Цар Борис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/car-boris/ За подобро да се разбереме Wed, 15 Feb 2023 13:45:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Цар Борис Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/car-boris/ 32 32 Кое име ќе го одбере „Цар Борис“? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koe-ime-ke-go-odbere-tsar-boris/ Wed, 15 Feb 2023 13:44:55 +0000 https://republika.mk/?p=609320

Здружението од Охрид „Цар Борис Трети“ има поднесено барање до Централниот регистар за промена на името согласно измените во Законот за здруженија и фондации. Од Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола, пак, на ден пред истекот на рокот, се уште немаат доставено барање за измени.

Од Централниот регистар за МИА потврдија дека на 10 февруари е доставен допис со барање за усогласување на работата на Здружение за афирмација на културните вредности на македонските Бугари „Цар Борис Трети“ Охрид  и дека постапката è во тек. За здружението „Иван Михајлов“ од Битола  досега не е поднесено барање.

Според постечката легислатива, доколку двата клуба не го сменат името, треба да заседава владината Комисија и да донесе став, што потоа треба да биде доставен до Министерството за правда и врз основа на тоа министерот да донесе одлука. Доколку одлуката е негативна, здружението треба да биде избришано од Централниот регистар.

Според измените на Законот за здруженија и фондации усвоени во ноември 2022 година, се забранува граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, третиот рајх и сл. Законот е со ретроактивно дејство и се однесува на веќе регистрираните здруженија и фондации и предвидува оние што нема да постапат според наведените измени, да се бришат од регистарот откако одлука ќе донесе министерот за правда.

Со измените се уредува дека „како име или назив на здружение не можат да бидат употребени имиња што по која било основа во минатото се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстремизам, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и третиот рајх. Ако во името на здружението е содржано такво име, одобрение дава министерот за правда, по препорака на  Комисија која ќе биде формирана од министерот за правда со претставници на Министерството за култура, Институтот за национална историја, МАНУ и Министерството за правда“.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи,претходно денеска, се сретна со Ѓорѓи Трендафилов и со Љупчо Ѓоргиевски, претставници на различни организации на бугарската заедница во Македонија при што биле размените мислења за прашања коишто ја засегаат бугарската заедница во Македонија, предизвиците со кои се соочуваат здруженијата, како и можностите за подиректна и поинтензивна соработка со државата.

-На средбата беше изразено задоволство од директниот пристап во размената на мислења, како и интенцијата за повторна средба и засилена динамика на комуникација, со цел подиректно вклучување на бугарската заедница и здруженијата кои нив ги претставуваат во рамките на редовната соработка на државата со граѓанскиот сектор, информираа од МНР.

The post Кое име ќе го одбере „Цар Борис“? appeared first on Република.

]]>

Здружението од Охрид „Цар Борис Трети“ има поднесено барање до Централниот регистар за промена на името согласно измените во Законот за здруженија и фондации. Од Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола, пак, на ден пред истекот на рокот, се уште немаат доставено барање за измени. Од Централниот регистар за МИА потврдија дека на 10 февруари е доставен допис со барање за усогласување на работата на Здружение за афирмација на културните вредности на македонските Бугари „Цар Борис Трети“ Охрид  и дека постапката è во тек. За здружението „Иван Михајлов“ од Битола  досега не е поднесено барање. Според постечката легислатива, доколку двата клуба не го сменат името, треба да заседава владината Комисија и да донесе став, што потоа треба да биде доставен до Министерството за правда и врз основа на тоа министерот да донесе одлука. Доколку одлуката е негативна, здружението треба да биде избришано од Централниот регистар. Според измените на Законот за здруженија и фондации усвоени во ноември 2022 година, се забранува граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, третиот рајх и сл. Законот е со ретроактивно дејство и се однесува на веќе регистрираните здруженија и фондации и предвидува оние што нема да постапат според наведените измени, да се бришат од регистарот откако одлука ќе донесе министерот за правда. Со измените се уредува дека „како име или назив на здружение не можат да бидат употребени имиња што по која било основа во минатото се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстремизам, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и третиот рајх. Ако во името на здружението е содржано такво име, одобрение дава министерот за правда, по препорака на  Комисија која ќе биде формирана од министерот за правда со претставници на Министерството за култура, Институтот за национална историја, МАНУ и Министерството за правда“. Министерот за надворешни работи Бујар Османи,претходно денеска, се сретна со Ѓорѓи Трендафилов и со Љупчо Ѓоргиевски, претставници на различни организации на бугарската заедница во Македонија при што биле размените мислења за прашања коишто ја засегаат бугарската заедница во Македонија, предизвиците со кои се соочуваат здруженијата, како и можностите за подиректна и поинтензивна соработка со државата. -На средбата беше изразено задоволство од директниот пристап во размената на мислења, како и интенцијата за повторна средба и засилена динамика на комуникација, со цел подиректно вклучување на бугарската заедница и здруженијата кои нив ги претставуваат во рамките на редовната соработка на државата со граѓанскиот сектор, информираа од МНР.

The post Кое име ќе го одбере „Цар Борис“? appeared first on Република.

]]>
Во Охрид претепан секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vo-ohrid-pretepan-sekretarot-na-bugarskiot-klub-tsar-boris/ Fri, 20 Jan 2023 09:32:56 +0000 https://republika.mk/?p=598977

Дваесет и едно годишниот Х.П. од Охрид синоќа бил нападнат од тројца охриѓани во угостителски објект на кеј „Македонија“, соопшти утрово СВР Охрид.Неофицијално станува збор за секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис“.

Лицето, како што е наведено, било физички нападнато од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид, по што му била укажана лекарска помош во Општа болница Охрид.

– Според пријавеното од Х.П., во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, а потоа и надвор од објектот, физички бил нападнат од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид и притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид, појасни за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Нападот во полиција бил пријавен околу 22 часот и 30 минути. Известен бил јавен обвинител и СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

The post Во Охрид претепан секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис“ appeared first on Република.

]]>

Дваесет и едно годишниот Х.П. од Охрид синоќа бил нападнат од тројца охриѓани во угостителски објект на кеј „Македонија“, соопшти утрово СВР Охрид.Неофицијално станува збор за секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис“. Лицето, како што е наведено, било физички нападнато од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид, по што му била укажана лекарска помош во Општа болница Охрид.
– Според пријавеното од Х.П., во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, а потоа и надвор од објектот, физички бил нападнат од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид и притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид, појасни за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Нападот во полиција бил пријавен околу 22 часот и 30 минути. Известен бил јавен обвинител и СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

The post Во Охрид претепан секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис“ appeared first on Република.

]]>
Повторно демолиран бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/povtorno-demoliran-bugarskiot-klub-car-boris-treti-vo-ohrid/ Mon, 21 Nov 2022 13:20:13 +0000 https://republika.mk/?p=576535

Повторно е оштетен бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Како што информираa од МВР, клубот има оштетено стакло на излогот.

Инцидентот се случил ноќта околу 2 часот по полноќ. Полициски екипи извршија увид и се работи на расветлување на настанот, соопштија од полицијата.

Како што пишуваат дел од бугарските медиуми, оштетувањето било направено со камен.

На 12-ти октомври годинава беше искршен натписот над влезната врата на објектот.

Клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид беше отворен на 7 октомври проследен со протести на граѓани, со поддршка од опозициските Левица и ВМРО-ДПМНЕ.

The post Повторно демолиран бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид appeared first on Република.

]]>

Повторно е оштетен бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Како што информираa од МВР, клубот има оштетено стакло на излогот. Инцидентот се случил ноќта околу 2 часот по полноќ. Полициски екипи извршија увид и се работи на расветлување на настанот, соопштија од полицијата. Како што пишуваат дел од бугарските медиуми, оштетувањето било направено со камен. На 12-ти октомври годинава беше искршен натписот над влезната врата на објектот. Клубот „Цар Борис Трети“ во Охрид беше отворен на 7 октомври проследен со протести на граѓани, со поддршка од опозициските Левица и ВМРО-ДПМНЕ.

