цена на струја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cena-na-struja/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Nov 2024 19:56:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png цена на струја Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cena-na-struja/ 32 32 Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bislimoski-se-ushte-e-prerano-da-zboruvame-kakva-ke-bide-tsenata-na-elektrichnata-energija-po-1-januari/ Thu, 07 Nov 2024 19:56:21 +0000 https://republika.mk/?p=835293

Прерано е да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари 2025 година. Тендерите се уште не се завршени, дел од нив не се ни почнати, така што во овој момент би било некоректно да шпекулирам какви би биле цените, но не верувам дека би имале некои проблематични одлуки коишто би влијаеле на буџетот на домаќинствата, истакна вечерва претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.

Посочи дека РКЕ во овој момент ги анализира барањата за цената што веќе ги доставија МЕПСО, МЕМО и Електродистрибуција, а како што рече, во декември ќе ги достави и универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Токму од цената што ќе ја понуди ЕСМ на тендерот на ЕВН Хоум, додаде, најмногу ќе зависи крајната цена по која потрошувачите ќе ја плаќаат струјата по 1 јануари.

Најбитните елементи што ќе ни влијаат на одлуката која ќе се применува од 1 јануари се трошоците за набавка на загуби на електрична енергија во преносната и во дистрибутивната мрежа и ќе зависат и од трошокот за набавка на електрична енергија што ќе го распише универзалниот снабдувач. Во најголем дел тие трошоци зависат од цените кои ќе бидат понудени на тендери. Секогаш сум бил противник на какви било екстремни шокови во однос на цената на електричната енергија, така што не очекувам ни сега да има некои проблематични цени во однос на тоа што сме го имале во претходниот период, рече Бислимоски во интервју за ТВ Сител.

Годинава, како што кажа, РКЕ првпат определува цени за пренос на електрична енергија и за дистрибуција на електрична енергија во постапки за податоци кои компаниите треба да ги достават до 30 септември.

Компаниите во одреден дел не беа баш докрај подготвени за тоа и поради тоа податоци што ни ги доставиле во барањето не се до крај добри и од тие причини најверојатно имаат побарано зголемување, толку колку што имаат побарано. Апсолутно нема да има прифаќања, но ги анализираме овие барања во моментов. Сигурен сум дека со нашите одлуки компаниите ќе си работат нормално и вообичаено и од 1 јануари 2025 година при тоа водејќи сметка на ниту еден начин да не бидат погодени домаќинствата и малите потрошувачи, потенцира Бислимоски.

Во 2023 година на ниво на држава, како што кажа, имаме рекордно низок процент на увоз на електрична енергија од 2,75 проценти.

Тоа пред се е поради тоа што во изминативе три години се изградија околу 900 мегавати нови производствени капацитети кои произведуваат електрична енергија од сонце и од ветер, така што 2023 беше година со рекордно низок увоз на електрична енергија. Согласно податоците што ги имаме сега, верувам дека и 2024 година ќе биде на тоа ниво и Македонија во наредниов период во најголем дел ќе успева да си ги покрива своите потреби од електрична енергија, пред се заради инвестиции во обновливи извори на енергија. Исто така, очекувам да има и нови инвестиции во изградба на нови конгенеративни постројки, рече Бислимоски.

За измените на Законот за енергетика истакна дека во најголем дел се однесуваат на регионалното поврзување на пазарите и на електрична енергија и на природен гас.

Тоа се обврски коишто ги преземала Македонија со зачленување во Енергетската заедница и сето тоа ќе ни овозможи да започнуваме пазарно спојување на нашиот пазар на електрична енергија со пазарите во соседните земји. Сето тоа по еден среднорочен период од 5 до 10 години ќе значи Македонија да биде дел од еден заеднички паневропски пазар, посочи Бислимоски.

Со новиот закон за енергетика, додаде, се поедноставуваат и се појаснуваат условите за поставување на батериите коишто ќе се користат за складирање на електрична енергија произведена од фотоволтаици и ветерни паркови.

Дополнително се поедноставуваат процедурите за вадење на лиценци во РКЕ, но најбитно е тоа што ние како земја во целост, мислам дека ќе бидеме прва во регионот што ќе ги имплементира во своето национално законодавство последните директиви на Европската унија кои се однесуваат на енергетиката, нагласи Бислимоски.

The post Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари appeared first on Република.

]]>

Прерано е да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари 2025 година. Тендерите се уште не се завршени, дел од нив не се ни почнати, така што во овој момент би било некоректно да шпекулирам какви би биле цените, но не верувам дека би имале некои проблематични одлуки коишто би влијаеле на буџетот на домаќинствата, истакна вечерва претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски. Посочи дека РКЕ во овој момент ги анализира барањата за цената што веќе ги доставија МЕПСО, МЕМО и Електродистрибуција, а како што рече, во декември ќе ги достави и универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. Токму од цената што ќе ја понуди ЕСМ на тендерот на ЕВН Хоум, додаде, најмногу ќе зависи крајната цена по која потрошувачите ќе ја плаќаат струјата по 1 јануари.
Најбитните елементи што ќе ни влијаат на одлуката која ќе се применува од 1 јануари се трошоците за набавка на загуби на електрична енергија во преносната и во дистрибутивната мрежа и ќе зависат и од трошокот за набавка на електрична енергија што ќе го распише универзалниот снабдувач. Во најголем дел тие трошоци зависат од цените кои ќе бидат понудени на тендери. Секогаш сум бил противник на какви било екстремни шокови во однос на цената на електричната енергија, така што не очекувам ни сега да има некои проблематични цени во однос на тоа што сме го имале во претходниот период, рече Бислимоски во интервју за ТВ Сител.
Годинава, како што кажа, РКЕ првпат определува цени за пренос на електрична енергија и за дистрибуција на електрична енергија во постапки за податоци кои компаниите треба да ги достават до 30 септември.
Компаниите во одреден дел не беа баш докрај подготвени за тоа и поради тоа податоци што ни ги доставиле во барањето не се до крај добри и од тие причини најверојатно имаат побарано зголемување, толку колку што имаат побарано. Апсолутно нема да има прифаќања, но ги анализираме овие барања во моментов. Сигурен сум дека со нашите одлуки компаниите ќе си работат нормално и вообичаено и од 1 јануари 2025 година при тоа водејќи сметка на ниту еден начин да не бидат погодени домаќинствата и малите потрошувачи, потенцира Бислимоски.
Во 2023 година на ниво на држава, како што кажа, имаме рекордно низок процент на увоз на електрична енергија од 2,75 проценти.
Тоа пред се е поради тоа што во изминативе три години се изградија околу 900 мегавати нови производствени капацитети кои произведуваат електрична енергија од сонце и од ветер, така што 2023 беше година со рекордно низок увоз на електрична енергија. Согласно податоците што ги имаме сега, верувам дека и 2024 година ќе биде на тоа ниво и Македонија во наредниов период во најголем дел ќе успева да си ги покрива своите потреби од електрична енергија, пред се заради инвестиции во обновливи извори на енергија. Исто така, очекувам да има и нови инвестиции во изградба на нови конгенеративни постројки, рече Бислимоски.
За измените на Законот за енергетика истакна дека во најголем дел се однесуваат на регионалното поврзување на пазарите и на електрична енергија и на природен гас.
Тоа се обврски коишто ги преземала Македонија со зачленување во Енергетската заедница и сето тоа ќе ни овозможи да започнуваме пазарно спојување на нашиот пазар на електрична енергија со пазарите во соседните земји. Сето тоа по еден среднорочен период од 5 до 10 години ќе значи Македонија да биде дел од еден заеднички паневропски пазар, посочи Бислимоски.
Со новиот закон за енергетика, додаде, се поедноставуваат и се појаснуваат условите за поставување на батериите коишто ќе се користат за складирање на електрична енергија произведена од фотоволтаици и ветерни паркови.
Дополнително се поедноставуваат процедурите за вадење на лиценци во РКЕ, но најбитно е тоа што ние како земја во целост, мислам дека ќе бидеме прва во регионот што ќе ги имплементира во своето национално законодавство последните директиви на Европската унија кои се однесуваат на енергетиката, нагласи Бислимоски.

The post Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари appeared first on Република.

]]>
Премиерот не очекува поскапување на струјата од 1 јануари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/premierot-ne-ochekuva-poskapuvane-na-strujata-od-1-januari/ Wed, 06 Nov 2024 14:00:08 +0000 https://republika.mk/?p=834832

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува поскапување на струјата од 1 јануари. Како што рече денеска, сепак, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), како независно тело, го има последниот збор.

Оваа Влада, истакна Мицкоски, не е феудална, туку според Уставот е должна да се грижи за социјалниот мир.

-Нема да бидам измамник како што беше минатата влада, да кажувам дека Владата ги субвенционира сметките на граѓаните. Тоа не го прави.

Ние сме Влада која според Уставот е должна да се грижи за социјалниот мир.

Ние не сме феудална Влада, туку Влада која треба да се грижи за стандардот на граѓаните и затоа нема да ги лажам граѓаните дека и покрај тоа што на берзите цената на струјата е 100, 200, 300 евра за мегават час, а тука граѓаните ја плаќаат помалку од 60 евра, дека ние субвенционираме.

Не, ние работиме заедно со граѓаните зашто се грижиме за социјалниот карактер на државата и од тие причини не очекувам дека ќе има поскапување на струјата.

Сепак, секогаш РКЕ е таа што го има последниот збор, истакна Мицкоски.


Извор: МИА

The post Премиерот не очекува поскапување на струјата од 1 јануари appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува поскапување на струјата од 1 јануари. Како што рече денеска, сепак, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), како независно тело, го има последниот збор. Оваа Влада, истакна Мицкоски, не е феудална, туку според Уставот е должна да се грижи за социјалниот мир.
-Нема да бидам измамник како што беше минатата влада, да кажувам дека Владата ги субвенционира сметките на граѓаните. Тоа не го прави. Ние сме Влада која според Уставот е должна да се грижи за социјалниот мир. Ние не сме феудална Влада, туку Влада која треба да се грижи за стандардот на граѓаните и затоа нема да ги лажам граѓаните дека и покрај тоа што на берзите цената на струјата е 100, 200, 300 евра за мегават час, а тука граѓаните ја плаќаат помалку од 60 евра, дека ние субвенционираме. Не, ние работиме заедно со граѓаните зашто се грижиме за социјалниот карактер на државата и од тие причини не очекувам дека ќе има поскапување на струјата. Сепак, секогаш РКЕ е таа што го има последниот збор, истакна Мицкоски.

Извор: МИА

The post Премиерот не очекува поскапување на струјата од 1 јануари appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Поднесовме предлог измени на Законот за енергетика со кој нема да се зголеми цената на струјата на домаќинствата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mitskoski-podnesovme-predlog-izmeni-na-zakonot-za-energetika-po-skratena-postapka-so-koj-nema-da-se-zgolemi-tsenata-na-strujata-na-domakinstvata/ Thu, 20 Jun 2024 10:13:14 +0000 https://republika.mk/?p=789288

Изминатите денови во јавноста една тема ги разбранува страстите и оправдано, тоа беше цената на електричната енергија која што ќе биде практично регулирана од страна на Регулаторна комисија за енергетика на Македонија во неделите кои што следат, а која што ќе биде апликативна односно важечка од први јули заклучно со 31 декември 2024 година.
Во јавноста проструи информација дека истата ќе претрпи значителни корекции во негативен тренд за граѓаните, односно истата ќе биде зголемена, истана лидерот Мицкоски.

Како идна Влада не сакаме да се мешаме во работата на независните регулаторни тела. Но, исто така како идна Влада имаме одговорност, а тоа го ветивме пред граѓаните за време на кампањата за време на претседателските и парламентарните избори дека тие ќе бидат нашиот приоритет, стандардот на граѓаните ќе биде наш приоритет и како такви и како идна Влада имаме намера сериозно да се грижиме за стандардот на граѓаните.
И да не дозволиме истиот тој стандард поради ситни интереси на поединци да биде начнат односно загрозен.

Во таа смисла група пратеници од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска прво потпишан сум јас, доставивме до Архивата на македонското Собрание предлог закон за дополнување на Законот за енергетика по скратена постапка. Што е всушност овој предлог закон за дополнување на Законот за енергетика? Тоа е всушност предлог закон со кој нема да има зголемување на цената на електричната енергија за домаќинството односно стандардот на граѓаните ќе биде заштитен.

А, со овој предлог закон нема да се дозволи она кое што проструи изминативе денови во јавноста како информација да биде драматично зголемена цената на електричната енергија.
Цениме дека со овој предлог закон за дополнување на Законот за енергетика по скратена постапка посебно домаќинствата кои што се во првата и втората група нема да добијат зголемени сметки за електрична енергија. А, исто така очекуваме и оние кои што влегуваат и во третата и во четвртата група зголемувањето на цената на електричната енергија да не биде значително односно да се движи помеѓу 1 и 2%.
Тоа е она што ние како идна Влада можеме да го направиме.
Со други зборови нема да има зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата кои добиваат електрична енергија од универзалниот снабдувач. Сега би навлегол малку и во суштината, ќе ми треба и стручно објаснување, ќе се обидам на едноставен начин да сето тоа го доближам до вас, за да може на македонската јавност, на граѓаните да им биде појасно.

Како се формира цената на електричната енергија? Цената се формира како збир од четири собирока. Тоа е цената која за своите услуги ја наплаќа МЕПСО, цената која за своите услуги ја наплаќа ЕВН Дистрибуција, цената која за своите услуги ја наплаќа ги наплаќа операторот на пазар МЕМО, плус цената на самата електрична енергија.

Вие слушнавте во јавноста дека самата цена на електричната енергија која што ЕСМ поранешно ЕЛЕМ ќе ја доставува до компанијата која што е универзален снабдувач, официјално се уште таа цена не сме ја виделе, но слушнавме дека владата донесла одлука на една од седниците таа цена да се зголеми. Од тоа што можевме во јавноста да го слушнеме цената од 57 донеле одлука да ја зголемат на 60 евра за мегават час, ќе видиме дали е тоа така.
Но, бидејќи ние сме внимателни рековме дека наш приоритет претставуваат граѓаните и нивниот стандард, затоа предвреме преземаме мерки со кои не би се случил овој ценовен шок, за потоа да имаме инфлаторна спирала која што ќе го начне стандардот на нашите граѓани.

https://www.youtube.com/watch?v=UzVJ2TdyY0U&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Да се вратам сега на формирањето на цената. Сите овие 4 собирока се множеа со коефициентот 1,115. Зошто со овој коефициент, затоа што тоа беше старата маржа која што универзалниот снабдувач ја наплаќаше од домаќинствата или тоа е 11,5%.
Откако истече тој рок односно од како истече лиценцата со старата маржа за стариот универзален снабдувач се распиша нов јавен оглас, нов тендер и најповолната понуда ја намали таа маржа од 11,5 на 9,9 проценти. Што правиме ние со овој закон, со овој закон всушност односно дополнување на законот за енергетика всушност велиме дека не е потребно бидејќи станува збор за исто правно лице повторно формирање на ново правно лице, нова структура нови трошоци за банкарски сметки нови процедури и така натаму нешто што ќе трае со месеци туку велиме дека бидејќи станува збор за старо нов бидејќи истиот кој што и порано бил универзален снабдувач како правно лице ќе продолжи да биде универзален снабдувач како правно лице и во иднина, нема потреба да регистрира ново правно лице, бидејќи станува збор за истото, само му ја продолжува регулаторната комисија, по основ на овој предлог закон кој што ние го доставуваме за дополнување на законот за енергетика важноста на лиценцата и тоа значи дека наместо маржа од 11,5 проценти која што до сега им беше наплаќана на граѓаните, ќе биде наплаќана маржа од 9,9 проценти.

И истовремено упатувам порака до универзалниот снабдувач да врши многу внимателно оптимизација на своите потреби односно при набавката на електричната енергија да се води најпрво од интересите на граѓаните а потоа да направи вистинска оптимизација на своето портфолио кое што понатаму ќе го испорача кон граѓаните да не набавува количини на електрична енергија кои што нема да бидат потребни, туку да се држи до пристапот кој што ќе биде чесен, одговорен и пред се инспиративен за граѓаните, односно да направи оптимизација за својата набавка на електрична енергија.

