цена на нафта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cena-na-nafta/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Mar 2024 07:58:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png цена на нафта Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cena-na-nafta/ 32 32 Доларот падна, цената на нафтата расте https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dolarot-padna-tsenata-na-naftata-raste/ Mon, 25 Mar 2024 07:58:32 +0000 https://republika.mk/?p=758375

На пазарите на валути вредноста на доларот во однос на кошничката на валути благо падна, по минатонеделниот раст.

Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 103,66 поени, додека во петокот вечерта изнесуваше 103,78 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од 151,40 на 151,25 јени.

Незначително ослабна и американската валута во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0815 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0810 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,59 отсто, на 85,95 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,66 отсто, на 81,15 долари.

The post Доларот падна, цената на нафтата расте appeared first on Република.

]]>

На пазарите на валути вредноста на доларот во однос на кошничката на валути благо падна, по минатонеделниот раст. Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 103,66 поени, додека во петокот вечерта изнесуваше 103,78 поени. Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од 151,40 на 151,25 јени. Незначително ослабна и американската валута во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0815 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0810 долари. Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,59 отсто, на 85,95 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,66 отсто, на 81,15 долари.

The post Доларот падна, цената на нафтата расте appeared first on Република.

]]>
Глобалната економија забави: Цената на нафтата почна да паѓа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/globalnata-ekonomija-zabavi-cenata-na-naftata-pochna-da-pagja/ Mon, 14 Nov 2022 11:03:50 +0000 https://republika.mk/?p=573611

Цените на нафтата паднаа на светските берзи минатата недела, по тринеделен последователен раст, што се толкува како резултат на забавување на економскиот раст и намалената побарувачката за енергенси.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 2,6 отсто на 95,99 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот за намали за од 3,9 отсто, на 88,96 долари.

Познавачите велат дека ваквиот тренд е резултат на економското забавување во светот што директно влијае и на побарувачката на енергенси и во тој контекст и на нафта.

Според податоците објавени минатата недела, залихите на нафта во САД се зголемени за 3,9 милиони барели во однос на претходната недела, што е највисоко ниво од јули 2021 година и го илустрира падот на потрошувачката на гориво во САД.

The post Глобалната економија забави: Цената на нафтата почна да паѓа appeared first on Република.

]]>

Цените на нафтата паднаа на светските берзи минатата недела, по тринеделен последователен раст, што се толкува како резултат на забавување на економскиот раст и намалената побарувачката за енергенси. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 2,6 отсто на 95,99 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот за намали за од 3,9 отсто, на 88,96 долари. Познавачите велат дека ваквиот тренд е резултат на економското забавување во светот што директно влијае и на побарувачката на енергенси и во тој контекст и на нафта. Според податоците објавени минатата недела, залихите на нафта во САД се зголемени за 3,9 милиони барели во однос на претходната недела, што е највисоко ниво од јули 2021 година и го илустрира падот на потрошувачката на гориво во САД.

The post Глобалната економија забави: Цената на нафтата почна да паѓа appeared first on Република.

]]>
Нафтата минатата седмица поскапе за повеќе од десет проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/naftata-minatata-sedmica-poskape-za-povekje-od-deset-procenti/ Mon, 10 Oct 2022 06:34:53 +0000 https://republika.mk/?p=559218

Цената на нафтата на светските берзи минатата седмица се покачи за повеќе од десет проценти достигнувајќи го највисокото ниво за последните пет недели, откако ОПЕК и партнерите на картелот најавија значително намалување на производството од ноември.

Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се покачи за 11,3 отсто, на 97,92 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за 16,5 отсто, на 92,64 долари.

Наглиот скок на цената на нафтата е последица на одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, вклучително и Русија, од ноември да го намалат дневното производство за два милиони барели. Неколку членки на „ОПЕК +“ се обидуваат да ги исполнат договорените производствени квоти обременети од недоволни инвестиции или од санкции. Картелот заостануваше со производството за околу 3,6 милиони барели дневно зад целите предвидени за август.

„Снабдувањето всушност ќе се намали за милион до 1,1 милион барели дневно, со учество на Саудиска Арабија од 500 илјади барели дневно“, рече саудискиот министер за енергетика Абдулазиз бин Салман. Само еден месец подоцна, Европската унија ќе воведе ембарго на руската нафта што се испорачува со бродови, со што ќе се намали понудата на и онака значајно стеснетиот пазар.

„Една од клучните последици од најновите намалувања на ОПЕК (производството) најверојатно ќе биде враќањето на цената на нафтата над нивото од сто долари. Но, растот на цените веројатно ќе биде ограничен од сè понеповолните трендови во економијата“, изјави Стивен Бренок од „PVM“.

