Бурим Рустеми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/burim-rustemi/ За подобро да се разбереме Thu, 08 Jun 2023 13:04:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бурим Рустеми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/burim-rustemi/ 32 32 Јанакиески: Предметот „Топлик“ го водеше ненадлежен јавен обвинител https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janakieski-predmetot-toplik-go-vodeshe-nenadlezhen-javen-obvinitel/ Thu, 08 Jun 2023 13:15:50 +0000 https://republika.mk/?p=648928

Миле Јанакиески на крајот на своето обраќање на јавната седница на Апелација се оосврна и на работата обвинителот во овој случај Бурим Рустеми. Според него, Рустеми цело време бил ненадлжежен да го застапува овој случај.

Овој предмет го водеше ненадлежен јавен обвинител. Виш јавен обвинител врз база на согласност од Вилма го застапува предметот. Не постои во новиот закон за ЈО инструмент согласност од јавен обвинител на организиран а пак никако да може да овласти виш oбвинител.

The post Јанакиески: Предметот „Топлик“ го водеше ненадлежен јавен обвинител appeared first on Република.

]]>

Јанакиески: Предметот „ТНТ“ незаконски го застапуваше виш јавен обвинтиел https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janakieski-predmetot-tnt-nezakonski-go-zastapuvashe-vish-javen-obvintiel/ Mon, 08 May 2023 11:12:37 +0000 https://republika.mk/?p=638004

Предметот „ТНТ“ незаконски го застапуваше обвинител т.е виш јавен обвинтиел, посочи поранешниот министер Миле Јанакиески,алудирајќи на обвинителот Бурим Рустеми.

Замислете тој како Виш обвинител поднесе и жалба на пресудата па каде е тука двостепеноста во постапката но за тоа се води и кривична постапка. Како Виш обвинител поднесе и жалба на пресудата. Каде е тука двостепеноста во постапката но за тоа се води и кривична постапка? прашува Јанакиески.

Обвинетиот на денешната јавна седница на Апалација објасни дека време им се криел овој  факт но тоа го утврдиле при увид дека по влегување во сила на новиот закон за јавно обвинителство и по именувањето на Бурим Рустеми за Виш јавен обвинител на ден 9.11.2020 година Јавниот обвинител Љубомир Јовевски го овластува обвинителот Гаврил Бубевски да го води овој предмет.

The post Јанакиески: Предметот „ТНТ“ незаконски го застапуваше виш јавен обвинтиел appeared first on Република.

Изборот на Фатиме Фетами или Бурим Рустеми за виш обвинител одложено за понеделник https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/izborot-na-fatime-fetami-ili-burim-rustemi-za-vish-obvinitel-odlozeno-za-ponedelnik/ Mon, 14 Nov 2022 13:05:37 +0000 https://republika.mk/?p=573670

Советот на Јавни обвинители изборот на нов шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје го одложи за следната недела, в понеделник. Почетокот на денешната седумдесетта седница на Советот на ЈО, на чиј дневен ред, меѓу другото е и изборот на шеф на скопското Вишо јавно обвинителство, доцнеше час и половина, а кога стигна оваа точка, беше одложена за, како што беше посочено, членовите да имаат доволно време за разгледување на досиејата на кандидатите.

На огласот за избор има тројца кандидати, постојниот обвинител Мустафа Хајрулахи, како и Бурим Рустеми и Фатиме Фетаи.

Претседателот на Советот на ЈО Антонио Јолевски, одговарајќи на новинарски прашања по седницата, рече дека и доцнењето на денешната седница, било токму поради тоа за членовите да ги разгледаат досиејата и да може денеска да биде завршен изборот.

– Ги читаа досиејата кои стигнаа во петокот, меѓутоа им требало повеќе време за секој да го проучи досието за јавните обвинители. Сите имаа  примерок што им беше доставен во петокот, а некои и утринава, сметаа дека им треба дополнително време. Јас не можам да се мешам во тој дел, затоа што и онака сме тенки со мнозинството и не можам да дозволам некој да рече дека не може да гласа и да замине, изјави Јолевски.

Оценките и досиејата за секој јавен обвинител, Јолевски посочи, дека се од доверлив карактер и така и се разгледуваат.

Претседателот на Советот, по разгледувањето на двете точки за именување на Ислам Абази за шеф на ОЈО ГОКК ја прекина денешната 70-та седница, на чиј дневен ред се изборот на Виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Скопје и во Гостивар, како и одлука за избор на по еден основен јавен обвинител во ОЈО Битола, ОЈО Велес, ОЈО Гостивар, ОЈО Кавадарци и ОЈО Куманово.

