Бун Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bun/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Aug 2023 08:22:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Бун Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bun/ 32 32 Бун: АфД е закана за ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bun-afd-e-zakana-za-eu/ Tue, 08 Aug 2023 08:22:01 +0000 https://republika.mk/?p=669863

Француската министерка за прашања на Европската унија Лоренс Бун изјави дека подемот на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) е закана за стабилноста на Европа.

АфД води политика на исцрпување во Европа, рече Бун.

Коментирајќи дека „општо познато е дека АфД има проруска позиција“, Бун рече дека оваа ситуација е загрижувачка и додаде дека „подемот на оваа партија е закана за стабилноста на Европа“.

Бун додаде дека екстремно десничарските партии на континентот се отворени за уништување на Европската унија со напуштање на блокот, тврдејќи дека тоа не е она што тие го сакаат.

АфД претходно ја прогласи Европската унија за „пропаднат проект“ во нејзината сегашна форма.

The post Бун: АфД е закана за ЕУ appeared first on Република.

]]>

Француската министерка за прашања на Европската унија Лоренс Бун изјави дека подемот на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) е закана за стабилноста на Европа.
АфД води политика на исцрпување во Европа, рече Бун.
Коментирајќи дека „општо познато е дека АфД има проруска позиција“, Бун рече дека оваа ситуација е загрижувачка и додаде дека „подемот на оваа партија е закана за стабилноста на Европа“. Бун додаде дека екстремно десничарските партии на континентот се отворени за уништување на Европската унија со напуштање на блокот, тврдејќи дека тоа не е она што тие го сакаат. АфД претходно ја прогласи Европската унија за „пропаднат проект“ во нејзината сегашна форма.

The post Бун: АфД е закана за ЕУ appeared first on Република.

]]>
Бун: Доколку не се усвојат измените на Уставот пред крајот на годината, постои ризик од раздвојување на Македонија и Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bun-dokolku-ne-se-usvojat-izmenite-na-ustavot-pred-krajot-na-godinata-postoi-rizik-od-razdvojuvane-na-makedonija-i-albanija-2/ Sat, 22 Jul 2023 15:34:15 +0000 https://republika.mk/?p=664261

Уставните измени се дел од договорот што го постигнаа Македонија и ЕУ за да се продолжи кон автоматски почеток на процесот на пристапување. Нема други барања. Доколку не се усвојат измените на Уставот пред крајот на годината, постои ризик од раздвојување на Македонија и Албанија.

Ова го порача Лоренс Бун, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција во разговор за МИА прашана дали актуелната состојба со уставните измени може да влијае и на подготовката на скрининг извештајот за земјава. Имено еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји неодамна најави дека скрининг извештајот за Тирана ќе биде претставен наскоро без да напомене кога да се очекува тој за Скопје и дали тоа и де факто ќе значи раздвојување на двете земји во процесот.

Многу сме среќни што уставните измени се ставени на маса и процесот почнува, бидејќи тоа е многу важно. Македонија и Албанија се двете земји кои беа предводници во поглед на реформите за приклучување кон ЕУ. Тоа се две земји кои што навистина напредуваа со кластерите и патоказите што требаа да ги исполнат. Уставните измени се дел од договорот што го постигнаа Македонија и ЕУ за да се продолжи кон автоматски почеток на процесот на пристапување откако тие ќе бидат изгласани, и мислам дека е многу важно да се нагласи тоа. Нема други барања за започнување на процесот на пристапување. Истовремено, иднината на ова отворање на пристапните преговори е во рацете на Собранието и Македонија има суверено право за да одлучи што сака. Но, се надеваме дека ова ќе се случи, дека земјата ќе се придружи на семејството на ЕУ, и се надеваме дека Македонија и Албанија ќе продолжат да бидат предводници, исто како што беа во изминатите години. Очигледно е дека постои ризик од раздвојување доколку не се усвојат уставните измени пред крајот на годината, вели Бун.

