Цементарница УСЈЕ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cementarnica-usje/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Jan 2023 13:33:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Цементарница УСЈЕ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/cementarnica-usje/ 32 32 Неоснованите напади на УСЈЕ служат за евтини политички поени и не водат кон решенија за загадувањето на воздухот во градот Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/neosnovanite-napadi-na-usje-sluzhat-za-evtini-politichki-poeni-i-ne-vodat-kon-reshenija-za-zagaduvaneto-na-vozduhot-vo-gradot-skopje/ Mon, 16 Jan 2023 13:33:54 +0000 https://republika.mk/?p=597560

Цементанрица УСЈЕ АД Скопје, целосно ги отфрла неоснованите тврдења од страна на граѓанската иницијатива Зелен хуман град. Изнесувањето на неточни и паушални тврдења, не е во интерес на граѓаните и подобрувањето на квалитетот на живот, но служи за стекнување на политички интереси на поединци. Јавно искажаниот збор е одговорност и мора да биде базиран на факти, а не на паушални тврдења чија цел е создавање на лажна слика, на товар на УСЈЕ.

Имајќи предвид дека животната средина е во фокусот на Граѓанската иницијатива Зелен Хуман Град, изненадувачки се паушалните тврдењата кои не се во корелација со законската регулатива, ниту пак со најдобрите практики во областа кои веќе со децении се применуваат во Европската унија и другите развиени земји.

Уште еднаш потенцираме дека вонредната контрола од страна на Државниот инспекторат за животна средина, спроведена на 3.и 4. јануари 2023 година,во присуство и на инспектори од Град Скопје, потврди декаемисиите од производниот процес во Цементарница УСЈЕсе пониски од дозволените гранични вредности.

Производниот процес во Цементарница Усје се одвива во законски определените рамки и според еколошките стандарди, а производството автоматски запира доколку филтрите не работат. На сите релевантни експерти и познавачи на оваа област, овие резултати јасно им укажуваат дека работењето на УСЈЕ е согласно пропишаните параметри и нема корелација помеѓу работата на Цементарницата и квалитетот на амбиентниот воздух во градот.

Согласно А-Интегрираната дозвола УСЈЕ има обврска да известување за емисиите еднаш месечно. И покрај тоа,имајќи го предвид јавниот интерес УСЈЕ, самоиницијативно, последните неколку години, еднаш неделно ги испраќа резултатите од мерењата од  средно-дневните емисии од производниот процес до медиумите. Истите ги објавуваме и на веб страница на компанијата и се на увид на било која заинтересирана страна.

https://www.usje.mk/mk/odrzhlivost/zhivotna-sredina/emisii-vo-vozdukhot/%D1%81%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D1%81%D0%B8%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D1%83%D1%85%D0%BE%D1%82/nedelni-izveshtai/

Во УСЈЕ постои независен 24-часовен мониторинг од германскиот производител SICK, кој е калибриран и контролиран од независни,овластени и акредитиранинадворешни компании. Овој монтиторинг континуирано ги мери емисиите, па оттука независно од тоа дали контролата на надлежните служби е најавена или ненајавена, тоа не влијае на резултатите. Имено, експертите знаат дека производниот процес се одвива во строго определен режим и на него не може да се влијае.

Имајќи превид дека ваша деклариранацел е подигнување на квалитетот на животот, по теркот на развиените градови во Европската Унија, ве упатуваме да ја погледнете регулативата во Унијата, која користењето на алтернативните (нефосилни) горива во одредени индустрии меѓу кои и цементната, е задолжително, а не прашање на избор, во изминатите неколку децении. Резултатот од тоа е почисти градови, помалку отпад на депонии, зачувување на природните лимитирани количини на фосилни горива, како и намалени CO2 емисии.

Компанијата ќе продолжи да работи согласно највисоките стандарди на транспарентен начин.

The post Неоснованите напади на УСЈЕ служат за евтини политички поени и не водат кон решенија за загадувањето на воздухот во градот Скопје appeared first on Република.

