Бундестаг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bundestag/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Mar 2024 10:58:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бундестаг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bundestag/ 32 32 Кремљ: Бундесверот размислува за напади врз Русија, дали Шолц ја контролира ситуацијата? https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kreml-bundesverot-razmisluva-za-napadi-vrz-rusija-dali-sholts-ja-kontrolira-situatsijata/ Mon, 04 Mar 2024 10:58:26 +0000 https://republika.mk/?p=751010

Кремљ соопшти дека снимката на којашто високи офицери на германската армија разгледуваат испораки на ракети со долг дострел на Киев и помош во обуката и планирањето воздушни напади со нив на украинската војска врз руски цели, покренува прашања за тоа дали канцеларот Олаф Шолц ги држи работите под контрола.

Минатата седмица руските медиуми објавија аудио-снимка, чијашто автентичност е потврдена од германската армија, од конференциски разговор високи германски воени претставници на кој се разговара за испорака на ракетите „Taurus“, со дострел од околу 500 километри, на Украина и за потенцијален напад од Киев на Кримскиот мост, што ги натера руските власти да побараат објаснување.

Самата снимка покажува дека Бундесверот конкретно разговара за плановите за воздушни напади на руска територија. Тоа не бара никакво правно толкување. Сè е повеќе од очигледно, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Германија објави дека ја истражува снимката, а Русија го повика на разговор германскиот амбасадор.

Тука треба да откриеме дали Бундесверот го прави ова самоиницијативно. Тогаш се поставува прашањето колку Бундесверот е под контрола, а колку Шолц ја има ситуацијата под контрола? Или тоа е дел од политиката на германската влада?, продолжи Песков.

Двете сценарија се многу лоши. И двете повторно го нагласуваат директното вклучување на државите од колективниот Запад во конфликтот околу Украина, додаде портпаролот на рускиот претседател.

Германија е една од членките на НАТО која ја снабдува Украина со оружје, вклучително и тенкови. Москва го обвинува колективниот Запад дека изминатата деценија ја користи Украина за прокси војна против руската држава.

The post Кремљ: Бундесверот размислува за напади врз Русија, дали Шолц ја контролира ситуацијата? appeared first on Република.

]]>

Кремљ соопшти дека снимката на којашто високи офицери на германската армија разгледуваат испораки на ракети со долг дострел на Киев и помош во обуката и планирањето воздушни напади со нив на украинската војска врз руски цели, покренува прашања за тоа дали канцеларот Олаф Шолц ги држи работите под контрола. Минатата седмица руските медиуми објавија аудио-снимка, чијашто автентичност е потврдена од германската армија, од конференциски разговор високи германски воени претставници на кој се разговара за испорака на ракетите „Taurus“, со дострел од околу 500 километри, на Украина и за потенцијален напад од Киев на Кримскиот мост, што ги натера руските власти да побараат објаснување. Самата снимка покажува дека Бундесверот конкретно разговара за плановите за воздушни напади на руска територија. Тоа не бара никакво правно толкување. Сè е повеќе од очигледно, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Германија објави дека ја истражува снимката, а Русија го повика на разговор германскиот амбасадор. Тука треба да откриеме дали Бундесверот го прави ова самоиницијативно. Тогаш се поставува прашањето колку Бундесверот е под контрола, а колку Шолц ја има ситуацијата под контрола? Или тоа е дел од политиката на германската влада?, продолжи Песков. Двете сценарија се многу лоши. И двете повторно го нагласуваат директното вклучување на државите од колективниот Запад во конфликтот околу Украина, додаде портпаролот на рускиот претседател. Германија е една од членките на НАТО која ја снабдува Украина со оружје, вклучително и тенкови. Москва го обвинува колективниот Запад дека изминатата деценија ја користи Украина за прокси војна против руската држава.

The post Кремљ: Бундесверот размислува за напади врз Русија, дали Шолц ја контролира ситуацијата? appeared first on Република.

