Буква Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bukva/ За подобро да се разбереме Wed, 29 May 2024 11:15:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Буква Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bukva/ 32 32 Промоција на „Нудист“ на Пијан славеј во книжарницата „Буква“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/promotsija-na-nudist-na-pijan-slavej-vo-knizharnitsata-bukva/ Wed, 29 May 2024 11:15:45 +0000 https://republika.mk/?p=782768

Во пресрет на 23. OFFest (6-9 јуни), Скопскиот џез фестивал, во кафе – книжарницата Буква, ќе одржи промоција на најновото издание на SJF Records – „Нудист“, втората дискографска објава на Пијан Славеј.

Вториот студиски проект на Пијан Славеј се состои од четири композиции, во вкупно времетраење од 17 минути. Автор на текстовите е Бранислав Николов, а музиката и аранжманите се дело на групата. Песните се снимени, миксани и продуцирани од Ивица Јанкуловски во скопското студио „Алшар“. Дизајнот на омотот е дело на уметникот Владимир Лукаш. Извршен продуцент на изданието е Оливер Белопета.

На албумот музицираат: Бранислав Николов - вокал, мини електрично пијано, Пеце Трајковски-Брада на гитара, синтисајзер, Гоце Јованоски на бас и Славчо Јовев на тапани.

„Нудист“ е концептуален мини-албум кој говори за сложената природа на човекот, за соочувањето со себе и, конечно, за немирот и тивкиот крик. Музиката и звукот се производ на здушниот напор на четворицата музичари кои низ овие впечатливи творби нудат пресек на индивидуалниот сензибилитет и светоглед во сегашната точка на дводецениското заедничко уметничко живеење. Четирите песни од „Нудист” се во срцето на пошироката концертна програма на бендот Пијан Славеј , насловена како „нова македонска шансона“.

Покрај физичкото компакт-диск издание, „Нудист“ ќе биде достапен, веќе од овој петок (31 мај), и на сите популарни глобални дигитални платформи и стриминг сервиси (Bandcamp, Spotify, Deezer, Tidal, Apple Music, Youtube…).

The post Промоција на „Нудист“ на Пијан славеј во книжарницата „Буква“ appeared first on Република.

]]>

Во пресрет на 23. OFFest (6-9 јуни), Скопскиот џез фестивал, во кафе – книжарницата Буква, ќе одржи промоција на најновото издание на SJF Records – „Нудист“, втората дискографска објава на Пијан Славеј. Вториот студиски проект на Пијан Славеј се состои од четири композиции, во вкупно времетраење од 17 минути. Автор на текстовите е Бранислав Николов, а музиката и аранжманите се дело на групата. Песните се снимени, миксани и продуцирани од Ивица Јанкуловски во скопското студио „Алшар“. Дизајнот на омотот е дело на уметникот Владимир Лукаш. Извршен продуцент на изданието е Оливер Белопета. На албумот музицираат: Бранислав Николов - вокал, мини електрично пијано, Пеце Трајковски-Брада на гитара, синтисајзер, Гоце Јованоски на бас и Славчо Јовев на тапани. „Нудист“ е концептуален мини-албум кој говори за сложената природа на човекот, за соочувањето со себе и, конечно, за немирот и тивкиот крик. Музиката и звукот се производ на здушниот напор на четворицата музичари кои низ овие впечатливи творби нудат пресек на индивидуалниот сензибилитет и светоглед во сегашната точка на дводецениското заедничко уметничко живеење. Четирите песни од „Нудист” се во срцето на пошироката концертна програма на бендот Пијан Славеј , насловена како „нова македонска шансона“. Покрај физичкото компакт-диск издание, „Нудист“ ќе биде достапен, веќе од овој петок (31 мај), и на сите популарни глобални дигитални платформи и стриминг сервиси (Bandcamp, Spotify, Deezer, Tidal, Apple Music, Youtube…).

The post Промоција на „Нудист“ на Пијан славеј во книжарницата „Буква“ appeared first on Република.

]]>
Промоција на книгата „Додека спиеш“ од Биљана Стојановска денеска во „Буква“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-knigata-dodeka-spiesh-od-bilana-stojanovska-deneska-vo-bukva/ Mon, 27 May 2024 08:42:19 +0000 https://republika.mk/?p=781963

Промоција на книгата „Додека спиеш“ од македонската поетеса Биљана Стојановска ќе се одржи в понеделник (27 мај), во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 20 часот.
Ова е трета поетска збирка на авторката, a прва во издание на „Чудна шума“.
Дизајнот на корицата го изработи Хари Дудески.

Промотор ќе биде писателката Билјана Црвенковска, стихови ќе интерпретираат Ана Голејшка Џикова, Долорес Атанасова-Лори, Снежана Стојчевска и Елена Митреска. Поетскиот перформанс ќе биде придружен од музичката трупа „ВИС Тркалезна маса“ (Владимир Мартиновски, Васко Марковски, Владимир Лукаш, Toма Димовски, Душан Кировски, Деан Шкартов).

Во рамки на промоцијата премиерно ќе биде промовиран и кус поетски филм, директно инспириран од книгата „Додека спиеш“, чиј автор е српската актерка и поетеса Валентина Бактијаревиќ. Главна актерка во филмот е српската уметница Сузана Вуловиќ, која живее и работи во Лондон, стиховите ги интерпретира поетот Ѓоко Здравески, а музиката е на уметникот Владимир Лукаш.