]]>

Цементанрица УСЈЕ АД Скопје, целосно ги отфрла неоснованите тврдења од страна на граѓанската иницијатива Зелен хуман град. Изнесувањето на неточни и паушални тврдења, не е во интерес на граѓаните и подобрувањето на квалитетот на живот, но служи за стекнување на политички интереси на поединци. Јавно искажаниот збор е одговорност и мора да биде базиран на факти, а не на паушални тврдења чија цел е создавање на лажна слика, на товар на УСЈЕ. Имајќи предвид дека животната средина е во фокусот на Граѓанската иницијатива Зелен Хуман Град, изненадувачки се паушалните тврдењата кои не се во корелација со законската регулатива, ниту пак со најдобрите практики во областа кои веќе со децении се применуваат во Европската унија и другите развиени земји.
Уште еднаш потенцираме дека вонредната контрола од страна на Државниот инспекторат за животна средина, спроведена на 3.и 4. јануари 2023 година,во присуство и на инспектори од Град Скопје, потврди декаемисиите од производниот процес во Цементарница УСЈЕсе пониски од дозволените гранични вредности. Производниот процес во Цементарница Усје се одвива во законски определените рамки и според еколошките стандарди, а производството автоматски запира доколку филтрите не работат. На сите релевантни експерти и познавачи на оваа област, овие резултати јасно им укажуваат дека работењето на УСЈЕ е согласно пропишаните параметри и нема корелација помеѓу работата на Цементарницата и квалитетот на амбиентниот воздух во градот. Согласно А-Интегрираната дозвола УСЈЕ има обврска да известување за емисиите еднаш месечно. И покрај тоа,имајќи го предвид јавниот интерес УСЈЕ, самоиницијативно, последните неколку години, еднаш неделно ги испраќа резултатите од мерењата од  средно-дневните емисии од производниот процес до медиумите. Истите ги објавуваме и на веб страница на компанијата и се на увид на било која заинтересирана страна. https://www.usje.mk/mk/odrzhlivost/zhivotna-sredina/emisii-vo-vozdukhot/%D1%81%D0%BB%D0%B5%D0%B4%D0%B5%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%B5%D0%BC%D0%B8%D1%81%D0%B8%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D1%83%D1%85%D0%BE%D1%82/nedelni-izveshtai/ Во УСЈЕ постои независен 24-часовен мониторинг од германскиот производител SICK, кој е калибриран и контролиран од независни,овластени и акредитиранинадворешни компании. Овој монтиторинг континуирано ги мери емисиите, па оттука независно од тоа дали контролата на надлежните служби е најавена или ненајавена, тоа не влијае на резултатите. Имено, експертите знаат дека производниот процес се одвива во строго определен режим и на него не може да се влијае. Имајќи превид дека ваша деклариранацел е подигнување на квалитетот на животот, по теркот на развиените градови во Европската Унија, ве упатуваме да ја погледнете регулативата во Унијата, која користењето на алтернативните (нефосилни) горива во одредени индустрии меѓу кои и цементната, е задолжително, а не прашање на избор, во изминатите неколку децении. Резултатот од тоа е почисти градови, помалку отпад на депонии, зачувување на природните лимитирани количини на фосилни горива, како и намалени CO2 емисии. Компанијата ќе продолжи да работи согласно највисоките стандарди на транспарентен начин.

The post Неоснованите напади на УСЈЕ служат за евтини политички поени и не водат кон решенија за загадувањето на воздухот во градот Скопје appeared first on Република.

]]>
Зелен хуман град: Индустријата загадува со помош на институциите https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zelen-human-grad-industrijata-zagaduva-so-pomosh-na-institutsiite/ Mon, 16 Jan 2023 12:54:20 +0000 https://republika.mk/?p=597393

Цементарница УСЈЕ е дел од загадувачката индустрија во Македонија што согорува отпад како „алтернативно гориво“. Неодамна медиумите беа преплавени со апологиите на лобисти од индустријата кои бараат укинување на забраната за увоз на отпад за горење, зашто тоа било единствениот начин за да станат поконкурентни на пазарот.

Активистичките групи кои се членки на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД со години повторуваат дека индустријата во Македонија е крајно неконтролирана и дека не постојат прецизни и објективни податоци за степенот на аерозагадување што го предизвикува. Со последниот „инспекциски надзор“ над УСЈЕ тоа многу пластично се покажа.

Во обид да ја покажат својата „транспарентност“ и „посветеност“, Министерството за животна средина и просторно планирање и Државниот инспекторат за животна средина деновиве објавија низа документи и информации во врска со инспекцискиот надзор спроведен над УСЈЕ во периоди на високо аерозагадување.

Тие документи и информации уште повеќе ги продлабочија сомнежите и ја разоткрија трулоста на системот кој ревносно ги штити големите загадувачи за сметка на јавното здравје.

Ова се фактите кои по спроведената анализа на сите јавно достапни документи и информации досега ги воочи ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД:

  • Вонредниот инспекциски надзор над УСЈЕ беше најавен.
  • Со отпочнувањето прекршочна наместо кривична постапка, инспекторот од Државниот инспекторат за животна средина потенцијално спречил кривичен прогон на УСЈЕ во склад со начелото Ne bis in idem.
  • Инспекторите мереле емисии на само 3 од вкупно 12 оџаци во УСЈЕ. Според закон и А-интегрираната дозвола, тие се обврзани да ги мерат емисиите од сите 12 оџаци.
  • Според А-дозволата, од 12 оџаци, обврската е континуирано (секојдневно) да се мерат емисии на 10 оџаци (2 ротирачки печки, 2 ладилника за клинкер, 4 мелници за цемент и 2 мелници за цврсто гориво), а двапати годишно да се мерат емисиите на 2 оџака (1 парен котел на мазут и 1 парен котел на гас).
  • Никаде не се јавно достапни дневните извештаи од континуирано мерење на 10 оџаци во УСЈЕ, што повторно е неисполнета обврска од дозволата.
  • Никаде не се јавно објавени резултатите од 24-часовното мерење на ПМ10 честици во кругот на фабриката што се реализирало за време на вонредниот надзор.
  • Во објавениот извештај од мерењата спроведени од лабораторијата ЕУРОМАК-КОНТРОЛ недостасува табела со број 7.2.6. Дали таа ги содржи податоците со мерењата на ПМ10 честиците и намерно е испуштена?
  • Во извештајот од ротирачката печка бр. 3 од автоматски мониторинг на 28 декември 2022 г. недостасуваат податоци за дури 10 часа, а според Правилникот за методологијата, начините, постапките, методите и средствата за мерење на емисиите од стационарните извори, член 15 став (2) Вредностите од мерењата на автоматскиот систем ќе се оценуваат врз основа на правилото според кое најмалку две третини од вредностите треба да бидат валидизирани за да се смета мерењето како веродостојно.

