цена нафта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cena-nafta/ За подобро да се разбереме Mon, 10 Oct 2022 06:34:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png цена нафта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cena-nafta/ 32 32 Нафтата минатата седмица поскапе за повеќе од десет проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/naftata-minatata-sedmica-poskape-za-povekje-od-deset-procenti/ Mon, 10 Oct 2022 06:34:53 +0000 https://republika.mk/?p=559218

Цената на нафтата на светските берзи минатата седмица се покачи за повеќе од десет проценти достигнувајќи го највисокото ниво за последните пет недели, откако ОПЕК и партнерите на картелот најавија значително намалување на производството од ноември.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се покачи за 11,3 отсто, на 97,92 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за 16,5 отсто, на 92,64 долари.

Наглиот скок на цената на нафтата е последица на одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, вклучително и Русија, од ноември да го намалат дневното производство за два милиони барели. Неколку членки на „ОПЕК +“ се обидуваат да ги исполнат договорените производствени квоти обременети од недоволни инвестиции или од санкции. Картелот заостануваше со производството за околу 3,6 милиони барели дневно зад целите предвидени за август.

„Снабдувањето всушност ќе се намали за милион до 1,1 милион барели дневно, со учество на Саудиска Арабија од 500 илјади барели дневно“, рече саудискиот министер за енергетика Абдулазиз бин Салман. Само еден месец подоцна, Европската унија ќе воведе ембарго на руската нафта што се испорачува со бродови, со што ќе се намали понудата на и онака значајно стеснетиот пазар.

„Една од клучните последици од најновите намалувања на ОПЕК (производството) најверојатно ќе биде враќањето на цената на нафтата над нивото од сто долари. Но, растот на цените веројатно ќе биде ограничен од сè понеповолните трендови во економијата“, изјави Стивен Бренок од „PVM“.

Најавата на ОПЕК за намалување на производството досега ги надмина стравувањата на трговците од можна рецесија и падот на побарувачката за нафта. Имено, поради високата инфлација, централните банки на западните земји последниве месеци набрзина ги зголемуваат каматните стапки, што ќе го забави растот на економиите, при што растат ризиците од рецесија.

Се очекува дека американската ФЕД и Европската централна банка повторно ќе ги зголемат клучните каматни стапки за агресивни 0,75 процентни поени.

Цените на нафтата се оддалечија од најниските нивоа забележани во јануари, но и натаму се далеку пониски отколку во март, во почетната фаза од руската инвазија врз Украина, кога достигнаа до 147 долари за барел што е највисоко ниво откако почна со нафтата да се тргува преку термински договори.

„Со оглед на тоа што цената на барелот во Лондон сега е стабилизирана меѓу 90 и сто долари, ’ОПЕК +’ веројатно ќе биде задоволен од исходот и покрај сè уште мошне неизвесните изгледи за економијата“, рече Крег Ерлам од компанијата „ОАНДА“.

The post Нафтата минатата седмица поскапе за повеќе од десет проценти appeared first on Република.