Доколку овие две работи се случат, односно овој Закон за дополнување на законот за енергетика се донесе, ќе биде намалена маржата од 11,5% на 9,9 проценти и доколку универзалниот снабдувач направи оптимизација на своето портфолио, односно оптимизација на количините на електрична енергија, тогаш јас ве уверувам дека граѓаните нема да добијат повисоки сметки за електрична енергија.

Ние сме влада која што е одговорна, ние сакаме да бидеме влада која што главен интерес ќе биде интересот на граѓаните, така во овој период додека сеуште не сме официјално влада се однесуваме, така ќе продолжиме во иднина. А, ќе сториме се што е во наша моќ, во овие шест месеци да го реорганизираме енергетскиот сектор во Македонија и веќе во следниот регулационен период од први јануари 2025 до 30 јуни 2025 година граѓаните да добијат поевтини сметки за електрична енергија, индустријата да добие, онаа која што е на регулираниот пазар, поевтини сметки за електрична енергија. На тој начин инфлацијата ќе биде задушена, односно цените наместо да се качуваат, ќе се намалуваат, граѓаните се нашиот приоритет и како идна влада имаме намера да ни бидат исклучиво важни граѓаните. Граѓаните направија тоа што требаше да направат сега, идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ треба да направи за граѓаните.

The post Мицкоски: Поднесовме предлог измени на Законот за енергетика со кој нема да се зголеми цената на струјата на домаќинствата appeared first on Република.

]]>

Изминатите денови во јавноста една тема ги разбранува страстите и оправдано, тоа беше цената на електричната енергија која што ќе биде практично регулирана од страна на Регулаторна комисија за енергетика на Македонија во неделите кои што следат, а која што ќе биде апликативна односно важечка од први јули заклучно со 31 декември 2024 година. Во јавноста проструи информација дека истата ќе претрпи значителни корекции во негативен тренд за граѓаните, односно истата ќе биде зголемена, истана лидерот Мицкоски.
Како идна Влада не сакаме да се мешаме во работата на независните регулаторни тела. Но, исто така како идна Влада имаме одговорност, а тоа го ветивме пред граѓаните за време на кампањата за време на претседателските и парламентарните избори дека тие ќе бидат нашиот приоритет, стандардот на граѓаните ќе биде наш приоритет и како такви и како идна Влада имаме намера сериозно да се грижиме за стандардот на граѓаните. И да не дозволиме истиот тој стандард поради ситни интереси на поединци да биде начнат односно загрозен.
Во таа смисла група пратеници од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ денеска прво потпишан сум јас, доставивме до Архивата на македонското Собрание предлог закон за дополнување на Законот за енергетика по скратена постапка. Што е всушност овој предлог закон за дополнување на Законот за енергетика? Тоа е всушност предлог закон со кој нема да има зголемување на цената на електричната енергија за домаќинството односно стандардот на граѓаните ќе биде заштитен.
А, со овој предлог закон нема да се дозволи она кое што проструи изминативе денови во јавноста како информација да биде драматично зголемена цената на електричната енергија. Цениме дека со овој предлог закон за дополнување на Законот за енергетика по скратена постапка посебно домаќинствата кои што се во првата и втората група нема да добијат зголемени сметки за електрична енергија. А, исто така очекуваме и оние кои што влегуваат и во третата и во четвртата група зголемувањето на цената на електричната енергија да не биде значително односно да се движи помеѓу 1 и 2%. Тоа е она што ние како идна Влада можеме да го направиме. Со други зборови нема да има зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата кои добиваат електрична енергија од универзалниот снабдувач. Сега би навлегол малку и во суштината, ќе ми треба и стручно објаснување, ќе се обидам на едноставен начин да сето тоа го доближам до вас, за да може на македонската јавност, на граѓаните да им биде појасно.
Како се формира цената на електричната енергија? Цената се формира како збир од четири собирока. Тоа е цената која за своите услуги ја наплаќа МЕПСО, цената која за своите услуги ја наплаќа ЕВН Дистрибуција, цената која за своите услуги ја наплаќа ги наплаќа операторот на пазар МЕМО, плус цената на самата електрична енергија. Вие слушнавте во јавноста дека самата цена на електричната енергија која што ЕСМ поранешно ЕЛЕМ ќе ја доставува до компанијата која што е универзален снабдувач, официјално се уште таа цена не сме ја виделе, но слушнавме дека владата донесла одлука на една од седниците таа цена да се зголеми. Од тоа што можевме во јавноста да го слушнеме цената од 57 донеле одлука да ја зголемат на 60 евра за мегават час, ќе видиме дали е тоа така. Но, бидејќи ние сме внимателни рековме дека наш приоритет претставуваат граѓаните и нивниот стандард, затоа предвреме преземаме мерки со кои не би се случил овој ценовен шок, за потоа да имаме инфлаторна спирала која што ќе го начне стандардот на нашите граѓани. https://www.youtube.com/watch?v=UzVJ2TdyY0U&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title Да се вратам сега на формирањето на цената. Сите овие 4 собирока се множеа со коефициентот 1,115. Зошто со овој коефициент, затоа што тоа беше старата маржа која што универзалниот снабдувач ја наплаќаше од домаќинствата или тоа е 11,5%. Откако истече тој рок односно од како истече лиценцата со старата маржа за стариот универзален снабдувач се распиша нов јавен оглас, нов тендер и најповолната понуда ја намали таа маржа од 11,5 на 9,9 проценти. Што правиме ние со овој закон, со овој закон всушност односно дополнување на законот за енергетика всушност велиме дека не е потребно бидејќи станува збор за исто правно лице повторно формирање на ново правно лице, нова структура нови трошоци за банкарски сметки нови процедури и така натаму нешто што ќе трае со месеци туку велиме дека бидејќи станува збор за старо нов бидејќи истиот кој што и порано бил универзален снабдувач како правно лице ќе продолжи да биде универзален снабдувач како правно лице и во иднина, нема потреба да регистрира ново правно лице, бидејќи станува збор за истото, само му ја продолжува регулаторната комисија, по основ на овој предлог закон кој што ние го доставуваме за дополнување на законот за енергетика важноста на лиценцата и тоа значи дека наместо маржа од 11,5 проценти која што до сега им беше наплаќана на граѓаните, ќе биде наплаќана маржа од 9,9 проценти. И истовремено упатувам порака до универзалниот снабдувач да врши многу внимателно оптимизација на своите потреби односно при набавката на електричната енергија да се води најпрво од интересите на граѓаните а потоа да направи вистинска оптимизација на своето портфолио кое што понатаму ќе го испорача кон граѓаните да не набавува количини на електрична енергија кои што нема да бидат потребни, туку да се држи до пристапот кој што ќе биде чесен, одговорен и пред се инспиративен за граѓаните, односно да направи оптимизација за својата набавка на електрична енергија. Доколку овие две работи се случат, односно овој Закон за дополнување на законот за енергетика се донесе, ќе биде намалена маржата од 11,5% на 9,9 проценти и доколку универзалниот снабдувач направи оптимизација на своето портфолио, односно оптимизација на количините на електрична енергија, тогаш јас ве уверувам дека граѓаните нема да добијат повисоки сметки за електрична енергија.
Ние сме влада која што е одговорна, ние сакаме да бидеме влада која што главен интерес ќе биде интересот на граѓаните, така во овој период додека сеуште не сме официјално влада се однесуваме, така ќе продолжиме во иднина. А, ќе сториме се што е во наша моќ, во овие шест месеци да го реорганизираме енергетскиот сектор во Македонија и веќе во следниот регулационен период од први јануари 2025 до 30 јуни 2025 година граѓаните да добијат поевтини сметки за електрична енергија, индустријата да добие, онаа која што е на регулираниот пазар, поевтини сметки за електрична енергија. На тој начин инфлацијата ќе биде задушена, односно цените наместо да се качуваат, ќе се намалуваат, граѓаните се нашиот приоритет и како идна влада имаме намера да ни бидат исклучиво важни граѓаните. Граѓаните направија тоа што требаше да направат сега, идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ треба да направи за граѓаните.

The post Мицкоски: Поднесовме предлог измени на Законот за енергетика со кој нема да се зголеми цената на струјата на домаќинствата appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Најверојатно нема да се прифати барањето на енергетските компании за зголемување на цената за 13 отсто https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-najverojatno-nema-da-se-prifati-baraneto-na-energetskite-kompanii-za-zgolemuvane-na-tsenata-za-13-otsto/ Thu, 01 Jun 2023 11:33:08 +0000 https://republika.mk/?p=646808

Цената која ја нуди ЕСМ кон ЕВН Хоум се разгледува на затворена седница на Владата. Откако ќе имаме барање од страна на ЕСМ ќе бидете известени навремено, но тоа ќе биде согласно интересите на граѓаните и на државата во целина и заштита на животниот стандард во нашата држава, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Но, како што рече, од страна на ЕСМ уште не е доставена информација до Владата за таа да утврди цена со која ЕСМ ќе учествува во тендерот кој ќе биде објавен од страна на ЕВН Хоум.

Според него, најверојатно нема да се прифати барањето на енергетските компании за зголемување на цената за 13 отсто.

Бислимовски не верувам дека кажал таква изјава. И тоа што го слушнав јас, бидејќи знам колку е професионалец Бислимовски, повеќето од вас тука следите економија речиси со години и многу добро ги знаете процедурите. Претходната година енергетските компании бараа зголемување, ако се сеќавате, на 78 отсто, па надминаа некои компании и над 100 отсто. Не е важно колку бараат тие. Важно е колку ќе се одобри од страна на РКЕ и која ќе биде цената која ќе ја утврди Владата на ЕСМ која ќе го даде кон универзалниот снабудвач, во овој случај на ЕВН која цена важи за домаќинства и за мали потрошувачи, што значи дека 13 отсто зголемување кое е барање од страна на енергетските компании нема да се прифати најверојатно. Јас можам да кажам дека нема да се прифати цената што би можела да ја бара ЕСМ бидејќи секако дека ЕСМ ќе бара цена, а работа на РКЕ е да направи анализи и калкулации за барањето од страна на МЕПСО и Електродистрибуција, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по економскиот форум „Парафискални давачки-мало делче во сложувалката на конкурентноста".

The post Бектеши: Најверојатно нема да се прифати барањето на енергетските компании за зголемување на цената за 13 отсто appeared first on Република.

]]>

Цената која ја нуди ЕСМ кон ЕВН Хоум се разгледува на затворена седница на Владата. Откако ќе имаме барање од страна на ЕСМ ќе бидете известени навремено, но тоа ќе биде согласно интересите на граѓаните и на државата во целина и заштита на животниот стандард во нашата држава, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Но, како што рече, од страна на ЕСМ уште не е доставена информација до Владата за таа да утврди цена со која ЕСМ ќе учествува во тендерот кој ќе биде објавен од страна на ЕВН Хоум. Според него, најверојатно нема да се прифати барањето на енергетските компании за зголемување на цената за 13 отсто.
Бислимовски не верувам дека кажал таква изјава. И тоа што го слушнав јас, бидејќи знам колку е професионалец Бислимовски, повеќето од вас тука следите економија речиси со години и многу добро ги знаете процедурите. Претходната година енергетските компании бараа зголемување, ако се сеќавате, на 78 отсто, па надминаа некои компании и над 100 отсто. Не е важно колку бараат тие. Важно е колку ќе се одобри од страна на РКЕ и која ќе биде цената која ќе ја утврди Владата на ЕСМ која ќе го даде кон универзалниот снабудвач, во овој случај на ЕВН која цена важи за домаќинства и за мали потрошувачи, што значи дека 13 отсто зголемување кое е барање од страна на енергетските компании нема да се прифати најверојатно. Јас можам да кажам дека нема да се прифати цената што би можела да ја бара ЕСМ бидејќи секако дека ЕСМ ќе бара цена, а работа на РКЕ е да направи анализи и калкулации за барањето од страна на МЕПСО и Електродистрибуција, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по економскиот форум „Парафискални давачки-мало делче во сложувалката на конкурентноста".

The post Бектеши: Најверојатно нема да се прифати барањето на енергетските компании за зголемување на цената за 13 отсто appeared first on Република.

]]>
Kој повеќе ќе троши – ќе плаќа поскапа струја: Албанија воведува нов режим за електричната енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/koj-povekje-kje-troshi-kje-plakja-poskapa-struja-albanija-voveduva-nov-rezim-za-elektrichnata-energija/ Fri, 28 Oct 2022 12:57:51 +0000 https://republika.mk/?p=566849

Регулаторниот завод за енергетика на Албанија (ЕРЕ) донесе одлука за цената на струјата за ноември и декември со која домаќинствата кои ќе трошат повеќе од 800 киловат часови електрична енергија месечно ќе плаќаат поскапа струја.

За овие потрошувачи зголемување на цената на енергијата е за 4,4 пати, па така наместо по 9,5 лека, ќе плаќаат по 42 лека за киловат-час.

Цената на снабдувањето со електрична енергија за потрошувачите кои трошат над овој лимит ќе биде предмет на периодично разгледување, по оценувањето на промените во продажната цена на електричната енергија за крајните потрошувачи на универзалната услуга, се наведува во соопштението.

Ваква одлука во септември донесе и ЕРЕ и Владата, која требаше да се применува од почетокот на овој месец, но истата беше повлечена, поради, како што образложи премиерот Еди Рама „намалената потрошувачка и зголемено домашно производство“.

Рама на заедничка прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дел Лајен, порача дека наметнувањето на овој лимит не значи поскапување на струјата.

Го слушам постојаното прашање „дали ќе се откажете од зголемувањето на цената на енергијата“. Нема да ја зголемиме цената на енергијата. Никогаш не сум го рекол тоа. Поставувањето на лимит од 800 квч не ја зголемува цената на енергијата. Тоа е поставување плафон под кој секое домаќинство може да ги задоволи сите основни потреби, сите без исклучок, без потреба од трошење повеќе енергија, изјави Рама.

Тој додаде дека во земјата има 1,2 милиони домаќинства, а од нив околу 60 илјади трошат повеќе од 800 квч електрична енергија месечно за греење или ладење, што, како што рече, е сосема поинаква работа во споредба со вокабуларот „поскапување на енергијата“.

The post Kој повеќе ќе троши – ќе плаќа поскапа струја: Албанија воведува нов режим за електричната енергија appeared first on Република.

]]>

Регулаторниот завод за енергетика на Албанија (ЕРЕ) донесе одлука за цената на струјата за ноември и декември со која домаќинствата кои ќе трошат повеќе од 800 киловат часови електрична енергија месечно ќе плаќаат поскапа струја. За овие потрошувачи зголемување на цената на енергијата е за 4,4 пати, па така наместо по 9,5 лека, ќе плаќаат по 42 лека за киловат-час.
Цената на снабдувањето со електрична енергија за потрошувачите кои трошат над овој лимит ќе биде предмет на периодично разгледување, по оценувањето на промените во продажната цена на електричната енергија за крајните потрошувачи на универзалната услуга, се наведува во соопштението.
Ваква одлука во септември донесе и ЕРЕ и Владата, која требаше да се применува од почетокот на овој месец, но истата беше повлечена, поради, како што образложи премиерот Еди Рама „намалената потрошувачка и зголемено домашно производство“. Рама на заедничка прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дел Лајен, порача дека наметнувањето на овој лимит не значи поскапување на струјата.
Го слушам постојаното прашање „дали ќе се откажете од зголемувањето на цената на енергијата“. Нема да ја зголемиме цената на енергијата. Никогаш не сум го рекол тоа. Поставувањето на лимит од 800 квч не ја зголемува цената на енергијата. Тоа е поставување плафон под кој секое домаќинство може да ги задоволи сите основни потреби, сите без исклучок, без потреба од трошење повеќе енергија, изјави Рама.
Тој додаде дека во земјата има 1,2 милиони домаќинства, а од нив околу 60 илјади трошат повеќе од 800 квч електрична енергија месечно за греење или ладење, што, како што рече, е сосема поинаква работа во споредба со вокабуларот „поскапување на енергијата“.

