бурса Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bursa/ За подобро да се разбереме Mon, 20 Nov 2023 07:15:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бурса Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bursa/ 32 32 Уште за време на прегледот почнало да крвари: Петгодишно дете починало по вадење заб https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ushte-za-vreme-na-pregledot-pochnalo-da-krvari-petgodishno-dete-pochinalo-po-vadene-zab/ Sun, 19 Nov 2023 14:20:16 +0000 https://republika.mk/?p=703202

Властите во турската провинција Бурса ја затвориle стоматолошката клиника на еден месец и ги истражуваат нејзините активности по смртта на петгодишното момче Дениз Сонмез, набргу откако тој бил на лекар.

Родителите на момчето, Елена и Ајдин Сонмез, во полиција изјавиле дека на 10 ноември го однеле синот на преглед во приватна стоматолошка амбуланта каде му бил констатиран кариес. Лекарите извадиле еден заб под општа анестезија и ставиле пломби на четири заби.

Веќе за време на прегледот детето почнало да крвари, температурата му се покачила и детето почнало да се тресе. И покрај тоа, лекарите само му препишале лекови и го испратиле дома.

Набрзо состојбата на детето се влошила и родителите го однеле во државна болница, но лекарите не успеале да го спасат. Момчето починало на 13 ноември од откажување на повеќе органи поради недостаток на кислород.

Надлежните ја запечатиле болницата на еден месец од 16 ноември, а обвинителството почнало истрага.

Родителите на момчето изјавиле дека анестезиологот не направил никакви тестови пред анестезија и дека ја напуштил клиниката без да чека детето да се освести по операцијата.

Тие исто така изјавиле дека цевката што била ставена во грлото на детето за време на операцијата го пробила аденоидот и крварењето што следело му ги наполнило белите дробови.

The post Уште за време на прегледот почнало да крвари: Петгодишно дете починало по вадење заб appeared first on Република.

]]>

Властите во турската провинција Бурса ја затвориle стоматолошката клиника на еден месец и ги истражуваат нејзините активности по смртта на петгодишното момче Дениз Сонмез, набргу откако тој бил на лекар. Родителите на момчето, Елена и Ајдин Сонмез, во полиција изјавиле дека на 10 ноември го однеле синот на преглед во приватна стоматолошка амбуланта каде му бил констатиран кариес. Лекарите извадиле еден заб под општа анестезија и ставиле пломби на четири заби. Веќе за време на прегледот детето почнало да крвари, температурата му се покачила и детето почнало да се тресе. И покрај тоа, лекарите само му препишале лекови и го испратиле дома. Набрзо состојбата на детето се влошила и родителите го однеле во државна болница, но лекарите не успеале да го спасат. Момчето починало на 13 ноември од откажување на повеќе органи поради недостаток на кислород. Надлежните ја запечатиле болницата на еден месец од 16 ноември, а обвинителството почнало истрага. Родителите на момчето изјавиле дека анестезиологот не направил никакви тестови пред анестезија и дека ја напуштил клиниката без да чека детето да се освести по операцијата. Тие исто така изјавиле дека цевката што била ставена во грлото на детето за време на операцијата го пробила аденоидот и крварењето што следело му ги наполнило белите дробови.

The post Уште за време на прегледот почнало да крвари: Петгодишно дете починало по вадење заб appeared first on Република.

]]>
Немири на фудбалски натпревар во Бурса, седуммина уапсени https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/nemiri-na-fudbalski-natprevar-vo-bursa-sedummina-uapseni/ Mon, 06 Mar 2023 21:33:00 +0000 https://republika.mk/?p=616599

Турската полиција уапси седум лица за насилно однесување за време на фудбалски натпревар одигран во неделата во рамки на Третата лига меѓу домашниот тим Бурсаспор и Амедспор, екипа која доаѓа од градот Дијарбакир населен со мнозинско курдско население.

На видеоснимки објавени на социјалните мрежи се гледа како публиката ги гаѓа играчите на Амедспор со пластични шишиња со вода и остри предмети, вклучувајќи и мали ножеви, додека навивачите скандираат турски националистички и антикурдски слогани.

Дел од турските медиуми јавија дека гостинските играчи биле нападнати во соблекувалната.

Канцеларијата на гувернерот на провинцијата Бурса соопшти дека се уапсени седум лица додека истрагата сè уште е во тек.

Раководството на турската прокурдска Народна демократска партија (ХДП) во изјава за јавноста наведе дека фудбалскиот клуб Амедспор бил предмет на „организиран линч и фашизам“ на гостувањето во Бурса

Партијата посочи дека непријателството кон Амедспор вклучувало расистички слогани, како и прикажување фотографии на трибините кои алудираат на убиствата на курдски јавни личности во текот на 80-те и 90-те години од минатиот век.

Турската фудбалска федерација (ТФФ) денеска ги осуди „провокативните акции и дискурси“ и вети соодветни акции.

„Расистичката реторика и акции кои предизвикаат поделби, насилни ставови и однесување на маргинализирани групи на стадионите никогаш не се прифатливи“, се наведува во соопштението на ТФФ.

