕК, тој потсетува на растечките поделби кои во иднина може да го загрозат единството на групата – додаде Еванс. Одделно, ОПЕК објави дека цената на барел од кошничката нафта на нејзините членки се намалила за 40 центи на 80,84 отсто.

The post Настаните во Црвеното Море ја креваат цената на нафтата appeared first on Република.

]]>
Бектеши уверува: Цената на струјата нема да се зголеми од 1 јануари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-uveruva-tsenata-na-strujata-nema-da-se-zgolemi-od-1-januari/ Thu, 14 Dec 2023 12:26:06 +0000 https://republika.mk/?p=722924

Министерот за економија Крешник Бектеши уверува дека од 1 јануари ќе нема зголемување на износот на фактурата за струјата за граѓаните и покрај новата методологија и новата ставка за пристап до мрежа, од којашто според него, се засегнати граѓаните кои имаат викендици, по две-три куќи или два-три стана.

Тој негира дека се компензира воведената евтина тарифа со новата ставка во фактурите заради тоа што, како што појасни, граѓаните кои што имаат повеќе потреба од поддршка се повеќе во рамки на првиот и вториот блок во потрошувачката. Тие што се во четвртиот блок, според него, немаат никаква потреба да бидат поддржани од страна на државата.

Одговарајќи на новинарски прашања Бектеши рече дека енергетските компании можат да бараат и 400 и 500 отсто во делот на трошоците што ги пријавуваат и согласно тоа што планираат да инвестираат, но оти Регулаторната комисија за енергетика ќе одлучи колку тие трошоци ќе ги прифати.

ваесет и седум отсто не е некое големо побарување ако споредиме со претходните години од страна на МЕПСО и од страна на ЕВН дистрибуција и ЕВН Хоум, најверојатно нема да бидат прифатени. Цената за домаќинствата и малите потрошувачи нема да се зголеми од 1 јануари, во спротивно ќе имаат дополнителна можност со користење на евтината тарифа да им биде намалена - рече Бектеши.

Тој порача дека имаме правична методологија и согласно категории на граѓани.

Во склоп на Енергетскиот совет речиси веќе една година се работи на нова методологија се со цел да се врати евтината тарифа, воедно на новите давачки, а тоа ќе тангира одредени групи граѓани кои имаат викендици, по две-три куќи, два-три стана и слично, поради тоа што во делот на наплаќање за дистрибутивната мрежа повеќе плаќаат тие граѓани кои навистина користат електрична енергија, каде што пресметката се применува врз потрошувачката и колку е користено како мрежа. Тие кои имаат викендици и користат еднаш, два пати, три пати во годината, тие кои не ги користат становите, куќите, дополни Бектеши, ќе го платат тој надомест, а за граѓаните кои навистина користат електрична енергија и имаат еден стан или куќа ќе се намали ставката за дистрибутивна мрежа.

Тоа значи дека имаме правична методологија и согласно категории на граѓани во нашата држава - рече Бектеши.

Како што дополни, најранливите категории граѓани кои што имаат просечна потрошувачка во првиот и вториот блог, ќе плаќаат помалку во делот на електричната енергија и во вкупната сметка за струјата, имајќи ја во предвид и цената на дистрибутивната мрежа.

Граѓаните кои имаат два-три стана, викендици или слично, тие ќе имаат фиксен надомест во текот на целата година, имајќи во предвид дека ако еднаш го користат тој простор, тие кога одат во тој стан или викендица тие имаат електрична енергија затоа ја плаќаат другите граѓани во моментот согласно постоечката методологија. За да бидам јасен, зголемување на цената во фактурите на граѓаните нема да има од први јануари согласно новата методологија - рече Бектеши.

Граѓаните кои што имаат повеќе потреба од поддршка, потенцира, се во рамки на првиот и вториот блок.