The post Kој повеќе ќе троши – ќе плаќа поскапа струја: Албанија воведува нов режим за електричната енергија appeared first on Република.

]]>
Ќе падне цената на лебот после Нова година?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kje-padne-cenata-na-lebot-posle-nova-godina/ Sun, 23 Oct 2022 11:10:36 +0000 https://republika.mk/?p=564574

Намалување на цената на лебот може да се случи по Нова година. Новите мерки предвидуваат намалување на цената на струјата од 1 декември за производителите на храна, со очекување прво да се стабилизира цената, а потоа да се намали цената на лебот и другите производи. Ова е ставот на претставниците на двете стопански комори.

Според здружението на индустријата на мелничари и пекари, при Стопанската комора, за реално намалување на цената потребно е Владата да ги активира и стоковите резерви за да се намали влијанието на светските берзи, каде цените постојано растат.

Иако официјалните лица проценуваат дека во текот на оваа година се ожнеани околу 250 илјади тони пченица, додека се потребни околу 330 илјади тони, сепак, дел од пченицата не се продава во мелниците, додека се уште се увезува. Цената за пченицата ја одредува светската берза каде цената е 18 денари, додека во жетварскиот период достигна и до 22 денари за килограм.

„Ако Владата дозволи мелниците и пекарската индустрија да купуваат струја по цена од 80 до 100 евра за мегават час, за што преговараме една недела, тогаш до декември цената на брашното и лебот ќе се стабилизира, додека од следната година може да се очекува да ја намалат цената за 10%“, вели Горан Малишиќ, претседател на Здружението на мелничарско-пекарската индустрија, при Стопанската комора.

Ова е трет обид на Владата да ги намали цените на основните прехранбени производи. Прво имаше замрзнување на цените, па ги ограничија маржите што граѓаните не ги почувствуваа поради континуираното поскапување на малопродажните цени. Од друга страна, со мерката за поевтина струја се очекува да бидат опфатени околу 150 фирми.

The post Ќе падне цената на лебот после Нова година?! appeared first on Република.

]]>

Намалување на цената на лебот може да се случи по Нова година. Новите мерки предвидуваат намалување на цената на струјата од 1 декември за производителите на храна, со очекување прво да се стабилизира цената, а потоа да се намали цената на лебот и другите производи. Ова е ставот на претставниците на двете стопански комори. Според здружението на индустријата на мелничари и пекари, при Стопанската комора, за реално намалување на цената потребно е Владата да ги активира и стоковите резерви за да се намали влијанието на светските берзи, каде цените постојано растат. Иако официјалните лица проценуваат дека во текот на оваа година се ожнеани околу 250 илјади тони пченица, додека се потребни околу 330 илјади тони, сепак, дел од пченицата не се продава во мелниците, додека се уште се увезува. Цената за пченицата ја одредува светската берза каде цената е 18 денари, додека во жетварскиот период достигна и до 22 денари за килограм.
„Ако Владата дозволи мелниците и пекарската индустрија да купуваат струја по цена од 80 до 100 евра за мегават час, за што преговараме една недела, тогаш до декември цената на брашното и лебот ќе се стабилизира, додека од следната година може да се очекува да ја намалат цената за 10%“, вели Горан Малишиќ, претседател на Здружението на мелничарско-пекарската индустрија, при Стопанската комора.
Ова е трет обид на Владата да ги намали цените на основните прехранбени производи. Прво имаше замрзнување на цените, па ги ограничија маржите што граѓаните не ги почувствуваа поради континуираното поскапување на малопродажните цени. Од друга страна, со мерката за поевтина струја се очекува да бидат опфатени околу 150 фирми.

The post Ќе падне цената на лебот после Нова година?! appeared first on Република.

]]>
Еден од контактите на Мицкоски понудил цена двојно пониска од цена и испратил договор, на потег е ЕСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/eden-od-kontaktite-na-mickoski-ponudil-cena-dvojno-poniska-od-cena-i-ispratil-dogovor-na-poteg-e-esm/ Mon, 17 Oct 2022 19:35:48 +0000 https://republika.mk/?p=562267

Ценам дека тој кој ги споменува имињата на фирмите нема авторизација да ги споменува имињата на контактите и постапил неетички, но имам намера да ја кажам вистината.

Вистината е дека компанијата која е позиција поврзана за снабдување со гас на Македонија и нејзини претставници присуствуваа на средба со претставници од Македонија, од Владата, поранешно ЕЛЕМ, денес ЕСМ и на таа средба била понудена цена која е најмалку два пати помала од таа по која што купуваше АД ЕСМ за месец октомври, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашното гостување на Македонската телевизија прашан за тоа кои контакти ги понудил со цел снабдување на енергенси за да тече грејната сезона.

Според Мицкоски во Европа тоа е предмет на еден договор кој го потпишуваат компаниите кои се занимаваат со тоа. Оттука АД ЕСМ до компанијата испратила договор до компанијата за да може потоа да се потпише од АД ЕСМ.

„Тоа го направила компанијата денеска и договорот е доставен до АД ЕСМ. Го повикувам АД ЕСМ да го среди тоа и да им заштеди на граѓаните неколку стотици милиони евра“, рече Мицкоски.

Што се однесува до позицијата со мазутот, рече тој, најодговорно тврдам, состанокот се одржа на 9 октомври во министеството за економија, претставници беа на позицијата, потоа претставник на компанијата која сега снабдува со мазут и ги контактирал тие кои се позиција и од нив побарал понуда за 150 илјади тони мазут.

„Цената која ја добиле бидејќи добив авторизација можам да ја кажам е цена берзанска минус 40 евра по тон, што би значело заштеда од најмалку 80-90 евра по тон од таа што државата ја плаќа“, укажа Мицкоски.

На Владата е, додаде Мицкоски, дали ќе ги искористат контактите кои ги обезбедив за снабдување на драстично поевтини енергенси или ќе продолжат да крадат.

„На нив е дали Македонија ќе има одржлива енергетска слика“, рече Мицкоски.

The post Еден од контактите на Мицкоски понудил цена двојно пониска од цена и испратил договор, на потег е ЕСМ appeared first on Република.

]]>

Ценам дека тој кој ги споменува имињата на фирмите нема авторизација да ги споменува имињата на контактите и постапил неетички, но имам намера да ја кажам вистината. Вистината е дека компанијата која е позиција поврзана за снабдување со гас на Македонија и нејзини претставници присуствуваа на средба со претставници од Македонија, од Владата, поранешно ЕЛЕМ, денес ЕСМ и на таа средба била понудена цена која е најмалку два пати помала од таа по која што купуваше АД ЕСМ за месец октомври, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашното гостување на Македонската телевизија прашан за тоа кои контакти ги понудил со цел снабдување на енергенси за да тече грејната сезона. Според Мицкоски во Европа тоа е предмет на еден договор кој го потпишуваат компаниите кои се занимаваат со тоа. Оттука АД ЕСМ до компанијата испратила договор до компанијата за да може потоа да се потпише од АД ЕСМ.
„Тоа го направила компанијата денеска и договорот е доставен до АД ЕСМ. Го повикувам АД ЕСМ да го среди тоа и да им заштеди на граѓаните неколку стотици милиони евра“, рече Мицкоски.
Што се однесува до позицијата со мазутот, рече тој, најодговорно тврдам, состанокот се одржа на 9 октомври во министеството за економија, претставници беа на позицијата, потоа претставник на компанијата која сега снабдува со мазут и ги контактирал тие кои се позиција и од нив побарал понуда за 150 илјади тони мазут.
„Цената која ја добиле бидејќи добив авторизација можам да ја кажам е цена берзанска минус 40 евра по тон, што би значело заштеда од најмалку 80-90 евра по тон од таа што државата ја плаќа“, укажа Мицкоски.
На Владата е, додаде Мицкоски, дали ќе ги искористат контактите кои ги обезбедив за снабдување на драстично поевтини енергенси или ќе продолжат да крадат.
„На нив е дали Македонија ќе има одржлива енергетска слика“, рече Мицкоски.

The post Еден од контактите на Мицкоски понудил цена двојно пониска од цена и испратил договор, на потег е ЕСМ appeared first on Република.

]]>
Поради неспособноста на СДСМ граѓаните на Македонија плаќаат најскапа струја во регионот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/poradi-nesposobnosta-na-sdsm-gragjanite-na-makedonija-plakjaat-najskapa-struja-vo-regionot/ Sat, 08 Oct 2022 07:49:01 +0000 https://republika.mk/?p=558684

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека поради неспособноста на СДСМ македонските граѓани плаќаат најскапа струја во регионот. Од партијата додаваат дека цената на струјата во Македонија, која ја плаќаат граѓаните 89.5 евра за мегават час и е убедливо најскапо од сите земји во регионот.

Граѓаните на Србија и Косово плаќаат 50% поевтина струја од граѓаните во Македонија. Имено цената на мегават час електрична енергија во Србија е 58.9 евра, а во Косово 55.5 евра, во споредба со нашите 89.5 евра.

 

Поскапа струја плаќаат нашите домаќинства и од домаќинствата во Турција, каде струјата е 74.8 евра за мегават час, односно 15% помалку во однос на Македонија.

 

БиХ и Црна Гора исто така имаат поевтина струја од Македонија, околу 15% - анализираат од партијата.

Струјата во Македонија е скапа затоа што власта го занемари домашното производство, и од некогашните 6 терават часови произведена струја сега не можат да се произведат ниту 4. Владата не го оптимизира производството, и ја донесе Македонија и граѓаните во полоша положба од граѓаните на државите од регионот - велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Поради неспособноста на СДСМ граѓаните на Македонија плаќаат најскапа струја во регионот appeared first on Република.

]]>

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека поради неспособноста на СДСМ македонските граѓани плаќаат најскапа струја во регионот. Од партијата додаваат дека цената на струјата во Македонија, која ја плаќаат граѓаните 89.5 евра за мегават час и е убедливо најскапо од сите земји во регионот.
Граѓаните на Србија и Косово плаќаат 50% поевтина струја од граѓаните во Македонија. Имено цената на мегават час електрична енергија во Србија е 58.9 евра, а во Косово 55.5 евра, во споредба со нашите 89.5 евра.   Поскапа струја плаќаат нашите домаќинства и од домаќинствата во Турција, каде струјата е 74.8 евра за мегават час, односно 15% помалку во однос на Македонија.   БиХ и Црна Гора исто така имаат поевтина струја од Македонија, околу 15% - анализираат од партијата.
Струјата во Македонија е скапа затоа што власта го занемари домашното производство, и од некогашните 6 терават часови произведена струја сега не можат да се произведат ниту 4. Владата не го оптимизира производството, и ја донесе Македонија и граѓаните во полоша положба од граѓаните на државите од регионот - велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Поради неспособноста на СДСМ граѓаните на Македонија плаќаат најскапа струја во регионот appeared first on Република.

]]>
Вучиќ заврши од мај, Ковачевски сега правел сѐ за да обезбеди струја по цена под берзанската https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vuchikj-zavrshi-od-maj-kovachevski-sega-pravel-s-za-da-obezbedi-struja-po-cena-pod-berzanskata/ Tue, 06 Sep 2022 10:41:34 +0000 https://republika.mk/?p=547913

Владата ќе направи сѐ за да обезбеди на стопанството цена на електрична енергија која ќе биде оптимална на овие услови, да биде под берзанската цена и да биде издржлива за стопанските субјекти, изјави премиерот Димитар Ковачевски по работните состаноци со бугарскиот премиер Донев и претседателот на Бугарија Радев во Софија.

Како што пренесуваат од владината прес-служба, Ковачевски истакнал дека ова треба да се реализира со формирање на работна група и други активности со Република Бугарија и соодветните тела во Европската Комисија бидејќи Бугарија е членка на ЕУ за да може да се комплетира тој дел.

Исто така македонскиот бизнис имаше барање да не бидат прекинати меѓународните текови на трансфер на електрична енергија бидејќи во минатото тоа се има случувано во три наврати во прилично долги периоди меѓу Бугарија и Cеверна Македонија. И тоа беше предмет на разговор. Она што го имаме сметаме дека, ако се ова се реализира според динамиката и целите кои се зададени дека ќе може стопанството да има цени кои ќе бидат прифатливи и соодветни на она што одговара на нивните производствени и услужни процеси, рекол Ковачевски.

Според Ковачевски, очекувањата се за максимум 2 недели да се дојде со одреден предлог кој предлог мора да биде соодветен на легислативите на Бугарија и на Македонија и на ЕУ.

Се надевам дека во духот на добра волја и во духот на сите правила тоа ќе може да биде направено. Ние нормално дека имаме и други опции кои ги разгледуваме, меѓутоа Бугарија е основата на базната енергија во регионот пред се заради тоа што има нуклеарна централа која што работи, која што е најголемиот производител на електрична енергија, рече Ковачевски.

The post Вучиќ заврши од мај, Ковачевски сега правел сѐ за да обезбеди струја по цена под берзанската appeared first on Република.

]]>

Владата ќе направи сѐ за да обезбеди на стопанството цена на електрична енергија која ќе биде оптимална на овие услови, да биде под берзанската цена и да биде издржлива за стопанските субјекти, изјави премиерот Димитар Ковачевски по работните состаноци со бугарскиот премиер Донев и претседателот на Бугарија Радев во Софија. Како што пренесуваат од владината прес-служба, Ковачевски истакнал дека ова треба да се реализира со формирање на работна група и други активности со Република Бугарија и соодветните тела во Европската Комисија бидејќи Бугарија е членка на ЕУ за да може да се комплетира тој дел.
Исто така македонскиот бизнис имаше барање да не бидат прекинати меѓународните текови на трансфер на електрична енергија бидејќи во минатото тоа се има случувано во три наврати во прилично долги периоди меѓу Бугарија и Cеверна Македонија. И тоа беше предмет на разговор. Она што го имаме сметаме дека, ако се ова се реализира според динамиката и целите кои се зададени дека ќе може стопанството да има цени кои ќе бидат прифатливи и соодветни на она што одговара на нивните производствени и услужни процеси, рекол Ковачевски.
Според Ковачевски, очекувањата се за максимум 2 недели да се дојде со одреден предлог кој предлог мора да биде соодветен на легислативите на Бугарија и на Македонија и на ЕУ.
Се надевам дека во духот на добра волја и во духот на сите правила тоа ќе може да биде направено. Ние нормално дека имаме и други опции кои ги разгледуваме, меѓутоа Бугарија е основата на базната енергија во регионот пред се заради тоа што има нуклеарна централа која што работи, која што е најголемиот производител на електрична енергија, рече Ковачевски.

The post Вучиќ заврши од мај, Ковачевски сега правел сѐ за да обезбеди струја по цена под берзанската appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Струјата ќе поскапи за 17,7%, народот ќе гори сѐ за да се затопли оваа зима https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mickoski-strujata-kje-poskapi-za-17-7-narodot-kje-gori-s-za-da-se-zatopli-ovaa-zima/ Wed, 29 Jun 2022 17:53:57 +0000 https://republika.mk/?p=521262

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека со новата цена на струјата и новиот тарифен модел граѓаните двапати ќе бидат оштетени.

-Еднаш директно и второ преку Буџетот. Овие 7,4% се лага, а процентот ќе биде меѓу 17 и 18 проценти и подготвен сум да го дебатирам ова со секого. Не се говори вистината. Цената на струјата на домаќинствата се формира преку три основи. Кога сето ќе се собере или подели, ќе се добие покачување од 17,7%. Да не зборуваме повеќе за екологија и чист воздух, затоа што граѓаните ќе горат се живо и диво за да се стоплат, поради високите сметки што ќе ги имаат оваа зима. Ако ги разгледате анкетите, екологијата и чистиот воздух се топ 3 приоритети на граѓаните, рече Мицкоски.

Тој потенцира дека Владата требала да работи, а не да се фокусира на тендери.

-Не се произведува и мора да се увезува скапа струја. Буџетот ќе префрла пари на ЕСМ да увезува електрична енергија, смета Мицкоски, говорејќи во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.

-Утре имаме седница на Централниот комитет на партијата и ќе побарам да ги повикаме граѓаните на протест околу поскапувањето на струјата, информира Мицкоски.

