цена на енергија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cena-na-energija/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Feb 2022 19:36:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png цена на енергија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cena-na-energija/ 32 32 Мицотакис: Европа треба да најде заеднички одговор за зголемувањето на цените на енергијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/micotakis-evropa-treba-da-najde-zaednichki-odgovor-za-zgolemuvanjeto-na-cenite-na-energijata/ Wed, 23 Feb 2022 19:52:51 +0000 https://republika.mk/?p=462670

Потребата Европа да најде заеднички одговор за зголемувањето на цените на енергијата и да ги поддржи и потрошувачите и бизнисите, ја истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по средбата со премиерот на Романија Николае Чиука, а истиот став, според грчки владини извори го повторил и за време на состанокот на Европската народна партија.

Мицотакис истакна дека ова прашање ќе го покрене на Самитот на ЕУ за Украина и објасни дека Грција веќе ги преземела сите неопходни мерки за непречено снабдување на земјата со природен гас

Многу е важно на европско ниво да има вонредни мерки за поддршка на европските потрошувачи и на европските компании, бидејќи сите земји денес на еден или на друг начин ги субвенционираат потрошувачите за справување со големите поскапувања на цените на енергијата. Потребен е европски одговор на проблемот со кој се соочуваат сите земји- членки. Секоја има свој начин да се справи со тоа, но за сите земји тоа е проблем кој е исклучително финансиски болен и јас имам намера да го покренам ова прашање на следниот Европски совет - порача Мицотакис по средбата со Чиука.

Тој додаде дека е потребно да се прошират изворите на енергија и во однос на производството и во однос на краткорочното и среднорочното снабдување со гас, намалувајќи ја зависност од Русија.

Од Букурешт, каде што е во еднодневна официјална посета, Мицотакис учествуваше на вонредниот состанок преку видеоконференција на Европската народна партија за ситуацијата во Украина, а според грчки владини извори истакнал дека „не можеме да се прифати историски ревизионизам со употреба на сила“.

Во пресрет на утрешниот специјален состанок на Европскиот совет за Украина, според истите извори, Мицотакис повторил дека Европа мора да најде заеднички одговор на поскапувањето на енергијата, а тоа, како што нагласил, се однесува и на оптоварувањето на домаќинствата и бизнисите и на потребата Европа да не зависи од менувањето на цените на природниот гас и да бара алтернативни извори на енергија.

The post Мицотакис: Европа треба да најде заеднички одговор за зголемувањето на цените на енергијата appeared first on Република.

]]>

Потребата Европа да најде заеднички одговор за зголемувањето на цените на енергијата и да ги поддржи и потрошувачите и бизнисите, ја истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по средбата со премиерот на Романија Николае Чиука, а истиот став, според грчки владини извори го повторил и за време на состанокот на Европската народна партија. Мицотакис истакна дека ова прашање ќе го покрене на Самитот на ЕУ за Украина и објасни дека Грција веќе ги преземела сите неопходни мерки за непречено снабдување на земјата со природен гас
Многу е важно на европско ниво да има вонредни мерки за поддршка на европските потрошувачи и на европските компании, бидејќи сите земји денес на еден или на друг начин ги субвенционираат потрошувачите за справување со големите поскапувања на цените на енергијата. Потребен е европски одговор на проблемот со кој се соочуваат сите земји- членки. Секоја има свој начин да се справи со тоа, но за сите земји тоа е проблем кој е исклучително финансиски болен и јас имам намера да го покренам ова прашање на следниот Европски совет - порача Мицотакис по средбата со Чиука.
Тој додаде дека е потребно да се прошират изворите на енергија и во однос на производството и во однос на краткорочното и среднорочното снабдување со гас, намалувајќи ја зависност од Русија. Од Букурешт, каде што е во еднодневна официјална посета, Мицотакис учествуваше на вонредниот состанок преку видеоконференција на Европската народна партија за ситуацијата во Украина, а според грчки владини извори истакнал дека „не можеме да се прифати историски ревизионизам со употреба на сила“. Во пресрет на утрешниот специјален состанок на Европскиот совет за Украина, според истите извори, Мицотакис повторил дека Европа мора да најде заеднички одговор на поскапувањето на енергијата, а тоа, како што нагласил, се однесува и на оптоварувањето на домаќинствата и бизнисите и на потребата Европа да не зависи од менувањето на цените на природниот гас и да бара алтернативни извори на енергија.

The post Мицотакис: Европа треба да најде заеднички одговор за зголемувањето на цените на енергијата appeared first on Република.

]]>