Повеќе од 40-50 отсто од нашата потрошувачка е во тие два блока. Јас и во време на енергетска криза наведов дека не треба да субвенционираме граѓани кои имаат големи приходи и трошат колку што троши една фабрика во нивните домаќинства. Треба да го направиме спротивното, треба тие да плаќаат согласно пазарот и тоа што го трошат затоа што имаме домаќинства кои имаат станови и викендици низ цела Македонија и тие имаат електрична енергија кога одат таму, а во делот на цената на дистрибутивната мрежа плаќаме секојдневно ние кои живееме во нашите домови. Евтината тaрифа ќе продолжи да се имплементира како мерка од страна на Регулаторната комисија за енергетика, а ставката ќе биде платена фиксно во текот на цела година, а во делот на цената на дистрибутивната мрежа, тоа ќе биде намалено за првиот и вториот блок каде што влегуваат поголемиот дел - појасни Бектеши.

Тие што се во четвртиот блок, дополни, немаат никаква потреба да бидат поддржани од страна на државата.

Тоа е мојот личен став имајќи ја во предвид структурата на домаќинствата во нашата држава и кои категории граѓани имаат повеќе потреба. Која ќе биде одлуката на Регулаторната комисија за енергетика немам никакво влијание затоа што е независна. Но, ако јас се прашувам, четвртиот блок ќе биде дополнително зголемен заради тоа што тие имаат можност, а воедно и ќе може да се влијае во намалување на потрошувачката во целина што е и цел на секоја држава, особено во време на транзиција кога се преминува во инвестиции во обновливи извори на енергија - наведе Бектеши, кој учествуваше на настан по повод 10 години од основањето на Фондот за иновации и технолошки развој.

The post Бектеши уверува: Цената на струјата нема да се зголеми од 1 јануари appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши уверува дека од 1 јануари ќе нема зголемување на износот на фактурата за струјата за граѓаните и покрај новата методологија и новата ставка за пристап до мрежа, од којашто според него, се засегнати граѓаните кои имаат викендици, по две-три куќи или два-три стана. Тој негира дека се компензира воведената евтина тарифа со новата ставка во фактурите заради тоа што, како што појасни, граѓаните кои што имаат повеќе потреба од поддршка се повеќе во рамки на првиот и вториот блок во потрошувачката. Тие што се во четвртиот блок, според него, немаат никаква потреба да бидат поддржани од страна на државата. Одговарајќи на новинарски прашања Бектеши рече дека енергетските компании можат да бараат и 400 и 500 отсто во делот на трошоците што ги пријавуваат и согласно тоа што планираат да инвестираат, но оти Регулаторната комисија за енергетика ќе одлучи колку тие трошоци ќе ги прифати.
ваесет и седум отсто не е некое големо побарување ако споредиме со претходните години од страна на МЕПСО и од страна на ЕВН дистрибуција и ЕВН Хоум, најверојатно нема да бидат прифатени. Цената за домаќинствата и малите потрошувачи нема да се зголеми од 1 јануари, во спротивно ќе имаат дополнителна можност со користење на евтината тарифа да им биде намалена - рече Бектеши.
Тој порача дека имаме правична методологија и согласно категории на граѓани. Во склоп на Енергетскиот совет речиси веќе една година се работи на нова методологија се со цел да се врати евтината тарифа, воедно на новите давачки, а тоа ќе тангира одредени групи граѓани кои имаат викендици, по две-три куќи, два-три стана и слично, поради тоа што во делот на наплаќање за дистрибутивната мрежа повеќе плаќаат тие граѓани кои навистина користат електрична енергија, каде што пресметката се применува врз потрошувачката и колку е користено како мрежа. Тие кои имаат викендици и користат еднаш, два пати, три пати во годината, тие кои не ги користат становите, куќите, дополни Бектеши, ќе го платат тој надомест, а за граѓаните кои навистина користат електрична енергија и имаат еден стан или куќа ќе се намали ставката за дистрибутивна мрежа.
Тоа значи дека имаме правична методологија и согласно категории на граѓани во нашата држава - рече Бектеши.
Како што дополни, најранливите категории граѓани кои што имаат просечна потрошувачка во првиот и вториот блог, ќе плаќаат помалку во делот на електричната енергија и во вкупната сметка за струјата, имајќи ја во предвид и цената на дистрибутивната мрежа.
Граѓаните кои имаат два-три стана, викендици или слично, тие ќе имаат фиксен надомест во текот на целата година, имајќи во предвид дека ако еднаш го користат тој простор, тие кога одат во тој стан или викендица тие имаат електрична енергија затоа ја плаќаат другите граѓани во моментот согласно постоечката методологија. За да бидам јасен, зголемување на цената во фактурите на граѓаните нема да има од први јануари согласно новата методологија - рече Бектеши.
Граѓаните кои што имаат повеќе потреба од поддршка, потенцира, се во рамки на првиот и вториот блок.
Повеќе од 40-50 отсто од нашата потрошувачка е во тие два блока. Јас и во време на енергетска криза наведов дека не треба да субвенционираме граѓани кои имаат големи приходи и трошат колку што троши една фабрика во нивните домаќинства. Треба да го направиме спротивното, треба тие да плаќаат согласно пазарот и тоа што го трошат затоа што имаме домаќинства кои имаат станови и викендици низ цела Македонија и тие имаат електрична енергија кога одат таму, а во делот на цената на дистрибутивната мрежа плаќаме секојдневно ние кои живееме во нашите домови. Евтината тaрифа ќе продолжи да се имплементира како мерка од страна на Регулаторната комисија за енергетика, а ставката ќе биде платена фиксно во текот на цела година, а во делот на цената на дистрибутивната мрежа, тоа ќе биде намалено за првиот и вториот блок каде што влегуваат поголемиот дел - појасни Бектеши.
Тие што се во четвртиот блок, дополни, немаат никаква потреба да бидат поддржани од страна на државата.
Тоа е мојот личен став имајќи ја во предвид структурата на домаќинствата во нашата држава и кои категории граѓани имаат повеќе потреба. Која ќе биде одлуката на Регулаторната комисија за енергетика немам никакво влијание затоа што е независна. Но, ако јас се прашувам, четвртиот блок ќе биде дополнително зголемен заради тоа што тие имаат можност, а воедно и ќе може да се влијае во намалување на потрошувачката во целина што е и цел на секоја држава, особено во време на транзиција кога се преминува во инвестиции во обновливи извори на енергија - наведе Бектеши, кој учествуваше на настан по повод 10 години од основањето на Фондот за иновации и технолошки развој.