The post Мицкоски: Струјата ќе поскапи за 17,7%, народот ќе гори сѐ за да се затопли оваа зима appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека со новата цена на струјата и новиот тарифен модел граѓаните двапати ќе бидат оштетени.
-Еднаш директно и второ преку Буџетот. Овие 7,4% се лага, а процентот ќе биде меѓу 17 и 18 проценти и подготвен сум да го дебатирам ова со секого. Не се говори вистината. Цената на струјата на домаќинствата се формира преку три основи. Кога сето ќе се собере или подели, ќе се добие покачување од 17,7%. Да не зборуваме повеќе за екологија и чист воздух, затоа што граѓаните ќе горат се живо и диво за да се стоплат, поради високите сметки што ќе ги имаат оваа зима. Ако ги разгледате анкетите, екологијата и чистиот воздух се топ 3 приоритети на граѓаните, рече Мицкоски.
Тој потенцира дека Владата требала да работи, а не да се фокусира на тендери. -Не се произведува и мора да се увезува скапа струја. Буџетот ќе префрла пари на ЕСМ да увезува електрична енергија, смета Мицкоски, говорејќи во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.
-Утре имаме седница на Централниот комитет на партијата и ќе побарам да ги повикаме граѓаните на протест околу поскапувањето на струјата, информира Мицкоски.

The post Мицкоски: Струјата ќе поскапи за 17,7%, народот ќе гори сѐ за да се затопли оваа зима appeared first on Република.

]]>
Бектеши: Цената на струјата што ја понуди ЕСМ не е нереална, тоа е одговорна одлука https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-cenata-na-strujata-shto-ja-ponudi-esm-ne-e-nerealna-toa-e-odgovorna-odluka/ Sun, 26 Jun 2022 15:35:35 +0000 https://republika.mk/?p=519944

Министерот за економија, Крешник Бектеши, изјави дека понудената цена на струјата од страна на ЕСМ од 48 евра за мегават час, не е нереална во вакви околности, а најмалку политичка, туку тоа е одговорна одлука.

Бектеши во објава на Фејсбук наведува дека просечната цена за мегават час електрична енергија за периодот јули – декември 2022 година на берзите се движи околу 350 евра.

Во услови на енергетска криза, како одговорна Влада, секогаш им излегуваме во пресрет на граѓаните, така и ќе продолжиме во иднина - нагласува министерот за економија.

Бектеши потенцира дека со мерките кои што досега ги превземала Владата се надоместени 80 отсто од фактурите за струја за домаќинства и над 60.000 компании.

Во оваа насока ќе продолжиме и понатаму се со цел да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови - додава Бектеши во објавата.

ЕСМ беше единствениот понудувач на тендерот за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јули – декември годинава распишан од ЕВН Хоме како универзален снабдувач на електрична енергија, нудејќи цена од 48 евра за мегават час, што е 17 проценти повисока од претходната.

АД ЕСМ како најповолен и единствен понудувач на тендерот преку електронска аукција, му понуди на ЕВН Хоме купопродажна цена на електрична енергија од 48 евра за мегават час, за покривање на 100 проценти од вкупно планираните количини. Добиената купопродажна цена 48 евра за мегават час за периодот јули – декември 2022 e за 17 проценти повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јануари – јуни 2022), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена на електрична енергија од 41 евро за мегават час за вкупните планирани потреби на ЕВН Хоме - информираа во петокот од ЕВН Македонија.

ЕСМ ваквата своја понуда ја правда со „енормното зголемување на цените на енергенсите на глобално ниво, како и нивната недостапност, особено во период на грејна сезона“.

Цените на мазутот, јагленот, гасот и електричната енергија забележуваат исклучително поскапување и тешкотии при набавката, што влијае врз производната цена на електричната енергија од АД ЕСМ - соопштија од ЕСМ.

The post Бектеши: Цената на струјата што ја понуди ЕСМ не е нереална, тоа е одговорна одлука appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија, Крешник Бектеши, изјави дека понудената цена на струјата од страна на ЕСМ од 48 евра за мегават час, не е нереална во вакви околности, а најмалку политичка, туку тоа е одговорна одлука. Бектеши во објава на Фејсбук наведува дека просечната цена за мегават час електрична енергија за периодот јули – декември 2022 година на берзите се движи околу 350 евра.
Во услови на енергетска криза, како одговорна Влада, секогаш им излегуваме во пресрет на граѓаните, така и ќе продолжиме во иднина - нагласува министерот за економија.
Бектеши потенцира дека со мерките кои што досега ги превземала Владата се надоместени 80 отсто од фактурите за струја за домаќинства и над 60.000 компании.
Во оваа насока ќе продолжиме и понатаму се со цел да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови - додава Бектеши во објавата.
ЕСМ беше единствениот понудувач на тендерот за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јули – декември годинава распишан од ЕВН Хоме како универзален снабдувач на електрична енергија, нудејќи цена од 48 евра за мегават час, што е 17 проценти повисока од претходната.
АД ЕСМ како најповолен и единствен понудувач на тендерот преку електронска аукција, му понуди на ЕВН Хоме купопродажна цена на електрична енергија од 48 евра за мегават час, за покривање на 100 проценти од вкупно планираните количини. Добиената купопродажна цена 48 евра за мегават час за периодот јули – декември 2022 e за 17 проценти повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јануари – јуни 2022), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена на електрична енергија од 41 евро за мегават час за вкупните планирани потреби на ЕВН Хоме - информираа во петокот од ЕВН Македонија.
ЕСМ ваквата своја понуда ја правда со „енормното зголемување на цените на енергенсите на глобално ниво, како и нивната недостапност, особено во период на грејна сезона“.
Цените на мазутот, јагленот, гасот и електричната енергија забележуваат исклучително поскапување и тешкотии при набавката, што влијае врз производната цена на електричната енергија од АД ЕСМ - соопштија од ЕСМ.

The post Бектеши: Цената на струјата што ја понуди ЕСМ не е нереална, тоа е одговорна одлука appeared first on Република.

]]>
ЕСМ понуди 48 евра за мегават час на ЕВН Хоум, 17% повисока цена од сегашната! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/esm-ponudi-48-evra-za-megavat-chas-na-evn-houm-17-povisoka-cena-od-segashnata/ Fri, 24 Jun 2022 11:05:33 +0000 https://republika.mk/?p=519253

ЕСМ понуди 48 евра за мегават час на тендерот на ЕВН Хоум. Тоа е 17% повисока цена од онаа која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач.

Од ЕВН велат дека на денешниот тендер за набавка на електрична енергија за периодот од јули-декември се јавила само една понуда од АД ЕСМ и е единствен и најповолен понудувач.

Сега на ред е Регулаторна која треба да направи пресметки. Она што досега е познато е дека речиси сите енергетски компании побараа зголемување на цените за услугите кои ги вршат. МЕПСО побара 68% зголемување, додека Електродистрибудија дури 80%. Сите овие барања Регулаторот треба да ги пресмета и одлучи што ќе прифати, а што не. Со тоа ќе биде познато и колкаво поскапување на сметките за струја ќе имаат граѓаните од 1 јули.

Инаку ЕСМ во јануари понуди за 13,6% повисока цена, односно од 36 евра за мегават, во првите 6 месеци годинава, струјата на ЕВН им ја продава по цена од 41 евро за мегават час. Тоа пак, за домаќинствата значеше поскапување од 9,48% на крајните сметки за електрична енергија.

The post ЕСМ понуди 48 евра за мегават час на ЕВН Хоум, 17% повисока цена од сегашната! appeared first on Република.

]]>

ЕСМ понуди 48 евра за мегават час на тендерот на ЕВН Хоум. Тоа е 17% повисока цена од онаа која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач. Од ЕВН велат дека на денешниот тендер за набавка на електрична енергија за периодот од јули-декември се јавила само една понуда од АД ЕСМ и е единствен и најповолен понудувач. Сега на ред е Регулаторна која треба да направи пресметки. Она што досега е познато е дека речиси сите енергетски компании побараа зголемување на цените за услугите кои ги вршат. МЕПСО побара 68% зголемување, додека Електродистрибудија дури 80%. Сите овие барања Регулаторот треба да ги пресмета и одлучи што ќе прифати, а што не. Со тоа ќе биде познато и колкаво поскапување на сметките за струја ќе имаат граѓаните од 1 јули. Инаку ЕСМ во јануари понуди за 13,6% повисока цена, односно од 36 евра за мегават, во првите 6 месеци годинава, струјата на ЕВН им ја продава по цена од 41 евро за мегават час. Тоа пак, за домаќинствата значеше поскапување од 9,48% на крајните сметки за електрична енергија.

The post ЕСМ понуди 48 евра за мегават час на ЕВН Хоум, 17% повисока цена од сегашната! appeared first on Република.

]]>
Регулаторна в понеделник ќе го презентира новото скалесто тарифирање на потрошувачката на електрична енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/regulatorna-v-ponedelnik-kje-go-prezentira-novoto-skalesto-tarifiranje-na-potroshuvachkata-na-elektrichna-energija/ Sat, 04 Jun 2022 09:27:45 +0000 https://republika.mk/?p=510961

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во понеделник ќе одржи јавна трибина на која ќе бидат презентирани заклучоците од анализите на предложената реформа на тарифниот систем за електрична енергија, подготвени од Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Од РКЕ информираат дека сите дилеми кои ги имаат потрошувачите и ги поставиле до РКЕ во однос на скалесто тарифирање се земени во предвид во анализите.

Главната цел на воведување на скалестото тарифирање е да се формираат блок тарифи што ќе стимулираат намалување на потрошувачката на електрична енергија во текот на високата дневна тарифа, а ќе стимулираат поголема потрошувачка во ноќната ниска тарифа, а со тоа да се обезбеди заштита на домаќинствата чија потрошувачка на електрична енергија е во рамки на просечната потрошувачка во државата. Со ваквиот начин на тарифирање ќе се обезбеди фер пристап, односно оние коишто трошат значително поголеми количини на електрична енергија од просечната потрошувачка, ќе плаќаат и повисока цена за истите - се наведува во соопштението од РКЕ.

Оттаму посочуваат дека блок тарифите ќе се применуваат само во периодите на високи дневни оптоварувања (од 07:00 до 22:00) часот, додека во периодите во ниски дневни оптоварувања (22:00 до 07:00) и недела ќе се применува иста цена. 

The post Регулаторна в понеделник ќе го презентира новото скалесто тарифирање на потрошувачката на електрична енергија appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во понеделник ќе одржи јавна трибина на која ќе бидат презентирани заклучоците од анализите на предложената реформа на тарифниот систем за електрична енергија, подготвени од Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Од РКЕ информираат дека сите дилеми кои ги имаат потрошувачите и ги поставиле до РКЕ во однос на скалесто тарифирање се земени во предвид во анализите.
Главната цел на воведување на скалестото тарифирање е да се формираат блок тарифи што ќе стимулираат намалување на потрошувачката на електрична енергија во текот на високата дневна тарифа, а ќе стимулираат поголема потрошувачка во ноќната ниска тарифа, а со тоа да се обезбеди заштита на домаќинствата чија потрошувачка на електрична енергија е во рамки на просечната потрошувачка во државата. Со ваквиот начин на тарифирање ќе се обезбеди фер пристап, односно оние коишто трошат значително поголеми количини на електрична енергија од просечната потрошувачка, ќе плаќаат и повисока цена за истите - се наведува во соопштението од РКЕ.
Оттаму посочуваат дека блок тарифите ќе се применуваат само во периодите на високи дневни оптоварувања (од 07:00 до 22:00) часот, додека во периодите во ниски дневни оптоварувања (22:00 до 07:00) и недела ќе се применува иста цена. 

The post Регулаторна в понеделник ќе го презентира новото скалесто тарифирање на потрошувачката на електрична енергија appeared first on Република.

]]>
За набавка на струја се потрошени многу повеќе пари од Буџетот од тие што се пријавуваат https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/za-nabavka-na-struja-se-potrosheni-mnogu-povekje-pari-od-budzetot-od-tie-shto-se-prijavuvaat/ Wed, 23 Feb 2022 19:21:34 +0000 https://republika.mk/?p=462664

За справување со енергетската криза се потрошени околу 170 милиони евра, а со дополнителните 47 милиони евра, кои и беа префрлени на државната ЕСМ, за купување на струја, јаглен, мазут… досега се потрошени вкупно 217 милиони евра. Според експертите за набавка на струја потрошени се многу повеќе пари од Буџетот од тие што се пријавуваат, а проблем е што државата сè уште е енергетски сиромашна и нема резерви на јаглен, мазут и гас.

Проблемите со снабдувањето со струја и парно кулминираа зимава, кога цените на струјата на европските берзи драстично се зголемија, па земјава неколку пати купуваше поскапа струја од таа што ја плаќаат потрошувачите. Според експертите државата загубила многу повеќе со оглед на тоа дека не набавила електрична енергија навреме по многу пониски цени и не ги заштедила тие пари во Буџетот.

Министерот за економија Крешник Бектеши неодамна тврдеше дека од државниот буџет досега не сме потрошиле ни 170 милиони евра за справување со кризата, а државите во регионот дале многу повеќе.

Моментално, нема рестрикции во Македонија, нема ценовни шокови за домаќинствата и за малите потрошувачи. Горд сум на сето она што досега сме го постигнале, а не сме трошеле од Буџетот. Ако се споредиме со Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина или со другите држави во соседството, кои потрошиле милијарди само за овие месеци, ние целосно не сме потрошиле ни 170 милиони евра - изјави Бектеши.

Според експертите, досега државата за енергетската криза официјално потрошила 217 милиони евра, а неофицијално многу повеќе. Тука треба да се заемат во предвид и парите кои ќе ги заштедела ако набавела евтина електрична енергија.

Ако Владата и ЕСМ уште во август набавеа електрична енергија по 90 евра за мегават-час, ќе потрошеа 350 милиони евра, ќе ги спасеа од загуби и долгови енергетските компании и немаше да има енергетска криза. Сега, вкупните загуби на енергетските компании се над една милијада евра и дополнително ќе се зголемуваат. Проблемот е што ние немаме резерви на јаглен и мазут кои сега се набавуваат по многу повисока цена и кои можеа да се купат многу порано. Иста е ситуацијата со гас за кој власта во ноември тврдеше дека има доволно, а во февруари испадна дека не е набавен и останавме беа топлинска енергија. Во поранешна Југославија ние имавме резерви на јаглен, мазут, гас за 3-4 години - вели енергетскиот експерт Ѓорѓи Манасков.

Според експертите проблем е што парите се потрошени, а земјава сè уште е енергетски сиромашна и со сите извори на енергија не обезбедува ни половина од потребите.

Стопанската комора за енергетика в петок организира протест пред Владата, а целта е, како што велат јавноста, да види колку е сериозна ситуацијата со енергетската криза и да добијат пореална слика за тоа колкави се трошоците и долговите и колку всушност државата ја чини оваа криза. Меѓу барањата на протестот е и разрешување на економските министри, директори и претседатели на компании и поставување стручни кадри на нивните места.

Целта е да се прифатат решенија кои ги предлагаме, да се реши енергетската криза и да не се создаваат дополнителни долгови. Општините, јавните комунални претпријатија, приватните компании, сите се заглавени во енергетската криза и тонат во долгови - велат од Стопанската комора за енергетика.

Освен граѓаните на протестот ќе излезат и компании кои се револтирани од високите сметки за струја, а од Комората велат дека досега поддршка добиле и од многу јавни претпријатија, општините, Сојузот на стопански комори, здруженија и граѓани.

The post За набавка на струја се потрошени многу повеќе пари од Буџетот од тие што се пријавуваат appeared first on Република.

