бунт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bunt/ За подобро да се разбереме Fri, 23 Aug 2024 13:04:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бунт Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bunt/ 32 32 Бунт во затвор во Волгогрaд: Затворениците земаа вработени како заложници, најмалку еден вработен загина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bunt-vo-zatvor-vo-volgograd-zatvorenitsite-zemaa-vraboteni-kako-zalozhnitsi-najmalku-eden-vraboten-zagina/ Fri, 23 Aug 2024 13:04:31 +0000 https://republika.mk/?p=809496

Најмалку еден член на затворскиот персонал загина, а четворица се повредени за време на бунтот во поправната колонија бр.19 во регионот на Волгоград, каде што затворениците земаа заложници, пренесе агенцијата ТАС.

За време на состанокот на дисциплинската комисија во ИК-19 во регионот на Волгоград, неколку затвореници зеле заложници, соопшти прес-службата на Федералната казнена служба.

Според оперативните служби, во нападот учествувале најмалку тројца затвореници, има и повредени, а најмалку еден затворски службеник е убиен, пренесува ТАС.

Во болница се пренесени четири повредени, а како што се додава, во моментов се преземаат мерки за ослободување на заложниците.

Поправната колонија – ИК-19 на Федералната казнено-поправна служба на Русија за регионот Волгоград се наоѓа на периферијата на градот Суровикино.

Режимот на притвор е строг, а капацитетот на објектот е ограничен на 1.229 затвореници. Колонијата се наоѓа во градот Суровикино.

The post Бунт во затвор во Волгогрaд: Затворениците земаа вработени како заложници, најмалку еден вработен загина appeared first on Република.

]]>

Најмалку еден член на затворскиот персонал загина, а четворица се повредени за време на бунтот во поправната колонија бр.19 во регионот на Волгоград, каде што затворениците земаа заложници, пренесе агенцијата ТАС. За време на состанокот на дисциплинската комисија во ИК-19 во регионот на Волгоград, неколку затвореници зеле заложници, соопшти прес-службата на Федералната казнена служба. Според оперативните служби, во нападот учествувале најмалку тројца затвореници, има и повредени, а најмалку еден затворски службеник е убиен, пренесува ТАС. Во болница се пренесени четири повредени, а како што се додава, во моментов се преземаат мерки за ослободување на заложниците. Поправната колонија – ИК-19 на Федералната казнено-поправна служба на Русија за регионот Волгоград се наоѓа на периферијата на градот Суровикино. Режимот на притвор е строг, а капацитетот на објектот е ограничен на 1.229 затвореници. Колонијата се наоѓа во градот Суровикино.

The post Бунт во затвор во Волгогрaд: Затворениците земаа вработени како заложници, најмалку еден вработен загина appeared first on Република.

]]>
Поради бунтот во Слупчане, без струја се и соседните села https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/poradi-buntot-vo-slupchane-bez-struja-se-i-sosednite-sela/ Thu, 06 Jul 2023 08:26:10 +0000 https://republika.mk/?p=658583

По бунтот на жителите на Слупчане, кои синоќа го блокираа патот на екипите на ЕВН и не им дозволија да влезат во селото, од ЕВН велат дека со ваквиот обид на самоволно противправно приклучување, предизвикан е дефект од големи размери кој ги остави и соседните села без струја. Во денешното соопштение до медиумите, тие информираат дека во вчерашните доцни часови, лица од Слупчане насилно и противзаконски отвориле голем енергетски објект во припадност на електродистрибуција во обид сами да го вратат напојувањето со електрична енергија во селото.

Ваквите манипулации од нестручни лица се крајно небезбедни може да имаат многу трагичен крај со смртни последици, предупредуваат од ЕВН.

Тие информираат дека поради блокадата на жителите од Слупчане, со дефект денеска се соочуваат и селата Оризаре, Ваксинце, Лојане.

Екипите на Електродистрибуција не може да го санираат дефектот се додека се напаѓаат на терен и немаат услови за работа. Дефекти предизвикани од посериозни манипулации како во случајов, одземаат многу време да се санираат, велат од ЕВН.

The post Поради бунтот во Слупчане, без струја се и соседните села appeared first on Република.

]]>

По бунтот на жителите на Слупчане, кои синоќа го блокираа патот на екипите на ЕВН и не им дозволија да влезат во селото, од ЕВН велат дека со ваквиот обид на самоволно противправно приклучување, предизвикан е дефект од големи размери кој ги остави и соседните села без струја. Во денешното соопштение до медиумите, тие информираат дека во вчерашните доцни часови, лица од Слупчане насилно и противзаконски отвориле голем енергетски објект во припадност на електродистрибуција во обид сами да го вратат напојувањето со електрична енергија во селото. Ваквите манипулации од нестручни лица се крајно небезбедни може да имаат многу трагичен крај со смртни последици, предупредуваат од ЕВН. Тие информираат дека поради блокадата на жителите од Слупчане, со дефект денеска се соочуваат и селата Оризаре, Ваксинце, Лојане. Екипите на Електродистрибуција не може да го санираат дефектот се додека се напаѓаат на терен и немаат услови за работа. Дефекти предизвикани од посериозни манипулации како во случајов, одземаат многу време да се санираат, велат од ЕВН.