]]>
Бундестагот го одби барањето за испорака на крстосувачки ракети „Таурус“ во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bundestagot-go-odbi-baraneto-za-isporaka-na-krstosuvachki-raketi-taurus-vo-ukraina/ Thu, 22 Feb 2024 13:44:04 +0000 https://republika.mk/?p=747037

Германскиот Парламент Бундестагот денеска со мнозинство гласови на владејачката социјалдемократско-зелено-либерална коалиција го отфрли барањето на опозициските демохристијани за испорака на крстосувачки ракети „Таурус“ во Украина.

Опозициската Христијанско-демократска унија ЦДУ/ЦСУ поднесе барање во Бундестагот за „пресврт во германската надворешна и безбедносна политика“, што ќе овозможи испорака на ракетниот систем „Таурус“ во Украина.

Претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и претставничката група на Унијата ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот, Фридрих Мерц, ги повика претставниците на партиите на владејачката коалиција на социјалдемократите, зелените и либералите (ФДП) да гласаат според нивната совест и да ја одобрат испораката на „Таурус“.

Украина и натаму не добива во целосна мерка средства што ѝ се потребни за успешно да се одбрани од руската агресорска војна - рече Мерц.

Советот за безбедност на Германија, во кое германскиот канцелар Олаф Шолц го има одлучувачкиот збор, ја отфрла испораката на германскиот ракетен систем воздух-земја за Украина.

Набљудувачите сметаат дека Шолц ја отфрла испораката на ова вооружување со оглед на тоа дека овие ракети со дострел од 500 километри би можеле да се користат и против цели длабоко на територијата на Русија и да служат за можна ескалација на конфликтот.

The post Бундестагот го одби барањето за испорака на крстосувачки ракети „Таурус“ во Украина appeared first on Република.

]]>

Германскиот Парламент Бундестагот денеска со мнозинство гласови на владејачката социјалдемократско-зелено-либерална коалиција го отфрли барањето на опозициските демохристијани за испорака на крстосувачки ракети „Таурус“ во Украина. Опозициската Христијанско-демократска унија ЦДУ/ЦСУ поднесе барање во Бундестагот за „пресврт во германската надворешна и безбедносна политика“, што ќе овозможи испорака на ракетниот систем „Таурус“ во Украина. Претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и претставничката група на Унијата ЦДУ/ЦСУ во Бундестагот, Фридрих Мерц, ги повика претставниците на партиите на владејачката коалиција на социјалдемократите, зелените и либералите (ФДП) да гласаат според нивната совест и да ја одобрат испораката на „Таурус“.
Украина и натаму не добива во целосна мерка средства што ѝ се потребни за успешно да се одбрани од руската агресорска војна - рече Мерц.
Советот за безбедност на Германија, во кое германскиот канцелар Олаф Шолц го има одлучувачкиот збор, ја отфрла испораката на германскиот ракетен систем воздух-земја за Украина. Набљудувачите сметаат дека Шолц ја отфрла испораката на ова вооружување со оглед на тоа дека овие ракети со дострел од 500 километри би можеле да се користат и против цели длабоко на територијата на Русија и да служат за можна ескалација на конфликтот.

The post Бундестагот го одби барањето за испорака на крстосувачки ракети „Таурус“ во Украина appeared first on Република.

]]>
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се сретна со германскиот пратеник од ЦДУ во германскиот Бундестаг https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-se-sretna-so-germanskiot-pratenik-od-tsdu-vo-germanskiot-bundestag/ Tue, 20 Jun 2023 15:20:42 +0000 https://republika.mk/?p=653456

Пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук информира за средбата со германскиот пратеник Петер Бајер од ЦДУ во германскиот Бундестаг.

📌 Продуктивна средба со германскиот пратеник Peter Beyer (ЦДУ) во германскиот Бундестаг, корисни разговори за билатералната соработка и за заедничките интереси на Македонија и Германија 🇩🇪🇲🇰 , во рамките на новите безбедносни и политички случувања во Европа!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

The post Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се сретна со германскиот пратеник од ЦДУ во германскиот Бундестаг appeared first on Република.