The post Бектеши уверува: Цената на струјата нема да се зголеми од 1 јануари appeared first on Република.

]]>
На што се темели најавеното поскапување на струјата, кога Бугарија ја укинува дополнителната такса за транзит на гас? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-shto-se-temeli-najavenoto-poskapuvane-na-strujata-koga-bugarija-ja-ukinuva-dopolnitelnata-taksa-za-tranzit-na-gas/ Tue, 12 Dec 2023 12:24:43 +0000 https://republika.mk/?p=722164

Димитар Ковачевски на 1-ви ноември говореше дека поскапувањето на струјата кое би се случило на цената на електричната енергија за домаќинствата во Македонија, ќе биде резултат на таксата која ја воведува Бугарија за транзитот на гас. Сега кога Бугарија ја укинува оваа такса се поставува прашањето на кој дополнителен трошок ќе го темелат поскапувањето кое веќе го најавува и самиот Бислимовски, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.

Граѓаните со право се загрижени, бидејќи функционерите на власта на ДУИ и СДС веќе најавуваат воведување на нови такси во сметките кои според процените може да значат 30 милиони евра повеќе трошоци за граѓаните годишно, но и проширување на тарифните групи 3 и 4 кои се најскапи и со што би се направило прикриено поскапување на електричната енергија.

Народот е доведен до питачки стап и секое поскапување на електричната енергија дополнително ќе ја зголемува сиромаштијата, која веќе според процените ги опфаќа речиси 600 илјади граѓани.

Ковачевски, Бислимовски и сите останати функционери а власта го уништија енергетскиот сектор во Македонија и резултатот на тоа е секое ново поскапување на електричната енергија за граѓаните. Наместо инвестиции во државните енергетски капацитети, фрлени се на приватните бизниси од кои и самите имаат голема лична корист, нагласуваат од ВМРО ДПМНЕ.