На дневен ред на 70-тата седница, исто така, е и носење одлука за објавување на оглас за избор на четири јавни обвинители во ОЈО ГОКК, откако на 27 октомври Советот не избра ниту еден од шестмината пријавени кандидати на претходниот оглас

The post Изборот на Фатиме Фетами или Бурим Рустеми за виш обвинител одложено за понеделник appeared first on Република.

]]>

Советот на Јавни обвинители изборот на нов шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје го одложи за следната недела, в понеделник. Почетокот на денешната седумдесетта седница на Советот на ЈО, на чиј дневен ред, меѓу другото е и изборот на шеф на скопското Вишо јавно обвинителство, доцнеше час и половина, а кога стигна оваа точка, беше одложена за, како што беше посочено, членовите да имаат доволно време за разгледување на досиејата на кандидатите. На огласот за избор има тројца кандидати, постојниот обвинител Мустафа Хајрулахи, како и Бурим Рустеми и Фатиме Фетаи. Претседателот на Советот на ЈО Антонио Јолевски, одговарајќи на новинарски прашања по седницата, рече дека и доцнењето на денешната седница, било токму поради тоа за членовите да ги разгледаат досиејата и да може денеска да биде завршен изборот. – Ги читаа досиејата кои стигнаа во петокот, меѓутоа им требало повеќе време за секој да го проучи досието за јавните обвинители. Сите имаа  примерок што им беше доставен во петокот, а некои и утринава, сметаа дека им треба дополнително време. Јас не можам да се мешам во тој дел, затоа што и онака сме тенки со мнозинството и не можам да дозволам некој да рече дека не може да гласа и да замине, изјави Јолевски. Оценките и досиејата за секој јавен обвинител, Јолевски посочи, дека се од доверлив карактер и така и се разгледуваат. Претседателот на Советот, по разгледувањето на двете точки за именување на Ислам Абази за шеф на ОЈО ГОКК ја прекина денешната 70-та седница, на чиј дневен ред се изборот на Виш јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Скопје и во Гостивар, како и одлука за избор на по еден основен јавен обвинител во ОЈО Битола, ОЈО Велес, ОЈО Гостивар, ОЈО Кавадарци и ОЈО Куманово. На дневен ред на 70-тата седница, исто така, е и носење одлука за објавување на оглас за избор на четири јавни обвинители во ОЈО ГОКК, откако на 27 октомври Советот не избра ниту еден од шестмината пријавени кандидати на претходниот оглас

The post Изборот на Фатиме Фетами или Бурим Рустеми за виш обвинител одложено за понеделник appeared first on Република.

]]>
Фетаи, Хајрулахи или Рустеми ќе шефуваат со Вишото јавно обвинителство во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fetai-hajrulahi-ili-rustemi-kje-shefuvaat-so-vishoto-javno-obvinitelstvo-vo-skopje/ Sun, 13 Nov 2022 15:13:18 +0000 https://republika.mk/?p=573289

На утрешната седницата на Советот на јавните обвинители ќе се бира шеф на Вишото јавно обвинителство во Скопје.

На огласот се пријавени тројца кандидати и тоа актуелниот обвинител Мустафа Хајрулахи, како и вишите обвинители Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми.

И Фетаи и Рустеми беа дел од поранешното специјално јавно обвинителство (СЈО), а потоа беа избрани за виши обвинители.

На утрешната седница ќе биде донесена и одлука за именување на новоизбраниот обвинител на Организиран, Ислам Абази.

На истата седница е предвидено да се изгласаат уште неколку шефови на повеќе обвинителства и тоа на Вишото јавно обвинителство Гостивар, како и шефови на обвинителствата во Велес, Битола, Гостивар, Кавадарци и Куманово.

Исто така ќе се распише и нов оглас за избор на четири јавни обвинители во Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Претходниот избор пропадна, бидејќи не беше избран ниту еден од пријавените шестмина кандидати.

The post Фетаи, Хајрулахи или Рустеми ќе шефуваат со Вишото јавно обвинителство во Скопје appeared first on Република.

