бурка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/burka/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Sep 2023 16:43:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бурка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/burka/ 32 32 Пропишани казни од над 1.000 евра: Швајцарија со закон забрани носење бурка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/propishani-kazni-od-nad-1-000-evra-shvajtsarija-so-zakon-zabrani-nosene-burka/ Wed, 20 Sep 2023 18:18:29 +0000 https://republika.mk/?p=683561

Швајцарскиот парламент усвои закон со кој се забранува покривање на лицето, вклучително и бурка, муслимански женски вел што го покрива телото од глава до пети, а пропиша и парична казна од 1.000 швајцарски франци (1.040 евра).

Законот за „забрана на бурката“ беше одобрен од Горниот дом на парламентот, локално познат како Националрат, со 151 глас за и 29 против.

Швајцарската федерална Влада најави референдум за ова прашање во 2021 година, а тогаш за забраната за носење бурка гласаа 51,2 отсто од граѓаните, додека против беа 48,8 отсто.

Новиот закон забранува покривање на лицето на јавни и приватни места достапни за пошироката јавност на таков начин што цртите на лицето не можат да бидат препознаени.

Постојат неколку исклучоци од забраната, вклучувајќи верски служби, стари традиционални обичаи, театарски претстави и превез од здравствени или климатски причини.

Франција и Белгија беа првите земји во Европа кои во 2011 година ја забранија бурката на јавни места, а потоа следеа Бугарија во 2016 година, Австрија во 2017 година и Данска во 2018 година.

The post Пропишани казни од над 1.000 евра: Швајцарија со закон забрани носење бурка appeared first on Република.

]]>

Швајцарскиот парламент усвои закон со кој се забранува покривање на лицето, вклучително и бурка, муслимански женски вел што го покрива телото од глава до пети, а пропиша и парична казна од 1.000 швајцарски франци (1.040 евра). Законот за „забрана на бурката“ беше одобрен од Горниот дом на парламентот, локално познат како Националрат, со 151 глас за и 29 против. Швајцарската федерална Влада најави референдум за ова прашање во 2021 година, а тогаш за забраната за носење бурка гласаа 51,2 отсто од граѓаните, додека против беа 48,8 отсто. Новиот закон забранува покривање на лицето на јавни и приватни места достапни за пошироката јавност на таков начин што цртите на лицето не можат да бидат препознаени. Постојат неколку исклучоци од забраната, вклучувајќи верски служби, стари традиционални обичаи, театарски претстави и превез од здравствени или климатски причини. Франција и Белгија беа првите земји во Европа кои во 2011 година ја забранија бурката на јавни места, а потоа следеа Бугарија во 2016 година, Австрија во 2017 година и Данска во 2018 година.

The post Пропишани казни од над 1.000 евра: Швајцарија со закон забрани носење бурка appeared first on Република.

]]>
Најстрога талибанска одлука по враќањето на власт: Сите жени мора да носат бурка, подобро да останат дома https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/najstroga-talibanska-odluka-po-vrakjanjeto-na-vlast-site-zeni-mora-da-nosat-burka-podobro-da-ostanat-doma/ Sat, 07 May 2022 14:53:07 +0000 https://republika.mk/?p=499101

Врховниот лидер на талибанците, Хајбатула Ахунџада, им нареди на сите авганистански жени да носат бурки на јавно место. Тоа е едно од најголемите опграничувања на слободите на жените откако Талибанците ја презедоа власта во Кабул во август.

Ахунџада напиша дека носењето бурка е воведено затоа што е израз на „традиционалност и почит“. Слични кодекси на облекување важеа за жените за време на талибанскиот режим помеѓу 1996 и 2001 година.

Бурка е муслиманска облека која целосно ја покрива жената, вклучувајќи го и нејзиното лице и очи преку кои има превез.

Оние жени кои не се премногу стари или премногу млади мора да го покриваат лицето, освен очите, во согласност со шеријатските насоки, за да избегнат провокации кога ќе сретнат мажи кои не се нивни блиски роднини - се наведува во декретот.

Во одлуката пишува и дека е подобро жените да останат дома доколку немаат важна работа надвор.

Илјадници авганистански жени ги загубија своите работни места во јавниот сектор откако талибанците ја презедоа власта и им беше забрането да патуваат во градовите без придружба на мажи од семејството.

Спротивно на ветувањата, талибанците продолжуваат да го ускратуваат и образованието на девојчињата постари од 12 години.

The post Најстрога талибанска одлука по враќањето на власт: Сите жени мора да носат бурка, подобро да останат дома appeared first on Република.

]]>

Врховниот лидер на талибанците, Хајбатула Ахунџада, им нареди на сите авганистански жени да носат бурки на јавно место. Тоа е едно од најголемите опграничувања на слободите на жените откако Талибанците ја презедоа власта во Кабул во август. Ахунџада напиша дека носењето бурка е воведено затоа што е израз на „традиционалност и почит“. Слични кодекси на облекување важеа за жените за време на талибанскиот режим помеѓу 1996 и 2001 година. Бурка е муслиманска облека која целосно ја покрива жената, вклучувајќи го и нејзиното лице и очи преку кои има превез.
Оние жени кои не се премногу стари или премногу млади мора да го покриваат лицето, освен очите, во согласност со шеријатските насоки, за да избегнат провокации кога ќе сретнат мажи кои не се нивни блиски роднини - се наведува во декретот.
Во одлуката пишува и дека е подобро жените да останат дома доколку немаат важна работа надвор. Илјадници авганистански жени ги загубија своите работни места во јавниот сектор откако талибанците ја презедоа власта и им беше забрането да патуваат во градовите без придружба на мажи од семејството. Спротивно на ветувањата, талибанците продолжуваат да го ускратуваат и образованието на девојчињата постари од 12 години.

The post Најстрога талибанска одлука по враќањето на власт: Сите жени мора да носат бурка, подобро да останат дома appeared first on Република.

]]>