The post Поради бунтот во Слупчане, без струја се и соседните села appeared first on Република.

]]>
Бајден: САД и НАТО не се вклучени во бунтот на „Вагнер“ во Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bajden-sad-i-nato-ne-se-vklucheni-vo-buntot-na-vagner-vo-rusija/ Mon, 26 Jun 2023 18:14:21 +0000 https://republika.mk/?p=655469

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека САД и НАТО не биле вклучени во краткотрајниот бунт на платеничката група Вагнер во Русија.

Во својата прва реакција на бунтот, тој рече дека е „премногу рано“ да се процени какво влијание ќе има врз војната во Украина, пренесува АП.

Јасно ставивме до знаење дека не сме вмешани. Немавме никаква врска со тоа. Ова беше дел од борбата внатре во рускиот систем, рече Бајден, додавајќи дека сојузниците работат на тоа да не му дадат „на Владимир Путин никаков изговор за бунтот да ги обвини Западот или НАТО“.

Американскиот претседател изјави дека имал долг разговор со својот украински колега Володимир Зеленски и дека можеби ќе се слушне повторно во текот на денот.

Му реков дека без оглед на тоа што се случи во Русија, САД ќе продолжат да ја поддржуваат одбраната на Украина, нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, рече Бајден.

 

The post Бајден: САД и НАТО не се вклучени во бунтот на „Вагнер“ во Русија appeared first on Република.

]]>

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека САД и НАТО не биле вклучени во краткотрајниот бунт на платеничката група Вагнер во Русија. Во својата прва реакција на бунтот, тој рече дека е „премногу рано“ да се процени какво влијание ќе има врз војната во Украина, пренесува АП.
Јасно ставивме до знаење дека не сме вмешани. Немавме никаква врска со тоа. Ова беше дел од борбата внатре во рускиот систем, рече Бајден, додавајќи дека сојузниците работат на тоа да не му дадат „на Владимир Путин никаков изговор за бунтот да ги обвини Западот или НАТО“.
Американскиот претседател изјави дека имал долг разговор со својот украински колега Володимир Зеленски и дека можеби ќе се слушне повторно во текот на денот.
Му реков дека без оглед на тоа што се случи во Русија, САД ќе продолжат да ја поддржуваат одбраната на Украина, нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, рече Бајден.
 

The post Бајден: САД и НАТО не се вклучени во бунтот на „Вагнер“ во Русија appeared first on Република.

]]>
Шпанија повеќе не го бара Пуџдемон за бунт, сега го обвинува само за проневера и непослушност https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shpanija-poveke-ne-go-bara-pudhdemon-za-bunt-sega-go-obvinuva-samo-za-pronevera-i-neposlushnost/ Thu, 12 Jan 2023 19:10:28 +0000 https://republika.mk/?p=596318

Шпански суд се откажа од обвиненијата за бунт против поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџдемон за неговата улога во организирањето на референдумот за независност во 2017 година, кој ја втурна Шпанија во голема политичка криза.

Судијата на Врховниот суд, Пабло Ларена, исто така, ги отфрли обвиненијата за бунт и против четворицата каталонски сепаратисти вклучени во немирите во 2017 година, поради измените на шпанскиот закон за бунт што стапија во сила и значат дека законот повеќе не ги опфаќа нивните наводни кривични дела.

Сепак, судијата не ги отфрли обвиненијата за проневера и непослушност, па на Пуџдемон и неговите соработници кои избегаа од земјава пред пет години ќе им се суди доколку се вратат, но за кривични дела за кои е пропишана помала казна.

Пуџдемон живее во Белгија, каде што е член на Европскиот парламент. Напорите на шпанската Влада тој да биде екстрадиран досега беа неуспешни и не е јасно дали промените кои ги донесе судот би можеле да ги зголемат шансите белгиските власти да го вратат назад.

Шпанските пратеници минатиот месец ги одобрија контроверзните реформи за третирање на злосторствата за бунт и проневера, во потег на шпанската владејачка левичарска коалиција да ја задржи парламентарната поддршка од каталонската партија што се залага за независност и да ги намали тензиите во богатиот североисточен регион.