]]>

На утрешната седницата на Советот на јавните обвинители ќе се бира шеф на Вишото јавно обвинителство во Скопје. На огласот се пријавени тројца кандидати и тоа актуелниот обвинител Мустафа Хајрулахи, како и вишите обвинители Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми. И Фетаи и Рустеми беа дел од поранешното специјално јавно обвинителство (СЈО), а потоа беа избрани за виши обвинители. На утрешната седница ќе биде донесена и одлука за именување на новоизбраниот обвинител на Организиран, Ислам Абази. На истата седница е предвидено да се изгласаат уште неколку шефови на повеќе обвинителства и тоа на Вишото јавно обвинителство Гостивар, како и шефови на обвинителствата во Велес, Битола, Гостивар, Кавадарци и Куманово. Исто така ќе се распише и нов оглас за избор на четири јавни обвинители во Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Претходниот избор пропадна, бидејќи не беше избран ниту еден од пријавените шестмина кандидати.

The post Фетаи, Хајрулахи или Рустеми ќе шефуваат со Вишото јавно обвинителство во Скопје appeared first on Република.

]]>
Хајрулахи, Рустеми и Фетаи кандидати за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hajrulahi-rustemi-i-fetai-kandidati-za-shef-na-vishoto-javno-obvinitelstvo-skopje/ Thu, 27 Oct 2022 12:16:11 +0000 https://republika.mk/?p=566371

На огласот за избор на шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје пријавени се тројца кандидати, постојниот обвинител Мустафа Хајрулахи, како и Бурим Рустеми и Фатиме Фетаи.

Претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски, појасни дека огласот завршил минатата недела и веќе се испратени барања до надлежните обвинителствата да извршат оценување за да се премине на следната фаза.

– За сите пријавени на огласите кои ги имавме објавено пуштени се барања до обвинителствата да извршат оценувања за да можеме да преминеме на следната фаза, со тие кои немаме остварено интервјуа, да ги извршиме за да стекнеме одреден впечаток. Сепак се јавуваат за шефовски места и да ја закажеме седницата во најскоро време, бидејќи мандатот им истекува на 14 ноември и да не се доведеме во ситуација да треба в.д., изјави Јолевски.

Според него, до 7 ноември треба да заврши постапката за избор на шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во меѓувреме да се добијат известувањата и за останатите пет основни обвинителства, за да се заврши постапката и за нив, бидејќи се објавени во исто време.

The post Хајрулахи, Рустеми и Фетаи кандидати за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје appeared first on Република.

]]>

На огласот за избор на шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје пријавени се тројца кандидати, постојниот обвинител Мустафа Хајрулахи, како и Бурим Рустеми и Фатиме Фетаи. Претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски, појасни дека огласот завршил минатата недела и веќе се испратени барања до надлежните обвинителствата да извршат оценување за да се премине на следната фаза.
– За сите пријавени на огласите кои ги имавме објавено пуштени се барања до обвинителствата да извршат оценувања за да можеме да преминеме на следната фаза, со тие кои немаме остварено интервјуа, да ги извршиме за да стекнеме одреден впечаток. Сепак се јавуваат за шефовски места и да ја закажеме седницата во најскоро време, бидејќи мандатот им истекува на 14 ноември и да не се доведеме во ситуација да треба в.д., изјави Јолевски.
Според него, до 7 ноември треба да заврши постапката за избор на шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во меѓувреме да се добијат известувањата и за останатите пет основни обвинителства, за да се заврши постапката и за нив, бидејќи се објавени во исто време.

The post Хајрулахи, Рустеми и Фетаи кандидати за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје appeared first on Република.

]]>
Рустеми нема да го гони Јанакиески дека нарaчал динамит за рушење на „Космос“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/rustemi-nema-da-go-goni-janakieski-deka-narachal-dinamit-za-rushenje-na-kosmos/ Wed, 27 Apr 2022 11:11:45 +0000 https://republika.mk/?p=494249

Во текот на постапката со сигурност се докажа дека обвинетите ги сториле делата што им се ставаат на товар. Обвинетиот Никола Груевски ја злоупотребил својата позиција и влијание како премиер да ја оствари својата желба да му го урне комплексот Космос на својот политички противник Фијат Цановски и да му нанесе финансиска штета, изјави денеска во завршен збор за случајот „ТНТ“, јавниот обвинител Бурим Рустеми.

Во координација со останатите обвинети Миле Јанакиевски и Тони Трајковски, Рустеми рече, дека Груевски успеал во својата намера.

– Обвинетиот Тони Трајковски се согласил и го прифатил планот за одмазда. Од изнесените докази во постапката јасно се покажа дека одлуката за уривање на објектот ја донел Никола Груевски, изјави Рустеми.