Најавата на ОПЕК за намалување на производството досега ги надмина стравувањата на трговците од можна рецесија и падот на побарувачката за нафта. Имено, поради високата инфлација, централните банки на западните земји последниве месеци набрзина ги зголемуваат каматните стапки, што ќе го забави растот на економиите, при што растат ризиците од рецесија.

Се очекува дека американската ФЕД и Европската централна банка повторно ќе ги зголемат клучните каматни стапки за агресивни 0,75 процентни поени.

Цените на нафтата се оддалечија од најниските нивоа забележани во јануари, но и натаму се далеку пониски отколку во март, во почетната фаза од руската инвазија врз Украина, кога достигнаа до 147 долари за барел што е највисоко ниво откако почна со нафтата да се тргува преку термински договори.

„Со оглед на тоа што цената на барелот во Лондон сега е стабилизирана меѓу 90 и сто долари, ’ОПЕК +’ веројатно ќе биде задоволен од исходот и покрај сè уште мошне неизвесните изгледи за економијата“, рече Крег Ерлам од компанијата „ОАНДА“.

The post Нафтата минатата седмица поскапе за повеќе од десет проценти appeared first on Република.

]]>

Цената на нафтата на светските берзи минатата седмица се покачи за повеќе од десет проценти достигнувајќи го највисокото ниво за последните пет недели, откако ОПЕК и партнерите на картелот најавија значително намалување на производството од ноември. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела се покачи за 11,3 отсто, на 97,92 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за 16,5 отсто, на 92,64 долари. Наглиот скок на цената на нафтата е последица на одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, вклучително и Русија, од ноември да го намалат дневното производство за два милиони барели. Неколку членки на „ОПЕК +“ се обидуваат да ги исполнат договорените производствени квоти обременети од недоволни инвестиции или од санкции. Картелот заостануваше со производството за околу 3,6 милиони барели дневно зад целите предвидени за август.
„Снабдувањето всушност ќе се намали за милион до 1,1 милион барели дневно, со учество на Саудиска Арабија од 500 илјади барели дневно“, рече саудискиот министер за енергетика Абдулазиз бин Салман. Само еден месец подоцна, Европската унија ќе воведе ембарго на руската нафта што се испорачува со бродови, со што ќе се намали понудата на и онака значајно стеснетиот пазар. „Една од клучните последици од најновите намалувања на ОПЕК (производството) најверојатно ќе биде враќањето на цената на нафтата над нивото од сто долари. Но, растот на цените веројатно ќе биде ограничен од сè понеповолните трендови во економијата“, изјави Стивен Бренок од „PVM“.
Најавата на ОПЕК за намалување на производството досега ги надмина стравувањата на трговците од можна рецесија и падот на побарувачката за нафта. Имено, поради високата инфлација, централните банки на западните земји последниве месеци набрзина ги зголемуваат каматните стапки, што ќе го забави растот на економиите, при што растат ризиците од рецесија. Се очекува дека американската ФЕД и Европската централна банка повторно ќе ги зголемат клучните каматни стапки за агресивни 0,75 процентни поени. Цените на нафтата се оддалечија од најниските нивоа забележани во јануари, но и натаму се далеку пониски отколку во март, во почетната фаза од руската инвазија врз Украина, кога достигнаа до 147 долари за барел што е највисоко ниво откако почна со нафтата да се тргува преку термински договори.
„Со оглед на тоа што цената на барелот во Лондон сега е стабилизирана меѓу 90 и сто долари, ’ОПЕК +’ веројатно ќе биде задоволен од исходот и покрај сè уште мошне неизвесните изгледи за економијата“, рече Крег Ерлам од компанијата „ОАНДА“.

The post Нафтата минатата седмица поскапе за повеќе од десет проценти appeared first on Република.

]]>
Цената на гасот во Европа надмина 3.300 долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/cenata-na-gasot-vo-evropa-nadmina-3-300-dolari/ Thu, 25 Aug 2022 21:59:59 +0000 https://republika.mk/?p=544207

Цента на терминските договори за испораките на гас во Европа првпат од март се искачија на нивото од над 3.300 долари за илјада метри кубни, што претставува раст од повеќе од 10 отсто, покажуваат податоците од лондонската берза „ICE“.

Тргувањето во четвртокот се отвори со нивото малку над 3.080 долари за илјада метри гас, што претставува раст од 3 отсто во однос на затворањето на претходниот трговски ден. Но по 17 часот по македонско време, цените скокнаа за 10,8 отсто на 3.312,5 долари за илјада метри кубни гас. Динамиката на котациите се заснова на цента за порамнување од претходниот трговски ден од 2.990,6 долари, која беше рекордната во целиот период на работа на гасните хабови во Европа од 1996 година.