Во разговорот за МИА заедно со Ана Лирман, министерка за Европа на Сојузна Република Германија и Шимон Шинковски вел Сенк, министер за ЕУ на Република Полска, за време на нивната посета на земјава, француската државна секретарка се осврнува и на улогата на новата методологија и проширувањето. Прашана колку новата методологија за која се залагаше Макрон навистина го забрза процесот, Бун е децидна дека таа досега воопшто не е тестирана, посочувајќи дека Скопје и Тирана би биле првите на кои таа би почнала да се применува.

Прво, и мислам дека со ова ќе го повторам она што е веќе кажано, прашањето за нас не е дали ќе има проширување, туку, како што кажа претседателот, ова треба да се случи што поскоро, и прашањето е како. Новата методологија сè уште не е тестирана, Албанија и Македонија би можеле да бидат првите две држави што ќе ја следат оваа нова методологија. Која е нејзината цел? Целта е да бидеме побрзи и поефикасни со проширувањето. Па така, секој пат кога државата ќе напредува кон законодавството на ЕУ, ќе има придобивки од тој напредок. Знаете дека со старата методологија мораше да се чека да се реши сè за државата да може да ги почувствува придобивките. Овој пат тоа претставува еден вид на брза лента, која е исто толку ригорозна околу реформите како и претходно и претставува можност за државата да се запознае со нашиот процес и метод, и да ги добие придобивките побрзо од претходно, нагласува Бун.

Паралелно со новата методологија, нагласува таа, треба да се одвива и процесот на реформи на ЕУ.

Истовремено, ние мора да ја реформираме и Европската унија, треба да бидеме поагилни, пофлексибилни кога треба да одговараме и да создаваме нови политики, и додека државите како Македонија и Албанија работат на нивните реформи, ние ќе работиме на нашата домашна работа и нашите реформи, вели француската дипломатка појаснувајќи ја изјавата на претседателот Макрон дека проширувањето треба да се случи што е можно побрзо, но и дека се потребни реформи во ЕУ за да може да функционира со повеќе членки.

Таа уверува и дека 2030 година е достижна цел за полноправно членство на Македонија во ЕУ.

Околу датумот, 2030, апсолутно тоа е амбициозна цел на која Македонија треба да се надева затоа што е многу возможна цел, затоа што Македонија го има капацитетот и ние имаме капацитет да ѝ помогнеме на Македонија да ја оствари оваа цел. Треба да ја одржиме оваа амбициозна цел, и да направиме сè што можеме да ја оствариме, па дури и порано доколку е возможно, вели Бун.

За тоа како по сите блокади низ годините да се врати поддршката за ЕУ во земјава и кредибилитетот на евроинтегративниот процес, Бун, вели токму новата методологија е одговор на прашањето.

Целосно го разбираме заморот и тоа е делумно поради старата методологија, што е и причината зошто денес сме толку мотивирани да го забрзаме целиот тој процес со новата методологија, да се погрижиме да има помалку фрустрации и да можеме да продолжиме напред. Заморот се обидуваме да го решиме со новата методологија, што да повторам, е сосема разбирливо. Светот е сменет и сите ние во Европската Унија го разбираме тоа и сакаме промена. Сакаме оваа промена да го направи континентот побезбеден, постабилен и со поголем економски раст и работни позиции за сите граѓани за да не мораат да патуваат во други земји и да можат да имаат добар живот во своите земји. Ова е важно за сите нас, бидејќи сите работиме подобро кога сме заедно, а затоа и сакаме да го забрзаме процесот. Уште од почетокот на годината имавме ред состаноци и луѓе кои постојано работат на процесот на проширување, и можам да ви кажам дека досега немало ваков момент и ентузијазам за процесот на проширување, оценува француската државна секретарка.

Таа го потенцира и значењето на прашањето на стабилноста и безбедноста.

