Бурак Јетер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/burak-jeter/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Sep 2023 18:33:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бурак Јетер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/burak-jeter/ 32 32 Get EXITed спектаклот со најголемите светски и регионални ѕвезди уште еднаш ги воодушеви фановите во Струмица https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/get-exited-spektaklot-so-najgolemite-svetski-i-regionalni-zvezdi-ushte-ednash-gi-voodushevi-fanovite-vo-strumitsa/ Fri, 08 Sep 2023 19:29:47 +0000 https://republika.mk/?p=680072

Долгоочекуваното, второ по ред издание на „Get EXITed“ настанот во Струмица, во организација на ЕГЗИТ тимот синоќа на посетителите во струмичкиот Градски парк им приреди спектакл за паметење! Повеќе од 20.000 фанови танцуваа до утро со омилените песни на поп и соул сензацијата Џон Њуман, кој со својот специјален настап покажа зошто важи за една од најголемите светски ѕвезди на денешницата, незаборавниот сет на глобалниот хитмејкер Бурак Јетер, регионалните мегаѕвезди Констракта и „Ван Гог“, но и одличниот Џамбо Агушеви Оркестар, вундеркиндот на електронската музичка сцена Лана и продуцентките и диџејки „Д Георс“!

Во последните децении многумина работеа на тоа што повеќе да ги поделат луѓето и народите на овие простори, а токму ваквите средби го свртуваат тој процес во обратен правец, наместо омраза да имаме љубов, мир наместо војни, соработка и разбирање наместо кавги. Проектите како што е овој ја враќаат надежта и вербата дека подобра иднина, не само тука, туку и на целиот свет е можна, и тоа е суштината на нашата соработка со Струмица“ – кажа основачот и директор на ЕГЗИТ фестивалот Душан Ковачевиќ.

На втората по ред „Get EXITed“ забава, која ветува да стане нова, блескава традиција, присуствуваше и градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов, кој го истакна значењето на овој настан.

„Кога ќе дојдете на „Get EXITed“ Струмица можете да ја почувствувате позитивната енергија која што е иницијална каписла и за мене и за Душан како основач на ЕГЗИТ фестивалот. Навистина чест и задоволство е да го имаме Get EXITed во Струмица втора година и со сигурен сум дека ќе го имаме и наредната и понаредната, и сѐ додека можеме да шириме позитивна енергија на Балканот тоа и ќе го правиме, бидејќи ваквите настани се нештата кои можат да нѐ обединат“, изјави градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов.

Феноменалниот Џон Њуман синоќа ги воодушеви фановите со својот специјален хибриден настап, претставувајќи емотивни мелодии и танцувачки ритми во совршени размери, додека светски познатиот продуцент и диџеј со турско потекло Бурак Јетер со најголемите глобални хитови ја издигна енергијата до точка на вриење. Публиката уживаше и во еклектичната и жанровски шаренолика музичка програма која ја претставија омилената уметница во регионов Констракта со својот бенд „Земља Грува“, рок легендите „Ван Гог“ со својата богата безвременска дискографија и еден од најдобрите трубачки ансамбли на Балканот Џамбо Агушеви Оркестар, додека одличниот електронски звук го комплетираа и донесоа првата потписничка за „EXIT Echosystem Music & Talent Office“, Лана и продуцентките и диџејки „Д Георс“.

(*Фотографии: EXIT Photo Team)

The post Get EXITed спектаклот со најголемите светски и регионални ѕвезди уште еднаш ги воодушеви фановите во Струмица appeared first on Република.

