цена на струјата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cena-na-strujata/ За подобро да се разбереме Fri, 30 Jun 2023 20:44:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png цена на струјата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cena-na-strujata/ 32 32 Бислимоски: Со воведувањето на дневната евтина тарифа, ќе имаме најниска цена на струјата во Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-so-voveduvaneto-na-dnevnata-evtina-tarifa-ke-imame-najniska-tsena-na-strujata-vo-evropa/ Fri, 30 Jun 2023 20:44:53 +0000 https://republika.mk/?p=657018

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски вечерва рече дека поради технички проблеми, дневната евтина тарифа на струјата ќе почне од 1 декември и тоа е најраниот можен термин.

Според Бислимоски, ако имаше политика во ваквата одлука, дневната евтина тарифа ќе почнеше од 1 јули.

Со воведувањето на евтината тарифа, земјава, оцени Бислимоски, ќе има најниска цена на електричната енергија во Европа. Засега, поевтина струја од нас, како што напомена, има само Србија.

Првиот човек на РКЕ смета дека е прерано да се каже дали ќе има дополнително намалување на цената на струјата, но не верува дека може да се очекува драматично поскапување. Согласно предвидувањата, истакна, цената на електричната енергија во 2024 година ќе биде 160 евра за мегават час. Годинава во март беше 120 - 130 евра, во април 110 - 120 евра, исто беше и во мај, јуни и јули, но останува да се види како ќе биде во останатиот дел од годината.

-Имаше технички проблеми за кои треба време да се надминат. Операторот сакаше евтината тарифа да почне од 1 јули следната година, но успеавме да се разбереме и да се договориме да почне од 1 декември. Ова е најрано кога можеше да почне евтината тарифа. Евтината тарифа ќе значи и пет отсто линерано налмалување на цената на електриччната енергија, истакна Бислимоски во интервју за Канал 5 телевизија.

Во регионот, додаде, освен во еден дел на БиХ, во ниту една земја не постои евтина тарифа, а не посоти ниту во Европа.

-Од 1 декември дневна евтина тарифа кај нас ќе има, што е придбвика за граѓаните, тие ги изградиле термо и хидро електраните и редно е да им се врати на тие луѓе со евтина тарифа во текот на денот. Инаку, после Србија, имаме најниска цена на струјата за домаќинствата во Европа. Всушност, цената на струјата за домаќинствата во Македонија е најниска, освен во Србија, а со воведувањето на евтината тарифа, мислам дека ќе имаме најниска цена на електрична енергија во Европа, подвлече претседателот на РКЕ.

Тој повтори дека струјомерите ќе се заменат со пософистицирани, т.н. смарт броила и тој процес ќе почне во наредните година, две или три.

-Заменети ќе бидат сите струјомери со паметни броила за да може да се прави далечинско отчитување со што ќе се зголеми и довербата на граѓаните кон операторот на дистрибутивниот систем, подвлече Бислимоски.

Во интервјуто, тој уште еднаш порача дека мора да почне замената на јагленот со природен гас. Ќе мора да се градат, рече, и нови производни капацитети.

The post Бислимоски: Со воведувањето на дневната евтина тарифа, ќе имаме најниска цена на струјата во Европа appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски вечерва рече дека поради технички проблеми, дневната евтина тарифа на струјата ќе почне од 1 декември и тоа е најраниот можен термин. Според Бислимоски, ако имаше политика во ваквата одлука, дневната евтина тарифа ќе почнеше од 1 јули. Со воведувањето на евтината тарифа, земјава, оцени Бислимоски, ќе има најниска цена на електричната енергија во Европа. Засега, поевтина струја од нас, како што напомена, има само Србија. Првиот човек на РКЕ смета дека е прерано да се каже дали ќе има дополнително намалување на цената на струјата, но не верува дека може да се очекува драматично поскапување. Согласно предвидувањата, истакна, цената на електричната енергија во 2024 година ќе биде 160 евра за мегават час. Годинава во март беше 120 - 130 евра, во април 110 - 120 евра, исто беше и во мај, јуни и јули, но останува да се види како ќе биде во останатиот дел од годината.
-Имаше технички проблеми за кои треба време да се надминат. Операторот сакаше евтината тарифа да почне од 1 јули следната година, но успеавме да се разбереме и да се договориме да почне од 1 декември. Ова е најрано кога можеше да почне евтината тарифа. Евтината тарифа ќе значи и пет отсто линерано налмалување на цената на електриччната енергија, истакна Бислимоски во интервју за Канал 5 телевизија.
Во регионот, додаде, освен во еден дел на БиХ, во ниту една земја не постои евтина тарифа, а не посоти ниту во Европа. -Од 1 декември дневна евтина тарифа кај нас ќе има, што е придбвика за граѓаните, тие ги изградиле термо и хидро електраните и редно е да им се врати на тие луѓе со евтина тарифа во текот на денот. Инаку, после Србија, имаме најниска цена на струјата за домаќинствата во Европа. Всушност, цената на струјата за домаќинствата во Македонија е најниска, освен во Србија, а со воведувањето на евтината тарифа, мислам дека ќе имаме најниска цена на електрична енергија во Европа, подвлече претседателот на РКЕ. Тој повтори дека струјомерите ќе се заменат со пософистицирани, т.н. смарт броила и тој процес ќе почне во наредните година, две или три.
-Заменети ќе бидат сите струјомери со паметни броила за да може да се прави далечинско отчитување со што ќе се зголеми и довербата на граѓаните кон операторот на дистрибутивниот систем, подвлече Бислимоски.
Во интервјуто, тој уште еднаш порача дека мора да почне замената на јагленот со природен гас. Ќе мора да се градат, рече, и нови производни капацитети.

The post Бислимоски: Со воведувањето на дневната евтина тарифа, ќе имаме најниска цена на струјата во Европа appeared first on Република.

]]>
Од ДДВ-то ќе зависи дали јулската сметка за струја ќе биде пониска за 4,26 отсто или повисока за 2,5 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/od-ddv-to-ke-zavisi-dali-julskata-smetka-za-struja-ke-bide-poniska-za-4-26-otsto-ili-povisoka-za-2-5-otsto/ Tue, 27 Jun 2023 19:43:30 +0000 https://republika.mk/?p=655851

Од 1 јули годинава за 7,04 проценти ќе се намали вкупната цената на електричната енергија во првиот блок со вкалкулирана енергија и мрежарина, во вториот блок ќе биде поевтина за 4,09 проценти, додека во третиот блок ќе има зголемување за 2,54 проценти, а во четвртиот блок цената ќе биде повисока за 2,42 проценти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски на денешната прес-конференција, доколку од 1 јули се врати ДДВ-то за струјата од 10 на 18 отсто тоа ќе значи зголемување за 2,5 отсто на крајната сметка што ја плаќаат домаќинствата со просечна потрошувачка ако, пак, остане ДДВ-то на 10 отсто ќе значи намалување на крајната сметка за 4,26 отсто. Според него, од 1 декември со стартот на дневната евтина тарифа ќе следи линеарно намалување за 5 проценти на сметките.

-РКЕ носи одлуки за цени и тарифи за електричната енергија без ДДВ. Во апсолутен износ ДДВ-то влијае 7 проценти. За едно просечно домаќинство со просечна потрошувачка намалувањето на цената на струја без ДДВ е 4,26 проценти, а влијанието заради ДДВ-то, вкупниот трошок со ДДВ е 2,5 проценти. Се обидовме да бидеме максимално креативни и да го ублажиме зголемувањето на ДДВ-то кое од 7,2 проценти го сведовме на 2,5 проценти како вкупен трошок, рече Бислимоски во одоговор на прашање.

Нагласи дека ова е втора последователна одлука на РКЕ со која цените на електрична енергија без ДДВ се намалуваат за домаќинствата и за малите потрошувачи.

-Цените на електричната енергија во евтината тарифа остануваат речиси идентични, додека кај малите потрошувачи заради заокружувањето има промена, односно минимално зголемување од 0,38 проценти, рече Бислимоски.

За малите потрошувачи, како што кажа, крајната цена ќе се зголеми за 0,3 проценти бидејќи ДДВ-то нема влијание зашто прават поврат на ДДВ.

-Математички пресметано за домаќинствата со вклучено зголемено ДДВ во првиот блок има намалување на цената за 0,28 отсто, во вторито блок има зголемување на цената од 2,88 отсто, во третиот блок зголемување од 9,99 отсто, а во четвртиот блок зголемување од 9,87 отсто. Кај домаќинствата со просечна потрошувачка влијанието на зголеменото ДДВ е 2,5 проценти, прецизира Бислимоски.

Како што посочи операторот на пазарот на електрична енергија побарал зголемување на цената од 83,83 проценти, а РКЕ одобрил зголемување од 5,2 проценти и таа изнесува 0,009 денари, и тоа има незначително влијание во крајната цена. МЕПСО побарал цената за пренос на електрична енергија да се зголеми за 52 проценти, а РКЕ ја намалила за 17,06 проценти.

-Намалувањето на оваа цена пред се се должи на тоа што се намалија трошоците за загуби коишто во втората половина од годината изнесуваа 132 евра за мегават час, додека во првиот дел од годината изнесуваа 220 евра за мегават час, рече Бислимоски и додаде дека е одземена и добивката од 14 милиони евра што ја остварил МЕПСО од балансирањето.

Електродистрибуција, додаде, побара да се зголеми цената за дистрибуција за електрична енергија за 32,17 отсто, а дозволивме зголемување од 2,12 проценти. Во првиот дел од годинава цената за загубите во дистрибуцијата на електрична енергија изнесуваше 110 евра за мегават час, а во вториот дел од годинава е 100 евра.

-Со тоа мрежарината што ја плаќаат домаќинствата која претставува збир од цената за пренос и за дистрибуција на електричната енергија ќе се намали 2,11 проценти и на тој начин во сметките нема да се плаќа повеќе за мрежарина отколку за потрошена енергија, потенцира Бислимоски.

