бункер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bunker/ За подобро да се разбереме Mon, 17 Jun 2024 09:01:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бункер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bunker/ 32 32 Десетти графички роман „Чанбара“ во издание на „Бункер“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/desetti-grafichki-roman-chanbara-vo-izdanie-na-bunker/ Mon, 17 Jun 2024 09:01:59 +0000 https://republika.mk/?p=788353

Стрип-издавачот „Бункер“, во рамките на едицијата „Апслоутни почетници“, го издаде десеттиот графички роман „Чанбара“, од италијанскиот авторски тандем Роберто Рекиони како сценарист и долгогодишен главен уредник на популарниот италијански стрип-серијал Дилан Дог и Андреа Акарди, цртач на некои од најпознатите италијански стрипови, како Текс Вилер.

Се работи за поново остварување на италијанскиот издавачки гигант „Серџо Бонели Едиторе“, кој повеќе децении на нашите простори е познат по популарните јунаци: Дилан Дог, Марти Мистерија, Загор, Текс Вилер, Мистер Но… Терминот Чанбара на јапонски сленг означува борба со мечови и истиот има посебно место во златната ера на филмот во Јапонија помеѓу четириесеттите и шеесеттите години од минатиот век. Стрипот дава минуциозен опис на феудалните прилики во Јапонија во 17-тиот век. Покрај внимателно изградената структура на ликовите во него детално се прикажани и зафрлените села, куќите, оризовите полиња, ентериерот… Познатиот италијански дневен весник „Ла Стампа“ во написот посветен на овој стрип ќе истакне дека сценаристот Рекиони, приказната во стрипот ја раскажува во манирот на еден Акира Куросава или Сем Пекинпо што е најголем можен комплимент кој еден стрип-автор може да го добие. И навистина, Чанбара е извонреден стрип не само поради прекрасниот цртеж на Андреа Акарди, туку и поради фасцинантната способност на Роберто Рекиони да раскаже безвременска приказна. Креативната уметничка соработка на двајцата реномирани италијански автори во ова дело го одбележува врвот на нивните кариери. Македонскиот превод на делото е печатен во форма на репрезентативно библиофилско издание во тврд повез и боја. Покрај македонското издание, преводи од интегралните изданија на „Чанбара“ се објавени и во Франција, Шпанија, Мексико, Бразил, и Србија.

Делото беше промовирано во рамките на второто издание на стрип-фестивалот „Стрип Трип“ на 8 јуни 2024 година во Младинскиот културен центар во присуство на авторите кои специјално за оваа прилика допатуваа од Италија. Нивните пат и престој беа обезбедени од страна на Амбасадата на Република Италија во нашата држава.

Објавувањето на графичкиот роман на македонски јазик го поддржа Министерството за култура. Преводот од италијански јазик е на Искра Димковска, а лектурата на Татјана Б. Ефтимоска. Дизајнот, типографијата и подготовката за печат се на Ласко Џуровски, Тотем д.с. Издавачот „Бункер“ веќе 13 години ја поседува првата специјализирана книжарница за стрипови кај нас

 

The post Десетти графички роман „Чанбара“ во издание на „Бункер“ appeared first on Република.

