цена на гас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cena-na-gas/ За подобро да се разбереме Tue, 21 Mar 2023 07:39:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png цена на гас Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cena-na-gas/ 32 32 Гасот во Европа најевтин од летото 2021 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gasot-vo-evropa-najevtin-od-letoto-2021-godina/ Tue, 21 Mar 2023 07:20:52 +0000 https://republika.mk/?p=621710

Цената на европскиот природен гас денеска се намали под прагот од 40 евра (43 долари) за мегават час (MWh), што е најниска цена од јули 2021 година.

Како што јави германската агенција ДПА, во утринските часови, индексот на ТТФ берзата во Холандија за договори за испорака за еден месец се намали на 39,65 евра.

Цените на природниот гас драматично се зголемија во текот на минатата година поради руската инвазија врз Украина. Цените достигнаа и повеќе од 300 евра, по долг период кога цените се движеа околу 20 евра за MWh.

Големата зависност од рускиот гас доведе до енергетска криза.

Меѓутоа, во последните месеци цената на природниот гас значително се намали. Една од причините за падот е тоа што складиштата за гас се полни, а времето е потопло од вообичаеното.

Сегашниот страв од потенцијална банкарска криза веројатно ќе ги намали цените, бидејќи финансиските кризи генерално имаат негативно влијание врз економијата, што резултира со помала побарувачка за енергија.

The post Гасот во Европа најевтин од летото 2021 година appeared first on Република.

]]>

Цената на европскиот природен гас денеска се намали под прагот од 40 евра (43 долари) за мегават час (MWh), што е најниска цена од јули 2021 година. Како што јави германската агенција ДПА, во утринските часови, индексот на ТТФ берзата во Холандија за договори за испорака за еден месец се намали на 39,65 евра. Цените на природниот гас драматично се зголемија во текот на минатата година поради руската инвазија врз Украина. Цените достигнаа и повеќе од 300 евра, по долг период кога цените се движеа околу 20 евра за MWh. Големата зависност од рускиот гас доведе до енергетска криза. Меѓутоа, во последните месеци цената на природниот гас значително се намали. Една од причините за падот е тоа што складиштата за гас се полни, а времето е потопло од вообичаеното. Сегашниот страв од потенцијална банкарска криза веројатно ќе ги намали цените, бидејќи финансиските кризи генерално имаат негативно влијание врз економијата, што резултира со помала побарувачка за енергија.

The post Гасот во Европа најевтин од летото 2021 година appeared first on Република.

]]>
Гасот од Мицкоски треба да протече во ноември https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/gasot-od-mickoski-treba-da-proteche-vo-noemvri/ Wed, 19 Oct 2022 11:30:06 +0000 https://republika.mk/?p=563020

Во текот на вчерашниот ден колку што имам информација потпишан е тој ЕФЕТ договор со кои што се тргуваат енергенси на секаде низ Европа, од страна на позицијата и АД ЕСМ, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали има информација дали има напредок со позициите за набавка на енергенси кои што ги предложи ВМРО-ДПМНЕ на владата.

Мицкоски нагласи дека од она што го има како информација е дека компанијата треба да има состанок во петок во АД ЕСМ каде што ќе биде и официјално презентирана понудата, и доколку е се во ред треба да се потпише анекс или индивидуален договор кој што е составен дел на тој ЕФЕТ договор, и врз основа на тоа што ќе биде потпишано, како што рече тој очекува да започне испораката таму некаде од почетокот на ноември, па се до периодот до кога ќе го побара Владата.

Од информациите со кои што располагам има таков состанок во петок, во просториите на АД ЕСМ каде што ќе биде презентирана официјалната понуда од страна на позицијата. Нормално има законски критериуми и правила како функционира правниот систем во Македонија, сепак АД ЕСМ не е приватна сопственост на никое приватно лице, таа е на народот, државна компанија. Компанијата позицијата треба да достави понуда и претпоставувам таму има комисија која што ќе евалуира таа понуда, дали е таа понуда во ред или не. Доколку е во ред не гледам причина уште во петок да биде потпишан тој анекс или индивидуален договор кој што е составен дел на овој ЕФЕТ договор, на овој Рамковен договор, и врз основа на тоа што ќе биде потпишано, очекувам да почне испораката таму некаде од почетокот на ноември, па се до периодот до кога ќе го побара Владата од оваа позиција. Сепак јас тука во деталите не сум учесник, и не ни сакам да сум учесник бидејќи има институции, наше беше да помогнеме како што помогнавме, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски за набавката на мазут потенцираше дека веќе е соопштена понудата од страна на позицијата односно на било кое пристаниште во регионот цената ќе биде берзанската минус 40 долара за тон, што според него е квалитетна понуда бидејќи на тој начин ќе се заштедат околу 10 до 15 милиони евра.