Цената а септемвриските термински договори во најголемиот европски гасен хаб, холандскиот „TTF“, порасна на 3.333 долари за илјада кубни метри, или на 323 евра за мегават част, врз основа на тековниот курс на еврото во однос на доларот, па така цените на лондонскиот пазар „ICE“ се претставуваат во евра за мегаватчасови.

Денешниот раст се припишува на зголемувањето на цената на азиските фјучерси за снабдување со течен природен гас поради зголемената конкуренција на пазарите во развиените земји, вклучително и Јапонија и Јужна Кореја, кои ги зголемуваат своите резерви пред почетокот на зимата.

Цените на гасот постигнуваа рекордни нивоа од есента 2021 година, во услови кога европските подземни складишта останаа празни, поради постапандемиското отворање на азиските економии и зголемената побарувачка, каде беа по повисоки цени продадени залихите особено од течен природен гас (ЛНГ). На почетокот од март годинава, веднаш по руската воена операција во Украина, цените на гасот во Европа поради стравот од забрана за увоз на руските енергенси во серија ги обновуваа историските рекорди, а највисокото ниво беше забележано на 7 март од 3.892 долари за кубни метри гас.

Покрај тоа од почетокот на војната во Украина, испораките на рускиот гас преку гасоводот Северен тек 1 е намален на 20 отсто од капацитетот, како што вели руската страна поради технички проблеми, испораките преку транзитниот систем во Украина се намалени исто така преку еден крак и привремено прекинати поради проблемите со плаќањето поради западните санкции на рускиот финансиски и банкарски сектор, а испораките преку гасоводот Јамал – Европа е целосно запрен.

Моменталните колебања на европскиот пазар на гасот се поврзани, во прв ред, со неизвесноста на испораките од рускиот гас и брзањето на европските земји да ги пополнат капацитетите на своите складишта пред претстојниот период на зголемена потрошувачка.

Така, минатиот петок рускиот енергетски гигант „Газпром“ објави дека од 31-ви август до 2-ри септември ќе бидат запрени испораките преку гасоводот Северен тек 1, поради планираното сервисирање на единствената гасна турбина на компресорската станица „Портоваја“, додека другите пет се на ремонт во Канада. Имајќи ги предвид проблемите со враќањето на едната турбина од погоните на „Сименс енерџиy“ во Монтреал, пазарите реагираа со зголемување на цената на фјучерсите на 2.700 долари.

The post Цената на гасот во Европа надмина 3.300 долари appeared first on Република.

]]>

Цента на терминските договори за испораките на гас во Европа првпат од март се искачија на нивото од над 3.300 долари за илјада метри кубни, што претставува раст од повеќе од 10 отсто, покажуваат податоците од лондонската берза „ICE“. Тргувањето во четвртокот се отвори со нивото малку над 3.080 долари за илјада метри гас, што претставува раст од 3 отсто во однос на затворањето на претходниот трговски ден. Но по 17 часот по македонско време, цените скокнаа за 10,8 отсто на 3.312,5 долари за илјада метри кубни гас. Динамиката на котациите се заснова на цента за порамнување од претходниот трговски ден од 2.990,6 долари, која беше рекордната во целиот период на работа на гасните хабови во Европа од 1996 година. Цената а септемвриските термински договори во најголемиот европски гасен хаб, холандскиот „TTF“, порасна на 3.333 долари за илјада кубни метри, или на 323 евра за мегават част, врз основа на тековниот курс на еврото во однос на доларот, па така цените на лондонскиот пазар „ICE“ се претставуваат во евра за мегаватчасови. Денешниот раст се припишува на зголемувањето на цената на азиските фјучерси за снабдување со течен природен гас поради зголемената конкуренција на пазарите во развиените земји, вклучително и Јапонија и Јужна Кореја, кои ги зголемуваат своите резерви пред почетокот на зимата. Цените на гасот постигнуваа рекордни нивоа од есента 2021 година, во услови кога европските подземни складишта останаа празни, поради постапандемиското отворање на азиските економии и зголемената побарувачка, каде беа по повисоки цени продадени залихите особено од течен природен гас (ЛНГ). На почетокот од март годинава, веднаш по руската воена операција во Украина, цените на гасот во Европа поради стравот од забрана за увоз на руските енергенси во серија ги обновуваа историските рекорди, а највисокото ниво беше забележано на 7 март од 3.892 долари за кубни метри гас. Покрај тоа од почетокот на војната во Украина, испораките на рускиот гас преку гасоводот Северен тек 1 е намален на 20 отсто од капацитетот, како што вели руската страна поради технички проблеми, испораките преку транзитниот систем во Украина се намалени исто така преку еден крак и привремено прекинати поради проблемите со плаќањето поради западните санкции на рускиот финансиски и банкарски сектор, а испораките преку гасоводот Јамал – Европа е целосно запрен. Моменталните колебања на европскиот пазар на гасот се поврзани, во прв ред, со неизвесноста на испораките од рускиот гас и брзањето на европските земји да ги пополнат капацитетите на своите складишта пред претстојниот период на зголемена потрошувачка. Така, минатиот петок рускиот енергетски гигант „Газпром“ објави дека од 31-ви август до 2-ри септември ќе бидат запрени испораките преку гасоводот Северен тек 1, поради планираното сервисирање на единствената гасна турбина на компресорската станица „Портоваја“, додека другите пет се на ремонт во Канада. Имајќи ги предвид проблемите со враќањето на едната турбина од погоните на „Сименс енерџиy“ во Монтреал, пазарите реагираа со зголемување на цената на фјучерсите на 2.700 долари.