Според него, значајно е што Миле Јанакиевски во својот завршен збор ја потврдил автентичноста на телефонските разговори и комуникација, што пак претставува олеснителна околност за него во случајот.

Јавниот обвинител Рустеми на судот му предложи обвинетите да ги прогласи за виновни и да ги казни согласно закон.

– Во однос на обвинетиот Миле Јанакиевски, кој на некој начин се извини сметам дека судот треба да ја цени оваа олеснителна околност. Како отежнителни околности, судот да го цени тоа што обвинетите делото го сториле од политички побуди и тоа што не изразија каење за делото. Сметам дека судот треба да изрече ефективна казна затвор за обвинетите, изјави Рустеми.

На почетокот, обвинителот Рустеми, во завршен збор изврши прецизирање на обвинението и се откажа од еден став од обвинението за „злоупотреба на службена должност” против обвинетиот Миле Јанакиевски, како и на висината на штетата од уривањето на комплексот, што според вештачењата се проценува на 654 милиони денари.

Законот за кривична постапка, според адвокатот Дончо Наков не предвидува прецизирање на обвинителен акт.

– Според одбраната се работи за целосна измена на обвинителен акт и барам да ми се достави копија од записник бидејќи постои според мене измена и за да можам да го дадам својот завршен збор, изјави Наков.

Бранителот по службена должност на обвинетиот Никола Груевски, во завршен збор, рече дека Груевски ниту потпишал, ниту пак можел да потпише некаква одлука во Општина Гази Баба, истовремено оспорувајќи ја автентичноста на снимените аудио разговори кои биле изнесени во случајот.

– Обвинетиот ниту има вина, ниту има доказ дека нешто потпишал, а единствен доказ против него се аудио снимки чија автентичност не може да се потврди. Ценам дека овој суд нема ниту една законска причина да го прогласи за виновен и дека треба да биде ослободен од обвинение, изјави бранителот по службена должност на Груевски.

Случајот го води судијата Огнен Ставрев.

За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, како и еден градежен инспектор и тројца вработени во општина Гази Баба

The post Рустеми нема да го гони Јанакиески дека нарaчал динамит за рушење на „Космос“ appeared first on Република.

]]>

Во текот на постапката со сигурност се докажа дека обвинетите ги сториле делата што им се ставаат на товар. Обвинетиот Никола Груевски ја злоупотребил својата позиција и влијание како премиер да ја оствари својата желба да му го урне комплексот Космос на својот политички противник Фијат Цановски и да му нанесе финансиска штета, изјави денеска во завршен збор за случајот „ТНТ“, јавниот обвинител Бурим Рустеми. Во координација со останатите обвинети Миле Јанакиевски и Тони Трајковски, Рустеми рече, дека Груевски успеал во својата намера.
– Обвинетиот Тони Трајковски се согласил и го прифатил планот за одмазда. Од изнесените докази во постапката јасно се покажа дека одлуката за уривање на објектот ја донел Никола Груевски, изјави Рустеми.
Според него, значајно е што Миле Јанакиевски во својот завршен збор ја потврдил автентичноста на телефонските разговори и комуникација, што пак претставува олеснителна околност за него во случајот. Јавниот обвинител Рустеми на судот му предложи обвинетите да ги прогласи за виновни и да ги казни согласно закон.
– Во однос на обвинетиот Миле Јанакиевски, кој на некој начин се извини сметам дека судот треба да ја цени оваа олеснителна околност. Како отежнителни околности, судот да го цени тоа што обвинетите делото го сториле од политички побуди и тоа што не изразија каење за делото. Сметам дека судот треба да изрече ефективна казна затвор за обвинетите, изјави Рустеми.
На почетокот, обвинителот Рустеми, во завршен збор изврши прецизирање на обвинението и се откажа од еден став од обвинението за „злоупотреба на службена должност” против обвинетиот Миле Јанакиевски, како и на висината на штетата од уривањето на комплексот, што според вештачењата се проценува на 654 милиони денари. Законот за кривична постапка, според адвокатот Дончо Наков не предвидува прецизирање на обвинителен акт.
– Според одбраната се работи за целосна измена на обвинителен акт и барам да ми се достави копија од записник бидејќи постои според мене измена и за да можам да го дадам својот завршен збор, изјави Наков.
Бранителот по службена должност на обвинетиот Никола Груевски, во завршен збор, рече дека Груевски ниту потпишал, ниту пак можел да потпише некаква одлука во Општина Гази Баба, истовремено оспорувајќи ја автентичноста на снимените аудио разговори кои биле изнесени во случајот.
– Обвинетиот ниту има вина, ниту има доказ дека нешто потпишал, а единствен доказ против него се аудио снимки чија автентичност не може да се потврди. Ценам дека овој суд нема ниту една законска причина да го прогласи за виновен и дека треба да биде ослободен од обвинение, изјави бранителот по службена должност на Груевски.
Случајот го води судијата Огнен Ставрев. За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, како и еден градежен инспектор и тројца вработени во општина Гази Баба

The post Рустеми нема да го гони Јанакиески дека нарaчал динамит за рушење на „Космос“ appeared first on Република.