Бурсаспор, од своја страна, објави на Твитер видео од натпреварот одигран лани против Амедспор во Дијарбакир на кое се гледа како полицијата ги чува играчите на Бурсаспор додека навивачите ги гаѓаат со предмети.

The post Немири на фудбалски натпревар во Бурса, седуммина уапсени appeared first on Република.

Автобус со туристи падна од карпа, најмалку 5 загинати и 38 повредени кај Бурса https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avtobus-so-turisti-padna-od-karpa-najmalku-5-zaginati-i-38-povredeni-kaj-bursa/ Mon, 29 Aug 2022 07:52:15 +0000 https://republika.mk/?p=545108

Најмалку пет луѓе загинаа, а 38 се повредени откако автобус паднал од карпа во Бурса на северозападот од Турција.

Како што пишуваат тамошните медиуми, автобусот патувал од Кутахја до областа Мудања во Бурса, превезувајќи група туристи до крајбрежниот град.

Меѓу загинатите се возачот и четворица патници. Истражните органи покренаа истрага за причините за несреќата.

https://youtu.be/Py8r2rcwoK0

Ова е втора поголема несреќа на патиштата во Турција откако минатата недела 34 луѓе загинаа во две последователни несреќи во провинцијата Газиантеп. Тогаш камион и автобус се судрија во возила кои претходно учествувале во помали несреќи.

Локалните медиуми пишуваат дека во Турција секоја година во сообраќајни нсреќи гинат стотици луѓе. Податоците на Одделот за сообраќај на турската полиција покажуваат дека лани загинале 920 луѓе, а повредени биле близу 130.000.

The post Автобус со туристи падна од карпа, најмалку 5 загинати и 38 повредени кај Бурса appeared first on Република.

]]>

Најмалку пет луѓе загинаа, а 38 се повредени откако автобус паднал од карпа во Бурса на северозападот од Турција. Како што пишуваат тамошните медиуми, автобусот патувал од Кутахја до областа Мудања во Бурса, превезувајќи група туристи до крајбрежниот град. Меѓу загинатите се возачот и четворица патници. Истражните органи покренаа истрага за причините за несреќата. https://youtu.be/Py8r2rcwoK0 Ова е втора поголема несреќа на патиштата во Турција откако минатата недела 34 луѓе загинаа во две последователни несреќи во провинцијата Газиантеп. Тогаш камион и автобус се судрија во возила кои претходно учествувале во помали несреќи. Локалните медиуми пишуваат дека во Турција секоја година во сообраќајни нсреќи гинат стотици луѓе. Податоците на Одделот за сообраќај на турската полиција покажуваат дека лани загинале 920 луѓе, а повредени биле близу 130.000.  

The post Автобус со туристи падна од карпа, најмалку 5 загинати и 38 повредени кај Бурса appeared first on Република.

]]>
Авион се урна на сред улица во Бурса, има мртви https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/avion-se-urna-na-sred-ulica-vo-bursa-ima-mrtvi/ Mon, 25 Apr 2022 19:34:01 +0000 https://republika.mk/?p=493520

Две лица загинаа во падот на мал авион за обука во централниот дел на турската провинција Бурса, изјави денеска локалниот функционер Јакуп Чанболат, пренесоа турските медиуми.

Авионот, кој се користел за обука за летање, удрил во улица во селото Багларбаси во близина на аеродромот Јунусели во провинцијата. На земја нема повредени.

Во соопштението на локалните власти се наведува дека во авионот биле само пилотот и копилотот. Камерата во близина успеала да го сними моментот кога се урнал авионот кој паднал во населениот дел на Бурса. По несреќата жителите побрзале да излезат од домовите на улица, а од местото каде што паднал авионот извирал чад.

Локалниот функционер Јакуп Чанболат истакна дека во авионската несреќа се оштетени две куќи и две возила, како и дека во тек е истрага за причините за несреќата, но засега се претпоставува дека се работи за техничка грешка.

The post Авион се урна на сред улица во Бурса, има мртви appeared first on Република.

]]>

Две лица загинаа во падот на мал авион за обука во централниот дел на турската провинција Бурса, изјави денеска локалниот функционер Јакуп Чанболат, пренесоа турските медиуми. Авионот, кој се користел за обука за летање, удрил во улица во селото Багларбаси во близина на аеродромот Јунусели во провинцијата. На земја нема повредени. Во соопштението на локалните власти се наведува дека во авионот биле само пилотот и копилотот. Камерата во близина успеала да го сними моментот кога се урнал авионот кој паднал во населениот дел на Бурса. По несреќата жителите побрзале да излезат од домовите на улица, а од местото каде што паднал авионот извирал чад. Локалниот функционер Јакуп Чанболат истакна дека во авионската несреќа се оштетени две куќи и две возила, како и дека во тек е истрага за причините за несреќата, но засега се претпоставува дека се работи за техничка грешка.

The post Авион се урна на сред улица во Бурса, има мртви appeared first on Република.

]]>