The post Цената на гасот во Европа надмина 3.300 долари appeared first on Република.

]]>
Нафтата на светските берзи драстично паѓа, дали тоа ќе се одрази и на цената во Македонија? https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/naftata-na-svetskite-berzi-drastichno-pagja-dali-toa-kje-se-odrazi-i-na-cenata-vo-makedonija/ Mon, 01 Aug 2022 13:43:30 +0000 https://republika.mk/?p=535771

Цените на нафтата на меѓународните пазари паднаа поради најновите податоци кои укажуваат на забавување на активноста во кинескиот и јапонскиот индустриски сектор, а со тоа и на изгледите за глобалната побарувачка на нафта.

Цената на барел нафта на лондонскиот пазар падна за 1,42 долари во однос на петокот, на 102,55 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по пониска цена од 1,85 долари, од 96,77 долари.

Мерките за ограничување на движењето поради ширењето на заразата со коронавирус го запреа краткото закрепнување на фабричките активности во Кина, најголемиот увозник на сурова нафта во светот.

Јапонската производна активност, пак, во јули порасна со најниска стапка во последните десет месеци.

Цените на нафтата во Лондон и на американскиот пазар го завршија јули со втора последователна месечна загуба за прв пат од 2020 година, бидејќи зголемената инфлација и повисоките каматни стапки ги зголемуваат стравувањата од глобална рецесија, која ја намалува побарувачката за гориво.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и сојузниците, вклучително и Русија, заедно познати како ОПЕК+, ќе се состанат в среда за да одлучат за производството на групата во септември

The post Нафтата на светските берзи драстично паѓа, дали тоа ќе се одрази и на цената во Македонија? appeared first on Република.

]]>

Цените на нафтата на меѓународните пазари паднаа поради најновите податоци кои укажуваат на забавување на активноста во кинескиот и јапонскиот индустриски сектор, а со тоа и на изгледите за глобалната побарувачка на нафта. Цената на барел нафта на лондонскиот пазар падна за 1,42 долари во однос на петокот, на 102,55 долари. На американскиот пазар барелот се тргуваше по пониска цена од 1,85 долари, од 96,77 долари. Мерките за ограничување на движењето поради ширењето на заразата со коронавирус го запреа краткото закрепнување на фабричките активности во Кина, најголемиот увозник на сурова нафта во светот. Јапонската производна активност, пак, во јули порасна со најниска стапка во последните десет месеци. Цените на нафтата во Лондон и на американскиот пазар го завршија јули со втора последователна месечна загуба за прв пат од 2020 година, бидејќи зголемената инфлација и повисоките каматни стапки ги зголемуваат стравувањата од глобална рецесија, која ја намалува побарувачката за гориво. Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и сојузниците, вклучително и Русија, заедно познати како ОПЕК+, ќе се состанат в среда за да одлучат за производството на групата во септември

The post Нафтата на светските берзи драстично паѓа, дали тоа ќе се одрази и на цената во Македонија? appeared first on Република.

]]>
Цените на нафтата паднаа под 106 долари https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/cenite-na-naftata-padnaa-pod-106-dolari/ Wed, 20 Jul 2022 16:00:57 +0000 https://republika.mk/?p=531513

Цените на нафтата денеска паднаа под нивото од 106 долари на меѓународните пазари, бидејќи фокусот повторно е ставен на знаците за слабеење на побарувачката поради напорите на централните банки да ја ограничат инфлацијата со повисоки трошоци за задолжување.

На лондонскиот пазар цената на барелот за испорака во септември попладне беше пониска за 1,68 долари во однос на вчерашното затворање и изнесуваше 105,67 долари.

На американскиот пазар барелот за испорака во август се тргува по пониска цена за 1,82 долари, односно за 102,40 долари. Повеќе се тргуваше со барели за испорака во септември со пад од 1,79 долари на 98,94 долари.