]]>

За справување со енергетската криза се потрошени околу 170 милиони евра, а со дополнителните 47 милиони евра, кои и беа префрлени на државната ЕСМ, за купување на струја, јаглен, мазут… досега се потрошени вкупно 217 милиони евра. Според експертите за набавка на струја потрошени се многу повеќе пари од Буџетот од тие што се пријавуваат, а проблем е што државата сè уште е енергетски сиромашна и нема резерви на јаглен, мазут и гас. Проблемите со снабдувањето со струја и парно кулминираа зимава, кога цените на струјата на европските берзи драстично се зголемија, па земјава неколку пати купуваше поскапа струја од таа што ја плаќаат потрошувачите. Според експертите државата загубила многу повеќе со оглед на тоа дека не набавила електрична енергија навреме по многу пониски цени и не ги заштедила тие пари во Буџетот. Министерот за економија Крешник Бектеши неодамна тврдеше дека од државниот буџет досега не сме потрошиле ни 170 милиони евра за справување со кризата, а државите во регионот дале многу повеќе.
Моментално, нема рестрикции во Македонија, нема ценовни шокови за домаќинствата и за малите потрошувачи. Горд сум на сето она што досега сме го постигнале, а не сме трошеле од Буџетот. Ако се споредиме со Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина или со другите држави во соседството, кои потрошиле милијарди само за овие месеци, ние целосно не сме потрошиле ни 170 милиони евра - изјави Бектеши.
Според експертите, досега државата за енергетската криза официјално потрошила 217 милиони евра, а неофицијално многу повеќе. Тука треба да се заемат во предвид и парите кои ќе ги заштедела ако набавела евтина електрична енергија.
Ако Владата и ЕСМ уште во август набавеа електрична енергија по 90 евра за мегават-час, ќе потрошеа 350 милиони евра, ќе ги спасеа од загуби и долгови енергетските компании и немаше да има енергетска криза. Сега, вкупните загуби на енергетските компании се над една милијада евра и дополнително ќе се зголемуваат. Проблемот е што ние немаме резерви на јаглен и мазут кои сега се набавуваат по многу повисока цена и кои можеа да се купат многу порано. Иста е ситуацијата со гас за кој власта во ноември тврдеше дека има доволно, а во февруари испадна дека не е набавен и останавме беа топлинска енергија. Во поранешна Југославија ние имавме резерви на јаглен, мазут, гас за 3-4 години - вели енергетскиот експерт Ѓорѓи Манасков.
Според експертите проблем е што парите се потрошени, а земјава сè уште е енергетски сиромашна и со сите извори на енергија не обезбедува ни половина од потребите. Стопанската комора за енергетика в петок организира протест пред Владата, а целта е, како што велат јавноста, да види колку е сериозна ситуацијата со енергетската криза и да добијат пореална слика за тоа колкави се трошоците и долговите и колку всушност државата ја чини оваа криза. Меѓу барањата на протестот е и разрешување на економските министри, директори и претседатели на компании и поставување стручни кадри на нивните места.
Целта е да се прифатат решенија кои ги предлагаме, да се реши енергетската криза и да не се создаваат дополнителни долгови. Општините, јавните комунални претпријатија, приватните компании, сите се заглавени во енергетската криза и тонат во долгови - велат од Стопанската комора за енергетика.
Освен граѓаните на протестот ќе излезат и компании кои се револтирани од високите сметки за струја, а од Комората велат дека досега поддршка добиле и од многу јавни претпријатија, општините, Сојузот на стопански комори, здруженија и граѓани.

The post За набавка на струја се потрошени многу повеќе пари од Буџетот од тие што се пријавуваат appeared first on Република.

]]>
Анѓушев: Цената на електричната енергија повеќе нема да се спушти под 80 евра за мегават час https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angjushev-cenata-na-elektrichnata-energija-povekje-nema-da-se-spushti-pod-80-evra-za-megavat-chas/ Sat, 15 Jan 2022 08:37:18 +0000 https://republika.mk/?p=444838

Цената на електричната енергија на берзите долгорочно ќе се стабилизира од 80 до 120 евра за мегават час, но мислам дека цела 2022 година нема да ја поминеме со помал просек од 150 евра, можеби малку ќе се стабилизира во 2023 година и ќе падне до 120 или 130 евра, но повеќе нема да видиме цени под 80 евра по мегават час, порачува поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев во интервју за МИА.

Интервјуто го пренесуваме во целост.

Како поранешен вицепремиер за економски прашања и трговец со електрична енергија, ваш коментар за цената на електричната енергија и за начинот на кој Владата се справува со енергетската и здравствената криза?

-Ако зборуваме за цената на електричната енергија многу е важно да кажеме прво од каде потекнува и што се случува – дали ова што се случува е во Македонија или е нешто пошироко. Ова што денеска го имаме сите го викаат како енергетска криза, а јас не го викам енергетска, туку финансиска криза, бидејќи енергетска криза би било доколку некој нема електрична енергија во Европа. Како што гледаме никој не се жали дека нема електрична енергија, сите имаат електрична енергија, што значи дека кризата не е дека нема енергија, туку кризата е дека енергијата е скапа. Е сега, како дојде до тоа енергијата да биде скапа се четири фактори коишто ја генерираат цената на електричната енергија.

Пред се, значи, најголем фактор е цената на природниот гас. Каде настана проблемот со цената на гасот. Во суштина кризава е европска и не е светска, а главните количини на гас во Европа доаѓаат од Русија, еден мал дел од Норвешка – значи Северното Море, некои мали производства имаат одредени држави и еден дел од Африка, од Алжир, но тоа е за јужниот дел, да речеме Шпанија итн. Но, доминантно гасот доаѓа од Русија. Гасот може да се купи на два начина. Едниот начин е да се купи по формула врзана со цената на нафтата, а вториот е да се купи на спот маркет. Европа реши да купува гас на спот маркет, но за жал, европската економија малку поспоро се движеше и закрепнуваше, а притоа паралелно на тоа се случи Кина и азиските земји драстично да го зголемат конзумот на гас од две причини. Прво, заради тоа што и Кина реши да ги затвора термоелектраните на јаглен и да преминува на производство на електрична енергија од гас, а и нивната економија побргу се опорави после КОВИД-кризата и ги зголеми количините на гас што ги троши директно во индустријата. На тој начин се случи еден добар дел од рускиот гас да отиде на тие пазари и кога побарувачката расте, а гасот е сепак со лимитирани количини на производство, се разбира цената расте. Тука има и геополитички проблеми околу Северниот тек 2 итн., меѓутоа, кратко речено, ако треба да симплифицираме значи големата потрошувачка на гас во Кина направи големи количини на гас да отидат спрема Кина и тоа ја зголеми цената на гасот во Европа и во европските земји таа достигна рекордни нивоа. И ако земете дека добар дел од електричната енергија се произведува на гас, во тој случај тоа ја генерира или ја бутка цената на електричната енергија нагоре.

Втора причина се зелените сертификати коишто пораснаа драстично и од некои 20-ина евра тие отидоа до 60, 70 евра. Тие директно влијаат во цената на електричната енергија, но тоа е политиката за премин или енергетска транзиција од загадувачки индустрии или загадувачки облици на производство на електрична енергија кон обновливи извори на електрична енергија. Со други зборови, тоа е цената на екологијата што ја плаќаме. Сите сакаме да имаме поздрава животна средина, но треба да бидеме свесни дека тоа чини. И таа цена денес еден дел тоа го генерира.

Трета компонента се намалените издашности на обновливите извори на енергија. Европа во голем дел се потпре на обновливи извори, еден најголем дел можеби на ветерните електрани во северните мориња, меѓутоа се погоди период да нема премногу ветер. Обновливите извори по сите карактеристики се еколошки добри, меѓутоа, од друга страна, пак, тие даваат електрична енергија само кога природата тоа го дава – фотоволтаиците кога има сонце, ветерните електрани кога има ветер, хидроелектраните кога има вода, а се погоди период сите тие извори да бидат намалени во споредба со некакви просеци од минатите години. Тоа е третиот фактор којшто ја генерираше цената на струјата, бидејќи имаше помала понуда од тие извори и нормално кога има помала понуда цената расте.

И четвртата компонента е компонентата на реалната инфлација. Во светот се испечатија многу пари. Тие пари направија зголемување на основните цени на ресурсите, бидејќи тоа е еден затворен круг. Да речеме, пораснаа металите 100 отсто. Сите резервни делови во хидро, термо електрани или какви било постројки се прават од метал, што значи дека и деловите поскапеа, нивната инвестиција поскапе, нивното одржување поскапе. Понатаму, инфлацијата направи да има покачување на платите. Тоа направи поскапување на работната рака и сето тоа направи една генерација на инфлација која што ние не можеме да кажеме дека не постои. Таа постои. Таа постои секаде во светот, а изворот на таа инфлација е точно кризата која што веќе ја живееме две години, а не знаеме ни до кога ќе заврши. Значи, инфлацијата е компонента која што влијае на цената на струјата, веројатно најмалку во моментот, но и таа влијае. И кога ќе земете збир од сите овие четири компоненти тоа е практично вкупното зголемување на цената на електричната енергија.

Е сега како ние се справуваме со тоа? Како и сите други земји коишто немаат доволно сопствено производство. Значи, најдобро се справуваат тие држави коишто имаат доволно сопствено производство, а сите тие држави коишто се доминантно увозно зависни за жал мора да ја плаќаат пазарната цена на електричната енергија и тоа нормално ја генерира цената на електричната енергија. Што може Владата да направи? Всушност тоа што го прави. Јас прво мислам дека треба проблемот или прашањето на енергетика да се извади од дневно-политичкото прашање или дневно-политичкото препукување, бидејќи во енергетика ништо не се прави за една, две, три години. За се треба да имате план за 10, 20 години.  Ние имаме, но за жал, малку се чита тој план. Тоа се вика Енергетска стратегија, донесена е 2018 година. Таму е се ова убаво напишано и треба тоа само да се чита и да се почитува. Мислам дека во таа насока треба да се оди. Но, кратко речено, значи што може Владата да направи? Може да извади пари од Буџет и да субвенционира. Впрочем тоа и го прави, така и тоа главно го прави во домаќинствата, а не во делот на стопанството. Веројатно во делот на стопанството и тешко може да го направи иако има мерки коишто може да се преземат, но домаќинствата максимално ги штити. Покачувањето на цената на електричната енергија од околу 10 проценти, во споредба со тоа какви се пазарните цени на електричната енергија е мало покачување, што значи дека Владата ќе издвои сериозни средства да ги субвенционира. Но, тоа не е решение на долг рок бидејќи не може нон стоп да субвенционира. Може, надежта е дека оваа криза ќе помине. Е точно тука јас не сум убеден дека оваа криза ќе помине и дека цените брзо ќе се вратат на старото ниво. Ако земеме предвид дека минатата година цените овој период од годината беа 50-60 евра по мегават час итн., јас мислам дека такви цени уште долг период нема да видиме. Зошто? Заради тоа што дури и да се реши проблемот со гасот и да се намали цената на гасот, останатите три компоненти коишто влијаат врз цената на електричната енергија и понатаму ќе останат.

Како човек којшто има искуство 20-ина години во оваа област, мое лично мислење е дека цените на долг рок ќе се стабилизираат меѓу 80 и 120 евра по мегават час. Еве денеска баш ја погледнав берзата, денеска е 261 евро. Имаше денови кога одеше и до 400 и до 500 евра. Мислам дека беше залажување тоа во текот на празниците дека се стабилизирала берзата. Не. Значи, се намали потрошувачката, бидејќи индустријата не работеше, а таа е главен консумент на енергија и затоа цените во текот на новогодишните празници паднаа, но ако ги гледате и претпоставките и берзите и тоа што дневно се тргува на берзите ќе видите дека цената се движи повторно помеѓу 200-250-260 евра по мегават час што е исклучително висока цена.

Дали ова ќе остане на долг рок, како што кажав, веќе не очекувам да остане на долг рок засекогаш ваква цената, меѓутоа колку ова ќе трае – па мислам дека цела 2022 година нема да ја поминеме со помал просек од 150 евра, можеби малку ќе се стабилизира во 2023 година, значи да падне некаде до кај 120-130 евра и полека тоа да се стабилизира, но мислам дека повеќе нема да видиме цени под 80 евра по мегават час.

Дали беше неопходно укинувањето на дневната евтина тарифа на струјата за граѓаните за да се амортизира поскапувањето на електричната енергија на регулираниот пазар?

-Пресметката на цената на електричната енергија е една формула во која влегуваат повеќе компоненти. Ако останеше евтината тарифа веројатно, а притоа Владата имала одреден волумен на пари или одредена сума на пари коишто планирала да ги потроши за субвенционирање, во тој случај тие 9,48 отсто покачување ќе беа повисоки. Значи на крајот на краиштата сето тоа се сведува на тоа колку дома ќе произведете енергија и по која цена ќе ја продадете, колку енергија ќе увезете. Цената е микс на тие компоненти. Ако го гледаме чистиот микс веројатно покачувањето требаше да биде 30-40-50 проценти. Е сега, од тоа реално покачување до покачување од 10 проценти е субвенција на државата која што ја дава во цената и тоа е равенка со неколку непознати во коишто ако евтината тарифа не ја укинете тогаш повеќе ќе ја покачите цената на струјата и обратно.

Невладините организации бараат Владата да ги укине субвенциите за малите хидроелектрани и порачуваат дека државата дава повеќе средства за субвенции отколку што тие произведуваат електрична енергија. Ваш коментар?

-Видете, мене ми е жал што оваа дискусија се води поприлично еднострано. Секогаш кога јас ќе влезам во дискусија да ја објаснувам таа тема влегувам во ризик дека некој ќе мисли дека ја штитам сопствената позиција, бидејќи јас имам еден дел од тие хидроелектрани, иако лично како сопственост имам некои 15-16 проценти од сите хидроелектрани во државата како сопственост.

Мислам дека е време да се кажат некои работи како што се. Мислам дека за тоа зборуваат луѓе што ретко или никогаш не виделе хидроелектрана. Мислам дека тоа стана малку популизам и модерно. И мислам дека тоа е, како да кажам, една дискусија која што влегува како дискусија на луѓе коишто не гледаат долгорочно на таа работа. Еве, воглавно две теми се тука. Значи, едната тема е дека тие влијаат штетно врз околината, а втората тема е дека се субвенционирани. Вие го поставивте прашањето околу субвенциите.

Ајде сега да разговараме за субвенциите. Испадна брзо сега еден ревизорски извештај со којшто јас не се согласувам и не ги земаа сите факти предвид и тоа е кога економисти ќе сакаат да дискутираат енергетика и не ги земале сите факти во предвид. Земале дека цената која што ја наплатиле хидроелектраните во државата е 80 евра, а притоа цената на берза била 41 или 44 евра. Е сега тука направиле проста математика колку произвеле хидроелектраните во овој период и разликата помеѓу тие две цени и дошле до некоја сума од 40 милиони евра дека хидроелектраните земале повеќе. Ај сега да размислиме дали е тоа така. На пример, не земале во предвид дека хидроелектраните уплатиле 17 милиони евра авансно во државата за да ги изградат хидроелектраните како еднократен надомест. Па ај сега извадете ги од тие 40 тие 17. Па после тоа, хидроелектраните секоја година плаќаат два отсто од производството, па извадете го тоа. Значи, тоа исто оди во државата. Па земете го во предвид дека ако се направат 200 хидроелектрани, а досега се направени околу 120, еве да зборуваме за 120, тие 120 хидроелектрани чинат не помалку од 200 милиони евра од кои 70 отсто е градежништво – македонски фирми граделе, 140 милиони евра од таа инвестиција останале во градежништвото на Македонија. Само даноци и ДДВ колку се платени спрема тоа во буџетот. А што ќе биде разликата, ако не ги направиме хидроелектраните во тој случај сета таа електрична енергија треба да ја увеземе, па дали е подобро да ја увеземе?

Е сега, тука доаѓаме до еден парадокс. Еве сега, денеска да ја гледаме ситуацијата. Викаме 80 евра е цената на електричната енергија од малите хидроелектрани што ја плаќа државата. Ама денеска гледаме дека ценава на берза е 260 евра, па само денеска ако земеме дека тие хидроелектрани во моментот произведуваат 50 мегавати, а толку произведуваат, јас го проверив тоа пред овој разговор и ако земеме дека за 24 часа произведуваат 50 мегавати и ако ја земеме разликата од 261 евро колку што е денеска кога струја би ја продале на пазар до 80 евра колку што им ја плаќа државата, тоа се 181 евро по мегават час разлика во цена или тоа на дневно ниво се 217 илјади евра. Тоа значи денеска малите хидроелектрани, за овие коишто зборуваме – спорни, тие денеска оставаат во државата 217 илјади евра и веројатно затоа веќе ги нема овие гласноговорници. Е сега, ако тоа го зборуваме на месечно ниво е 6,5 милиони евра, а ако зборуваме една година да трае оваа криза и хидроелектраните да ја оставаат таа струја во системот којашто денеска ја оставаат, тоа е 79 милиони евра. Па еве, се она што минатите 10 години го земале сега дупло оваа година ќе и го вратат на државата.