Цената за снабдување се намалува за 1,77 отсто. Тоа, како што кажа е благодарение на АД ЕСМ кое ја намали цената за снабдување од 56 на 53 евра за мегават час, а исто така ја намали и цената за покривање на загубите во преносниот и дистрибутивниот систем.

Бислимоски очекува до декември Електродистрибуција да ги заврши сите процедури за воведување евтина дневна тарифа и најголем дел од граѓаните да можат да стратуваат со услугата уште на 1 декември. Најави дека ќе инсистираат во наредните година до две Електродистрибуција да ги смени сите постари броила и да постави броила со далечинско отчитување на нивен трошок кој потоа ќе биде вкалкулиран во трошоците што им ги признава РКЕ. Со тоа, сите промени ќе можат веднаш да се имплементираат и ќе нема потреба од рачно прилагодување и читање на броилата.

The post Од ДДВ-то ќе зависи дали јулската сметка за струја ќе биде пониска за 4,26 отсто или повисока за 2,5 отсто appeared first on Република.

]]>

Од 1 јули годинава за 7,04 проценти ќе се намали вкупната цената на електричната енергија во првиот блок со вкалкулирана енергија и мрежарина, во вториот блок ќе биде поевтина за 4,09 проценти, додека во третиот блок ќе има зголемување за 2,54 проценти, а во четвртиот блок цената ќе биде повисока за 2,42 проценти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимоски на денешната прес-конференција, доколку од 1 јули се врати ДДВ-то за струјата од 10 на 18 отсто тоа ќе значи зголемување за 2,5 отсто на крајната сметка што ја плаќаат домаќинствата со просечна потрошувачка ако, пак, остане ДДВ-то на 10 отсто ќе значи намалување на крајната сметка за 4,26 отсто. Според него, од 1 декември со стартот на дневната евтина тарифа ќе следи линеарно намалување за 5 проценти на сметките.
-РКЕ носи одлуки за цени и тарифи за електричната енергија без ДДВ. Во апсолутен износ ДДВ-то влијае 7 проценти. За едно просечно домаќинство со просечна потрошувачка намалувањето на цената на струја без ДДВ е 4,26 проценти, а влијанието заради ДДВ-то, вкупниот трошок со ДДВ е 2,5 проценти. Се обидовме да бидеме максимално креативни и да го ублажиме зголемувањето на ДДВ-то кое од 7,2 проценти го сведовме на 2,5 проценти како вкупен трошок, рече Бислимоски во одоговор на прашање.
Нагласи дека ова е втора последователна одлука на РКЕ со која цените на електрична енергија без ДДВ се намалуваат за домаќинствата и за малите потрошувачи.
-Цените на електричната енергија во евтината тарифа остануваат речиси идентични, додека кај малите потрошувачи заради заокружувањето има промена, односно минимално зголемување од 0,38 проценти, рече Бислимоски.
За малите потрошувачи, како што кажа, крајната цена ќе се зголеми за 0,3 проценти бидејќи ДДВ-то нема влијание зашто прават поврат на ДДВ. -Математички пресметано за домаќинствата со вклучено зголемено ДДВ во првиот блок има намалување на цената за 0,28 отсто, во вторито блок има зголемување на цената од 2,88 отсто, во третиот блок зголемување од 9,99 отсто, а во четвртиот блок зголемување од 9,87 отсто. Кај домаќинствата со просечна потрошувачка влијанието на зголеменото ДДВ е 2,5 проценти, прецизира Бислимоски. Како што посочи операторот на пазарот на електрична енергија побарал зголемување на цената од 83,83 проценти, а РКЕ одобрил зголемување од 5,2 проценти и таа изнесува 0,009 денари, и тоа има незначително влијание во крајната цена. МЕПСО побарал цената за пренос на електрична енергија да се зголеми за 52 проценти, а РКЕ ја намалила за 17,06 проценти.
-Намалувањето на оваа цена пред се се должи на тоа што се намалија трошоците за загуби коишто во втората половина од годината изнесуваа 132 евра за мегават час, додека во првиот дел од годината изнесуваа 220 евра за мегават час, рече Бислимоски и додаде дека е одземена и добивката од 14 милиони евра што ја остварил МЕПСО од балансирањето.
Електродистрибуција, додаде, побара да се зголеми цената за дистрибуција за електрична енергија за 32,17 отсто, а дозволивме зголемување од 2,12 проценти. Во првиот дел од годинава цената за загубите во дистрибуцијата на електрична енергија изнесуваше 110 евра за мегават час, а во вториот дел од годинава е 100 евра.
-Со тоа мрежарината што ја плаќаат домаќинствата која претставува збир од цената за пренос и за дистрибуција на електричната енергија ќе се намали 2,11 проценти и на тој начин во сметките нема да се плаќа повеќе за мрежарина отколку за потрошена енергија, потенцира Бислимоски.
Цената за снабдување се намалува за 1,77 отсто. Тоа, како што кажа е благодарение на АД ЕСМ кое ја намали цената за снабдување од 56 на 53 евра за мегават час, а исто така ја намали и цената за покривање на загубите во преносниот и дистрибутивниот систем. Бислимоски очекува до декември Електродистрибуција да ги заврши сите процедури за воведување евтина дневна тарифа и најголем дел од граѓаните да можат да стратуваат со услугата уште на 1 декември. Најави дека ќе инсистираат во наредните година до две Електродистрибуција да ги смени сите постари броила и да постави броила со далечинско отчитување на нивен трошок кој потоа ќе биде вкалкулиран во трошоците што им ги признава РКЕ. Со тоа, сите промени ќе можат веднаш да се имплементираат и ќе нема потреба од рачно прилагодување и читање на броилата.

The post Од ДДВ-то ќе зависи дали јулската сметка за струја ќе биде пониска за 4,26 отсто или повисока за 2,5 отсто appeared first on Република.

]]>
Очекуваме намалување на цената на струјата од јули, рече министерот за економија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ochekuvame-namaluvane-na-tsenata-na-strujata-od-juli-reche-ministerot-za-ekonomija/ Fri, 10 Feb 2023 14:46:40 +0000 https://republika.mk/?p=607442

Согласно домашните капацитети за производство на електрична енергија и анализите од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ)  не очекуваме да има зголемување на цената на електричната енергија од 1 јули годинава, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешниот брифинг со новинарите заедно со директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Ние сме во координација и со Регулаторната комисија за енергетика која е надлежна за цените на електрична енергија. Веќе се прават одредени анализи и се анализираат до детали одредени опции и со факултетите и со експерти за да се менува начинот на утврдување на цената на електрична енергија. Согласно капацитетите што ќе ги имаме во мај и јуни и јас сум убеден дека сите одлуки ќе бидат донесени во насоки да се зачува животниот стандард на граѓаните и да се поддржат малите и средни компании. Од 1-ви јули не очекуваме да има зголемување на цената на струја. Очекуваме да има дополнително намалување како што направивме од 1-ви јануари согласно производството на ЕСМ, како и движењето на цените на берзите, кажа министерот Бектеши.

За кризната состојба во енергетскиот сектор која што трае до крајот на април, министерот Бектеши кажа дека цента на нејзиното прогласување е да се влијае во делот на цената на електрична енергија и во ликвидност на ЕСМ.

Целта на кризната состојба е Владата да има директни механизми да влијае кај енергетските компании за нивната ликвидност и да креира мерки како што е мерката за повластена цена на компаниите, кажа министерот Бектеши.

The post Очекуваме намалување на цената на струјата од јули, рече министерот за економија appeared first on Република.

Паѓа цената на струјата во Унгарија, во јануари 123 евра повтина отколку во декември https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/paga-tsenata-na-strujata-vo-ungarija-vo-januari-123-evra-povtina-otkolku-vo-dekemvri/ Sun, 22 Jan 2023 18:15:19 +0000 https://republika.mk/?p=599668

Просечната цена на еден мегават-час електрична енергија на 20 јануари во Унгарија изнесувал 173,78 евра за мегават-час, покажуваат податоците објавени на берзата HUPX. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) постигна ниво од 203,44 евра за мегават-час.

Просечната цена на електричната енергија во текот на јануари, досега, изнесува 138,33 евра за мегават-час и е за околу 123 евра пониска од онаа по која се тргуваше во текот на декември.

The post Паѓа цената на струјата во Унгарија, во јануари 123 евра повтина отколку во декември appeared first on Република.

]]>

Просечната цена на еден мегават-час електрична енергија на 20 јануари во Унгарија изнесувал 173,78 евра за мегават-час, покажуваат податоците објавени на берзата HUPX. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) постигна ниво од 203,44 евра за мегават-час. Просечната цена на електричната енергија во текот на јануари, досега, изнесува 138,33 евра за мегават-час и е за околу 123 евра пониска од онаа по која се тргуваше во текот на декември.

The post Паѓа цената на струјата во Унгарија, во јануари 123 евра повтина отколку во декември appeared first on Република.

]]>
Од 1 јануари поскапа струја за 8 и гас за 11 отсто за жителите на Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/od-1-januari-poskapa-struja-za-8-i-gas-za-11-otsto-za-zitelite-na-srbija/ Mon, 28 Nov 2022 13:34:05 +0000 https://republika.mk/?p=579177

Агенцијата за енергетика на Србија одобри поскапување на струјата и гасот од 1 јануари 2023 година, јави дописникот на МИА од Белград.

Од почетокот на 2023 година цената на киловат час струја ќе биде повисока за домаќинствата за осум проценти, а гасот за 11 отсто.

Според пресметките на Агенцијата за енергетика, сметката за домаќинствата кои трошат во просек по 400 киловати месечно сметката ќе се зголеми за 300 динари.

Оние што ќе се греат на ТА печки и ги вклучуваат навечер ќе имаат повисока сметка и до 1.000 динари.

Граѓаните кои си греат етажно на котли на струја може да очекуваат сметки повисоки за 1.600 динари.

Агенцијата за енергетика е должна еден месец однапред да ги информира граѓаните за поскапувањето на енергенсите.

Министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ претходно најави дека од 1 јануари струјата поскапува за помалку од 10 отсто, а гасот за 11 отсто.

The post Од 1 јануари поскапа струја за 8 и гас за 11 отсто за жителите на Србија appeared first on Република.

]]>

Агенцијата за енергетика на Србија одобри поскапување на струјата и гасот од 1 јануари 2023 година, јави дописникот на МИА од Белград. Од почетокот на 2023 година цената на киловат час струја ќе биде повисока за домаќинствата за осум проценти, а гасот за 11 отсто. Според пресметките на Агенцијата за енергетика, сметката за домаќинствата кои трошат во просек по 400 киловати месечно сметката ќе се зголеми за 300 динари. Оние што ќе се греат на ТА печки и ги вклучуваат навечер ќе имаат повисока сметка и до 1.000 динари. Граѓаните кои си греат етажно на котли на струја може да очекуваат сметки повисоки за 1.600 динари. Агенцијата за енергетика е должна еден месец однапред да ги информира граѓаните за поскапувањето на енергенсите. Министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ претходно најави дека од 1 јануари струјата поскапува за помалку од 10 отсто, а гасот за 11 отсто.

The post Од 1 јануари поскапа струја за 8 и гас за 11 отсто за жителите на Србија appeared first on Република.

]]>
Цената на струјата нема да се зголеми, ама сметките да! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/cenata-na-strujata-nema-da-se-zgolemi-ama-smetkite-da/ Wed, 16 Nov 2022 11:31:57 +0000 https://republika.mk/?p=574460

Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, денеска во „Студио 10“ повтори дека 1 јануари 2023 година не се очекува да има зголемување на цената на струјата, но според неговата изјава, сепак, останува поголемиот данок. Имено, за да се спречи граѓаните да плаќаат повисоки сметки лани во јули данокот беше намален и во моментов изнесува 5 отсто, меѓутоа одлуката што беше донесе предвидува тој постепено да се враќа до старото ниво од 18 отсто. Првото етапно враќање е предвидено од 1 јануари 2023 од кога данокот треба да биде 10 отсто.

Ние како ЕСМ она што го правиме е значително да ги намалиме непродуктивните трошоци, да го зголемиме домашното производство. Зголеменото домашно производство значи и намалена цена на домашно произведената електрична енергија. Така што во тие насоки ќе гледаме цената да биде избалансирана и, она што го слушнавте и од министерот за економија и од претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), не е очекувано да има зголемување на цената за електрична енергија освен оној дел од данокот, кој знаеме сите дека од 1 јануари треба наместо 5 да биде 10 проценти затоа што минатата одлука така се донесе и важноста на законот е од 1 јануари да има зголемување на данок, односно враќање на даночната стапка периодично во наредните години до процент колку што беше пред прогласувањето на кризната состојба и одлуката за данокот, рече Ковачевски.

The post Цената на струјата нема да се зголеми, ама сметките да! appeared first on Република.

Бектеши: Од 1 јануари нема да поскапи струјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-od-1-januari-nema-da-poskapi-strujata/ Tue, 15 Nov 2022 11:17:28 +0000 https://republika.mk/?p=574001

ТЕЦ Неготино ќе работи кога тоа ќе биде исплатливо. Во моментов е поевтино да увеземе струја, отколку да работи ТЕЦ Неготино, рече денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

Според Бектеши, залихи на мазут има, граѓаните да не стравуваат зашто во континуитет ќе бидат обезбедени потребните количини топлинска и електрична енергија, а се прават и сите калкулации да нема поскапување на струјата од 1 јануари.

Најверојатно, како што рече Бектеши, помали сметки ќе имаат и малите потрошувачи.

-Сега е поевтино да увеземе струја, отколку да работи ТЕЦ Неготино. Во моментот кога ќе биде спротивно, капацитетот веднаш ќе се вклучи во работа. Ако ја земеме предвид цената на мазутот моментално, цената на производство на електрична енергија по мегават час од страна на ТЕЦ Неготино излегува некаде 240 до 245 евра, а ако увеземе, претходната недела увезувавме со 205 евра по мегават час, зборувам за просечна цена, не за дневна, неделна, месечна. Имаме и залихи на мазут и веќе се прават сите подготовки за во континуитет да може да се стави во употреба во текот на грејната сезона. Граѓаните да бидат спокојни, сите подготовки се направени, во континуитет ќе бидат снабдувани со електрична енергија. Се прават калкулациите од 1 јануари да нема зголемување на цената на електрична енергија за домаќинствата, а најверојатно би имало и намалување за малите потрошувачи, истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на бизнис настанот SUBEX- Suppliers Balkan Expo.

Тој дополни и дека никој не знае дали може да се случи некоја хаварија.

-Веќе е испорачан дополнителниот трансформатор за третиот блок во Битола, најверојатно за една недела би требало да биде во Битола каде што ќе има уште една дополнителна можност за производство на електрична енергија. Ако мислите дека треба да произведуваме електрична енергија со повисока цена, добро, ние тоа ќе го направиме, нема да увеземе, но на таков начин нема да го штитиме буџетот. Ние носиме одлуки и за заштита на буџет и за граѓаните непречено да бидат снабдувани со електрична енергија и тоа ќе трае до крајот на грејната сезона, како за електричната, така и за топлинската енергија. И граѓаните нема да имаат зголемени сметки од 1 јануари, а компаниите најверојатно ќе имаат намалени сметки за електрична енергија, напомена Бектеши

The post Бектеши: Од 1 јануари нема да поскапи струјата appeared first on Република.

]]>

ТЕЦ Неготино ќе работи кога тоа ќе биде исплатливо. Во моментов е поевтино да увеземе струја, отколку да работи ТЕЦ Неготино, рече денеска министерот за економија, Крешник Бектеши. Според Бектеши, залихи на мазут има, граѓаните да не стравуваат зашто во континуитет ќе бидат обезбедени потребните количини топлинска и електрична енергија, а се прават и сите калкулации да нема поскапување на струјата од 1 јануари. Најверојатно, како што рече Бектеши, помали сметки ќе имаат и малите потрошувачи. -Сега е поевтино да увеземе струја, отколку да работи ТЕЦ Неготино. Во моментот кога ќе биде спротивно, капацитетот веднаш ќе се вклучи во работа. Ако ја земеме предвид цената на мазутот моментално, цената на производство на електрична енергија по мегават час од страна на ТЕЦ Неготино излегува некаде 240 до 245 евра, а ако увеземе, претходната недела увезувавме со 205 евра по мегават час, зборувам за просечна цена, не за дневна, неделна, месечна. Имаме и залихи на мазут и веќе се прават сите подготовки за во континуитет да може да се стави во употреба во текот на грејната сезона. Граѓаните да бидат спокојни, сите подготовки се направени, во континуитет ќе бидат снабдувани со електрична енергија. Се прават калкулациите од 1 јануари да нема зголемување на цената на електрична енергија за домаќинствата, а најверојатно би имало и намалување за малите потрошувачи, истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања пред почетокот на бизнис настанот SUBEX- Suppliers Balkan Expo. Тој дополни и дека никој не знае дали може да се случи некоја хаварија. -Веќе е испорачан дополнителниот трансформатор за третиот блок во Битола, најверојатно за една недела би требало да биде во Битола каде што ќе има уште една дополнителна можност за производство на електрична енергија. Ако мислите дека треба да произведуваме електрична енергија со повисока цена, добро, ние тоа ќе го направиме, нема да увеземе, но на таков начин нема да го штитиме буџетот. Ние носиме одлуки и за заштита на буџет и за граѓаните непречено да бидат снабдувани со електрична енергија и тоа ќе трае до крајот на грејната сезона, како за електричната, така и за топлинската енергија. И граѓаните нема да имаат зголемени сметки од 1 јануари, а компаниите најверојатно ќе имаат намалени сметки за електрична енергија, напомена Бектеши

The post Бектеши: Од 1 јануари нема да поскапи струјата appeared first on Република.

]]>
Бислимоски е против поскапување на струјата за домаќинствата по Нова година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-e-protiv-poskapuvanje-na-strujata-za-domakjinstvata-po-nova-godina/ Sun, 13 Nov 2022 21:58:39 +0000 https://republika.mk/?p=573429

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, е против поскапување на струјата за домаќинствата од Нова година, како што претходно најавија владини претставници.

Во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) тој вели дека не треба да се брза туку прво да се направат анализи.

„Јас сум противник да има поскапување на електричната енергија. Прво треба да направиме анализи, да видиме како се обезбедуваат потребите на малите потрошувачи и на домаќинствата на регулираниот пазар и како е планот догодина да бидат обезбедени. Кога имаше потреба да се зголеми цената на електричната енергија поради надворешни влијание, пред сè поради зголемена цена на увоз и реално ЕСМ пред две години имаше цена од 34 евра за мегаватчас, што е една неодржлива ситуација. Регулаторната комисија за енергетика ја зголемуваше цената на електричната енергија, не сме бегале од одговорност, но сега треба малку да застанеме, да направиме анализи што се случило во 2022, што е планот за 2023, а потоа да се носат соодветни одлуки“, вели Бислимоски за РСЕ.

Според него, сега прво треба да се види како ќе влијае воведувањето на блок тарифите за цената на струјата кај домаќинствата. Дополнително, објаснува тој, со оглед дека се повеќе граѓани инвестираат во енергетска ефикасност, тогаш ќе има и помала потрошувачка што ќе значи дека на ЕСМ ќе ѝ останат вишоци кои ќе може да ги продава и да го покрие негативното салдо.

