Цар Самоил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/car-samoil/ За подобро да се разбереме Thu, 27 Jul 2023 07:26:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Цар Самоил Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/car-samoil/ 32 32 Бугарски навивачи во 19 часот ќе се собираат пред споменикот на Цар Самоил https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/bugarski-navivachi-vo-19-chasot-ke-se-sobiraat-pred-spomenikot-na-tsar-samoil/ Thu, 27 Jul 2023 07:22:54 +0000 https://republika.mk/?p=665725

Навивачите на Левски кои денеска треба да пристигнат во Скопје на мечот против Шкупи најавуваат дека во 19 часот ќе бидат пред споменикот на Самоил, како што нарекуваат големиот бугарски цар.

Тие доаѓањето во центарот на градот го најавија на Фејсбук страницата на клубот со провокација и навредиливи изрази „северни тепачи“ и „е..чи“.

Покажете дека не сте кукавици-повикуваат бугарските навивачи.

Иако навивачите од Софија имаат точни насоки каде да се движат, а тоа не е центарот на градот тие сепак ќе се обидат да дојдат до плоштадот.

Во сево ова зачудува што УЕФА не го прогласи овој натпревар за меч од висок ризик.

https://republika.mk/sport/fudbal/levski-ima-najradikalni-navivachi-timot-od-filmot-treto-poluvreme-doaga-vo-skopje/

The post Бугарски навивачи во 19 часот ќе се собираат пред споменикот на Цар Самоил appeared first on Република.

]]>

Навивачите на Левски кои денеска треба да пристигнат во Скопје на мечот против Шкупи најавуваат дека во 19 часот ќе бидат пред споменикот на Самоил, како што нарекуваат големиот бугарски цар. Тие доаѓањето во центарот на градот го најавија на Фејсбук страницата на клубот со провокација и навредиливи изрази „северни тепачи“ и „е..чи“.
Покажете дека не сте кукавици-повикуваат бугарските навивачи.
Иако навивачите од Софија имаат точни насоки каде да се движат, а тоа не е центарот на градот тие сепак ќе се обидат да дојдат до плоштадот. Во сево ова зачудува што УЕФА не го прогласи овој натпревар за меч од висок ризик. https://republika.mk/sport/fudbal/levski-ima-najradikalni-navivachi-timot-od-filmot-treto-poluvreme-doaga-vo-skopje/  

The post Бугарски навивачи во 19 часот ќе се собираат пред споменикот на Цар Самоил appeared first on Република.

]]>
Германски историчар во 1886 година тврдел дека Самоиловото царство немало ништо заедничко со Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/germanski-istorichar-vo-1886-godina-tvrdel-deka-samoilovoto-tsarstvo-nemalo-nishto-zaednichko-so-bugarija/ Tue, 16 May 2023 10:59:17 +0000 https://republika.mk/?p=641280

Цар Самоил е владетел на голема средновековна држава, којашто поголемиот дел од
современата историска наука ја смета за Бугарско царство со центар во територијата на денешна Република Македонија. Тоа опфаќа значителен дел од земјите и
населението на Балканскиот Полуостров. Цар Самоил и неговата драматична судбина се симбол на заедничката историја, којашто се споделува од двете современи држави
Република Македонија и Република Бугарија.

Заедничката комисија им предлага на двете влади, во духот на потпишаниот двостран
Договор, одбележувањето на цар Самоил да биде знак на споделени вредности и
вистинско добрососедство и пријателство.

Ова е решението за Цар Самоил содржано во Протоколот од првиот состанок на Меѓувладината комисија меѓу Република Македонија и Република Бугарија, како препорака од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања.

Останува нејасно, а веројатно никогаш и нема да се разјасни како тоа членовите на заедничката комисија оцениле дека поголемиот дел од современата историска наука ја смета големата средновековна држава на Цар Самоил за Бугарско царство! Зашто, се чини дека на нашите членови на комисијата, кои повеќе настапуваат како партиски измеќари, отколку како вистински експерти и научници, со ваквото решение им било полесно да го прифатат диктатот на бугарската политика над науката.

А, дека е така потврдува мкд.пресс, кој објави карта на Самоиловото царство од 993 до 1018 година, печатена во Историски атлас од 1886 година на германскиот историчар Јохан Густав Дројзен. Во легендата на картата јасно се гледа дека Самоиловото царство на територијата на денешна Република Македонија е именувано како  Македонско царство на Словените.

Значи, Македонско и Словенско, а во неговите граници ја нема територијата на Бугарија, туку само на Пиринска Македонија.

Новоформираниот секретаријат за помош на членовите на нашата историска комисија сега можат слободно да го бараат историскиот атлас на Дројзен за да видат сите заедно каква глупост треба да внесат во учебниците на македонските ученици.

The post Германски историчар во 1886 година тврдел дека Самоиловото царство немало ништо заедничко со Бугарија appeared first on Република.

]]>

Цар Самоил е владетел на голема средновековна држава, којашто поголемиот дел од современата историска наука ја смета за Бугарско царство со центар во територијата на денешна Република Македонија. Тоа опфаќа значителен дел од земјите и населението на Балканскиот Полуостров. Цар Самоил и неговата драматична судбина се симбол на заедничката историја, којашто се споделува од двете современи држави Република Македонија и Република Бугарија. Заедничката комисија им предлага на двете влади, во духот на потпишаниот двостран Договор, одбележувањето на цар Самоил да биде знак на споделени вредности и вистинско добрососедство и пријателство.
Ова е решението за Цар Самоил содржано во Протоколот од првиот состанок на Меѓувладината комисија меѓу Република Македонија и Република Бугарија, како препорака од Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања. Останува нејасно, а веројатно никогаш и нема да се разјасни како тоа членовите на заедничката комисија оцениле дека поголемиот дел од современата историска наука ја смета големата средновековна држава на Цар Самоил за Бугарско царство! Зашто, се чини дека на нашите членови на комисијата, кои повеќе настапуваат како партиски измеќари, отколку како вистински експерти и научници, со ваквото решение им било полесно да го прифатат диктатот на бугарската политика над науката. А, дека е така потврдува мкд.пресс, кој објави карта на Самоиловото царство од 993 до 1018 година, печатена во Историски атлас од 1886 година на германскиот историчар Јохан Густав Дројзен. Во легендата на картата јасно се гледа дека Самоиловото царство на територијата на денешна Република Македонија е именувано како  Македонско царство на Словените. Значи, Македонско и Словенско, а во неговите граници ја нема територијата на Бугарија, туку само на Пиринска Македонија. Новоформираниот секретаријат за помош на членовите на нашата историска комисија сега можат слободно да го бараат историскиот атлас на Дројзен за да видат сите заедно каква глупост треба да внесат во учебниците на македонските ученици.

The post Германски историчар во 1886 година тврдел дека Самоиловото царство немало ништо заедничко со Бугарија appeared first on Република.

]]>
Пендаровски: Немам намера да одам во Бугарија и да зборувам за Цар Самоил и за историја https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-nemam-namera-da-odam-vo-bugarija-i-da-zboruvam-za-car-samoil-i-za-istorija/ Mon, 03 Oct 2022 18:26:39 +0000 https://republika.mk/?p=556998

Македонскиот претседател Стево Пендаровски гостуваше во „Топ Тема“ на „Телма ТВ“ при што кажа дека нема намера да оди во Бугарија за да разговараат за историја.

Можеме да разговараме за реални теми, но не и за историја. Немам намера да зборувам за Цар Самоил за 10 или 11 век. Немам добиено мандат во 2019 година за да ја враќам мојата земја во 19 век, кажа Пендаровски.

Пендаровски посочи дека реториката меѓу Македонија и Бугарија во последниот период е смирена, а за тоа причина била преговарачката рамка.

The post Пендаровски: Немам намера да одам во Бугарија и да зборувам за Цар Самоил и за историја appeared first on Република.

Да ме викавте за да разговараме за Цар Самоил немаше да дојдам, му рекол Пендаровски на Радев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/da-me-vikavte-za-da-razgovarame-za-car-samoil-nemashe-da-dojdam-mu-rekol-pendarovski-na-radev/ Sat, 01 Oct 2022 16:07:19 +0000 https://republika.mk/?p=556390

Претседателот на државата, Стево Пендаровски во изјава за медиумите по средбата со својот бугарски колега, претседателот Румен Радев оцени дека во изминатите неколку месеци е прилично смирена реториката која доаѓа од Софија кон Скопје и посочи дека тој и Владата се секогаш подготвени да разговараат за актуелни теми од 21. век, а не за историја и прашања од далечното минато.

Тој истакна дека е задоволен што „темата Македонија“ повеќе не доминира во пресрет на бугарските парламентарните избори, закажани за утре.

Можам да забележам дека во изминатите неколку месеци е прилично смирена реториката која доаѓа од Софија кон Скопје во оваа смисла. Моите неколку разговори со претседателот Радев, додуша не на директно или чисто политички теми, го покажуваат истото и го имам истиот тој впечаток. И тоа конечно и му го соопштив на претседателот Радев во првите минути од рагзоворот. Му реков: Претседателе, да ме викавте да дојдам во Софија за да разговарам за Цар Самоил немаше да дојдам никогаш. Бидејќи ме викате за една ваква тема, која е тема на 21 век, не на 10-ти, 15-ти или 19 век. Доаѓам и ќе доаѓам секогаш, 24/7 сум на располагање и јас и Владата за да разговараме за теми за кои не избрале граѓаните и вас и мене и сите нас. Сакам да се вратиме на она што беше пред две години минимум, таа чиста европска агенда и критериуми за влез во Европската унија. Не сакам да разговараме за историја или историјата да доминира што треба да правиме ние што сме бирани во 2019, 2020, 2021, 2022 година, изјави Пендаровски.

За жал, како што додаде претседателот Пендаровски, тоа не не било така во изминатите две години, кога имало или немало избори, кога некои политички субјекти и некои политичари прилично ја користеа „темата Македонија“ за добивање политички поени.

Тој посочи дека ја посетува Бугарија прв пат, во четвртата година од својот мандат, на покана на бугарскиот претседател Румен Радев за да разговараат за енергетската криза во присуство на претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен.

Пендаровски денеска се сретна со својот бугарски колега, Румен Радев и на средбата, како што соопштија од неговиот кабинет било разговарано за за можностите за натамошно унапредување на политичките и економските односи меѓу двете земји, како и за актуелните предизвици од енергетската криза со која се соочува Европа.