The post На што се темели најавеното поскапување на струјата, кога Бугарија ја укинува дополнителната такса за транзит на гас? appeared first on Република.

]]>

Димитар Ковачевски на 1-ви ноември говореше дека поскапувањето на струјата кое би се случило на цената на електричната енергија за домаќинствата во Македонија, ќе биде резултат на таксата која ја воведува Бугарија за транзитот на гас. Сега кога Бугарија ја укинува оваа такса се поставува прашањето на кој дополнителен трошок ќе го темелат поскапувањето кое веќе го најавува и самиот Бислимовски, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните со право се загрижени, бидејќи функционерите на власта на ДУИ и СДС веќе најавуваат воведување на нови такси во сметките кои според процените може да значат 30 милиони евра повеќе трошоци за граѓаните годишно, но и проширување на тарифните групи 3 и 4 кои се најскапи и со што би се направило прикриено поскапување на електричната енергија. Народот е доведен до питачки стап и секое поскапување на електричната енергија дополнително ќе ја зголемува сиромаштијата, која веќе според процените ги опфаќа речиси 600 илјади граѓани. Ковачевски, Бислимовски и сите останати функционери а власта го уништија енергетскиот сектор во Македонија и резултатот на тоа е секое ново поскапување на електричната енергија за граѓаните. Наместо инвестиции во државните енергетски капацитети, фрлени се на приватните бизниси од кои и самите имаат голема лична корист, нагласуваат од ВМРО ДПМНЕ.

The post На што се темели најавеното поскапување на струјата, кога Бугарија ја укинува дополнителната такса за транзит на гас? appeared first on Република.

]]>
Ценовен шок: Струјата ќе поскапи 27 отсто, ако се прифатат барањата од сите субјекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tsenoven-shok-strujata-ke-poskapi-27-otsto-ako-se-prifatat-baranata-od-site-subjekti/ Tue, 12 Dec 2023 10:35:09 +0000 https://republika.mk/?p=722097

Согласно добиените барања од компаниите, зголемувањето на цената на струјата би било за 27 проценти, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски на прес-конференција рече дека почнуваат анализите за цената на струјата и дека до крајот на следната недела се очекува да се донесат цените за МЕПСО, МЕМО и Електродистрибуција.

ЕСМ понудил 57 евра наместо 53 евра за мегават час и наместо обезбедување на 100% од вкупните потрошувачи, ќе се обезбедат 95% за малите домаќинства.

Регулаторна навлегува во анализи на барањата и очекувам дека до крајот на следна недела ќе ги донесеме цените за МЕПСО за пренос, за МЕМО за организирање на пазарот и за Електродистрибуција за дистрибуција на енергијата до потрошувачите. Потоа ЕВН ќе достави цена која треба да биде ја помине контролата во РКЕ и нашата одлука ќе биде обврзувачка за нив. Ќе бидеме максимално транспарентни и нема да дозволиме граѓаните да почувствуваат ценовен шок благодарение на иновативните решенија кои ќе ги понудиме – информираше претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски.

Според него, ќе има зголемени трошоци за набавка на електричната енергија, бидејќи ЕВН ќе ги набавува на слободен пазар оние 5% кои нема да му ги испорача домашниот ЕСМ, а цената во моментов е 130-140 евра за мегават час, односно многу повеќе од загарантираните 57 евра за мегават час.

Во однос на воведувањето на пристап до мрежа, претседателот на РКЕ потенцираше дека тоа нема да биде нов трошок за потрошувачите и дека се ќе биде во рамки на одобрениот приход на компаниите.

Никој нема да заработува пари од она што како цена ќе го определи РКЕ. Надоместокот ќе значи намалување на цената на мрежарината - нагласи Бислимовски.

 

The post Ценовен шок: Струјата ќе поскапи 27 отсто, ако се прифатат барањата од сите субјекти appeared first on Република.