]]>

Стрип-издавачот „Бункер“, во рамките на едицијата „Апслоутни почетници“, го издаде десеттиот графички роман „Чанбара“, од италијанскиот авторски тандем Роберто Рекиони како сценарист и долгогодишен главен уредник на популарниот италијански стрип-серијал Дилан Дог и Андреа Акарди, цртач на некои од најпознатите италијански стрипови, како Текс Вилер. Се работи за поново остварување на италијанскиот издавачки гигант „Серџо Бонели Едиторе“, кој повеќе децении на нашите простори е познат по популарните јунаци: Дилан Дог, Марти Мистерија, Загор, Текс Вилер, Мистер Но… Терминот Чанбара на јапонски сленг означува борба со мечови и истиот има посебно место во златната ера на филмот во Јапонија помеѓу четириесеттите и шеесеттите години од минатиот век. Стрипот дава минуциозен опис на феудалните прилики во Јапонија во 17-тиот век. Покрај внимателно изградената структура на ликовите во него детално се прикажани и зафрлените села, куќите, оризовите полиња, ентериерот… Познатиот италијански дневен весник „Ла Стампа“ во написот посветен на овој стрип ќе истакне дека сценаристот Рекиони, приказната во стрипот ја раскажува во манирот на еден Акира Куросава или Сем Пекинпо што е најголем можен комплимент кој еден стрип-автор може да го добие. И навистина, Чанбара е извонреден стрип не само поради прекрасниот цртеж на Андреа Акарди, туку и поради фасцинантната способност на Роберто Рекиони да раскаже безвременска приказна. Креативната уметничка соработка на двајцата реномирани италијански автори во ова дело го одбележува врвот на нивните кариери. Македонскиот превод на делото е печатен во форма на репрезентативно библиофилско издание во тврд повез и боја. Покрај македонското издание, преводи од интегралните изданија на „Чанбара“ се објавени и во Франција, Шпанија, Мексико, Бразил, и Србија. Делото беше промовирано во рамките на второто издание на стрип-фестивалот „Стрип Трип“ на 8 јуни 2024 година во Младинскиот културен центар во присуство на авторите кои специјално за оваа прилика допатуваа од Италија. Нивните пат и престој беа обезбедени од страна на Амбасадата на Република Италија во нашата држава. Објавувањето на графичкиот роман на македонски јазик го поддржа Министерството за култура. Преводот од италијански јазик е на Искра Димковска, а лектурата на Татјана Б. Ефтимоска. Дизајнот, типографијата и подготовката за печат се на Ласко Џуровски, Тотем д.с. Издавачот „Бункер“ веќе 13 години ја поседува првата специјализирана книжарница за стрипови кај нас  

The post Десетти графички роман „Чанбара“ во издание на „Бункер“ appeared first on Република.

]]>
Ден на бесплатни стрипови https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/den-na-besplatni-stripovi/ Sat, 07 Oct 2023 07:48:38 +0000 https://republika.mk/?p=688822

Стрип книжарницата „Бункер“ денеска го организира 3. „Ден на бесплатни стрипови“. Во рамки на настанот бесплатно ќе бидат поделени околу 700 стрипови, а целта е промовирање и ширење на стрип-културата.

Во понудата е широк спектар на изданија наменети за различни возрасни групи.

Стриповите ќе бидат делени по принципот „прв дојден, прв услужен“, секој посетител ќе има право да земе најмногу два стрипа од претходно направената листа. Покрај бесплатните стрипови стрип, „Бункер“ ќе понуди и 30 отсто попуст на целокупниот асортиман.

Бројката расте, бидејќи во акцијата се вклучуваат и голем број домашни издавачи и поединци. Настанот ќе трае до 15 часот или додека не се потрошат количествата. Во соработка со „Светот на Биби“, еден дел од стриповите ќе бидат подарувани и во нивната продавница во Битола, со што настанот добива регионален карактер, информираат од „Бункер“.

„Денот на бесплатни стрипови“ е најмасовниот настан во светот на стрипот - ден во годината кога во специјализираните книжарници за стрипови на посетителите им се делат бесплатни примероци. Манифестацијата прв пат се одржа во САД во 2002, а потоа се прошири и во многу други земји. Во првите шест години поделени се повеќе од 12 милиони бесплатни стрипови во над 30 земји.

The post Ден на бесплатни стрипови appeared first on Република.