The post Да ме викавте за да разговараме за Цар Самоил немаше да дојдам, му рекол Пендаровски на Радев appeared first on Република.

]]>

Претседателот на државата, Стево Пендаровски во изјава за медиумите по средбата со својот бугарски колега, претседателот Румен Радев оцени дека во изминатите неколку месеци е прилично смирена реториката која доаѓа од Софија кон Скопје и посочи дека тој и Владата се секогаш подготвени да разговараат за актуелни теми од 21. век, а не за историја и прашања од далечното минато. Тој истакна дека е задоволен што „темата Македонија“ повеќе не доминира во пресрет на бугарските парламентарните избори, закажани за утре.
Можам да забележам дека во изминатите неколку месеци е прилично смирена реториката која доаѓа од Софија кон Скопје во оваа смисла. Моите неколку разговори со претседателот Радев, додуша не на директно или чисто политички теми, го покажуваат истото и го имам истиот тој впечаток. И тоа конечно и му го соопштив на претседателот Радев во првите минути од рагзоворот. Му реков: Претседателе, да ме викавте да дојдам во Софија за да разговарам за Цар Самоил немаше да дојдам никогаш. Бидејќи ме викате за една ваква тема, која е тема на 21 век, не на 10-ти, 15-ти или 19 век. Доаѓам и ќе доаѓам секогаш, 24/7 сум на располагање и јас и Владата за да разговараме за теми за кои не избрале граѓаните и вас и мене и сите нас. Сакам да се вратиме на она што беше пред две години минимум, таа чиста европска агенда и критериуми за влез во Европската унија. Не сакам да разговараме за историја или историјата да доминира што треба да правиме ние што сме бирани во 2019, 2020, 2021, 2022 година, изјави Пендаровски.
За жал, како што додаде претседателот Пендаровски, тоа не не било така во изминатите две години, кога имало или немало избори, кога некои политички субјекти и некои политичари прилично ја користеа „темата Македонија“ за добивање политички поени. Тој посочи дека ја посетува Бугарија прв пат, во четвртата година од својот мандат, на покана на бугарскиот претседател Румен Радев за да разговараат за енергетската криза во присуство на претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен. Пендаровски денеска се сретна со својот бугарски колега, Румен Радев и на средбата, како што соопштија од неговиот кабинет било разговарано за за можностите за натамошно унапредување на политичките и економските односи меѓу двете земји, како и за актуелните предизвици од енергетската криза со која се соочува Европа.

The post Да ме викавте за да разговараме за Цар Самоил немаше да дојдам, му рекол Пендаровски на Радев appeared first on Република.

]]>
Веќе биле „дадени“: Власта три години глумела дека преговара за Кирил и Методиј и Цар Самоил https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vekje-bile-dadeni-vlasta-tri-godini-glumela-deka-pregovara-za-kiril-i-metodij-i-car-samoil/ Tue, 06 Sep 2022 06:11:34 +0000 https://republika.mk/?p=547794

Oткако вчера беше откриен протоколот на меѓувладината комисија одржан на 10 јуни 2019 година, во делот за политичкиот дел за спроведување на Договорот за добрососедство на кој јасно се гледа дека уште тогаш било договорено дека 24 мај е „Ден на бугарското образование и словенското писмо“ се чини дека истата игра е применета и за Цар Самоил.

Најголем доказ за тоа се текстовите на Наум Кајчев од една и Огнен Вангелов и Љупчо Ристески од друга страна. Првиот е дел од бугарската а другите двајца од македонската комисија.

Ако била согласност уште пред три години за Цар Самоил тогаш на што се должи нивната меѓусебна дебата од јуни и јули 2021 година.

Прво се јави Кајчев со текст насловен како „За обединувањето околу нашата заедничка историја-Цар Самоил erga omnes“. На ова реплицираа Вангелов и Ристевски , исто така со текст насловен како „Обединување околу „историските вистини“ или околу различности“? за веднаш потоа да се јави повторно Кајчев со текст со идентичен наслов како првиот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-ushte-vo-2019-godina-prifatila-deka-24-maj-e-den-na-bugarskoto-obrazovanie-kultura-i-slovensko-pismo/

Од самите наслови произлегуваат и недоразбирањата што ги имале членовите на двете комисии и се потврда дека решението за Цар Самоил не било донесено во 2019 година. Инаку зошто би се водела полемика две години подоцна!?

Конечното решение пак говори дека нашите од комисијата целосно се согласиле со бугарскиот наратив за сите пет историски личности.

The post Веќе биле „дадени“: Власта три години глумела дека преговара за Кирил и Методиј и Цар Самоил appeared first on Република.

]]>

Oткако вчера беше откриен протоколот на меѓувладината комисија одржан на 10 јуни 2019 година, во делот за политичкиот дел за спроведување на Договорот за добрососедство на кој јасно се гледа дека уште тогаш било договорено дека 24 мај е „Ден на бугарското образование и словенското писмо“ се чини дека истата игра е применета и за Цар Самоил. Најголем доказ за тоа се текстовите на Наум Кајчев од една и Огнен Вангелов и Љупчо Ристески од друга страна. Првиот е дел од бугарската а другите двајца од македонската комисија. Ако била согласност уште пред три години за Цар Самоил тогаш на што се должи нивната меѓусебна дебата од јуни и јули 2021 година. Прво се јави Кајчев со текст насловен како „За обединувањето околу нашата заедничка историја-Цар Самоил erga omnes“. На ова реплицираа Вангелов и Ристевски , исто така со текст насловен како „Обединување околу „историските вистини“ или околу различности“? за веднаш потоа да се јави повторно Кајчев со текст со идентичен наслов како првиот. https://republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-ushte-vo-2019-godina-prifatila-deka-24-maj-e-den-na-bugarskoto-obrazovanie-kultura-i-slovensko-pismo/ Од самите наслови произлегуваат и недоразбирањата што ги имале членовите на двете комисии и се потврда дека решението за Цар Самоил не било донесено во 2019 година. Инаку зошто би се водела полемика две години подоцна!? Конечното решение пак говори дека нашите од комисијата целосно се согласиле со бугарскиот наратив за сите пет историски личности.

The post Веќе биле „дадени“: Власта три години глумела дека преговара за Кирил и Методиј и Цар Самоил appeared first on Република.

]]>
Власта уште во 2019 година прифатила дека 24 Мај е Ден на бугарското образование, култура и словенско писмо https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-ushte-vo-2019-godina-prifatila-deka-24-maj-e-den-na-bugarskoto-obrazovanie-kultura-i-slovensko-pismo/ Mon, 05 Sep 2022 13:24:50 +0000 https://republika.mk/?p=547647

Заедничкото Македонско-бугарско чествување на светите браќа Кирил и Методиј во Рим се претвара во гротеска. Ова не само затоа што чинот де се одржува де не се одржува туку пред се заради содржината на образложението и значењето на светите браќа за двете земји и двата народа.

Во првиот протокол на меѓувладината комисија одржан на 10 јуни 2019 година, во делот за политичкиот дел за спроведување на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, што беше потпишан на 1 август 2017 од тогашните премиери Зоран Заев и Бојко Борисов, е наведена и заедничкото чествување на претседателите на двата паралементи Талат Џафери и Цвета Карајанчева. Делува фрапантно како содржината на ова заедничко чествување го поминал филтерот и на владината комисија и на историската комисија па и на Парламентот кој го прифати францускиот предлог.

Во протоколот буквално стои: 23-25 мај 2019 година средба на претседателот на Народното собрание на Бугарија Цвета Карајанчева со претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери во Ваткикан по повод 24 мај Ден на бугарското образование, култура и словенското писмо.

Оваа информација стои на следниот линк на сајтот на Минитерството за надворешни работи.

Домашната јавност досега не беше запознаена со овој детал кој, очигледно одиграл и решавачка улога во ставот на македонскиот дел од комисијата за историја и за учебниците.

Друг многу важен момент е несовпаѓањето на датумите околу постигнатата согласност на комисијата за заедничко чествување на Кирил и Методиј, на светите Климент и Наум и на Цар Самоил. Наспроти тврдењата на власта дека за овие пет личности е постигната согласност уште пред три години,сепак фактите говорат нешт друго.

Иста игра и за Цар Самоил

А најголем доказ за тоа се текстовите на Наум Кајчев од една и Огнен Вангелов и Љупчо Ристески од друга страна. Првиот е дел од бугарската а другите двајца од македонската комисија.

Ако била согласност уште пред три години за Цар Самоил тогаш на што се должи нивната меѓусебна дебата од јуни и јули 2021 година.

Прво се јави Кајчев со текст насловен како „За обединувањето околу нашата заедничка историја-Цар Самоил erga omnes“. На ова реплицираа Вангелов и Ристевски , исто така со текст насловен како „Обединување околу „историските вистини“ или околу различности“? за веднаш потоа да се јави повторно Кајчев со текст со идентичен наслов како првиот.

Од самите наслови произлегуваат и недоразбирањата што ги имале членовите на двете комисии и се потврда дека решението за Цар Самоил не било донесено во 2019 година. Инаку зошто би се водела полемика две години подоцна!?

Конечното решение пак говори дека нашите од комисијата целосно се согласиле со бугарскиот наратив за сите пет историски личности.

The post Власта уште во 2019 година прифатила дека 24 Мај е Ден на бугарското образование, култура и словенско писмо appeared first on Република.

]]>

Заедничкото Македонско-бугарско чествување на светите браќа Кирил и Методиј во Рим се претвара во гротеска. Ова не само затоа што чинот де се одржува де не се одржува туку пред се заради содржината на образложението и значењето на светите браќа за двете земји и двата народа. Во првиот протокол на меѓувладината комисија одржан на 10 јуни 2019 година, во делот за политичкиот дел за спроведување на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, што беше потпишан на 1 август 2017 од тогашните премиери Зоран Заев и Бојко Борисов, е наведена и заедничкото чествување на претседателите на двата паралементи Талат Џафери и Цвета Карајанчева. Делува фрапантно како содржината на ова заедничко чествување го поминал филтерот и на владината комисија и на историската комисија па и на Парламентот кој го прифати францускиот предлог. Во протоколот буквално стои: 23-25 мај 2019 година средба на претседателот на Народното собрание на Бугарија Цвета Карајанчева со претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери во Ваткикан по повод 24 мај Ден на бугарското образование, култура и словенското писмо. Оваа информација стои на следниот линк на сајтот на Минитерството за надворешни работи. Домашната јавност досега не беше запознаена со овој детал кој, очигледно одиграл и решавачка улога во ставот на македонскиот дел од комисијата за историја и за учебниците. Друг многу важен момент е несовпаѓањето на датумите околу постигнатата согласност на комисијата за заедничко чествување на Кирил и Методиј, на светите Климент и Наум и на Цар Самоил. Наспроти тврдењата на власта дека за овие пет личности е постигната согласност уште пред три години,сепак фактите говорат нешт друго.