]]>
Рустеми задоволен од пресудата за „Топлик”, одбраната смета дека судството го допрело дното https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/rustemi-zadovolen-od-presudata-za-toplik-odbranata-smeta-deka-sudstvoto-go-doprelo-dnoto/ Tue, 05 Apr 2022 13:23:15 +0000 https://republika.mk/?p=483647

Јавниот обвинител Бурим Рустеми, во својство на застапник на обвинението за случајот „Топлик”, жалба, како што најави, најверојатно ќе поднесе за пресудата против лицето Димитар Димовски, кој од Кривичниот суд – Скопје, денеска беше осуден на условна казна од две години затвор ако во следните пет години не стори ново кривично дело.

Генерално сум задоволен од казната на обвинетите, освен што сметам дека најверојатно можам да се жалам за еден од обвинетите за кој не сум задоволен од изречената казна – тоа е лицето Димитар Димовски, затоа што видно од изведените докази сметам дека тој имал значајна одговорност во кривично-правниот настан. Тоа произлегува од дел на исказите на сведоците кои наведуваат дека од негова страна и од страна на првообвинетиот доживеале притисок во нивната работа, рече обвинителот Рустеми.

Адвокатот на третообвинетиот Димовски, (заменик претседател на Комисијата за јавно надавање во Министерството за транспорт и врски), Панчо Тошковски најави дека ќе поднесе жалба на денешната пресуда, наведувајќи дека, како што рече, македонското судство денес го допре дното.

Денеска се потврди како секој еден човек во Република Македонија за кое било дејствие што ќе го преземе во својот живот доколку има соодветни инструкции во рамки на одредени дејствија на крајот на денот може да се најде на осудителна клупа и да биде осуден без разлика дали е виновен или не за она што го направил, без разлика дали има штета или нема штета, без разлика дали во кривичната постапка дојде оштетен и кажа дека јас сум оштетен во оваа постапка, без разлика дали јавниот обвинител има законско овластување да ја води постапката или нема, изјави адвокат Тошковски.

The post Рустеми задоволен од пресудата за „Топлик”, одбраната смета дека судството го допрело дното appeared first on Република.

Наков: Обвинителот Рустеми не смее да биде застапник во случајот Топлик https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nakov-obvinitelot-rustemi-ne-smee-da-bide-zastapnik-vo-sluchajot-toplik/ Wed, 16 Feb 2022 10:44:00 +0000 https://republika.mk/?p=459251

Откако обвинителот Бурим Рустеми побара осудителна пресуда за случајот Топлик, излагање имаше адвокатот на одбраната Дончо Наков.

Тој истакна оти е јасно дека во овој случај нема побарување за штета кон државниот буџет.

Денеска на завршните зборови никој не пријави штета ни по висина. Државниот правобранител не побара. Не може обвинител да бара штета. Тој презеде улога на оштетен надвор од овластувањата- објасни Наков.

Адвокатот истакна дека обвинителот Рустеми нема право да биде застапник на ова обвинение само со полномошно што му го дал Државниот обвинител Јовески за предметите преземени од СЈО, туку само врз основа на закон кој не е донесен.

-Рустеми не е обвинител во Обвинителството за организиран криминал туку е обвинител од Куманово. Ова обвинение го застапува незаконски обвинител. Обвинителството знаело дека нема такви овластувања, но се согласило да го застапува ова обвинение - потенцираше Наков.

The post Наков: Обвинителот Рустеми не смее да биде застапник во случајот Топлик appeared first on Република.