]]>

Согласно добиените барања од компаниите, зголемувањето на цената на струјата би било за 27 проценти, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски на прес-конференција рече дека почнуваат анализите за цената на струјата и дека до крајот на следната недела се очекува да се донесат цените за МЕПСО, МЕМО и Електродистрибуција. ЕСМ понудил 57 евра наместо 53 евра за мегават час и наместо обезбедување на 100% од вкупните потрошувачи, ќе се обезбедат 95% за малите домаќинства.
Регулаторна навлегува во анализи на барањата и очекувам дека до крајот на следна недела ќе ги донесеме цените за МЕПСО за пренос, за МЕМО за организирање на пазарот и за Електродистрибуција за дистрибуција на енергијата до потрошувачите. Потоа ЕВН ќе достави цена која треба да биде ја помине контролата во РКЕ и нашата одлука ќе биде обврзувачка за нив. Ќе бидеме максимално транспарентни и нема да дозволиме граѓаните да почувствуваат ценовен шок благодарение на иновативните решенија кои ќе ги понудиме – информираше претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски.
Според него, ќе има зголемени трошоци за набавка на електричната енергија, бидејќи ЕВН ќе ги набавува на слободен пазар оние 5% кои нема да му ги испорача домашниот ЕСМ, а цената во моментов е 130-140 евра за мегават час, односно многу повеќе од загарантираните 57 евра за мегават час. Во однос на воведувањето на пристап до мрежа, претседателот на РКЕ потенцираше дека тоа нема да биде нов трошок за потрошувачите и дека се ќе биде во рамки на одобрениот приход на компаниите.
Никој нема да заработува пари од она што како цена ќе го определи РКЕ. Надоместокот ќе значи намалување на цената на мрежарината - нагласи Бислимовски.
 

The post Ценовен шок: Струјата ќе поскапи 27 отсто, ако се прифатат барањата од сите субјекти appeared first on Република.

]]>
Аман веќе со тие базени: Ковачевски тврди дека нема да има струен ценовен шок за граѓаните кои не се луксузираат https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/aman-veke-so-tie-bazeni-kovachevski-tvrdi-deka-nema-da-ima-struen-tsenoven-shok-za-graganite-koi-ne-se-luksuziraat/ Mon, 11 Dec 2023 14:26:40 +0000 https://republika.mk/?p=721821

Граѓаните коишто не се луксузираат не треба да стравуваат од нов ценовен шок на струјата. За корисниците од првиот блок, кои имаат мала потрошувачка на струја нема да има промени во цената по Нова Година. Оние, пак, што загреваат поголеми простории и базени и ја користат струјата за полуксузни намени ќе плаќаат повеќе - најави денеска премиерот Димитар Ковачевски, пренесува Дојче Веле.

Цената на струјата ја одредува Регулаторната комисија за енергетика. Граѓаните стравуваат од нов ценовен шок, особено по најавите дека ќе се воведат нови ставки во сметките за струја.

Но, Ковачевски е дециден дека првиот и вториот тарифен блок опфаќаат до 98 проценти од домаќинствата во државата и за нив ќе нема никаква промена на цената, како што и немаше досега, бидејќи не се дозволи ценовен шок за граѓаните.

Третиот и четвртиот блок се помал број домаќинства што имаат поголема потрошувачка на електрична енергија. Во четвртиот блок се домаќинства коишто согласно своите приходи и можности загреваат поголеми простории, базени и слично. Секој согласно своите можности тоа може да го прави, меѓутоа и ќе плати поскапа цена на електрична енергија, бидејќи ние ја субвенционираме до 90 проценти за да немаме ценовен шок - рече Ковачевски.

The post Аман веќе со тие базени: Ковачевски тврди дека нема да има струен ценовен шок за граѓаните кои не се луксузираат appeared first on Република.