„Верувам дека голем број домаќинства инвестираа и во енергетска ефикасност и во начини на греење коешто се обезбедува со помала потрошувачка на електрична енергија и таа намалена потрошувачка ќе му обезбеди и на ЕСМ, како компанија којашто целосно ги обезбедува потребите да има вишоци на електрична енергија коишто ќе ги продава на слободниот пазар по повисоки цени. Па така, доколку остварувал минуси на регулираниот пазар, со тоа што би го продавал на слободниот пазар би си ги покрил тие минуси. Затоа велам, треба да се направат анализи, да ја нагазиме топката малку и да видиме каде ќе тераме. Ако се преземе обврска дека ќе се обезбеди од домашно производство, вклучувајќи и ТЕЦ Неготино, да се обезбеди од домашно производство“, вели Бислимоски.

Поскапување на струјата за домаќинствата најавија директорот на ЕСМ Васко Ковачевски и министерот Бектши. И двајцата смируваа дека се прават напори тоа да биде минимално иако Бектеши првично уверуваше дека струјата нема да поскапи.

The post Бислимоски е против поскапување на струјата за домаќинствата по Нова година appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, е против поскапување на струјата за домаќинствата од Нова година, како што претходно најавија владини претставници. Во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) тој вели дека не треба да се брза туку прво да се направат анализи.
„Јас сум противник да има поскапување на електричната енергија. Прво треба да направиме анализи, да видиме како се обезбедуваат потребите на малите потрошувачи и на домаќинствата на регулираниот пазар и како е планот догодина да бидат обезбедени. Кога имаше потреба да се зголеми цената на електричната енергија поради надворешни влијание, пред сè поради зголемена цена на увоз и реално ЕСМ пред две години имаше цена од 34 евра за мегаватчас, што е една неодржлива ситуација. Регулаторната комисија за енергетика ја зголемуваше цената на електричната енергија, не сме бегале од одговорност, но сега треба малку да застанеме, да направиме анализи што се случило во 2022, што е планот за 2023, а потоа да се носат соодветни одлуки“, вели Бислимоски за РСЕ.
Според него, сега прво треба да се види како ќе влијае воведувањето на блок тарифите за цената на струјата кај домаќинствата. Дополнително, објаснува тој, со оглед дека се повеќе граѓани инвестираат во енергетска ефикасност, тогаш ќе има и помала потрошувачка што ќе значи дека на ЕСМ ќе ѝ останат вишоци кои ќе може да ги продава и да го покрие негативното салдо.
„Верувам дека голем број домаќинства инвестираа и во енергетска ефикасност и во начини на греење коешто се обезбедува со помала потрошувачка на електрична енергија и таа намалена потрошувачка ќе му обезбеди и на ЕСМ, како компанија којашто целосно ги обезбедува потребите да има вишоци на електрична енергија коишто ќе ги продава на слободниот пазар по повисоки цени. Па така, доколку остварувал минуси на регулираниот пазар, со тоа што би го продавал на слободниот пазар би си ги покрил тие минуси. Затоа велам, треба да се направат анализи, да ја нагазиме топката малку и да видиме каде ќе тераме. Ако се преземе обврска дека ќе се обезбеди од домашно производство, вклучувајќи и ТЕЦ Неготино, да се обезбеди од домашно производство“, вели Бислимоски.
Поскапување на струјата за домаќинствата најавија директорот на ЕСМ Васко Ковачевски и министерот Бектши. И двајцата смируваа дека се прават напори тоа да биде минимално иако Бектеши првично уверуваше дека струјата нема да поскапи.

The post Бислимоски е против поскапување на струјата за домаќинствата по Нова година appeared first on Република.

]]>
Со поевтината струја за стопанството очекуваме намалување на инфлацијата, оптимист е премеирот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/so-poevtinata-struja-za-stopanstvoto-ochekuvame-namaluvanje-na-inflacijata-optimist-e-premeirot/ Tue, 08 Nov 2022 07:07:17 +0000 https://republika.mk/?p=571166

„Со новата одлука за компаниите за производство на храна да се снабдуваат со електрична енергија преку ЕСМ покрај стабилен енергенс со пониска цена ќе се овозможи намалување на цената на производите, а намалувањето на цената на основните прехранбени производи ќе доведе нормално до намалување на инфлацијата во делот на прехранбените производи, на тоа што најмногу трошат граѓаните“, посочи претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на телевизија Сител.

„Нивото на инфлација не е високо само кај нас, високо е во сите држави и е резултат на порастот на цените и на гасот и на електричната енергија како и на прехранбените производи. Тоа е нешто на што деноноќно работиме со министрите и заради тоа веќе донесовме одлука за ограничување на цената на електрична енергија којашто ќе биде дадена на прехранбената индустрија и тоа на компаниите производители на основните прехранбени производи, брашното, млекото, лебот, месната, живинарската индустрија. Целта е цените на прехранбените производи да бидат намалени за најмалку 10%. Се донесе одлуката со којашто овие компании ќе се снабдуваат со електрична енергија преку ЕСМ со цена од 80 евра по мегават час, бидејќи цената на ХУПЕКС берзата којашто е референтна на којашто тие се снабдуваат, е неколкукратно повисока“, рече премиерот Ковачевски.

Притоа, премиерот Ковачевски истакна дека сите одлуки вклучително и последните со кои се обезбедува поевтина струја за функционирање на виталните институции и стопанство се носени низ инклузивен процес со сите засегнати страни, потенцирајќи дека во време на КОВИД кризата државата со 1,2 милијарди евра помогна и на граѓаните и на стопанството. Сега во време на економско-енергетската криза државата со 760 милиони евра, или со два пакети помага и на граѓаните и на стопанството.

Премиерот Ковачевски порача дека ова не е време на изобилие, туку време на солидарност и помош особено за најранливите категории на граѓани, потенцирајќи дека оваа поддршка е континурана.

Во врска со финасирањето на буџетските потреби, премиерот Ковачевски посочи дека Владата со одговорни политики работи на обезбедување финансирање на државата по најповолни услови и заштеди. Државата го заокружи целокупното финансирање на Буџетот за годинава, со над 40 милиони евра заштеда како резултат на претпазливото управување со должничкото портфолио во услови на криза и глобалниот раст на каматните стапки.

The post Со поевтината струја за стопанството очекуваме намалување на инфлацијата, оптимист е премеирот appeared first on Република.

]]>

„Со новата одлука за компаниите за производство на храна да се снабдуваат со електрична енергија преку ЕСМ покрај стабилен енергенс со пониска цена ќе се овозможи намалување на цената на производите, а намалувањето на цената на основните прехранбени производи ќе доведе нормално до намалување на инфлацијата во делот на прехранбените производи, на тоа што најмногу трошат граѓаните“, посочи претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на телевизија Сител. „Нивото на инфлација не е високо само кај нас, високо е во сите држави и е резултат на порастот на цените и на гасот и на електричната енергија како и на прехранбените производи. Тоа е нешто на што деноноќно работиме со министрите и заради тоа веќе донесовме одлука за ограничување на цената на електрична енергија којашто ќе биде дадена на прехранбената индустрија и тоа на компаниите производители на основните прехранбени производи, брашното, млекото, лебот, месната, живинарската индустрија. Целта е цените на прехранбените производи да бидат намалени за најмалку 10%. Се донесе одлуката со којашто овие компании ќе се снабдуваат со електрична енергија преку ЕСМ со цена од 80 евра по мегават час, бидејќи цената на ХУПЕКС берзата којашто е референтна на којашто тие се снабдуваат, е неколкукратно повисока“, рече премиерот Ковачевски.
Притоа, премиерот Ковачевски истакна дека сите одлуки вклучително и последните со кои се обезбедува поевтина струја за функционирање на виталните институции и стопанство се носени низ инклузивен процес со сите засегнати страни, потенцирајќи дека во време на КОВИД кризата државата со 1,2 милијарди евра помогна и на граѓаните и на стопанството. Сега во време на економско-енергетската криза државата со 760 милиони евра, или со два пакети помага и на граѓаните и на стопанството. Премиерот Ковачевски порача дека ова не е време на изобилие, туку време на солидарност и помош особено за најранливите категории на граѓани, потенцирајќи дека оваа поддршка е континурана. Во врска со финасирањето на буџетските потреби, премиерот Ковачевски посочи дека Владата со одговорни политики работи на обезбедување финансирање на државата по најповолни услови и заштеди. Државата го заокружи целокупното финансирање на Буџетот за годинава, со над 40 милиони евра заштеда како резултат на претпазливото управување со должничкото портфолио во услови на криза и глобалниот раст на каматните стапки.

The post Со поевтината струја за стопанството очекуваме намалување на инфлацијата, оптимист е премеирот appeared first on Република.

]]>
Поевтината струја за компаниите од 80 евра по мегават час, ќе ја намали цената на храната https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/poevtinata-struja-za-kompaniite-od-80-evra-po-megavat-chas-kje-ja-namali-cenata-na-hranata/ Sat, 05 Nov 2022 19:25:23 +0000 https://republika.mk/?p=570164

Премиерот Димитар Ковачевски ја посети првата млекарница во Тиквешијата, „Млечен пат“ во Кавадарци, каде имаше можност да го види производството на компанијата и со вработените и сопствениците да продискутира за мерките кои Владата ги презема за ублажување на последиците од светската енергетска криза.

„Задоволство е кога домашни семејни компании се развиваат, ги унапредуваат процесите на производство за зголемување на истото, вработуваат и придонесуваат во економскиот развој на локално ниво. Владата силно ги поддржува овие компании, и во услови на најголемата светска енергетска криза да продолжат со своето темпо на развој и да ја одржуваат ликвидноста. Секоја компанија е важна и секој вработен во неа. Токму затоа и јас, како претседател на Владата инсистирам секоја мерка, помош, субвенција, поддршка за граѓаните и економијата, што ја носиме да биде праведна и сеопфатна. Оваа Влада мисли на сите. Таков е и последниот пакет мерки за заштита на домаќинствата и стопанството од поскапување, што го донесовме изминатиот викенд. Со новиот пакет мерки го зачувуваме стандардот на граѓаните и ги штитиме компаниите. Со мерката - поевтина струја од 80 евра по мегават час за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи, ги стабилизираме цените на пазарот. Производителите на основните производи веќе јавно соопштија дека со помошта од државата, тие цените би ги намалиле за најмалку 10%. Владината одлука се однесува на компаниите коишто произведуваат основни прехранбени производи во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија“, изјави премиерот Ковачевски и додаде дека со овие мерки компаниите ќе имаат предвидлива есен и зима, бидејќи ќе знаат колкави ќе бидат нивните трошоци и како ќе може да функционираат, а крајниот бенефит од тоа го имаат граѓаните, бидејќи тие ќе добијат стабилни цени на производите што ги произведуваат овие компании.