А од позицијата која што требаше да достави понуда за мазут бидејќи имам овластување да го кажам тоа јавно, веќе е соопштена понудата, позицијата дека на било кое пристаниште во регионот цената ќе биде берзанската минус 40 долара за тон. Ако се искалкулира да речеме од Солун или Волос да се донесе во ТЕЦ Неготино, од прилика 20 евра за тон, или од Волос 40 евра за тон, тоа би значело дека некаде во Македонија ќе ја имаме берзанската цена, што е исклучително квалитетна понуда, што е во моментот некаде околу 70, 80, 90 евра во зависност од цената регулирана со Регулаторната комисија за енергетика на мазутот, поевтина. Или ако земеме во предвид дека се бараат 150.000 тона, тоа значи заштеда помеѓу 10 до 15 милиони евра, изјави Мицкоски.

The post Гасот од Мицкоски треба да протече во ноември appeared first on Република.

]]>

Во текот на вчерашниот ден колку што имам информација потпишан е тој ЕФЕТ договор со кои што се тргуваат енергенси на секаде низ Европа, од страна на позицијата и АД ЕСМ, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали има информација дали има напредок со позициите за набавка на енергенси кои што ги предложи ВМРО-ДПМНЕ на владата. Мицкоски нагласи дека од она што го има како информација е дека компанијата треба да има состанок во петок во АД ЕСМ каде што ќе биде и официјално презентирана понудата, и доколку е се во ред треба да се потпише анекс или индивидуален договор кој што е составен дел на тој ЕФЕТ договор, и врз основа на тоа што ќе биде потпишано, како што рече тој очекува да започне испораката таму некаде од почетокот на ноември, па се до периодот до кога ќе го побара Владата.
Од информациите со кои што располагам има таков состанок во петок, во просториите на АД ЕСМ каде што ќе биде презентирана официјалната понуда од страна на позицијата. Нормално има законски критериуми и правила како функционира правниот систем во Македонија, сепак АД ЕСМ не е приватна сопственост на никое приватно лице, таа е на народот, државна компанија. Компанијата позицијата треба да достави понуда и претпоставувам таму има комисија која што ќе евалуира таа понуда, дали е таа понуда во ред или не. Доколку е во ред не гледам причина уште во петок да биде потпишан тој анекс или индивидуален договор кој што е составен дел на овој ЕФЕТ договор, на овој Рамковен договор, и врз основа на тоа што ќе биде потпишано, очекувам да почне испораката таму некаде од почетокот на ноември, па се до периодот до кога ќе го побара Владата од оваа позиција. Сепак јас тука во деталите не сум учесник, и не ни сакам да сум учесник бидејќи има институции, наше беше да помогнеме како што помогнавме, рече Мицкоски.
Претседателот Мицкоски за набавката на мазут потенцираше дека веќе е соопштена понудата од страна на позицијата односно на било кое пристаниште во регионот цената ќе биде берзанската минус 40 долара за тон, што според него е квалитетна понуда бидејќи на тој начин ќе се заштедат околу 10 до 15 милиони евра.
А од позицијата која што требаше да достави понуда за мазут бидејќи имам овластување да го кажам тоа јавно, веќе е соопштена понудата, позицијата дека на било кое пристаниште во регионот цената ќе биде берзанската минус 40 долара за тон. Ако се искалкулира да речеме од Солун или Волос да се донесе во ТЕЦ Неготино, од прилика 20 евра за тон, или од Волос 40 евра за тон, тоа би значело дека некаде во Македонија ќе ја имаме берзанската цена, што е исклучително квалитетна понуда, што е во моментот некаде околу 70, 80, 90 евра во зависност од цената регулирана со Регулаторната комисија за енергетика на мазутот, поевтина. Или ако земеме во предвид дека се бараат 150.000 тона, тоа значи заштеда помеѓу 10 до 15 милиони евра, изјави Мицкоски.

The post Гасот од Мицкоски треба да протече во ноември appeared first on Република.

]]>
Следи огромно поскапување на гасот во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sledi-ogromno-poskapuvanje-na-gasot-vo-bugarija/ Wed, 03 Aug 2022 08:53:51 +0000 https://republika.mk/?p=536345

Бугарска гасна компанија „Булгаргаз“ ја доставила процената за поскапување на природниот гас предлагајќи во август да изнесува 297,89 лева (152,69 евра) по мегават-час (MWh), вели инфомацијата објавена на веб сајтот на компанијата.