Девет каталонски сепаратисти се осудени на меѓу девет и 13 години затвор за нивната улога во организирањето на референдумот за независност во 2017 година. Тие беа помилувани во јули оваа година, откако поминаа три години зад решетки, но Пуџдемон не беше, бидејќи избега.

The post Шпанија повеќе не го бара Пуџдемон за бунт, сега го обвинува само за проневера и непослушност appeared first on Република.

]]>

Шпански суд се откажа од обвиненијата за бунт против поранешниот каталонски претседател Карлес Пуџдемон за неговата улога во организирањето на референдумот за независност во 2017 година, кој ја втурна Шпанија во голема политичка криза. Судијата на Врховниот суд, Пабло Ларена, исто така, ги отфрли обвиненијата за бунт и против четворицата каталонски сепаратисти вклучени во немирите во 2017 година, поради измените на шпанскиот закон за бунт што стапија во сила и значат дека законот повеќе не ги опфаќа нивните наводни кривични дела. Сепак, судијата не ги отфрли обвиненијата за проневера и непослушност, па на Пуџдемон и неговите соработници кои избегаа од земјава пред пет години ќе им се суди доколку се вратат, но за кривични дела за кои е пропишана помала казна. Пуџдемон живее во Белгија, каде што е член на Европскиот парламент. Напорите на шпанската Влада тој да биде екстрадиран досега беа неуспешни и не е јасно дали промените кои ги донесе судот би можеле да ги зголемат шансите белгиските власти да го вратат назад. Шпанските пратеници минатиот месец ги одобрија контроверзните реформи за третирање на злосторствата за бунт и проневера, во потег на шпанската владејачка левичарска коалиција да ја задржи парламентарната поддршка од каталонската партија што се залага за независност и да ги намали тензиите во богатиот североисточен регион. Девет каталонски сепаратисти се осудени на меѓу девет и 13 години затвор за нивната улога во организирањето на референдумот за независност во 2017 година. Тие беа помилувани во јули оваа година, откако поминаа три години зад решетки, но Пуџдемон не беше, бидејќи избега.

The post Шпанија повеќе не го бара Пуџдемон за бунт, сега го обвинува само за проневера и непослушност appeared first on Република.

]]>
Бунт во Судскиот совет откако претседателката сакала без дебата да се гласа готов список за Академијата за судии и обвинители https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bunt-vo-sudskiot-sovet-otkako-pretsedatelkata-sakala-bez-debata-da-se-glasa-gotov-spisok-za-akademijata-za-sudii-i-obviniteli/ Sat, 26 Nov 2022 07:34:00 +0000 https://republika.mk/?p=578462

Тројцата новоизбрани членови на Судскиот совет, судиите Мирјана Радевска Стефкова, Зоран Герасимовски и Ивица Николовски, на кои им се придружиле и останатите членови избрани од судиите: Мирсад Суроји, Мери Радевска и Сашко Георгиев, но и Весна Дамева, која е избрана на предлог на претседателот, на последната седница во четвртокот спречиле гласање на список без дебата.

Како што дознава „Сакам да кажам“ од седумтемина „бунтовници“, претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска на седницата влегла со список на кандидати за членови на управниот одбор и на комисиите за приемен и за завршен испит на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Овие седум членови, не само што се избориле да се дебатира за судиите од списокот – кандидати за одлучувачки и битни места во Академијата, туку и најголемиот број не ги гласале. Тие се сега мнозинство и без нивните гласови, не може никој да биде избран.

Целиот текст на СДК.мк

The post Бунт во Судскиот совет откако претседателката сакала без дебата да се гласа готов список за Академијата за судии и обвинители appeared first on Република.

]]>

Тројцата новоизбрани членови на Судскиот совет, судиите Мирјана Радевска Стефкова, Зоран Герасимовски и Ивица Николовски, на кои им се придружиле и останатите членови избрани од судиите: Мирсад Суроји, Мери Радевска и Сашко Георгиев, но и Весна Дамева, која е избрана на предлог на претседателот, на последната седница во четвртокот спречиле гласање на список без дебата. Како што дознава „Сакам да кажам“ од седумтемина „бунтовници“, претседателката на Судскиот совет Павлина Црвенковска на седницата влегла со список на кандидати за членови на управниот одбор и на комисиите за приемен и за завршен испит на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“. Овие седум членови, не само што се избориле да се дебатира за судиите од списокот – кандидати за одлучувачки и битни места во Академијата, туку и најголемиот број не ги гласале. Тие се сега мнозинство и без нивните гласови, не може никој да биде избран. Целиот текст на СДК.мк

The post Бунт во Судскиот совет откако претседателката сакала без дебата да се гласа готов список за Академијата за судии и обвинители appeared first on Република.

]]>