Марина Манева, сопственик и технолог во компанијата „Млечен пат“  истакна декa како компанија која припаѓа на прехрамбениот сектор, многу е важно како да се справат со високите давачки кои придонесуваат во формирањето на крајната цена на продуктите и од таа причина секоја помош за намалување на трошоците е добредојдена.

„Со премиерот Ковачевски, освен за процесот на производство на кашкавал и сирење поразговаравме и за владината мерка со која се обезбедува поевтина струја за компаниите од овој тип, што практично значи директна помош од Владата за стабилизирање на цената на млечните производи. Лично очекувам дека со воведувањето на оваа мерка и цената на млечните производи би се намалила за десет проценти до јануари 2023 година, можеме да планираме и дополнителни инвестиции и да го зголемиме производството на „Млечен пат“, но исто така се надеваме дека поддршката на Владата ќе продолжи и во наредниот период“, рече Манева.

The post Поевтината струја за компаниите од 80 евра по мегават час, ќе ја намали цената на храната appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски ја посети првата млекарница во Тиквешијата, „Млечен пат“ во Кавадарци, каде имаше можност да го види производството на компанијата и со вработените и сопствениците да продискутира за мерките кои Владата ги презема за ублажување на последиците од светската енергетска криза. „Задоволство е кога домашни семејни компании се развиваат, ги унапредуваат процесите на производство за зголемување на истото, вработуваат и придонесуваат во економскиот развој на локално ниво. Владата силно ги поддржува овие компании, и во услови на најголемата светска енергетска криза да продолжат со своето темпо на развој и да ја одржуваат ликвидноста. Секоја компанија е важна и секој вработен во неа. Токму затоа и јас, како претседател на Владата инсистирам секоја мерка, помош, субвенција, поддршка за граѓаните и економијата, што ја носиме да биде праведна и сеопфатна. Оваа Влада мисли на сите. Таков е и последниот пакет мерки за заштита на домаќинствата и стопанството од поскапување, што го донесовме изминатиот викенд. Со новиот пакет мерки го зачувуваме стандардот на граѓаните и ги штитиме компаниите. Со мерката - поевтина струја од 80 евра по мегават час за компаниите кои вршат производство на основните прехранбени производи, ги стабилизираме цените на пазарот. Производителите на основните производи веќе јавно соопштија дека со помошта од државата, тие цените би ги намалиле за најмалку 10%. Владината одлука се однесува на компаниите коишто произведуваат основни прехранбени производи во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија“, изјави премиерот Ковачевски и додаде дека со овие мерки компаниите ќе имаат предвидлива есен и зима, бидејќи ќе знаат колкави ќе бидат нивните трошоци и како ќе може да функционираат, а крајниот бенефит од тоа го имаат граѓаните, бидејќи тие ќе добијат стабилни цени на производите што ги произведуваат овие компании. Марина Манева, сопственик и технолог во компанијата „Млечен пат“  истакна декa како компанија која припаѓа на прехрамбениот сектор, многу е важно како да се справат со високите давачки кои придонесуваат во формирањето на крајната цена на продуктите и од таа причина секоја помош за намалување на трошоците е добредојдена. „Со премиерот Ковачевски, освен за процесот на производство на кашкавал и сирење поразговаравме и за владината мерка со која се обезбедува поевтина струја за компаниите од овој тип, што практично значи директна помош од Владата за стабилизирање на цената на млечните производи. Лично очекувам дека со воведувањето на оваа мерка и цената на млечните производи би се намалила за десет проценти до јануари 2023 година, можеме да планираме и дополнителни инвестиции и да го зголемиме производството на „Млечен пат“, но исто така се надеваме дека поддршката на Владата ќе продолжи и во наредниот период“, рече Манева.

The post Поевтината струја за компаниите од 80 евра по мегават час, ќе ја намали цената на храната appeared first on Република.

]]>
Бислимоски: Цената на струјата до Нова година нема да се менува https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bislimoski-cenata-na-strujata-do-nova-godina-nema-da-se-menuva/ Thu, 22 Sep 2022 05:49:46 +0000 https://republika.mk/?p=553020

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, во гостување во емисијата Економски mагазин на Алсат рече дека цената на струјата до Нова година нема да се менува. Како што додаде тој, за да остане цената во сегашните граници, треба да немаме потреба од дополнителен увоз на електрична енергија.

„Регулаторната комисија за енергетика од 2019 година не ја определува цената на ЕСМ, туку ЕСМ сам, со одлука на Влада утврдува цена со којашто се јавува на тендерот на ЕВН Хоум, така што, мислам дека сега е премногу рано да зборуваме за какви било промени на цената на електричната енергија на регулираниот пазар. За да се исполни условот, да нема зголемување на електричната енергија е да немаме потреба од увоз на струја. Сега засега, до 31 декември, нема да има промена на цената за регулираниот пазар“, рече Бислимовски.

The post Бислимоски: Цената на струјата до Нова година нема да се менува appeared first on Република.

Битиќи: Цената на струјата во Македонија е една од пониските во регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bitikji-cenata-na-strujata-vo-makedonija-e-edna-od-poniskite-vo-regionot/ Wed, 21 Sep 2022 20:44:45 +0000 https://republika.mk/?p=553011

Имаме доволно аргументи за да побараме шест месеци период на енергетска криза, бидејќи сметам дека граѓаните заслужуваат соодветно да бидат испочитувани со соодветни мерки за најмалку да ја почувствуваат кризата, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на собраниската комисиска расправа по владиниот предлог да продолжи кризната состојба до 30 април 2023 година.

Според Битиќи, прогласувањето кризна состојба ќе овозможи механизми за справување со кризата.

– Треба да се побара кризна состојба во подолг временски период за да се креираат механизми за справување со евентуалната енергетска криза чиј извор не сме ние од Владата, туку е глобален феномен. Светските предвидувања се дека кризата ќе трае најмалку до пролетта следната година, рече Битиќи.

Вицепремиерот рече дека доколку Собранието одлучи оти не треба да се продолжи кризната состојба, во тој случај можноста навремено да интервенираат ќе биде невозможна.

– За жал, две ипол години имавме различни кризни состојби и знаете колку помагаше носењето кризна состојба во справување со последиците, рече Битиќи.

Тој се надоврза дека Македонија никогаш во последните 20 години не била енергетски независна.

Битиќи исто нагласи дека многу подобро се снаоѓаме во период на енергетска криза отколку земјите во регионот. За наша среќа, како што рече, нашите граѓани и стопанственици досега немаат минута недостаток на електрична енергија освен во регионите каде може да има одредена хаварија.

– Справувањето со енергетската криза не е процес кој може да се случи преку ден или преку ноќ. За тоа стратегиите за енергетика се вообичаени 20 години стратегии. Ние наидовме на стратегија која била направена 90-ти години, а за жал многу малку од тоа спроведено. Имаме стратегија до 2040 година со јасни показатели кои за жал ќе треба да се ревидираат заради енергетската криза, рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека „со фактот дека обезбедуваме електрична енергија за целиот регулиран пазар значи дека обезбедуваме ел енергија за домаќинства 100 посто со фиксна цена која споредено со регионот е една од пониските и второ регулирана цена за стопанството за сите мали потрошувачи“. Таа бројка, како што рече, е отприлика 68 илјади субјекти кои влегуваат на регулираниот пазар, а се дел од стопанството и обезбедуваат електрична енергија по регулирана цена.

Седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност на чиј дневен ред е владината Предлог-одлука за продолжување на кризната состојба во земјава до 30 април 2023 година ќе продолжи утре во 9 часот.

Како што образложи министерот за економија Крешник Бектеши, продолжувањето на рокот е поради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите со електрична енергија, а целта е да им се помогне на граѓаните, стопанството и институциите.

Предлог-одлуката за продолжување на кризната состојба до 30 април 2023 година беше утврдена на владината седница на 13 септември, а ако го помине собранискиот филтер, треба да почне да се применува од 1 октомври.

Владата во август донесе Одлука за постоење кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Македонија. Одлуката почна да се применува од 1 септември 2022 година. Постоењето на кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија, според оваа Одлука, треба да трае 30 дена од денот на почнувањето на нејзината примена.

The post Битиќи: Цената на струјата во Македонија е една од пониските во регионот appeared first on Република.