]]>

Пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук информира за средбата со германскиот пратеник Петер Бајер од ЦДУ во германскиот Бундестаг.
📌 Продуктивна средба со германскиот пратеник Peter Beyer (ЦДУ) во германскиот Бундестаг, корисни разговори за билатералната соработка и за заедничките интереси на Македонија и Германија 🇩🇪🇲🇰 , во рамките на новите безбедносни и политички случувања во Европа!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

The post Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се сретна со германскиот пратеник од ЦДУ во германскиот Бундестаг appeared first on Република.

]]>
Нови правила во Бундестагот: На лето ладење само до 28, на зима топлење само до 20 степени https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/novi-pravila-vo-bundestagot-na-leto-ladenje-samo-do-28-na-zima-toplenje-samo-do-20-stepeni/ Sun, 10 Jul 2022 16:25:24 +0000 https://republika.mk/?p=526594

Германскиот сојузен Парламент и парламентите на сојузните покраини во согласност со мерките за штедење ги намалија температурите на ладење и греење.

Одборот за општи работи на Бундестагот на крајот на неделата одлучи сите простории на сојузниот Парламент во текот на летото да се ладат од 26 до 28 степени, а не како досега 24 степени Целзиусови. Исто така е предвидено во зима да се загреваат на 20, а не на 22 степени.

Во документот наречен „Заштеда на енергија во зградите на Бундестагот“ се наведува дека со мерките би можело да заштеди пет отсто од енергијата. Планирано е и исклучување на проточните бојлерите во повеќе од 1.800 канцеларии и „поштедлив однос кон осветлувањето“.

Слични мерки најавија и другите парламенти на 16. сојузни покраини во Германија. Во сојузната покраина Порајње-Фалачка ова лето просториите наместо на 21 степен се ладат на 24 степени, а во зима ќе се греат на 20 степени наместо досегашните 22 степени.

Во сојузната покраина Баден-Виртемберг греењето во зима беше само на 20 степени, а сега се планира да се спушти температурата на 18. Клима уредите се поставени на 26 степени.

Германската влада неодамна ги повика граѓаните да штедат поради претстојниот недостиг на гас, што Германија досега главно го увезуваше од Русија

The post Нови правила во Бундестагот: На лето ладење само до 28, на зима топлење само до 20 степени appeared first on Република.

]]>

Германскиот сојузен Парламент и парламентите на сојузните покраини во согласност со мерките за штедење ги намалија температурите на ладење и греење. Одборот за општи работи на Бундестагот на крајот на неделата одлучи сите простории на сојузниот Парламент во текот на летото да се ладат од 26 до 28 степени, а не како досега 24 степени Целзиусови. Исто така е предвидено во зима да се загреваат на 20, а не на 22 степени. Во документот наречен „Заштеда на енергија во зградите на Бундестагот“ се наведува дека со мерките би можело да заштеди пет отсто од енергијата. Планирано е и исклучување на проточните бојлерите во повеќе од 1.800 канцеларии и „поштедлив однос кон осветлувањето“. Слични мерки најавија и другите парламенти на 16. сојузни покраини во Германија. Во сојузната покраина Порајње-Фалачка ова лето просториите наместо на 21 степен се ладат на 24 степени, а во зима ќе се греат на 20 степени наместо досегашните 22 степени. Во сојузната покраина Баден-Виртемберг греењето во зима беше само на 20 степени, а сега се планира да се спушти температурата на 18. Клима уредите се поставени на 26 степени. Германската влада неодамна ги повика граѓаните да штедат поради претстојниот недостиг на гас, што Германија досега главно го увезуваше од Русија

The post Нови правила во Бундестагот: На лето ладење само до 28, на зима топлење само до 20 степени appeared first on Република.

]]>
Џафери и собраниска делегација во посета на германскиот Бундестаг https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dzaferi-i-sobraniska-delegacija-vo-poseta-na-germanskiot-bundestag/ Tue, 17 May 2022 17:58:02 +0000 https://republika.mk/?p=503458

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, и делегацијата во чиј состав се координатори на пратеничките групи, оствари средба со претседателката на германскиот Бундестаг, Бербел Бас. На средбата Претседателот Џафери се заблагодари за постојаната и континуирана поддршка на Бундестагот во последните пет години преку споделување на искуствата во сферите во кои што беа потребни реформи во насока на осaмoстојување на законодавната власт во Македонија.

