Буре барут Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bure-barut/ За подобро да се разбереме Sun, 05 May 2024 10:21:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Буре барут Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bure-barut/ 32 32 Проекцијата на „Буре барут“ на 35 мм лента е на 9 мај во Кинотека https://arhiva3.republika.mk/scena/film/proektsijata-na-bure-barut-na-35-mm-lenta-e-na-9-maj-vo-kinoteka/ Sun, 05 May 2024 10:47:56 +0000 https://republika.mk/?p=774451

Проекција на „Буре барут“ на 35 мм лента е на 9 мај (четврток) од 20 часот во Кинотека.

„Буре барут“ (Bure Barutа) на Горан Паскаљевиќ (Goran Paskaljević) е игран во продукција на Србија, Македонија, Франција (1998, 102 мин, 35мм), по сценарио на режисерот и Дејан Дуковски (Dejan Dukovski), со Мики Манојловиќ, Лазар Ристовски, Драган Николиќ, Мирјана Карановиќ, Небојша Глоговац (Miki Manojlovic, Lazar Ristovski, Dragan Nikolic, Mirjana Karanovic, Nebojsa Glogovac) и дузина врвни актери.

Сторијата снимена според популарната драма на Дуковски, „Буре барут“ е сместена во Белград, во средина на „оловните и очајни“ деведесетти години од минатиот век. Животот на дваесетина луѓе се вкрстува на неочекувани и непријатни начини во текот на само една вечер. Фрагментарната драматургија на Дуковски го создава мозаикот од разни ликови и нивните судбини: момче го краде автомобилот од татко му, па по бенигната сообраќајка следува одмазда; Мане, по враќањето од странство, открива дека неговата сакана Наталија има нов љубовник; пензионираниот полицаец, „чика“ Димитрие, дознава кој и зошто му ги скршил коските; насилството и агресијата, наизглед со ништо предизвикани, еруптираат со трагични последици…

Драмскиот текст на Дејан Дуковски имаше мошне успешни поставки во Македонскиот народен театар (режија Сашо Миленковски), белградското Југословенско драмско позориште (Слободан Унковски) и низа други театарски сцени. Во филмот настапуваат и македонските актери Никола Ристановски и Тони Михајловски.

„Буре барут“ (чиј наслов за светската дистрибуција беше „Cabaret Balkan“) освои десетина награди и признанија, меѓу кои наградите на критичарите ФИПРЕСЦИ на Венецискиот филмски фестивал и Европските филмски награди, Бронзената Камера 300 за кинематограферот Милан Спасиќ на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, наградите за најдобар филм на фестивалите во Гент (Белгија), Хаифа (Израел), Санта Барбара (САД), Ваљадолид (Шпанија)…

The post Проекцијата на „Буре барут“ на 35 мм лента е на 9 мај во Кинотека appeared first on Република.