]]>

Имаме доволно аргументи за да побараме шест месеци период на енергетска криза, бидејќи сметам дека граѓаните заслужуваат соодветно да бидат испочитувани со соодветни мерки за најмалку да ја почувствуваат кризата, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на собраниската комисиска расправа по владиниот предлог да продолжи кризната состојба до 30 април 2023 година. Според Битиќи, прогласувањето кризна состојба ќе овозможи механизми за справување со кризата.
– Треба да се побара кризна состојба во подолг временски период за да се креираат механизми за справување со евентуалната енергетска криза чиј извор не сме ние од Владата, туку е глобален феномен. Светските предвидувања се дека кризата ќе трае најмалку до пролетта следната година, рече Битиќи.
Вицепремиерот рече дека доколку Собранието одлучи оти не треба да се продолжи кризната состојба, во тој случај можноста навремено да интервенираат ќе биде невозможна.
– За жал, две ипол години имавме различни кризни состојби и знаете колку помагаше носењето кризна состојба во справување со последиците, рече Битиќи.
Тој се надоврза дека Македонија никогаш во последните 20 години не била енергетски независна. Битиќи исто нагласи дека многу подобро се снаоѓаме во период на енергетска криза отколку земјите во регионот. За наша среќа, како што рече, нашите граѓани и стопанственици досега немаат минута недостаток на електрична енергија освен во регионите каде може да има одредена хаварија.
– Справувањето со енергетската криза не е процес кој може да се случи преку ден или преку ноќ. За тоа стратегиите за енергетика се вообичаени 20 години стратегии. Ние наидовме на стратегија која била направена 90-ти години, а за жал многу малку од тоа спроведено. Имаме стратегија до 2040 година со јасни показатели кои за жал ќе треба да се ревидираат заради енергетската криза, рече Битиќи.
Вицепремиерот додаде дека „со фактот дека обезбедуваме електрична енергија за целиот регулиран пазар значи дека обезбедуваме ел енергија за домаќинства 100 посто со фиксна цена која споредено со регионот е една од пониските и второ регулирана цена за стопанството за сите мали потрошувачи“. Таа бројка, како што рече, е отприлика 68 илјади субјекти кои влегуваат на регулираниот пазар, а се дел од стопанството и обезбедуваат електрична енергија по регулирана цена. Седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност на чиј дневен ред е владината Предлог-одлука за продолжување на кризната состојба во земјава до 30 април 2023 година ќе продолжи утре во 9 часот. Како што образложи министерот за економија Крешник Бектеши, продолжувањето на рокот е поради недостиг на електрична енергија и состојбите на пазарите со електрична енергија, а целта е да им се помогне на граѓаните, стопанството и институциите. Предлог-одлуката за продолжување на кризната состојба до 30 април 2023 година беше утврдена на владината седница на 13 септември, а ако го помине собранискиот филтер, треба да почне да се применува од 1 октомври. Владата во август донесе Одлука за постоење кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на Република Македонија. Одлуката почна да се применува од 1 септември 2022 година. Постоењето на кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија, според оваа Одлука, треба да трае 30 дена од денот на почнувањето на нејзината примена.

The post Битиќи: Цената на струјата во Македонија е една од пониските во регионот appeared first on Република.

]]>
Австриската Влада ја ограничува цената за струја за домаќинствата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avstriskata-vlada-ja-ogranichuva-cenata-za-struja-za-domakjinstvata/ Wed, 07 Sep 2022 18:28:40 +0000 https://republika.mk/?p=548471

Домаќинствата во Австрија ќе ја плаќаат целата или најголем дел од потрошената електрична енергија по фиксна тарифа одредена од државата, соопшти денеска Владата во Виена.

Коалицијата, составена од централно десничарската Народна партија и Зелените, се договори за ограничување на цената на електричната енергија.

Се очекува мерката да чини четири милијарди евра, а просечно домаќинство за струја ќе плаќа околу 500 евра годишно помалку.

Парламентот треба да ја потврди мерката, што би требало да биде во сила од декември до средината на 2024 година.

Нето цената на електричната енергија ќе се ограничи на 10 центи за киловат час до годишна потрошувачка од 2.900 киловат часови.

Со тоа, како што тврди Владата, ќе се покрие околу 80 отсто од потрошувачката на просечно домаќинство. Дополнителна потрошувачка ќе мора да се плаќа по сегашната тарифа, што моментално изнесува 17 центи за киловат час.

Ограниченото ниво од 10 центи одговара на она што се наплаќаше пред наглиот пораст на цените поради нарушувања на пазарот за гас по руската инвазија врз Украина.

Владата најави и друго намалување на цената за струјата за големи семејства и за сиромашните.

The post Австриската Влада ја ограничува цената за струја за домаќинствата appeared first on Република.

]]>

Домаќинствата во Австрија ќе ја плаќаат целата или најголем дел од потрошената електрична енергија по фиксна тарифа одредена од државата, соопшти денеска Владата во Виена. Коалицијата, составена од централно десничарската Народна партија и Зелените, се договори за ограничување на цената на електричната енергија. Се очекува мерката да чини четири милијарди евра, а просечно домаќинство за струја ќе плаќа околу 500 евра годишно помалку. Парламентот треба да ја потврди мерката, што би требало да биде во сила од декември до средината на 2024 година. Нето цената на електричната енергија ќе се ограничи на 10 центи за киловат час до годишна потрошувачка од 2.900 киловат часови. Со тоа, како што тврди Владата, ќе се покрие околу 80 отсто од потрошувачката на просечно домаќинство. Дополнителна потрошувачка ќе мора да се плаќа по сегашната тарифа, што моментално изнесува 17 центи за киловат час. Ограниченото ниво од 10 центи одговара на она што се наплаќаше пред наглиот пораст на цените поради нарушувања на пазарот за гас по руската инвазија врз Украина. Владата најави и друго намалување на цената за струјата за големи семејства и за сиромашните.

The post Австриската Влада ја ограничува цената за струја за домаќинствата appeared first on Република.

]]>
Ковачевски против намалување на ДДВ за струјата, вели дека треба да се штеди https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-protiv-namaluvanje-na-ddv-za-strujata-veli-kluchno-e-da-se-shtedi/ Sun, 28 Aug 2022 18:08:20 +0000 https://republika.mk/?p=545027

Дополнителното намалување на ДДВ-то не би имало големо влијание на цената на електрична енергија, бидејќи таа на слободниот пазар е над 1.000 евра, изјави премиерот Димитар Ковачевски во однос на барањата на бизнис секторот за ублажување на ударот од високите цени на струјата за компаниите.

Во однос на намалувањето на ДДВ-то, тоа е веќе намалено за електричната енергија. Ако треба ќе се намалува повторно, но тоа не би имало големо влијание на цената на електрична енергија, кога знаеме дека таа е над 1.000 евра поставена на слободниот пазар. Што се однесува до маржите на трговците со електрична енергија, прво треба да се направи анализа и тоа од страна на Регулаторната комисија, да видиме колку се големи тие маржи и дали воопшто има маржи на овие цени на електричната енергија - изјави Ковачевски.

Тој нагласи дека ова прашање веќе е разгледувано на Економскиот совет и штом ќе ги имаат пресметките, Владата ќе интервенира во тој дел.

Ковачевски посочи дека клучно во следниот период е да се направат заштеди на електричната енергија секаде каде што е можно.

Се наоѓаме во период кога цените на електричната енергија се највисоки и се повисоки од која било економска логика, зборувам за целиот европски континент, а она што го имаат како задача сите ресори во Владата и компаниите кои што се во државна сопственост, тоа ќе мора да го испорачаат со цел да имаме непречено снабдување со електрична енергија - додаде Ковачевски.

The post Ковачевски против намалување на ДДВ за струјата, вели дека треба да се штеди appeared first on Република.

]]>

Дополнителното намалување на ДДВ-то не би имало големо влијание на цената на електрична енергија, бидејќи таа на слободниот пазар е над 1.000 евра, изјави премиерот Димитар Ковачевски во однос на барањата на бизнис секторот за ублажување на ударот од високите цени на струјата за компаниите.
Во однос на намалувањето на ДДВ-то, тоа е веќе намалено за електричната енергија. Ако треба ќе се намалува повторно, но тоа не би имало големо влијание на цената на електрична енергија, кога знаеме дека таа е над 1.000 евра поставена на слободниот пазар. Што се однесува до маржите на трговците со електрична енергија, прво треба да се направи анализа и тоа од страна на Регулаторната комисија, да видиме колку се големи тие маржи и дали воопшто има маржи на овие цени на електричната енергија - изјави Ковачевски.
Тој нагласи дека ова прашање веќе е разгледувано на Економскиот совет и штом ќе ги имаат пресметките, Владата ќе интервенира во тој дел. Ковачевски посочи дека клучно во следниот период е да се направат заштеди на електричната енергија секаде каде што е можно.
Се наоѓаме во период кога цените на електричната енергија се највисоки и се повисоки од која било економска логика, зборувам за целиот европски континент, а она што го имаат како задача сите ресори во Владата и компаниите кои што се во државна сопственост, тоа ќе мора да го испорачаат со цел да имаме непречено снабдување со електрична енергија - додаде Ковачевски.

The post Ковачевски против намалување на ДДВ за струјата, вели дека треба да се штеди appeared first on Република.

]]>
Ле Мер: Франција ќе го ограничи поскапувањето на струјата следната година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/le-mer-francija-kje-go-ogranichi-poskapuvanjeto-na-strujata-slednata-godina/ Sat, 27 Aug 2022 20:00:57 +0000 https://republika.mk/?p=544773

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер денеска изјави дека поскапувањето на струјата следната година ќе биде ограничено, јави францускиот телевизиски канал БФМ.

„Зголемувањата за кои зборуваат претседателот и премиерот ќе бидат ограничени зголемувања“, рече Ле Мер, додавајќи дека Владата ќе обезбеди помош за домаќинствата кои најмалку се способни да ги платат сметките за енергија.

Францускиот претседател Емануел Макрон претходно оваа недела изјави дека претстојат „тешки месеци“, а неговата влада предупреди на пораст на цените на енергијата.

The post Ле Мер: Франција ќе го ограничи поскапувањето на струјата следната година appeared first on Република.

Јовановски: Во овој момент нема поголем проблем за македонската економија од цената на струјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/jovanovski-vo-ovoj-moment-nema-pogolem-problem-za-makedonskata-ekonomija-od-cenata-na-strujata/ Mon, 22 Aug 2022 10:08:57 +0000 https://republika.mk/?p=542795

Во овој момент нема поголем проблем за македонската економија од цената на струјата. Владата мора да најде избалансирани решенија кои ќе му овозможат на бизнис секторот да преживее. Ако тоа не се случи, многу фирми ќе се затворат и ќе се изгубат голем број работни места. Доколку луѓето останат без плата, нема да можат да ги платат сметките, колку и да се тие субвенционирани од Владата, порача денеска Стопанска комора.

Според Комората, потребна е итна реакција зашто времето поминува, а ризициите се зголемуваат.

Комората очекува нејзините предлози оваа недела да бидат разгледани во Владата, но и да бидат прифатени.

