Бутел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/butel/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 08:49:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бутел Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/butel/ 32 32 Гори во Бутел 1 https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/gori-vo-butel-1/ Tue, 12 Nov 2024 08:49:37 +0000 https://republika.mk/?p=836605

Кровна конструкција на барака гори на улицата „Хо Ши Мин“ во скопската населба Бутел 1, јавува МИА.

Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески во изјава за МИА потврди дека се уште се на терен каде интервенираат 14 пожарникари со четири противпожарни возила.

Причините за пожарот и матерјалната штета допрва ќе се утврдуваат.

The post Гори во Бутел 1 appeared first on Република.

]]>

Кровна конструкција на барака гори на улицата „Хо Ши Мин“ во скопската населба Бутел 1, јавува МИА. Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески во изјава за МИА потврди дека се уште се на терен каде интервенираат 14 пожарникари со четири противпожарни возила. Причините за пожарот и матерјалната штета допрва ќе се утврдуваат.

The post Гори во Бутел 1 appeared first on Република.

]]>
Бутелчанец и Косовар направиле голема дива депонија и ја палеле https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/butelchanets-i-kosovar-napravile-golema-diva-deponija-i-ja-palele/ Thu, 17 Oct 2024 08:05:20 +0000 https://republika.mk/?p=827874

Инспекторите за животна средина на Град Скопје денеска затекнаа и евидентираа лица во тек на исфрлање големи количини отпад, креирање дива депонија на приватен имот и нејзино палење, на територијата на општина Бутел, каде е затекнато огромна количина на отпад од метал, пластика и градежен шут, информираат од Град Скопје.

Оттаму велат дека за извршено кривично дело од страна на лицата С.М жител на општина Бутел и М.Д. државјанин на Косово, согласно членот 218 на Кривичниот законик, ќе поднесе кривична пријава за предизвикување значително оштетување на квалитетот на воздухот, водата и почвата, односно опасност за животот и здравјето на луѓето, дело казниво со затвор од четири до десет години.

На територијата на Скопје има вкупно 14 институции кои што во вакви ситуации имаат надлежност и обврска да постапуваат. Но, се досега единствено градот Скопје реагира, додека останатите не постапуваат иако за истото имаат законска обврска. За време на викендот инспекторите за животна средина на градот Скопје и комуналните инспектори имаат санкционирано со изречени казни над 20 сторители, се вели во денешното соопштение.

Од Градот Скопје потсетуваат дека годинава поднеле повеќе кривични пријави за исфрлање на опасен отпад и загрозување на животната средина, за кривична одговорност против сторители затекнати како исфрлаат опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен отпад како случајот во општина Бутел каде затекнати лица истураа неколку тони отпад меѓу кои и опасен канцероген отпад во зелен појас со што се нагрдува градот и доведува во опасност на животот и здравјето на скопјани.

Апелираат до Владата на овој проблем да му пристапи сериозно, да реагира на пријавите на градот Скопје за поажурно контролирање на нелегалното исфрлање на отпад низ градот што е казниво и според Кривичниот законик, но и едновремено да ги ангажира и останатите надлежни институции, да започнат да постапуваат за детекција и санкционирање на сторителите.

The post Бутелчанец и Косовар направиле голема дива депонија и ја палеле appeared first on Република.

]]>

Инспекторите за животна средина на Град Скопје денеска затекнаа и евидентираа лица во тек на исфрлање големи количини отпад, креирање дива депонија на приватен имот и нејзино палење, на територијата на општина Бутел, каде е затекнато огромна количина на отпад од метал, пластика и градежен шут, информираат од Град Скопје. Оттаму велат дека за извршено кривично дело од страна на лицата С.М жител на општина Бутел и М.Д. државјанин на Косово, согласно членот 218 на Кривичниот законик, ќе поднесе кривична пријава за предизвикување значително оштетување на квалитетот на воздухот, водата и почвата, односно опасност за животот и здравјето на луѓето, дело казниво со затвор од четири до десет години.
На територијата на Скопје има вкупно 14 институции кои што во вакви ситуации имаат надлежност и обврска да постапуваат. Но, се досега единствено градот Скопје реагира, додека останатите не постапуваат иако за истото имаат законска обврска. За време на викендот инспекторите за животна средина на градот Скопје и комуналните инспектори имаат санкционирано со изречени казни над 20 сторители, се вели во денешното соопштение.
Од Градот Скопје потсетуваат дека годинава поднеле повеќе кривични пријави за исфрлање на опасен отпад и загрозување на животната средина, за кривична одговорност против сторители затекнати како исфрлаат опасен отпад, азбестни плочи и друг градежен отпад како случајот во општина Бутел каде затекнати лица истураа неколку тони отпад меѓу кои и опасен канцероген отпад во зелен појас со што се нагрдува градот и доведува во опасност на животот и здравјето на скопјани. Апелираат до Владата на овој проблем да му пристапи сериозно, да реагира на пријавите на градот Скопје за поажурно контролирање на нелегалното исфрлање на отпад низ градот што е казниво и според Кривичниот законик, но и едновремено да ги ангажира и останатите надлежни институции, да започнат да постапуваат за детекција и санкционирање на сторителите.