]]>

Долгоочекуваното, второ по ред издание на „Get EXITed“ настанот во Струмица, во организација на ЕГЗИТ тимот синоќа на посетителите во струмичкиот Градски парк им приреди спектакл за паметење! Повеќе од 20.000 фанови танцуваа до утро со омилените песни на поп и соул сензацијата Џон Њуман, кој со својот специјален настап покажа зошто важи за една од најголемите светски ѕвезди на денешницата, незаборавниот сет на глобалниот хитмејкер Бурак Јетер, регионалните мегаѕвезди Констракта и „Ван Гог“, но и одличниот Џамбо Агушеви Оркестар, вундеркиндот на електронската музичка сцена Лана и продуцентките и диџејки „Д Георс“! Во последните децении многумина работеа на тоа што повеќе да ги поделат луѓето и народите на овие простори, а токму ваквите средби го свртуваат тој процес во обратен правец, наместо омраза да имаме љубов, мир наместо војни, соработка и разбирање наместо кавги. Проектите како што е овој ја враќаат надежта и вербата дека подобра иднина, не само тука, туку и на целиот свет е можна, и тоа е суштината на нашата соработка со Струмица“ – кажа основачот и директор на ЕГЗИТ фестивалот Душан Ковачевиќ. На втората по ред „Get EXITed“ забава, која ветува да стане нова, блескава традиција, присуствуваше и градоначалникот на Општина Струмица Костадин Костадинов, кој го истакна значењето на овој настан. „Кога ќе дојдете на „Get EXITed“ Струмица можете да ја почувствувате позитивната енергија која што е иницијална каписла и за мене и за Душан како основач на ЕГЗИТ фестивалот. Навистина чест и задоволство е да го имаме Get EXITed во Струмица втора година и со сигурен сум дека ќе го имаме и наредната и понаредната, и сѐ додека можеме да шириме позитивна енергија на Балканот тоа и ќе го правиме, бидејќи ваквите настани се нештата кои можат да нѐ обединат“, изјави градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов. Феноменалниот Џон Њуман синоќа ги воодушеви фановите со својот специјален хибриден настап, претставувајќи емотивни мелодии и танцувачки ритми во совршени размери, додека светски познатиот продуцент и диџеј со турско потекло Бурак Јетер со најголемите глобални хитови ја издигна енергијата до точка на вриење. Публиката уживаше и во еклектичната и жанровски шаренолика музичка програма која ја претставија омилената уметница во регионов Констракта со својот бенд „Земља Грува“, рок легендите „Ван Гог“ со својата богата безвременска дискографија и еден од најдобрите трубачки ансамбли на Балканот Џамбо Агушеви Оркестар, додека одличниот електронски звук го комплетираа и донесоа првата потписничка за „EXIT Echosystem Music & Talent Office“, Лана и продуцентките и диџејки „Д Георс“. (*Фотографии: EXIT Photo Team)

The post Get EXITed спектаклот со најголемите светски и регионални ѕвезди уште еднаш ги воодушеви фановите во Струмица appeared first on Република.

]]>
Бурак Јетер на големиот Егзитов настан во Струмица https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/burak-jeter-na-golemiot-egzitov-nastan-vo-strumitsa/ Wed, 16 Aug 2023 11:38:47 +0000 https://republika.mk/?p=672713

Бурак Јетер, турскиот продуцент, диџеј и автор на едни од најголемите светски хитови „тешки“ речиси милијарда стримови само на „ЈуТјуб“, изминатава деценија ја освојува планетата, радискиот етер и најголемите фестивалски сцени со својата музика, но и со атмосферата и енергијата која ја креира каде и да се појави. По настапот на овогодишниот ЕГЗИТ фестивал, каде што до утро ги држеше разиграни дестиците илјади фанови пред Главната бина Горки Лист и уште еднаш го потврди статусот на мега-ѕвезда, на 7 септември пристигнува во преубавиот струмички Градски парк на Get EXITed спектаклот!

Растејќи во родната Турција, Бурак Јетер бил успешен студент, по што станал инженер, специјализиран за изградба на автопати. Му нуделе богата кариера во струката, а семејството и пријателите биле горди на него. Меѓутоа, како во секоја филмска приказна за успехот и за остварувањето на својот сон и страст, паралелно тој работел на себе, на својата диџејска вештина, но и продукцијата на звук. По студиите во Турција, го продолжил школувањето во Лондон, каде што станал инженер за звук и со тоа ја отворил вратата кон музичката кариера.

Со музика започнал да се занимава уште како дете. На осум години научил да свири гитара, а потоа и други инструменти. Со заминувањето од Турција станува граѓанин на светот, со постојани преселби и патувања на кои прерасна во врвен музичар. Значајна ставка во неговото патешествие е Малта, каде што настапи на MTV Dance Floor Chart забавата и се стекна со првите значајни фанови и познанства. Десетина години објавуваше песни, одеше на турнеи и ја градеше кариерата, а потоа сѐ кликна во 2016 година. Јетер се посветува на New world проектот“, кој донесе нова свежина како нему и на неговото творештво, така и на целата глобална хаус и денс музичка сцена.

Со песната „Happy“ фати залет, а потоа во соработка со Данел Сандовал го објавува синглот „Tuesday“, кој беше веројатно најголемиот хит тоа лето, а песната не можевте да ја избегнете на ниедна плажа, кафуле или трговски центар. Во вторник или било кој друг ден. Влезе во листата најпребарувани песни на „Шазам“ за 2017 година, и тоа на планетарно ниво. Само од таа песна и ловориките кои ги заработи, можеше да се повлече на некое мирно место и да не работи веќе ништо до крајот на животот. Меѓутоа, Бурак реши дека неговото гесло во животот мора да биде поместувањето граници и одење понатаму. Токму тоа го препорача со следниот гигантски голем хит „My life is going on“. Во меѓувреме започнаа да пристигнуваат интернационалните пофалби и признанија од музичката индустрија, па така тој се најде и на „Диџеј Маг“ листата на топ 100 најдобри диџеи во светот!