Впрочем, оваа математика никој не ја прави. Затоа енергетика се прави на долг рок. Еве, јас прашувам, ако не ги направиме хидроелектраните, ако не направиме фотоволтаци, ако не направиме ветерни електрани, па од што оваа држава ќе има струја? Се ќе увезуваме? Па јаглен веќе немаме! Лага е дека има јаглен за четири блока или не се копало. Не. Вистината е јагленот е на исцрпување. Значи, повеќе во оваа држава јаглен нема. Гас нема. Од што ќе правиме енергија? Па нас ни остануваат само обновливите извори, тоа го имаме како сопствена енергија – хидро, фотоволтаици, ветер и евентуално биогас – биомаса и друго нема. Друго не постои во светот, не е измислено. И ние мораме да ги гледаме долгорочно.

Еве сега прашувам, сите тие гласноговорници коишто еколошки беа против малите хидроелектрани дали на тие денеска не им смета да се гори мазут и да се увезува јаглен? Дали е тоа помалку загадувачки? Ги нема денеска, ќутат. А и тоа сега е добро. Значи, кога ќе ја снема струјава се е добро, така? Видете, да бидеме објективни. Секое едно нешто кога го градите без разлика дали е зграда во градот, хидроелектрана во планина, фотоволтаик, ветерна електрана, таа во текот на градбата има влијание на животната средина. Јас ги канам сите тие да дојдат после 10 години да видат како изгледа хидроелектраната. Само две парцели по 200 квадрати се над земја, се друго е под земја и зеленилото е вратено во планината. Да, тоа кога се градело се копал ров, се исекле некои дрвја, ама по 10 години е вратено, а хидроелектраните ќе произведуваат струја 100 години, не 10 години и затоа треба паметна држава, да биде свесна.

Впрочем, не треба ние да бидеме многу паметни. Не треба да ме слушате јас што зборувам. Ај да видиме што прави светот. Моментално во Европа работат 24 илјади мали хидроелектрани и тие никогаш не биле прашање никаде. Најголем дел од нив се во Германија. Од тие во моментот 21 отсто или 6.406 хидроелектрани се наоѓаат во заштитени подрачја. Значи, еколошки во национални паркови се наоѓаат. Од тие 3.936 се постоечки во национални паркови, а ние викаме во Македонија да не се прават во национални паркови. Ама ние викаме во Македонија никаде да не се прават. Тоа е голем проблем. Тоа е голема грешка. И после тоа, во моментот од тие, 2.396 се уште се планирани во заштитени подрачја, а 77 во Европа во моментов се градат во заштитени подрачја. Лага е дека тоа не се прави во заштитени подрачја. Ако се прави на соодветен начин, се прави во заштитени подрачја.

Еве да видиме што прави околинава. Тоа е многу битно. Бугарија во 2005 години имала 95 мали хидроелектрани, во 2007 година имала 127, а во 2020 има 200, што значи Бугарија во меѓувреме изградила 70-80 мали хидроелектрани и таму не е тоа тема воопшто. Грција во 2005 година имала 50 мали хидроелектрани, во 2007 – 61, во 2009 – 96, во 2020 – 175. Словенија,  ја сметаме за најеколошка земја и можеме да ја споредиме најмногу со нашата држава и по големина и по се и била дел од поранешна Југославија итн., на почетокот на истражувањето во 2005 година имала 201 мала хидроелектрана, во 2020 се 380. Значи, Словенија во меѓувреме направила уште 179 мали хидроелектрани. Да не зборувам во Франција дека во 2005 година имала 1.710 мали хидроелектрани, а во 2020 има 2.355 мали хидроелектрани. Австрија има 4-5 илјади итн. Што значи дека овие држави не знаат што прават, само ние знаеме што правиме?

Прашањето е друго. Ако ја видите картата, не постои веќе река во Северна Италија, во Австрија, во Германија, во Франција кај што не е изградена мала хидроелектрана, тоа е се изградено. Единствен потенцијал е уште дел од Босна, дел од Србија, Косово, Албанија и Македонија. И јас го поставувам прашањето – да не е за тоа борбата, за слободните концесии? Значи, треба малку да го поставиме пошироко прашањето. И за кого ја водиме таа борба ние тука? Мислам дека треба како држава да бидеме попаметни. Јас ви кажав доволно аргументи коишто многу јасно ја отсликуваат ситуацијата и од еколошки аспект. Дали е помалку еколошко да изградите фотоволтаик или ветерна електрана – па исто е сечете дрвја, исто, па особено ако со фотоволтаик земете земјоделско земјиште, па тоа трајно го земате. Мислам дека ние како општество премногу се водиме од дневната политика, премногу се водиме од кампањи коишто некој ќе ги финансира и лесно ги прифаќаме тие кампањи без да ја гледаме широката сликата и далекурочната стратегија. Еве, се надевам дека колку што можев пократко ви одговорив, колку што можев поконкретно на ова прашање.

Рековте дека полесно со енергетската криза се справуваат земјите што имаат сопствено производство на електрична енергија. Што треба нашава земја да направи за да го зголеми сопственото производство?

-Да направи сопствено производство од тоа што го има како извори. Видете, во светот енергија се прави од неколку извори. Можете да правите од нуклеарна енергија, тоа не можеме да го направиме, за жал, мислам премногу е и големо и комплицирано и бара меѓународни дозволи. Можете да го направите од термоелектрани на јаглен. Ние јаглен повеќе немаме, а и да имаме викаме загадува и не го сакаме. Можете да направите од гас, но еве кога го правите од гас цената расте драстично. Мазутот не би сакал да го дискутирам воопшто, зашто е најштетен од сите овие. Тоа се конвенционалните начини и оние што се обновливи извори – хидроенергија, ветер, вода, сонце и биомаса и биогас. Е сега, ние, за жал, претходниве конвенционалниве ги немаме веќе. Значи, немаме ни гас, ни нуклеарна, јаглен веќе немаме, мазут и да сакаме да правиме пак треба мазутот да го увеземе – не е битно дали увезувате струја или мазут – увезувате. Значи, ние имаме само она што ни го дала природата – фотоволтаици, хидроелектрани против коишто има кампања, понатаму ветерници колку што можеме. Меѓутоа, мораме да знаеме дека обновливите извори произведуваат поскапа енергија од конвенционалните извори, зборувам за јаглен и за нуклеарни и дека тоа си има своја цена. Ама сепак е подобро да имате сопствено производство отколку сто отсто да зависите како во моментов. И еве ви го кажав пак примерот со хидроелектраните.

Зголемувањето на цената на струјата кажавте дека најчесто доаѓа поради проблемите со рускиот гас. Дали најавите од германскиот косопственик на гасоводот Северен поток 2 дека ќе ги добие сите неопходни дозволи за работа на гасоводот од германските власти во првата половина од годинава значат дека е на повидок некаков си крај на енергетската криза или пониски цени на пазарот?

-Значи, да, значи тоа дека ако се пушти тој цевковод, односно нов гасовод веројатно ќе се зголемат количините коишто ќе доаѓаат кон овој пазар, а со тоа ќе се зголеми понудата, ќе падне малку цената, но имајте предвид дека нема да се стопира конзумот во Азија, Кина итн., дека тој ќе продолжи понатаму. Што значи, сега кога е пак зголемена побарувачката цените веројатно ќе се нормализираат, значи ќе се намалат од постојното ниво, но веројатно никогаш нема да се вратат на старите цени од не знам 200-300 долари по илјада нормални кубни метри гас. Затоа кажувам цената и на електричната енергија која што директно од тоа ќе зависи ќе се стабилизира, нема да остане олку висока ама нема никогаш да падне на нивото кое што го гледавме пред неколку години.

Сега малку да се навратиме на Вашите активности во моментов што ги правите. Од неодамна станавте почесен конзул на Малта. Што тоа значи и дали можете да помогнете за зголемување на економската соработка меѓу двете земји?

-Малта е една од најмалите држави во рамките на Европската Унија, а ние сакаме да бидеме членка на ЕУ. Пред се, сакам да кажам дека почесен конзул е почесна функција. Тоа е голема чест, како да кажам, да бидете почесен конзул на некоја држава и јас еве се заблагодарувам на претседателот на Малта, на Владата на Малта што ме поканија и ми го понудија тоа како можност. Јас треба на некој начин, да ги претставувам интересите на Малта во Македонија бидејќи Малта нема своја амбасада. Практично овој конзулат е нивно претставништво.

Една од улогите на конзулот е и да помогне да се развијат економските односи. За жал, ние имаме многу мало ниво на размена со Малта и мислам дека тука постои голем простор, пред се, да речеме, во делот на храната. Ние викаме дека произведуваме земјоделски производи, но, за жал, не сфаќаме дека нашите земјоделски производи по количина се мали за големи пазари. За Русија, Германија, Франција, немаме количини коишто можеме да ги испорачаме, додека Малта е 100 отсто увозно ориентирана за зеленчук, овошје итн., а по големина, пак, е соодветна на нашите производствени капацитети и тука гледам голем простор.

Понатаму, Малта е едно интересно општество кое што има висок БДП по жител, можеби пет пати повисок од нашиот, а притоа нема некои природни богатства. Значи, повеќе ја тераат на интелектуална работа, на услуги, на ИТ-технологии, на финансиски сервиси итн. Мислам дека во тој дел има исто така простор за зголемување на соработката. Јас како конзул ќе направам се што можам да го интензивирам тоа.

Како здравствената и енергетската криза се одрази врз работата на вашите компании и дали користевте некоја од шесте мерки што ги даваше Владата за поддршка на стопанството и на граѓаните?

-Кризата беше голем проблем за целокупната економија и нормално и за нашите компании. Јас сум сопственик на Фероинвест Групацијата која што е сопственик на „Брако“, а „Брако“ сопственик на „Грин машинс“. „Брако“ е фабрика во Велес која што вработува околу 700 вработени, извезува во 42 држави, а „Грин машинс“ е ќерка-фирма на „Брако“, а тоа е бренд за производство на возила за чистење т.н. свипери, чистачи метлачки за улици и е еден од најголемите брендови во светот. За среќа „Брако“ ја имаше можноста да го откупи брендот. „Брако“ произведува веќе 7-8 години. Претходно произведуваше за сопствениците на брендот, значи произведувавме компоненти, па после тоа земавме комплетното возило да го правиме, а од 2018 година и го откупивме брендот, така што тоа е сега македонски бренд, наш бренд, којшто почнавме да го развиваме. Во меѓувреме развивме уште две нови возила. Јавноста беше запознаена – хидрогенско, прво возило во светот за чистење на улици. Сега стигна последната нарачка од Франција пред два дена, инаку се возат веќе во Холандија. Понатаму, развивме ново електрично мало возило. Тоа го промовиравме пред Нова година, 400ZT и ги правиме старите возила коишто ги правеше „Грин машинс“ и развивме ново големо дизел возило 5,5 кубично. Тоа е нов дел во сегментот на „Грин машинс“, со тоа го проширивме 955 којшто сега веќе почнавме да го испорачуваме спрема Блискиот Исток.

„Брако“ се справи со кризата успешно. Кризата беше проблем, бараше многу повеќе работа. Но, морам да кажам беше и можност. Зошто беше можност? Беше можност заради тоа што многу голем дел од нашата конкуренција ги затвори пазарите, ги затвори производните програми. „Брако“ никогаш не затвори. Значи, и покрај тоа што пазарот генерално се намали, бидејќи доста производни капацитети ги затворија своите капацитети, „Брако“ го зголеми уделот во пазарот и порасна во 2021 година за 50 проценти во споредба со 2020 година, а во 2020 година не се намали. „Брако“ се намали 18 проценти само додека јас бев во Владата, во тој период. Тоа беше поголема катастрофа за „Брако“ отколку ковидот.

Да не должам многу, „Брако“ во 2021 се справи успешно. Вработи 150 нови вработени и го зголеми прометот за 50 проценти благодарение на агресивниот пристап, на инвестициите во нови технологии во новиот бренд, во правење развој на новите возила и за следната година имаме исто таков план да пораснеме уште 35 проценти. „Брако“ е во инвестицискиот циклус од 8,5 до 9 милиони, а заедно со другите инвестиции во мојата група – биогасна електрана и фотоволтаик во Кочани моменталната инвестиција во рамките на две години е 21 милион евра. Нормално, тоа не се само пари на компанијата, тоа во добар дел се банкарски пари коишто ги поддржуваат проектите и мислам дека и покрај тоа што е криза единствен начин да се справите со кризата е да бидете поорганизирани и побрзи од другите и храбро да инвестирате.

Македонија во индустријата нема друга шанса освен да има висока технологија, бидејќи други предности нема. „Брако“ има највисока технологија, најсовремени машини, CNC машини, роботи за заварување, плазма и ласери за сечење на материјали итн., и тоа не прави конкурентни да можеме да се носиме со конкуренцијата низ цел свет. На пример, нашите возила се продаваат, и Белата куќа ја чистат во Вашингтон, дворците на англиската кралица во Англија, Париз го чистат, Лондон го чистат.

„Брако“ за да може тоа да го постигне мораше да формира ќерки-фирми, па има ќерка-фирма 100 отсто во Холандија, ќерка-фирма во Германија, ќерка-фирма во Англија и ќерка-фирма во Америка, во Сан Диего во Калифорнија. Знаете, многу е полесно да сте вие фирма од Германија или од Италија и да продавате технологија. Тогаш самата земја и името на земјата продава. А кога сте од Македонија вие морате да бидете подобри и поевтини од цел свет за да продадете. За среќа тоа го успеваме. Успеваме заради тоа што во тие илјада вработени, колку што има во моите фирми, во целиот систем има над 150 инженери. Еден добар дел од тие инженери се во странство школувани, тие се вратени во Македонија. Само во такви фирми каде што има висока технологија вие можете да ги вратите од светот македонските инженери или деца коишто отишле таму да ги вратите во Македонија. Значи, ние имаме ученици коишто завршиле на МИТ, имаме ученици коишто завршиле постдипломски во Минхен, имаме во Виена итн. и тие се вратиле и денеска работат во „Брако“. Исто и најдобрите студенти од Машински факултет и од техничките факултети во Македонија се носечката снага на развојот на „Брако“ и само така може да се оди напред. Еве, така накратко би го кажал, да речеме, справувањето со кризата. Јас би рекол и би ги охрабрил сите стопанственици дека кризата е проблем, голем проблем, меѓутоа и голема шанса заради тоа што се отвораат нови пазари. Тука ќе додадам дека се отвори еден голем простор, бидејќи западноевропските компании почнаа да се повлекуваат полека од Кина и тука има голема можност да се земе дел од тој колач и само треба да се биде активен. „Брако“ во моментот извезува во 42 држави, 96 отсто од производството е наменето за извоз.

Што според Вас недостасува за да се поттикне извозот од државата и да се мотивираат компаниите да инвестираат во производствени капацитети со кои ќе ги задоволуваат стандардите за пласман на странските пазари?

-Ништо не треба да им се помогне на фирмите различно од тоа што се помага во целиот свет. Што се случува во целиот свет? Не треба на фирмите да им се даваат пари, сега да речеме, нема да ја плати сметката за струја – дај му пари за струја. Не, тоа не треба.

На фирмите треба да им се помогне со тоа што го прави Европска Унија во своите држави. Она прави ако инвестирате и ако купувате нова технологија ви дава субвенции за тоа што го инвестирате и го купувате. Во Европска Унија тие субвенции се до 50 проценти. На пример, ако изградите фабрика и купите нова технологија ви даваат до 50 проценти субвенција. Во Македонија не е тоа до 50 проценти за македонските фирми. Во ТИРЗ се нуди истото тоа за странските инвеститори и тоа е добро, не е спорно.