Во записниците и извештаите од мерењата се забележани огромни пропусти. УСЈЕ до Државниот инспекторат за животна средина доставува месечни извештаи. Во тие извештаи не може да се видат аномалиите кои се видливи во дневните извештаи. За да бидат веродостојни дневните мерења, во 24 часа мора да постојат податоци од мерења за минимум 16 часа. Ако не постојат мерења за минимум 16 часа, мерењата од тој ден се сметаат за невалидни. За да бидат веродостојни месечните мерења, не смее повеќе од 10 дена да има невалидни мерења. Нејасно е кој и дали воопшто некој ги валидира мерењата на дневна основа. Нејасно е како инспекторот кој го контролирал извештајот од автоматски мониторинг не го оспорил бидејќи тој содржи податоци за само 14 часа?!

Инсистираме Државниот инспекторат за животна средина и Министерството за животна средина и просторно планирање да одговорат на жителите на Скопје колку години и УСЈЕ и останати индустриски капацитети се толерирани и никој не покренал кривични постапки иако сте забележале огромни недостатоци во мерењата како во случајот со последниот спроведен надзор?

Министерот за животна средина и просторно планирање во своето последно гостување во Дневникот на Сител покажа загрижувачко непознавање на состојбите – не знаеше дека вонредниот надзор во УСЈЕ бил најавен; не знае дека и сега има обврска да ги објавува јавно податоците од континуираните мерења, а не да чека нов Закон за индустриски емисии; не знае дека министерството кое го води прво има должност да ги отпочнува кривичните постапки против загадувачи, а не да ја префрла топката кај некои други институции.

Потсетуваме дека директорот на Државниот инспекторат за животна средина на 5 јануари, ден по спроведениот најавен надзор на УСЈЕ, изјави дека фабриките не загадуваат, туку домаќинствата.

Маглата од загаденост во која нѐ држат институциите на системот ќе ја снема кога секој корумпиран службеник ќе го снема од работното место и ќе биде затворен за своите злодела.

Активисти на Граѓанска иницијатива ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД

The post Зелен хуман град: Индустријата загадува со помош на институциите appeared first on Република.