Иста игра и за Цар Самоил

А најголем доказ за тоа се текстовите на Наум Кајчев од една и Огнен Вангелов и Љупчо Ристески од друга страна. Првиот е дел од бугарската а другите двајца од македонската комисија. Ако била согласност уште пред три години за Цар Самоил тогаш на што се должи нивната меѓусебна дебата од јуни и јули 2021 година. Прво се јави Кајчев со текст насловен како „За обединувањето околу нашата заедничка историја-Цар Самоил erga omnes“. На ова реплицираа Вангелов и Ристевски , исто така со текст насловен како „Обединување околу „историските вистини“ или околу различности“? за веднаш потоа да се јави повторно Кајчев со текст со идентичен наслов како првиот. Од самите наслови произлегуваат и недоразбирањата што ги имале членовите на двете комисии и се потврда дека решението за Цар Самоил не било донесено во 2019 година. Инаку зошто би се водела полемика две години подоцна!? Конечното решение пак говори дека нашите од комисијата целосно се согласиле со бугарскиот наратив за сите пет историски личности.

The post Власта уште во 2019 година прифатила дека 24 Мај е Ден на бугарското образование, култура и словенско писмо appeared first on Република.

]]>
Час по историја од бугарски учебник за Пендаровски: Самоиловата држава е на македонските Словени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/chas-po-istorija-od-bugarski-uchebnik-za-pendarovski-samoilovata-drzava-e-na-makedonskite-sloveni/ Mon, 22 Aug 2022 19:19:58 +0000 https://republika.mk/?p=542992

Скопјанецот Петар Георгиевски - Камиказа со лекција од бугарски учебник по историја му го просветлува видикот на претседателот на државата Стево Пендаровски.

Во објава на Фејсбук Камиказа пишува дека се работи за страница од бугарски учебник, оставнина од таткото на Камиказа.

Еве една од книгите што татко ми, ми ја остави во наследство. Кога сме кај цар Самоил, читај Пендаровски што пишува, на бугарски е… Значи она што Бугарите го учеле од своите учебници, сега треба да доживее пермутација,а?! Ние да прифатиме дека сме Бугари, а Бугарите дека се македонски Славјани?!Тоа ли е?! ИЛИ!!!! Поддршка на великобугарскиот шовинизам???? И да се разбереме, не е ова политка!!!! Ова се факти!!!, пишува Георгиевски на Фејсбук.

The post Час по историја од бугарски учебник за Пендаровски: Самоиловата држава е на македонските Словени appeared first on Република.

]]>

Скопјанецот Петар Георгиевски - Камиказа со лекција од бугарски учебник по историја му го просветлува видикот на претседателот на државата Стево Пендаровски. Во објава на Фејсбук Камиказа пишува дека се работи за страница од бугарски учебник, оставнина од таткото на Камиказа.
Еве една од книгите што татко ми, ми ја остави во наследство. Кога сме кај цар Самоил, читај Пендаровски што пишува, на бугарски е… Значи она што Бугарите го учеле од своите учебници, сега треба да доживее пермутација,а?! Ние да прифатиме дека сме Бугари, а Бугарите дека се македонски Славјани?!Тоа ли е?! ИЛИ!!!! Поддршка на великобугарскиот шовинизам???? И да се разбереме, не е ова политка!!!! Ова се факти!!!, пишува Георгиевски на Фејсбук.

The post Час по историја од бугарски учебник за Пендаровски: Самоиловата држава е на македонските Словени appeared first on Република.

]]>
Цар Самоил е даден за да немаме проблеми со НАТО? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/car-samoil-e-daden-za-da-nemame-problemi-so-nato/ Wed, 17 Aug 2022 15:32:16 +0000 https://republika.mk/?p=541463

Препораките на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија се проблематични од неколку аспекти и како такви ќе предизвикаат бурна реакција во македонското општество, велат неколкумина познавачи на оваа проблематика за „Нова Македонија“.

Според нив, иако препораките треба да бидат врз основа на историските извори и факти, сепак, во нив преовладуваат ставовите на бугарската историографија. Во овој контекст е укажувањето во препораката дека цар Самуил е владетел на голема средновековна држава, која „поголемиот дел од современата историска наука ја смета за Бугарско Царство“ со центар во територијата на денешната македонска држава.

Според информациите до кои дојде весникот, оваа отстапка од македонска страна е направена непосредно пред зачленувањето на Македонија во НАТО, со цел да не настанат компликации околу приемот во оваа воена организација.

Исто така, македонските и бугарските членови на комисијата усогласија препорака за заедничко чествување на Григор Прличев, а тоа беше потврдено и јавно од Драги Ѓоргиев. Меѓутоа подоцна бугарските членови ретерираа од усогласената препорака. Според информациите на „Нова Македонија“, бугарското отстапување од договореното било поради тоа што во препораката се вели дека Григор Прличев бил значаен и за македонската култура.

Целиот текст на „Нова Македонија“

The post Цар Самоил е даден за да немаме проблеми со НАТО? appeared first on Република.

]]>

Препораките на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија се проблематични од неколку аспекти и како такви ќе предизвикаат бурна реакција во македонското општество, велат неколкумина познавачи на оваа проблематика за „Нова Македонија“. Според нив, иако препораките треба да бидат врз основа на историските извори и факти, сепак, во нив преовладуваат ставовите на бугарската историографија. Во овој контекст е укажувањето во препораката дека цар Самуил е владетел на голема средновековна држава, која „поголемиот дел од современата историска наука ја смета за Бугарско Царство“ со центар во територијата на денешната македонска држава. Според информациите до кои дојде весникот, оваа отстапка од македонска страна е направена непосредно пред зачленувањето на Македонија во НАТО, со цел да не настанат компликации околу приемот во оваа воена организација. Исто така, македонските и бугарските членови на комисијата усогласија препорака за заедничко чествување на Григор Прличев, а тоа беше потврдено и јавно од Драги Ѓоргиев. Меѓутоа подоцна бугарските членови ретерираа од усогласената препорака. Според информациите на „Нова Македонија“, бугарското отстапување од договореното било поради тоа што во препораката се вели дека Григор Прличев бил значаен и за македонската култура. Целиот текст на „Нова Македонија“

The post Цар Самоил е даден за да немаме проблеми со НАТО? appeared first on Република.

]]>
Власта се откажа од се што е македонско и прифати дека Цар Самоил дека е бугарски цар, а Кирил и Методиј, Св. Климент и Наум твореле во бугарска држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-se-otkaza-od-se-shto-e-makedonsko-i-prifati-deka-car-samoil-deka-e-bugarski-car-a-kiril-i-metodij-sv-kliment-i-naum-tvorele-vo-bugarska-drzava/ Mon, 15 Aug 2022 14:41:01 +0000 https://republika.mk/?p=540594

ВМРО-ДПМНЕ излезе со коментар за денешното објавување на содржината за неколку историски личности. Оттаму прашуваат кој го намести Дарко Каевски поразот да го прославува како победа, во истиот ден кога се фали СДСМ, демант стигна од Бугарија?

Според препораките Цар Самоил, Св. Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски наместо македонски ќе се чествуваат како заеднички историски личности со Бугарија.Владата и Ковачевски го пробија дното. Има ли кормило во бродот кој тоне?

ВМРО-ДПМНЕ смета дека Владата, Ковачевски, Османи и Маричиќ се откажаа од се што е македонско и прифатија Цар Самоил да е бугарски цар, а Кирли и Методиј, Св. Климент и Наум Охридски твореле во бугарска држава.

Препораките на комисијата се да се менуваат учебниците по историја во Македонија, со ова Ковачевски и СДСМ свесно се откажува од македонската историја и македонскиот идентитет.СДСМ и Ковачевски секој ден вршат национално предавство на македонскиот народ и држава.Наместо да излегуваат на прес конференции и да даваат паушални изјави, и предавството да го претставуваат како победа, веднаш да се охрабрат и да прифатат референдум за народот да може да одлучи.

https://republika.mk/vesti/makedonija/niza-promeni-vo-makedonskite-uchebnici-zaednichko-odbelezuvanje-na-istoriski-lichnosti-ova-se-preporakite-na-makedonsko-bugarskata-megjuvladina-komisija/

The post Власта се откажа од се што е македонско и прифати дека Цар Самоил дека е бугарски цар, а Кирил и Методиј, Св. Климент и Наум твореле во бугарска држава appeared first on Република.

Мицковски: Им го даваме Цар Самоил на Бугарите за да им се отворат очите за фашистичката окупација и депортација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickovski-im-go-davame-car-samoil-na-bugarite-za-da-im-se-otvorat-ochite-za-fashistichkata-okupacija-i-deportacija/ Mon, 15 Aug 2022 14:28:03 +0000 https://republika.mk/?p=540592

Ивор Мицковски на Фејсбук констатира дека од потпишување на протоколот има најмалку 4-5 прекршувања на добрососедските односи, што од сама Бугарија што испровоцирано од нивните петтоколонашки инсталации кои нашите ги оставаат да прават што сакаат.

Значи ако си држава, биди јебана држава, ама мислам дека веќе е касно за таа прича.
Допрва ќе видиме што ќе прават откако ќе ги внесете во Устав, и како ќе си тргнеме на патот кон нефункционална дејтонска Босна.

Тој иронично коментира дека „им го даваме Цар Самоил за да им се отворат очите за фашистичката окупација и депортација“.

The post Мицковски: Им го даваме Цар Самоил на Бугарите за да им се отворат очите за фашистичката окупација и депортација appeared first on Република.

]]>

Ивор Мицковски на Фејсбук констатира дека од потпишување на протоколот има најмалку 4-5 прекршувања на добрососедските односи, што од сама Бугарија што испровоцирано од нивните петтоколонашки инсталации кои нашите ги оставаат да прават што сакаат.
Значи ако си држава, биди јебана држава, ама мислам дека веќе е касно за таа прича. Допрва ќе видиме што ќе прават откако ќе ги внесете во Устав, и како ќе си тргнеме на патот кон нефункционална дејтонска Босна.
Тој иронично коментира дека „им го даваме Цар Самоил за да им се отворат очите за фашистичката окупација и депортација“.