]]>

Стрип книжарницата „Бункер“ денеска го организира 3. „Ден на бесплатни стрипови“. Во рамки на настанот бесплатно ќе бидат поделени околу 700 стрипови, а целта е промовирање и ширење на стрип-културата. Во понудата е широк спектар на изданија наменети за различни возрасни групи. Стриповите ќе бидат делени по принципот „прв дојден, прв услужен“, секој посетител ќе има право да земе најмногу два стрипа од претходно направената листа. Покрај бесплатните стрипови стрип, „Бункер“ ќе понуди и 30 отсто попуст на целокупниот асортиман.
Бројката расте, бидејќи во акцијата се вклучуваат и голем број домашни издавачи и поединци. Настанот ќе трае до 15 часот или додека не се потрошат количествата. Во соработка со „Светот на Биби“, еден дел од стриповите ќе бидат подарувани и во нивната продавница во Битола, со што настанот добива регионален карактер, информираат од „Бункер“.
„Денот на бесплатни стрипови“ е најмасовниот настан во светот на стрипот - ден во годината кога во специјализираните книжарници за стрипови на посетителите им се делат бесплатни примероци. Манифестацијата прв пат се одржа во САД во 2002, а потоа се прошири и во многу други земји. Во првите шест години поделени се повеќе од 12 милиони бесплатни стрипови во над 30 земји.

The post Ден на бесплатни стрипови appeared first on Република.

]]>
Во сабота во книжарницата „Бункер“ во Скопје бесплатно ќе се делат стрипови https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-sabota-vo-knizharnitsata-bunker-vo-skopje-besplatno-ke-se-delat-stripovi/ Fri, 06 Oct 2023 07:55:31 +0000 https://republika.mk/?p=688426

Утре по третпат стрип книжарницата „Бункер“  ќе организира Ден на бесплатни стрипови.

Настанот ќе трае од 10 до 15 часот, односно додека не се потрошат количествата. Стриповите ќе се делат по принципот „прв дојден, прв услужен“ и секој посетител ќе има право да земе најмногу два стрипа од претходно направената листа. Покрај бесплатните стрипови, „Бункер“ ќе понуди и 30% попуст на целокупниот асортиман.

Ова е најмасовниот настан во светот на стрипот, кога во специјализираните книжарници се делат бесплатни примероци. Манифестацијата првпат се одржа во САД во 2002 и потоа се прошири во многу други земји. Целта е промовирање и ширење на стрип културата.

Оваа година обезбедивме околу 700 стрипови кои ќе бидат поделени бесплатно. Во понудата е широк спектар на изданија наменети за различни возрасни групи. Во акцијата се вклучуваат и голем број домашни издавачи и поединци“, велат од „Бункер“.

 

The post Во сабота во книжарницата „Бункер“ во Скопје бесплатно ќе се делат стрипови appeared first on Република.

]]>

Утре по третпат стрип книжарницата „Бункер“  ќе организира Ден на бесплатни стрипови. Настанот ќе трае од 10 до 15 часот, односно додека не се потрошат количествата. Стриповите ќе се делат по принципот „прв дојден, прв услужен“ и секој посетител ќе има право да земе најмногу два стрипа од претходно направената листа. Покрај бесплатните стрипови, „Бункер“ ќе понуди и 30% попуст на целокупниот асортиман. Ова е најмасовниот настан во светот на стрипот, кога во специјализираните книжарници се делат бесплатни примероци. Манифестацијата првпат се одржа во САД во 2002 и потоа се прошири во многу други земји. Целта е промовирање и ширење на стрип културата.
Оваа година обезбедивме околу 700 стрипови кои ќе бидат поделени бесплатно. Во понудата е широк спектар на изданија наменети за различни возрасни групи. Во акцијата се вклучуваат и голем број домашни издавачи и поединци“, велат од „Бункер“.
 

The post Во сабота во книжарницата „Бункер“ во Скопје бесплатно ќе се делат стрипови appeared first on Република.

]]>
Кремљ гради луксузен бункер во Москва наменет за руската елита https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kreml-gradi-luksuzen-bunker-vo-moskva-namenet-za-ruskata-elita/ Mon, 05 Jun 2023 11:17:55 +0000 https://republika.mk/?p=648007

Кремљ планира да изгради бункер под ВИП болницата во Москва за да ја заштити руската елита од напади со украински беспилотни летала и ракети, пишува Телеграф. Плановите за изградба на бункер од 800 лица со системи за ладење филтрирање на воздухот беа откриени по нападот на украински беспилотно летало врз луксузното предградие на Москва.