Законот за финансиска поддршка треба да се развива и негува така, да ги стимулира македонските компании дека државата ќе им помогне со одреден процент во купувањето на нова технологија, оти новата технологија значи поголема продуктивност. Поголемата продуктивност, пак, значи подобра конкурентност, а подобрата конкурентност значи потентност за извоз. Значи, извозот не произлегува од тоа дали вие сакате или не сакате, туку од тоа дали вие имате производ или немате производ. И сега ние треба да се запрашаме во Македонија, имаме ли производ за извоз. Каде ќе го направиме тој производ? Со кои технологии ќе го направиме? Значи, за да направите производ треба технологија да имате, а технологија треба да купите. И тоа треба да се стимулира. Треба да се стимулира купување на технологии. Тука во тој дел има сега Закон за финансиска поддршка на инвестициите, но тука треба да се развијат дополнителни механизми и мислам дека тоа е платформата која што и треба на индустријата. Сега зборувам исклучиво за индустријата.

За земјоделството е друго. Тоа е ИПАРД. За градежништвото треба да се третира колку што може повеќе македонските компании да се вклучуваат во инфраструктурните проекти во Македонија заради тоа што во спротивно ќе го изгубиме градежништвото во земјава. Значи, ќе пропаднат сите градежни фирми, ќе остане странски фирми само да градат и во тој случај еве тие ќе се повлечат кога ќе завршат проектите – кој ќе остане да гради во Македонија. Комплексно е прашањето, но мислам дека во кратки црти ви одговорив на најважните прашања и поенти.

The post Анѓушев: Цената на електричната енергија повеќе нема да се спушти под 80 евра за мегават час appeared first on Република.