The post Мицковски: Им го даваме Цар Самоил на Бугарите за да им се отворат очите за фашистичката окупација и депортација appeared first on Република.

]]>
Уште една „протоколарна“ сопка се крие од јавноста: Судбината на цар Самоил и св. Кирил и Методиј е содржана во протоколите на историската комисија, а тие не се објавени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ushte-edna-protokolarna-sopka-se-krie-od-javnosta-sudbinata-na-car-samoil-i-sv-kiril-i-metodij-e-sodrzana-vo-protokolite-na-istoriskata-komisija/ Mon, 18 Jul 2022 09:36:42 +0000 https://republika.mk/?p=530561

Зошто на министерот за надворешни работи Бујар Османи му е потеребен еден месец за да ги објави препораките на историската комисија, анализира порталот Пресинг во текстот „Зошто на Бујар Османи му е потребен еден месец за да ги објави препораките на историската комисија?“

Од досега познатите работи, историчарите постигнаа согласност за светите Кирил и Методиј, светите Климент и Наум и цар Самоил, што значи дека, логично, треба да се знае и содржината врз основа на која двете земји заеднички ќе ги чествуваат овие личности. Згора на тоа, македонската страна се обврзала да подготви и достави прелиминарен урнек од лекција за 7 одделение од образовната програма на тема Самоилова држава, во согласност со препораката на Комисијата.

Ако не се знае содржината, на пример, за постигнатата согласност за цар Самоил, тогаш како Владата ќе подготви прелиминарен урнек за лекцијата, прашува Пресинг.

Во јавноста дилема отвора разногласието што го создаваат изјавите дадени во Бугарија и во Македонија. Бидејќи нашата страна рабти затворено, заткулисно и нетранспарентно, извор на информирање (или дензинформирање) на македонската јавност се бугарските медиуми. А според нив, ќе треба да се менува називот на Самоиловата тврдина во Охрид. Од друга страна, коперетседавачот на комисијата од македонска страна, Драги Ѓоргиев, негира дека согласност за цар Самоил.

Малку е веројатно дека комисијата допрва, во рок од само еден месец, ќе треба да постигне согласност за содржината на препораката, што со други зборови значи дека или Османи или Ѓоргиев не ја говорат вистината, коментира Пресинг.

Ништо помалку значајни не се ни другите четири препораки. Зашто, годинава, на пример, премиерите Кирил Петков и Димитар Ковачевски не ги чествуваа заеднички браќата Кирил и Методиј во Рим.

Но, индикативни се две работи.

Прво, најголемата опозициска партија во Бугарија, ГЕРБ на експремиерот Бојко Борисов, официјално побара 24 Мај да биде прогласен за бугарски национален државен празник, наместо досегашниот 3 Март, денот на потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор, што лежи во основата на великобугарските шовинистички ставови.

И второ, Либерално-демократската партија на Горан Милевски во последното соопштение пред гласањето во Собранието за францускиот предлог, побара избор и формирање на нов состав на македонската историска комисија, што значи дека или целосно е изгубена довербата во актуелните членови или дека е оценето дека таа нема соодветен капацитет.

И овој предлог мора максимално сериозно да се земе предвид, зашто непобитен е фактот дека во актуелниот состав нема ниту еден византолог/медијавист! А, периодот на средновековието ниту почнува, ниту завршува со цар Самоил и содржината на препораката за него ќе биде и основа за терминологијата, што ќе се користи и за Охридската архиепископија на чие име се темелат и очекувањата на МПЦ-ОА по укинувањето на шизмата од страна на Вселенската патријаршија.

The post Уште една „протоколарна“ сопка се крие од јавноста: Судбината на цар Самоил и св. Кирил и Методиј е содржана во протоколите на историската комисија, а тие не се објавени appeared first on Република.

]]>

Зошто на министерот за надворешни работи Бујар Османи му е потеребен еден месец за да ги објави препораките на историската комисија, анализира порталот Пресинг во текстот „Зошто на Бујар Османи му е потребен еден месец за да ги објави препораките на историската комисија?“
Од досега познатите работи, историчарите постигнаа согласност за светите Кирил и Методиј, светите Климент и Наум и цар Самоил, што значи дека, логично, треба да се знае и содржината врз основа на која двете земји заеднички ќе ги чествуваат овие личности. Згора на тоа, македонската страна се обврзала да подготви и достави прелиминарен урнек од лекција за 7 одделение од образовната програма на тема Самоилова држава, во согласност со препораката на Комисијата. Ако не се знае содржината, на пример, за постигнатата согласност за цар Самоил, тогаш како Владата ќе подготви прелиминарен урнек за лекцијата, прашува Пресинг.
Во јавноста дилема отвора разногласието што го создаваат изјавите дадени во Бугарија и во Македонија. Бидејќи нашата страна рабти затворено, заткулисно и нетранспарентно, извор на информирање (или дензинформирање) на македонската јавност се бугарските медиуми. А според нив, ќе треба да се менува називот на Самоиловата тврдина во Охрид. Од друга страна, коперетседавачот на комисијата од македонска страна, Драги Ѓоргиев, негира дека согласност за цар Самоил.
Малку е веројатно дека комисијата допрва, во рок од само еден месец, ќе треба да постигне согласност за содржината на препораката, што со други зборови значи дека или Османи или Ѓоргиев не ја говорат вистината, коментира Пресинг.
Ништо помалку значајни не се ни другите четири препораки. Зашто, годинава, на пример, премиерите Кирил Петков и Димитар Ковачевски не ги чествуваа заеднички браќата Кирил и Методиј во Рим. Но, индикативни се две работи.
Прво, најголемата опозициска партија во Бугарија, ГЕРБ на експремиерот Бојко Борисов, официјално побара 24 Мај да биде прогласен за бугарски национален државен празник, наместо досегашниот 3 Март, денот на потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор, што лежи во основата на великобугарските шовинистички ставови. И второ, Либерално-демократската партија на Горан Милевски во последното соопштение пред гласањето во Собранието за францускиот предлог, побара избор и формирање на нов состав на македонската историска комисија, што значи дека или целосно е изгубена довербата во актуелните членови или дека е оценето дека таа нема соодветен капацитет.
И овој предлог мора максимално сериозно да се земе предвид, зашто непобитен е фактот дека во актуелниот состав нема ниту еден византолог/медијавист! А, периодот на средновековието ниту почнува, ниту завршува со цар Самоил и содржината на препораката за него ќе биде и основа за терминологијата, што ќе се користи и за Охридската архиепископија на чие име се темелат и очекувањата на МПЦ-ОА по укинувањето на шизмата од страна на Вселенската патријаршија.

The post Уште една „протоколарна“ сопка се крие од јавноста: Судбината на цар Самоил и св. Кирил и Методиј е содржана во протоколите на историската комисија, а тие не се објавени appeared first on Република.

]]>
Македонскиот тим во историската комисија: Не сме разговарале за натписи на споменици https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskiot-tim-vo-istoriskata-komisija-ne-sme-razgovarale-za-natpisi-na-spomenici/ Thu, 23 Jun 2022 11:07:55 +0000 https://republika.mk/?p=518869

Македонскиот тим во мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, денеска преку соопштение до медиумите тврди дека Комисијата никогаш не разговарала и не усогласувала предлог текстови доставени до владите со цел тие да бидат испишани на споменици, споменични обележја или тврдини.

Во продолжение го пренесуваме во целост текстот на македонскиот тим во мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања:

„Повторно, како и секогаш кога политичките односи меѓу Cеверна Македонија и Бугарија се влошуваат или се наоѓаат пред голем предизвик да се надминат анахроните и апсурдни барања на официјална Софија, работата на Комисијата и членовите од македонска страна е предмет на злоупотреба од страна на најодговорните чинители во двете држави, политичарите (како од власта, така и од опозицијата), стручната јавност, како и од страна на голем дел од медиумите со нивното непрофесионално известување.

Поради големиот број дезинформации и лаги пласирани во јавноста изминативе денови, би сакале да информираме дека:

1. Комисијата никогаш не разговарала и не усогласувала предлог текстови доставени до владите со цел тие да бидат испишани на споменици, споменични обележја или тврдини, како што е тоа наведено во манипулативниот текст на порталот БГНЕС кој речиси сите медиуми во С Македонија го пренесоа без притоа да побараат информации од членовите во Комисијата за да се провери точноста на информацијата и да се консултира нивното мислење во однос на ова прашање. Таквиот начин на информирање нема за цел јавноста да дознае што се случува со работата на Комисијата и да се пренесат погледите на сите страни вклучени во процесот, туку да се злоупотреби нејзината работа за политички цели. Текстовите кои досега се усвоени од страна на Комисијата се предлози до двете влади за заедничко чествување на одредени личности, а не објаснувачки текстови за споменични обележја, споменици и тврдини и тие не смеат да бидат искористени за таа цел. Исто така, крајно неодговорно е овие непроверени и неточни информации во поглед на намената и содржината на усвоените текстови за заедничко чествување од страна на Комисијата, да бидат користени од претставници на политички партии и носители на функции за да собираат политички поени и да создаваат слика за себе како за бранители на националните интереси на сметка на Комисијата која наводно работела во тајност без нивно знаење. Особено кога за нашата работа редовно е информирана јавноста и истите тие политичари се дел од власта и можат или можеле да ги имаат на увид сите усвоени препораки на Комисијата во однос на заедничките чествувања и учебниците по историја. Исто така, уверени сме дека и опозицијата е запозната со сите досегашни решенија на Комисијата и како и власта знае дека во нив нема ништо спорно и ништо со што би се загрозил историскиот идентитет на македонскиот народ и дигнитетот на сите граѓани на С Македонија.

2. Комисијата од македонска страна никогаш не прифатила, ниту пак ќе прифати да биде алатка на политиката или, пак, да работи според политички инструкции со што таа би прераснала во политичко тело за цензура, а не експертско тело кое има за цел да помогне да се надминат споровите за минатото кои се злоупотребуваат за политички цели. Комисијата е формирана врз основа на Договорот за добрососедство и пријателство, но нејзината работа се води според Правилникот кој двете страни заеднички го усвоија на Првата средба на Комисијата во 2018 година и во кој нема ниту еден елемент, ниту една точка, која Комисијата би ја претворила во тело кое ја одредува „историската вистина“. Поради тоа, сакаме да укажеме дека секое нејзино подредување и потчинување на политички потреби на една или друга влада или политичка партија ќе значи и крај на постоењето на Комисијата.