Бункерот ќе има можност да го исчисти воздухот од „хемиско оружје за масовно уништување“. Исто така, во бункерот ќе може да се „вршат медицински зафати во воени услови“, пишуваат медиумите за тендерската документација.

Додека Кремљ брзо ги објави плановите за бункер под ексклузивната Централна клиничка болница, некои московјани ги критикуваа функционерите дека не успеале да ги заштитат обичните луѓе. Најмалку три беспилотни летала ги избегнаа системите за воздушна одбрана околу Москва во вторникот, а потоа се урнаа во Рубиловка, луксузно станбено предградие во кое живеат многу руски богаташи.

„Каде ќе бегаме?“
Една од резиденциите на Владимир Путин се наоѓа во близина на Рубиловка, а аналитичарите велат дека можеби таа била цел на мета. Никој не е повреден, но оштетувањата на „елитните“ станбени згради вознемириле некои локални жители и сликите на руски офицери на ФСБ како ги полеваат јагленосаните останки на украинските беспилотни летала на улица во Москва ги вознемирија граѓаните.

„Каде ќе бегаме? Каде е бункерот? напиша една жена на мрежата Телеграм по првата експлозија што одекна низ главниот град на Русија. Спротивно на тоа, луѓето кои живеат во Киев веќе развија заеднички план за справување со напади со беспилотни летала и ракети. Тие ги исмеваа московјаните што конечно накратко го доживеаја она што мораа да го издржат во последните 15 месеци.

Руски милионери почнаа да градат приватни засолништа
Москва има длабок систем на метро дизајниран од советски инженери за да издржи нуклеарен напад. Најдлабоката подземна станица е Парк Победа, која е 83 метри под земја, што е три пати поголема од длабочината на просечната лондонска метро станица. Главоболка за многу московјани е фактот што метро станиците се ретко распоредени.

Руските медиуми веќе објавија дека цените за изнајмување на станови во близина на метро станиците веќе се зголемени. Некои руски милионери почнаа да градат приватни засолништа за воздушни напади. Никита Малежик, основач на BunkerHouse, беше цитиран од руските медиуми во ноември дека побарувачката за засолништа направени по нарачка скокнала за 430 отсто откако Владимир Путин ја нареди првата руска мобилизација по Втората светска војна.

На својата веб-страница, BunkerHouse наведува дека може да изгради приватно засолниште во Москва во рок од 21 ден од добивањето на нарачката. „Опремете го вашето безбедно засолниште, на само 10 метри од вас. Веќе нема да се плашите дека ќе задоцните и ќе имате време да земете сè што ви треба, мирно и без брзање“, стои во описот на фотографиите од засолништата опремени со винарски визби, луксузни кујни и домашни кина.

Фото илустрација: ЕПА

 

The post Кремљ гради луксузен бункер во Москва наменет за руската елита appeared first on Република.