]]>

Цената на нафтата на светските берзи минатата седмица се покачи за повеќе од десет проценти достигнувајќи го највисокото ниво за последните пет недели, откако ОПЕК и партнерите на картелот најавија значително намалување на производството од ноември. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се покачи за 11,3 отсто, на 97,92 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за 16,5 отсто, на 92,64 долари. Наглиот скок на цената на нафтата е последица на одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, вклучително и Русија, од ноември да го намалат дневното производство за два милиони барели. Неколку членки на „ОПЕК +“ се обидуваат да ги исполнат договорените производствени квоти обременети од недоволни инвестиции или од санкции. Картелот заостануваше со производството за околу 3,6 милиони барели дневно зад целите предвидени за август.
„Снабдувањето всушност ќе се намали за милион до 1,1 милион барели дневно, со учество на Саудиска Арабија од 500 илјади барели дневно“, рече саудискиот министер за енергетика Абдулазиз бин Салман. Само еден месец подоцна, Европската унија ќе воведе ембарго на руската нафта што се испорачува со бродови, со што ќе се намали понудата на и онака значајно стеснетиот пазар. „Една од клучните последици од најновите намалувања на ОПЕК (производството) најверојатно ќе биде враќањето на цената на нафтата над нивото од сто долари. Но, растот на цените веројатно ќе биде ограничен од сè понеповолните трендови во економијата“, изјави Стивен Бренок од „PVM“.
Најавата на ОПЕК за намалување на производството досега ги надмина стравувањата на трговците од можна рецесија и падот на побарувачката за нафта. Имено, поради високата инфлација, централните банки на западните земји последниве месеци набрзина ги зголемуваат каматните стапки, што ќе го забави растот на економиите, при што растат ризиците од рецесија. Се очекува дека американската ФЕД и Европската централна банка повторно ќе ги зголемат клучните каматни стапки за агресивни 0,75 процентни поени. Цените на нафтата се оддалечија од најниските нивоа забележани во јануари, но и натаму се далеку пониски отколку во март, во почетната фаза од руската инвазија врз Украина, кога достигнаа до 147 долари за барел што е највисоко ниво откако почна со нафтата да се тргува преку термински договори.
„Со оглед на тоа што цената на барелот во Лондон сега е стабилизирана меѓу 90 и сто долари, ’ОПЕК +’ веројатно ќе биде задоволен од исходот и покрај сè уште мошне неизвесните изгледи за економијата“, рече Крег Ерлам од компанијата „ОАНДА“.

The post Нафтата минатата седмица поскапе за повеќе од десет проценти appeared first on Република.

]]>
Ова треба да не загрижува: ММФ предупредува дека поради состојбата во Украина ќе има инфлација и зголемена цена на гасот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ova-treba-da-ne-zagrizuva-mmf-predupreduva-deka-poradi-sostojbata-vo-ukraina-kje-ima-inflacija-i-zgolemena-cena-na-gasot/ Wed, 26 Jan 2022 10:29:54 +0000 https://republika.mk/?p=449699

Meѓунродниот монетарен фонд предупредува  дека ескалацијата на конфликтот и потенцијалните западни санкции против Русија заради состојбата во Украина веројатно ќе ги зголемат цените на нафтата и природниот гас и трошоците за енергија за многу земји во светот.

Тоа би значело дека инфлацијата, која и онака е на екстремно високо ниво ширум светот, би можела да остане висока долго време, со што ќе се зголеми ризикот од „зацементирање“ на инфлацијата на многу високо ниво, што би го поттикнало растот на платите и повисоките плати. би значело уште поголема инфлација и би се формирала спирала.

Конфликтот ќе влијае и на руската берза и на руската валута, смета ММФ

Во текот на 2023 година, инфлацијата треба да се намали благодарение на поблагиот пораст на цените на горивата и храната, потенцира ММФ.

The post Ова треба да не загрижува: ММФ предупредува дека поради состојбата во Украина ќе има инфлација и зголемена цена на гасот appeared first on Република.

]]>

Meѓунродниот монетарен фонд предупредува  дека ескалацијата на конфликтот и потенцијалните западни санкции против Русија заради состојбата во Украина веројатно ќе ги зголемат цените на нафтата и природниот гас и трошоците за енергија за многу земји во светот. Тоа би значело дека инфлацијата, која и онака е на екстремно високо ниво ширум светот, би можела да остане висока долго време, со што ќе се зголеми ризикот од „зацементирање“ на инфлацијата на многу високо ниво, што би го поттикнало растот на платите и повисоките плати. би значело уште поголема инфлација и би се формирала спирала. Конфликтот ќе влијае и на руската берза и на руската валута, смета ММФ Во текот на 2023 година, инфлацијата треба да се намали благодарение на поблагиот пораст на цените на горивата и храната, потенцира ММФ.

The post Ова треба да не загрижува: ММФ предупредува дека поради состојбата во Украина ќе има инфлација и зголемена цена на гасот appeared first on Република.

]]>