]]>

Цементарница УСЈЕ е дел од загадувачката индустрија во Македонија што согорува отпад како „алтернативно гориво“. Неодамна медиумите беа преплавени со апологиите на лобисти од индустријата кои бараат укинување на забраната за увоз на отпад за горење, зашто тоа било единствениот начин за да станат поконкурентни на пазарот. Активистичките групи кои се членки на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД со години повторуваат дека индустријата во Македонија е крајно неконтролирана и дека не постојат прецизни и објективни податоци за степенот на аерозагадување што го предизвикува. Со последниот „инспекциски надзор“ над УСЈЕ тоа многу пластично се покажа. Во обид да ја покажат својата „транспарентност“ и „посветеност“, Министерството за животна средина и просторно планирање и Државниот инспекторат за животна средина деновиве објавија низа документи и информации во врска со инспекцискиот надзор спроведен над УСЈЕ во периоди на високо аерозагадување. Тие документи и информации уште повеќе ги продлабочија сомнежите и ја разоткрија трулоста на системот кој ревносно ги штити големите загадувачи за сметка на јавното здравје. Ова се фактите кои по спроведената анализа на сите јавно достапни документи и информации досега ги воочи ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД:
  • Вонредниот инспекциски надзор над УСЈЕ беше најавен.
  • Со отпочнувањето прекршочна наместо кривична постапка, инспекторот од Државниот инспекторат за животна средина потенцијално спречил кривичен прогон на УСЈЕ во склад со начелото Ne bis in idem.
  • Инспекторите мереле емисии на само 3 од вкупно 12 оџаци во УСЈЕ. Според закон и А-интегрираната дозвола, тие се обврзани да ги мерат емисиите од сите 12 оџаци.
  • Според А-дозволата, од 12 оџаци, обврската е континуирано (секојдневно) да се мерат емисии на 10 оџаци (2 ротирачки печки, 2 ладилника за клинкер, 4 мелници за цемент и 2 мелници за цврсто гориво), а двапати годишно да се мерат емисиите на 2 оџака (1 парен котел на мазут и 1 парен котел на гас).
  • Никаде не се јавно достапни дневните извештаи од континуирано мерење на 10 оџаци во УСЈЕ, што повторно е неисполнета обврска од дозволата.
  • Никаде не се јавно објавени резултатите од 24-часовното мерење на ПМ10 честици во кругот на фабриката што се реализирало за време на вонредниот надзор.
  • Во објавениот извештај од мерењата спроведени од лабораторијата ЕУРОМАК-КОНТРОЛ недостасува табела со број 7.2.6. Дали таа ги содржи податоците со мерењата на ПМ10 честиците и намерно е испуштена?
  • Во извештајот од ротирачката печка бр. 3 од автоматски мониторинг на 28 декември 2022 г. недостасуваат податоци за дури 10 часа, а според Правилникот за методологијата, начините, постапките, методите и средствата за мерење на емисиите од стационарните извори, член 15 став (2) Вредностите од мерењата на автоматскиот систем ќе се оценуваат врз основа на правилото според кое најмалку две третини од вредностите треба да бидат валидизирани за да се смета мерењето како веродостојно.
Во записниците и извештаите од мерењата се забележани огромни пропусти. УСЈЕ до Државниот инспекторат за животна средина доставува месечни извештаи. Во тие извештаи не може да се видат аномалиите кои се видливи во дневните извештаи. За да бидат веродостојни дневните мерења, во 24 часа мора да постојат податоци од мерења за минимум 16 часа. Ако не постојат мерења за минимум 16 часа, мерењата од тој ден се сметаат за невалидни. За да бидат веродостојни месечните мерења, не смее повеќе од 10 дена да има невалидни мерења. Нејасно е кој и дали воопшто некој ги валидира мерењата на дневна основа. Нејасно е како инспекторот кој го контролирал извештајот од автоматски мониторинг не го оспорил бидејќи тој содржи податоци за само 14 часа?! Инсистираме Државниот инспекторат за животна средина и Министерството за животна средина и просторно планирање да одговорат на жителите на Скопје колку години и УСЈЕ и останати индустриски капацитети се толерирани и никој не покренал кривични постапки иако сте забележале огромни недостатоци во мерењата како во случајот со последниот спроведен надзор? Министерот за животна средина и просторно планирање во своето последно гостување во Дневникот на Сител покажа загрижувачко непознавање на состојбите – не знаеше дека вонредниот надзор во УСЈЕ бил најавен; не знае дека и сега има обврска да ги објавува јавно податоците од континуираните мерења, а не да чека нов Закон за индустриски емисии; не знае дека министерството кое го води прво има должност да ги отпочнува кривичните постапки против загадувачи, а не да ја префрла топката кај некои други институции. Потсетуваме дека директорот на Државниот инспекторат за животна средина на 5 јануари, ден по спроведениот најавен надзор на УСЈЕ, изјави дека фабриките не загадуваат, туку домаќинствата. Маглата од загаденост во која нѐ држат институциите на системот ќе ја снема кога секој корумпиран службеник ќе го снема од работното место и ќе биде затворен за своите злодела. Активисти на Граѓанска иницијатива ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД

The post Зелен хуман град: Индустријата загадува со помош на институциите appeared first on Република.

]]>
Цементарница УСЈЕ: Ги отфрламе неоснованите ставови изнесени во јавноста од страна на Арсовска https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/tsementarnitsa-usje-gi-otfrlame-neosnovanite-stavovi-izneseni-vo-javnosta-od-strana-na-arsovska/ Thu, 12 Jan 2023 14:45:22 +0000 https://republika.mk/?p=596281

Цементарница УСЈЕ реагираше по обвинувањата на градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска дека се измерени огромни пречекорувања на дозволениот испуст на гасови и честици кои го загадуваат и нарушуваат квалитетот на амбиенталниот воздух.

Во продолжение следи соопштението на Цементарница УСЈЕ:

- Во интерес на правилно и точно информирање на јавноста, ги отфрламе неоснованите ставови изнесени во јавноста од страна на градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.

Имено, вонредната контрола од страна на Државниот инспекторат за животна средина, спроведена на 3. и 4. јануари 2023 година, во присуство и на инспектори од Град Скопје, потврди дека емисиите од производниот процес во Цементарница Усје се пониски од дозволените гранични вредности. Производниот процес во Цементарница Усје се одвива во законски определените рамки и според еколошките стандарди.

На прес конференцијата без изнесени и податоци за мерења на 26. и 27. декември 2022 година. Вакви мерења во овие денови во кругот на фабриката воопшто не се направени, па оттука резултатите од нив не можат да се поврзат со УСЈЕ.

Мерењата направени на 3. и 4. јануари 2023 од страна на ДИЖС и инспектори за животна средина на Град Скопје во кругот на Цементарница Усје, уште еднаш потврдуваат дека нема корелација помеѓу работата на Цементарницата и квалитетот на амбиентниот воздух во градот. Резултатите од мерењата на сите емисини точки во процесот потврдуваат дека нема надминување, а концентрацијата на РМ10 честичките во амбиентниот воздух измерена во Цементарница Усје е дури и помала од други мерни места во градот.

Поради енергетската криза и нарушеното снабдување со природен гас, за загревање на просториите се употребува мазут што е дозволен енергенс согласно А-Интегрираната Еколошка дозвола. При оваа вонредна контрола, кај парниот котел, кој не е дел од производниот процес и е исклучиво наменет за загревање на просториите, беше регистрирано отстапување кај еден параметар од мерењата. Компанијата веднаш ќе ги имплементира препораките на инспекторатот и ќе направи замена на енергенсот со природен гас.