Третата точка на која сакав да се осврнам е стабилноста и безбедноста. Светот се промени, се фрагментираше и војната дојде до нашите граници. Неоправдана и страшна војна. Не сакаме нашите соседи, земјите кои припаѓаат на европското семејство, да се оддалечат од нас. Треба да се зближиме, треба да бидеме попријателски настроени едни кон други за да го направиме нашиот континент побезбеден. Фрагментирањето никогаш не е добро. Затоа сметам дека сите треба да веруваат оти ЕУ и нејзините методи се променети. Во наш интерес е да се погрижиме Албанија, Македонија и останатите земји на Балканот да станат дел од семејството на ЕУ. Ова е единствената шанса да се погрижиме судбината на овој континент, преку процесот на проширување, да стане мирна и просперитетна, а сакаме и вие да сте дел од тоа, порачува Лоренс Бун.

The post Бун: Доколку не се усвојат измените на Уставот пред крајот на годината, постои ризик од раздвојување на Македонија и Албанија appeared first on Република.

]]>

Уставните измени се дел од договорот што го постигнаа Македонија и ЕУ за да се продолжи кон автоматски почеток на процесот на пристапување. Нема други барања. Доколку не се усвојат измените на Уставот пред крајот на годината, постои ризик од раздвојување на Македонија и Албанија. Ова го порача Лоренс Бун, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција во разговор за МИА прашана дали актуелната состојба со уставните измени може да влијае и на подготовката на скрининг извештајот за земјава. Имено еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји неодамна најави дека скрининг извештајот за Тирана ќе биде претставен наскоро без да напомене кога да се очекува тој за Скопје и дали тоа и де факто ќе значи раздвојување на двете земји во процесот. Многу сме среќни што уставните измени се ставени на маса и процесот почнува, бидејќи тоа е многу важно. Македонија и Албанија се двете земји кои беа предводници во поглед на реформите за приклучување кон ЕУ. Тоа се две земји кои што навистина напредуваа со кластерите и патоказите што требаа да ги исполнат. Уставните измени се дел од договорот што го постигнаа Македонија и ЕУ за да се продолжи кон автоматски почеток на процесот на пристапување откако тие ќе бидат изгласани, и мислам дека е многу важно да се нагласи тоа. Нема други барања за започнување на процесот на пристапување. Истовремено, иднината на ова отворање на пристапните преговори е во рацете на Собранието и Македонија има суверено право за да одлучи што сака. Но, се надеваме дека ова ќе се случи, дека земјата ќе се придружи на семејството на ЕУ, и се надеваме дека Македонија и Албанија ќе продолжат да бидат предводници, исто како што беа во изминатите години. Очигледно е дека постои ризик од раздвојување доколку не се усвојат уставните измени пред крајот на годината, вели Бун. Во разговорот за МИА заедно со Ана Лирман, министерка за Европа на Сојузна Република Германија и Шимон Шинковски вел Сенк, министер за ЕУ на Република Полска, за време на нивната посета на земјава, француската државна секретарка се осврнува и на улогата на новата методологија и проширувањето. Прашана колку новата методологија за која се залагаше Макрон навистина го забрза процесот, Бун е децидна дека таа досега воопшто не е тестирана, посочувајќи дека Скопје и Тирана би биле првите на кои таа би почнала да се применува. Прво, и мислам дека со ова ќе го повторам она што е веќе кажано, прашањето за нас не е дали ќе има проширување, туку, како што кажа претседателот, ова треба да се случи што поскоро, и прашањето е како. Новата методологија сè уште не е тестирана, Албанија и Македонија би можеле да бидат првите две држави што ќе ја следат оваа нова методологија. Која е нејзината