]]>

Граѓаните коишто не се луксузираат не треба да стравуваат од нов ценовен шок на струјата. За корисниците од првиот блок, кои имаат мала потрошувачка на струја нема да има промени во цената по Нова Година. Оние, пак, што загреваат поголеми простории и базени и ја користат струјата за полуксузни намени ќе плаќаат повеќе - најави денеска премиерот Димитар Ковачевски, пренесува Дојче Веле. Цената на струјата ја одредува Регулаторната комисија за енергетика. Граѓаните стравуваат од нов ценовен шок, особено по најавите дека ќе се воведат нови ставки во сметките за струја. Но, Ковачевски е дециден дека првиот и вториот тарифен блок опфаќаат до 98 проценти од домаќинствата во државата и за нив ќе нема никаква промена на цената, како што и немаше досега, бидејќи не се дозволи ценовен шок за граѓаните.
Третиот и четвртиот блок се помал број домаќинства што имаат поголема потрошувачка на електрична енергија. Во четвртиот блок се домаќинства коишто согласно своите приходи и можности загреваат поголеми простории, базени и слично. Секој согласно своите можности тоа може да го прави, меѓутоа и ќе плати поскапа цена на електрична енергија, бидејќи ние ја субвенционираме до 90 проценти за да немаме ценовен шок - рече Ковачевски.

The post Аман веќе со тие базени: Ковачевски тврди дека нема да има струен ценовен шок за граѓаните кои не се луксузираат appeared first on Република.

]]>
Горивата со нови цени од полноќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/gorivata-so-novi-tseni-od-polnok-2/ Mon, 27 Nov 2023 12:30:51 +0000 https://republika.mk/?p=716723

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Согласно одлуката малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,256 ден/кг и изнесува 42,517 ден/кг

Ова се цените на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,517 (денари/килограм)

The post Горивата со нови цени од полноќ appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ. Согласно одлуката малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,256 ден/кг и изнесува 42,517 ден/кг Ова се цените на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 75,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 42,517 (денари/килограм)

The post Горивата со нови цени од полноќ appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Струјата нема да поскапи, цената останува иста и по 1 јануари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-strujata-nema-da-poskapi-tsenata-ostanuva-ista-i-po-1-januari/ Thu, 23 Nov 2023 10:35:40 +0000 https://republika.mk/?p=715473

Струјата нема да поскапи, ниту по 1 јануари, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Според него, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе може да интервенира во цената, ако се утврди дека пресметките не се направени како што треба.

Бектеши информира дека постапката за избор е почната и кон почетокот на наредната година ќе има нов универзален снабдувач.

Никако нема да има повисока цена на струјата, имајќи предвид дека тоа е предвидено со Законот за енергетика. РКЕ согласно законското решение има обврска да направи надзор и да утврди дали се пресметките направени како што треба. Со последните измени на Законот за енергетика граѓаните знаат дека воведовме универзален снабдувач на кој рокот му истекува наредната година, а постапката за избор на нов е почната. Кон почетокот на наредната година ќе имаме нов универзален снабдувач, се надеваме ќе бидат со пониски маржи согласно конкуренцијата што ја имаме. Истиот тарифен систем ќе биде од 1 јануари, а надзор прави РКЕ. Согласно став 5 од членот 10 ќе има право РКЕ да интервенира во цената, ако се утврди дека пресметките не се направени како што треба. Кога зборувваме за монопол, ние сами сме одлучиле да имаме регулирана цена во делот на електричната енергија со цел да ги заштитиме домаќинствата и малите потрошувачи. Спротивното ќе беше да одиме на берза и да имаме пазарни цени кои моментно се двојно повисоки од цената што ја нуди ЕСМ - истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања.

Како што изјави Бектеши по Самитот за женско претприемништво, моментно се прават анализи од РКЕ и надлежните институции, во делот на блоковите.

Не, цената на електричната енергија нема да се зголеми, ниту во блоковите, ниту во целина. Моментно се прават анализи од РКЕ и надлежните институции, во делот на блоковите зашто сакаме што повеќе да ги заштитиме ранливите категории граѓани - нагласи Бектеши.

The post Бектеши: Струјата нема да поскапи, цената останува иста и по 1 јануари appeared first on Република.