]]>

Проекција на „Буре барут“ на 35 мм лента е на 9 мај (четврток) од 20 часот во Кинотека. „Буре барут“ (Bure Barutа) на Горан Паскаљевиќ (Goran Paskaljević) е игран во продукција на Србија, Македонија, Франција (1998, 102 мин, 35мм), по сценарио на режисерот и Дејан Дуковски (Dejan Dukovski), со Мики Манојловиќ, Лазар Ристовски, Драган Николиќ, Мирјана Карановиќ, Небојша Глоговац (Miki Manojlovic, Lazar Ristovski, Dragan Nikolic, Mirjana Karanovic, Nebojsa Glogovac) и дузина врвни актери. Сторијата снимена според популарната драма на Дуковски, „Буре барут“ е сместена во Белград, во средина на „оловните и очајни“ деведесетти години од минатиот век. Животот на дваесетина луѓе се вкрстува на неочекувани и непријатни начини во текот на само една вечер. Фрагментарната драматургија на Дуковски го создава мозаикот од разни ликови и нивните судбини: момче го краде автомобилот од татко му, па по бенигната сообраќајка следува одмазда; Мане, по враќањето од странство, открива дека неговата сакана Наталија има нов љубовник; пензионираниот полицаец, „чика“ Димитрие, дознава кој и зошто му ги скршил коските; насилството и агресијата, наизглед со ништо предизвикани, еруптираат со трагични последици… Драмскиот текст на Дејан Дуковски имаше мошне успешни поставки во Македонскиот народен театар (режија Сашо Миленковски), белградското Југословенско драмско позориште (Слободан Унковски) и низа други театарски сцени. Во филмот настапуваат и македонските актери Никола Ристановски и Тони Михајловски. „Буре барут“ (чиј наслов за светската дистрибуција беше „Cabaret Balkan“) освои десетина награди и признанија, меѓу кои наградите на критичарите ФИПРЕСЦИ на Венецискиот филмски фестивал и Европските филмски награди, Бронзената Камера 300 за кинематограферот Милан Спасиќ на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, наградите за најдобар филм на фестивалите во Гент (Белгија), Хаифа (Израел), Санта Барбара (САД), Ваљадолид (Шпанија)…

The post Проекцијата на „Буре барут“ на 35 мм лента е на 9 мај во Кинотека appeared first on Република.

]]>
Германски новинар: Западен Балкан-буре барут во вечната чекална на Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/germanski-novinar-zapaden-balkan-bure-barut-vo-vechnata-chekalna-na-evropa/ Sat, 30 Apr 2022 16:27:31 +0000 https://republika.mk/?p=495790

„Буре барут во вечната чекална на Европа“, е насловот на текстот во магазинот „Цицеро“ за војната во Украина и за состојбата на Западен Балкан. Авторот не мисли дека е можна нова војна на Балканот, но покажува недостаток на европска и каква било перспектива, пренесува Дојче Веле.

Томас Розер својата статија за германското списание „Цицеро“ ја започнува со сцена од Белград: постери со слика на Владимир Путин, графити и протести за поддршка на Русија во Белград. Самата војна, забележува германскиот автор, дојде во регионот на бизарен начин: кога беспилотно летало тешко шест тони, лансирано некаде во Украина, се урна во Загреб на почетокот на март, на само неколку стотини метри од станбена зона.

Земјите од поранешна Југославија во никој случај не се прв избор на бегалците од Украина, но таму има многу Руси и Украинци. Од друга страна, како што анализира, агентите за недвижности во Србија бележат невиден прилив на клиенти од исток.

Германскиот новинар потсетува дека во Србија е жив споменот на НАТО бомбардирањето во војната на Косово.

Сцените од Харков или Мариупол ги потсетуваат луѓето во БиХ на сопствените искуства, пишува магазинот. „Залудни беа сите наши протести за мир“, вели еден постар сараевчанец. Војната дојде. И ние бевме без храна, вода, нешто повеќе од 1.400 дена“. Тој додава: „На Украина и се заканува истата судбина како нас“.

Психологот и политички аналитичар Срѓан Пухало изјавил дека многумина во БиХ се потсетуваат на она што го доживеале пред три децении, но и дека владата е поделена: „Повеќето Срби се на страната на Русите. Хрватите и Бошњаците се повеќе на страната на Украинците“, истакнал Пухало.

Германскиот магазин предупредува дека цела Југоисточна Европа ги чувствува економските последици од војната, без разлика дали тоа се должи на помалку туристи, повисоки цени на енергијата или инфлација. Но, најтешко се погодени земјите од регионот кои најмногу се трудат да се приклучат на Европската Унија: „Јазот во просперитетот помеѓу исцрпената чекална на ЕУ и нејзините соседи од ЕУ се заканува да стане уште поголем во оваа војна. Албанија и петте држави од поранешна Југославија станаа осакатени редовни гости во чекалната на ЕУ, измачени од авторитарни тенденции, емиграција и стареење на населението, но пред се недостаток на перспектива“, пишува медиумот.