Бас го поздрави усвојувањето на Декларацијата за Украина и приклучувањето на Македонија на санкциите против Руската Федерација иако не е членка на ЕУ, чекор со кој повторно се покажува зрелоста на државата и нејзијана јасна определба за членство во Унијата. Во овој контекст Џафери искажа увереност дека државата ќе добие датум за отворање на пристапни преговори со Унијата на Самитот во јуни. Претседателката Бас одговори дека и на лично и на институционално ниво ќе стори сѐ за да се реализира оваа заложба и се осврна на билатералното прашање со Бугарија, искористувајќи ја директната средба за да постави конкретни прашања во врска со билатералниот спор.

Претседателот Џафери информираше за повеќе аспекти на наметнатиот билатерален спор од страна на Бугарија и покрај потпишаниот Договор за добрососедство, и нагласи дека недозволиво е за една држава да влијае или да му укаже на друг народ какво лично, национално или јазично чувство треба да има, затоа што ваквото чувство не е предмет на договор; дополнително, никој не успеал да ја поправи или смени историјата, но многумина успеале да се надминат себеси и да се свртат кон иднината.

Посетата е во рамките на програмата за парламентарна поддршка на Собранието финансирана од швајцарската амбасада и имплементирана од НДИ, а со цел продолжување на процесот за осамостојување на собраниското обезбедување.

 

The post Џафери и собраниска делегација во посета на германскиот Бундестаг appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, и делегацијата во чиј состав се координатори на пратеничките групи, оствари средба со претседателката на германскиот Бундестаг, Бербел Бас. На средбата Претседателот Џафери се заблагодари за постојаната и континуирана поддршка на Бундестагот во последните пет години преку споделување на искуствата во сферите во кои што беа потребни реформи во насока на осaмoстојување на законодавната власт во Македонија. Бас го поздрави усвојувањето на Декларацијата за Украина и приклучувањето на Македонија на санкциите против Руската Федерација иако не е членка на ЕУ, чекор со кој повторно се покажува зрелоста на државата и нејзијана јасна определба за членство во Унијата. Во овој контекст Џафери искажа увереност дека државата ќе добие датум за отворање на пристапни преговори со Унијата на Самитот во јуни. Претседателката Бас одговори дека и на лично и на институционално ниво ќе стори сѐ за да се реализира оваа заложба и се осврна на билатералното прашање со Бугарија, искористувајќи ја директната средба за да постави конкретни прашања во врска со билатералниот спор. Претседателот Џафери информираше за повеќе аспекти на наметнатиот билатерален спор од страна на Бугарија и покрај потпишаниот Договор за добрососедство, и нагласи дека недозволиво е за една држава да влијае или да му укаже на друг народ какво лично, национално или јазично чувство треба да има, затоа што ваквото чувство не е предмет на договор; дополнително, никој не успеал да ја поправи или смени историјата, но многумина успеале да се надминат себеси и да се свртат кон иднината. Посетата е во рамките на програмата за парламентарна поддршка на Собранието финансирана од швајцарската амбасада и имплементирана од НДИ, а со цел продолжување на процесот за осамостојување на собраниското обезбедување.  

The post Џафери и собраниска делегација во посета на германскиот Бундестаг appeared first on Република.

]]>
Петр Бистрон, шеф на надворешнополитичката комисија од АфД во германскиот Бундестаг: Аплаудиравме кога го отцепија Косово од Србија, сега немаме право да морализираме https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/petr-bistron-shef-na-nadvoreshnopolitichkata-komisija-od-afd-vo-germanskiot-bundestag-aplaudiravme-koga-go-otcepija-kosovo-od-srbija-sega-nemame-pravo-da-moralizirame/ Mon, 28 Feb 2022 13:31:37 +0000 https://republika.mk/?p=465327

Шефот на надворешнополитичката комисија од АфД во германскиот Бундестаг, Петр Бистрон, изјави дека Германија нема морална основа да го критикува прекршувањето на меѓународното право, бидејќи истото го направила и за прашањето за Косово.