Во Усје редовно се вршат независни мерења од страна на акредитирани лабаратории. Резултатите од досега извршените редовни мерења покажаа дека сите емисии, вклучувајќи ги и емисиите во котларата, се под законски дозволените граници. Последното вакво редовно независно мерење е направено на 28.10.2022 година.

Цементарница Усје во континуитет ќе продолжи да ги унапредува сите процеси согласно принципите за транспарентно и одоворно работење, се вели во соопштението.

 

The post Цементарница УСЈЕ: Ги отфрламе неоснованите ставови изнесени во јавноста од страна на Арсовска appeared first on Република.

]]>

Цементарница УСЈЕ реагираше по обвинувањата на градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска дека се измерени огромни пречекорувања на дозволениот испуст на гасови и честици кои го загадуваат и нарушуваат квалитетот на амбиенталниот воздух. Во продолжение следи соопштението на Цементарница УСЈЕ: - Во интерес на правилно и точно информирање на јавноста, ги отфрламе неоснованите ставови изнесени во јавноста од страна на градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска. Имено, вонредната контрола од страна на Државниот инспекторат за животна средина, спроведена на 3. и 4. јануари 2023 година, во присуство и на инспектори од Град Скопје, потврди дека емисиите од производниот процес во Цементарница Усје се пониски од дозволените гранични вредности. Производниот процес во Цементарница Усје се одвива во законски определените рамки и според еколошките стандарди. На прес конференцијата без изнесени и податоци за мерења на 26. и 27. декември 2022 година. Вакви мерења во овие денови во кругот на фабриката воопшто не се направени, па оттука резултатите од нив не можат да се поврзат со УСЈЕ. Мерењата направени на 3. и 4. јануари 2023 од страна на ДИЖС и инспектори за животна средина на Град Скопје во кругот на Цементарница Усје, уште еднаш потврдуваат дека нема корелација помеѓу работата на Цементарницата и квалитетот на амбиентниот воздух во градот. Резултатите од мерењата на сите емисини точки во процесот потврдуваат дека нема надминување, а концентрацијата на РМ10 честичките во амбиентниот воздух измерена во Цементарница Усје е дури и помала од други мерни места во градот. Поради енергетската криза и нарушеното снабдување со природен гас, за загревање на просториите се употребува мазут што е дозволен енергенс согласно А-Интегрираната Еколошка дозвола. При оваа вонредна контрола, кај парниот котел, кој не е дел од производниот процес и е исклучиво наменет за загревање на просториите, беше регистрирано отстапување кај еден параметар од мерењата. Компанијата веднаш ќе ги имплементира препораките на инспекторатот и ќе направи замена на енергенсот со природен гас. Во Усје редовно се вршат независни мерења од страна на акредитирани лабаратории. Резултатите од досега извршените редовни мерења покажаа дека сите емисии, вклучувајќи ги и емисиите во котларата, се под законски дозволените граници. Последното вакво редовно независно мерење е направено на 28.10.2022 година. Цементарница Усје во континуитет ќе продолжи да ги унапредува сите процеси согласно принципите за транспарентно и одоворно работење, се вели во соопштението.  

The post Цементарница УСЈЕ: Ги отфрламе неоснованите ставови изнесени во јавноста од страна на Арсовска appeared first on Република.

]]>
Град Скопје поднесе кривична пријава за Усје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-podnese-krivichna-prijava-za-usje/ Thu, 12 Jan 2023 13:44:18 +0000 https://republika.mk/?p=596241

На иницијатива на Град Скопје во соработка со Министерството за животна средина, изминатиот месец, градот самостојно и во, здружена акција со Министерството изврши мерења на испустот на гасови од работењето на објект од тешка индустрија во општината Кисела Вода, сподели на денешната прес-конференција градоначалничката Данела Арсовска, додавајќи дека се работи за цементарницата „Титан Усје“ од каде при извршените мерења на амбиенталниот воздух во фабриката се забележани големи концентрации на штетни честици кои значително допринесуваат кон нарушување на квалитетот на амбиенталниот воздух на целокупното подрачје на градот Скопје.

Како што соопштуваат од Градот, мерењата се извршени во два наврати, и тоа на 26 и 27 декември минатата година, и 3 и 4 јануари годинава, а во двата наврати измерени се огромни пречекорувања на дозволениот испуст на гасови и честици кои го загадуваат и нарушуваат квалитетот на амбиенталниот воздух.

Конкретно, во месец декември минатата година, измерени се три пати повеќе ПМ10 честички кои се испуштаат во атмосферата, а слични резултати биле добиени и при мерењето кое е извршено на почетокот на овој месец.

Станува збор за испуштање на три пати поголеми количини од дозволените, на метар кубен секој час, вели Арсовска.

Инспектори на градот Скопје во здружена акција со државниот инспекторат при Министерството за животна средина извршија увид на работниот процес во цементарницата при што се забележани сериозни прекршувања спротивни на издадената А интегрирана еколошка лиценца, која ја издава токму Министерството за животна средина. Поточно, при последното мерење, констатирано е драстичнно пречекорување на испустот на штетни честици со што се нарушува квалитетот на амбиенталниот воздух.