3. Неопходно е професионално и одговорно однесување на сите чинители во општествениот и политички живот со цел да не се манипулира со чувствата на граѓаните, да не се поттикнува несигурност, и уште поважно да не се поттикнуваат поделби внатре во општеството, како и меѓу самиот македонски народ,. Патриотизмот не е и не смее да биде алатка за постигнување лични цели и градење на лични политички кариери кои во нашата кратка историја на независноста не служеле како ништо друго освен како средство за стекнување лична материјална корист.

На крајот, апелираме прашањата кои се однесуваат на работата на комисијата од македонска страна да бидат проверувани со нас, а за прашањата во однос на тоа каква ќе биде улогата на Комисијата во евентуални нови протоколи меѓу двете земји ќе се изјасниме доколку тие бидат официјално усвоени од Владите на С Македонија и Бугарија.

Акад. Драги Ѓоргиев,

Проф. д-р Љупчо Ристески,

Проф. д-р Петар Тодоров,

Проф. д-р Исамедин Азизи,

Доц. д-р Љубица Спасковска,

Доц. д-р Огнен Вангелов.“

The post Македонскиот тим во историската комисија: Не сме разговарале за натписи на споменици appeared first on Република.

]]>

Македонскиот тим во мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, денеска преку соопштение до медиумите тврди дека Комисијата никогаш не разговарала и не усогласувала предлог текстови доставени до владите со цел тие да бидат испишани на споменици, споменични обележја или тврдини. Во продолжение го пренесуваме во целост текстот на македонскиот тим во мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања: „Повторно, како и секогаш кога политичките односи меѓу Cеверна Македонија и Бугарија се влошуваат или се наоѓаат пред голем предизвик да се надминат анахроните и апсурдни барања на официјална Софија, работата на Комисијата и членовите од македонска страна е предмет на злоупотреба од страна на најодговорните чинители во двете држави, политичарите (како од власта, така и од опозицијата), стручната јавност, како и од страна на голем дел од медиумите со нивното непрофесионално известување. Поради големиот број дезинформации и лаги пласирани во јавноста изминативе денови, би сакале да информираме дека: 1. Комисијата никогаш не разговарала и не усогласувала предлог текстови доставени до владите со цел тие да бидат испишани на споменици, споменични обележја или тврдини, како што е тоа наведено во манипулативниот текст на порталот БГНЕС кој речиси сите медиуми во С Македонија го пренесоа без притоа да побараат информации од членовите во Комисијата за да се провери точноста на информацијата и да се консултира нивното мислење во однос на ова прашање. Таквиот начин на информирање нема за цел јавноста да дознае што се случува со работата на Комисијата и да се пренесат погледите на сите страни вклучени во процесот, туку да се злоупотреби нејзината работа за политички цели. Текстовите кои досега се усвоени од страна на Комисијата се предлози до двете влади за заедничко чествување на одредени личности, а не објаснувачки текстови за споменични обележја, споменици и тврдини и тие не смеат да бидат искористени за таа цел. Исто така, крајно неодговорно е овие непроверени и неточни информации во поглед на намената и содржината на усвоените текстови за заедничко чествување од страна на Комисијата, да бидат користени од претставници на политички партии и носители на функции за да собираат политички поени и да создаваат слика за себе како за бранители на националните интереси на сметка на Комисијата која наводно работела во тајност без нивно знаење. Особено кога за нашата работа редовно е информирана јавноста и истите тие политичари се дел од власта и можат или можеле да ги имаат на увид сите усвоени препораки на Комисијата во однос на заедничките чествувања и учебниците по историја. Исто така, уверени сме дека и опозицијата е запозната со сите досегашни решенија на Комисијата и како и власта знае дека во нив нема ништо спорно и ништо со што би се загрозил историскиот идентитет на македонскиот народ и дигнитетот на сите граѓани на С Македонија. 2. Комисијата од македонска страна никогаш не прифатила, ниту пак ќе прифати да биде алатка на политиката или, пак, да работи според политички инструкции со што таа би прераснала во политичко тело за цензура, а не експертско тело кое има за цел да помогне да се надминат споровите за минатото кои се злоупотребуваат за политички цели. Комисијата е формирана врз основа на Договорот за добрососедство и пријателство, но нејзината работа се води според Правилникот кој двете страни заеднички го усвоија на Првата средба на Комисијата во 2018 година и во кој нема ниту еден елемент, ниту една точка, која Комисијата би ја претворила во тело кое ја одредува „историската вистина“. Поради тоа, сакаме да укажеме дека секое нејзино подредување и потчинување на политички потреби на една или друга влада или политичка партија ќе значи и крај на постоењето на Комисијата. 3. Неопходно е професионално и одговорно однесување на сите чинители во општествениот и политички живот со цел да не се манипулира со чувствата на граѓаните, да не се поттикнува несигурност, и уште поважно да не се поттикнуваат поделби внатре во општеството, како и меѓу самиот македонски народ,. Патриотизмот не е и не смее да биде алатка за постигнување лични цели и градење на лични политички кариери кои во нашата кратка историја на независноста не служеле како ништо друго освен како средство за стекнување лична материјална корист. На крајот, апелираме прашањата кои се однесуваат на работата на комисијата од македонска страна да бидат проверувани со нас, а за прашањата во однос на тоа каква ќе биде улогата на Комисијата во евентуални нови протоколи меѓу двете земји ќе се изјасниме доколку тие бидат официјално усвоени од Владите на С Македонија и Бугарија. Акад. Драги Ѓоргиев, Проф. д-р Љупчо Ристески, Проф. д-р Петар Тодоров, Проф. д-р Исамедин Азизи, Доц. д-р Љубица Спасковска, Доц. д-р Огнен Вангелов.“

The post Македонскиот тим во историската комисија: Не сме разговарале за натписи на споменици appeared first on Република.

]]>
Бугарите реaгираат зошто Пендаровски ја прогласи ќерката на Цар Самоил за македонска принцеза https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarite-regiraat-zoshto-pendarovski-kjerkata-na-car-samoil-ja-proslasi-za-makedonska-princeza/ Tue, 19 Apr 2022 09:08:32 +0000 https://republika.mk/?p=490394

Претседателот Пендаровски е на бугарските власти и историчари откако  со неговиот колега Мило Ѓукановиќ, заеднички ја поставија плочата на црногорскиот кнез Владимир и на македонската принцеза Косара на истоимениот плоштад во Бар.

РС Македонија продолжува брутално да ја фалсификува бугарската историја за себични цели на највисоко ниво, Последниот пример за тоа е откривањето на паметник на „македонската“ принцеза Теодора Косара од страна на претседателот Стево Пендаровски во црногорскиот град Бар, пишува Фактор.бг, пренесувајќи ја БГНЕС.

Овој чин на Пендаровски е исклучително чуден на фонот на уверувањата од страна на властите во Скопје дека прават се за почитување на Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, што двете земји го потпишаа во август 2017 година.

Бугарскиот историчар и специјалист за средновековна историја, проф. Пламен Павлов, вели дека принцезата Теодора Косара е ќерка на бугарскиот цар Самоил и сопруга на кнезот на Дукља, Иван Владимир, која тој ја заробува за време на поход, а потоа се жени со неа.

-На прв поглед со еден невин гест-откривање на една споменплоча за љубовта меѓу „ќерката“ на цар Самоил и „црногорскиот“ кнез Иван Владимир-властите во Скопје сакаат да покажат дека во Средниот век има македонско царство и тоа нема ништо заедничко со Бугарија, дека тоа води некаква сопствена надворешна политика, како што тоа денешната РС; се обидува да го прави, изјави за БГНЕС, проф. Павлов.

Тој посочи дека се експлоатира една приказна, која е многу добро позната во средновековието. Таа има одглас далеку надвор од Балканот. Според некои истражувачи, љубовта меѓу Теодора Косара и Иван Владимир има некаков макар и далечен одглас и во пиесата „Бура3 на Вилијам Шекспир, зашто слични приказни биле интересни за луѓето од ренесансата, пишува БГНЕС.

The post Бугарите реaгираат зошто Пендаровски ја прогласи ќерката на Цар Самоил за македонска принцеза appeared first on Република.

]]>

Претседателот Пендаровски е на бугарските власти и историчари откако  со неговиот колега Мило Ѓукановиќ, заеднички ја поставија плочата на црногорскиот кнез Владимир и на македонската принцеза Косара на истоимениот плоштад во Бар.
РС Македонија продолжува брутално да ја фалсификува бугарската историја за себични цели на највисоко ниво, Последниот пример за тоа е откривањето на паметник на „македонската“ принцеза Теодора Косара од страна на претседателот Стево Пендаровски во црногорскиот град Бар, пишува Фактор.бг, пренесувајќи ја БГНЕС.
Овој чин на Пендаровски е исклучително чуден на фонот на уверувањата од страна на властите во Скопје дека прават се за почитување на Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, што двете земји го потпишаа во август 2017 година. Бугарскиот историчар и специјалист за средновековна историја, проф. Пламен Павлов, вели дека принцезата Теодора Косара е ќерка на бугарскиот цар Самоил и сопруга на кнезот на Дукља, Иван Владимир, која тој ја заробува за време на поход, а потоа се жени со неа.
-На прв поглед со еден невин гест-откривање на една споменплоча за љубовта меѓу „ќерката“ на цар Самоил и „црногорскиот“ кнез Иван Владимир-властите во Скопје сакаат да покажат дека во Средниот век има македонско царство и тоа нема ништо заедничко со Бугарија, дека тоа води некаква сопствена надворешна политика, како што тоа денешната РС; се обидува да го прави, изјави за БГНЕС, проф. Павлов.
Тој посочи дека се експлоатира една приказна, која е многу добро позната во средновековието. Таа има одглас далеку надвор од Балканот. Според некои истражувачи, љубовта меѓу Теодора Косара и Иван Владимир има некаков макар и далечен одглас и во пиесата „Бура3 на Вилијам Шекспир, зашто слични приказни биле интересни за луѓето од ренесансата, пишува БГНЕС.

The post Бугарите реaгираат зошто Пендаровски ја прогласи ќерката на Цар Самоил за македонска принцеза appeared first on Република.