Во изјавата за новинарите, Бистрон рече дека постои консензус на сите страни во Бундестагот дека тоа што го прави Русија е кршење на меѓународното право.

Ние од АфД сме на став дека некој може да биде критикуван за непочитување на правилата само ако самиот се придржува до правилата. Ние сме дел од Западот, кој аплаудираше или учествуваше во аплаузот, односно што продуцираше отцепување на Косово од една постоечка држава – Србија. Затоа ни недостасува морална основа да ја критикуваме Русија за истото прекршување – објасни Бистрон.

The post Петр Бистрон, шеф на надворешнополитичката комисија од АфД во германскиот Бундестаг: Аплаудиравме кога го отцепија Косово од Србија, сега немаме право да морализираме appeared first on Република.

]]>

Шефот на надворешнополитичката комисија од АфД во германскиот Бундестаг, Петр Бистрон, изјави дека Германија нема морална основа да го критикува прекршувањето на меѓународното право, бидејќи истото го направила и за прашањето за Косово. Во изјавата за новинарите, Бистрон рече дека постои консензус на сите страни во Бундестагот дека тоа што го прави Русија е кршење на меѓународното право.
Ние од АфД сме на став дека некој може да биде критикуван за непочитување на правилата само ако самиот се придржува до правилата. Ние сме дел од Западот, кој аплаудираше или учествуваше во аплаузот, односно што продуцираше отцепување на Косово од една постоечка држава – Србија. Затоа ни недостасува морална основа да ја критикуваме Русија за истото прекршување – објасни Бистрон.

The post Петр Бистрон, шеф на надворешнополитичката комисија од АфД во германскиот Бундестаг: Аплаудиравме кога го отцепија Косово од Србија, сега немаме право да морализираме appeared first on Република.

]]>
Известителот за Балканот во Бундестагот: Преговорите за изборниот закон се најважни за БиХ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/izvestitelot-za-balkanot-vo-bundestagot-pregovorite-za-izborniot-zakon-se-najvazni-za-bih/ Sun, 30 Jan 2022 11:31:34 +0000 https://republika.mk/?p=451512

Известителот за Балканот во германскиот Бундестаг, Ади Ахметовиќ нагласи дека сеопфатната реформа на изборниот закон во БиХ претставува значаен чекор кон политичка стабилизација и зајакнување на плуралистичкото демократско граѓанско општество во земјата. Според него, почнатите преговори треба да придонесат за зајакнување на изборниот процес и елиминирање на дискриминацијата.

Ахметовиќ во изјавата нагласува дека поради тоа преговорите за реформа на изборниот закон мора да доведат до неопходните реформи за зајакнување на изборниот процес и елиминирање на постоечката дискриминација.

Најважната политичка цел мора да биде надминување на етничките поделби во земјата - изјави Ахметовиќ.

Тој нагласува дека принципот на „легитимно политичко претставување“, од друга страна, само ќе придонесе за продлабочување на поделбите и ќе го отежне одлучувањето. Ахметовиќ предупредува дека преговорите за реформа на изборниот закон не смеат да доведат до одложување на октомвриските избори.

Одржувањето избори во октомври треба да биде главен приоритет. Тие мора да бидат фер, транспарентни и без манипулации. Доколку преговорите за реформа на изборниот закон не донесат резултати пред избори, тогаш веднаш по изборите треба да се почне нов обид - смета пратеникот во Бундестагот.

The post Известителот за Балканот во Бундестагот: Преговорите за изборниот закон се најважни за БиХ appeared first on Република.