Последните години, се стационира во своето студио во Амстердам, од каде што ја гради кариерата и ги освојува фестивалите и клубовите ширум светот, а на 7 септември пристигнува на големиот Get EXITed спектакл во Градскиот парк во Струмица, на кој ќе настапат и поп-соул ѕвездата Џон Њуман, регионалната сензација Констракта, а уште имиња ќе бидат објавени наскоро!

Влезот е слободен и отворен за сите посетители, додека за сите заинтересирани кои овој голем настан во организација на ЕГЗИТ фестивалот сакаат да го доживеат на највисоко ниво, во продажба се ВИП влезници по цена од 3.100 денари.

https://www.youtube.com/watch?v=_ZXbxWFx8YM

The post Бурак Јетер на големиот Егзитов настан во Струмица appeared first on Република.

]]>

Бурак Јетер, турскиот продуцент, диџеј и автор на едни од најголемите светски хитови „тешки“ речиси милијарда стримови само на „ЈуТјуб“, изминатава деценија ја освојува планетата, радискиот етер и најголемите фестивалски сцени со својата музика, но и со атмосферата и енергијата која ја креира каде и да се појави. По настапот на овогодишниот ЕГЗИТ фестивал, каде што до утро ги држеше разиграни дестиците илјади фанови пред Главната бина Горки Лист и уште еднаш го потврди статусот на мега-ѕвезда, на 7 септември пристигнува во преубавиот струмички Градски парк на Get EXITed спектаклот! Растејќи во родната Турција, Бурак Јетер бил успешен студент, по што станал инженер, специјализиран за изградба на автопати. Му нуделе богата кариера во струката, а семејството и пријателите биле горди на него. Меѓутоа, како во секоја филмска приказна за успехот и за остварувањето на својот сон и страст, паралелно тој работел на себе, на својата диџејска вештина, но и продукцијата на звук. По студиите во Турција, го продолжил школувањето во Лондон, каде што станал инженер за звук и со тоа ја отворил вратата кон музичката кариера. Со музика започнал да се занимава уште како дете. На осум години научил да свири гитара, а потоа и други инструменти. Со заминувањето од Турција станува граѓанин на светот, со постојани преселби и патувања на кои прерасна во врвен музичар. Значајна ставка во неговото патешествие е Малта, каде што настапи на MTV Dance Floor Chart забавата и се стекна со првите значајни фанови и познанства. Десетина години објавуваше песни, одеше на турнеи и ја градеше кариерата, а потоа сѐ кликна во 2016 година. Јетер се посветува на New world проектот“, кој донесе нова свежина како нему и на неговото творештво, така и на целата глобална хаус и денс музичка сцена. Со песната „Happy“ фати залет, а потоа во соработка со Данел Сандовал го објавува синглот „Tuesday“, кој беше веројатно најголемиот хит тоа лето, а песната не можевте да ја избегнете на ниедна плажа, кафуле или трговски центар. Во вторник или било кој друг ден. Влезе во листата најпребарувани песни на „Шазам“ за 2017 година, и тоа на планетарно ниво. Само од таа песна и ловориките кои ги заработи, можеше да се повлече на некое мирно место и да не работи веќе ништо до крајот на животот. Меѓутоа, Бурак реши дека неговото гесло во животот мора да биде поместувањето граници и одење понатаму. Токму тоа го препорача со следниот гигантски голем хит „My life is going on“. Во меѓувреме започнаа да пристигнуваат интернационалните пофалби и признанија од музичката индустрија, па така тој се најде и на „Диџеј Маг“ листата на топ 100 најдобри диџеи во светот! Последните години, се стационира во своето студио во Амстердам, од каде што ја гради кариерата и ги освојува фестивалите и клубовите ширум светот, а на 7 септември пристигнува на големиот Get EXITed спектакл во Градскиот парк во Струмица, на кој ќе настапат и поп-соул ѕвездата Џон Њуман, регионалната сензација Констракта, а уште имиња ќе бидат објавени наскоро! Влезот е слободен и отворен за сите посетители, додека за сите заинтересирани кои овој голем настан во организација на ЕГЗИТ фестивалот сакаат да го доживеат на највисоко ниво, во продажба се ВИП влезници по цена од 3.100 денари. https://www.youtube.com/watch?v=_ZXbxWFx8YM

The post Бурак Јетер на големиот Егзитов настан во Струмица appeared first on Република.

]]>