]]>
Дали ќерката на Цар Самоил ќе нè скара со Бугарите откако Пендаровски ја нарече македонска принцеза? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-kjerkata-na-car-samoil-kje-ne-skara-so-bugarite-otkako-pendarovski-ja-nareche-makedonska-princeza/ Thu, 14 Apr 2022 07:37:34 +0000 https://republika.mk/?p=488210

Еден графит на споменикот на цар Самоил во центарот на Скопје дека е „Цар на Македонија“ предизвика бура од незадоволство во соседна Софија. Се разбира, во контекст на преговорите на заедничката комисија за прашања од историјата и учебниците, во кои бугарската страна очекува цар Самоил да влезе во македонските учебници за 7 одделение како бугарски цар, наследник на бугарското царство, а за што нашите историчари и политичари, наводно, изразиле подготвеност за прифаќање!?

Но, сега, по посетата на македонскиот претседател Стево Пендаровски на Црна Гора и заедничкото поставување со својот домаќин, црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, на спомен-плочата на кнезот Владимир и принцезата Косара на истоимениот плоштад во Бар се поставува прашањето дали и овој чин ќе предизвика нова хистерична политичка бура во Софија?!, -прашува во анлизата „Пресинг ТВ“.

Зашто, претседателот Пендаровски немаше никакви дилеми и во својот настап принцезата Косара, ќерка на царот Самоил, ја именуваше како македонска принцеза. Ова, пак, има двојно значење. Од една страна, претставува удар врз македонскиот дел од заедничката македонско-бугарска комисија, а од друга, сигурна потврда дека не се консултирал со новопечениот „заслужен академик“ и директор на Институтот за национална историја, Драги Ѓоргиев. Ако го сторел тоа, веројатно ќе му било сугерирано нешто сосема друго. Можеби Косара да биде бугарска или компромисно „северномакедонска“ принцеза! Па, од „бугарски цар, наследник на бугарското царство“, не може да постои македонска принцеза! А, во духот на мултиперспективниот поглед врз историјата „северномакедонска“ би било во „согласност“ со новата реалност.

Ова е само еден поглед врз тоа, што може да биде последица ако се направи некаков трул компромис за отуѓување на делови од македонската историја и личности, без разлика на кои историски периоди им припаѓаат. Што е поважно, од случувањата во Црна Гора најилустративно може да се види апсурдот од работите на такви комисии на кои не се прави ништо друго, освен што политички се лицитира за припадноста на македонската историја и за значајни личности од неа и од македонската култура, традиција и митологија.

Посетата на претседателот Пендаровски на Црна Гора и поставувањето на спомен-плочата на црногорскиот кнез Владимир и македонската принцеза Косара на истоимениот плоштад во Бар покажа дека историските случувања и личности се вистински мост за современо доближување меѓу две држави и два блиски народи, со многу проблеми и сличности во своето егзистирање. А, љубовта е легендарен мотив и предание за историската и културната меморија на двата народа. И дали за да се дојде до ова претседателот Пендаровски можеби требаше да бара дозвола од некого во Бугарија?!

Токму за блискоста и сличностите меѓу двете држави и двата народа, пред десетина дена беше објавена книгата „Македонија и Црна Гора-Културноисториски и книжевнотворечки контекст“ од проф. Илија Велев. Книгата е на црногорски јазик и е заедничко издание на Матица црногорска и на МАНУ, а треба да се појави и на македонски јазик. Во соопштението на Матица црногорска меѓу другото стоеше дека проф.Велев во оваа научна студија на 450 страници тргнува од ставот дека Македонија и Црна Гора, преку историскиот континуитет на Дукља и Зета, со векови цивилизациски и културно проникнуваат. Како дел од Балканот, со низа историски прилики, овие земји и народи живееле со последиците на глобалните културноисториски процеси. Затоа Црна Гора и Македонија имале заедничка историска и културолошка судбина да се наоѓаат во составот на повеќе империи и држави, заклучно со југословенската федерација.

Извор: Пресинг ТВ

The post Дали ќерката на Цар Самоил ќе нè скара со Бугарите откако Пендаровски ја нарече македонска принцеза? appeared first on Република.

]]>

Еден графит на споменикот на цар Самоил во центарот на Скопје дека е „Цар на Македонија“ предизвика бура од незадоволство во соседна Софија. Се разбира, во контекст на преговорите на заедничката комисија за прашања од историјата и учебниците, во кои бугарската страна очекува цар Самоил да влезе во македонските учебници за 7 одделение како бугарски цар, наследник на бугарското царство, а за што нашите историчари и политичари, наводно, изразиле подготвеност за прифаќање!? Но, сега, по посетата на македонскиот претседател Стево Пендаровски на Црна Гора и заедничкото поставување со својот домаќин, црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, на спомен-плочата на кнезот Владимир и принцезата Косара на истоимениот плоштад во Бар се поставува прашањето дали и овој чин ќе предизвика нова хистерична политичка бура во Софија?!, -прашува во анлизата „Пресинг ТВ“.  
Зашто, претседателот Пендаровски немаше никакви дилеми и во својот настап принцезата Косара, ќерка на царот Самоил, ја именуваше како македонска принцеза. Ова, пак, има двојно значење. Од една страна, претставува удар врз македонскиот дел од заедничката македонско-бугарска комисија, а од друга, сигурна потврда дека не се консултирал со новопечениот „заслужен академик“ и директор на Институтот за национална историја, Драги Ѓоргиев. Ако го сторел тоа, веројатно ќе му било сугерирано нешто сосема друго. Можеби Косара да биде бугарска или компромисно „северномакедонска“ принцеза! Па, од „бугарски цар, наследник на бугарското царство“, не може да постои македонска принцеза! А, во духот на мултиперспективниот поглед врз историјата „северномакедонска“ би било во „согласност“ со новата реалност.
Ова е само еден поглед врз тоа, што може да биде последица ако се направи некаков трул компромис за отуѓување на делови од македонската историја и личности, без разлика на кои историски периоди им припаѓаат. Што е поважно, од случувањата во Црна Гора најилустративно може да се види апсурдот од работите на такви комисии на кои не се прави ништо друго, освен што политички се лицитира за припадноста на македонската историја и за значајни личности од неа и од македонската култура, традиција и митологија.
Посетата на претседателот Пендаровски на Црна Гора и поставувањето на спомен-плочата на црногорскиот кнез Владимир и македонската принцеза Косара на истоимениот плоштад во Бар покажа дека историските случувања и личности се вистински мост за современо доближување меѓу две држави и два блиски народи, со многу проблеми и сличности во своето егзистирање. А, љубовта е легендарен мотив и предание за историската и културната меморија на двата народа. И дали за да се дојде до ова претседателот Пендаровски можеби требаше да бара дозвола од некого во Бугарија?! Токму за блискоста и сличностите меѓу двете држави и двата народа, пред десетина дена беше објавена книгата „Македонија и Црна Гора-Културноисториски и книжевнотворечки контекст“ од проф. Илија Велев. Книгата е на црногорски јазик и е заедничко издание на Матица црногорска и на МАНУ, а треба да се појави и на македонски јазик. Во соопштението на Матица црногорска меѓу другото стоеше дека проф.Велев во оваа научна студија на 450 страници тргнува од ставот дека Македонија и Црна Гора, преку историскиот континуитет на Дукља и Зета, со векови цивилизациски и културно проникнуваат. Како дел од Балканот, со низа историски прилики, овие земји и народи живееле со последиците на глобалните културноисториски процеси. Затоа Црна Гора и Македонија имале заедничка историска и културолошка судбина да се наоѓаат во составот на повеќе империи и држави, заклучно со југословенската федерација. Извор: Пресинг ТВ

The post Дали ќерката на Цар Самоил ќе нè скара со Бугарите откако Пендаровски ја нарече македонска принцеза? appeared first on Република.

]]>
Kojа била Косара, ќерката на Цар Самоил чија плоча Пендаровски ќе му ја даде на Ѓукановиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koja-bila-kosara-kjerkata-na-car-samoil-chija-plocha-pendarovski-kje-mu-ja-dade-na-gjukanovikj/ Wed, 13 Apr 2022 08:09:02 +0000 https://republika.mk/?p=487691

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на дводневната официјална посета на Црна Гора, денеска со неговиот домаќин, црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во Бар ќе го посетат спомен обележјето на Владимир и Косара.

Пендаровски ќе му предаде спомен-плоча на Владимир и Косара на црногорскиот претседател Ѓукановиќ, во знак на силното пријателство и културно-историската врска меѓу  Македонија и Црна Гора.

Легендата за трагичната смрт на кнезот Владимир  и принцезата Косара, ќерка на македонскиот цар Самоил се смета за една од најубавите европски легенди. Се случила во 11 век и се темели на вистински и митски настани. Во војната со македонскиот цар кнезот Владимир бил заробен и однесен во Преспа во затвор. Таму го видела самоиловата ќерка Косара која се заљубила во него и побарала од татка си да се омажи за него, а во спротивно ќе скокне во езеро. Набрзо следела венчавка, а двајцата живееле во близина на манастирот Пречиста Краинска на Скадарското Езеро. Подоцна по смртта на Самоил, Владимир бил убиен со измама од неговиот наследник Владислав, а Косара по неговата смрт се повлекла во манастир и се замонашила. После нејзината смрт по нејзина желба била закопана крај нејзиниот сопруг кнез Владимир. Кнезот Владимир поради неговата богоугодност и христијански живот е прогласен за светец. Според православниот календар свети Јован Владимир се одбележува секоја година на 22 мај, а неговиот култ е цврсто втемелен во Бар, каде се смета за заштитник на градот.

The post Kojа била Косара, ќерката на Цар Самоил чија плоча Пендаровски ќе му ја даде на Ѓукановиќ appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на дводневната официјална посета на Црна Гора, денеска со неговиот домаќин, црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во Бар ќе го посетат спомен обележјето на Владимир и Косара. Пендаровски ќе му предаде спомен-плоча на Владимир и Косара на црногорскиот претседател Ѓукановиќ, во знак на силното пријателство и културно-историската врска меѓу  Македонија и Црна Гора. Легендата за трагичната смрт на кнезот Владимир  и принцезата Косара, ќерка на македонскиот цар Самоил се смета за една од најубавите европски легенди. Се случила во 11 век и се темели на вистински и митски настани. Во војната со македонскиот цар кнезот Владимир бил заробен и однесен во Преспа во затвор. Таму го видела самоиловата ќерка Косара која се заљубила во него и побарала од татка си да се омажи за него, а во спротивно ќе скокне во езеро. Набрзо следела венчавка, а двајцата живееле во близина на манастирот Пречиста Краинска на Скадарското Езеро. Подоцна по смртта на Самоил, Владимир бил убиен со измама од неговиот наследник Владислав, а Косара по неговата смрт се повлекла во манастир и се замонашила. После нејзината смрт по нејзина желба била закопана крај нејзиниот сопруг кнез Владимир. Кнезот Владимир поради неговата богоугодност и христијански живот е прогласен за светец. Според православниот календар свети Јован Владимир се одбележува секоја година на 22 мај, а неговиот култ е цврсто втемелен во Бар, каде се смета за заштитник на градот.