The post Бутелчанец и Косовар направиле голема дива депонија и ја палеле appeared first on Република.

]]>
Гореше уште еден автобус од ЈСП https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/goreshe-ushte-eden-avtobus-od-jsp/ Mon, 29 Jul 2024 15:04:01 +0000 https://republika.mk/?p=801363

Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие се запалил во скопската оштина Бутел по што интервенирала Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Оттаму информираат дека интервенирале со едно возило и го изгаснале пожарот на запалениот автобус на ЈСП на крстосницата на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ и улицата „Ферид Бајрам“ во населбата Бутел.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/po-pozharot-popladnevo-se-rasipa-ushte-eden-avtobus-na-jsp/

Станува збор за автобус ЛАЗ од украинско производство.

Од МИА јавуваат дека немало патници во автобусот на ЈСП Скопје што денеска се запали во близина на старата општина Бутел. Според нивните неофицијални информации пожарот бил предизвикан од неисправна инсталација, но тоа треба да го потврди истрагата.

The post Гореше уште еден автобус од ЈСП appeared first on Република.

]]>

Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие се запалил во скопската оштина Бутел по што интервенирала Територијалната противпожарна единица на Град Скопје. Оттаму информираат дека интервенирале со едно возило и го изгаснале пожарот на запалениот автобус на ЈСП на крстосницата на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ и улицата „Ферид Бајрам“ во населбата Бутел. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/po-pozharot-popladnevo-se-rasipa-ushte-eden-avtobus-na-jsp/ Станува збор за автобус ЛАЗ од украинско производство. Од МИА јавуваат дека немало патници во автобусот на ЈСП Скопје што денеска се запали во близина на старата општина Бутел. Според нивните неофицијални информации пожарот бил предизвикан од неисправна инсталација, но тоа треба да го потврди истрагата.

The post Гореше уште еден автобус од ЈСП appeared first on Република.

]]>
Тошковски најави нова полициска станица во Бутел https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/toshkovski-najavi-nova-politsiska-stanitsa-vo-butel/ Mon, 01 Jul 2024 11:49:36 +0000 https://republika.mk/?p=792407

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска остварил работна средба со градоначалникот на oпштина Бутел Дарко Костовски, на која биле разгледани повеќе други аспекти на можна соработка на Министерството за внатрешни работи со локалната самоуправа.

Како што ветивме пред граѓаните уште во техничкиот мандат, еден од приоритетите во делот на изградба на нови објекти е полициската станица во oпштина Бутел, објект кој е во најлоша состојба. Oд тие причини веднаш се почнува со средување на проектна документација и пренамена на средства со цел што поскоро да започне изградбата на станицата. Вработените во МВР заслужуваат да работат во нормални услови, што ќе придонесе за зголемување на квалитетот на услугите кои ги даваат кон граѓаните и ултимативно, зголемување на безбедноста на граѓаните, што е наш приоритет, потенцирал министерот Тошковски на средбата, се наведува во соопштението од МВР.

The post Тошковски најави нова полициска станица во Бутел appeared first on Република.

Мицкоски на камен-темелник на нова градинка во општина Бутел https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-na-kamen-temelnik-na-nova-gradinka-vo-opshtina-butel/ Mon, 01 Jul 2024 06:47:39 +0000 https://republika.mk/?p=792266

Премиерот Христијан Мицкоски со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски ќе присуствува на поставување камен темелник на нова детска градинка.

Како што информира владината прес-служба, новата градинка ќе треба да обезбеди згрижување на над 200 деца, а инвестицијата е над 100 милиони денари.

The post Мицкоски на камен-темелник на нова градинка во општина Бутел appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски ќе присуствува на поставување камен темелник на нова детска градинка. Како што информира владината прес-служба, новата градинка ќе треба да обезбеди згрижување на над 200 деца, а инвестицијата е над 100 милиони денари.

The post Мицкоски на камен-темелник на нова градинка во општина Бутел appeared first on Република.

]]>
Жена пешак настрадала откако се судриле две возила во Бутел https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zhena-peshak-nastradala-otkako-se-sudrile-dve-vozila-vo-butel/ Tue, 14 May 2024 09:54:27 +0000 https://republika.mk/?p=777896

Вчера во 18.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ферид Бајрам“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд фиеста“, управувано од Ј.И.(30) од Скопје и патничко возило „фолксваген поло“, управувано од А.В.(30) од с.Никиштане, скопско, двете со скопски регистарски ознаки, при што била удрена и Ф.К.(65) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.К., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, а со телесни повреди се здобил сопатник од возилото „фолксваген поло“, А.В.(19) од с.Никиштане, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post Жена пешак настрадала откако се судриле две возила во Бутел appeared first on Република.

]]>

Вчера во 18.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ферид Бајрам“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд фиеста“, управувано од Ј.И.(30) од Скопје и патничко возило „фолксваген поло“, управувано од А.В.(30) од с.Никиштане, скопско, двете со скопски регистарски ознаки, при што била удрена и Ф.К.(65) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.К., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, а со телесни повреди се здобил сопатник од возилото „фолксваген поло“, А.В.(19) од с.Никиштане, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.  

The post Жена пешак настрадала откако се судриле две возила во Бутел appeared first on Република.

]]>
Младите се силата, енергија и иднината на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mladite-se-silata-energija-i-idninata-na-vmro-dpmne-i-makedonija/ Fri, 03 May 2024 13:19:54 +0000 https://republika.mk/?p=773810

Младите се силата, енергија и иднината на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА!, пишува на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Изборната единица 2 Владо Мисајловски.

Попладнево продолживме на дружење со младите од Бутел!

Младите се силата, енергија и иднината на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА!

Подготвени заедно да ја донесеме најголемата двојна победа!

Ќе победиме за нашата Македонија, за сигурна и стабилна иднина на секој млад човек!

The post Младите се силата, енергија и иднината на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија appeared first on Република.

]]>

Младите се силата, енергија и иднината на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА!, пишува на Фејсбук потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во Изборната единица 2 Владо Мисајловски.
Попладнево продолживме на дружење со младите од Бутел! Младите се силата, енергија и иднината на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА! Подготвени заедно да ја донесеме најголемата двојна победа! Ќе победиме за нашата Македонија, за сигурна и стабилна иднина на секој млад човек!

The post Младите се силата, енергија и иднината на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија appeared first on Република.

]]>
ВО ЖИВО: Народен митинг во Бутел- Македонија повторно горда! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-naroden-miting-vo-butel-makedonija-povtorno-gorda/ Sat, 13 Apr 2024 16:52:49 +0000 https://republika.mk/?p=765748

Следете го во живо, народниот митинг во Бутел – Македонија повторно горда!

The post ВО ЖИВО: Народен митинг во Бутел- Македонија повторно горда! appeared first on Република.

]]>

Следете го во живо, народниот митинг во Бутел – Македонија повторно горда!

The post ВО ЖИВО: Народен митинг во Бутел- Македонија повторно горда! appeared first on Република.

]]>
Тошковски најави дека во соработка со општина Бутел ќе се гради целосно нова полициска станица https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-najavi-deka-vo-sorabotka-so-opshtina-butel-ke-se-gradi-tselosno-nova-politsiska-stanitsa/ Mon, 01 Apr 2024 20:45:52 +0000 https://republika.mk/?p=761072

По посетата на Единицата за внатрешни работи Чаир, каде што се запозна со катастрофалната состојба на објектот во кој работат полициските службеници, министерот за внатрешни работи, Панче Тошпковски, ја посети и Општина Бутел, каде што со градоначалникот Дарко Костовски разговарале за овој проблем.

Од негова страна ми беше посочено дека во минатото многу пати овој проблем бил тема на разговор, но од страна на Министерството за внатрешни работи немало конкретно решение. Од тие причини тој заедно со своите соработници од Општина Бутел во рамките на нивните надлежности почнале постапка за определување на парцела за изградба на комплетно нова полициска станица и во овој момент во фаза на завршница е планската документација.

Од моја страна беше потенцирано дека со оглед на техничката природа на актуелната Влада и фактот што се наоѓаме во предизборен период, ова прашање ќе биде покренато веднаш штом се формира нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе ги преземе сите чекори со цел граѓаните на Бутел и полициските службеници да добијат нов објект изграден според најсовремени стандарди, бидејќи најмалку што заслужуваат е да работат во нормални и хумани услови“, сопштува Тошковски.

The post Тошковски најави дека во соработка со општина Бутел ќе се гради целосно нова полициска станица appeared first on Република.

]]>

По посетата на Единицата за внатрешни работи Чаир, каде што се запозна со катастрофалната состојба на објектот во кој работат полициските службеници, министерот за внатрешни работи, Панче Тошпковски, ја посети и Општина Бутел, каде што со градоначалникот Дарко Костовски разговарале за овој проблем.
Од негова страна ми беше посочено дека во минатото многу пати овој проблем бил тема на разговор, но од страна на Министерството за внатрешни работи немало конкретно решение. Од тие причини тој заедно со своите соработници од Општина Бутел во рамките на нивните надлежности почнале постапка за определување на парцела за изградба на комплетно нова полициска станица и во овој момент во фаза на завршница е планската документација.   Од моја страна беше потенцирано дека со оглед на техничката природа на актуелната Влада и фактот што се наоѓаме во предизборен период, ова прашање ќе биде покренато веднаш штом се формира нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе ги преземе сите чекори со цел граѓаните на Бутел и полициските службеници да добијат нов објект изграден според најсовремени стандарди, бидејќи најмалку што заслужуваат е да работат во нормални и хумани услови“, сопштува Тошковски.

The post Тошковски најави дека во соработка со општина Бутел ќе се гради целосно нова полициска станица appeared first on Република.

]]>
Возач на БМВ предизвикал судар, па побегнал https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vozach-na-bmv-predizvikal-sudar-pa-pobegnal/ Sun, 31 Dec 2023 10:21:01 +0000 https://republika.mk/?p=728474

Сообраќајна несреќа се случила вчеравечер под мостот во Бутел, пред кружниот тек. Според информациите од очевидци за „4news“ возило марка „БМВ“ престигнувало две возила, но изгубило контрола и излетало од коловозот.

Возачот побегнал од местото на несреќата. Се очекуваат детали од СВР Скопје.

The post Возач на БМВ предизвикал судар, па побегнал appeared first on Република.

]]>

Сообраќајна несреќа се случила вчеравечер под мостот во Бутел, пред кружниот тек. Според информациите од очевидци за „4news“ возило марка „БМВ“ престигнувало две возила, но изгубило контрола и излетало од коловозот. Возачот побегнал од местото на несреќата. Се очекуваат детали од СВР Скопје.

The post Возач на БМВ предизвикал судар, па побегнал appeared first on Република.

]]>
Три возила се судрија во Бутел, жена со тешки повреди во болница https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tri-vozila-se-sudrija-vo-butel-zhena-so-teshki-povredi-vo-bolnitsa/ Thu, 26 Oct 2023 10:38:46 +0000 https://republika.mk/?p=695178

Вчера во 13.35 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Александар Урдаревски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(30) од Скопје, патничко моторно возило „поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(49) од Скопје и патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(26) од Скопје, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Т. , констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

The post Три возила се судрија во Бутел, жена со тешки повреди во болница appeared first on Република.

]]>

Вчера во 13.35 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„Александар Урдаревски“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(30) од Скопје, патничко моторно возило „поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(49) од Скопје и патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(26) од Скопје, соопшти МВР. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Т. , констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.  

The post Три возила се судрија во Бутел, жена со тешки повреди во болница appeared first on Република.

]]>
Дел од општина Бутел денеска без вода https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/del-od-opshtina-butel-deneska-bez-voda/ Sun, 24 Sep 2023 09:59:12 +0000 https://republika.mk/?p=684629

Без вода денеска од 10.45 часот се дел од корисниците лоцирани на еден крак од улицата „Александар Турунџиев“, од број 22 до 65.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради уличен дефект од ф-80 милиметри на улица „Александар Турунџиев“ 65 Б.

Жителите ќе бидат без вода се до завршување со работните активности.

The post Дел од општина Бутел денеска без вода appeared first on Република.

]]>

Без вода денеска од 10.45 часот се дел од корисниците лоцирани на еден крак од улицата „Александар Турунџиев“, од број 22 до 65. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради уличен дефект од ф-80 милиметри на улица „Александар Турунџиев“ 65 Б. Жителите ќе бидат без вода се до завршување со работните активности.

The post Дел од општина Бутел денеска без вода appeared first on Република.

]]>
Почина поранешен ракометар на Бутел на 40 години https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/pochina-poraneshen-rakometar-na-butel-na-40-godini/ Mon, 18 Sep 2023 10:53:06 +0000 https://republika.mk/?p=682859

„Брз Центар“ објави дека поранешниот руски ракометар Алексеј Григорјев почина по тешко боледување на 40-годишна возраст.

Григорјев во текот на кариерата играше за Мешков Брест, Мотор Запорожје, како и за Динамо и Нева Санкт Петербург, но и за македонскиот суперлигаш Бутел.

Русинот по завршување на ракометната кариера се занимавал со приватен бизнис.

The post Почина поранешен ракометар на Бутел на 40 години appeared first on Република.

]]>

„Брз Центар“ објави дека поранешниот руски ракометар Алексеј Григорјев почина по тешко боледување на 40-годишна возраст. Григорјев во текот на кариерата играше за Мешков Брест, Мотор Запорожје, како и за Динамо и Нева Санкт Петербург, но и за македонскиот суперлигаш Бутел. Русинот по завршување на ракометната кариера се занимавал со приватен бизнис.

The post Почина поранешен ракометар на Бутел на 40 години appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: И покрај опструкциите на власта, општина Бутел се развива и ги спроведува ветените проекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-i-pokraj-opstruktsiite-na-vlasta-opshtina-butel-se-razviva-i-gi-sproveduva-vetenite-proekti/ Fri, 15 Sep 2023 11:06:21 +0000 https://republika.mk/?p=682118

Задоволство е секогаш да се биде дел од проекти кои што се реализираат какви што се тука во општина Бутел. Му честитам на Дарко, на дел од советниците во Општината. Исто така им честитам и на луѓето кои што се дел од администрацијата во Општина Бутел и кои што работат макотрпно заедно со градоначалникот да буквално да кажеме од ништо да направат нешто, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Самиот градоначалник кажа дека имаат големи опструкции од страна на централната Влада, Владата на ДУИ – СДСМ или СДСМ – ДУИ како ви е полесно. Зошто тоа го прават? Затоа што народот овде во општина Бутел даде би рекол недвосмислена поддршка во 2021 година на локалните избори за Дарко и за ВМРО-ДПМНЕ. И сега тие со тоа што не ја поддржуваат Општината ги казнуваат сопствените граѓани.