]]>

Известителот за Балканот во германскиот Бундестаг, Ади Ахметовиќ нагласи дека сеопфатната реформа на изборниот закон во БиХ претставува значаен чекор кон политичка стабилизација и зајакнување на плуралистичкото демократско граѓанско општество во земјата. Според него, почнатите преговори треба да придонесат за зајакнување на изборниот процес и елиминирање на дискриминацијата. Ахметовиќ во изјавата нагласува дека поради тоа преговорите за реформа на изборниот закон мора да доведат до неопходните реформи за зајакнување на изборниот процес и елиминирање на постоечката дискриминација.
Најважната политичка цел мора да биде надминување на етничките поделби во земјата - изјави Ахметовиќ.
Тој нагласува дека принципот на „легитимно политичко претставување“, од друга страна, само ќе придонесе за продлабочување на поделбите и ќе го отежне одлучувањето. Ахметовиќ предупредува дека преговорите за реформа на изборниот закон не смеат да доведат до одложување на октомвриските избори.
Одржувањето избори во октомври треба да биде главен приоритет. Тие мора да бидат фер, транспарентни и без манипулации. Доколку преговорите за реформа на изборниот закон не донесат резултати пред избори, тогаш веднаш по изборите треба да се почне нов обид - смета пратеникот во Бундестагот.

The post Известителот за Балканот во Бундестагот: Преговорите за изборниот закон се најважни за БиХ appeared first on Република.

]]>
На годишината на ослободувањето на Аушвиц, Бундестагот оддаде почит на жртвите на Холокаустот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-godishinata-na-osloboduvanjeto-na-aushvic-bundestagot-oddade-pochit-na-zrtvite-na-holokaustot/ Thu, 27 Jan 2022 11:59:46 +0000 https://republika.mk/?p=450232

Германскиот Бундестаг денеска им оддаде почит на жртвите на нацизмот, на годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц.

На западната фасада на Бундестагот стои пораката „#Се сеќаваме“, а денеска на седницата на Бундестагот со едноминутно молчење беше оддадена почит за жртвите на нацизмот.

Говор одржа преживеаната од Холокаустот Инге Оербахер, која на пратениците им го раскажа своето искуство откако на седумгодишна возраст била депортирана во логор во тогашна Чехословачка.

Сè уште имам многу јасни сеќавања за тоа мрачно време, време на терор и омраза. За жал, овој рак се врати и омразата кон Евреите се врати во многу земји во светот, вклучувајќи ја и Германија. Оваа болест треба да се искорени што е можно побрзо, рече Оербахер.

Оербахер, која живее во САД во последните 75 години, рече дека била најмладата од околу 1.100 луѓе во возот за Терезиенштат.

За време на обраќањето, Оербахер носеше брош со пеперутка во знак на сеќавање на околу 1,5 милиони еврејски деца кои беа убиени. Таа ги опиша ужасните услови во логорот, кој се користел како транзитен објект за оние кои биле испратени во гасните комори.

Имаше чести епидемии предизвикани од недостигот на санитарни услови и пренатрупаните услови во кои живеевме. Тифусот беше една од најлошите опасности со кои се соочувавме. Стаорци, глувци, болви, вошки и бубачки беа наши постојани придружници. Имаше и чести депортации, најмногу за Аушвиц, се сеќава Оербахер.

The post На годишината на ослободувањето на Аушвиц, Бундестагот оддаде почит на жртвите на Холокаустот appeared first on Република.

]]>

Германскиот Бундестаг денеска им оддаде почит на жртвите на нацизмот, на годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц. На западната фасада на Бундестагот стои пораката „#Се сеќаваме“, а денеска на седницата на Бундестагот со едноминутно молчење беше оддадена почит за жртвите на нацизмот. Говор одржа преживеаната од Холокаустот Инге Оербахер, која на пратениците им го раскажа своето искуство откако на седумгодишна возраст била депортирана во логор во тогашна Чехословачка.
Сè уште имам многу јасни сеќавања за тоа мрачно време, време на терор и омраза. За жал, овој рак се врати и омразата кон Евреите се врати во многу земји во светот, вклучувајќи ја и Германија. Оваа болест треба да се искорени што е можно побрзо, рече Оербахер.
Оербахер, која живее во САД во последните 75 години, рече дека била најмладата од околу 1.100 луѓе во возот за Терезиенштат. За време на обраќањето, Оербахер носеше брош со пеперутка во знак на сеќавање на околу 1,5 милиони еврејски деца кои беа убиени. Таа ги опиша ужасните услови во логорот, кој се користел како транзитен објект за оние кои биле испратени во гасните комори.
Имаше чести епидемии предизвикани од недостигот на санитарни услови и пренатрупаните услови во кои живеевме. Тифусот беше една од најлошите опасности со кои се соочувавме. Стаорци, глувци, болви, вошки и бубачки беа наши постојани придружници. Имаше и чести депортации, најмногу за Аушвиц, се сеќава Оербахер.