The post Kojа била Косара, ќерката на Цар Самоил чија плоча Пендаровски ќе му ја даде на Ѓукановиќ appeared first on Република.

]]>
Не сакавме да објавуваме, но уште во 2019 година е решено заедничко чествување на Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент Охридски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-sakavme-da-objavuvame-no-ushte-vo-2019-godina-e-resheno-zaednichko-chestvuvanje-na-car-samoil-kiril-i-metodij-kliment-ohridski/ Sun, 03 Apr 2022 11:23:45 +0000 https://republika.mk/?p=482578

Македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања е важен елемент во процесот на преговори, бидејќи нејзината задача е да ја задржи дебатата по историски прашања, со цел политичарите, граѓаните и општествата не се занимаваат со тие прашања, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг со медиумите.

Османи посочи дека заклучокот од последната средба на Комисијата во Скопје за позитивна атмосфера и отворен дијалог се однесува на односите меѓу членовите, кога тие пред околу една година не постигнуваа никаков напредок, а средбите се одвиваа без обид да се разберат едни со други, со навреди и без сослушување.

Целта на комисијата не е да објавува резултати, целта е да ја задржи темата научно, да ја елаборира и да ја работи, а постојано да биде конструктивна и политичкиот процес да има доверба во тој инструмент. Мислам дека последниве неколку средби го постигнуваат токму тоа. Гледате дека ние како Влада не зборуваме за историски прашања, тоа е целта – тие да зборуваат. Првата цел е постигната, се сретнуваат често, што е исто така важно и еве двете страни имаме доверба дека почнаа да работат како што треба и нема потреба од наше вмешување, вели Османи.

Министерот истакна и дека позитивните коментари од бугарскиот премиер Кирил Петков немаат никаква разлика од тоа што тој го кажува денеска.

Во 2019 година е решено прашањето за заедничко чествување на Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент Охридски. Овие договори не се објавени, бидејќи чекавме во овој процес на заокружување на политичките прашања да најдеме начин кога и како ќе се објават текстовите, но членовите на Историската комисија од наша страна стојат во одбрана на тоа што го потпишале и го одобриле како текст. Во моментов се зборува дали тие содржини ќе се препорачаат на училиштата за учебниците и сепак оставам Комисијата да ги објасни тие детали, додаде Османи.

Тој заклучи дека се потребни почести средби на македонско-бугарската Комисија и оти во моментов не постои сомнеж кон нејзините членови дека ќе прават компромиси што се надвор од нивните убедувања.

The post Не сакавме да објавуваме, но уште во 2019 година е решено заедничко чествување на Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент Охридски appeared first on Република.

]]>

Македонско-бугарската Комисија за историски и образовни прашања е важен елемент во процесот на преговори, бидејќи нејзината задача е да ја задржи дебатата по историски прашања, со цел политичарите, граѓаните и општествата не се занимаваат со тие прашања, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг со медиумите. Османи посочи дека заклучокот од последната средба на Комисијата во Скопје за позитивна атмосфера и отворен дијалог се однесува на односите меѓу членовите, кога тие пред околу една година не постигнуваа никаков напредок, а средбите се одвиваа без обид да се разберат едни со други, со навреди и без сослушување.
Целта на комисијата не е да објавува резултати, целта е да ја задржи темата научно, да ја елаборира и да ја работи, а постојано да биде конструктивна и политичкиот процес да има доверба во тој инструмент. Мислам дека последниве неколку средби го постигнуваат токму тоа. Гледате дека ние како Влада не зборуваме за историски прашања, тоа е целта – тие да зборуваат. Првата цел е постигната, се сретнуваат често, што е исто така важно и еве двете страни имаме доверба дека почнаа да работат како што треба и нема потреба од наше вмешување, вели Османи.
Министерот истакна и дека позитивните коментари од бугарскиот премиер Кирил Петков немаат никаква разлика од тоа што тој го кажува денеска.
Во 2019 година е решено прашањето за заедничко чествување на Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент Охридски. Овие договори не се објавени, бидејќи чекавме во овој процес на заокружување на политичките прашања да најдеме начин кога и како ќе се објават текстовите, но членовите на Историската комисија од наша страна стојат во одбрана на тоа што го потпишале и го одобриле како текст. Во моментов се зборува дали тие содржини ќе се препорачаат на училиштата за учебниците и сепак оставам Комисијата да ги објасни тие детали, додаде Османи.
Тој заклучи дека се потребни почести средби на македонско-бугарската Комисија и оти во моментов не постои сомнеж кон нејзините членови дека ќе прават компромиси што се надвор од нивните убедувања.

The post Не сакавме да објавуваме, но уште во 2019 година е решено заедничко чествување на Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент Охридски appeared first on Република.

]]>
Кој е новиот момент за Цар Самоил за кој ликува и слави бугарската страна? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koj-e-noviot-moment-za-car-samoil-za-koj-likuva-i-slavi-bugarskata-strana/ Sat, 02 Apr 2022 07:08:24 +0000 https://republika.mk/?p=482199

Целосен молк од страна на владата и администраторот Ковачевски за преговорите со Бугарија и Кирил Петков во врска со историската комисија, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ, прашувајќи што е сè завршено, како што соопштија од бугарската страна во комисијата и кој е новиот момент во преговорите во оваа комисија.

Сите информации кои доаѓаат до македонската јавност се од страна на бугарската влада или комисија. Вчера можевме да видиме целосен триумфализам од страна на бугарската страна во историската комисија во врска со историската личност, Цар Самоил. Додека има триумфализам во Бугарија, владата на Ковачевски соопштува дека состанокот на мешовитата комисија поминал во одлична атмосфера, без никакви информации кои македонската јавност ги бара. Се уште нема одговори од македонската влада за што уште се преговара и кој е исходот од овие преговори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека молкот отвора огромен сомнеж дека се водат преговори кои се штета на Македонија, македонскиот народ и македонските национални интереси.

Каков договор се спрема и зошто се уште Ковачевски молчи? Ковачевски и Османи се должни веднаш да и соопштат на македонската јавност и пред пратениците да реферираат за текот на преговорите и кои се следните чекори. Преговорите мора да бидат транспарентни и јавноста мора да биде информирана, велат од партијата.

The post Кој е новиот момент за Цар Самоил за кој ликува и слави бугарската страна? appeared first on Република.

„Темата за Цар Самоил е завршена работа“ велат од бугарската комисија, задоволни што „има чекори напред“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/temata-za-car-samoil-e-zavrshena-rabota-velat-od-bugarskata-komisija-zadovolni-shto-ima-chekori-napred/ Fri, 01 Apr 2022 11:57:55 +0000 https://republika.mk/?p=481936

Има напредок во работата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, изјавија дел од бугарските историчари пред денешната рунда разговори со нивните македонски колеги во Скопје.

Состанокот досега поминува добро. Се уште не сме ја завршиле работата, но засега е добро. Има чекори напред, одговорија кусо членови на бугарскиот дел од комисијата пред денешната средба, којашто е втора од предвидените пет за оваа година.

Копретседавачот на бугарскиот дел на Комисијата Ангел Димитров, прашан дали имало напредок на вчерашниот состанок, не даде детали. – Кога ќе стигнеме до крајот, тогаш ќе ви кажеме. Сега не. Има чекори напред, тоа може да се утврди, одговори кусо Димитров.

Тие потврдија и дека темата за Цар Самоил е завршена работа и оти е договорено негово заедничко чествување, додека пак, темата за Гоце Делчев се уште не е на дневен ред и за неа ќе се расправа само доколку се најде време на денешниот ден од состанокот.

По денешната средба историчарите ќе информираат за кои други историски личности е постигнат напредок.

Копретседавачот од македонска страна во заедничката македонско-бугарска Комисија, Драги Ѓоргиев во вторникот за МИА изјави дека работата на Комисијата се одвива во позитивна атмосфера и доколку така продолжи, според него, ќе дојде до приближување на ставовите.

Во однос на прашањето за Гоце Делчев, кое се дискутира од аспект на заедничкото чествување, Ѓорѓиев за МИА вели дека тоа ќе се отвори на овој состанок, доколу остане време.

Бугарскиот премиер Кирил Петков вчера го повтори ставот дека очекува во најскоро време заедничката историска комисија на Македонија и Бугарија да излезе со резултати.

Колку што сум информиран, напредокот е огромен. Се радувам, дека кога од двете страни има дух да работиме заедно, се постигнуваат успеси, рече Петков пред новинарите за време на посетата на Благоевград.

The post „Темата за Цар Самоил е завршена работа“ велат од бугарската комисија, задоволни што „има чекори напред“ appeared first on Република.

]]>

Има напредок во работата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, изјавија дел од бугарските историчари пред денешната рунда разговори со нивните македонски колеги во Скопје.
Состанокот досега поминува добро. Се уште не сме ја завршиле работата, но засега е добро. Има чекори напред, одговорија кусо членови на бугарскиот дел од комисијата пред денешната средба, којашто е втора од предвидените пет за оваа година.
Копретседавачот на бугарскиот дел на Комисијата Ангел Димитров, прашан дали имало напредок на вчерашниот состанок, не даде детали. – Кога ќе стигнеме до крајот, тогаш ќе ви кажеме. Сега не. Има чекори напред, тоа може да се утврди, одговори кусо Димитров. Тие потврдија и дека темата за Цар Самоил е завршена работа и оти е договорено негово заедничко чествување, додека пак, темата за Гоце Делчев се уште не е на дневен ред и за неа ќе се расправа само доколку се најде време на денешниот ден од состанокот. По денешната средба историчарите ќе информираат за кои други историски личности е постигнат напредок. Копретседавачот од македонска страна во заедничката македонско-бугарска Комисија, Драги Ѓоргиев во вторникот за МИА изјави дека работата на Комисијата се одвива во позитивна атмосфера и доколку така продолжи, според него, ќе дојде до приближување на ставовите. Во однос на прашањето за Гоце Делчев, кое се дискутира од аспект на заедничкото чествување, Ѓорѓиев за МИА вели дека тоа ќе се отвори на овој состанок, доколу остане време. Бугарскиот премиер Кирил Петков вчера го повтори ставот дека очекува во најскоро време заедничката историска комисија на Македонија и Бугарија да излезе со резултати.
Колку што сум информиран, напредокот е огромен. Се радувам, дека кога од двете страни има дух да работиме заедно, се постигнуваат успеси, рече Петков пред новинарите за време на посетата на Благоевград.