Во меѓувреме, Либија го отвори пристаништето Ес Сидер за извоз на нафта, се вели во денешното соопштение за медиуми на Министерството за нафта.

Во посебен извештај, Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) денеска соопшти дека барел од нафтената кошница на нејзините членки во вторникот изнесувал 110,27 долари, што значи дека поскапела за 1,51 долар во однос на претходниот работен ден.

The post Цените на нафтата паднаа под 106 долари appeared first on Република.

]]>

Цените на нафтата денеска паднаа под нивото од 106 долари на меѓународните пазари, бидејќи фокусот повторно е ставен на знаците за слабеење на побарувачката поради напорите на централните банки да ја ограничат инфлацијата со повисоки трошоци за задолжување. На лондонскиот пазар цената на барелот за испорака во септември попладне беше пониска за 1,68 долари во однос на вчерашното затворање и изнесуваше 105,67 долари. На американскиот пазар барелот за испорака во август се тргува по пониска цена за 1,82 долари, односно за 102,40 долари. Повеќе се тргуваше со барели за испорака во септември со пад од 1,79 долари на 98,94 долари. Во меѓувреме, Либија го отвори пристаништето Ес Сидер за извоз на нафта, се вели во денешното соопштение за медиуми на Министерството за нафта. Во посебен извештај, Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) денеска соопшти дека барел од нафтената кошница на нејзините членки во вторникот изнесувал 110,27 долари, што значи дека поскапела за 1,51 долар во однос на претходниот работен ден.

The post Цените на нафтата паднаа под 106 долари appeared first on Република.

]]>
Карантинот во еден кварт во Шангај го запре растот на цените на нафтата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/karantinot-vo-eden-kvart-vo-shangaj-go-zapre-rastot-na-cenite-na-naftata/ Fri, 10 Jun 2022 19:10:46 +0000 https://republika.mk/?p=513368

На лондонскиот пазар цената на барел падна за 57 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 123,01 долар. Вчера ја затвори трговијата со плус од 3,01 долари. На американскиот пазар барелот денеска се тргуваше по 85 центи пониска од цената од 121,26 долари. Вчера ја затвори трговијата со плус 2,7 долари.

Пазарите вчера беа катапултирани од фактот што резервите на бензин во САД минатата недела паднаа за 800 илјади барели, и покрај високите цени, што сигнализираше силна побарувачка. Во исто време, трговците се загрижени за испораките поради постојаното одложување на преговорите со Иран за нуклеарната програма.

Денеска расположението беше поддржано и од силниот раст на кинескиот извоз во мај, за 16,9 отсто, благодарение на олеснувањето на мерките за контрола на Ковид-19.

„Резултатот од извозот е импресивен кога се размислува за карантинот во повеќе градови“, рече Стивен Инес, извршен партнер во SPI Asset Management.

Во текот на денот, вниманието се префрли на информациите за повторното воведување ограничувања во Шангај. На жителите на областа Минханг им било кажано да останат дома два дена за да го контролираат ризикот од пренесување на вирусот.

„Многу поважна е веста за денешното затворање на кварт во Шангај, што повторно ги разгоре стравувањата од уште еден период на слабост во Кина поради политиката на нулта толеранција за КОВИД“, објасни Џефри Хали од ОАНДА.

Значителниот пад на цената на нафтата е попречен од очекувањата за силна побарувачка за гориво во летната сезона на возење.

„Тешко е да се очекува значителен пад во наредните месеци, бидејќи пазарот на бензин најверојатно ќе биде под уште поголем притисок како што напредува сезоната на возење“, рече Ворен Патерсон од ING.

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) одделно известила дека барел од референтната кошничка на нејзината членка вчера чинела 121,54 долари, што е за 1,38 долари повеќе од претходниот работен ден.

The post Карантинот во еден кварт во Шангај го запре растот на цените на нафтата appeared first on Република.