]]>

Кремљ планира да изгради бункер под ВИП болницата во Москва за да ја заштити руската елита од напади со украински беспилотни летала и ракети, пишува Телеграф. Плановите за изградба на бункер од 800 лица со системи за ладење филтрирање на воздухот беа откриени по нападот на украински беспилотно летало врз луксузното предградие на Москва. Бункерот ќе има можност да го исчисти воздухот од „хемиско оружје за масовно уништување“. Исто така, во бункерот ќе може да се „вршат медицински зафати во воени услови“, пишуваат медиумите за тендерската документација. Додека Кремљ брзо ги објави плановите за бункер под ексклузивната Централна клиничка болница, некои московјани ги критикуваа функционерите дека не успеале да ги заштитат обичните луѓе. Најмалку три беспилотни летала ги избегнаа системите за воздушна одбрана околу Москва во вторникот, а потоа се урнаа во Рубиловка, луксузно станбено предградие во кое живеат многу руски богаташи. „Каде ќе бегаме?“ Една од резиденциите на Владимир Путин се наоѓа во близина на Рубиловка, а аналитичарите велат дека можеби таа била цел на мета. Никој не е повреден, но оштетувањата на „елитните“ станбени згради вознемириле некои локални жители и сликите на руски офицери на ФСБ како ги полеваат јагленосаните останки на украинските беспилотни летала на улица во Москва ги вознемирија граѓаните. „Каде ќе бегаме? Каде е бункерот? напиша една жена на мрежата Телеграм по првата експлозија што одекна низ главниот град на Русија. Спротивно на тоа, луѓето кои живеат во Киев веќе развија заеднички план за справување со напади со беспилотни летала и ракети. Тие ги исмеваа московјаните што конечно накратко го доживеаја она што мораа да го издржат во последните 15 месеци. Руски милионери почнаа да градат приватни засолништа Москва има длабок систем на метро дизајниран од советски инженери за да издржи нуклеарен напад. Најдлабоката подземна станица е Парк Победа, која е 83 метри под земја, што е три пати поголема од длабочината на просечната лондонска метро станица. Главоболка за многу московјани е фактот што метро станиците се ретко распоредени. Руските медиуми веќе објавија дека цените за изнајмување на станови во близина на метро станиците веќе се зголемени. Некои руски милионери почнаа да градат приватни засолништа за воздушни напади. Никита Малежик, основач на BunkerHouse, беше цитиран од руските медиуми во ноември дека побарувачката за засолништа направени по нарачка скокнала за 430 отсто откако Владимир Путин ја нареди првата руска мобилизација по Втората светска војна. На својата веб-страница, BunkerHouse наведува дека може да изгради приватно засолниште во Москва во рок од 21 ден од добивањето на нарачката. „Опремете го вашето безбедно засолниште, на само 10 метри од вас. Веќе нема да се плашите дека ќе задоцните и ќе имате време да земете сè што ви треба, мирно и без брзање“, стои во описот на фотографиите од засолништата опремени со винарски визби, луксузни кујни и домашни кина. Фото илустрација: ЕПА  

The post Кремљ гради луксузен бункер во Москва наменет за руската елита appeared first on Република.

]]>
Само денес – бесплатни стрипови во Скопје и во Битола https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/samo-denes-besplatni-stripovi-vo-skopje-i-vo-bitola/ Sat, 26 Nov 2022 07:29:52 +0000 https://republika.mk/?p=578415

Повеќе од 500 стрипови денеска, од 10:00 до 15:00 часот, бесплатно ќе бидат поделени во стрип-книжарницата „Бункер“ во рамки на „Ден на бесплатни стрипови“.

По 2017 година, стрип книжарницата „Бункер“ повторно организира „Ден на бесплатни стрипови“.

Се работи за манифестација која првпат се одржа во Соединетите Американски Држави во 2002 година, а потоа се прошири и во многу други земји. Во првите шест години поделени се повеќе од 12 милиони бесплатни стрипови во над 30 земји. Целта е промовирање и ширење на стрип-културата.

Во „Ден на бесплатни стрипови“ се вклучуваат и голем број на домашни издавачи и поединци. Стриповите ќе бидат делени по принципот „прв дојден, прв услужен“. Секој посетител ќе има право да земе најмногу два стрипа од претходно направената листа.

Покрај бесплатните стрипови, стрип-книжарницата „Бункер“ ќе понуди и 30 отсто попуст на целокупниот асортиман.

Новина е и што годинава во соработка со „Светот на Биби“ еден дел од стриповите ќе бидат подарувани и во нивната продавница во Битола, со што настанот добива регионален карактер.