The post На годишината на ослободувањето на Аушвиц, Бундестагот оддаде почит на жртвите на Холокаустот appeared first on Република.

]]>
Германецот со бошњачко потекло, Адис Ахметовиќ, е нов известувач на Бундестагот за Западен Балкан https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/germanecot-so-boshnjachko-poteklo-adis-ahmetovikj-e-nov-izvestuvach-na-bundestagot-za-zapaden-balkan/ Mon, 17 Jan 2022 12:19:30 +0000 https://republika.mk/?p=445817

Германскиот политичар со босанско потекло, од редовите на владејачката Социјалдемократска партија (СПД), Адис Ахметовиќ е новиот известувач на Бундестагот за Западен Балкан, кој порачува дека за зачувување на мирот во Европа се важни мирот и стабилноста на Балканот, особено во БиХ.

Ахметовиќ, кој е член на комисијата за надворешна политика, го замени досегашниот известувачот на Бундестагот за Западен Балкан, Јосип Јуратовиќ.

Како известувач за Западен Балкан, тој, како што е наведено на неговата веб-страница, ќе води разговори, ќе подготвува мерки и ќе дава предлози за усвојување на одлуки во комисијата за надворешна политика.

Ахметовиќ во својата функција ќе го информира Бундестагот и за развојот во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Србија и Косово.

На меѓународен план ни претстојат големи предизвици и среќен сум со новата задача. Нашата цел е социјалдемократските вредности на мирот и разбирањето да ги преточиме во конкретни дела - нагласи Ахметовиќ.

Тој посочува дека зачувувањето на мирот во Европа во иднина не се одлучува само на украинско-руската граница, туку значително и на Западен Балкан, особено во БиХ.

Сакам активно да работам на зачувување на стабилноста и мирот во тој регион - додаде Ахметовиќ.

Инаку, Ахметовиќ е заменик известувач за регионите на Русија, Јужна Азија, Централна и Источна Европа, како и областите на меѓународната политика за климата, политиката на ресурси, енергијата и заштитата на животната средина.

The post Германецот со бошњачко потекло, Адис Ахметовиќ, е нов известувач на Бундестагот за Западен Балкан appeared first on Република.

]]>

Германскиот политичар со босанско потекло, од редовите на владејачката Социјалдемократска партија (СПД), Адис Ахметовиќ е новиот известувач на Бундестагот за Западен Балкан, кој порачува дека за зачувување на мирот во Европа се важни мирот и стабилноста на Балканот, особено во БиХ. Ахметовиќ, кој е член на комисијата за надворешна политика, го замени досегашниот известувачот на Бундестагот за Западен Балкан, Јосип Јуратовиќ. Како известувач за Западен Балкан, тој, како што е наведено на неговата веб-страница, ќе води разговори, ќе подготвува мерки и ќе дава предлози за усвојување на одлуки во комисијата за надворешна политика. Ахметовиќ во својата функција ќе го информира Бундестагот и за развојот во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Србија и Косово.
На меѓународен план ни претстојат големи предизвици и среќен сум со новата задача. Нашата цел е социјалдемократските вредности на мирот и разбирањето да ги преточиме во конкретни дела - нагласи Ахметовиќ.
Тој посочува дека зачувувањето на мирот во Европа во иднина не се одлучува само на украинско-руската граница, туку значително и на Западен Балкан, особено во БиХ.
Сакам активно да работам на зачувување на стабилноста и мирот во тој регион - додаде Ахметовиќ.
Инаку, Ахметовиќ е заменик известувач за регионите на Русија, Јужна Азија, Централна и Источна Европа, како и областите на меѓународната политика за климата, политиката на ресурси, енергијата и заштитата на животната средина.

The post Германецот со бошњачко потекло, Адис Ахметовиќ, е нов известувач на Бундестагот за Западен Балкан appeared first on Република.

]]>