-Пред мене имам конкретни податоци за сметката за струја на една компанија членка на Комората. Иако во јули годинава компанијата потрошила помалку струја од јули минатата година, сметката за струја годинава ѝ е речиси шестпати поголема во однос на јули минатата година. Лани за јули платила околу еден милион денари, а годинава за јули вкупно шест милиони денари. Кој бизнис сектор ќе го издржи ова и до кога?, рече потпретседателот на Комората, Зоран Јовановски.

Повикувајќи се на податоците од Централниот регистар, тој нагласи дека во 2021 година од трговскиот и од регистарот на други правни лица се избришани 6 995 правни лица, а во 2022 година, согласно моментно објавените податоци, веќе се избришани 5.324 правни лица.

-Со оваа динамика на бришење, годинава ќе се избришат повеќе правни лица од лани. Со вакви цени на струјата, уште колку компании ќе го стават катанецот на вратата во периодот што следува? Владата треба побрзо да ги прифати предлозите на Комората. Потребна е итна реакција зашто времето поминува, а ризициите се зголемуваат. Цената на струјата е најважното економско прашање и во моментов прашање за опстанок на македонскиот бизнис сектор. Затоа очекуваме Владата што побргу да ги прифати предлозите објавени во повеќе наврати од Стопанската комора и да преземе чекори за нивна примена. Комуникацијата со Владата постои, но нашите сознанија се дека оваа недела ќе биде разгледано ова прашање. Се надеваме дека ќе се согласат со нас за сериозноста на проблемот, рече потпретседателот на Комората, подвлече Јовановски.

Тој потсети и дека прашањето за цената на струјата не е актуелно само сега, туку е важно и за во иднина. Според расположливите податоци, пак, од разни извори, цената на струјата за компаниите во сите други земји од регионот е пониска од нашата, а тоа ги прави нашите компании ценовно неконкурентни. Оттука, цената на струјата не е само тековно актуелно прашање, туку е и прашање на долгорочна конкурентност.

-Цената на стрјата во сите други земји од регионот е пониска од нашата, поради што нашите компании се ценовно неконкурентни, посочи потпретседателот на Комората.

На новинарско прашање за мерките за штедење струја што ги воведе Владата со кои е опфатено и стопанството, тој одговори дека „никој не треба да им каже на компаниите дека треба да штедат“.

-Во нивни интерес е трошоците да ги сведат на минимум и тоа сите го прават, рече кусо Јовановски.

На прес-конференцијата во Комората тој уште еднаш кажа дека 40 – 45 мегавати фотоволтаици се инсталирани или се инсталираат и се уште чекаат приклучок на мрежата.

-Постои можност да се зголеми домашното производство и бизнис секторот да вложи во тоа, но мора да се тргнат административните пречки, подвлече Јовановски.

The post Јовановски: Во овој момент нема поголем проблем за македонската економија од цената на струјата appeared first on Република.

]]>

Во овој момент нема поголем проблем за македонската економија од цената на струјата. Владата мора да најде избалансирани решенија кои ќе му овозможат на бизнис секторот да преживее. Ако тоа не се случи, многу фирми ќе се затворат и ќе се изгубат голем број работни места. Доколку луѓето останат без плата, нема да можат да ги платат сметките, колку и да се тие субвенционирани од Владата, порача денеска Стопанска комора. Според Комората, потребна е итна реакција зашто времето поминува, а ризициите се зголемуваат. Комората очекува нејзините предлози оваа недела да бидат разгледани во Владата, но и да бидат прифатени.
-Пред мене имам конкретни податоци за сметката за струја на една компанија членка на Комората. Иако во јули годинава компанијата потрошила помалку струја од јули минатата година, сметката за струја годинава ѝ е речиси шестпати поголема во однос на јули минатата година. Лани за јули платила околу еден милион денари, а годинава за јули вкупно шест милиони денари. Кој бизнис сектор ќе го издржи ова и до кога?, рече потпретседателот на Комората, Зоран Јовановски.
Повикувајќи се на податоците од Централниот регистар, тој нагласи дека во 2021 година од трговскиот и од регистарот на други правни лица се избришани 6 995 правни лица, а во 2022 година, согласно моментно објавените податоци, веќе се избришани 5.324 правни лица.
-Со оваа динамика на бришење, годинава ќе се избришат повеќе правни лица од лани. Со вакви цени на струјата, уште колку компании ќе го стават катанецот на вратата во периодот што следува? Владата треба побрзо да ги прифати предлозите на Комората. Потребна е итна реакција зашто времето поминува, а ризициите се зголемуваат. Цената на струјата е најважното економско прашање и во моментов прашање за опстанок на македонскиот бизнис сектор. Затоа очекуваме Владата што побргу да ги прифати предлозите објавени во повеќе наврати од Стопанската комора и да преземе чекори за нивна примена. Комуникацијата со Владата постои, но нашите сознанија се дека оваа недела ќе биде разгледано ова прашање. Се надеваме дека ќе се согласат со нас за сериозноста на проблемот, рече потпретседателот на Комората, подвлече Јовановски.
Тој потсети и дека прашањето за цената на струјата не е актуелно само сега, туку е важно и за во иднина. Според расположливите податоци, пак, од разни извори, цената на струјата за компаниите во сите други земји од регионот е пониска од нашата, а тоа ги прави нашите компании ценовно неконкурентни. Оттука, цената на струјата не е само тековно актуелно прашање, туку е и прашање на долгорочна конкурентност. -Цената на стрјата во сите други земји од регионот е пониска од нашата, поради што нашите компании се ценовно неконкурентни, посочи потпретседателот на Комората. На новинарско прашање за мерките за штедење струја што ги воведе Владата со кои е опфатено и стопанството, тој одговори дека „никој не треба да им каже на компаниите дека треба да штедат“.
-Во нивни интерес е трошоците да ги сведат на минимум и тоа сите го прават, рече кусо Јовановски.
На прес-конференцијата во Комората тој уште еднаш кажа дека 40 – 45 мегавати фотоволтаици се инсталирани или се инсталираат и се уште чекаат приклучок на мрежата. -Постои можност да се зголеми домашното производство и бизнис секторот да вложи во тоа, но мора да се тргнат административните пречки, подвлече Јовановски.

The post Јовановски: Во овој момент нема поголем проблем за македонската економија од цената на струјата appeared first on Република.

]]>
ФТ: Цената на струјата во ЕУ соборува рекорди https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ft-cenata-na-strujata-vo-eu-soboruva-rekordi/ Tue, 05 Jul 2022 10:02:30 +0000 https://republika.mk/?p=524138

Цените на електричната енергија во Европа достигнаа рекордно ниво поради намалените испораки на гас од Русија, објави британскиот весник „Фајненшл тајмс“ (ФТ).

Во Германија и во Франција, водечки земји во еврозоната, цените за мегават час за 2023 година поставија нови рекорди, достигнувајќи 325 односно 366 евра. Според експертите, зголемувањето се должи пред сè на недостигот на гас во Европа, што се појави главно поради намалувањето на увозот на овој енергенс од Русија, што, пак, се должи на воведувањето на санкции кон Русија.

Поради санкциите од Канада, Русија не успеа навреме да набави турбините потребни за Северен поток 1, принудувајќи ја да го ограничи своето производство на 40 проценти од максимумот.

Весникот нагласува дека во Европа растат стравувањата дека Русија ќе продолжи да го намалува снабдувањето по превентивното исклучување на гасоводот, што треба да започне на 11 јули. Ситуацијата се влошува поради фактот што инвестициите во нови наоѓалишта на гас ширум светот беа замрзнати за време на пандемијата со Ковид-19, што сериозно ја ограничи можноста на ЕУ да го пренасочи увозот.

Според експертите, екстремниот недостиг на гас во Европа ќе трае најмалку уште една година. Борбата против енергетската криза во ЕУ дополнително се комплицира со фактот дека нема да успеат германските обиди за подобрување на ситуацијата со враќање на електраните на јаглен, бидејќи цените на јагленот исто така сега се на максимум, наведува ФТ.

Весникот посочува и дека во исто време, многу нуклеарни централи во Франција имаа неочекувани проблеми при техничкото одржување, што исто така го ограничува производството на електрична енергија во овој сектор. Франција, која порано беше нето извозник на електрична енергија, сега мора да се потпира на испораките од Германија, Велика Британија и други соседни земји.

The post ФТ: Цената на струјата во ЕУ соборува рекорди appeared first on Република.

]]>

Цените на електричната енергија во Европа достигнаа рекордно ниво поради намалените испораки на гас од Русија, објави британскиот весник „Фајненшл тајмс“ (ФТ). Во Германија и во Франција, водечки земји во еврозоната, цените за мегават час за 2023 година поставија нови рекорди, достигнувајќи 325 односно 366 евра. Според експертите, зголемувањето се должи пред сè на недостигот на гас во Европа, што се појави главно поради намалувањето на увозот на овој енергенс од Русија, што, пак, се должи на воведувањето на санкции кон Русија. Поради санкциите од Канада, Русија не успеа навреме да набави турбините потребни за Северен поток 1, принудувајќи ја да го ограничи своето производство на 40 проценти од максимумот. Весникот нагласува дека во Европа растат стравувањата дека Русија ќе продолжи да го намалува снабдувањето по превентивното исклучување на гасоводот, што треба да започне на 11 јули. Ситуацијата се влошува поради фактот што инвестициите во нови наоѓалишта на гас ширум светот беа замрзнати за време на пандемијата со Ковид-19, што сериозно ја ограничи можноста на ЕУ да го пренасочи увозот. Според експертите, екстремниот недостиг на гас во Европа ќе трае најмалку уште една година. Борбата против енергетската криза во ЕУ дополнително се комплицира со фактот дека нема да успеат германските обиди за подобрување на ситуацијата со враќање на електраните на јаглен, бидејќи цените на јагленот исто така сега се на максимум, наведува ФТ. Весникот посочува и дека во исто време, многу нуклеарни централи во Франција имаа неочекувани проблеми при техничкото одржување, што исто така го ограничува производството на електрична енергија во овој сектор. Франција, која порано беше нето извозник на електрична енергија, сега мора да се потпира на испораките од Германија, Велика Британија и други соседни земји.

