бутмир Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/butmir/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Jan 2024 18:03:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бутмир Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/butmir/ 32 32 16 години тага: Одадена почит на загинатите припадници на Армијата во хеликоптерската несреќа кај Блаце https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/16-godini-taga-odadena-pochit-na-zaginatite-pripadnitsi-na-armijata-vo-helikopterskata-nesreka-kaj-blatse/ Fri, 12 Jan 2024 18:55:06 +0000 https://republika.mk/?p=732396

Со полагање цвеќе на местото на хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец и во кампот „Бутмир“ во Сараево, денеска е одадена почит на единаесетте армиски припадници од составот на воздухопловниот Винг, кои пред шеснаесет години трагично ги загубија своите животи, соопшти Канцеларијата за односи со јавноста на Генералштабот на Армијата.

На спомен обележјето, во помен на загинатите припадници, венци положија делегации од Генералштабот и Министерството за одбрана, Командата за операции, воздухопловниот Винг, првата пешадиска бригада, членовите на семејствата на загинатите и претставници на општината Петровец. Почит на загинатите е одадена и пред спомен обележјето пред командата на воздухопловниот Винг во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, како и во кампот „Бутмир“ во Сараево, Босна и Херцеговина, се наведува во соопштението.

Армискиот хеликоптер Ми-17 се урна на 12 јануари 2008 година кај катлановско Блаце, враќајќи ги од мисијата „АЛТЕА“, потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски.

The post 16 години тага: Одадена почит на загинатите припадници на Армијата во хеликоптерската несреќа кај Блаце appeared first on Република.

]]>