The post Повторно демолиран бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Клубот „Цар Борис“ треба да се забрани, владата да го примени Законот за организации и здруженија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-klubot-car-boris-treba-da-se-zabrani-vladata-da-go-primeni-zakonot-za-organizacii-i-zdruzenija/ Thu, 10 Nov 2022 18:11:12 +0000 https://republika.mk/?p=572459

Денешницата е дека имаме клуб кој што провоцира и носи име на човек кој што во македонската историја нема добра улога, тоа е Царот Борис Трети кој што бил соработник на нацистите во Втората Светска војна, и кој што од Македонија испратил повеќе од 7200 Евреи во концентрационен логор Треблинка, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

На прашањето дали очекува дека ќе биде затворен клубот, Мицкоски рече дека влада која што ја сака државата и сопствениот народ треба веднаш да го забрани клубот кој носи име кој има срамна улога во историјата за македонскиот народ.

Влада која што си ја сака својата држава и си го почитува својот народ треба тоа да го направи и да го забрани, исто како што се сеќавам веднаш после отворањето на оној клуб во Благоевград кој што го носи името на Никола Јанков Вапцаров, човек кој што обединува, кој што може да биде одличен мост помеѓу двата народа македонскиот и бугарскиот, а беше затворен. Овој човек не само што не обединува, туку има навистина срамна улога во историјата за македонскиот народ, потенцираше Мицкоски.

The post Мицкоски: Клубот „Цар Борис“ треба да се забрани, владата да го примени Законот за организации и здруженија appeared first on Република.

]]>

Денешницата е дека имаме клуб кој што провоцира и носи име на човек кој што во македонската историја нема добра улога, тоа е Царот Борис Трети кој што бил соработник на нацистите во Втората Светска војна, и кој што од Македонија испратил повеќе од 7200 Евреи во концентрационен логор Треблинка, вели Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија. На прашањето дали очекува дека ќе биде затворен клубот, Мицкоски рече дека влада која што ја сака државата и сопствениот народ треба веднаш да го забрани клубот кој носи име кој има срамна улога во историјата за македонскиот народ.
Влада која што си ја сака својата држава и си го почитува својот народ треба тоа да го направи и да го забрани, исто како што се сеќавам веднаш после отворањето на оној клуб во Благоевград кој што го носи името на Никола Јанков Вапцаров, човек кој што обединува, кој што може да биде одличен мост помеѓу двата народа македонскиот и бугарскиот, а беше затворен. Овој човек не само што не обединува, туку има навистина срамна улога во историјата за македонскиот народ, потенцираше Мицкоски.

The post Мицкоски: Клубот „Цар Борис“ треба да се забрани, владата да го примени Законот за организации и здруженија appeared first on Република.

]]>
Власта да почне да го применува Законот за здруженија и партии и да се затвори клубот Цар Борис, вели ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-da-pochne-da-go-primenuva-zakonot-za-zdruzenija-i-partii-i-da-se-zatvori-klubot-car-boris-veli-vmro-dpmne/ Thu, 10 Nov 2022 11:13:37 +0000 https://republika.mk/?p=572259

Власта да почне да го применува Законот за здруженија и партии и да се затвори клубот Цар Борис, кој носи име на нацистички соработник, вели ВМРО-ДПМНЕ

Законот за здруженија и партии е донесен и изгласан во собранието, тој треба веднаш да почне со примена.
Името на клубот Цар Борис, е име на докажан нацистички соработник, под негова палка Бугарија била дел од нацистичката коалиција на Хитлер.
Недозволиво е тој клуб да продолжи со делување. Тој треба веднаш да се избрише од Централниот регистар.
Недозволиво е во Македонија која се стреми кон Европа да има активни клубови кои имаат поврзаност со еден од најмрачните делови на историјата“, се вели во соопштението.

The post Власта да почне да го применува Законот за здруженија и партии и да се затвори клубот Цар Борис, вели ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

Што предвидуват измените на законот: „Ванчо Михајлов“ и Цар Борис“ имаат три месеци да го сменат името и стaтусот, во спротивно ќе бидат избришани од регистарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shto-predviduvat-izmenite-na-zakonot-vancho-mihajlov-i-car-boris-imaat-tri-meseci-da-go-smenat-imeto-i-statusot-vo-sprotivno-kje-bidat-izbrishani-od-registarot/ Thu, 03 Nov 2022 08:56:51 +0000 https://republika.mk/?p=569050

Без ниту еден глас против, ниту воздржани, пратениците и од власта и од опозицијата со 67 гласови „за“ вчера ги изгласаа измените на Законот за здруженија и фондации, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и на Законот за политички партии, поднесен од СДСМ, со кои се забранува здруженија и партии да носат фашистички имиња. Предложените законски измени на двете партии уследија по отворањето бугарски клубови во земјава со имињата „Ванчо Михајлов“ на 16 април во Битола и „Цар Борис Трети“ на 7 октомври во Охрид.

Со измените на двата закони се предвидува отфрлување на фашизмот, нацизмот и национал-социјализмот во сите општествени форми на здружување. Со усвоените измени, сите досега формирани здруженија и фондации, како и политички партии, имаат рок од три месеци да се усогласат со новите законски измени.

Во образложение за измените на Законот за здруженија и фондации, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи рече дека во последните осум месеци сме сведоци за обиди на ревидирање и извитоперување на историските вистини во државата.

-Човештвото се уште носи лузни од геноцидот и етничкото чистење, расизмот, антисемитизмот и ксенофобијата, а меѓународната заедница како и сите ние имаме голема одговорност во спречување на овие зла. Страшната вистина за фашизмот и нацизмот мора сите заедно да ја браниме од оние коишто ја негираат. Мора да ја зајакнеме моралната и политичката посветеност на нашата влада и институциите за да обезбедиме можност идните генерации да ги разберат причините за пандемијата на омраза и лудилото од Втората светска војна, во која Македонија даде повеќе од 25 000 жртви, од кои 7 144 Евреи, рече Мизрахи.

Токму од овие причини, додаде Мизрахи, денеска ќе донесеме мал, навидум незначителен закон, што ќе биде употребен за да го заштити антифашистичкото минато, и историската вистина на нашата земја.

Таа потенцира дека речиси осум месеци по отворањето на таканаречениот културен клуб Иван Ванчо Михајлов во Битола, и иако премиерот на 28.04.2022 година од Собрание, како што рече, ветуваше функционалност на сите институции во насока на спречување на процесите на отворање „културни клубови“ со имиња на контраверзни личности и програми, денеска на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата законски се затвори ова прашање што воопшто и не требаше никогаш да се отвори.

Мизрахи најави дека ќе разгледуваат и други закони каде што ќе треба да се интервернира, како што е Законот за трговски друштва.

Пратеничката Соња Мирковска од НСДП рече дека во потполност го поддржуваат предлогот на опозицијата за измените на овој закон.

-Како владејачка партија учестувавме во изработката на овој закон за да стане пооперативен и практично го носиме заедно. Сметам дека после се она што се случуваше е исклучително важно да се оградиме од таквите случувања, да не дозволиме да ни се формираат такви здруженија во државата, и ова е начинот како може да се стави браната, рече Мираковска.

Во образложението за измените и дополнувањата на Законот за политички партии, пратеничката од СДСМ Снежана Калевска Ванчева рече дека и двата закона имаат една иста цел.

– Таа цел произлегува и од членот 20 од Уставот, но се надополнува на она што значи предизвици на новите времиња, што придонесуваат да се создаде потребата од ваквите измени, и целта на предлог законот што содржи две одредби е золемување на транспарентоста и дистанцирање од се она што значи фашизам, нацизам, национал-социјализам и гарантирање на правната сигурност на граѓаните, својствени на една демократска, цивилизирана и правна држава.

Предложените законски измени на двете партии успедија по отворањето бугарски клубови во земјава со имињата „Ванчо Михајлов“ на 16 април во Битола и „Цар Борис Трети“ на 7 октомври во Охрид. Пратениците на 17 октомври дадоа поддршка по скратена постапка да се донесе Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, поднесен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Со усвоените измени и дополнувања, во Законот за здруженија и фондации членот 4, став 2 се менува и гласи „Се забранува основање на организација ако програмата, целите, дејностите и нејзиното дејствување е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка, поттикнување и одобрување на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх, преземање на активности поврзани со тероризам, преземање на активности кои се спротивни на Уставот или закон и преземање на активности со кои се повредуваат слободите и правата на други лица“.

– Како име, скратено име и/или назив на организација не можат да бидат употребувани имиња, презимиња, прекари, псевдоними, кратенки и иницијали, на лица кои по кој било основ, начин или форма во минатото се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстреминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх, стои во новиот став во членот 8 од Законот.

Според Законот, за употреба на име, презиме, прекар, псевдоним, кратенка или иницијали на историска личност, согласност дава министерот за правда по претходно добиено позитивно мислење на Комисијата за употреба на имињата на историски личности, а која ја формира самиот министер.

Во преодните и завршните одредби на измените и дополнувањата на Законот е наведено дека организации, здруженија, фондации, сојуз и други форми на здружување регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и се должни во рок од три месеци од стапување во сила на овој закон, да го усогласат своето име и/или назив, цели и дејности согласно одредбите од овој закон, пред Централниот регистар. Здруженија и фондации регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и фондации кои нема да ги усогласат одредбите согласно став 1 од овој член, се бришат од Регистарот, за што министерот за правда донесува одлука. Министерот за правда е должен да донесе одлука за престанок на истите, во рок од четири месеци од денот на влегување на сила на овој закон.

Со измените, пак, на Законот за политички партии, ќе се овозможи поголема транспарентност, како на постоечките така и на идните политички партии, гарантирање на правната сигурност на граѓаните својствени за една демократска, современа и цивилизирана правна држава, стоеше во предложениот текст.

Со членот 1 се допрецизира одредбата за програмата, статутот и дејствувањето на политичките партии да не можат да бидат насочени разгорување на национална, расна или верска омраза,нетрпеливост,етничка нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстреминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и третиот рајх или повикување на личности и настани од минатото поврзани со фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх.

Со членот 2 се дополнува членот 16 со два нови става во кои е уредено дека: (4) Статутот на политичката партија не смее да содржи одредби кои предизвикуваат расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх.

– Името и ознаките на политичката партија не смеат да содржат симболи, зборови, кратенки кои предизвикуваат расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх, е предложено во еден од ставовите.

Владиното советодавно тело за употреба на имиња на историски личности, пак, пред неколку дена го оцени како негативно барањето за регистрирање на клуб со името на Цар Фердинанд. Ова тело излезе со став дека нема позитивно мислење за да се формира културен клуб со ова име, со оглед на тоа што, како што изјави за МИА Бобан Петровски, претседател на телото, самата средина во македонската историја, како и во перцепцијата на македонските граѓани не е позитивна личност.

The post Што предвидуват измените на законот: „Ванчо Михајлов“ и Цар Борис“ имаат три месеци да го сменат името и стaтусот, во спротивно ќе бидат избришани од регистарот appeared first on Република.

]]>

Без ниту еден глас против, ниту воздржани, пратениците и од власта и од опозицијата со 67 гласови „за“ вчера ги изгласаа измените на Законот за здруженија и фондации, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и на Законот за политички партии, поднесен од СДСМ, со кои се забранува здруженија и партии да носат фашистички имиња. Предложените законски измени на двете партии уследија по отворањето бугарски клубови во земјава со имињата „Ванчо Михајлов“ на 16 април во Битола и „Цар Борис Трети“ на 7 октомври во Охрид. Со измените на двата закони се предвидува отфрлување на фашизмот, нацизмот и национал-социјализмот во сите општествени форми на здружување. Со усвоените измени, сите досега формирани здруженија и фондации, како и политички партии, имаат рок од три месеци да се усогласат со новите законски измени. Во образложение за измените на Законот за здруженија и фондации, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи рече дека во последните осум месеци сме сведоци за обиди на ревидирање и извитоперување на историските вистини во државата. -Човештвото се уште носи лузни од геноцидот и етничкото чистење, расизмот, антисемитизмот и ксенофобијата, а меѓународната заедница како и сите ние имаме голема одговорност во спречување на овие зла. Страшната вистина за фашизмот и нацизмот мора сите заедно да ја браниме од оние коишто ја негираат. Мора да ја зајакнеме моралната и политичката посветеност на нашата влада и институциите за да обезбедиме можност идните генерации да ги разберат причините за пандемијата на омраза и лудилото од Втората светска војна, во која Македонија даде повеќе од 25 000 жртви, од кои 7 144 Евреи, рече Мизрахи. Токму од овие причини, додаде Мизрахи, денеска ќе донесеме мал, навидум незначителен закон, што ќе биде употребен за да го заштити антифашистичкото минато, и историската вистина на нашата земја. Таа потенцира дека речиси осум месеци по отворањето на таканаречениот културен клуб Иван Ванчо Михајлов во Битола, и иако премиерот на 28.04.2022 година од Собрание, како што рече, ветуваше функционалност на сите институции во насока на спречување на процесите на отворање „културни клубови“ со имиња на контраверзни личности и програми, денеска на иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата законски се затвори ова прашање што воопшто и не требаше никогаш да се отвори. Мизрахи најави дека ќе разгледуваат и други закони каде што ќе треба да се интервернира, како што е Законот за трговски друштва. Пратеничката Соња Мирковска од НСДП рече дека во потполност го поддржуваат предлогот на опозицијата за измените на овој закон.
-Како владејачка партија учестувавме во изработката на овој закон за да стане пооперативен и практично го носиме заедно. Сметам дека после се она што се случуваше е исклучително важно да се оградиме од таквите случувања, да не дозволиме да ни се формираат такви здруженија во државата, и ова е начинот како може да се стави браната, рече Мираковска.
Во образложението за измените и дополнувањата на Законот за политички партии, пратеничката од СДСМ Снежана Калевска Ванчева рече дека и двата закона имаат една иста цел. – Таа цел произлегува и од членот 20 од Уставот, но се надополнува на она што значи предизвици на новите времиња, што придонесуваат да се создаде потребата од ваквите измени, и целта на предлог законот што содржи две одредби е золемување на транспарентоста и дистанцирање од се она што значи фашизам, нацизам, национал-социјализам и гарантирање на правната сигурност на граѓаните, својствени на една демократска, цивилизирана и правна држава. Предложените законски измени на двете партии успедија по отворањето бугарски клубови во земјава со имињата „Ванчо Михајлов“ на 16 април во Битола и „Цар Борис Трети“ на 7 октомври во Охрид. Пратениците на 17 октомври дадоа поддршка по скратена постапка да се донесе Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, поднесен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Со усвоените измени и дополнувања, во Законот за здруженија и фондации членот 4, став 2 се менува и гласи „Се забранува основање на организација ако програмата, целите, дејностите и нејзиното дејствување е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија, поттикнување и повикување на воена агресија и разгорување на национална, расна, верска омраза или друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка, поттикнување и одобрување на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх, преземање на активности поврзани со тероризам, преземање на активности кои се спротивни на Уставот или закон и преземање на активности со кои се повредуваат слободите и правата на други лица“. – Како име, скратено име и/или назив на организација не можат да бидат употребувани имиња, презимиња, прекари, псевдоними, кратенки и иницијали, на лица кои по кој било основ, начин или форма во минатото се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстреминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх, стои во новиот став во членот 8 од Законот. Според Законот, за употреба на име, презиме, прекар, псевдоним, кратенка или иницијали на историска личност, согласност дава министерот за правда по претходно добиено позитивно мислење на Комисијата за употреба на имињата на историски личности, а која ја формира самиот министер. Во преодните и завршните одредби на измените и дополнувањата на Законот е наведено дека организации, здруженија, фондации, сојуз и други форми на здружување регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и се должни во рок од три месеци од стапување во сила на овој закон, да го усогласат своето име и/или назив, цели и дејности согласно одредбите од овој закон, пред Централниот регистар. Здруженија и фондации регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и фондации кои нема да ги усогласат одредбите согласно став 1 од овој член, се бришат од Регистарот, за што министерот за правда донесува одлука. Министерот за правда е должен да донесе одлука за престанок на истите, во рок од четири месеци од денот на влегување на сила на овој закон. Со измените, пак, на Законот за политички партии, ќе се овозможи поголема транспарентност, како на постоечките така и на идните политички партии, гарантирање на правната сигурност на граѓаните својствени за една демократска, современа и цивилизирана правна држава, стоеше во предложениот текст. Со членот 1 се допрецизира одредбата за програмата, статутот и дејствувањето на политичките партии да не можат да бидат насочени разгорување на национална, расна или верска омраза,нетрпеливост,етничка нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстреминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и третиот рајх или повикување на личности и настани од минатото поврзани со фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх. Со членот 2 се дополнува членот 16 со два нови става во кои е уредено дека: (4) Статутот на политичката партија не смее да содржи одредби кои предизвикуваат расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх.
– Името и ознаките на политичката партија не смеат да содржат симболи, зборови, кратенки кои предизвикуваат расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, нетолеранција, омраза, геноцид, екстерминација, ширење или поддршка на фашизам, нацизам, националсоцијализам и Третиот Рајх, е предложено во еден од ставовите.
Владиното советодавно тело за употреба на имиња на историски личности, пак, пред неколку дена го оцени како негативно барањето за регистрирање на клуб со името на Цар Фердинанд. Ова тело излезе со став дека нема позитивно мислење за да се формира културен клуб со ова име, со оглед на тоа што, како што изјави за МИА Бобан Петровски, претседател на телото, самата средина во македонската историја, како и во перцепцијата на македонските граѓани не е позитивна личност.

The post Што предвидуват измените на законот: „Ванчо Михајлов“ и Цар Борис“ имаат три месеци да го сменат името и стaтусот, во спротивно ќе бидат избришани од регистарот appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ предлага забрана на спорните имиња „Цар Борис“, „Иван Михајлов“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-predlaga-zabrana-na-spornite-iminja-car-boris-ivan-mihajlov/ Sun, 16 Oct 2022 19:45:42 +0000 https://republika.mk/?p=561801

Ние предлагаме закон со кој ќе се спречи контроверзни имиња да бидат имиња на здруженија на граѓани, да се злоупотребува правото на граѓаните да се здружуваат. Тоа ќе важи и за веќе регистрираните здруженија во моментов во Македонија, такви има две и во најава е уште едно, изјави вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „Тема на денот“ во Дневникот на Сител.

-Ако власта е чесна треба да го стави прва точка на дневен ред во Собранието измените на законот за здруженија и фондации предложени од ВМРО-ДПМНЕ, па после тоа да се гледаат другите точки, рече Николоски.

Тој во интервју за Сител потенцираше дека со овој закон нема да може да ги користат имињата кои ги користат сега како Цар Борис, Цар Фердинанд итн и додаде дека меѓудругото, власта не го испитува потеклото на финансиите и начинот на кој се финансираат овие здруженија.

– Тие не се финансирани ниту од членовите на здруженијата, ниту преку бугарското МНР, туку од една фондација каде главен финансиер и сопственик е еден бугарски тајкун, главно присутен во медицинскиот бизнис, кој хара низ Македонија. Клучното прашање и за Агенцијата за разузнавање, агенција за национална безбедност и финансиско разузнавање е што прават овие три институции и зошто спијат? Основен опис на работа им е заштита на уставноправниот поредок на Македонија, а поголем упад од овие територијални, јазични, културни, народни претензии и оживување на фашизмот, што може да биде друго? Директно се удира во темелите на државата, изјави Николоски.

Ваквата реакција на Николоски доаѓа откако претходно во интервју за бугарските медиуми проф. Ангел Димитров, копретседател на Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски прашања изјави:

-Република Cеверна Македонија во моментов категорично не се однесува како кандидат за членство во ЕУ. За жал од 2019 година наваму гледамо едно враќање на стандардното пропагандно политичко однесување, што не потсетува на почетокот на 90-тите. Во одредена смисла, дури и на втората половина на 1940-тите, кога Бугарија беше прогласена за непријател на комунистичка Југославија и новооснованата Република Македонија. Аргументите кои сега ги гледаме за тоа до кој степен бугарските здруженија во РСМ се законски или не, почнуваат да потсетуваат на духот на законот за Македонската национална чест. Апсурдни се тврдењата дека бугарските клубови ја навредуваа македонската чест“.

Тој додаде:

-Зачуден сум од еден неверојатен парадокс: Ако името на Иван Михајлов се смета за противзаконско и навредливо за националните чувства, тогаш треба да се забрани и партијата ВМРО, бидејќи Иван Михајлов е лидер на таа партија. По 1944 година многу Бугари беа прогонувани и убивани дури и под знакот на „вмровисти“; така што постои двоен парадокс: кога државните органи не можат да направат разграничување меѓу организацијата и нејзиниот водач, – од една страна; и обратно – кога самата организација шпекулира со ова име, употребувајќи го сосема легитимно, но проповедајќи сосема друга идеологија и политички намери.

The post ВМРО-ДПМНЕ предлага забрана на спорните имиња „Цар Борис“, „Иван Михајлов“ appeared first on Република.

Бугарското здружение смета дека Ковачевски е виновен за кршењето на таблата на „Цар Борис“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarskoto-zdruzenie-smeta-deka-kovachevski-e-vinoven-za-krshenjeto-na-tablata-na-car-boris/ Wed, 12 Oct 2022 12:51:17 +0000 https://republika.mk/?p=560186

Бугарската фондација „Македонија„ го смета премиерот Ковачевски за највиновен за денешното кршење на таблата на здружението „Цар Борис“.

Покрај Ковачевски за Бугарите в нашата земја вина имале и медиумите кои ја потхранувале, како што велат омразата кон Бугарите во Македонија.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-potvrdi-oshtetena-tablata-na-car-boris-vo-ohrid/

The post Бугарското здружение смета дека Ковачевски е виновен за кршењето на таблата на „Цар Борис“ appeared first on Република.

]]>

Бугарската фондација „Македонија„ го смета премиерот Ковачевски за највиновен за денешното кршење на таблата на здружението „Цар Борис“. Покрај Ковачевски за Бугарите в нашата земја вина имале и медиумите кои ја потхранувале, како што велат омразата кон Бугарите во Македонија.   https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-potvrdi-oshtetena-tablata-na-car-boris-vo-ohrid/

The post Бугарското здружение смета дека Ковачевски е виновен за кршењето на таблата на „Цар Борис“ appeared first on Република.

]]>
МВР потврди: Oштетена таблата на Цар Борис“ во Охрид https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-potvrdi-oshtetena-tablata-na-car-boris-vo-ohrid/ Wed, 12 Oct 2022 11:58:56 +0000 https://republika.mk/?p=560132

Оштетен е дел од таблата на која е испишано името на ново отворениот бугарски културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

– Околу 12 часот и 45 минути во СВР Охрид пријавено е оштетување на дел од таблата поставен над просторијата во која е сместен бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“. Екипи на СВР Охрид во моментот вршат увид на местото на настанот и се работи на расветлување на случајот, изјави Димоски за МИА.

Бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид беше отворен пред пет дена, а на денот на отворањето пред просториите се одржа протест организиран од политичката партија Левица, а поддржан од ВМРО – ДПМНЕ. Револтираните граѓани го изразија своето незадоволство против, според дел од нив, името на клубот.

The post МВР потврди: Oштетена таблата на Цар Борис“ во Охрид appeared first on Република.

Toлку од „Цар Борис“ во Охрид: Уништена таблата со натписот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tolku-od-car-boris-vo-ohrid-unishtena-tablata-so-natpisot/ Wed, 12 Oct 2022 11:32:50 +0000 https://republika.mk/?p=560103

Оштетена таблата на која стоеше испишано името на неодамна отворениот бугарски клуб во Охрид „Цар Бори Трети“.  Случајот за OhridNews го потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски кој вели дека е пријавено оштетување на таблата со натписот на името на здружението над просторијата на клубот.

[caption id="attachment_560112" align="alignnone" width="640"] фото охрид њуз[/caption]

Околу 12.45 часот е добиено известување за оштетен дел со натпис на името на здружението над просторијата на клубот. Дел од таблата е оштетен. Во моментов СВР Охрид врши увид на местото и ќе работи на расветлување на случајот-објасни Димоски.

The post Toлку од „Цар Борис“ во Охрид: Уништена таблата со натписот appeared first on Република.

]]>

Оштетена таблата на која стоеше испишано името на неодамна отворениот бугарски клуб во Охрид „Цар Бори Трети“.  Случајот за OhridNews го потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски кој вели дека е пријавено оштетување на таблата со натписот на името на здружението над просторијата на клубот. [caption id="attachment_560112" align="alignnone" width="640"] фото охрид њуз[/caption]
Околу 12.45 часот е добиено известување за оштетен дел со натпис на името на здружението над просторијата на клубот. Дел од таблата е оштетен. Во моментов СВР Охрид врши увид на местото и ќе работи на расветлување на случајот-објасни Димоски.

The post Toлку од „Цар Борис“ во Охрид: Уништена таблата со натписот appeared first on Република.

]]>
Панов: Тенденциозна е употребата на имињата на цар Борис Трети и цар Фердинанд за да се покаже заедничка историја до 1944 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/panov-tendenciozna-e-upotrebata-na-iminjata-na-car-boris-treti-i-car-ferdinand-za-da-se-pokaze-zaednichka-istorija-do-1944/ Mon, 10 Oct 2022 14:22:41 +0000 https://republika.mk/?p=559519

Употребата на имињата на Цар Борис Трети и на новото здружение на бугарската заедница во земјава во најава со името на Цар Фердинад има за цел да се поврзе историјата на Бугарија со  Македонија, и да се покаже дека тие имаат заедничка историја од средновековието до 1944 година, во што очигледно има политичка димензија. Како земја победник во антифашистичката војна треба да покажеме пример категорично да ги осудиме сите вакви тенденции коишто го враќаат тоа мрачно минато и да демонстрираме дека ги почитуваме вредностите во поствоена Европа, вели историчарот Митко Панов од Институтот за национална историја.

Тоа е некоја тенденција која што на некој начин се претендира да се поврзе историјата на Бугарија со Македонија. Фердинанд и Борис Трети се симбол на окупацијата на Македонија, едниот во Втората светска војна, Борис и Фердинанд во Првата светска војна, и симболиката е таа со која што Фердинанд всушност ги обединува т.н. две царства во Бугарија, кога се прогласува за цар 1908 година и на тој начин се создава таа традиција која што еве бугарското раководство, сега не можам да кажам бугарското раководство, меѓутоа очигледно дека тука има некаква политичка димензија. Во секој случај симболиката е таа, дека Првата и Втората светска војна, овие личности ја симболизираат и окупацијата на Македонија во тој период. И затоа не случајно беше избран и Охрид како седиште на Здружението на Борис Трети. И не случајно беше избран 7 октомври којшто треба да ги спои јубилејот на 6 октомври, смртта на Самоил и таа традиција која што треба да се презентира во континуитет, а што кореспондира со актуелната политика на тенденцијата да се презентира една заедничка историја која што датира од средновековието, па се до1944 година. Таа заедничка историја всушност е Бугарија - вели Панов на новинарско прашање во врска со употребата на контроверзните имиња на цар Борис Трети и Цар Фердинанд за како име на ново здружение кое се обидува да се регистрира за што потврдуваат од Централниот регистар.

Според Панов, токму тие личности треба да ја симболизираат таа политика на Бугарија и оттаму смета дека особено личностите коишто симболизираат таков вид војни, страдања, што на некој начин имаат негативна асоцијација, особено Борис Трети со асоцијацијата со фашизмот, вели, треба категорично да бидат санкционирани од страна на државата, независно дали е потребно да има некаков закон и слично.

Тој е на ставот дека државните институции задоцнето реагирале кога станува збор за отворање и регистрација на вакви културни центри со провокативни имиња.

Да, јас мислам дека сите личности коишто асоцираат такво страшно минато треба да бидат веднаш санкционирани од државата. Па земете пример доколку некој регистрира здруженија со името на Адолф Хитлер, дали ќе се чека некаков закон и слично. Работата е во суштина дека треба ние како земја која што е победник во антифашистичката војна да покажеме пример категорично да ги осудиме сите вакви тенденции коишто го враќаат тоа страшно и мрачно минато и на тој начин да демонстрираме дека ги почитуваме вредностите во поствоена Европа - потенцира историчарот Панов.

Запрашан дали смета дека ваквите случувања ќе се одразат во односите меѓу Бугарија и Македонија и во понатамошните преговори, тој опстојува на неговиот како што вели научен став.

Тука јас не би навлегувал, бидејќи е политичка релација. Јас зборувам како научник којшто ги следи овие тенденции историски и на некој начин реагирам од аспект на тоа, бидејќи ја знам генезата на бугарската политика од 19 век и како таа сега се проектира во современието со цел да се реализираат тие агенди коишто немаат никаква врска со добрососедските односи, а уште помалку со науката, дециден е историчарот Панов, кој изјавата ја даде по презентацијата на најдобрите ликовни и литературни дела на конкурсот организиран во рамки на активности на ИНИ за одбележување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, чии мошти на денешен ден во 1946 година биле пренесени од Софија во Скопје.

The post Панов: Тенденциозна е употребата на имињата на цар Борис Трети и цар Фердинанд за да се покаже заедничка историја до 1944 appeared first on Република.

]]>

Употребата на имињата на Цар Борис Трети и на новото здружение на бугарската заедница во земјава во најава со името на Цар Фердинад има за цел да се поврзе историјата на Бугарија со  Македонија, и да се покаже дека тие имаат заедничка историја од средновековието до 1944 година, во што очигледно има политичка димензија. Како земја победник во антифашистичката војна треба да покажеме пример категорично да ги осудиме сите вакви тенденции коишто го враќаат тоа мрачно минато и да демонстрираме дека ги почитуваме вредностите во поствоена Европа, вели историчарот Митко Панов од Институтот за национална историја.
Тоа е некоја тенденција која што на некој начин се претендира да се поврзе историјата на Бугарија со Македонија. Фердинанд и Борис Трети се симбол на окупацијата на Македонија, едниот во Втората светска војна, Борис и Фердинанд во Првата светска војна, и симболиката е таа со која што Фердинанд всушност ги обединува т.н. две царства во Бугарија, кога се прогласува за цар 1908 година и на тој начин се создава таа традиција која што еве бугарското раководство, сега не можам да кажам бугарското раководство, меѓутоа очигледно дека тука има некаква политичка димензија. Во секој случај симболиката е таа, дека Првата и Втората светска војна, овие личности ја симболизираат и окупацијата на Македонија во тој период. И затоа не случајно беше избран и Охрид како седиште на Здружението на Борис Трети. И не случајно беше избран 7 октомври којшто треба да ги спои јубилејот на 6 октомври, смртта на Самоил и таа традиција која што треба да се презентира во континуитет, а што кореспондира со актуелната политика на тенденцијата да се презентира една заедничка историја која што датира од средновековието, па се до1944 година. Таа заедничка историја всушност е Бугарија - вели Панов на новинарско прашање во врска со употребата на контроверзните имиња на цар Борис Трети и Цар Фердинанд за како име на ново здружение кое се обидува да се регистрира за што потврдуваат од Централниот регистар.
Според Панов, токму тие личности треба да ја симболизираат таа политика на Бугарија и оттаму смета дека особено личностите коишто симболизираат таков вид војни, страдања, што на некој начин имаат негативна асоцијација, особено Борис Трети со асоцијацијата со фашизмот, вели, треба категорично да бидат санкционирани од страна на државата, независно дали е потребно да има некаков закон и слично. Тој е на ставот дека државните институции задоцнето реагирале кога станува збор за отворање и регистрација на вакви културни центри со провокативни имиња.
Да, јас мислам дека сите личности коишто асоцираат такво страшно минато треба да бидат веднаш санкционирани од државата. Па земете пример доколку некој регистрира здруженија со името на Адолф Хитлер, дали ќе се чека некаков закон и слично. Работата е во суштина дека треба ние како земја која што е победник во антифашистичката војна да покажеме пример категорично да ги осудиме сите вакви тенденции коишто го враќаат тоа страшно и мрачно минато и на тој начин да демонстрираме дека ги почитуваме вредностите во поствоена Европа - потенцира историчарот Панов.
Запрашан дали смета дека ваквите случувања ќе се одразат во односите меѓу Бугарија и Македонија и во понатамошните преговори, тој опстојува на неговиот како што вели научен став. Тука јас не би навлегувал, бидејќи е политичка релација. Јас зборувам како научник којшто ги следи овие тенденции историски и на некој начин реагирам од аспект на тоа, бидејќи ја знам генезата на бугарската политика од 19 век и како таа сега се проектира во современието со цел да се реализираат тие агенди коишто немаат никаква врска со добрососедските односи, а уште помалку со науката, дециден е историчарот Панов, кој изјавата ја даде по презентацијата на најдобрите ликовни и литературни дела на конкурсот организиран во рамки на активности на ИНИ за одбележување на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, чии мошти на денешен ден во 1946 година биле пренесени од Софија во Скопје.

The post Панов: Тенденциозна е употребата на имињата на цар Борис Трети и цар Фердинанд за да се покаже заедничка историја до 1944 appeared first on Република.

]]>
Мизрахи: Навредена сум, се чувствувам незаштитено, за цар Борис Евреите биле „најголемото европско зло“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mizrahi-navredena-sum-se-chuvstvuvam-nezashtiteno-za-car-boris-evreite-bile-najgolemoto-evropsko-zlo/ Fri, 07 Oct 2022 18:05:49 +0000 https://republika.mk/?p=558534

Како Еврејка сум силно навредена од користењето на ваквиот назив, без разлика на реториката дека претставниците од здружението дека не им било тоа намера, го знаат историското минато на Цар Борис Трети, а самото знаме кое го вееја каде царот  е во воена униформа што праќа одредена политичка порака, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи за „Тема на денот“ во дневникот на Сител.

Дека Цар Борис Трети имал фашистички наратив таа посочи дека потпишувал закони против Евреите и дека самиот лично има средби со Хитлер.

„Во текот на 1940 година парламентот на тогашна Бугарија носи закон за чиста нација, кој е пандан на Нирнбершките закони, тоа законско решение ги уредува правата на Евреите носење на жолти значки и губење на граѓанските права и позиционирање на Евреите пониско од животни. Граѓанството било против, интелектуалците, Цар Борис не бил против.  На 21 јануари 1941 година указот од законот е потпишан од Цар Борис Трети. После овој закон следува законот за еднократен данок, односно одземање на имотната состојба на Евреите и биле спремани за депортација“, рече Мизрахи.

Мизрахи посочи дека носењето на овие две законски решенија е 3 месеци пред Бугарија да влезе во хитлеровиот пакт, значи пред да се приклучат тие ги спремале законите. .

„Еден од важните цитати на Цар Борис Трети е следниот: „Евреите се најголемо европско и национално зло, тие се народ без вера и морал“. Имаме и цитати каде вели дека еврејството создава омраза, безверие, неморал и дека било виновно за сите војни и катаклизми. Тој фашистички наратив бил присутен кај Борис Трети“, истакна таа.

Мизрахи додаде дека 7.144 Евреи се собрани во Тутунскиот комбинат во Скопје и понатаму со три конвои пренесени во Треблинка од каде никој не се враќа, во тие имаме 1.500 деца под 15 години.

„Доколку сакаме да прикажеме добрососедство и добронамерност тоа се прави едноставно, жал ми е што го одбираат начинот на зло помеѓу двата народи“, изјави Мизрахи.

„Доколку државата сака секогаш се има начин да се спречи било што. Доколку јас правам нешто кое што е неприфатливо за оваа држава, без разлика дали имам пратенички мандат ќе бидам спречена до утре наутро. Претпоставувам дека истото важи за сите граѓани во оваа држава. Меѓутоа дека државата покажува институционална дисфункционалност е од повеќе од јасно. Врвот на таа дисфункционалност е секако Владата на државата, таа го поставува редот на нештата, таа ја поставува аритмиката на функционирање на институциите. Се чини дека последните 5-6 години особено последнава што е страотно бидејќи од КОВИД криза влеговме во страшна економска криза, енергетска криза, топлинска криза и така натаму, нашите институции буквално не функционираат“, нагласи Мизрахи.

Мизрахи рече дека државата односно институциите требало да спречат отворање на клубови со фашистички имиња.

„Со ваквиот наратив и однесување на нашите политички елити односно мнозинството и власта се чувствувам поинаква и незаштитена“, истакна пратеничката.

The post Мизрахи: Навредена сум, се чувствувам незаштитено, за цар Борис Евреите биле „најголемото европско зло“ appeared first on Република.

Почна протестот во Охрид против отварањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochna-protestot-vo-ohrid-protiv-otvaranjeto-na-bugarskiot-klub-car-boris-treti/ Fri, 07 Oct 2022 09:57:22 +0000 https://republika.mk/?p=558325

Во Охрид почна протестот пред бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ којшто според најавите треба да биде отворен во 12 часот.

Протестот го организира политичката партија „Левица“, а и ВМРО-ДПМНЕ повика на масовност, но тој да биде мирен, демократски и без инциденти.

Граѓаните во изјава за медиуми велат дека не се против отварање на бугарски клуб во земјава, но дека името на клубот е провокација.

Провокативно е името, немаме против отворањето на клубот. Секој има право да каже како се чувствува, но името е провокативно – и Цар Борис и Ванчо Михајлов во Битола. Немаме ништо против нивната определба, нека си кажат како се чувствуваат, но имињата се провикативни, велат насобраните граѓани.

Во Охрид има засилено полициско обезбедување, а во моментот дел од насобраните граѓани се обидуваат да го пробијат полицискиот кордон.

The post Почна протестот во Охрид против отварањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ appeared first on Република.

]]>

Во Охрид почна протестот пред бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ којшто според најавите треба да биде отворен во 12 часот. Протестот го организира политичката партија „Левица“, а и ВМРО-ДПМНЕ повика на масовност, но тој да биде мирен, демократски и без инциденти. Граѓаните во изјава за медиуми велат дека не се против отварање на бугарски клуб во земјава, но дека името на клубот е провокација. Провокативно е името, немаме против отворањето на клубот. Секој има право да каже како се чувствува, но името е провокативно – и Цар Борис и Ванчо Михајлов во Битола. Немаме ништо против нивната определба, нека си кажат како се чувствуваат, но имињата се провикативни, велат насобраните граѓани. Во Охрид има засилено полициско обезбедување, а во моментот дел од насобраните граѓани се обидуваат да го пробијат полицискиот кордон.

The post Почна протестот во Охрид против отварањето на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ appeared first on Република.

]]>
Во државава се глорифицираат нацизмот, фашизмот и се шири говор на омраза: Кој дозволил регистрација на здружение Цар Борис III во Охрид? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-drzavava-se-glorificiraat-nacizmot-fashizmot-i-se-shiri-govor-na-omraza-koj-dozvolil-registracija-na-zdruzenie-car-boris-iii-vo-ohrid/ Wed, 10 Aug 2022 09:24:10 +0000 https://republika.mk/?p=538665

Згрозени сме од леснотијата со која во државата се глорифицираат нацизмот, фашизмот и се шири говор на омраза, се вели во соопштението на Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија од регистрaцијата на здружението Цар Борис III во Охрид.

Очигледно е дека зачестија регистрации на здруженија со бугарска самосвест кои носат називи на докажани соработници на нацистичка Германија. Тоа е свесна провокација и навреда за Еврејската заедница, навреда за македонската држaва и за нејзините граѓани… или некој можеби мисли поинаку, дека на овој начин, со промоција и величење на фашизмот и нацизмот, се зајакнуваат добрососедските односи, се вели во реакцијата на Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.

Името цар Борис III е поврзано со прогонот и уништувањето на Евреите од окупираните територии од страна на фашистичка Бугарија за време на Втората светска војна. Да потсетиме, цар Борис III и владата на Царска Бугарија се директни виновници за депортацијата на повеќе од 11.300 Евреи од окупираните територии во Македонија, Грција и Србија, од кои 7.144 се Евреи од Македонија, во центарот за убивање Треблика, во окупирана Полска. Цар Борис III на 21 јануари 1941 година го потпишува антиеврејскиот Закон за заштита на нацијата, ја презема паролата на нацистичка Германија ‘Eден цар, еден народ, една држава’ и е докажан заговорник за спроведување на таканараченото ‘конечно решение на еврејското прашање’.

Ова е еклатантен пример на негирање и искривоколчување на холокаустот, на исмевање и навреда за Евреите.

На 18 април во нашата реакција за отворањето на културниот клуб ‘Ванчо Михајлов’ во Битола повикавме ‘да се поведе постапка околу правната издржаност културни и други центри, граѓански здруженија и сл. да носат имиња на потврдени фашисти и докажани соработници на нацистите’.

Што треба да очекуваме да се случи следно? Регистрација на здруженија што го носат името на Александар Белев – комесар за еврејски прашања, Петар Габровски – министер за внатрешни работи и јавно здравје, Богдан Филов – премиер на Царска Бугарија, или можеби на Адолф Хитлер?

Несфатлива е рамнодушноста на надлежните органи во прилики кога одредени поединци на најгруб начин ја искривуваат историјата и газат по достоинството на Евреите и на сите граѓани на Македонија.

Кои се тие лојални граѓани на Македонија кои сеат омраза и глорифицираат антисемити, фашисти и нацисти основајќи вакви и слични ‘културни здруженија’?

Почитувани претставници на Владата, до каде е спроведувањето на двете заложби на државата преземени во Малме на Меѓународниот форум за сеќавање на холокаустот и борбата против антисемитизмот ‘Remember – React’, 12-14.10.2021 годina, а поврзани со заклучоците на Владата на Македонија од 14 септември 2021 година: 1. проширување на наставната програма за борба против антисемитизмот и негирање на холокаустот за учениците од 8. и 9. одделение; 2. задолжителна посета на Меморијалниот центар на холокаустот за учениците од основното и од средното образование?

Тоа е вистинскиот пат и начин како да се сузбие говорот на омраза и да се оневозможи искривување на историјата.

Нашата држава може и мора да застане на патот на сè позачестените појави на регистрирање вакви здруженија, кои со своите провокации и навреди шират говор на омраза и остануваат неказнети под превезот на слобода на говорот или добрососедство. Тоа е класичен пример за искривување на историските факти и величење на фашизмот и нацизмот. Чин што не е во духот на мултикултурализмот во нашата држава и не е во духот на добрососедските односи меѓу  Македонија и Бугарија“, се вели во соопштението.

The post Во државава се глорифицираат нацизмот, фашизмот и се шири говор на омраза: Кој дозволил регистрација на здружение Цар Борис III во Охрид? appeared first on Република.

]]>

Згрозени сме од леснотијата со која во државата се глорифицираат нацизмот, фашизмот и се шири говор на омраза, се вели во соопштението на Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија од регистрaцијата на здружението Цар Борис III во Охрид. Очигледно е дека зачестија регистрации на здруженија со бугарска самосвест кои носат називи на докажани соработници на нацистичка Германија. Тоа е свесна провокација и навреда за Еврејската заедница, навреда за македонската држaва и за нејзините граѓани… или некој можеби мисли поинаку, дека на овој начин, со промоција и величење на фашизмот и нацизмот, се зајакнуваат добрососедските односи, се вели во реакцијата на Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија. Името цар Борис III е поврзано со прогонот и уништувањето на Евреите од окупираните територии од страна на фашистичка Бугарија за време на Втората светска војна. Да потсетиме, цар Борис III и владата на Царска Бугарија се директни виновници за депортацијата на повеќе од 11.300 Евреи од окупираните територии во Македонија, Грција и Србија, од кои 7.144 се Евреи од Македонија, во центарот за убивање Треблика, во окупирана Полска. Цар Борис III на 21 јануари 1941 година го потпишува антиеврејскиот Закон за заштита на нацијата, ја презема паролата на нацистичка Германија ‘Eден цар, еден народ, една држава’ и е докажан заговорник за спроведување на таканараченото ‘конечно решение на еврејското прашање’. Ова е еклатантен пример на негирање и искривоколчување на холокаустот, на исмевање и навреда за Евреите. На 18 април во нашата реакција за отворањето на културниот клуб ‘Ванчо Михајлов’ во Битола повикавме ‘да се поведе постапка околу правната издржаност културни и други центри, граѓански здруженија и сл. да носат имиња на потврдени фашисти и докажани соработници на нацистите’. Што треба да очекуваме да се случи следно? Регистрација на здруженија што го носат името на Александар Белев – комесар за еврејски прашања, Петар Габровски – министер за внатрешни работи и јавно здравје, Богдан Филов – премиер на Царска Бугарија, или можеби на Адолф Хитлер? Несфатлива е рамнодушноста на надлежните органи во прилики кога одредени поединци на најгруб начин ја искривуваат историјата и газат по достоинството на Евреите и на сите граѓани на Македонија. Кои се тие лојални граѓани на Македонија кои сеат омраза и глорифицираат антисемити, фашисти и нацисти основајќи вакви и слични ‘културни здруженија’? Почитувани претставници на Владата, до каде е спроведувањето на двете заложби на државата преземени во Малме на Меѓународниот форум за сеќавање на холокаустот и борбата против антисемитизмот ‘Remember – React’, 12-14.10.2021 годina, а поврзани со заклучоците на Владата на Македонија од 14 септември 2021 година: 1. проширување на наставната програма за борба против антисемитизмот и негирање на холокаустот за учениците од 8. и 9. одделение; 2. задолжителна посета на Меморијалниот центар на холокаустот за учениците од основното и од средното образование? Тоа е вистинскиот пат и начин како да се сузбие говорот на омраза и да се оневозможи искривување на историјата. Нашата држава може и мора да застане на патот на сè позачестените појави на регистрирање вакви здруженија, кои со своите провокации и навреди шират говор на омраза и остануваат неказнети под превезот на слобода на говорот или добрососедство. Тоа е класичен пример за искривување на историските факти и величење на фашизмот и нацизмот. Чин што не е во духот на мултикултурализмот во нашата држава и не е во духот на добрососедските односи меѓу  Македонија и Бугарија“, се вели во соопштението.

The post Во државава се глорифицираат нацизмот, фашизмот и се шири говор на омраза: Кој дозволил регистрација на здружение Цар Борис III во Охрид? appeared first on Република.

]]>
Академикот Камбовски се прави како да не е одовде: И Бугарите никој не ги терал да носат антиеврејски закони https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/akademikot-kambovski-se-pravi-kako-da-ne-e-odovde-i-bugarite-nikoj-ne-gi-teral-da-nosat-antievrejski-zakoni/ Thu, 24 Feb 2022 10:11:55 +0000 https://republika.mk/?p=462985

Сите прашања околу положбата на етнички заедници, групи и слично се прашања на секоја една држава. Некоја држава може да сугерира што било, но прашањето зависи од нас самите, од нашата одлука. Значи, ние имаме механизми за тоа, ако се поведува иницијатива за промени на Уставот, тоа треба да биде наша одлука, изјави вчера академик Владо Камбовски пред годишното Собрание на МАНУ, одговарајќи на новинарско прашање околу барањето на Софија за внесување на Бугарите во Уставот.

Академик Камбовски тоа не го оценува како мешање во внатрешните работи на земјава, бидејќи, како што рече, тука никој не може да се меша и да диктира што ќе правите.

– Тоа самите го правите или не го правите, поаѓајќи од тоа дека ако оцените дека треба да го правите, тоа го правите аргументирајќи го својот потег со меѓународните стандарди, со постојната уставна рамка, стандардите за човекови права и слично, изјави Камбовски.

Со ставот и изјавата академик Камбовски, а сите нас не става во позиција како да „не сме од тука“ и како сите да не знаеме за што станува збор и каква е постапката за менување на Уставот.

Но, во сето ова има една случајна сличност, ако не и идентичност. Ни помалку, ни повеќе, туку од времето кога Бугарија на цар Борис III го носела Законот за заштита на нацијата. Тоа може да се види од книгата „Базичното антисемитско законодавство на царството Бугарија-Зборник на документи“, чии составувачи се Скендер Асани, Нора Маличи и Владо Поповски“, а е во издание на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците-Скопје, анализира „Пресинг ТВ“.

Книгата беше промовирана во март минатата година во МАНУ во знак на одбележување на годишнината од депортацијата на македонските Евреи, а играта на судбината сакала токму академик Владо Камбовски да биде еден од нејзините промотори. Но, еве што меѓу другото пишува во неа (стр.26-27):

„…По враќањето на Александар Белев од Германија, главниот бугарски антиеврејски закон – „Закон(от) за заштита на нацијата“, во конечна верзија, бил подготвен за месец–месец и пол. Кон крајот на септември 1940 год. министерот за внатрешни работи и за народно здравје, Петар Габровски, по налог на Царот Борис III објавил дека ќе го внесе „Законот за заштита на нацијата“ во Народното собрание – заради негово донесување. Пред тоа, Царот Борис, откако се вратил од средбата со Хитлер, одржана во Виена во месец август, на својот таен советник, Љубомир Лулчев, му се доверил оти тој го забавил донесувањето на споменатиот закон, но дека тогаш, кога веќе, Романија, Унгарија, дури и Франција, имале такви закони, било време и Бугарија да го донесе својот закон за заштита на нацијата. Притоа, потенцирал оти било подобро законот да го направат и донесат на своја иницијатива, отколку тој да им бил наложен од надвор, т.е. од Германија.

Точно било тоа дека „Законот за заштита на нацијата“ никој од надвор не ѝ го наметнал на Бугарија. Точно било и тоа дека тој закон бил направен самостојно од бугарските власти, на иницијатива на Царот Борис III и на министерот Петар Габровски, и дека бил подготвуван месеци пред да биде објавено дека ќе биде внесен во процедура за негово донесување. Меѓутоа, не може да се смета за точно тоа дека неговото внесување во Народното собрание било сторено откако бугарските власти (Царот и Владата) се осведочиле дека „…такви закони донеле Романија, Унгарија, дури и Франција…“, иако таа околност била згодна и за Бугарија; заради рационализација и пропаганда пред својата (бугарска) општественост.

Внесувањето на „Законот за заштита на нацијата“ во собраниска процедура било поврзано со друг факт и со друга мотивација. Имено, доставувањето на „Законот за заштита на нацијата“ заради донесување од страна на XXV обично народно собрание, точно на 6 октомври 1940 година*, а не, на пример, на почетокот на септември истата година, било резултат на фактот што, благодарение на Германија и на Хитлер, пред тоа, на 7 септември 1940 година, била потпишана Романско-бугарската спогодба за враќање на Јужна Добруџа на Бугарија. Со тој акт, издејствуван со влијанието на Хитлер, Царот Борис III, и Бугарија, ја добиле назад територијата на Јужна Добруџа која била припоена кон Романија со решенијата на Букурешкиот договор. Тој чин, наедно, бил и првиот чекор кон целосното остварување на неговиот мечтаен сон: обединувањето на сите „бугарски земји“ кои на Бугарија „ѝ биле отнати“ во Балканските војни – 1912–1913 година. Натамошните планови на Царот Борис III биле поврзани со „обединувањето“ на Беломорска Тракија, на Македонија и на моравските области кои останале надвор од Бугарија, без оглед на фактот што тие земји и територии пред тоа не биле, внатре, во Бугарија; во таа смисла, Македонија не била внатре во Бугарија, ниту пред ниту по Балканските војни…„.

Значи, да, точно е дека никој од надвор на Македонија не и ја наметна потребата од менување на Уставот за да се задоволат и Грција и Бугарија, исто како што е точно дека тоа беше и ќе биде направено самостојно од македонските власти. Во првиот случај видовме на чија иницијатива, а ќе видиме и сега, само единствено отворено ќе остане прашањето дали тоа било и ќе биде во интерес на Македонците-aнализира „Пресинг Тв“

Извор: Пресинг ТВ

The post Академикот Камбовски се прави како да не е одовде: И Бугарите никој не ги терал да носат антиеврејски закони appeared first on Република.

]]>

Сите прашања околу положбата на етнички заедници, групи и слично се прашања на секоја една држава. Некоја држава може да сугерира што било, но прашањето зависи од нас самите, од нашата одлука. Значи, ние имаме механизми за тоа, ако се поведува иницијатива за промени на Уставот, тоа треба да биде наша одлука, изјави вчера академик Владо Камбовски пред годишното Собрание на МАНУ, одговарајќи на новинарско прашање околу барањето на Софија за внесување на Бугарите во Уставот.
Академик Камбовски тоа не го оценува како мешање во внатрешните работи на земјава, бидејќи, како што рече, тука никој не може да се меша и да диктира што ќе правите.
– Тоа самите го правите или не го правите, поаѓајќи од тоа дека ако оцените дека треба да го правите, тоа го правите аргументирајќи го својот потег со меѓународните стандарди, со постојната уставна рамка, стандардите за човекови права и слично, изјави Камбовски.
Со ставот и изјавата академик Камбовски, а сите нас не става во позиција како да „не сме од тука“ и како сите да не знаеме за што станува збор и каква е постапката за менување на Уставот. Но, во сето ова има една случајна сличност, ако не и идентичност. Ни помалку, ни повеќе, туку од времето кога Бугарија на цар Борис III го носела Законот за заштита на нацијата. Тоа може да се види од книгата „Базичното антисемитско законодавство на царството Бугарија-Зборник на документи“, чии составувачи се Скендер Асани, Нора Маличи и Владо Поповски“, а е во издание на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците-Скопје, анализира „Пресинг ТВ“. Книгата беше промовирана во март минатата година во МАНУ во знак на одбележување на годишнината од депортацијата на македонските Евреи, а играта на судбината сакала токму академик Владо Камбовски да биде еден од нејзините промотори. Но, еве што меѓу другото пишува во неа (стр.26-27): „…По враќањето на Александар Белев од Германија, главниот бугарски антиеврејски закон – „Закон(от) за заштита на нацијата“, во конечна верзија, бил подготвен за месец–месец и пол. Кон крајот на септември 1940 год. министерот за внатрешни работи и за народно здравје, Петар Габровски, по налог на Царот Борис III објавил дека ќе го внесе „Законот за заштита на нацијата“ во Народното собрание – заради негово донесување. Пред тоа, Царот Борис, откако се вратил од средбата со Хитлер, одржана во Виена во месец август, на својот таен советник, Љубомир Лулчев, му се доверил оти тој го забавил донесувањето на споменатиот закон, но дека тогаш, кога веќе, Романија, Унгарија, дури и Франција, имале такви закони, било време и Бугарија да го донесе својот закон за заштита на нацијата. Притоа, потенцирал оти било подобро законот да го направат и донесат на своја иницијатива, отколку тој да им бил наложен од надвор, т.е. од Германија. Точно било тоа дека „Законот за заштита на нацијата“ никој од надвор не ѝ го наметнал на Бугарија. Точно било и тоа дека тој закон бил направен самостојно од бугарските власти, на иницијатива на Царот Борис III и на министерот Петар Габровски, и дека бил подготвуван месеци пред да биде објавено дека ќе биде внесен во процедура за негово донесување. Меѓутоа, не може да се смета за точно тоа дека неговото внесување во Народното собрание било сторено откако бугарските власти (Царот и Владата) се осведочиле дека „…такви закони донеле Романија, Унгарија, дури и Франција…“, иако таа околност била згодна и за Бугарија; заради рационализација и пропаганда пред својата (бугарска) општественост. Внесувањето на „Законот за заштита на нацијата“ во собраниска процедура било поврзано со друг факт и со друга мотивација. Имено, доставувањето на „Законот за заштита на нацијата“ заради донесување од страна на XXV обично народно собрание, точно на 6 октомври 1940 година*, а не, на пример, на почетокот на септември истата година, било резултат на фактот што, благодарение на Германија и на Хитлер, пред тоа, на 7 септември 1940 година, била потпишана Романско-бугарската спогодба за враќање на Јужна Добруџа на Бугарија. Со тој акт, издејствуван со влијанието на Хитлер, Царот Борис III, и Бугарија, ја добиле назад територијата на Јужна Добруџа која била припоена кон Романија со решенијата на Букурешкиот договор. Тој чин, наедно, бил и првиот чекор кон целосното остварување на неговиот мечтаен сон: обединувањето на сите „бугарски земји“ кои на Бугарија „ѝ биле отнати“ во Балканските војни – 1912–1913 година. Натамошните планови на Царот Борис III биле поврзани со „обединувањето“ на Беломорска Тракија, на Македонија и на моравските области кои останале надвор од Бугарија, без оглед на фактот што тие земји и територии пред тоа не биле, внатре, во Бугарија; во таа смисла, Македонија не била внатре во Бугарија, ниту пред ниту по Балканските војни…„.