Предлогот на „Булгаргаз“ представува покачување од 60 посто во однос на јулската цена од 186,17 лева (95,42 евра) по MWh.

Предложената цена по која „Булгаргаз“ го продава гасот до крајните потрошувачи и субјектитите кои поседуваат дозвола за производство и пренос на топлотната енергија не вклучува акцизи и ДДВ, се напоменува во текстот.

Причина за поскапувањето се високите цени по кои државната компанија го купува горивото.

Како за споредба, цената на европските пазари на гас за испорака во август 2022, надминала 171 евро за MWh, соопштија од „Булгаргаз“.

Регулаторната комисија во секторот за енергија и вода (EVRC) допрва треба да закаже јавна расправа за предлогот на „Булгаргаз“

Цената на гасот во Бугарија за август требала да биде одобрена, но на 21 јули.

Уставниот суд го прогласил за неуставно именувањето на сега веќе бившиот претседател на EVRC, Станислава Тодорова.

Собранието го вратило бившиот шеф Иван Иванов на чело на реголаторното тело за енергетика, се наведува во информацијата.

The post Следи огромно поскапување на гасот во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Бугарска гасна компанија „Булгаргаз“ ја доставила процената за поскапување на природниот гас предлагајќи во август да изнесува 297,89 лева (152,69 евра) по мегават-час (MWh), вели инфомацијата објавена на веб сајтот на компанијата. Предлогот на „Булгаргаз“ представува покачување од 60 посто во однос на јулската цена од 186,17 лева (95,42 евра) по MWh. Предложената цена по која „Булгаргаз“ го продава гасот до крајните потрошувачи и субјектитите кои поседуваат дозвола за производство и пренос на топлотната енергија не вклучува акцизи и ДДВ, се напоменува во текстот. Причина за поскапувањето се високите цени по кои државната компанија го купува горивото.
Како за споредба, цената на европските пазари на гас за испорака во август 2022, надминала 171 евро за MWh, соопштија од „Булгаргаз“.
Регулаторната комисија во секторот за енергија и вода (EVRC) допрва треба да закаже јавна расправа за предлогот на „Булгаргаз“ Цената на гасот во Бугарија за август требала да биде одобрена, но на 21 јули. Уставниот суд го прогласил за неуставно именувањето на сега веќе бившиот претседател на EVRC, Станислава Тодорова. Собранието го вратило бившиот шеф Иван Иванов на чело на реголаторното тело за енергетика, се наведува во информацијата.

The post Следи огромно поскапување на гасот во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Цената на гасот во Европа не престанува да се зголемува https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/cenata-na-gasot-vo-evropa-ne-prestanuva-da-se-zgolemuva/ Thu, 24 Mar 2022 18:58:15 +0000 https://republika.mk/?p=477914

Цената на гасот во Европа денеска се искачи над 1.400 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската платформа ICE.

Априлските испораки на гас се договорени во холандскиот центар ТТФ по цена од 1.430,5 долари за илјада кубни метри, што е 125,99 евра за мегават час, според сегашниот курс евро/долар, пренесува агенцијата Тас с.

Уште еден нагло поскапување на овој извор на енергија во Европа започна во средата, на 23 март, кога рускиот претседател Владимир Путин објави дека Русија одлучила да наплатува само во рубли за извозот на својот гас во „непријателските“ земји.

The post Цената на гасот во Европа не престанува да се зголемува appeared first on Република.

]]>

Цената на гасот во Европа денеска се искачи над 1.400 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската платформа ICE. Априлските испораки на гас се договорени во холандскиот центар ТТФ по цена од 1.430,5 долари за илјада кубни метри, што е 125,99 евра за мегават час, според сегашниот курс евро/долар, пренесува агенцијата Тас с. Уште еден нагло поскапување на овој извор на енергија во Европа започна во средата, на 23 март, кога рускиот претседател Владимир Путин објави дека Русија одлучила да наплатува само во рубли за извозот на својот гас во „непријателските“ земји.

The post Цената на гасот во Европа не престанува да се зголемува appeared first on Република.

]]>
Ова треба да не загрижува: ММФ предупредува дека поради состојбата во Украина ќе има инфлација и зголемена цена на гасот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ova-treba-da-ne-zagrizuva-mmf-predupreduva-deka-poradi-sostojbata-vo-ukraina-kje-ima-inflacija-i-zgolemena-cena-na-gasot/ Wed, 26 Jan 2022 10:29:54 +0000 https://republika.mk/?p=449699

Meѓунродниот монетарен фонд предупредува  дека ескалацијата на конфликтот и потенцијалните западни санкции против Русија заради состојбата во Украина веројатно ќе ги зголемат цените на нафтата и природниот гас и трошоците за енергија за многу земји во светот.

Тоа би значело дека инфлацијата, која и онака е на екстремно високо ниво ширум светот, би можела да остане висока долго време, со што ќе се зголеми ризикот од „зацементирање“ на инфлацијата на многу високо ниво, што би го поттикнало растот на платите и повисоките плати. би значело уште поголема инфлација и би се формирала спирала.

Конфликтот ќе влијае и на руската берза и на руската валута, смета ММФ

Во текот на 2023 година, инфлацијата треба да се намали благодарение на поблагиот пораст на цените на горивата и храната, потенцира ММФ.

The post Ова треба да не загрижува: ММФ предупредува дека поради состојбата во Украина ќе има инфлација и зголемена цена на гасот appeared first on Република.

]]>

Meѓунродниот монетарен фонд предупредува  дека ескалацијата на конфликтот и потенцијалните западни санкции против Русија заради состојбата во Украина веројатно ќе ги зголемат цените на нафтата и природниот гас и трошоците за енергија за многу земји во светот. Тоа би значело дека инфлацијата, која и онака е на екстремно високо ниво ширум светот, би можела да остане висока долго време, со што ќе се зголеми ризикот од „зацементирање“ на инфлацијата на многу високо ниво, што би го поттикнало растот на платите и повисоките плати. би значело уште поголема инфлација и би се формирала спирала. Конфликтот ќе влијае и на руската берза и на руската валута, смета ММФ Во текот на 2023 година, инфлацијата треба да се намали благодарение на поблагиот пораст на цените на горивата и храната, потенцира ММФ.

The post Ова треба да не загрижува: ММФ предупредува дека поради состојбата во Украина ќе има инфлација и зголемена цена на гасот appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Владата својата неспособност да обезбеди евтин гас кога тоа го правеа другите држави сега ја става на товар на граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-vladata-svojata-nesposobnost-da-obezbedi-evtin-gas-koga-toa-go-pravea-drugite-drzavi-sega-ja-stava-na-tovar-na-gragjanite/ Thu, 13 Jan 2022 13:30:44 +0000 https://republika.mk/?p=444161

Доколку владата на Заев и пиунот Ковачевски наместо да се занимава со местење тендери, се потрудеше да обезбеди на меѓународниот пазар како сите влади од регионот и светот да обезбеди евтин гас, македонските компании и граѓани сега немаше да плаќаат најскап гас.

Граѓаните сега плаќаат поскапо парно, затоа што владата не обезбеди ниски цени на гасот, кога тоа го правеа владите на другите држави.

Само за споредба, Србија плаќа гас по цена од 270 евра за кубен метар, Турција 210 евра, Германија 230 евра. Македонија и македонските компании плаќаат цена и до 3 пати поголема од таа што ја плаќаат овие држави и нивните компании, и тоа е само заради неспособноста на СДСМ.

Таа разлика од минимум 500 евра по кубен метар гас повеќе, ако се преговараше на време немаше да биде на терет на народот и буџетот.

Владата на пиунот на Заев, Ковачевски сега својата неспособност ја става на товар на граѓаните, и тие пари наместо за нови инвестиции или гасоводи ќе одат за плаќање на скап гас.

Дополнително пиунот Ковачевски сака да го вовлече градот Скопје во криминал и да го наведе на работи кои не се предвидени согласно закон. Владата да не ги вовлекува општините кои ги остави во долгови, а додека владата набавува луксузен прибор за јадење.

Градот Скопје, ниту општините во градот, или другите општини не се ниту произведувач, ниту дистрибутер на топлинската енергија, тие немаат ниту правен субјект кој може да работи на тоа поле за да може било како да влијаат на цените. Единствено одговорна е владата, и тие таа своја грешка мора да ја признаат и низ еден транспарентен процес во кој ќе бидат вклучени сите чинители да се изнајде трајно решение без граѓаните да го почувствуваат товарот на поскапувањето.

Задоволни сме што Бектеши го послуша и го прифати предлогот на претседателот Мицкоски, кој вклучува ставање во системот за производство на топлинска енергија на енергетскиот потенцијал ТЕ – ТО во време на викендите, зошто овој капацитет сега не работи за време на викендите, така ќе имаме и дополнителна домашна струја, и поголема количина топлинска енергија

The post ВМРО-ДПМНЕ: Владата својата неспособност да обезбеди евтин гас кога тоа го правеа другите држави сега ја става на товар на граѓаните appeared first on Република.