The post „Темата за Цар Самоил е завршена работа“ велат од бугарската комисија, задоволни што „има чекори напред“ appeared first on Република.

]]>
До петок ќе ги „решат“ Цар Самоил и средновековниот период? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/do-petok-kje-gi-reshat-car-samoil-i-srednovekovniot-period/ Tue, 29 Mar 2022 10:25:22 +0000 https://republika.mk/?p=480261

Разликата од претходно во работата на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања е што работата се одвива во многу поконструктивна и позитивна атмосфера, што дава прогноза дека навистина брзо може да се дојде до усогласување и препораки за цар Самоил и за средновековниот период, вели Драги Ѓоргиев, копретседавач од македонска страна во македонско-бугарската комисија. Тој вели дека уште нема постигнат конкретен заклучок за чевствување на одредени историски личности, како што вчера во Софија најави бугарскиот премиер Кирил Петков, но, атмосферата во Комисијата наведува на оптимизам.

Конструктивната атмосфера остава простор дека можеби ќе усогласиме заклучоци за средновековниот период и за цар Самоил на следната средба што ќе се одржи во живо овој четврток и петок во Скопје, кои потоа ќе бидат препорачана содржина за учебниците по историја. На дневен ред е и Гоце Делчев, за кој на минатата средба во февруари само ја почнавме малку дискусијата и сега ќе ја продолжиме. На дневен ред се и некои технички работи како усогласување на записниците од претходните средби, вели Ѓоргиев за „Слободен печат“.

Тој објаснува дека кога ќе ги усогласат заклучоците за цар Самоил и за средновековието, потоа треба да бидат усвоени од македонската и од бугарската влада, а кога ќе се прават нови учебници што ја покриваат оваа наставна материја, идните автори ќе треба да ги земат в предвид препораките и заклучоците од Владата и од Комисијата.

Бугарскиот премиер Кирил Петков вчера во Софија на заедничка прес-конференција со премиерите на Македонија, Црна Гора и Романија, Димитар Ковачевски, Здравко Кривокапиќ и Николае Чука рече дека од Историската комисија го известиле дека е постигнат напредок за важни историски личности на многу конструктивен и реалистичен начин кој отвара можност за надминување на разликите и за забрзување на преговорите меѓу Софија и Скопје.

The post До петок ќе ги „решат“ Цар Самоил и средновековниот период? appeared first on Република.

]]>

Разликата од претходно во работата на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања е што работата се одвива во многу поконструктивна и позитивна атмосфера, што дава прогноза дека навистина брзо може да се дојде до усогласување и препораки за цар Самоил и за средновековниот период, вели Драги Ѓоргиев, копретседавач од македонска страна во македонско-бугарската комисија. Тој вели дека уште нема постигнат конкретен заклучок за чевствување на одредени историски личности, како што вчера во Софија најави бугарскиот премиер Кирил Петков, но, атмосферата во Комисијата наведува на оптимизам.
Конструктивната атмосфера остава простор дека можеби ќе усогласиме заклучоци за средновековниот период и за цар Самоил на следната средба што ќе се одржи во живо овој четврток и петок во Скопје, кои потоа ќе бидат препорачана содржина за учебниците по историја. На дневен ред е и Гоце Делчев, за кој на минатата средба во февруари само ја почнавме малку дискусијата и сега ќе ја продолжиме. На дневен ред се и некои технички работи како усогласување на записниците од претходните средби, вели Ѓоргиев за „Слободен печат“.
Тој објаснува дека кога ќе ги усогласат заклучоците за цар Самоил и за средновековието, потоа треба да бидат усвоени од македонската и од бугарската влада, а кога ќе се прават нови учебници што ја покриваат оваа наставна материја, идните автори ќе треба да ги земат в предвид препораките и заклучоците од Владата и од Комисијата. Бугарскиот премиер Кирил Петков вчера во Софија на заедничка прес-конференција со премиерите на Македонија, Црна Гора и Романија, Димитар Ковачевски, Здравко Кривокапиќ и Николае Чука рече дека од Историската комисија го известиле дека е постигнат напредок за важни историски личности на многу конструктивен и реалистичен начин кој отвара можност за надминување на разликите и за забрзување на преговорите меѓу Софија и Скопје.

The post До петок ќе ги „решат“ Цар Самоил и средновековниот период? appeared first on Република.

]]>
Ново барање од Софија: Бугарите бараат секаде да стои дека Цар Самоил е бугарски владeтел https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novo-baranje-od-sofija-bugarite-baraat-sekade-da-stoi-deka-car-samoil-e-bugarski-vladatel/ Thu, 24 Feb 2022 09:44:01 +0000 https://republika.mk/?p=462948

Денеска и утре во Софија ќе се одржи нова средба на македонско-бугарската Заедничка комисија за прашања од историјата и за учебниците. По се изгледа, членовите на македонскиот дел од комисијата во Бугарија заминале преку Куманово и Крива Паланка и не можеле да ги искористат услугите на новата авио-линија, зашто таа официјално треба да почне да функционира многу скоро, анализира „Пресинг ТВ.

По неуспешната последна, 16-та средба, во Скопје, во декември лани, веќе стана неизвесно и за каков дневен ред ќе дискутираат членовите на Комисијата. Како што тогаш соопштија нашите претставници, тие не успеале да ги надминат разликите во пристапот и разбирањето на улогата на историјата и историското образование во современите општества и градењето на одбри односи ослободени од политизирање на историјата.

Од тоа што до сега е познато, Комисијата успеала да постигне согласност за светите Кирил и Методиј, како и за светите Климент и Наум, но и натаму е неизвесно дали по првичните позитивни резултати, од дневен ред конечно е симнат и цар Самоил. Зашто, неговото име се наоѓа де меѓу решените, де меѓу не решените личности. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во еден од настапите пред медиумите го вброи меѓу они личности за кои е веќе постигната согласност.

До сега, за ниту една личност не е објавен протоколот од кој ќе може да се види содржината и формулацијата, што ќе се користи и во учебниците и во историјата. Оттука, и дилемата, на пример, како ќе се учи и чествува цар Самоил?

Првиот човек на бугарскиот дел од Комисијата, Ангел Димитров, неодамна, во интервју за софиски „Труд“, одговарајќи на новинарско прашање да објасно на што се должат споровите за цар Самоил изјави:

-Да, во протоколот се велеше дека тој е бугарски владетел, продолжувач на бугарската царска традиција. Кога подоцна стана збор тоа да биде ставено во учебниците, нашите колеги избегаа од таа определба-тоа не било за учебниците, туку само за политичка употреба. Тие двојни стандарди се одраз на една нивна методологија.

Од друга страна, во декември 2020 година, значи пред две години, првиот човек на македонскиот дел од Комисијата, Драги Ѓоргиев, кога станува збор за цар Самоил изјави:

-Од наша страна, понудивме при претставувањето на цар Самоил во учебниците, учениците да имаат две перспективи на таа Самоилова држава: дека е наследник на средновековното Бугарско царство, но и дека има тези дека е независно царство. Од бугарска страна се инсистираше да биде само царство кое ја наследува традицијата на првото Бугарско царство. Тука заглавивме, тие инсистираа само на нивното гледање.

Што се изменило во меѓувреме, кога е постигната согласност и која е точната формулација за цар Самоил, како што тврди министерот Османи, се уште е непознато. Ќе имаме цар Самоил за учебници, за политичка употреба или и за учебници и за политичка употреба?!-прашува во анализата „Пресинг ТВ“.

The post Ново барање од Софија: Бугарите бараат секаде да стои дека Цар Самоил е бугарски владeтел appeared first on Република.

]]>

Денеска и утре во Софија ќе се одржи нова средба на македонско-бугарската Заедничка комисија за прашања од историјата и за учебниците. По се изгледа, членовите на македонскиот дел од комисијата во Бугарија заминале преку Куманово и Крива Паланка и не можеле да ги искористат услугите на новата авио-линија, зашто таа официјално треба да почне да функционира многу скоро, анализира „Пресинг ТВ. По неуспешната последна, 16-та средба, во Скопје, во декември лани, веќе стана неизвесно и за каков дневен ред ќе дискутираат членовите на Комисијата. Како што тогаш соопштија нашите претставници, тие не успеале да ги надминат разликите во пристапот и разбирањето на улогата на историјата и историското образование во современите општества и градењето на одбри односи ослободени од политизирање на историјата. Од тоа што до сега е познато, Комисијата успеала да постигне согласност за светите Кирил и Методиј, како и за светите Климент и Наум, но и натаму е неизвесно дали по првичните позитивни резултати, од дневен ред конечно е симнат и цар Самоил. Зашто, неговото име се наоѓа де меѓу решените, де меѓу не решените личности. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во еден од настапите пред медиумите го вброи меѓу они личности за кои е веќе постигната согласност. До сега, за ниту една личност не е објавен протоколот од кој ќе може да се види содржината и формулацијата, што ќе се користи и во учебниците и во историјата. Оттука, и дилемата, на пример, како ќе се учи и чествува цар Самоил? Првиот човек на бугарскиот дел од Комисијата, Ангел Димитров, неодамна, во интервју за софиски „Труд“, одговарајќи на новинарско прашање да објасно на што се должат споровите за цар Самоил изјави: -Да, во протоколот се велеше дека тој е бугарски владетел, продолжувач на бугарската царска традиција. Кога подоцна стана збор тоа да биде ставено во учебниците, нашите колеги избегаа од таа определба-тоа не било за учебниците, туку само за политичка употреба. Тие двојни стандарди се одраз на една нивна методологија. Од друга страна, во декември 2020 година, значи пред две години, првиот човек на македонскиот дел од Комисијата, Драги Ѓоргиев, кога станува збор за цар Самоил изјави: