бустер доза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/buster-doza/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Mar 2022 10:00:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бустер доза Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/buster-doza/ 32 32 ЕМА: Рано е да се зборува за втора бустер-доза против ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ema-rano-e-da-se-zboruva-za-vtora-buster-doza-protiv-kovid-19/ Thu, 17 Mar 2022 15:33:32 +0000 https://republika.mk/?p=474462

Премногу е рано да се повикува на втора засилена доза вакцина против ковид-19, нагласија од ЕМА и покрај брзиот скок на нови инфекции предизвикани од сојот омикрон.

Говорејќи на двонеделната прес-конференција на Европската агенција за лекови, раководителот на стратегијата за вакцини на ЕМА додаде дека укинувањето на правилата за коронавирус во многу земји можеби имало улога во сегашниот пораст на случаите.

– Забележуваме дека стапките на инфекција повторно се зголемуваат во некои земји-членки по постојаното намалување на кое бевме сведоци во изминатите неколку недели. Агенцијата со седиште во Амстердам „продолжува да ја следи ефективноста на вакцините за Ковид-19 против варијантата Омикрон - изјави Марко Кавалери.

Но сепак, нема доволно научни докази за одобрување и препорачување на втора бустер-доза.

Светската здравствена организација вчера изрази тревога за зголемените инфекции со ковид-19 на глобално ниво, и покрај падот на нивоата на тестирање.

The post ЕМА: Рано е да се зборува за втора бустер-доза против ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Премногу е рано да се повикува на втора засилена доза вакцина против ковид-19, нагласија од ЕМА и покрај брзиот скок на нови инфекции предизвикани од сојот омикрон. Говорејќи на двонеделната прес-конференција на Европската агенција за лекови, раководителот на стратегијата за вакцини на ЕМА додаде дека укинувањето на правилата за коронавирус во многу земји можеби имало улога во сегашниот пораст на случаите.
– Забележуваме дека стапките на инфекција повторно се зголемуваат во некои земји-членки по постојаното намалување на кое бевме сведоци во изминатите неколку недели. Агенцијата со седиште во Амстердам „продолжува да ја следи ефективноста на вакцините за Ковид-19 против варијантата Омикрон - изјави Марко Кавалери.
Но сепак, нема доволно научни докази за одобрување и препорачување на втора бустер-доза. Светската здравствена организација вчера изрази тревога за зголемените инфекции со ковид-19 на глобално ниво, и покрај падот на нивоата на тестирање.

The post ЕМА: Рано е да се зборува за втора бустер-доза против ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Почнува кампања за бустер доза против ковид-19 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-kampanja-za-buster-doza-protiv-kovid-19/ Wed, 02 Mar 2022 14:42:34 +0000 https://republika.mk/?p=466546

Од Комисијата за заразни болести соопштија дека од денеска почнува кампања за закажување термини за сите оние кои имаат нецелосна вакцинација, односно тие што немаат примено бустер доза, а спаѓаат во ризичните групи.

Ризични групи граѓани, односно оние кои имаат над 65 години и имаат коморбидитети или помлади од 65, а имаат повеќе коморбидитети. Ќе им стигне СМС порака која ќе ги извести дека треба во точно одреден термин да го посетат пунктот за да бидат вакцинирани, соопштија од Комисијата.

Граѓаните во Македонија можат да примат трета, бустер доза само од производителот на „Фајзер“.

На 17 февруари во Македонија започна вакцинацијата против ковид-19.

Заклучно со 28.02.2022, вакцинирани се вкупно 870.405 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 849.727 лица, а со трета доза се вакцинирани 142.201 лица.

The post Почнува кампања за бустер доза против ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Од Комисијата за заразни болести соопштија дека од денеска почнува кампања за закажување термини за сите оние кои имаат нецелосна вакцинација, односно тие што немаат примено бустер доза, а спаѓаат во ризичните групи.
Ризични групи граѓани, односно оние кои имаат над 65 години и имаат коморбидитети или помлади од 65, а имаат повеќе коморбидитети. Ќе им стигне СМС порака која ќе ги извести дека треба во точно одреден термин да го посетат пунктот за да бидат вакцинирани, соопштија од Комисијата.
Граѓаните во Македонија можат да примат трета, бустер доза само од производителот на „Фајзер“. На 17 февруари во Македонија започна вакцинацијата против ковид-19. Заклучно со 28.02.2022, вакцинирани се вкупно 870.405 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 849.727 лица, а со трета доза се вакцинирани 142.201 лица.

The post Почнува кампања за бустер доза против ковид-19 appeared first on Република.

]]>
По четири месеци бустер дозата ја губи силата https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/po-chetiri-meseci-buster-dozata-ja-gubi-silata/ Sat, 12 Feb 2022 20:09:26 +0000 https://republika.mk/?p=457694

Ефективноста на третата доза на „Фајзер“ и „Модерна“ против корона вирусот е значително намалена до четвртиот месец по примањето на вакцината, според новата студија објавена во петокот од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

До денес, научните докази покажаа дека ефикасноста на вакцината се намалува по две дози, но релативно малку е објавено за времетраењето на заштитата по третата засилувачка доза.

The post По четири месеци бустер дозата ја губи силата appeared first on Република.

]]>

Ефективноста на третата доза на „Фајзер“ и „Модерна“ против корона вирусот е значително намалена до четвртиот месец по примањето на вакцината, според новата студија објавена во петокот од американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). До денес, научните докази покажаа дека ефикасноста на вакцината се намалува по две дози, но релативно малку е објавено за времетраењето на заштитата по третата засилувачка доза.

The post По четири месеци бустер дозата ја губи силата appeared first on Република.

]]>
ЕМА почна проценка на бустер доза за тинејџери https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ema-pochna-procenka-na-buster-doza-za-tinejdzeri/ Tue, 08 Feb 2022 20:04:55 +0000 https://republika.mk/?p=455885

Европската агенција за лекови (ЕМА) почна ревизија за да процени дали вакцината против Ковид-19 на Фајзер и Бионтек може да се користи како трета дополнителна вакцина кај адолесценти на возраст од 12 до 15 години.

ЕМА во денешното соопштение наведува и дека во тек е ревизија на примената на бустер доза на вакцината за тинејџери на возраст од 16 и 17 години.

Германскиот комитет за вакцини минатиот месец препорача да се даде дополнителна доза за деца на возраст од 12 до 17 години, по првичната имунизација со две дози, имајќи предвид дека стапката на зараза продолжува да расте, особено кај младите, додека сите други земји во регионот го следеа примерот.

ЕМА наведе дека „препораките за тоа како треба да се даваат вакцините остануваат одговорност“ на советодавните тела на земјите-членки.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) денеска во посебен извештај соопшти дека досегашните наоди укажуваат на зголемување на ефикасноста на вакцината против зараза кај адолесцентите кои примиле бустер во споредба со адолесцентите кои неодамна завршиле со примарна вакцинација.

Се додава дека сè уште нема податоци за времетраењето на заштитата од дополнителната доза и за дополнителната ефикасност од тешки форми на болеста.

ЕЦДЦ соопшти дека 10 земји во Европската економска област, составена од 27 земји-членки на ЕУ, заедно со Лихтенштајн, Исланд и Норвешка, веќе препорачале засилена доза за лица под 18 години.

The post ЕМА почна проценка на бустер доза за тинејџери appeared first on Република.

]]>

Европската агенција за лекови (ЕМА) почна ревизија за да процени дали вакцината против Ковид-19 на Фајзер и Бионтек може да се користи како трета дополнителна вакцина кај адолесценти на возраст од 12 до 15 години. ЕМА во денешното соопштение наведува и дека во тек е ревизија на примената на бустер доза на вакцината за тинејџери на возраст од 16 и 17 години. Германскиот комитет за вакцини минатиот месец препорача да се даде дополнителна доза за деца на возраст од 12 до 17 години, по првичната имунизација со две дози, имајќи предвид дека стапката на зараза продолжува да расте, особено кај младите, додека сите други земји во регионот го следеа примерот. ЕМА наведе дека „препораките за тоа како треба да се даваат вакцините остануваат одговорност“ на советодавните тела на земјите-членки. Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) денеска во посебен извештај соопшти дека досегашните наоди укажуваат на зголемување на ефикасноста на вакцината против зараза кај адолесцентите кои примиле бустер во споредба со адолесцентите кои неодамна завршиле со примарна вакцинација. Се додава дека сè уште нема податоци за времетраењето на заштитата од дополнителната доза и за дополнителната ефикасност од тешки форми на болеста. ЕЦДЦ соопшти дека 10 земји во Европската економска област, составена од 27 земји-членки на ЕУ, заедно со Лихтенштајн, Исланд и Норвешка, веќе препорачале засилена доза за лица под 18 години.

The post ЕМА почна проценка на бустер доза за тинејџери appeared first on Република.

]]>
Грција бара бустер: Престанува да важи сертификатот за вакцинираните пред седум месеци https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/grcija-bara-buster-prestanuva-da-vazi-sertifikatot-za-vakciniranite-pred-sedum-meseci/ Mon, 07 Feb 2022 07:31:09 +0000 https://republika.mk/?p=454910

Граѓаните во Грција кои вакцинацијата ја завршиле пред седум месеци и не примиле бустер доза од денеска се сметаат за невакцинирани, престанува да им важи сертификатот за вакцинација и ги губат сите привилегии, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретната одлука, првично, планирано беше да стапи во сила на 1 февруари, меѓутоа поради снежната бура и прекинот во процесот на имунизација, Министерството за здравство на Грција, на граѓаните им даде дополнителен период од неколку дена.

Согласно министерската одлука објавена во Службен весник на Грција, од денеска, полнолетните лица кои се вакцинирани и поминале седум месеци од втората доза или три месеци доколку се работи за вакцина со една доза, се сметаат за целосно вакцинирани само доколку ја примиле и бустер дозата.

Според грчките медиуми, околу 300.000 граѓани спаѓаат во конкретната категорија и од денеска веќе се сметаат за невакцинирани.

Документ поврзан со Ковид-19, односно сертификат за вакцинација, потврда за прележана болест или негативен тест се задолжителни речиси за секаде во Грција, со исклучок на супермаркетите, аптеките, продавниците за храна,бензинските пумпи, а во одредени објекти, како што се затворените простори на угостителските објекти, кафулињата, но и ноќните клубови, не постои опцијата за влез со негативен тест.

При влез во сите објекти, сертификатите се скенираат со специјална апликација, а потребен е и документ за личен идентификација.

Правилата, како што е пракса во Грција од почетокот на пандемијата, освен за Грците, важат и за туристите.

Иако за влез во земјата европските сертификати за вакцинација и за прележан Ковид-19 се со важност од девет, односно шест месеци, сепак во внатрешноста на земјата, времетраењето е седум и три месеци. ср/

2022-02-07 06:41:30, од Сања Ристовска, Грција

 

The post Грција бара бустер: Престанува да важи сертификатот за вакцинираните пред седум месеци appeared first on Република.

]]>

Граѓаните во Грција кои вакцинацијата ја завршиле пред седум месеци и не примиле бустер доза од денеска се сметаат за невакцинирани, престанува да им важи сертификатот за вакцинација и ги губат сите привилегии, јави дописничката на МИА од Атина. Конкретната одлука, првично, планирано беше да стапи во сила на 1 февруари, меѓутоа поради снежната бура и прекинот во процесот на имунизација, Министерството за здравство на Грција, на граѓаните им даде дополнителен период од неколку дена. Согласно министерската одлука објавена во Службен весник на Грција, од денеска, полнолетните лица кои се вакцинирани и поминале седум месеци од втората доза или три месеци доколку се работи за вакцина со една доза, се сметаат за целосно вакцинирани само доколку ја примиле и бустер дозата. Според грчките медиуми, околу 300.000 граѓани спаѓаат во конкретната категорија и од денеска веќе се сметаат за невакцинирани. Документ поврзан со Ковид-19, односно сертификат за вакцинација, потврда за прележана болест или негативен тест се задолжителни речиси за секаде во Грција, со исклучок на супермаркетите, аптеките, продавниците за храна,бензинските пумпи, а во одредени објекти, како што се затворените простори на угостителските објекти, кафулињата, но и ноќните клубови, не постои опцијата за влез со негативен тест. При влез во сите објекти, сертификатите се скенираат со специјална апликација, а потребен е и документ за личен идентификација. Правилата, како што е пракса во Грција од почетокот на пандемијата, освен за Грците, важат и за туристите. Иако за влез во земјата европските сертификати за вакцинација и за прележан Ковид-19 се со важност од девет, односно шест месеци, сепак во внатрешноста на земјата, времетраењето е седум и три месеци. ср/ 2022-02-07 06:41:30, од Сања Ристовска, Грција  

The post Грција бара бустер: Престанува да важи сертификатот за вакцинираните пред седум месеци appeared first on Република.

]]>
Германската Комисија за вакцини препорачува втора засилувачка доза вакцина против Ковид за одредени групи луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanskata-komisija-za-vakcini-preporachuva-vtora-zasiluvachka-doza-vakcina-protiv-kovid-za-odredeni-grupi-lugje/ Thu, 03 Feb 2022 10:22:18 +0000 https://republika.mk/?p=453468

Германското официјалното тело за вакцинација препорача да се даде втора засилувачка доза вакцина против коронавирус на особено ризичните групи, јави ДПА.

Постојаната Комисија за вакцинација, (STIKO), е независен панел од експерти кои ја советуваат владата за време на пандемијата.

Комисијата денеска соопшти дека луѓето над 70-годишна возраст, лицата во установи за нега, оние со имунодефициенција и вработените во медицинските и здравствените установи треба да добијат втора засилувачка доза вакцина.

Нацрт-резолуцијата е испратена на одобрување до сојузните покраини, па сè уште се можни измени на планот.

The post Германската Комисија за вакцини препорачува втора засилувачка доза вакцина против Ковид за одредени групи луѓе appeared first on Република.

]]>

Германското официјалното тело за вакцинација препорача да се даде втора засилувачка доза вакцина против коронавирус на особено ризичните групи, јави ДПА. Постојаната Комисија за вакцинација, (STIKO), е независен панел од експерти кои ја советуваат владата за време на пандемијата. Комисијата денеска соопшти дека луѓето над 70-годишна возраст, лицата во установи за нега, оние со имунодефициенција и вработените во медицинските и здравствените установи треба да добијат втора засилувачка доза вакцина. Нацрт-резолуцијата е испратена на одобрување до сојузните покраини, па сè уште се можни измени на планот.

The post Германската Комисија за вакцини препорачува втора засилувачка доза вакцина против Ковид за одредени групи луѓе appeared first on Република.

]]>
Д-р Даниловски: „Синофарм“ и „Синовак“ речиси не обезбедуваат никаква заштита од Омикрон, потребен е бустер https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/d-r-danilovski-sinofarm-i-sinovak-rechisi-ne-obezbeduvaat-nikakva-zashtita-od-omikron-potreben-e-buster/ Sat, 29 Jan 2022 09:56:28 +0000 https://republika.mk/?p=451067

Епидемиологот Драган Даниловски, во изјава за „Дојче Веле“ вели дека Омикрон го заобиколува имунитетот стекнат од вакцините.

„Никогаш ниедна вакцина не штитела стопроцентно од смртен исход! Особено не кон варијанта на вирусот што го заобиколува во голема мера имунитетот стекнат од вакцините, како што е Омикрон“, вели епидемилогот, професор Даниловски, откако деновиве во здравствените билтени се почесто се забележуваат починати лица коишто имале примено по две вакцини за заштита од Ковид-19.

Епидемиологот смета дека ако опфатот со трета (бустер) доза е поголем, би се избегнале непотребни жртви.

„Таа го подига нивото на заштита од заразување од Омикрон на околу 50 проценти, од хоспитализација на околу 90 проценти и од смртен исход преку 90 проценти. За жал, кај нас опфатот со трета (бустер) доза е симболичен“, објаснува Даниловски за ДВ.

Даниловски укажува дека заштитата од вакцините трае само неколку месеци, така што кај сите што се вакцинирале од почетокот на вакцинацијата во Македонија, па сѐ до пред 3-6 месеци, заштитата од заразување практично е исчезната, а од хоспитализација и смрт е значајно редуцирана.

Неповолен момент, според него, е и фактот што огромен број граѓани беа вакцинирани со кинеските вакцини Синофарм и Синовак, кои речиси не обезбедуваат никаква заштита од Омикрон.

Од 21 до 26 јануари - 36 лица коишто биле вакцинирани, или повеќе од една третина, се најдоа меѓу стотината граѓани коишто ја изгубија битката со Ковид-19.

The post Д-р Даниловски: „Синофарм“ и „Синовак“ речиси не обезбедуваат никаква заштита од Омикрон, потребен е бустер appeared first on Република.

]]>

Епидемиологот Драган Даниловски, во изјава за „Дојче Веле“ вели дека Омикрон го заобиколува имунитетот стекнат од вакцините.
„Никогаш ниедна вакцина не штитела стопроцентно од смртен исход! Особено не кон варијанта на вирусот што го заобиколува во голема мера имунитетот стекнат од вакцините, како што е Омикрон“, вели епидемилогот, професор Даниловски, откако деновиве во здравствените билтени се почесто се забележуваат починати лица коишто имале примено по две вакцини за заштита од Ковид-19.
Епидемиологот смета дека ако опфатот со трета (бустер) доза е поголем, би се избегнале непотребни жртви.
„Таа го подига нивото на заштита од заразување од Омикрон на околу 50 проценти, од хоспитализација на околу 90 проценти и од смртен исход преку 90 проценти. За жал, кај нас опфатот со трета (бустер) доза е симболичен“, објаснува Даниловски за ДВ.
Даниловски укажува дека заштитата од вакцините трае само неколку месеци, така што кај сите што се вакцинирале од почетокот на вакцинацијата во Македонија, па сѐ до пред 3-6 месеци, заштитата од заразување практично е исчезната, а од хоспитализација и смрт е значајно редуцирана. Неповолен момент, според него, е и фактот што огромен број граѓани беа вакцинирани со кинеските вакцини Синофарм и Синовак, кои речиси не обезбедуваат никаква заштита од Омикрон. Од 21 до 26 јануари - 36 лица коишто биле вакцинирани, или повеќе од една третина, се најдоа меѓу стотината граѓани коишто ја изгубија битката со Ковид-19.

The post Д-р Даниловски: „Синофарм“ и „Синовак“ речиси не обезбедуваат никаква заштита од Омикрон, потребен е бустер appeared first on Република.

]]>
Дали треба да причекаме со бустер дозата дозата додека не стигне вакцината против омикрон? https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dali-treba-da-prichekame-so-buster-dozata-dozata-dodeka-ne-stigne-vakcinata-protiv-omikron/ Fri, 28 Jan 2022 18:56:33 +0000 https://republika.mk/?p=450867

Омикрон е варијанта на коронавирусот што се шири низ светот значително побрзо од делтата и затоа стана доминантна варијанта во голем број земји.

Со оглед на најавата за пристигнување на вакцина која ќе биде конкретно насочена против омикрон, многумина се прашуваат дали треба да причекаат со бустер доза додека не се појави вакцина насочена против омикрон. Дали треба да примите бустер ако имате корона во екот на омикронскиот бран? На овие и на други прашања одговараат научници од Универзитетот Џорџ Вашингтон во САД.

Според студијата спроведена во периодот на доминација на омикрон, се покажа дека примањето на бустер доза во 90% од случаите штити од хоспитализација, што може да се спореди со 57% заштита од хоспитализација на луѓе кои примиле две дози помалку од шест месеци по втората доза.

Друга студија, во која истражувачите проучувале 13.000 случаи на инфекција со омикрон, покажа дека веројатноста за развој на симптоматска инфекција е 66% помала за луѓето кои примиле три дози во споредба со оние кои примиле две дози од вакцината.

Понатаму, вакцините кои се специјално насочени против омикрон сè уште се во фаза на клиничко испитување. Овие испитувања ќе траат со месеци. Следствено, сè уште не ги знаеме резултатите од овие тестови или дали омикронските вакцини ќе бидат подобри од претходните вакцини. Дополнително, треба да се чека одобрувањето на овие нови вакцини. Ќе поминат месеци и месеци, а бидејќи бранот омикрон сè уште расте, никој не би требало да чека да прими бустер.

Една од групите луѓе што Pfizer ги проучува во своите студии се луѓе кои примиле три дози и сега ќе добијат четврта доза во клиничките испитувања, која е специјално насочена против омикрон.

Компанијата ќе го испита ефектот од четвртата доза. Можно е четвртата доза да не биде потребна бидејќи првобитниот бустер сепак обезбедува добра заштита. Но, ако бустерот против омикрон, покрај третата доза, е нешто што обезбедува многу повисоко ниво на заштита, тогаш препораката би можела да биде луѓето во иднина да добиваат омикрон бустер.

Повеќето луѓе не знаат со која варијанта на коронавирусот се заразени. Но, бидејќи омикронот во моментов е одговорен за 99% од новите случаи на инфекција, тоа значи дека ако неодамна сте се заразиле, веројатно тоа е омикрон.

Луѓето кои биле вакцинирани и кои исто така се опоравиле од инфекцијата се чини дека имаат многу високо ниво на заштита. Сепак, имунитетот од болеста варира. Некој кој имал тешки симптоми може да има високи нивоа на антитела во споредба со некој кој имал асимптоматска инфекција. Дополнително, не знаеме колку долго трае заштитата што ја дава болеста.

Поради оваа причина, бустерот сè уште се препорачува на секој што прележал ковид. Може да ја примите бустер дозата веднаш откако ќе ви истече периодот на изолација; важно е да немате температура и да ви се поблаги симптомите.

Не знаеме. Една нова студија од Универзитетот во Тексас, која е објавена онлајн, но сè уште не поминала рецензија, покажа дека анти-омикронските антитела остануваат робусни четири месеци по добивањето на бустер дозата.

Постојат и други компоненти на имунолошкиот одговор на телото, Т-клетки и Б-клетки, кои би можеле да обезбедат заштита со месеци, но досега сè уште не знаеме кога имунитетот паѓа по третата доза на вакцината. Ова е нешто што научниците ќе го следат многу внимателно. Во меѓувреме, имаме силни докази дека луѓето треба да добијат бустер доза.

Генерално сме оптимисти и веруваме дека пандемијата е при крај. COVID-19 нема да исчезне, сигурно ќе биде со нас уште долго време, но ќе имаме уште многу алатки за коегзистирање со вирусот на начин кој повеќе нема да доминира со нашите животи.

Развојот на нови вакцини секако ќе биде клучот за коегзистенција со COVID-19. Се надеваме дека ќе има повеќе истражувања за вакцините кои нашироко го таргетираат коронавирусот, за да не мораме да се грижиме во случај да се појават нови мутации.

Сепак, сметаме дека е добро фармацевтските компании да развијат вакцини кои се насочени против одредени варијанти, особено ако на крајот имаме подобра заштита. Но, тоа нема да го знаеме со месеци и затоа луѓето навистина не треба повеќе да го одолговлекуваат примањето на бустер дозата.

The post Дали треба да причекаме со бустер дозата дозата додека не стигне вакцината против омикрон? appeared first on Република.

]]>

Омикрон е варијанта на коронавирусот што се шири низ светот значително побрзо од делтата и затоа стана доминантна варијанта во голем број земји. Со оглед на најавата за пристигнување на вакцина која ќе биде конкретно насочена против омикрон, многумина се прашуваат дали треба да причекаат со бустер доза додека не се појави вакцина насочена против омикрон. Дали треба да примите бустер ако имате корона во екот на омикронскиот бран? На овие и на други прашања одговараат научници од Универзитетот Џорџ Вашингтон во САД.
Според студијата спроведена во периодот на доминација на омикрон, се покажа дека примањето на бустер доза во 90% од случаите штити од хоспитализација, што може да се спореди со 57% заштита од хоспитализација на луѓе кои примиле две дози помалку од шест месеци по втората доза. Друга студија, во која истражувачите проучувале 13.000 случаи на инфекција со омикрон, покажа дека веројатноста за развој на симптоматска инфекција е 66% помала за луѓето кои примиле три дози во споредба со оние кои примиле две дози од вакцината. Понатаму, вакцините кои се специјално насочени против омикрон сè уште се во фаза на клиничко испитување. Овие испитувања ќе траат со месеци. Следствено, сè уште не ги знаеме резултатите од овие тестови или дали омикронските вакцини ќе бидат подобри од претходните вакцини. Дополнително, треба да се чека одобрувањето на овие нови вакцини. Ќе поминат месеци и месеци, а бидејќи бранот омикрон сè уште расте, никој не би требало да чека да прими бустер. Една од групите луѓе што Pfizer ги проучува во своите студии се луѓе кои примиле три дози и сега ќе добијат четврта доза во клиничките испитувања, која е специјално насочена против омикрон. Компанијата ќе го испита ефектот од четвртата доза. Можно е четвртата доза да не биде потребна бидејќи првобитниот бустер сепак обезбедува добра заштита. Но, ако бустерот против омикрон, покрај третата доза, е нешто што обезбедува многу повисоко ниво на заштита, тогаш препораката би можела да биде луѓето во иднина да добиваат омикрон бустер. Повеќето луѓе не знаат со која варијанта на коронавирусот се заразени. Но, бидејќи омикронот во моментов е одговорен за 99% од новите случаи на инфекција, тоа значи дека ако неодамна сте се заразиле, веројатно тоа е омикрон. Луѓето кои биле вакцинирани и кои исто така се опоравиле од инфекцијата се чини дека имаат многу високо ниво на заштита. Сепак, имунитетот од болеста варира. Некој кој имал тешки симптоми може да има високи нивоа на антитела во споредба со некој кој имал асимптоматска инфекција. Дополнително, не знаеме колку долго трае заштитата што ја дава болеста. Поради оваа причина, бустерот сè уште се препорачува на секој што прележал ковид. Може да ја примите бустер дозата веднаш откако ќе ви истече периодот на изолација; важно е да немате температура и да ви се поблаги симптомите. Не знаеме. Една нова студија од Универзитетот во Тексас, која е објавена онлајн, но сè уште не поминала рецензија, покажа дека анти-омикронските антитела остануваат робусни четири месеци по добивањето на бустер дозата. Постојат и други компоненти на имунолошкиот одговор на телото, Т-клетки и Б-клетки, кои би можеле да обезбедат заштита со месеци, но досега сè уште не знаеме кога имунитетот паѓа по третата доза на вакцината. Ова е нешто што научниците ќе го следат многу внимателно. Во меѓувреме, имаме силни докази дека луѓето треба да добијат бустер доза. Генерално сме оптимисти и веруваме дека пандемијата е при крај. COVID-19 нема да исчезне, сигурно ќе биде со нас уште долго време, но ќе имаме уште многу алатки за коегзистирање со вирусот на начин кој повеќе нема да доминира со нашите животи. Развојот на нови вакцини секако ќе биде клучот за коегзистенција со COVID-19. Се надеваме дека ќе има повеќе истражувања за вакцините кои нашироко го таргетираат коронавирусот, за да не мораме да се грижиме во случај да се појават нови мутации. Сепак, сметаме дека е добро фармацевтските компании да развијат вакцини кои се насочени против одредени варијанти, особено ако на крајот имаме подобра заштита. Но, тоа нема да го знаеме со месеци и затоа луѓето навистина не треба повеќе да го одолговлекуваат примањето на бустер дозата.

The post Дали треба да причекаме со бустер дозата дозата додека не стигне вакцината против омикрон? appeared first on Република.

]]>
Во Австрија можат да влезат само оние кои примиле бустер доза https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-avstrija-mozat-da-vlezat-samo-onie-koi-primile-buster-doza/ Mon, 24 Jan 2022 08:02:30 +0000 https://republika.mk/?p=448547

На полноќ во Австрија стапи на сила нов режим за влез во земјата. Според новите правила, само патниците кои примиле три дози од вакцината против коронавирус можат да влезат во земјата без дополнителни документи.

Според новата Регулатива за влез во Австрија, веќе не важи списокот на земји со висок ризик. Така, граѓаните ширум светот кои примиле бустер доза можат да влезат во Австрија без дополнителни услови.

Причина за олабавување на режимот за влез во земјава е тоа што и во Австрија доминантен е сојот омикрон.

За оние кои не ја примиле третата доза од вакцината важи таканареченото правило „2G плус“, што значи дека вакцинираните или прележананите од ковид можат да влезат во земјава само доколку имаат негативен ПЦР тест.

Лицата кои имаат документи „2G“ – потврда за прележан Ковид-19 или потврда за вакцинација со две дози, а немаат негативен ПЦР тест мора да бидат ставени во карантин, кој може да се прекине по ПЦР тест кој има негативен резултат.

Де факто не е можен влез во Австрија за невакцинирани или лица кои не го прележале вирусот за туристички цели.

Вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА) или Светската здравствена организација (СЗО) како што се Бионтек / Фајзер, Астразенека, Џонсон и Џонсон, Модерна, кинеските вакцини Синофарм и Синовак, како и Коваксин, Кововакс и Новакс.

Руската вакцина Спутник не е призната.

The post Во Австрија можат да влезат само оние кои примиле бустер доза appeared first on Република.

]]>

На полноќ во Австрија стапи на сила нов режим за влез во земјата. Според новите правила, само патниците кои примиле три дози од вакцината против коронавирус можат да влезат во земјата без дополнителни документи. Според новата Регулатива за влез во Австрија, веќе не важи списокот на земји со висок ризик. Така, граѓаните ширум светот кои примиле бустер доза можат да влезат во Австрија без дополнителни услови. Причина за олабавување на режимот за влез во земјава е тоа што и во Австрија доминантен е сојот омикрон. За оние кои не ја примиле третата доза од вакцината важи таканареченото правило „2G плус“, што значи дека вакцинираните или прележананите од ковид можат да влезат во земјава само доколку имаат негативен ПЦР тест. Лицата кои имаат документи „2G“ – потврда за прележан Ковид-19 или потврда за вакцинација со две дози, а немаат негативен ПЦР тест мора да бидат ставени во карантин, кој може да се прекине по ПЦР тест кој има негативен резултат. Де факто не е можен влез во Австрија за невакцинирани или лица кои не го прележале вирусот за туристички цели. Вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА) или Светската здравствена организација (СЗО) како што се Бионтек / Фајзер, Астразенека, Џонсон и Џонсон, Модерна, кинеските вакцини Синофарм и Синовак, како и Коваксин, Кововакс и Новакс. Руската вакцина Спутник не е призната.

The post Во Австрија можат да влезат само оние кои примиле бустер доза appeared first on Република.

]]>
Израел: Четвртата доза анти-ковид вакцина ги штити постарите луѓе трипати повеќе од третата https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/izrael-chetvrtata-doza-anti-kovid-vakcina-gi-shtiti-postarite-lugje-tripati-povekje-od-tretata/ Sun, 23 Jan 2022 22:33:29 +0000 https://republika.mk/?p=448492

Четвртата доза вакцина против Ковид-19 што ја примиле лица над 60 години во Израел ги направи три пати поотпорни на сериозно заболување од трипати вакцинираните лица од иста возрасна група, објави вечерва израелското Министерство за здравство.

Израел овој месец почна со давање на четвртата доза од вакцината на Фајзер/Бионтек на луѓето постари од 60 години.

Кај луѓето кои ја примиле четвртата доза, антителата биле со уште повисоко ниво од оние со примена „бустер“ доза, но според истражувачите, тоа „веројатно“ не е доволно тие да бидат целосно заштитени од заразување со високопреносливиот сој омикрон.

The post Израел: Четвртата доза анти-ковид вакцина ги штити постарите луѓе трипати повеќе од третата appeared first on Република.

]]>

Четвртата доза вакцина против Ковид-19 што ја примиле лица над 60 години во Израел ги направи три пати поотпорни на сериозно заболување од трипати вакцинираните лица од иста возрасна група, објави вечерва израелското Министерство за здравство. Израел овој месец почна со давање на четвртата доза од вакцината на Фајзер/Бионтек на луѓето постари од 60 години. Кај луѓето кои ја примиле четвртата доза, антителата биле со уште повисоко ниво од оние со примена „бустер“ доза, но според истражувачите, тоа „веројатно“ не е доволно тие да бидат целосно заштитени од заразување со високопреносливиот сој омикрон.

The post Израел: Четвртата доза анти-ковид вакцина ги штити постарите луѓе трипати повеќе од третата appeared first on Република.

]]>
ЕМА: Премногу бустер дози може да го ослабнат имунитетот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ema-premnogu-buster-dozi-moze-da-go-oslabnat-imunitetot/ Thu, 13 Jan 2022 11:11:48 +0000 https://republika.mk/?p=444089

Европската агенција за лекови предупреди дека повторувањето на дополнителните дози на вакцината против коронавирус може да има негативен ефект врз имунитетот и може да не биде одржливо.

Повторувањето на засилената доза на секои четири месеци може да го ослаби имунолошкиот одговор и да убие луѓе, соопшти Европската агенција за лекови (ЕМА).

Наместо тоа, државите треба да направат подолга пауза помеѓу засилените дози и да ги врзат за постудената сезона, слично како кога се работи за вакцинација против грип, според агенцијата, пренесува Блумберг.

Оваа препорака доаѓа во време кога во некои земји се разгледува можноста за втора засилувачка доза на вакцината или вкупно четврта доза поради појавата на варијантата омикрон.

Неодамна, Израел беше првиот што воведе втора засилена доза за лица над 60 години.

Во Обединетото Кралство беше објавено дека бустер дозата обезбедува добро ниво на заштита и дека во моментов нема потреба од друг бустер, но дека ќе ги разгледаат податоците.

Бустер дозите може да се даваат еднаш, можеби двапати, но не треба да се повторуваат. Треба да размислиме како да преминеме од сегашната пандемија во ендемична состојба, рече Марко Кавалиери, шеф на одделот за биолошки опасности и стратегија за вакцинација на ЕМА.

ЕМА додаде дека тие би можеле да одобрат нови вакцини насочени кон специфични варијанти најрано во април, што беше најавено од некои фармацевтски компании, бидејќи тој процес трае три до четири месеци.

The post ЕМА: Премногу бустер дози може да го ослабнат имунитетот appeared first on Република.

]]>

Европската агенција за лекови предупреди дека повторувањето на дополнителните дози на вакцината против коронавирус може да има негативен ефект врз имунитетот и може да не биде одржливо. Повторувањето на засилената доза на секои четири месеци може да го ослаби имунолошкиот одговор и да убие луѓе, соопшти Европската агенција за лекови (ЕМА). Наместо тоа, државите треба да направат подолга пауза помеѓу засилените дози и да ги врзат за постудената сезона, слично како кога се работи за вакцинација против грип, според агенцијата, пренесува Блумберг. Оваа препорака доаѓа во време кога во некои земји се разгледува можноста за втора засилувачка доза на вакцината или вкупно четврта доза поради појавата на варијантата омикрон. Неодамна, Израел беше првиот што воведе втора засилена доза за лица над 60 години. Во Обединетото Кралство беше објавено дека бустер дозата обезбедува добро ниво на заштита и дека во моментов нема потреба од друг бустер, но дека ќе ги разгледаат податоците.
Бустер дозите може да се даваат еднаш, можеби двапати, но не треба да се повторуваат. Треба да размислиме како да преминеме од сегашната пандемија во ендемична состојба, рече Марко Кавалиери, шеф на одделот за биолошки опасности и стратегија за вакцинација на ЕМА.
ЕМА додаде дека тие би можеле да одобрат нови вакцини насочени кон специфични варијанти најрано во април, што беше најавено од некои фармацевтски компании, бидејќи тој процес трае три до четири месеци.

The post ЕМА: Премногу бустер дози може да го ослабнат имунитетот appeared first on Република.

]]>
Во САД ќе се дава бустер доза и на деца над 12 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-sad-kje-se-dava-buster-doza-i-na-deca-nad-12-godini/ Mon, 03 Jan 2022 17:05:51 +0000 https://republika.mk/?p=440127

Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) го прошири овластувањето за итна употреба на засилувачка доза на вакцината на Фајзер/Бионтек против Ковид-19 за да вклучи деца на возраст од 12 и повеќе години.

Бустер дозата е со иста јачина на дозата (30-микрограми) како и дозата одобрена во примарната серија, се вели во соопштението.

ФДА претходно одобри засилена доза на вакцината на Фајзер/Бионтек 19 за итна употреба по завршувањето на примарната серија кај лица на возраст од 16 години и постари.

Вакцината е одобрена и за подобни поединци на 18 години и постари кои завршиле со примарна вакцинација со различна овластена вакцина против Ковид-19.

Дополнително, ФДА го измени постоечкото овластување за итна употреба за да го намали времето за администрација на бустер доза од најмалку шест месеци на најмалку пет месеци по завршувањето на примарната серија за лица на возраст од 12 години и постари.

ФДА го прошири тековното одобрение за употреба за итни случаи за да вклучи инјектирање на трета примарна сериска доза најмалку 28 дена по втората доза за деца на возраст од 5 до 11 години за кои е утврдено дека имаат одредени видови на нарушување на имунитетот.

Третата примарна доза од вакцината на Фајзер/Бионтек претходно беше одобрена за лица на возраст од најмалку 12 години за кои е утврдено дека имаат одредени видови на нарушување на имунитетот.

The post Во САД ќе се дава бустер доза и на деца над 12 години appeared first on Република.

]]>

Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) го прошири овластувањето за итна употреба на засилувачка доза на вакцината на Фајзер/Бионтек против Ковид-19 за да вклучи деца на возраст од 12 и повеќе години. Бустер дозата е со иста јачина на дозата (30-микрограми) како и дозата одобрена во примарната серија, се вели во соопштението. ФДА претходно одобри засилена доза на вакцината на Фајзер/Бионтек 19 за итна употреба по завршувањето на примарната серија кај лица на возраст од 16 години и постари. Вакцината е одобрена и за подобни поединци на 18 години и постари кои завршиле со примарна вакцинација со различна овластена вакцина против Ковид-19. Дополнително, ФДА го измени постоечкото овластување за итна употреба за да го намали времето за администрација на бустер доза од најмалку шест месеци на најмалку пет месеци по завршувањето на примарната серија за лица на возраст од 12 години и постари. ФДА го прошири тековното одобрение за употреба за итни случаи за да вклучи инјектирање на трета примарна сериска доза најмалку 28 дена по втората доза за деца на возраст од 5 до 11 години за кои е утврдено дека имаат одредени видови на нарушување на имунитетот. Третата примарна доза од вакцината на Фајзер/Бионтек претходно беше одобрена за лица на возраст од најмалку 12 години за кои е утврдено дека имаат одредени видови на нарушување на имунитетот.

The post Во САД ќе се дава бустер доза и на деца над 12 години appeared first on Република.

]]>