The post Само денес – бесплатни стрипови во Скопје и во Битола appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 500 стрипови денеска, од 10:00 до 15:00 часот, бесплатно ќе бидат поделени во стрип-книжарницата „Бункер“ во рамки на „Ден на бесплатни стрипови“. По 2017 година, стрип книжарницата „Бункер“ повторно организира „Ден на бесплатни стрипови“. Се работи за манифестација која првпат се одржа во Соединетите Американски Држави во 2002 година, а потоа се прошири и во многу други земји. Во првите шест години поделени се повеќе од 12 милиони бесплатни стрипови во над 30 земји. Целта е промовирање и ширење на стрип-културата. Во „Ден на бесплатни стрипови“ се вклучуваат и голем број на домашни издавачи и поединци. Стриповите ќе бидат делени по принципот „прв дојден, прв услужен“. Секој посетител ќе има право да земе најмногу два стрипа од претходно направената листа. Покрај бесплатните стрипови, стрип-книжарницата „Бункер“ ќе понуди и 30 отсто попуст на целокупниот асортиман. Новина е и што годинава во соработка со „Светот на Биби“ еден дел од стриповите ќе бидат подарувани и во нивната продавница во Битола, со што настанот добива регионален карактер.

The post Само денес – бесплатни стрипови во Скопје и во Битола appeared first on Република.

]]>
Kнижарницата „Бункер“ повторно организира „Ден на бесплатни стрипови“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/knizarnicata-bunker-povtorno-organizira-den-na-besplatni-stripovi/ Thu, 24 Nov 2022 14:56:10 +0000 https://republika.mk/?p=577905

По 2017 год. стрип книжарницата „Бункер“ повторно организира „Ден на бесплатни стрипови“.
Се работи за манифестација која за првпат се одржа во Соединетите Американски Држави во 2002, а потоа се прошири и во многу други земји. Во првите 6 години поделени се повеќе од 12 милиони бесплатни стрипови во над 30 земји. Целта е промовирање и ширење на стрип-културата.

Оваа година обезбедивме 500 стрипови кои ќе бидат поделени бесплатно, а бројката расте бидејќи во акцијата се вклучуваат и голем број на домашни издавачи и поединци. Настанот е закажан за сабота, 26.11.2022 во стрип книжарницата „Бункер“  со почеток во 10 часот и ќе трае до 15 часот или додека не се потрошат количествата. Стриповите ќе бидат делени по принципот „прв дојден, прв услужен“, секој посетител ќе има право да земе најмногу два стрипа од претходно направената листа. Покрај бесплатните стрипови стрип книжарницата Бункер ќе понуди и 30% попуст на целокупниот асортиман.
Исто така, новина е и што годинава во соработка со „Светот на Биби“ еден дел од стриповите ќе бидат подарувани и во нивната продавница во Битола, со што настанот добива регионален карактер.

The post Kнижарницата „Бункер“ повторно организира „Ден на бесплатни стрипови“ appeared first on Република.

]]>

По 2017 год. стрип книжарницата „Бункер“ повторно организира „Ден на бесплатни стрипови“. Се работи за манифестација која за првпат се одржа во Соединетите Американски Држави во 2002, а потоа се прошири и во многу други земји. Во првите 6 години поделени се повеќе од 12 милиони бесплатни стрипови во над 30 земји. Целта е промовирање и ширење на стрип-културата. Оваа година обезбедивме 500 стрипови кои ќе бидат поделени бесплатно, а бројката расте бидејќи во акцијата се вклучуваат и голем број на домашни издавачи и поединци. Настанот е закажан за сабота, 26.11.2022 во стрип книжарницата „Бункер“  со почеток во 10 часот и ќе трае до 15 часот или додека не се потрошат количествата. Стриповите ќе бидат делени по принципот „прв дојден, прв услужен“, секој посетител ќе има право да земе најмногу два стрипа од претходно направената листа. Покрај бесплатните стрипови стрип книжарницата Бункер ќе понуди и 30% попуст на целокупниот асортиман. Исто така, новина е и што годинава во соработка со „Светот на Биби“ еден дел од стриповите ќе бидат подарувани и во нивната продавница во Битола, со што настанот добива регионален карактер.

The post Kнижарницата „Бункер“ повторно организира „Ден на бесплатни стрипови“ appeared first on Република.

]]>
Валкани тунели, нефункционални аларми – како изгледаат бункерите за евакуација во Македонија? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/valkani-tuneli-nefunkcionalni-alarmi-kako-izgledaat-bunkerite-za-evakuacija-vo-makedonija/ Tue, 24 May 2022 10:15:37 +0000 https://republika.mk/?p=506174

Засолништата за евакуација во Македонија имаат капацитет за 18% од населението, а системот за алармирање е нефункционален, со застарен и неефикасен начин на командување, анализира „Види вака“.