]]>

На лондонскиот пазар цената на барел падна за 57 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 123,01 долар. Вчера ја затвори трговијата со плус од 3,01 долари. На американскиот пазар барелот денеска се тргуваше по 85 центи пониска од цената од 121,26 долари. Вчера ја затвори трговијата со плус 2,7 долари. Пазарите вчера беа катапултирани од фактот што резервите на бензин во САД минатата недела паднаа за 800 илјади барели, и покрај високите цени, што сигнализираше силна побарувачка. Во исто време, трговците се загрижени за испораките поради постојаното одложување на преговорите со Иран за нуклеарната програма. Денеска расположението беше поддржано и од силниот раст на кинескиот извоз во мај, за 16,9 отсто, благодарение на олеснувањето на мерките за контрола на Ковид-19. „Резултатот од извозот е импресивен кога се размислува за карантинот во повеќе градови“, рече Стивен Инес, извршен партнер во SPI Asset Management. Во текот на денот, вниманието се префрли на информациите за повторното воведување ограничувања во Шангај. На жителите на областа Минханг им било кажано да останат дома два дена за да го контролираат ризикот од пренесување на вирусот. „Многу поважна е веста за денешното затворање на кварт во Шангај, што повторно ги разгоре стравувањата од уште еден период на слабост во Кина поради политиката на нулта толеранција за КОВИД“, објасни Џефри Хали од ОАНДА. Значителниот пад на цената на нафтата е попречен од очекувањата за силна побарувачка за гориво во летната сезона на возење. „Тешко е да се очекува значителен пад во наредните месеци, бидејќи пазарот на бензин најверојатно ќе биде под уште поголем притисок како што напредува сезоната на возење“, рече Ворен Патерсон од ING. Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) одделно известила дека барел од референтната кошничка на нејзината членка вчера чинела 121,54 долари, што е за 1,38 долари повеќе од претходниот работен ден.

The post Карантинот во еден кварт во Шангај го запре растот на цените на нафтата appeared first on Република.

]]>
Цените на нафтата забележаа најголем неделен пад во последните две години https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/cenite-na-naftata-zabelezaa-najgolem-nedelen-pad-vo-poslednite-dve-godini/ Fri, 01 Apr 2022 21:29:14 +0000 https://republika.mk/?p=482155

Цените на нафтата денеска осцилираат меѓу загуби и добивки, еден ден по вчерашниот остар пад по веста дека САД од мај ќе лансираат најголема количина досега од стратешките резерви од 180 милиони барели – еден милион барели дневно за следните шест месеци.

Цените на „црното злато“ се на пат да ја завршат оваа трговска недела со најголем неделен минус во интервал од 13 до 14 отсто.

Меѓународната референтна нафта Брент за испорака во јуни (фјучерс договори), според најновите достапни податоци на порталот oilprice.com, забележа благ пораст од 0,32 отсто на 105 долари за барел, додека американската нафта WTI се тргуваше со пад од 0,28 отсто на ниво од 100 долари за барел. јт/

The post Цените на нафтата забележаа најголем неделен пад во последните две години appeared first on Република.

]]>

Цените на нафтата денеска осцилираат меѓу загуби и добивки, еден ден по вчерашниот остар пад по веста дека САД од мај ќе лансираат најголема количина досега од стратешките резерви од 180 милиони барели – еден милион барели дневно за следните шест месеци. Цените на „црното злато“ се на пат да ја завршат оваа трговска недела со најголем неделен минус во интервал од 13 до 14 отсто. Меѓународната референтна нафта Брент за испорака во јуни (фјучерс договори), според најновите достапни податоци на порталот oilprice.com, забележа благ пораст од 0,32 отсто на 105 долари за барел, додека американската нафта WTI се тргуваше со пад од 0,28 отсто на ниво од 100 долари за барел. јт/

The post Цените на нафтата забележаа најголем неделен пад во последните две години appeared first on Република.

]]>
Цените на нафтата повторно паѓаат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/cenite-na-naftata-povtorno-pagjaat/ Thu, 17 Mar 2022 22:26:03 +0000 https://republika.mk/?p=474661

Цената на нафтата денеска повторно паѓа. Вредноста на барел нафта на лондонскиот пазар утринава изнесува 100 долари, што е пад на цените во однос на вчера кога изнесуваше 102 долари. Во исто време, барелот на американскиот пазар се тргува за 97 долари и е под таканаречената магична граница од 100 долари.

Цените се стабилни во однос на претходната недела.

Минатиот петок овие деривати се тргуваа по цена од 110 односно 107 долари, а цената потоа продолжи да паѓа на ниво од околу 100 долари за барел на европскиот пазар. На почетокот на минатата недела цените на барелите беа на рекордно ниво и се искачија на 130 долари.

Пазарот на криптовалути од утрово е зелен. Вредноста на Биткоин утрово изнесува 40.000 долари, што е благ пораст во однос на вчерашниот ден. Во пораст се и другите криптовалути.

The post Цените на нафтата повторно паѓаат appeared first on Република.

]]>

Цената на нафтата денеска повторно паѓа. Вредноста на барел нафта на лондонскиот пазар утринава изнесува 100 долари, што е пад на цените во однос на вчера кога изнесуваше 102 долари. Во исто време, барелот на американскиот пазар се тргува за 97 долари и е под таканаречената магична граница од 100 долари. Цените се стабилни во однос на претходната недела. Минатиот петок овие деривати се тргуваа по цена од 110 односно 107 долари, а цената потоа продолжи да паѓа на ниво од околу 100 долари за барел на европскиот пазар. На почетокот на минатата недела цените на барелите беа на рекордно ниво и се искачија на 130 долари. Пазарот на криптовалути од утрово е зелен. Вредноста на Биткоин утрово изнесува 40.000 долари, што е благ пораст во однос на вчерашниот ден. Во пораст се и другите криптовалути.

