цена на леб Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cena-na-leb/ За подобро да се разбереме Sun, 12 Mar 2023 18:48:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png цена на леб Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cena-na-leb/ 32 32 Бектеши: Четири-пет компании се зддружени и утврдуваат цени по кои дистрибуираат и продаваат леб во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bekteshi-chetiri-pet-kompanii-se-zddruzheni-i-utvrduvaat-tseni-po-koi-distribuiraat-i-prodavaat-leb-vo-skopje/ Sun, 12 Mar 2023 18:48:42 +0000 https://republika.mk/?p=618863

Во Градот Скопје во делот на производство на леб, четири, максимум пет компании се здружени и утврдуваат цени по кои дистрибуираат и продаваат леб во големите супермаркети, смета министерот за економија Крешник Бектеши.

Вели дека тоа е негов личен став и ја повикува Комисијата за заштита на конкуренцијата да го испита случајот.

Во внатрешноста на земјава, додава, цените се пониски од 32 денари.

Како Министерство за економија таква работа нема да дозволиме додека имаме механизми да постапиме согласно Законот за трговија. Тука нема ништо спорно, имајќи предвид дека е дециден членот 29 и членот 30 – дека во одредени ситуации Министерството за економија може да ѝ предложи на Владата вакви ограничувања или обврски, и дека една од мерките може да биде замрзнување или определување на највисока цена за одреден производ, вели Бектеши во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

The post Бектеши: Четири-пет компании се зддружени и утврдуваат цени по кои дистрибуираат и продаваат леб во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во Градот Скопје во делот на производство на леб, четири, максимум пет компании се здружени и утврдуваат цени по кои дистрибуираат и продаваат леб во големите супермаркети, смета министерот за економија Крешник Бектеши. Вели дека тоа е негов личен став и ја повикува Комисијата за заштита на конкуренцијата да го испита случајот. Во внатрешноста на земјава, додава, цените се пониски од 32 денари.
Како Министерство за економија таква работа нема да дозволиме додека имаме механизми да постапиме согласно Законот за трговија. Тука нема ништо спорно, имајќи предвид дека е дециден членот 29 и членот 30 – дека во одредени ситуации Министерството за економија може да ѝ предложи на Владата вакви ограничувања или обврски, и дека една од мерките може да биде замрзнување или определување на највисока цена за одреден производ, вели Бектеши во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

The post Бектеши: Четири-пет компании се зддружени и утврдуваат цени по кои дистрибуираат и продаваат леб во Скопје appeared first on Република.

]]>
Од вторник цената на лебот ќе биде замрзната на максимум 33 денари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/tsenata-na-lebot-ke-bide-zamrznata-na-maksimum-33-denari/ Sat, 25 Feb 2023 10:42:15 +0000 https://republika.mk/?p=613041

Министерот за економија Крешник Бектеши, изјави дека во вторник ќе биде замрзната цената на лебот и таа нема да биде над 33 денари и за белиот и полубелиот леб.

Ова е само прв чекор од производите наведени во одлуката на Владата. Ќе следат и нови одлуки за замрзнување на цените. Се прават анализи за тестенините и тие средства ќе се користат за укинување на некои давачки, изјави Бектеши на прес-конференција.

Според Бектеши, мерката ќе важи се додека ќе биде во интерес за граѓаните.

Како што појасни Бектеши, цените нема да се зголемат по завршување на мерката, освен ако се зголемат цените на суровините и тогаш може да има нагло покачување на цената.

Бектеши вели дека за овошје и зеленчук чекаат предлог од МЗШВ, додека за другите производи речиси неделно ќе се прават поединечно анализи за сите производи и ако гледаат дека тоа се злоупотребува тогаш ќе донесат соодветни одлуки.

The post Од вторник цената на лебот ќе биде замрзната на максимум 33 денари appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши, изјави дека во вторник ќе биде замрзната цената на лебот и таа нема да биде над 33 денари и за белиот и полубелиот леб.
Ова е само прв чекор од производите наведени во одлуката на Владата. Ќе следат и нови одлуки за замрзнување на цените. Се прават анализи за тестенините и тие средства ќе се користат за укинување на некои давачки, изјави Бектеши на прес-конференција.
Според Бектеши, мерката ќе важи се додека ќе биде во интерес за граѓаните. Како што појасни Бектеши, цените нема да се зголемат по завршување на мерката, освен ако се зголемат цените на суровините и тогаш може да има нагло покачување на цената. Бектеши вели дека за овошје и зеленчук чекаат предлог од МЗШВ, додека за другите производи речиси неделно ќе се прават поединечно анализи за сите производи и ако гледаат дека тоа се злоупотребува тогаш ќе донесат соодветни одлуки.

The post Од вторник цената на лебот ќе биде замрзната на максимум 33 денари appeared first on Република.

]]>
Ќе падне цената на лебот после Нова година?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kje-padne-cenata-na-lebot-posle-nova-godina/ Sun, 23 Oct 2022 11:10:36 +0000 https://republika.mk/?p=564574

Намалување на цената на лебот може да се случи по Нова година. Новите мерки предвидуваат намалување на цената на струјата од 1 декември за производителите на храна, со очекување прво да се стабилизира цената, а потоа да се намали цената на лебот и другите производи. Ова е ставот на претставниците на двете стопански комори.

Според здружението на индустријата на мелничари и пекари, при Стопанската комора, за реално намалување на цената потребно е Владата да ги активира и стоковите резерви за да се намали влијанието на светските берзи, каде цените постојано растат.

Иако официјалните лица проценуваат дека во текот на оваа година се ожнеани околу 250 илјади тони пченица, додека се потребни околу 330 илјади тони, сепак, дел од пченицата не се продава во мелниците, додека се уште се увезува. Цената за пченицата ја одредува светската берза каде цената е 18 денари, додека во жетварскиот период достигна и до 22 денари за килограм.

„Ако Владата дозволи мелниците и пекарската индустрија да купуваат струја по цена од 80 до 100 евра за мегават час, за што преговараме една недела, тогаш до декември цената на брашното и лебот ќе се стабилизира, додека од следната година може да се очекува да ја намалат цената за 10%“, вели Горан Малишиќ, претседател на Здружението на мелничарско-пекарската индустрија, при Стопанската комора.

Ова е трет обид на Владата да ги намали цените на основните прехранбени производи. Прво имаше замрзнување на цените, па ги ограничија маржите што граѓаните не ги почувствуваа поради континуираното поскапување на малопродажните цени. Од друга страна, со мерката за поевтина струја се очекува да бидат опфатени околу 150 фирми.

The post Ќе падне цената на лебот после Нова година?! appeared first on Република.

]]>

Намалување на цената на лебот може да се случи по Нова година. Новите мерки предвидуваат намалување на цената на струјата од 1 декември за производителите на храна, со очекување прво да се стабилизира цената, а потоа да се намали цената на лебот и другите производи. Ова е ставот на претставниците на двете стопански комори. Според здружението на индустријата на мелничари и пекари, при Стопанската комора, за реално намалување на цената потребно е Владата да ги активира и стоковите резерви за да се намали влијанието на светските берзи, каде цените постојано растат. Иако официјалните лица проценуваат дека во текот на оваа година се ожнеани околу 250 илјади тони пченица, додека се потребни околу 330 илјади тони, сепак, дел од пченицата не се продава во мелниците, додека се уште се увезува. Цената за пченицата ја одредува светската берза каде цената е 18 денари, додека во жетварскиот период достигна и до 22 денари за килограм.