]]>

Цената на електричната енергија на берзите долгорочно ќе се стабилизира од 80 до 120 евра за мегават час, но мислам дека цела 2022 година нема да ја поминеме со помал просек од 150 евра, можеби малку ќе се стабилизира во 2023 година и ќе падне до 120 или 130 евра, но повеќе нема да видиме цени под 80 евра по мегават час, порачува поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев во интервју за МИА. Интервјуто го пренесуваме во целост. Како поранешен вицепремиер за економски прашања и трговец со електрична енергија, ваш коментар за цената на електричната енергија и за начинот на кој Владата се справува со енергетската и здравствената криза? -Ако зборуваме за цената на електричната енергија многу е важно да кажеме прво од каде потекнува и што се случува – дали ова што се случува е во Македонија или е нешто пошироко. Ова што денеска го имаме сите го викаат како енергетска криза, а јас не го викам енергетска, туку финансиска криза, бидејќи енергетска криза би било доколку некој нема електрична енергија во Европа. Како што гледаме никој не се жали дека нема електрична енергија, сите имаат електрична енергија, што значи дека кризата не е дека нема енергија, туку кризата е дека енергијата е скапа. Е сега, како дојде до тоа енергијата да биде скапа се четири фактори коишто ја генерираат цената на електричната енергија. Пред се, значи, најголем фактор е цената на природниот гас. Каде настана проблемот со цената на гасот. Во суштина кризава е европска и не е светска, а главните количини на гас во Европа доаѓаат од Русија, еден мал дел од Норвешка – значи Северното Море, некои мали производства имаат одредени држави и еден дел од Африка, од Алжир, но тоа е за јужниот дел, да речеме Шпанија итн. Но, доминантно гасот доаѓа од Русија. Гасот може да се купи на два начина. Едниот начин е да се купи по формула врзана со цената на нафтата, а вториот е да се купи на спот маркет. Европа реши да купува гас на спот маркет, но за жал, европската економија малку поспоро се движеше и закрепнуваше, а притоа паралелно на тоа се случи Кина и азиските земји драстично да го зголемат конзумот на гас од две причини. Прво, заради тоа што и Кина реши да ги затвора термоелектраните на јаглен и да преминува на производство на електрична енергија од гас, а и нивната економија побргу се опорави после КОВИД-кризата и ги зголеми количините на гас што ги троши директно во индустријата. На тој начин се случи еден добар дел од рускиот гас да отиде на тие пазари и кога побарувачката расте, а гасот е сепак со лимитирани количини на производство, се разбира цената расте. Тука има и геополитички проблеми околу Северниот тек 2 итн., меѓутоа, кратко речено, ако треба да симплифицираме значи големата потрошувачка на гас во Кина направи големи количини на гас да отидат спрема Кина и тоа ја зголеми цената на гасот во Европа и во европските земји таа достигна рекордни нивоа. И ако земете дека добар дел од електричната енергија се произведува на гас, во тој случај тоа ја генерира или ја бутка цената на електричната енергија нагоре. Втора причина се зелените сертификати коишто пораснаа драстично и од некои 20-ина евра тие отидоа до 60, 70 евра. Тие директно влијаат во цената на електричната енергија, но тоа е политиката за премин или енергетска транзиција од загадувачки индустрии или загадувачки облици на производство на електрична енергија кон обновливи извори на електрична енергија. Со други зборови, тоа е цената на екологијата што ја плаќаме. Сите сакаме да имаме поздрава животна средина, но треба да бидеме свесни дека тоа чини. И таа цена денес еден дел тоа го генерира. Трета компонента се намалените издашности на обновливите извори на енергија. Европа во голем дел се потпре на обновливи извори, еден најголем дел можеби на ветерните електрани во северните мориња, меѓутоа се погоди период да нема премногу ветер. Обновливите извори по сите карактеристики се еколошки добри, меѓутоа, од друга страна, пак, тие даваат електрична енергија само кога природата тоа го дава – фотоволтаиците кога има сонце, ветерните електрани кога има ветер, хидроелектраните кога има вода, а се погоди период сите тие извори да бидат намалени во споредба со некакви просеци од минатите години. Тоа е третиот фактор којшто ја генерираше цената на струјата, бидејќи имаше помала понуда од тие извори и нормално кога има помала понуда цената расте. И четвртата компонента е компонентата на реалната инфлација. Во светот се испечатија многу пари. Тие пари направија зголемување на основните цени на ресурсите, бидејќи тоа е еден затворен круг. Да речеме, пораснаа металите 100 отсто. Сите резервни делови во хидро, термо електрани или какви било постројки се прават од метал, што значи дека и деловите поскапеа, нивната инвестиција поскапе, нивното одржување поскапе. Понатаму, инфлацијата направи да има покачување на платите. Тоа направи поскапување на работната рака и сето тоа направи една генерација на инфлација која што ние не можеме да кажеме дека не постои. Таа постои. Таа постои секаде во светот, а изворот на таа инфлација е точно кризата која што веќе ја живееме две години, а не знаеме ни до кога ќе заврши. Значи, инфлацијата е компонента која што влијае на цената на струјата, веројатно најмалку во моментот, но и таа влијае. И кога ќе земете збир од сите овие четири компоненти тоа е практично вкупното зголемување на цената на електричната енергија. Е сега како ние се справуваме со тоа? Како и сите други земји коишто немаат доволно сопствено производство. Значи, најдобро се справуваат тие држави коишто имаат доволно сопствено производство, а сите тие држави коишто се доминантно увозно зависни за жал мора да ја плаќаат пазарната цена на електричната енергија и тоа нормално ја генерира цената на електричната енергија. Што може Владата да направи? Всушност тоа што го прави. Јас прво мислам дека треба проблемот или прашањето на енергетика да се извади од дневно-политичкото прашање или дневно-политичкото препукување, бидејќи во енергетика ништо не се прави за една, две, три години. За се треба да имате план за 10, 20 години.  Ние имаме, но за жал, малку се чита тој план. Тоа се вика Енергетска стратегија, донесена е 2018 година. Таму е се ова убаво напишано и треба тоа само да се чита и да се почитува. Мислам дека во таа насока треба да се оди. Но, кратко речено, значи што може Владата да направи? Може да извади пари од Буџет и да субвенционира. Впрочем тоа и го прави, така и тоа главно го прави во домаќинствата, а не во делот на стопанството. Веројатно во делот на стопанството и тешко може да го направи иако има мерки коишто може да се преземат, но домаќинствата максимално ги штити. Покачувањето на цената на електричната енергија од околу 10 проценти, во споредба со тоа какви се пазарните цени на електричната енергија е мало покачување, што значи дека Владата ќе издвои сериозни средства да ги субвенционира. Но, тоа не е решение на долг рок бидејќи не може нон стоп да субвенционира. Може, надежта е дека оваа криза ќе помине. Е точно тука јас не сум убеден дека оваа криза ќе помине и дека цените брзо ќе се вратат на старото ниво. Ако земеме предвид дека минатата година цените овој период од годината беа 50-60 евра по мегават час итн., јас мислам дека такви цени уште долг период нема да видиме. Зошто? Заради тоа што дури и да се реши проблемот со гасот и да се намали цената на гасот, останатите три компоненти коишто влијаат врз цената на електричната енергија и понатаму ќе останат. Како човек којшто има искуство 20-ина години во оваа област, мое лично мислење е дека цените на долг рок ќе се стабилизираат меѓу 80 и 120 евра по мегават час. Еве денеска баш ја погледнав берзата, денеска е 261 евро. Имаше денови кога одеше и до 400 и до 500 евра. Мислам дека беше залажување тоа во текот на празниците дека се стабилизирала берзата. Не. Значи, се намали потрошувачката, бидејќи индустријата не работеше, а таа е главен консумент на енергија и затоа цените во текот на новогодишните празници паднаа, но ако ги гледате и претпоставките и берзите и тоа што дневно се тргува на берзите ќе видите дека цената се движи повторно помеѓу 200-250-260 евра по мегават час што е исклучително висока цена. Дали ова ќе остане на долг рок, како што кажав, веќе не очекувам да остане на долг рок засекогаш ваква цената, меѓутоа колку ова ќе трае – па мислам дека цела 2022 година нема да ја поминеме со помал просек од 150 евра, можеби малку ќе се стабилизира во 2023 година, значи да падне некаде до кај 120-130 евра и полека тоа да се стабилизира, но мислам дека повеќе нема да видиме цени под 80 евра по мегават час. Дали беше неопходно укинувањето на дневната евтина тарифа на струјата за граѓаните за да се амортизира поскапувањето на електричната енергија на регулираниот пазар? -Пресметката на цената на електричната енергија е една формула во која влегуваат повеќе компоненти. Ако останеше евтината тарифа веројатно, а притоа Владата имала одреден волумен на пари или одредена сума на пари коишто планирала да ги потроши за субвенционирање, во тој случај тие 9,48 отсто покачување ќе беа повисоки. Значи на крајот на краиштата сето тоа се сведува на тоа колку дома ќе произведете енергија и по која цена ќе ја продадете, колку енергија ќе увезете. Цената е микс на тие компоненти. Ако го гледаме чистиот микс веројатно покачувањето требаше да биде 30-40-50 проценти. Е сега, од тоа реално покачување до покачување од 10 проценти е субвенција на државата која што ја дава во цената и тоа е равенка со неколку непознати во коишто ако евтината тарифа не ја укинете тогаш повеќе ќе ја покачите цената на струјата и обратно. Невладините организации бараат Владата да ги укине субвенциите за малите хидроелектрани и порачуваат дека државата дава повеќе средства за субвенции отколку што тие произведуваат електрична енергија. Ваш коментар? -Видете, мене ми е жал што оваа дискусија се води поприлично еднострано. Секогаш кога јас ќе влезам во дискусија да ја објаснувам таа тема влегувам во ризик дека некој ќе мисли дека ја штитам сопствената позиција, бидејќи јас имам еден дел од тие хидроелектрани, иако лично како сопственост имам некои 15-16 проценти од сите хидроелектрани во државата како сопственост. Мислам дека е време да се кажат некои работи како што се. Мислам дека за тоа зборуваат луѓе што ретко или никогаш не виделе хидроелектрана. Мислам дека тоа стана малку популизам и модерно. И мислам дека тоа е, како да кажам, една дискусија која што влегува како дискусија на луѓе коишто не гледаат долгорочно на таа работа. Еве, воглавно две теми се тука. Значи, едната тема е дека тие влијаат штетно врз околината, а втората тема е дека се субвенционирани. Вие го поставивте прашањето околу субвенциите. Ајде сега да разговараме за субвенциите. Испадна брзо сега еден ревизорски извештај со којшто јас не се согласувам и не ги земаа сите факти предвид и тоа е кога економисти ќе сакаат да дискутираат енергетика и не ги земале сите факти во предвид. Земале дека цената која што ја наплатиле хидроелектраните во државата е 80 евра, а притоа цената на берза била 41 или 44 евра. Е сега тука направиле проста математика колку произвеле хидроелектраните во овој период и разликата помеѓу тие две цени и дошле до некоја сума од 40 милиони евра дека хидроелектраните земале повеќе. Ај сега да размислиме дали е тоа така. На пример, не земале во предвид дека хидроелектраните уплатиле 17 милиони евра авансно во државата за да ги изградат хидроелектраните како еднократен надомест. Па ај сега извадете ги од тие 40 тие 17. Па после тоа, хидроелектраните секоја година плаќаат два отсто од производството, па извадете го тоа. Значи, тоа исто оди во државата. Па земете го во предвид дека ако се направат 200 хидроелектрани, а досега се направени околу 120, еве да зборуваме за 120, тие 120 хидроелектрани чинат не помалку од 200 милиони евра од кои 70 отсто е градежништво – македонски фирми граделе, 140 милиони евра од таа инвестиција останале во градежништвото на Македонија. Само даноци и ДДВ колку се платени спрема тоа во буџетот. А што ќе биде разликата, ако не ги направиме хидроелектраните во тој случај сета таа електрична енергија треба да ја увеземе, па дали е подобро да ја увеземе? Е сега, тука доаѓаме до еден парадокс. Еве сега, денеска да ја гледаме ситуацијата. Викаме 80 евра е цената на електричната енергија од малите хидроелектрани што ја плаќа државата. Ама денеска гледаме дека ценава на берза е 260 евра, па само денеска ако земеме дека тие хидроелектрани во моментот произведуваат 50 мегавати, а толку произведуваат, јас го проверив тоа пред овој разговор и ако земеме дека за 24 часа произведуваат 50 мегавати и ако ја земеме разликата од 261 евро колку што е денеска кога струја би ја продале на пазар до 80 евра колку што им ја плаќа државата, тоа се 181 евро по мегават час разлика во цена или тоа на дневно ниво се 217 илјади евра. Тоа значи денеска малите хидроелектрани, за овие коишто зборуваме – спорни, тие денеска оставаат во државата 217 илјади евра и веројатно затоа веќе ги нема овие гласноговорници. Е сега, ако тоа го зборуваме на месечно ниво е 6,5 милиони евра, а ако зборуваме една година да трае оваа криза и хидроелектраните да ја оставаат таа струја во системот којашто денеска ја оставаат, тоа е 79 милиони евра. Па еве, се она што минатите 10 години го земале сега дупло оваа година ќе и го вратат на државата. Впрочем, оваа математика никој не ја прави. Затоа енергетика се прави на долг рок. Еве, јас прашувам, ако не ги направиме хидроелектраните, ако не направиме фотоволтаци, ако не направиме ветерни електрани, па од што оваа држава ќе има струја? Се ќе увезуваме? Па јаглен веќе немаме! Лага е дека има јаглен за четири блока или не се копало. Не. Вистината е јагленот е на исцрпување. Значи, повеќе во оваа држава јаглен нема. Гас нема. Од што ќе правиме енергија? Па нас ни остануваат само обновливите извори, тоа го имаме како сопствена енергија – хидро, фотоволтаици, ветер и евентуално биогас – биомаса и друго нема. Друго не постои во светот, не е измислено. И ние мораме да ги гледаме долгорочно. Еве сега прашувам, сите тие гласноговорници коишто еколошки беа против малите хидроелектрани дали на тие денеска не им смета да се гори мазут и да се увезува јаглен? Дали е тоа помалку загадувачки? Ги нема денеска, ќутат. А и тоа сега е добро. Значи, кога ќе ја снема струјава се е добро, така? Видете, да бидеме објективни. Секое едно нешто кога го градите без разлика дали е зграда во градот, хидроелектрана во планина, фотоволтаик, ветерна електрана, таа во текот на градбата има влијание на животната средина. Јас ги канам сите тие да дојдат после 10 години да видат како изгледа хидроелектраната. Само две парцели по 200 квадрати се над земја, се друго е под земја и зеленилото е вратено во планината. Да, тоа кога се градело се копал ров, се исекле некои дрвја, ама по 10 години е вратено, а хидроелектраните ќе произведуваат струја 100 години, не 10 години и затоа треба паметна држава, да биде свесна. Впрочем, не треба ние да бидеме многу паметни. Не треба да ме слушате јас што зборувам. Ај да видиме што прави светот. Моментално во Европа работат 24 илјади мали хидроелектрани и тие никогаш не биле прашање никаде. Најголем дел од нив се во Германија. Од тие во моментот 21 отсто или 6.406 хидроелектрани се наоѓаат во заштитени подрачја. Значи, еколошки во национални паркови се наоѓаат. Од тие 3.936 се постоечки во национални паркови, а ние викаме во Македонија да не се прават во национални паркови. Ама ние викаме во Македонија никаде да не се прават. Тоа е голем проблем. Тоа е голема грешка. И после тоа, во моментот од тие, 2.396 се уште се планирани во заштитени подрачја, а 77 во Европа во моментов се градат во заштитени подрачја. Лага е дека тоа не се прави во заштитени подрачја. Ако се прави на соодветен начин, се прави во заштитени подрачја. Еве да видиме што прави околинава. Тоа е многу битно. Бугарија во 2005 години имала 95 мали хидроелектрани, во 2007 година имала 127, а во 2020 има 200, што значи Бугарија во меѓувреме изградила 70-80 мали хидроелектрани и таму не е тоа тема воопшто. Грција во 2005 година имала 50 мали хидроелектрани, во 2007 – 61, во 2009 – 96, во 2020 – 175. Словенија,  ја сметаме за најеколошка земја и можеме да ја споредиме најмногу со нашата држава и по големина и по се и била дел од поранешна Југославија итн., на почетокот на истражувањето во 2005 година имала 201 мала хидроелектрана, во 2020 се 380. Значи, Словенија во меѓувреме направила уште 179 мали хидроелектрани. Да не зборувам во Франција дека во 2005 година имала 1.710 мали хидроелектрани, а во 2020 има 2.355 мали хидроелектрани. Австрија има 4-5 илјади итн. Што значи дека овие држави не знаат што прават, само ние знаеме што правиме? Прашањето е друго. Ако ја видите картата, не постои веќе река во Северна Италија, во Австрија, во Германија, во Франција кај што не е изградена мала хидроелектрана, тоа е се изградено. Единствен потенцијал е уште дел од Босна, дел од Србија, Косово, Албанија и Македонија. И јас го поставувам прашањето – да не е за тоа борбата, за слободните концесии? Значи, треба малку да го поставиме пошироко прашањето. И за кого ја водиме таа борба ние тука? Мислам дека треба како држава да бидеме попаметни. Јас ви кажав доволно аргументи коишто многу јасно ја отсликуваат ситуацијата и од еколошки аспект. Дали е помалку еколошко да изградите фотоволтаик или ветерна електрана – па исто е сечете дрвја, исто, па особено ако со фотоволтаик земете земјоделско земјиште, па тоа трајно го земате. Мислам дека ние како општество премногу се водиме од дневната политика, премногу се водиме од кампањи коишто некој ќе ги финансира и лесно ги прифаќаме тие кампањи без да ја гледаме широката сликата и далекурочната стратегија. Еве, се надевам дека колку што можев пократко ви одговорив, колку што можев поконкретно на ова прашање. Рековте дека полесно со енергетската криза се справуваат земјите што имаат сопствено производство на електрична енергија. Што треба нашава земја да направи за да го зголеми сопственото производство? -Да направи сопствено производство од тоа што го има како извори. Видете, во светот енергија се прави од неколку извори. Можете да правите од нуклеарна енергија, тоа не можеме да го направиме, за жал, мислам премногу е и големо и комплицирано и бара меѓународни дозволи. Можете да го направите од термоелектрани на јаглен. Ние јаглен повеќе немаме, а и да имаме викаме загадува и не го сакаме. Можете да направите од гас, но еве кога го правите од гас цената расте драстично. Мазутот не би сакал да го дискутирам воопшто, зашто е најштетен од сите овие. Тоа се конвенционалните начини и оние што се обновливи извори – хидроенергија, ветер, вода, сонце и биомаса и биогас. Е сега, ние, за жал, претходниве конвенционалниве ги немаме веќе. Значи, немаме ни гас, ни нуклеарна, јаглен веќе немаме, мазут и да сакаме да правиме пак треба мазутот да го увеземе – не е битно дали увезувате струја или мазут – увезувате. Значи, ние имаме само она што ни го дала природата – фотоволтаици, хидроелектрани против коишто има кампања, понатаму ветерници колку што можеме. Меѓутоа, мораме да знаеме дека обновливите извори произведуваат поскапа енергија од конвенционалните извори, зборувам за јаглен и за нуклеарни и дека тоа си има своја цена. Ама сепак е подобро да имате сопствено производство отколку сто отсто да зависите како во моментов. И еве ви го кажав пак примерот со хидроелектраните. Зголемувањето на цената на струјата кажавте дека најчесто доаѓа поради проблемите со рускиот гас. Дали најавите од германскиот косопственик на гасоводот Северен поток 2 дека ќе ги добие сите неопходни дозволи за работа на гасоводот од германските власти во првата половина од годинава значат дека е на повидок некаков си крај на енергетската криза или пониски цени на пазарот? -Значи, да, значи тоа дека ако се пушти тој цевковод, односно нов гасовод веројатно ќе се зголемат количините коишто ќе доаѓаат кон овој пазар, а со тоа ќе се зголеми понудата, ќе падне малку цената, но имајте предвид дека нема да се стопира конзумот во Азија, Кина итн., дека тој ќе продолжи понатаму. Што значи, сега кога е пак зголемена побарувачката цените веројатно ќе се нормализираат, значи ќе се намалат од постојното ниво, но веројатно никогаш нема да се вратат на старите цени од не знам 200-300 долари по илјада нормални кубни метри гас. Затоа кажувам цената и на електричната енергија која што директно од тоа ќе зависи ќе се стабилизира, нема да остане олку висока ама нема никогаш да падне на нивото кое што го гледавме пред неколку години. Сега малку да се навратиме на Вашите активности во моментов што ги правите. Од неодамна станавте почесен конзул на Малта. Што тоа значи и дали можете да помогнете за зголемување на економската соработка меѓу двете земји? -Малта е една од најмалите држави во рамките на Европската Унија, а ние сакаме да бидеме членка на ЕУ. Пред се, сакам да кажам дека почесен конзул е почесна функција. Тоа е голема чест, како да кажам, да бидете почесен конзул на некоја држава и јас еве се заблагодарувам на претседателот на Малта, на Владата на Малта што ме поканија и ми го понудија тоа како можност. Јас треба на некој начин, да ги претставувам интересите на Малта во Македонија бидејќи Малта нема своја амбасада. Практично овој конзулат е нивно претставништво. Една од улогите на конзулот е и да помогне да се развијат економските односи. За жал, ние имаме многу мало ниво на размена со Малта и мислам дека тука постои голем простор, пред се, да речеме, во делот на храната. Ние викаме дека произведуваме земјоделски производи, но, за жал, не сфаќаме дека нашите земјоделски производи по количина се мали за големи пазари. За Русија, Германија, Франција, немаме количини коишто можеме да ги испорачаме, додека Малта е 100 отсто увозно ориентирана за зеленчук, овошје итн., а по големина, пак, е соодветна на нашите производствени капацитети и тука гледам голем простор. Понатаму, Малта е едно интересно општество кое што има висок БДП по жител, можеби пет пати повисок од нашиот, а притоа нема некои природни богатства. Значи, повеќе ја тераат на интелектуална работа, на услуги, на ИТ-технологии, на финансиски сервиси итн. Мислам дека во тој дел има исто така простор за зголемување на соработката. Јас како конзул ќе направам се што можам да го интензивирам тоа. Како здравствената и енергетската криза се одрази врз работата на вашите компании и дали користевте некоја од шесте мерки што ги даваше Владата за поддршка на стопанството и на граѓаните? -Кризата беше голем проблем за целокупната економија и нормално и за нашите компании. Јас сум сопственик на Фероинвест Групацијата која што е сопственик на „Брако“, а „Брако“ сопственик на „Грин машинс“. „Брако“ е фабрика во Велес која што вработува околу 700 вработени, извезува во 42 држави, а „Грин машинс“ е ќерка-фирма на „Брако“, а тоа е бренд за производство на возила за чистење т.н. свипери, чистачи метлачки за улици и е еден од најголемите брендови во светот. За среќа „Брако“ ја имаше можноста да го откупи брендот. „Брако“ произведува веќе 7-8 години. Претходно произведуваше за сопствениците на брендот, значи произведувавме компоненти, па после тоа земавме комплетното возило да го правиме, а од 2018 година и го откупивме брендот, така што тоа е сега македонски бренд, наш бренд, којшто почнавме да го развиваме. Во меѓувреме развивме уште две нови возила. Јавноста беше запознаена – хидрогенско, прво возило во светот за чистење на улици. Сега стигна последната нарачка од Франција пред два дена, инаку се возат веќе во Холандија. Понатаму, развивме ново електрично мало возило. Тоа го промовиравме пред Нова година, 400ZT и ги правиме старите возила коишто ги правеше „Грин машинс“ и развивме ново големо дизел возило 5,5 кубично. Тоа е нов дел во сегментот на „Грин машинс“, со тоа го проширивме 955 којшто сега веќе почнавме да го испорачуваме спрема Блискиот Исток. „Брако“ се справи со кризата успешно. Кризата беше проблем, бараше многу повеќе работа. Но, морам да кажам беше и можност. Зошто беше можност? Беше можност заради тоа што многу голем дел од нашата конкуренција ги затвори пазарите, ги затвори производните програми. „Брако“ никогаш не затвори. Значи, и покрај тоа што пазарот генерално се намали, бидејќи доста производни капацитети ги затворија своите капацитети, „Брако“ го зголеми уделот во пазарот и порасна во 2021 година за 50 проценти во споредба со 2020 година, а во 2020 година не се намали. „Брако“ се намали 18 проценти само додека јас бев во Владата, во тој период. Тоа беше поголема катастрофа за „Брако“ отколку ковидот. Да не должам многу, „Брако“ во 2021 се справи успешно. Вработи 150 нови вработени и го зголеми прометот за 50 проценти благодарение на агресивниот пристап, на инвестициите во нови технологии во новиот бренд, во правење развој на новите возила и за следната година имаме исто таков план да пораснеме уште 35 проценти. „Брако“ е во инвестицискиот циклус од 8,5 до 9 милиони, а заедно со другите инвестиции во мојата група – биогасна електрана и фотоволтаик во Кочани моменталната инвестиција во рамките на две години е 21 милион евра. Нормално, тоа не се само пари на компанијата, тоа во добар дел се банкарски пари коишто ги поддржуваат проектите и мислам дека и покрај тоа што е криза единствен начин да се справите со кризата е да бидете поорганизирани и побрзи од другите и храбро да инвестирате. Македонија во индустријата нема друга шанса освен да има висока технологија, бидејќи други предности нема. „Брако“ има највисока технологија, најсовремени машини, CNC машини, роботи за заварување, плазма и ласери за сечење на материјали итн., и тоа не прави конкурентни да можеме да се носиме со конкуренцијата низ цел свет. На пример, нашите возила се продаваат, и Белата куќа ја чистат во Вашингтон, дворците на англиската кралица во Англија, Париз го чистат, Лондон го чистат. „Брако“ за да може тоа да го постигне мораше да формира ќерки-фирми, па има ќерка-фирма 100 отсто во Холандија, ќерка-фирма во Германија, ќерка-фирма во Англија и ќерка-фирма во Америка, во Сан Диего во Калифорнија. Знаете, многу е полесно да сте вие фирма од Германија или од Италија и да продавате технологија. Тогаш самата земја и името на земјата продава. А кога сте од Македонија вие морате да бидете подобри и поевтини од цел свет за да продадете. За среќа тоа го успеваме. Успеваме заради тоа што во тие илјада вработени, колку што има во моите фирми, во целиот систем има над 150 инженери. Еден добар дел од тие инженери се во странство школувани, тие се вратени во Македонија. Само во такви фирми каде што има висока технологија вие можете да ги вратите од светот македонските инженери или деца коишто отишле таму да ги вратите во Македонија. Значи, ние имаме ученици коишто завршиле на МИТ, имаме ученици коишто завршиле постдипломски во Минхен, имаме во Виена итн. и тие се вратиле и денеска работат во „Брако“. Исто и најдобрите студенти од Машински факултет и од техничките факултети во Македонија се носечката снага на развојот на „Брако“ и само така може да се оди напред. Еве, така накратко би го кажал, да речеме, справувањето со кризата. Јас би рекол и би ги охрабрил сите стопанственици дека кризата е проблем, голем проблем, меѓутоа и голема шанса заради тоа што се отвораат нови пазари. Тука ќе додадам дека се отвори еден голем простор, бидејќи западноевропските компании почнаа да се повлекуваат полека од Кина и тука има голема можност да се земе дел од тој колач и само треба да се биде активен. „Брако“ во моментот извезува во 42 држави, 96 отсто од производството е наменето за извоз. Што според Вас недостасува за да се поттикне извозот од државата и да се мотивираат компаниите да инвестираат во производствени капацитети со кои ќе ги задоволуваат стандардите за пласман на странските пазари? -Ништо не треба да им се помогне на фирмите различно од тоа што се помага во целиот свет. Што се случува во целиот свет? Не треба на фирмите да им се даваат пари, сега да речеме, нема да ја плати сметката за струја – дај му пари за струја. Не, тоа не треба. На фирмите треба да им се помогне со тоа што го прави Европска Унија во своите држави. Она прави ако инвестирате и ако купувате нова технологија ви дава субвенции за тоа што го инвестирате и го купувате. Во Европска Унија тие субвенции се до 50 проценти. На пример, ако изградите фабрика и купите нова технологија ви даваат до 50 проценти субвенција. Во Македонија не е тоа до 50 проценти за македонските фирми. Во ТИРЗ се нуди истото тоа за странските инвеститори и тоа е добро, не е спорно. Законот за финансиска поддршка треба да се развива и негува така, да ги стимулира македонските компании дека државата ќе им помогне со одреден процент во купувањето на нова технологија, оти новата технологија значи поголема продуктивност. Поголемата продуктивност, пак, значи подобра конкурентност, а подобрата конкурентност значи потентност за извоз. Значи, извозот не произлегува од тоа дали вие сакате или не сакате, туку од тоа дали вие имате производ или немате производ. И сега ние треба да се запрашаме во Македонија, имаме ли производ за извоз. Каде ќе го направиме тој производ? Со кои технологии ќе го направиме? Значи, за да направите производ треба технологија да имате, а технологија треба да купите. И тоа треба да се стимулира. Треба да се стимулира купување на технологии. Тука во тој дел има сега Закон за финансиска поддршка на инвестициите, но тука треба да се развијат дополнителни механизми и мислам дека тоа е платформата која што и треба на индустријата. Сега зборувам исклучиво за индустријата. За земјоделството е друго. Тоа е ИПАРД. За градежништвото треба да се третира колку што може повеќе македонските компании да се вклучуваат во инфраструктурните проекти во Македонија заради тоа што во спротивно ќе го изгубиме градежништвото во земјава. Значи, ќе пропаднат сите градежни фирми, ќе остане странски фирми само да градат и во тој случај еве тие ќе се повлечат кога ќе завршат проектите – кој ќе остане да гради во Македонија. Комплексно е прашањето, но мислам дека во кратки црти ви одговорив на најважните прашања и поенти.

The post Анѓушев: Цената на електричната енергија повеќе нема да се спушти под 80 евра за мегават час appeared first on Република.

]]>