Дополнително за загадувањето од котларата за загревање на цементарницата утврдено е дека има надминување на граничните вредности на азотни оксиди NOx при што резултатите од мерењата покажуваат повеќе од двојно поголеми вредности од дозволените 350 милиграми односно покажуваат 711,9 милиграми на метар кубен. Поради ова, како градоначалник на градот Скопје преземав иницијатива за покренување на кривична постапка против цементарницата „Титан Усје“ согласно член 218, член 230 и член 234 од Кривичниот законик, за непридржување кон прописите за заштита и унапредување на животната средина, со што се загадува воздух, почва, вода, во поголем обем и со што се предизвикува опасност за животот и здравјето на луѓето. Граѓаните на градот Скопје недозволиво е да бидат жртви на профитите на неколкумина кои со децении не трујат, обидувајќи се со „донации“ по општините, коруптивно однесување и најразличен вид на влијанија да се амнестираат од одговорноста за загадувањето на животната средина од кое илјадници граѓани страдаат од бројни заболувања. Како градоначалник со тимот во изминатата година работевме на системско решение за интегрирано спречување и контрола на загадувањето и тоа на краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки, рече Арсовска.

Посочи дека краткорочните, или популарно наречените „интервентни“ мерки од страна на градот Скопје се превземаат само по укажување на Министерството за животна средина. По добивање на известување за алармантна состојба од Министерството за животна средина и просторно планирање градот постапува согласно мерките кои се препорачуваат за заштита на амбиенталниот воздух, а во согласност со Законот за заштита на амбиенталниот воздух. Одлука од Град Скопје за превземање на краткорочни мерки следува по добиено известување од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.

На моја иницијатива, додаде таа, а заедно со секторите во градот Скопје, активно работиме и на спроведување на повеќе континуирани мерки за намалување на загадувањето во градот. Во континуитет се чистат дивите депонии, се зголемуваат субвенциите за алтернативен превоз, се воведува ред во јавниот превоз во кој повеќе нема да можат да партиципираат возила кои немаат минимум ЕУРО 4 стандарди со цел намалување нa загадувањето од овие возила.

Согласно Законот за квалитет на амбиентниот воздух Градот Скопје спроведува мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот и заштита на здравјето на граѓаните:

  • Зајакнат инспекциски надзор на инсталациите под надлежност на Град Скопје и правни лица со Б интегрирани еколошки дозволи
  • Интезивна контрола на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата заради контрола на прашина.
  • Зајакната контрола на имателите на одобренија за доставување на стока преку Инспекторатот на Град Скопје. Воедно го повикавме Министерството за внатрешни работи да спроведе засилени контроли на правните субјекти кои поседуваат одобренија за доставување на стоки издадени од страна на Градот Скопје.
  • Им се препорачува на градоначалниците на општините во градот Скопје да ги интензивираат инспекциските надзори над субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла.
  • Министерството за животна средина, Државниот инспекторат за животна средина и општините се повикани да извршат засилени контроли над инсталациите што се под нивни ингеренции.
  • Министерството за внатрешни работи да ги зајакне контролите на почитување на забраната за движење на тешки товарни возила чијашто крајна дестинација не е Градот Скопје и кои ќе се упатуваат да ја користат скопската обиколница, во согласност со поставената сообраќајна сигнализација.
  • Министерството за внатрешни работи да врши зачестени контроли на издувните гасови на возилата кои учествуваат во сообраќајот.
  • За енергенс или при затоплување да не се користат отпадни материјали, прегорено машинсо масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал.
  • Да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и отпадоци, печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот, редовно да се чистат оџаците.

Мерките и препораките за намалување на загадувањето на воздухот се согласно Краткорочниот акционен план за заштита на амбиентниот воздух во град Скопје .

Ги повикуваме ресорните институции во чија примарна надлежност е животната средина Министерството за животната средина и просторно планирање и Државниот инспекторат за животна средина да ги интензивираат активностите во насока на овозможување здрава животна средина и повисок квалитет на амбиентален воздух. Градот Скопје започна со спроведување сет системски и конкретни мерки за справување со загадениот воздух и токму ова е еден од најголемите приоритети на кој ќе работи градската администрација. Овој сет на комплементарни мерки ќе придонесат за обезбедување повисок квалитет на живот за граѓаните и намалување на нивото на загаден воздух, рече Арсовска.

Инаку, во изминатата година, градот Скопје има изречено казни од 12 до 88 илјади евра за правни лица и соодветни казни против физички лица кои се затекнати како неправилно одлагаат отпад и го прекршуваат законот.