The post Цените на нафтата повторно паѓаат appeared first on Република.

]]>
Хаос на светските берзи: Пченицата поскапе за 40 отсто, растат цените и на другите суровини https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/haos-na-svetskite-berzi-pchenicata-poskape-za-40-otsto-rastat-cenite-i-na-drugite-surovini/ Fri, 04 Mar 2022 11:13:15 +0000 https://republika.mk/?p=467702

Цените на суровините, од нафта до алуминиум, но и на пченицата, го доживеаја најголемиот неделен скок од 1974 година и од денот на нафтената криза.

Пченицата скокна за 40 отсто на берзата во Чикаго, на највисоко ниво од 2008 година поради продлабочување на стравот од глобалниот недостиг, бидејќи војната во Украина прекина околу една четвртина од светскиот извоз на основни прехранбени производи што се користат во сè, од леб до колачиња и тестенини.

Фјучерсите за пченица се зголемија за 6,6 отсто на 12,09 долари за бушел (1 бушел е 27,2 кг)

Растечката изолација на Русија го задушува главниот извор на енергија, метали и земјоделски култури, предизвикувајќи страв од продолжен недостиг и поостра глобална инфлација. Трговците, банките и сопствениците на бродови се повеќе избегнуваат да прават бизнис со Русија поради тешкотиите во обезбедувањето плаќања, додека бродските линии откажуваат или не прифаќаат резервации од регионот.

Меѓународната агенција за енергетика предупреди дека глобалната енергетска безбедност е загрозена, а планираното ослободување на резервите на нафта во итни случаи од страна на САД и другите големи економии не успеа да ја намали загриженоста за снабдување. JPMorgan Chase & Co. рече дека глобалната референтна нафта Брент би можела да ја заврши годината со 185 долари за барел доколку продолжи да се прекинува руското снабдување. Цените беа околу 112 долари во петокот.

Основните метали, исто така, дополнително зајакнаа откако индексот на металот LMEX, кој следи шест големи договори, скокна на рекордно високо ниво во четвртокот. Зголемувањето на цените на енергијата даде поттик за зголемување на трошоците. Алуминиумот, еден од најжедните енергетски метали, поскапе за цели 3,6% до 3.850 долари за тон на Лондонската берза за метали, што е нов рекорд. Бакарот исто така се приближува до својот врв на сите времиња.

Војната и последиците од широките американски и европски санкции врз Русија го прекинаа снабдувањето преку Црното Море во време кога глобалните резерви на суровини се веќе тесни. Русија е главен снабдувач на сурова нафта, природен гас, житарки, ѓубрива и метали како алуминиум, бакар и никел.

The post Хаос на светските берзи: Пченицата поскапе за 40 отсто, растат цените и на другите суровини appeared first on Република.

]]>

Цените на суровините, од нафта до алуминиум, но и на пченицата, го доживеаја најголемиот неделен скок од 1974 година и од денот на нафтената криза. Пченицата скокна за 40 отсто на берзата во Чикаго, на највисоко ниво од 2008 година поради продлабочување на стравот од глобалниот недостиг, бидејќи војната во Украина прекина околу една четвртина од светскиот извоз на основни прехранбени производи што се користат во сè, од леб до колачиња и тестенини. Фјучерсите за пченица се зголемија за 6,6 отсто на 12,09 долари за бушел (1 бушел е 27,2 кг) Растечката изолација на Русија го задушува главниот извор на енергија, метали и земјоделски култури, предизвикувајќи страв од продолжен недостиг и поостра глобална инфлација. Трговците, банките и сопствениците на бродови се повеќе избегнуваат да прават бизнис со Русија поради тешкотиите во обезбедувањето плаќања, додека бродските линии откажуваат или не прифаќаат резервации од регионот. Меѓународната агенција за енергетика предупреди дека глобалната енергетска безбедност е загрозена, а планираното ослободување на резервите на нафта во итни случаи од страна на САД и другите големи економии не успеа да ја намали загриженоста за снабдување. JPMorgan Chase & Co. рече дека глобалната референтна нафта Брент би можела да ја заврши годината со 185 долари за барел доколку продолжи да се прекинува руското снабдување. Цените беа околу 112 долари во петокот. Основните метали, исто така, дополнително зајакнаа откако индексот на металот LMEX, кој следи шест големи договори, скокна на рекордно високо ниво во четвртокот. Зголемувањето на цените на енергијата даде поттик за зголемување на трошоците. Алуминиумот, еден од најжедните енергетски метали, поскапе за цели 3,6% до 3.850 долари за тон на Лондонската берза за метали, што е нов рекорд. Бакарот исто така се приближува до својот врв на сите времиња. Војната и последиците од широките американски и европски санкции врз Русија го прекинаа снабдувањето преку Црното Море во време кога глобалните резерви на суровини се веќе тесни. Русија е главен снабдувач на сурова нафта, природен гас, житарки, ѓубрива и метали како алуминиум, бакар и никел.

