букви Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bukvi/ За подобро да се разбереме Thu, 23 Jun 2022 11:18:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png букви Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bukvi/ 32 32 Русите се откажуваат од буквата „Z“?: Еве што се крие зад евентуалното отстранување на симболот на операцијата во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusite-se-otkazuvaat-od-bukvata-z-eve-shto-se-krie-zad-eventualnoto-otstranuvanje-na-simbolot-na-operacijata-vo-ukraina/ Thu, 23 Jun 2022 11:18:20 +0000 https://republika.mk/?p=518865

Кремљ можеби планира да ја „ребрендира“ својата операција во Украина, откако официјални лица наредија отстранување на огромни транспаренти со симболи „Z“ и „V“ од истакнати згради.

Во Москва, инспекторите му наредиле на Сергеј Миронов, лидерот на партијата „Праведна Русија“, да отстрани транспарент од неговата канцеларија во центарот на градот, повикувајќи се на „бројни“ поплаки од граѓаните, пишува британски „Тајмс“.

Во Новосибирск, најголемиот сибирски град, службениците постапиле на сличен откако било потврдено тврдењето на тинејџер дека банери закачени пред канцеларијата на градоначалникот ги кршат прописите за јавно рекламирање. Транспарентот бил отстранет и од фасадата на канцеларијата на воените ветерани во Перм, Уралската област.

На децата кои ги „украсуваа“ прозорците со „Z“ и „V“ на културниот центар во западниот руски регион Псков, им било наредено да ги отстранат симболите. Локален функционер за државната телевизија изјави дека може да се прикажуваат само политички неутрални слики.

Некои аналитичари сега шпекулираат дека отстранувањето на банерот може да значи дека Кремљ одлучил да ги отфрли симболите во Украина и на Западот, анализира „Тајмс“.

Буквите „Z“ и „V“ првпат беа забележани на руски тенкови и оклопни возила непосредно пред февруарската инвазија на Украина. Иако најверојатно првично се користеле за цели за идентификација, руските одбранбени претставници подоцна изјавија дека нивните значења биле „За победу“ („За победа“) и „Сила V правда“ („Сила во вистината“), иако сè уште постојат различни толкувања на овие симболи.

Сепак, овие симболи, според „Тајмс“, не успеале да ја зафатат фантазијата на јавноста и најмногу може да се видат во владините канцеларии, про-Кремљ организациите и полициските автомобили.

Можно е Кремљ да планира ребрендирање. Овие две чудни букви не поминаа добро и затоа треба да се заменат со нешто поефикасно - вели политичкиот аналитичар, Абас Гаљамов.

Ниту една од овие букви не постои на руската кирилица, иако и двете имаат фонетски еквиваленти.

Гаљамов, поранешен портпарол на Кремљ, исто така истакнува дека одлуката за отстранување на симболите може да биде знак дека Москва бара начини да стави крај на, како што официјално ја нарекува „специјалната воена операција“ во Украина.

Не може да се исклучи... дека е донесена одлука да се подготват луѓето за мир и да се почне со решавање на сите овие визуелни милитаристички симболи - пишува Гаљамов на Телеграм.

The post Русите се откажуваат од буквата „Z“?: Еве што се крие зад евентуалното отстранување на симболот на операцијата во Украина appeared first on Република.

]]>

Кремљ можеби планира да ја „ребрендира“ својата операција во Украина, откако официјални лица наредија отстранување на огромни транспаренти со симболи „Z“ и „V“ од истакнати згради. Во Москва, инспекторите му наредиле на Сергеј Миронов, лидерот на партијата „Праведна Русија“, да отстрани транспарент од неговата канцеларија во центарот на градот, повикувајќи се на „бројни“ поплаки од граѓаните, пишува британски „Тајмс“. Во Новосибирск, најголемиот сибирски град, службениците постапиле на сличен откако било потврдено тврдењето на тинејџер дека банери закачени пред канцеларијата на градоначалникот ги кршат прописите за јавно рекламирање. Транспарентот бил отстранет и од фасадата на канцеларијата на воените ветерани во Перм, Уралската област. На децата кои ги „украсуваа“ прозорците со „Z“ и „V“ на културниот центар во западниот руски регион Псков, им било наредено да ги отстранат симболите. Локален функционер за државната телевизија изјави дека може да се прикажуваат само политички неутрални слики. Некои аналитичари сега шпекулираат дека отстранувањето на банерот може да значи дека Кремљ одлучил да ги отфрли симболите во Украина и на Западот, анализира „Тајмс“. Буквите „Z“ и „V“ првпат беа забележани на руски тенкови и оклопни возила непосредно пред февруарската инвазија на Украина. Иако најверојатно првично се користеле за цели за идентификација, руските одбранбени претставници подоцна изјавија дека нивните значења биле „За победу“ („За победа“) и „Сила V правда“ („Сила во вистината“), иако сè уште постојат различни толкувања на овие симболи. Сепак, овие симболи, според „Тајмс“, не успеале да ја зафатат фантазијата на јавноста и најмногу може да се видат во владините канцеларии, про-Кремљ организациите и полициските автомобили.
Можно е Кремљ да планира ребрендирање. Овие две чудни букви не поминаа добро и затоа треба да се заменат со нешто поефикасно - вели политичкиот аналитичар, Абас Гаљамов.
Ниту една од овие букви не постои на руската кирилица, иако и двете имаат фонетски еквиваленти. Гаљамов, поранешен портпарол на Кремљ, исто така истакнува дека одлуката за отстранување на симболите може да биде знак дека Москва бара начини да стави крај на, како што официјално ја нарекува „специјалната воена операција“ во Украина.
Не може да се исклучи... дека е донесена одлука да се подготват луѓето за мир и да се почне со решавање на сите овие визуелни милитаристички симболи - пишува Гаљамов на Телеграм.

The post Русите се откажуваат од буквата „Z“?: Еве што се крие зад евентуалното отстранување на симболот на операцијата во Украина appeared first on Република.

]]>