Дополнително, сакам да ја информирам јавноста и да констатирам дека за жал со оваа состојба досега никој не се занимавал сериозно. Тука сакам да ја потенцирам потребата од воведување и редовно ажурирање на регистарот на загадувачи. Град Скопје покрај краткорочните мерки, работи и на план за имплементација на среднорочни и долгорочни мерки за заштита на амбиенталниот воздух. Како градоначалник со тимот во изминатата година работевме на системско решение за интегрирано спречување и контрола на загадувањето, при што со анализа и активности на терен детектирани се над 1000 субјекти кои е неопходно да подлежат на интегрирани еколошки дозволи со што примарните извори на загадување од индустријата ќе се ограничат во можноста да се продолжи со истото однесување. Со имплементација на овие среднорочни и долгорочни мерки, кои ќе се спроведуваат во континуитет, ќе се постигне подобување на состојбите, наместо да се делува со краткорочни мерки кои се интервентни и се активираат само кога проблемот е најизразен. Имено, од 2006 година кога со Законот за животна средина е започнат процесоот за интегрирано спречување и контрола на загадување, со што се предвидува и воведување на регистар на загадувачи и контрола на издадени А и Б интегрирани еколошки дозволи, до овој момент во градот Скопје регистирани се само 30 правни лица, иако според анализите кои ги извршивме во изминатата година постојат најмалку 1.000 вакви правни лица кои морале да бидат регистрирани и соодветно контролирани. Оттука најавувам, и едновремено апелирам до сите компании кои имаат обврска според овој закон, во наредните 30 дена да достават елаборати за управување со загадувањето и да аплицираат за Б интегрирана еколошка дозвола. Градот ќе ги превземе сите законски можности и нема да амнестира никој кој ќе биде затекнат дека врши дејност без соодветната еколошка дозвола и со тоа го нарушува квалитетот на животната средина и го загрозува здравјето на скопјани.

За оваа година, согласно најавените мерки, најавуваме засилени контроли и зголемена ефикасност на градскиот инспекторат.

Крајно време е, по три децении, да се стави ред и да се посветиме на тоа сите во Скопје да имаат повисок степен на квалитет на живот, рече Арсовска.

 

The post Град Скопје поднесе кривична пријава за Усје appeared first on Република.