Но, добрата вест е тоа што за неколку месеци од денеска ќе имаме Влада од ВМРО-ДПМНЕ која што има намера преку проектот, а тоа е 250 милиони евра за капитални инвестиции во општините во Македонија без разлика дали се тоа општини на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Алијансата на Албанците, БЕСА или се независни градоначалници, да помага и да реализира проекти. Бидејќи на тој начин се подобруваат условите за живот на сите граѓани.

Владата треба да биде Влада на сите граѓани, а не само на оние кои што ја гласаат, и не само за себе преку криминалните тендери кои што ги крадат местејќи ги во четири очи.

Уште еднашка сум среќен, задоволен и почестен секогаш да бидам дел од проектите кои што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ги реализираат. Му честитам на Дарко уште еднашка, на советниците во Општина Бутел, на администрацијата, за сето тоа што го прават тука. Знам дека ќе продолжат со исто темпо, а веќе со новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го засилиме и ќе направиме и работи кои што не сме ги ветувале за време на кампањата на локалните избори во 2021 година, додава Мицкоски.

The post Мицкоски: И покрај опструкциите на власта, општина Бутел се развива и ги спроведува ветените проекти appeared first on Република.

]]>

Задоволство е секогаш да се биде дел од проекти кои што се реализираат какви што се тука во општина Бутел. Му честитам на Дарко, на дел од советниците во Општината. Исто така им честитам и на луѓето кои што се дел од администрацијата во Општина Бутел и кои што работат макотрпно заедно со градоначалникот да буквално да кажеме од ништо да направат нешто, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. -Самиот градоначалник кажа дека имаат големи опструкции од страна на централната Влада, Владата на ДУИ – СДСМ или СДСМ – ДУИ како ви е полесно. Зошто тоа го прават? Затоа што народот овде во општина Бутел даде би рекол недвосмислена поддршка во 2021 година на локалните избори за Дарко и за ВМРО-ДПМНЕ. И сега тие со тоа што не ја поддржуваат Општината ги казнуваат сопствените граѓани. Но, добрата вест е тоа што за неколку месеци од денеска ќе имаме Влада од ВМРО-ДПМНЕ која што има намера преку проектот, а тоа е 250 милиони евра за капитални инвестиции во општините во Македонија без разлика дали се тоа општини на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Алијансата на Албанците, БЕСА или се независни градоначалници, да помага и да реализира проекти. Бидејќи на тој начин се подобруваат условите за живот на сите граѓани. Владата треба да биде Влада на сите граѓани, а не само на оние кои што ја гласаат, и не само за себе преку криминалните тендери кои што ги крадат местејќи ги во четири очи. Уште еднашка сум среќен, задоволен и почестен секогаш да бидам дел од проектите кои што градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ги реализираат. Му честитам на Дарко уште еднашка, на советниците во Општина Бутел, на администрацијата, за сето тоа што го прават тука. Знам дека ќе продолжат со исто темпо, а веќе со новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го засилиме и ќе направиме и работи кои што не сме ги ветувале за време на кампањата на локалните избори во 2021 година, додава Мицкоски.

The post Мицкоски: И покрај опструкциите на власта, општина Бутел се развива и ги спроведува ветените проекти appeared first on Република.

]]>
Го прегазил сред бел ден и избегал од местото на несреќата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/go-pregazil-sred-bel-den-i-izbegal-od-mestoto-na-nesrekata/ Wed, 06 Sep 2023 10:52:03 +0000 https://republika.mk/?p=679279

Вчера во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Петар Манџуков“ и сервисна улица што ја поврзува улицата со ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје, патничко моторно возило „рено“ удрило во М.А.(26) од Скопје и го напуштило местото.

По несреќата, М.А. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

The post Го прегазил сред бел ден и избегал од местото на несреќата appeared first on Република.

]]>

Вчера во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Петар Манџуков“ и сервисна улица што ја поврзува улицата со ул.„Александар Урдаревски“ во Скопје, патничко моторно возило „рено“ удрило во М.А.(26) од Скопје и го напуштило местото. По несреќата, М.А. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.  

The post Го прегазил сред бел ден и избегал од местото на несреќата appeared first on Република.

]]>
Уништена урбана опрема во Општина Бутел https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/unishtena-urbana-oprema-vo-opshtina-butel/ Sat, 02 Sep 2023 13:04:50 +0000 https://republika.mk/?p=678132

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски го осуди вандалскиот чин со кој се уништува урбана опрема.