The post Хаос на светските берзи: Пченицата поскапе за 40 отсто, растат цените и на другите суровини appeared first on Република.

]]>
Цената на нафтата скокна на 105 долари за барел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/cenata-na-naftata-skokna-na-105-dolari-za-barel/ Thu, 24 Feb 2022 16:19:35 +0000 https://republika.mk/?p=463306

Цената на нафтата на меѓународните пазари денеска скокна на 105 долари по рускиот напад врз Украина, што предизвика загриженост за снабдувањето со овој енергенс поради можни казни за руската нафта.

Цената за барел нафта на лондонскиот пазар скокна за 8,15 долари во однос на претходното затворање, на 104,99 долари и накратко дојде и до 105,79 долари.

На американскиот пазар нафтата се тргуваше за 7,33 долари за барел, по 99,43 долари.

Русија рано утринава почна инвазија врз Украина по копно, воздух и море, што е најголемиот напад на една европска земја врз друга од Втората светска војна.

САД и Европа најавија најстроги санкции против Русија.

-Доколку санкциите ги опфатат платежните трансакции, руските банки, а можеби и осигурувањето на испораките на руска нафта и гас, не може да се исклучат прекини во снабдувањето, рече аналитичарот на Комерцбанк, Карстен Фрич.

The post Цената на нафтата скокна на 105 долари за барел appeared first on Република.

]]>

Цената на нафтата на меѓународните пазари денеска скокна на 105 долари по рускиот напад врз Украина, што предизвика загриженост за снабдувањето со овој енергенс поради можни казни за руската нафта. Цената за барел нафта на лондонскиот пазар скокна за 8,15 долари во однос на претходното затворање, на 104,99 долари и накратко дојде и до 105,79 долари. На американскиот пазар нафтата се тргуваше за 7,33 долари за барел, по 99,43 долари. Русија рано утринава почна инвазија врз Украина по копно, воздух и море, што е најголемиот напад на една европска земја врз друга од Втората светска војна. САД и Европа најавија најстроги санкции против Русија. -Доколку санкциите ги опфатат платежните трансакции, руските банки, а можеби и осигурувањето на испораките на руска нафта и гас, не може да се исклучат прекини во снабдувањето, рече аналитичарот на Комерцбанк, Карстен Фрич.

The post Цената на нафтата скокна на 105 долари за барел appeared first on Република.

]]>
САД и Саудиска Арабија прават план за стабилизирање на пазарот на горивата во случај на ескалација во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-i-saudiska-arabija-pravat-plan-za-stabiliziranje-na-pazarot-na-gorivata-vo-sluchaj-na-eskalacija-vo-ukraina/ Fri, 18 Feb 2022 07:48:15 +0000 https://republika.mk/?p=460182

Претставници на САД и Саудиска Арабија одржале консултации за стабилизирање на пазарот на горивата во случај на можно влошување на ситуацијата околу Украина, изјави портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Емили Хорн.

Координаторот на Советот за безбедност на Белата куќа за Блискиот Исток и Cеверна Африка Брет Мекгурк и високиот советник на американскиот Стејт департмент за енергетска безбедност Амос Хукштајн во Саудиска Арабија „разговарале за заеднички пристап за одговор на потенцијален притисок на пазарот во случај на евентуална руска инвазија на Украина“.

The post САД и Саудиска Арабија прават план за стабилизирање на пазарот на горивата во случај на ескалација во Украина appeared first on Република.

]]>

Претставници на САД и Саудиска Арабија одржале консултации за стабилизирање на пазарот на горивата во случај на можно влошување на ситуацијата околу Украина, изјави портпаролката на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Емили Хорн. Координаторот на Советот за безбедност на Белата куќа за Блискиот Исток и Cеверна Африка Брет Мекгурк и високиот советник на американскиот Стејт департмент за енергетска безбедност Амос Хукштајн во Саудиска Арабија „разговарале за заеднички пристап за одговор на потенцијален притисок на пазарот во случај на евентуална руска инвазија на Украина“.

The post САД и Саудиска Арабија прават план за стабилизирање на пазарот на горивата во случај на ескалација во Украина appeared first on Република.

]]>