]]>

На иницијатива на Град Скопје во соработка со Министерството за животна средина, изминатиот месец, градот самостојно и во, здружена акција со Министерството изврши мерења на испустот на гасови од работењето на објект од тешка индустрија во општината Кисела Вода, сподели на денешната прес-конференција градоначалничката Данела Арсовска, додавајќи дека се работи за цементарницата „Титан Усје“ од каде при извршените мерења на амбиенталниот воздух во фабриката се забележани големи концентрации на штетни честици кои значително допринесуваат кон нарушување на квалитетот на амбиенталниот воздух на целокупното подрачје на градот Скопје. Како што соопштуваат од Градот, мерењата се извршени во два наврати, и тоа на 26 и 27 декември минатата година, и 3 и 4 јануари годинава, а во двата наврати измерени се огромни пречекорувања на дозволениот испуст на гасови и честици кои го загадуваат и нарушуваат квалитетот на амбиенталниот воздух. Конкретно, во месец декември минатата година, измерени се три пати повеќе ПМ10 честички кои се испуштаат во атмосферата, а слични резултати биле добиени и при мерењето кое е извршено на почетокот на овој месец.
Станува збор за испуштање на три пати поголеми количини од дозволените, на метар кубен секој час, вели Арсовска.
Инспектори на градот Скопје во здружена акција со државниот инспекторат при Министерството за животна средина извршија увид на работниот процес во цементарницата при што се забележани сериозни прекршувања спротивни на издадената А интегрирана еколошка лиценца, која ја издава токму Министерството за животна средина. Поточно, при последното мерење, констатирано е драстичнно пречекорување на испустот на штетни честици со што се нарушува квалитетот на амбиенталниот воздух.
Дополнително за загадувањето од котларата за загревање на цементарницата утврдено е дека има надминување на граничните вредности на азотни оксиди NOx при што резултатите од мерењата покажуваат повеќе од двојно поголеми вредности од дозволените 350 милиграми односно покажуваат 711,9 милиграми на метар кубен. Поради ова, како градоначалник на градот Скопје преземав иницијатива за покренување на кривична постапка против цементарницата „Титан Усје“ согласно член 218, член 230 и член 234 од Кривичниот законик, за непридржување кон прописите за заштита и унапредување на животната средина, со што се загадува воздух, почва, вода, во поголем обем и со што се предизвикува опасност за животот и здравјето на луѓето. Граѓаните на градот Скопје недозволиво е да бидат жртви на профитите на неколкумина кои со децении не трујат, обидувајќи се со „донации“ по општините, коруптивно однесување и најразличен вид на влијанија да се амнестираат од одговорноста за загадувањето на животната средина од кое илјадници граѓани страдаат од бројни заболувања. Како градоначалник со тимот во изминатата година работевме на системско решение за интегрирано спречување и контрола на загадувањето и тоа на краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки, рече Арсовска.
Посочи дека краткорочните, или популарно наречените „интервентни“ мерки од страна на градот Скопје се превземаат само по укажување на Министерството за животна средина. По добивање на известување за алармантна состојба од Министерството за животна средина и просторно планирање градот постапува согласно мерките кои се препорачуваат за заштита на амбиенталниот воздух, а во согласност со Законот за заштита на амбиенталниот воздух. Одлука од Град Скопје за превземање на краткорочни мерки следува по добиено известување од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање. На моја иницијатива, додаде таа, а заедно со секторите во градот Скопје, активно работиме и на спроведување на повеќе континуирани мерки за намалување на загадувањето во градот. Во континуитет се чистат дивите депонии, се зголемуваат субвенциите за алтернативен превоз, се воведува ред во јавниот превоз во кој повеќе нема да можат да партиципираат возила кои немаат минимум ЕУРО 4 стандарди со цел намалување нa загадувањето од овие возила. Согласно Законот за квалитет на амбиентниот воздух Градот Скопје спроведува мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот и заштита на здравјето на граѓаните:
  • Зајакнат инспекциски надзор на инсталациите под надлежност на Град Скопје и правни лица со Б интегрирани еколошки дозволи
  • Интезивна контрола на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата заради контрола на прашина.
  • Зајакната контрола на имателите на одобренија за доставување на стока преку Инспекторатот на Град Скопје. Воедно го повикавме Министерството за внатрешни работи да спроведе засилени контроли на правните субјекти кои поседуваат одобренија за доставување на стоки издадени од страна на Градот Скопје.
  • Им се препорачува на градоначалниците на општините во градот Скопје да ги интензивираат инспекциските надзори над субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла.
  • Министерството за животна средина, Државниот инспекторат за животна средина и општините се повикани да извршат засилени контроли над инсталациите што се под нивни ингеренции.
  • Министерството за внатрешни работи да ги зајакне контролите на почитување на забраната за движење на тешки товарни возила чијашто крајна дестинација не е Градот Скопје и кои ќе се упатуваат да ја користат скопската обиколница, во согласност со поставената сообраќајна сигнализација.
  • Министерството за внатрешни работи да врши зачестени контроли на издувните гасови на возилата кои учествуваат во сообраќајот.
  • За енергенс или при затоплување да не се користат отпадни материјали, прегорено машинсо масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал.
  • Да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и отпадоци, печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот, редовно да се чистат оџаците.
Мерките и препораките за намалување на загадувањето на воздухот се согласно Краткорочниот акционен план за заштита на амбиентниот воздух во град Скопје .
Ги повикуваме ресорните институции во чија примарна надлежност е животната средина Министерството за животната средина и просторно планирање и Државниот инспекторат за животна средина да ги интензивираат активностите во насока на овозможување здрава животна средина и повисок квалитет на амбиентален воздух. Градот Скопје започна со спроведување сет системски и конкретни мерки за справување со загадениот воздух и токму ова е еден од најголемите приоритети на кој ќе работи градската администрација. Овој сет на комплементарни мерки ќе придонесат за обезбедување повисок квалитет на живот за граѓаните и намалување на нивото на загаден воздух, рече Арсовска.
Инаку, во изминатата година, градот Скопје има изречено казни од 12 до 88 илјади евра за правни лица и соодветни казни против физички лица кои се затекнати како неправилно одлагаат отпад и го прекршуваат законот.
Дополнително, сакам да ја информирам јавноста и да констатирам дека за жал со оваа состојба досега никој не се занимавал сериозно. Тука сакам да ја потенцирам потребата од воведување и редовно ажурирање на регистарот на загадувачи. Град Скопје покрај краткорочните мерки, работи и на план за имплементација на среднорочни и долгорочни мерки за заштита на амбиенталниот воздух. Како градоначалник со тимот во изминатата година работевме на системско решение за интегрирано спречување и контрола на загадувањето, при што со анализа и активности на терен детектирани се над 1000 субјекти кои е неопходно да подлежат на интегрирани еколошки дозволи со што примарните извори на загадување од индустријата ќе се ограничат во можноста да се продолжи со истото однесување. Со имплементација на овие среднорочни и долгорочни мерки, кои ќе се спроведуваат во континуитет, ќе се постигне подобување на состојбите, наместо да се делува со краткорочни мерки кои се интервентни и се активираат само кога проблемот е најизразен. Имено, од 2006 година кога со Законот за животна средина е започнат процесоот за интегрирано спречување и контрола на загадување, со што се предвидува и воведување на регистар на загадувачи и контрола на издадени А и Б интегрирани еколошки дозволи, до овој момент во градот Скопје регистирани се само 30 правни лица, иако според анализите кои ги извршивме во изминатата година постојат најмалку 1.000 вакви правни лица кои морале да бидат регистрирани и соодветно контролирани. Оттука најавувам, и едновремено апелирам до сите компании кои имаат обврска според овој закон, во наредните 30 дена да достават елаборати за управување со загадувањето и да аплицираат за Б интегрирана еколошка дозвола. Градот ќе ги превземе сите законски можности и нема да амнестира никој кој ќе биде затекнат дека врши дејност без соодветната еколошка дозвола и со тоа го нарушува квалитетот на животната средина и го загрозува здравјето на скопјани. За оваа година, согласно најавените мерки, најавуваме засилени контроли и зголемена ефикасност на градскиот инспекторат. Крајно време е, по три децении, да се стави ред и да се посветиме на тоа сите во Скопје да имаат повисок степен на квалитет на живот, рече Арсовска.
 

The post Град Скопје поднесе кривична пријава за Усје appeared first on Република.

]]>