]]>

Струјата нема да поскапи, ниту по 1 јануари, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Според него, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе може да интервенира во цената, ако се утврди дека пресметките не се направени како што треба. Бектеши информира дека постапката за избор е почната и кон почетокот на наредната година ќе има нов универзален снабдувач.
Никако нема да има повисока цена на струјата, имајќи предвид дека тоа е предвидено со Законот за енергетика. РКЕ согласно законското решение има обврска да направи надзор и да утврди дали се пресметките направени како што треба. Со последните измени на Законот за енергетика граѓаните знаат дека воведовме универзален снабдувач на кој рокот му истекува наредната година, а постапката за избор на нов е почната. Кон почетокот на наредната година ќе имаме нов универзален снабдувач, се надеваме ќе бидат со пониски маржи согласно конкуренцијата што ја имаме. Истиот тарифен систем ќе биде од 1 јануари, а надзор прави РКЕ. Согласно став 5 од членот 10 ќе има право РКЕ да интервенира во цената, ако се утврди дека пресметките не се направени како што треба. Кога зборувваме за монопол, ние сами сме одлучиле да имаме регулирана цена во делот на електричната енергија со цел да ги заштитиме домаќинствата и малите потрошувачи. Спротивното ќе беше да одиме на берза и да имаме пазарни цени кои моментно се двојно повисоки од цената што ја нуди ЕСМ - истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања.
Како што изјави Бектеши по Самитот за женско претприемништво, моментно се прават анализи од РКЕ и надлежните институции, во делот на блоковите.
Не, цената на електричната енергија нема да се зголеми, ниту во блоковите, ниту во целина. Моментно се прават анализи од РКЕ и надлежните институции, во делот на блоковите зашто сакаме што повеќе да ги заштитиме ранливите категории граѓани - нагласи Бектеши.

The post Бектеши: Струјата нема да поскапи, цената останува иста и по 1 јануари appeared first on Република.

]]>
Паднаа цените на нафтата на светските берзи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/padnaa-tsenite-na-naftata-na-svetskite-berzi/ Thu, 16 Nov 2023 21:36:56 +0000 https://republika.mk/?p=702349

На лондонската берза цената на барелот по пладне беше пониска за 2,60 долари во однос на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 78,58 долари. Речиси за исто толку барелот поевтини на американскиот пазар и се лизна на 74,01 долар.

Трговците се загрижени од зголемувањето на залихите во САД минатата недела, за 3,6 милиони барели, според владините податоци во Вашингтон, многу посилни отколку што очекуваа аналитичарите.

Производството останало на рекордни 13,2 милиони барели дневно.

Падот на цената на суровата нафта е во спротивност со проценките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), кои прогнозираат тесна понуда во четвртиот квартал, забележува Тамас Варга од PVM.

Економската активност на Кина зајакна во октомври, при што растот на продажбата на мало ги надмина очекувањата, но аналитичарите предвидуваа забавување на рафинериското производство поради послабата побарувачка за гориво и пониските маржи на рафинериите.

„Цените на нафтата моментално паѓаат и покрај навидум поволното опкружување, што доведува до заклучок дека инвеститорите едноставно не веруваат во проценките за „раст во четвртиот квартал“, а тие не беа поддржани од новите неделни извештаи на американската влада“, вели Варга.

Во посебен извештај, ОПЕК објави дека вчера цената на барел на нафтената кошничка на нејзините членки се намалила за 61 цент на 84,86 долари.

 

The post Паднаа цените на нафтата на светските берзи appeared first on Република.