цел? Целта е да бидеме побрзи и поефикасни со проширувањето. Па така, секој пат кога државата ќе напредува кон законодавството на ЕУ, ќе има придобивки од тој напредок. Знаете дека со старата методологија мораше да се чека да се реши сè за државата да може да ги почувствува придобивките. Овој пат тоа претставува еден вид на брза лента, која е исто толку ригорозна околу реформите како и претходно и претставува можност за државата да се запознае со нашиот процес и метод, и да ги добие придобивките побрзо од претходно, нагласува Бун. Паралелно со новата методологија, нагласува таа, треба да се одвива и процесот на реформи на ЕУ. Истовремено, ние мора да ја реформираме и Европската унија, треба да бидеме поагилни, пофлексибилни кога треба да одговараме и да создаваме нови политики, и додека државите како Македонија и Албанија работат на нивните реформи, ние ќе работиме на нашата домашна работа и нашите реформи, вели француската дипломатка појаснувајќи ја изјавата на претседателот Макрон дека проширувањето треба да се случи што е можно побрзо, но и дека се потребни реформи во ЕУ за да може да функционира со повеќе членки. Таа уверува и дека 2030 година е достижна цел за полноправно членство на Македонија во ЕУ. Околу датумот, 2030, апсолутно тоа е амбициозна цел на која Македонија треба да се надева затоа што е многу возможна цел, затоа што Македонија го има капацитетот и ние имаме капацитет да ѝ помогнеме на Македонија да ја оствари оваа цел. Треба да ја одржиме оваа амбициозна цел, и да направиме сè што можеме да ја оствариме, па дури и порано доколку е возможно, вели Бун. За тоа како по сите блокади низ годините да се врати поддршката за ЕУ во земјава и кредибилитетот на евроинтегративниот процес, Бун, вели токму новата методологија е одговор на прашањето. Целосно го разбираме заморот и тоа е делумно поради старата методологија, што е и причината зошто денес сме толку мотивирани да го забрзаме целиот тој процес со новата методологија, да се погрижиме да има помалку фрустрации и да можеме да продолжиме напред. Заморот се обидуваме да го решиме со новата методологија, што да повторам, е сосема разбирливо. Светот е сменет и сите ние во Европската Унија го разбираме тоа и сакаме промена. Сакаме оваа промена да го направи континентот побезбеден, постабилен и со поголем економски раст и работни позиции за сите граѓани за да не мораат да патуваат во други земји и да можат да имаат добар живот во своите земји. Ова е важно за сите нас, бидејќи сите работиме подобро кога сме заедно, а затоа и сакаме да го забрзаме процесот. Уште од почетокот на годината имавме ред состаноци и луѓе кои постојано работат на процесот на проширување, и можам да ви кажам дека досега немало ваков момент и ентузијазам за процесот на проширување, оценува француската државна секретарка. Таа го потенцира и значењето на прашањето на стабилноста и безбедноста. Третата точка на која сакав да се осврнам е стабилноста и безбедноста. Светот се промени, се фрагментираше и војната дојде до нашите граници. Неоправдана и страшна војна. Не сакаме нашите соседи, земјите кои припаѓаат на европското семејство, да се оддалечат од нас. Треба да се зближиме, треба да бидеме попријателски настроени едни кон други за да го направиме нашиот континент побезбеден. Фрагментирањето никогаш не е добро. Затоа сметам дека сите треба да веруваат оти ЕУ и нејзините методи се променети. Во наш интерес е да се погрижиме Албанија, Македонија и останатите земји на Балканот да станат дел од семејството на ЕУ. Ова е единствената шанса да се погрижиме судбината на овој континент, преку процесот на проширување, да стане мирна и просперитетна, а сакаме и вие да сте дел од тоа, порачува Лоренс Бун.