„Наместо перспектива, политиката за проширување на ЕУ стана енергично прислушување, украсено со флоскули, слатки зборови, ветувања кои се повторуваат како мантри и мавтање со паричник“, пишува автоерот. Тој го цитира Душан Рељиќ од бриселската канцеларија на Берлинската фондација за наука и политика, кој вели дека чекањето за членство стана константна состојба на работите, додека тие земји се претворија во евтини производствени погони и снабдувачи на работна сила за ЕУ и Германија.

Ако се се собере, Релиќ смета дека „земјите од Западен Балкан плаќаат повеќе отколку што добиваат од ЕУ“, пренесува медиумот.

The post Германски новинар: Западен Балкан-буре барут во вечната чекална на Европа appeared first on Република.

]]>

„Буре барут во вечната чекална на Европа“, е насловот на текстот во магазинот „Цицеро“ за војната во Украина и за состојбата на Западен Балкан. Авторот не мисли дека е можна нова војна на Балканот, но покажува недостаток на европска и каква било перспектива, пренесува Дојче Веле. Томас Розер својата статија за германското списание „Цицеро“ ја започнува со сцена од Белград: постери со слика на Владимир Путин, графити и протести за поддршка на Русија во Белград. Самата војна, забележува германскиот автор, дојде во регионот на бизарен начин: кога беспилотно летало тешко шест тони, лансирано некаде во Украина, се урна во Загреб на почетокот на март, на само неколку стотини метри од станбена зона. Земјите од поранешна Југославија во никој случај не се прв избор на бегалците од Украина, но таму има многу Руси и Украинци. Од друга страна, како што анализира, агентите за недвижности во Србија бележат невиден прилив на клиенти од исток. Германскиот новинар потсетува дека во Србија е жив споменот на НАТО бомбардирањето во војната на Косово. Сцените од Харков или Мариупол ги потсетуваат луѓето во БиХ на сопствените искуства, пишува магазинот. „Залудни беа сите наши протести за мир“, вели еден постар сараевчанец. Војната дојде. И ние бевме без храна, вода, нешто повеќе од 1.400 дена“. Тој додава: „На Украина и се заканува истата судбина како нас“. Психологот и политички аналитичар Срѓан Пухало изјавил дека многумина во БиХ се потсетуваат на она што го доживеале пред три децении, но и дека владата е поделена: „Повеќето Срби се на страната на Русите. Хрватите и Бошњаците се повеќе на страната на Украинците“, истакнал Пухало. Германскиот магазин предупредува дека цела Југоисточна Европа ги чувствува економските последици од војната, без разлика дали тоа се должи на помалку туристи, повисоки цени на енергијата или инфлација. Но, најтешко се погодени земјите од регионот кои најмногу се трудат да се приклучат на Европската Унија: „Јазот во просперитетот помеѓу исцрпената чекална на ЕУ и нејзините соседи од ЕУ се заканува да стане уште поголем во оваа војна. Албанија и петте држави од поранешна Југославија станаа осакатени редовни гости во чекалната на ЕУ, измачени од авторитарни тенденции, емиграција и стареење на населението, но пред се недостаток на перспектива“, пишува медиумот. „Наместо перспектива, политиката за проширување на ЕУ стана енергично прислушување, украсено со флоскули, слатки зборови, ветувања кои се повторуваат како мантри и мавтање со паричник“, пишува автоерот. Тој го цитира Душан Рељиќ од бриселската канцеларија на Берлинската фондација за наука и политика, кој вели дека чекањето за членство стана константна состојба на работите, додека тие земји се претворија во евтини производствени погони и снабдувачи на работна сила за ЕУ и Германија. Ако се се собере, Релиќ смета дека „земјите од Западен Балкан плаќаат повеќе отколку што добиваат од ЕУ“, пренесува медиумот.

The post Германски новинар: Западен Балкан-буре барут во вечната чекална на Европа appeared first on Република.

]]>