]]>

На лондонската берза цената на барелот по пладне беше пониска за 2,60 долари во однос на затворањето на тргувањето вчера и изнесуваше 78,58 долари. Речиси за исто толку барелот поевтини на американскиот пазар и се лизна на 74,01 долар. Трговците се загрижени од зголемувањето на залихите во САД минатата недела, за 3,6 милиони барели, според владините податоци во Вашингтон, многу посилни отколку што очекуваа аналитичарите. Производството останало на рекордни 13,2 милиони барели дневно. Падот на цената на суровата нафта е во спротивност со проценките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и Меѓународната агенција за енергија (ИЕА), кои прогнозираат тесна понуда во четвртиот квартал, забележува Тамас Варга од PVM. Економската активност на Кина зајакна во октомври, при што растот на продажбата на мало ги надмина очекувањата, но аналитичарите предвидуваа забавување на рафинериското производство поради послабата побарувачка за гориво и пониските маржи на рафинериите. „Цените на нафтата моментално паѓаат и покрај навидум поволното опкружување, што доведува до заклучок дека инвеститорите едноставно не веруваат во проценките за „раст во четвртиот квартал“, а тие не беа поддржани од новите неделни извештаи на американската влада“, вели Варга. Во посебен извештај, ОПЕК објави дека вчера цената на барел на нафтената кошничка на нејзините членки се намалила за 61 цент на 84,86 долари.  

The post Паднаа цените на нафтата на светските берзи appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: За какво покачување на струја и парно зборува Ковачевски, кога цената на гасот на берзите е 3 пати пониска од лани ова време? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-za-kakvo-pokachuvane-na-struja-i-parno-zboruva-kovachevski-koga-tsenata-na-gasot-na-berzite-e-3-pati-poniska-od-lani-ova-vreme/ Thu, 02 Nov 2023 08:29:03 +0000 https://republika.mk/?p=697282

За какво покачување на струја и парно зборува Ковачевски, кога цената на гасот на берзите е 3 пати пониска од лани ова време? Нешто очигледно не штима на релација СДС – ДУИ или пак апетити за нечии профити се огромни, а граѓаните треба истото да го покријат тоа според логиката на Ковачевски, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Чист факт е дека лани ова време цената на гасот на берзата во Холандија беше над 110 евра за мегават час, за сега мегават час да се продава под 50 евра, што е повеќе од двојно пониско.

Фјучерсите кои се продаваат за цела грејна сезона 2023/2024 според европските берзи не надминуваат 50 евра за мегават, но сепак Ковачевски се заканува со покачување на цената на струјата и парното, второто веќе е поскапено за 5%.

Како власта ќе објасни зошто се заканува со зголемување на цените на парното и струјата, во време кога гасот се продава по цени повеќе од двојно пониски од лани“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: За какво покачување на струја и парно зборува Ковачевски, кога цената на гасот на берзите е 3 пати пониска од лани ова време? appeared first on Република.

]]>

За какво покачување на струја и парно зборува Ковачевски, кога цената на гасот на берзите е 3 пати пониска од лани ова време? Нешто очигледно не штима на релација СДС – ДУИ или пак апетити за нечии профити се огромни, а граѓаните треба истото да го покријат тоа според логиката на Ковачевски, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Чист факт е дека лани ова време цената на гасот на берзата во Холандија беше над 110 евра за мегават час, за сега мегават час да се продава под 50 евра, што е повеќе од двојно пониско. Фјучерсите кои се продаваат за цела грејна сезона 2023/2024 според европските берзи не надминуваат 50 евра за мегават, но сепак Ковачевски се заканува со покачување на цената на струјата и парното, второто веќе е поскапено за 5%. Како власта ќе објасни зошто се заканува со зголемување на цените на парното и струјата, во време кога гасот се продава по цени повеќе од двојно пониски од лани“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: За какво покачување на струја и парно зборува Ковачевски, кога цената на гасот на берзите е 3 пати пониска од лани ова време? appeared first on Република.

]]>
РКЕ одлучи: Поевтинуваат дел од горивата, еве кои https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/rke-odluchi-poevtinuvaat-del-od-gorivata/ Mon, 30 Oct 2023 19:55:51 +0000 https://republika.mk/?p=696310

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,50 ден/лит, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 81,50 ден/лит додека.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 81,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,883 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 46,291 ден/кг.

The post РКЕ одлучи: Поевтинуваат дел од горивата, еве кои appeared first on Република.

]]>

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,50 ден/лит, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 81,50 ден/лит додека. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 81,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,883 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 46,291 ден/кг.

The post РКЕ одлучи: Поевтинуваат дел од горивата, еве кои appeared first on Република.

]]>