The post Бун: Доколку не се усвојат измените на Уставот пред крајот на годината, постои ризик од раздвојување на Македонија и Албанија appeared first on Република.

]]>
Бун: Годината 2030 е амбициозна, но не е нереална за полноправно членство во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bun-godinata-2030-e-ambiciozna-no-ne-e-nerealna-za-polnopravno-chlenstvo-vo-eu/ Wed, 16 Nov 2022 12:09:23 +0000 https://republika.mk/?p=574480

Годината 2030 е амбициозна, но не е нереална затоа што видовме дека Македонија напредува доста во поглед на усогласувањето на европското законодавство, изјави денеска француската државна секретарка за Европа Лоранс Бун, одговарајќи на новинарско колку години ќе и требаат на земјава за да стане членка на ЕУ.

На заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски, Бун, исто така, нагласи дека постои и наредниот чекор, кој како што спомнал и премиерот, уставните измени коишто се важни, коишто се дел од европскиот договор, но и сите реформи коишто ќе треба да се спроведат понатака.

– Постоеше таа реформа за проширувањето во поглед на Македонија и ЕУ и таа реформа на проширување е токму во прилог на фаворизирањето на динамиката меѓу ЕУ и земјата која што ги спроведува реформите да биде подинамично, да има повеќе смисла за да има поголема корист отколку претходната методологија. Затоа Франција има доверба и во амбицијата и во крајната цел на премиерот и на македонската Влада, изјави Бун, на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски.

Француската државна секретарка за Европа Бун, повтори дека овде се да и помогнат на Македонија и дека тоа е цел која што е остварлива.

Прашан дали гледа промена во позициите на Франција, премиерот Ковачевски, рече дека точено е оти Франција пред три години беше земја која што имаше различен став од голем број други држави во однос на проширувањето, но три години подоцна Франција беше државата која што практично го водеше процесот на продолжување на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан.

–  И на вашето прашање конкретно дали е промената позицијата – да, таа е променета и самото присуство денес на државниот секретар Бун на Македонија, на сите контакти коишто јас ги имав со претседателот Макрон, прво при подготвувањето на европскиот предлог за време на француското претседателство, второ на сите напори коишто ги направи членовите на неговиот кабинет на коишто исто така сакам да им изразам почит и благодарност и еден поздрав од Скопје истото тоа го потврдија и целата поддршка која што ја добиваме во моментов во текот на скрининг процесот во Брисел, а во којшто се вклучени сите 27 членки и ние како држава која што ги отпочна преговорите само го потврдуваат тоа што го кажав дека позицијата на Франција во однос на проширувањето со земјите од Западен Балкан во моментов е на ниво на држава која што е еден од предводниците на тој процес, изјави Ковачевски.

The post Бун: Годината 2030 е амбициозна, но не е нереална за полноправно членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Годината 2030 е амбициозна, но не е нереална затоа што видовме дека Македонија напредува доста во поглед на усогласувањето на европското законодавство, изјави денеска француската државна секретарка за Европа Лоранс Бун, одговарајќи на новинарско колку години ќе и требаат на земјава за да стане членка на ЕУ. На заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски, Бун, исто така, нагласи дека постои и наредниот чекор, кој како што спомнал и премиерот, уставните измени коишто се важни, коишто се дел од европскиот договор, но и сите реформи коишто ќе треба да се спроведат понатака. – Постоеше таа реформа за проширувањето во поглед на Македонија и ЕУ и таа реформа на проширување е токму во прилог на фаворизирањето на динамиката меѓу ЕУ и земјата која што ги спроведува реформите да биде подинамично, да има повеќе смисла за да има поголема корист отколку претходната методологија. Затоа Франција има доверба и во амбицијата и во крајната цел на премиерот и на македонската Влада, изјави Бун, на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски. Француската државна секретарка за Европа Бун, повтори дека овде се да и помогнат на Македонија и дека тоа е цел која што е остварлива. Прашан дали гледа промена во позициите на Франција, премиерот Ковачевски, рече дека точено е оти Франција пред три години беше земја која што имаше различен став од голем број други држави во однос на проширувањето, но три години подоцна Франција беше државата која што практично го водеше процесот на продолжување на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан. –  И на вашето прашање конкретно дали е промената позицијата – да, таа е променета и самото присуство денес на државниот секретар Бун на Македонија, на сите контакти коишто јас ги имав со претседателот Макрон, прво при подготвувањето на европскиот предлог за време на француското претседателство, второ на сите напори коишто ги направи членовите на неговиот кабинет на коишто исто така сакам да им изразам почит и благодарност и еден поздрав од Скопје истото тоа го потврдија и целата поддршка која што ја добиваме во моментов во текот на скрининг процесот во Брисел, а во којшто се вклучени сите 27 членки и ние како држава која што ги отпочна преговорите само го потврдуваат тоа што го кажав дека позицијата на Франција во однос на проширувањето со земјите од Западен Балкан во моментов е на ниво на држава која што е еден од предводниците на тој процес, изјави Ковачевски.

The post Бун: Годината 2030 е амбициозна, но не е нереална за полноправно членство во ЕУ appeared first on Република.

]]>