- Жално е што сè почесто сме сведоци на дивјаштвото врз реквизитите и урбаната опрема која претходно е поставена на местата каде децата и граѓаните најчесто одмараат. Последниот случај е во дворот на ООУ “Ацо Шопов” каде што целосно е уништена урбаната опрема, а оштетен е и летниковецот, објави Костовски.

На овој потег во изминатиот период се вложени над 4.000.000 денари во ново игралиште, нова урбана опрема и ново зеленило.

- Јавно ќе побарам од директорот на основното општинско училиште и до МВР да постапи и најригорозно да го санкционира ваквиот вандалски чин, најави градоначалникот.

The post Уништена урбана опрема во Општина Бутел appeared first on Република.

Само куќен притвор за првоосмничениот за тешката сообраќајна несреќа во Бутел https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/samo-kuken-pritvor-za-prvoosmnicheniot-za-teshkata-soobrakajna-nesreka-vo-butel/ Fri, 04 Aug 2023 16:03:52 +0000 https://republika.mk/?p=668792

Јавното обвинителство покрена истрага за трагичната несреќа на 31 јули во Скопје, во која почина 25-годишно момче пешак, а беа повредени возачите на автомобилите и сопатниците, објави Алсат.

Истрагата потврди дека сообраќајната несреќа ја предизвикал автомобилот со италијански регистерски таблички кој поминал на црвено – и возачот се води како првоосомничен.

„Сообраќајот бил регулиран со семафор, а тој постапил спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и преку надолжната полна линија го обиколил запреното возило. Потоа продолжил со движење и навлегол во крстосницата, свртувајќи во лево на запалено црвено светло на семафорот“, наведоа од ЈО.

Обвинителството го сомничи и другиот учесник во сообраќајот дека возел со несоодветна брзина, иако не се наведуваат детали за брзината забележана до моментот на несреќата.

„39-годишниот македонски државјанин возел по крстосница на зелено светло,но без притоа да ја приспособи брзината на движење кон својствата и состојбите на патот, видливоста, прегледноста, атмосферските услови, состојбата на возилото и товарот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови“, додаваат од ЈО.

Двајцата се товарат за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. На првоосомничениот му е одреден куќен притвор, додека на второпријавениот му е одредена наредба да се јави пред суд.

The post Само куќен притвор за првоосмничениот за тешката сообраќајна несреќа во Бутел appeared first on Република.

]]>

Јавното обвинителство покрена истрага за трагичната несреќа на 31 јули во Скопје, во која почина 25-годишно момче пешак, а беа повредени возачите на автомобилите и сопатниците, објави Алсат. Истрагата потврди дека сообраќајната несреќа ја предизвикал автомобилот со италијански регистерски таблички кој поминал на црвено – и возачот се води како првоосомничен.
„Сообраќајот бил регулиран со семафор, а тој постапил спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и преку надолжната полна линија го обиколил запреното возило. Потоа продолжил со движење и навлегол во крстосницата, свртувајќи во лево на запалено црвено светло на семафорот“, наведоа од ЈО.
Обвинителството го сомничи и другиот учесник во сообраќајот дека возел со несоодветна брзина, иако не се наведуваат детали за брзината забележана до моментот на несреќата.
„39-годишниот македонски државјанин возел по крстосница на зелено светло,но без притоа да ја приспособи брзината на движење кон својствата и состојбите на патот, видливоста, прегледноста, атмосферските услови, состојбата на возилото и товарот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови“, додаваат од ЈО.
Двајцата се товарат за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. На првоосомничениот му е одреден куќен притвор, додека на второпријавениот му е одредена наредба да се јави пред суд.

The post Само куќен притвор за првоосмничениот за тешката сообраќајна несреќа во Бутел appeared first on Република.

]]>
Притвор за првоосомничениот за страотната несреќа во Бутел: Казна доби и второ осомничениот откако усмртија 25 годишно момче! https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pritvor-za-prvoosomnicheniot-za-straotnata-nesreka-vo-butel-kazna-dobi-i-vtoro-osomnicheniot-otkako-usmrtija-25-godishno-momche/ Fri, 04 Aug 2023 12:25:51 +0000 https://republika.mk/?p=668705

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот ои за него е доставен предлог за определување мерка куќен притвор. Во врска со истиот настан, за уште едно лице е поведена постапка за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, кое се гони по скратена постапка и за него се предложени мерки на претпазливост, соопштија од Обвинителството

На 31 јули, првиот осомничен, 41-годишен македонски државјанин со престојувалиште во Италија, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај, така што го довел во опасност животот на луѓето.

Тој, по левата сообраќајна лента од булеварот „Словенија“ во Скопје, во насока од запад кон исток, управувал автомобил „Мерцедес“ со италијански регистарски ознаки, па кога пристигнал пред крстосницата со булеварите „Македонско Косовска Бригада“ и „Босна и Херцеговина“ на која сообраќајот бил регулиран со семафор, постапил спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и преку надолжната полна линија вршел обиколување на запрено возило. Потоа продолжил со движење и навлегол во крстосницата, свртувајќи во лево на запалено црвено светло на семафорот.