]]>

Откако обвинителот Бурим Рустеми побара осудителна пресуда за случајот Топлик, излагање имаше адвокатот на одбраната Дончо Наков. Тој истакна оти е јасно дека во овој случај нема побарување за штета кон државниот буџет.
Денеска на завршните зборови никој не пријави штета ни по висина. Државниот правобранител не побара. Не може обвинител да бара штета. Тој презеде улога на оштетен надвор од овластувањата- објасни Наков.
Адвокатот истакна дека обвинителот Рустеми нема право да биде застапник на ова обвинение само со полномошно што му го дал Државниот обвинител Јовески за предметите преземени од СЈО, туку само врз основа на закон кој не е донесен.
-Рустеми не е обвинител во Обвинителството за организиран криминал туку е обвинител од Куманово. Ова обвинение го застапува незаконски обвинител. Обвинителството знаело дека нема такви овластувања, но се согласило да го застапува ова обвинение - потенцираше Наков.

The post Наков: Обвинителот Рустеми не смее да биде застапник во случајот Топлик appeared first on Република.

]]>
Рустеми побара Шабани спроведе: Одбиени сите докази на Јанакиески https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rustemi-pobara-shabani-sprovede-odbieni-site-dokazi-na-janakieski/ Mon, 24 Jan 2022 09:44:02 +0000 https://republika.mk/?p=448638

Очекувано, судијата Осман Шабани ги одби сите докази на одбраната во случајот Топлик. Она што обвинителот Бурим Рустеми го најави, и се оствари.

Со тоа Јанакиески остана без ниту еден доказ пред завршните зборови.

Во образложението судијата Шабани рече дека не може да бидат прифатени дополненијата на доказите на одбраната бидејќи тие веќе се користеле во главната расправа и од нив не произлегуваат нови околности.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sudijata-shabani-za-janakieski-shtom-go-sprovele-znachi-sposoben-e-da-go-sledi-sudenjeto/

The post Рустеми побара Шабани спроведе: Одбиени сите докази на Јанакиески appeared first on Република.

]]>

Очекувано, судијата Осман Шабани ги одби сите докази на одбраната во случајот Топлик. Она што обвинителот Бурим Рустеми го најави, и се оствари. Со тоа Јанакиески остана без ниту еден доказ пред завршните зборови. Во образложението судијата Шабани рече дека не може да бидат прифатени дополненијата на доказите на одбраната бидејќи тие веќе се користеле во главната расправа и од нив не произлегуваат нови околности. https://republika.mk/vesti/makedonija/sudijata-shabani-za-janakieski-shtom-go-sprovele-znachi-sposoben-e-da-go-sledi-sudenjeto/

The post Рустеми побара Шабани спроведе: Одбиени сите докази на Јанакиески appeared first on Република.

]]>
Јанакиески денеска ќе се оперира, а обивнителот Рустеми бара да го спроведат во суд https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janakieski-deneska-kje-se-operira-a-obivnitelot-rustemi-bara-da-go-sprovedat-vo-sud/ Tue, 11 Jan 2022 07:00:05 +0000 https://republika.mk/?p=442796

Обвинителот Бурим Рустеми бара Миле Јанакиески стражарно да биде спроведен на рочиштата иако тој има уредна медицинска белешка дека има сериозни повреди. Неговите адвокати доставија медицинска документација за сите рочишта.

Така беше за „Шпански скали“ а така ќе биде и за денешното рочиште за случајот „ТНТ“.

Следното рочиште ќе биде за случајот „Топлик на 24 јануари. Рустеми и судот брзаат што поскоро да има пресуда.Доколку пак поминат 45 дена од едно до друго рочиште тогаш случајот мора да се врати на почеток.

Поранешниот министер има фрактура на колено и денеска треба да биде опериран. Тој имаше скршеница и скинат лигамент на коленото.

The post Јанакиески денеска ќе се оперира, а обивнителот Рустеми бара да го спроведат во суд appeared first on Република.

]]>

Обвинителот Бурим Рустеми бара Миле Јанакиески стражарно да биде спроведен на рочиштата иако тој има уредна медицинска белешка дека има сериозни повреди. Неговите адвокати доставија медицинска документација за сите рочишта. Така беше за „Шпански скали“ а така ќе биде и за денешното рочиште за случајот „ТНТ“. Следното рочиште ќе биде за случајот „Топлик на 24 јануари. Рустеми и судот брзаат што поскоро да има пресуда.Доколку пак поминат 45 дена од едно до друго рочиште тогаш случајот мора да се врати на почеток. Поранешниот министер има фрактура на колено и денеска треба да биде опериран. Тој имаше скршеница и скинат лигамент на коленото.

The post Јанакиески денеска ќе се оперира, а обивнителот Рустеми бара да го спроведат во суд appeared first on Република.

]]>