Доколку се случува поголема опасност, 200-те сирени низ државата нема да бидат вклучени, алармира медиумот, кој ѕирна во македонските бункери.

The post Валкани тунели, нефункционални аларми – како изгледаат бункерите за евакуација во Македонија? appeared first on Република.

]]>

Засолништата за евакуација во Македонија имаат капацитет за 18% од населението, а системот за алармирање е нефункционален, со застарен и неефикасен начин на командување, анализира „Види вака“. Доколку се случува поголема опасност, 200-те сирени низ државата нема да бидат вклучени, алармира медиумот, кој ѕирна во македонските бункери.

The post Валкани тунели, нефункционални аларми – како изгледаат бункерите за евакуација во Македонија? appeared first on Република.

]]>
„Бункер“ го издаде графичкиот роман „Вавилон Берлин“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bunker-go-izdade-grafichkiot-roman-vavilon-berlin/ Mon, 17 Jan 2022 07:40:15 +0000 https://republika.mk/?p=445546

Издавачот „Бункер“, во рамките на едицијата „Апслоутни почетници“, го издаде својот петти графички роман „Вавилон Берлин“.

Се работи за дело според романот на Фолкер Кучер по кој е снимена истоимената телевизиска хит серија - најскапа од неанглиско говорно подрачје! Приказната во стрипот се случува во Берлин во 1929 година, време на политички превирања, улични борби, илегални ноќни клубови... Кога младиот и амбициозен инспектор Рат, на своја рака, започнува истрага на убиство, наидува на отпор од сите страни. Наскоро, тој ќе биде вовлечен во мрежа на измама, корупција и потрага по руско злато.

Авторот Арне Јиш не само што го адаптира култниот криминалистички роман на Фолкер Кучер туку и прецизно ги отсликува гламурот на модерниот велеград и општествените и политичките напнатости во Вајмарската република. Интересно е и да се напомене дека тој во делото гради сопствен заплет кој се разликува од оној во серијата. На крајот, тој му благодари на Фолкер Кучер што без негодување ги прифатил промените во неговата приказна.

Објавувањето на графичкиот роман Вавилон Берлин на македонски јазик го поддржаа Министерството за култура и Град Скопје.

Издавачот Бункер веќе 10 години ја поседува првата специјализирана книжарница за стрипови кај нас.

 

The post „Бункер“ го издаде графичкиот роман „Вавилон Берлин“ appeared first on Република.

]]>

Издавачот „Бункер“, во рамките на едицијата „Апслоутни почетници“, го издаде својот петти графички роман „Вавилон Берлин“. Се работи за дело според романот на Фолкер Кучер по кој е снимена истоимената телевизиска хит серија - најскапа од неанглиско говорно подрачје! Приказната во стрипот се случува во Берлин во 1929 година, време на политички превирања, улични борби, илегални ноќни клубови... Кога младиот и амбициозен инспектор Рат, на своја рака, започнува истрага на убиство, наидува на отпор од сите страни. Наскоро, тој ќе биде вовлечен во мрежа на измама, корупција и потрага по руско злато. Авторот Арне Јиш не само што го адаптира култниот криминалистички роман на Фолкер Кучер туку и прецизно ги отсликува гламурот на модерниот велеград и општествените и политичките напнатости во Вајмарската република. Интересно е и да се напомене дека тој во делото гради сопствен заплет кој се разликува од оној во серијата. На крајот, тој му благодари на Фолкер Кучер што без негодување ги прифатил промените во неговата приказна. Објавувањето на графичкиот роман Вавилон Берлин на македонски јазик го поддржаа Министерството за култура и Град Скопје. Издавачот Бункер веќе 10 години ја поседува првата специјализирана книжарница за стрипови кај нас.  

The post „Бункер“ го издаде графичкиот роман „Вавилон Берлин“ appeared first on Република.

]]>