Притоа, не го пропуштил возилото „Мерцедес” со скопски регистарски ознаки, кое се движело од спротивната насока по булеварот „Босна и Херцеговина“, управувано од другиот осомничен 39-годишен македонски државјанин и на крстосницата на зелено светло го задржувало правецот на движење, но без притоа да ја приспособи брзината на движење кон својствата и состојбите на патот, видливоста, прегледноста, атмосферските услови, состојбата на возилото и товарот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови.

Како резултат на тоа, дошло до судар на двете возила, па автомобилот управуван од вториот осомничен излегол надвор од коловозот на пешачкиот разделен остров на северозападната страна од крстосницата и со десниот страничен дел удрил во телото од еден пешак.

Веднаш потоа возилото управувано од вториот осомничен продолжило со движење нанапред и во десно и со предниот дел удрило во метален столб од семафор, продолжило со движење во десно и повторно удрило во бетонски столб, бетонски ѕид и бетонска ограда од дворното место на ресторан.

Од ударот, оштетениот пешак се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентниот Центар при Комплекс Клиники „Мајка Тереза“ каде починал.

Со тешки телесни повреди се здобила и сопатничката во возилото на второосомничениот.

Надлежниот јавен обвинител, освен мерката куќен притвор, за првиот осомничен предложи и привремено одземање на патната исправа и на возачката дозвола. За вториот осомничен се предложени мерки на претпазливост – обврска тој да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено да му се одземе патната исправа и да се определи забрана за нејзино издавање и привремено одземање на возачка дозвола односно забрана за нејзино издавање.

The post Притвор за првоосомничениот за страотната несреќа во Бутел: Казна доби и второ осомничениот откако усмртија 25 годишно момче! appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот ои за него е доставен предлог за определување мерка куќен притвор. Во врска со истиот настан, за уште едно лице е поведена постапка за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, кое се гони по скратена постапка и за него се предложени мерки на претпазливост, соопштија од Обвинителството На 31 јули, првиот осомничен, 41-годишен македонски државјанин со престојувалиште во Италија, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај, така што го довел во опасност животот на луѓето. Тој, по левата сообраќајна лента од булеварот „Словенија“ во Скопје, во насока од запад кон исток, управувал автомобил „Мерцедес“ со италијански регистарски ознаки, па кога пристигнал пред крстосницата со булеварите „Македонско Косовска Бригада“ и „Босна и Херцеговина“ на која сообраќајот бил регулиран со семафор, постапил спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и преку надолжната полна линија вршел обиколување на запрено возило. Потоа продолжил со движење и навлегол во крстосницата, свртувајќи во лево на запалено црвено светло на семафорот. Притоа, не го пропуштил возилото „Мерцедес” со скопски регистарски ознаки, кое се движело од спротивната насока по булеварот „Босна и Херцеговина“, управувано од другиот осомничен 39-годишен македонски државјанин и на крстосницата на зелено светло го задржувало правецот на движење, но без притоа да ја приспособи брзината на движење кон својствата и состојбите на патот, видливоста, прегледноста, атмосферските услови, состојбата на возилото и товарот, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови. Како резултат на тоа, дошло до судар на двете возила, па автомобилот управуван од вториот осомничен излегол надвор од коловозот на пешачкиот разделен остров на северозападната страна од крстосницата и со десниот страничен дел удрил во телото од еден пешак. Веднаш потоа возилото управувано од вториот осомничен продолжило со движење нанапред и во десно и со предниот дел удрило во метален столб од семафор, продолжило со движење во десно и повторно удрило во бетонски столб, бетонски ѕид и бетонска ограда од дворното место на ресторан. Од ударот, оштетениот пешак се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентниот Центар при Комплекс Клиники „Мајка Тереза“ каде починал. Со тешки телесни повреди се здобила и сопатничката во возилото на второосомничениот. Надлежниот јавен обвинител, освен мерката куќен притвор, за првиот осомничен предложи и привремено одземање на патната исправа и на возачката дозвола. За вториот осомничен се предложени мерки на претпазливост – обврска тој да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено да му се одземе патната исправа и да се определи забрана за нејзино издавање и привремено одземање на возачка дозвола односно забрана за нејзино издавање.

The post Притвор за првоосомничениот за страотната несреќа во Бутел: Казна доби и второ осомничениот откако усмртија 25 годишно момче! appeared first on Република.

]]>
Николов: Општина Бутел додели финансиска поддршка за дете со три медали од д специјалната Олимпијада и за монографија на истакнатиот режисер и глумец https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/nikolov-opshtina-butel-dodeli-finansiska-poddrshka-za-dete-so-tri-medali-od-d-spetsijalnata-olimpijada-i-za-monografija-na-istaknatiot-rezhiser-i-glumets/ Fri, 30 Jun 2023 16:18:00 +0000 https://republika.mk/?p=656946

Подеднакво водиме грижа за сите наши сограѓани на територија на општина Бутел и проектите кои ги реализиравме и се во тек се проекти од кои ќе имаат сите граѓани бенефит без разлика на националната припадност, изјави д-р Игор Николов.

Тој потенцира дека при носењето одлуки во општина Бутел, исклучиво се водат од потребата да се придонесе за доброто на граѓаните кои се жители на општината.

Токму показател за ова се денешните одлуки на денешната седницата на Совет на општина Бутел за финансиска поддршка за издавање на монографија на г-дин Бајруш Мјаку кој е наш истакнат режисер и глумец и кој живее во нашата општина.

Исто така донесовме одлука за финансиска поддршка за врвни спортисти меѓу кои и Марио Мицковски, дете спортски талент кој донесе три медали од специјалната Олимпијада за лица со попреченост.

Продолжуваме цврсто и одлучно со грижата подеднакво за сите наши сограѓани кои живеат на територија на општина Бутел, вели д-р Николов.

The post Николов: Општина Бутел додели финансиска поддршка за дете со три медали од д специјалната Олимпијада и за монографија на истакнатиот режисер и глумец appeared first on Република.

]]>

Подеднакво водиме грижа за сите наши сограѓани на територија на општина Бутел и проектите кои ги реализиравме и се во тек се проекти од кои ќе имаат сите граѓани бенефит без разлика на националната припадност, изјави д-р Игор Николов. Тој потенцира дека при носењето одлуки во општина Бутел, исклучиво се водат од потребата да се придонесе за доброто на граѓаните кои се жители на општината.
Токму показател за ова се денешните одлуки на денешната седницата на Совет на општина Бутел за финансиска поддршка за издавање на монографија на г-дин Бајруш Мјаку кој е наш истакнат режисер и глумец и кој живее во нашата општина.   Исто така донесовме одлука за финансиска поддршка за врвни спортисти меѓу кои и Марио Мицковски, дете спортски талент кој донесе три медали од специјалната Олимпијада за лица со попреченост.   Продолжуваме цврсто и одлучно со грижата подеднакво за сите наши сограѓани кои живеат на територија на општина Бутел, вели д-р Николов.

The post Николов: Општина Бутел додели финансиска поддршка за дете со три медали од д специјалната Олимпијада и за монографија на истакнатиот режисер и глумец appeared first on Република.

]]>
Костовски: Во општина Бутел се изградени дупло повеќе игралишта за оваа година ипол, отколку 23 години наназад https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/kostovski-vo-opshtina-butel-se-izgradeni-duplo-poveke-igralishta-za-ovaa-godina-ipol-otkolku-23-godini-nanazad/ Sat, 17 Jun 2023 18:23:00 +0000 https://republika.mk/?p=652550

Сите овие луѓе кои што седат тука и сите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ успеаја да покажат дека немаат проблем да дадат жртва, да бидат надвор од удобството на своето семејство, многу ретко да ги гледаат дома и да и да работат многу повеќе од она што ни е работно време и токму затоа се запазени ти резултати кои што се евидентни. И второ, коешто е многу побитно, е несебичноста или чистата љубов за Македонија којашто вистински вмровец секогаш има и токму затоа работи за неа, за разлика од сите политички партии коишто за жал ја немаат и тоа мислам дека е евидентно, истакна во своето обраќање на трибината на ВМРО-ДПМНЕ на тема „33 години ВМРО-ДПМНЕ и Македонија“, градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски.

Костовски исто така наброја и неколку од реализираните проекти откако тој е градоначалник на општина Бутел каде меѓу другото се изградени голем број на спортско рекреативни центри.

Би почнал со двата носечки проекти кои што пред изборите беа најавувани од мене веќе се реалност и некаде од септември ќе стартуваат и со нивната употреба во целост, а тоа е ново училиште во населеното место Визбегово и нова детска градинка во населеното место Бутел 1 коишто се веќе завршени за година ипол. Досега успеавме да изградиме шест спортско рекреативни центри. Не станува збор за спортски терени туку за спортско рекреативни центри кои што содржат модерно фудбалско игралиште, модерно кошаркарско игралиште, парковска содржина, мини плоштад и детско игралиште и некаде до крајот на третата година од мандатот убеден сум дека секое населено место во општина Бутел ќе добие по еден ваков спортско рекреативен центар. Во овој момент се гради уште еден во населеното место Бутел 1 и за многу скоро, за некој ден ќе почне уште еден спортско рекреативен центар во населеното место Љуботенски Пат кој што ќе го носи името „Бранители“, истакна Костовски.

Тој додаде дека за година ипол се изградени вкупно дванаесет спортски игралишта

Ова се само спортски терени и би сакал да напоменам дека за година ипол сега се изградени дупло повеќе спортски игралишта отколку 32 години наназад на територија на општина Бутел, а до крајот на мандатот ќе има над 25 спортски игралишта територија на општина Бутел“, изјави Косотовски.

The post Костовски: Во општина Бутел се изградени дупло повеќе игралишта за оваа година ипол, отколку 23 години наназад appeared first on Република.