The post ФТ: Цената на струјата во ЕУ соборува рекорди appeared first on Република.

]]>
Владата не им помага на компаниите, цената на струјата за нив е и до 500 отсто поголема, помош нема ниту за земјоделците https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-ne-im-pomaga-na-kompaniite-cenata-na-strujata-za-niv-e-i-do-500-otsto-pogolema-pomosh-nema-nitu-za-zemjodelcite/ Thu, 03 Mar 2022 18:58:37 +0000 https://republika.mk/?p=467353

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, гостуваше во четвртокот во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија и коментираше за тоа последиците од руско-украинската војна кои ќе се одразат директно на Македонија и земјоделците.

Николоски рече дека кога ќе се повлече некој чекор, треба да се гледаат последиците од тоа и да се наоѓаат решенија и рече дека голем дел од производството во струмичкиот регион завршувало на пазарите во Русија и Украина и сега тоа е невозможно дури и да нема санкции но не гледа и никаков ангажман на властите во Македонија други пазари на кои ќе завршуваат производите од македонските земјоделци.

„(Претседателот Стево) Пендаровски освен што филозофира ништо друго не прави, (премиерот Димитар) Ковачевски жив го нема да се појави. Јас не гледам ниту еден од клучните луѓе да прави било за праската која ќе стигне во Росоман да најде извоз и да најде пласман, за зелката која ќе стигне во струмичко да најде извоз и пласман, за црешата која ќе стигне во јули, август и септември да најде извоз и да најде пласман? Не гледам никакви активности ниту гледам мерки према земјоделците да се справат со очигледната криза која што доаѓа“, додаде Николоски.

Оцени дека  секогаш кога ќе се одлучат на некои чекори мора да имаат и решенија бидејќи тоа што го прават, односно не го прават е крајна неодговорност на власта.

Истовремено, Николски посочи дека апсолутно се согласува да се даде хуманитарна помош на сите кои се соочуваат со тоа што се случува во Украина, да се помогне на бегалците чии што домови се уништени, но исто така запраша што ќе се прави со помош на македонските граѓаните за тешките денови кои доаѓаат.

„Веќе се чувствува со цените во маркетите, веќе се чувствува со тоа што одредени производи ги нема, а допрва доаѓаат големите проблеми. Гледаме во јавност дека дел од странските инвеститори ќе имаат проблем затоа што дел од репроматеријалите кои ги користат пред сѐ од Украина, тука нема никакви мерки, земјоделците ги споменав, млекарите ќе бидат исто така под удар, да не зборувам за поголеми производители кои што ќе им биде нарушен сега целиот ланец на достава, а тука секако е проблемите со електричната енергија која беше екстремно скапа и пред почетокот на војната во Украина а сега ќе оди уште погоре и основна причина што во Македонија има скапа електрична енергија пред сѐ за компаниите кои плаќаат до 500% поскапа електрична енергија од претходно е затоа што не се користи целокупното домашно производство, ане се користи целокупното домашно производство затоа што бандити и неспособни го водат енергетскиот систем“, рече Николоски.

The post Владата не им помага на компаниите, цената на струјата за нив е и до 500 отсто поголема, помош нема ниту за земјоделците appeared first on Република.

]]>

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, гостуваше во четвртокот во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија и коментираше за тоа последиците од руско-украинската војна кои ќе се одразат директно на Македонија и земјоделците. Николоски рече дека кога ќе се повлече некој чекор, треба да се гледаат последиците од тоа и да се наоѓаат решенија и рече дека голем дел од производството во струмичкиот регион завршувало на пазарите во Русија и Украина и сега тоа е невозможно дури и да нема санкции но не гледа и никаков ангажман на властите во Македонија други пазари на кои ќе завршуваат производите од македонските земјоделци.
„(Претседателот Стево) Пендаровски освен што филозофира ништо друго не прави, (премиерот Димитар) Ковачевски жив го нема да се појави. Јас не гледам ниту еден од клучните луѓе да прави било за праската која ќе стигне во Росоман да најде извоз и да најде пласман, за зелката која ќе стигне во струмичко да најде извоз и пласман, за црешата која ќе стигне во јули, август и септември да најде извоз и да најде пласман? Не гледам никакви активности ниту гледам мерки према земјоделците да се справат со очигледната криза која што доаѓа“, додаде Николоски.
Оцени дека  секогаш кога ќе се одлучат на некои чекори мора да имаат и решенија бидејќи тоа што го прават, односно не го прават е крајна неодговорност на власта. Истовремено, Николски посочи дека апсолутно се согласува да се даде хуманитарна помош на сите кои се соочуваат со тоа што се случува во Украина, да се помогне на бегалците чии што домови се уништени, но исто така запраша што ќе се прави со помош на македонските граѓаните за тешките денови кои доаѓаат.
„Веќе се чувствува со цените во маркетите, веќе се чувствува со тоа што одредени производи ги нема, а допрва доаѓаат големите проблеми. Гледаме во јавност дека дел од странските инвеститори ќе имаат проблем затоа што дел од репроматеријалите кои ги користат пред сѐ од Украина, тука нема никакви мерки, земјоделците ги споменав, млекарите ќе бидат исто така под удар, да не зборувам за поголеми производители кои што ќе им биде нарушен сега целиот ланец на достава, а тука секако е проблемите со електричната енергија која беше екстремно скапа и пред почетокот на војната во Украина а сега ќе оди уште погоре и основна причина што во Македонија има скапа електрична енергија пред сѐ за компаниите кои плаќаат до 500% поскапа електрична енергија од претходно е затоа што не се користи целокупното домашно производство, ане се користи целокупното домашно производство затоа што бандити и неспособни го водат енергетскиот систем“, рече Николоски.

The post Владата не им помага на компаниите, цената на струјата за нив е и до 500 отсто поголема, помош нема ниту за земјоделците appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Mинималната плата oд март ќе биде 18 илјади денари, а до крајот на мандатот ќе надмине 20.000 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-minimalnata-plata-od-mart-kje-bide-18-iljadi-denari-a-do-krajot-na-mandatot-kje-nadmine-20-000-denari/ Tue, 08 Feb 2022 07:12:27 +0000 https://republika.mk/?p=455457

Од март минималната плата ќе биде 18 илјади денари, а до крајот на мандатот минималната плата ќе надмине над 20 илјади денари, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во вечерашното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21.

Министерот Бектеши потенцираше дека согласно постигнатиот договор, плата ќе ја покрие просечната плата со 60,76% и таа ќе изнесува 18,000.

До крај на годината Владата ќе ја покрие разликата од тоа што се сложија стопанствениците до таа од 18 илјади што ја бараше синдикатот.

Меѓу другото, министерот Бектеши во емисијата појасни дека според новиот закон минималната плата не може да биде помала од 57 отсто од просечната плата, додавајќи дека со ова законско решение, зголемување на просечната и другите видови на плати, автоматски ќе се зголеми и минималната .

Министерот Бектеши во своето гостување на ТВ 21 информираше и за “Недела неработен ден”, каде додаде дека на секој вработен што ќе работи во недела во секторот трговија поголеми дневници за 100%, што значи дека Владата се грижи за правата на работниците.

Во емисијата се дискурираше и за приватниот сектор, министерот за економија рече дека Македонија е лидер во регионот во однос на поддршката на приватниот сектор.

Меѓу другото во дебатната емисија се дискутираше и за цената на електричната енергија.

Според Бектеши со мерките кои што ги донесе Владата со прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор се обезбеди дополнително домашно производство на струја што на крај влијаеше да нема драстично зголемување на цената за домаќинствата и малите потрошувачи.

Министерот Бектеши увери дека цената на електричната енергија за малите потрошувачи е замрзната, додавајќи дека Македонија поевтина цена во регионот  на електричната енергија.

The post Бектеши: Mинималната плата oд март ќе биде 18 илјади денари, а до крајот на мандатот ќе надмине 20.000 денари appeared first on Република.

]]>

Од март минималната плата ќе биде 18 илјади денари, а до крајот на мандатот минималната плата ќе надмине над 20 илјади денари, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во вечерашното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21. Министерот Бектеши потенцираше дека согласно постигнатиот договор, плата ќе ја покрие просечната плата со 60,76% и таа ќе изнесува 18,000. До крај на годината Владата ќе ја покрие разликата од тоа што се сложија стопанствениците до таа од 18 илјади што ја бараше синдикатот. Меѓу другото, министерот Бектеши во емисијата појасни дека според новиот закон минималната плата не може да биде помала од 57 отсто од просечната плата, додавајќи дека со ова законско решение, зголемување на просечната и другите видови на плати, автоматски ќе се зголеми и минималната . Министерот Бектеши во своето гостување на ТВ 21 информираше и за “Недела неработен ден”, каде додаде дека на секој вработен што ќе работи во недела во секторот трговија поголеми дневници за 100%, што значи дека Владата се грижи за правата на работниците. Во емисијата се дискурираше и за приватниот сектор, министерот за економија рече дека Македонија е лидер во регионот во однос на поддршката на приватниот сектор. Меѓу другото во дебатната емисија се дискутираше и за цената на електричната енергија. Според Бектеши со мерките кои што ги донесе Владата со прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор се обезбеди дополнително домашно производство на струја што на крај влијаеше да нема драстично зголемување на цената за домаќинствата и малите потрошувачи. Министерот Бектеши увери дека цената на електричната енергија за малите потрошувачи е замрзната, додавајќи дека Македонија поевтина цена во регионот  на електричната енергија.

The post Бектеши: Mинималната плата oд март ќе биде 18 илјади денари, а до крајот на мандатот ќе надмине 20.000 денари appeared first on Република.

]]>