Стојановска умее со природноста на Господинов, да напише стихови за празнење на цревата и тоа да биде поетично. Умее во песните да даде неочекуван пресврт или ефект на изненадување, но умее и од реалност незабележливо да нѐ внесе во бајка и да нѐ воодушеви со магичниот реализам. Да ни раскаже приказна за камионот со сладолед и за вкусовите на летото среде зима, но и да нѐ тресне од сивиот бетон и да нѐ врати во реалноста на болничките соби каде што луѓето се обидуваат да си го вратат достоинството и да си ја задржат главата на рамена - вели Снежана Стојчевска во рецензијата за книгата.

Биљана Стојановска е родена 1984 година. Има дипломирано на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на отсекот за македонска книжевност и јужнословенски книжевности.
Во 2015 година ја објави нејзината прва збирка поезија „Зборовите немаат значење“ во издание на „Антолог“.
Добитник е на книжевната награда „Тодор Чаловски“ за 2017 година за книгата „Стан што се распаѓа“ (2018, „Галикул“).
Нејзината поезија е преведена на англиски, германски, кинески, српски, полски, словенечки јазик, а застапена е и во повеќе списанија за литература и антологии.

The post Промоција на книгата „Додека спиеш“ од Биљана Стојановска денеска во „Буква“ appeared first on Република.

]]>

Промоција на книгата „Додека спиеш“ од македонската поетеса Биљана Стојановска ќе се одржи в понеделник (27 мај), во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 20 часот. Ова е трета поетска збирка на авторката, a прва во издание на „Чудна шума“. Дизајнот на корицата го изработи Хари Дудески. Промотор ќе биде писателката Билјана Црвенковска, стихови ќе интерпретираат Ана Голејшка Џикова, Долорес Атанасова-Лори, Снежана Стојчевска и Елена Митреска. Поетскиот перформанс ќе биде придружен од музичката трупа „ВИС Тркалезна маса“ (Владимир Мартиновски, Васко Марковски, Владимир Лукаш, Toма Димовски, Душан Кировски, Деан Шкартов). Во рамки на промоцијата премиерно ќе биде промовиран и кус поетски филм, директно инспириран од книгата „Додека спиеш“, чиј автор е српската актерка и поетеса Валентина Бактијаревиќ. Главна актерка во филмот е српската уметница Сузана Вуловиќ, која живее и работи во Лондон, стиховите ги интерпретира поетот Ѓоко Здравески, а музиката е на уметникот Владимир Лукаш.
Стојановска умее со природноста на Господинов, да напише стихови за празнење на цревата и тоа да биде поетично. Умее во песните да даде неочекуван пресврт или ефект на изненадување, но умее и од реалност незабележливо да нѐ внесе во бајка и да нѐ воодушеви со магичниот реализам. Да ни раскаже приказна за камионот со сладолед и за вкусовите на летото среде зима, но и да нѐ тресне од сивиот бетон и да нѐ врати во реалноста на болничките соби каде што луѓето се обидуваат да си го вратат достоинството и да си ја задржат главата на рамена - вели Снежана Стојчевска во рецензијата за книгата.
Биљана Стојановска е родена 1984 година. Има дипломирано на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на отсекот за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Во 2015 година ја објави нејзината прва збирка поезија „Зборовите немаат значење“ во издание на „Антолог“. Добитник е на книжевната награда „Тодор Чаловски“ за 2017 година за книгата „Стан што се распаѓа“ (2018, „Галикул“). Нејзината поезија е преведена на англиски, германски, кинески, српски, полски, словенечки јазик, а застапена е и во повеќе списанија за литература и антологии.

The post Промоција на книгата „Додека спиеш“ од Биљана Стојановска денеска во „Буква“ appeared first on Република.

]]>
Концерти на „Džezbollah” и „WoO” од Белград вечерва во „Буква” https://arhiva3.republika.mk/scena/kontserti-na-dzezbollah-i-woo-od-belgrad-vecherva-vo-bukva/ Fri, 03 May 2024 13:01:27 +0000 https://republika.mk/?p=773805

На 3 мај (петок), во кафе-книжарница „Буква”, со почеток од 21 часот ќе се одржат два музички настапи. На настанот ќе се претстават белградскиот музичар Вукашин Ѓелиќ кој свири и создава електронската микропоп-музика под името WoO и Džezbollah , дизастер џез квартетот од Белград кој комбинира влијанија од локалната панк/нојз и фри-џез/импров сцена.

WoO - Вукашин Ѓелиќ е белградски музичар кој главно свири гитара во бендот „Дол” или во импровизирани состави со други музичари. Под името WoO има објавувано албуми во различни музички куќи и неколку независни изданија. WoO свири гитара на различни начини, често пристапувајќи му на инструментот како приемник на различните сигнали што ги емитуваат разноразните уреди, или како удирачки инструмент, создавајќи звучни пејзажи од едноставни мелодии кои се претвораат во небесни ритами.

Неговата најнова звучна авантура е албумот „Од утре“ („Od sutra“), во кој семплерите, ритам машините и синтисајзерите го водат слушателот во ониричниот свет на електронската микропоп-музика.

Džezbollah е дизастер џез квартет од Белград кој комбинира влијанија од локалната панк/нојз и фри-џез/импров сцена, и ги претвора во политички набиена какофонија која е одраз на империјализмот на Блискиот Исток и на Балканот. Траката „Liquidate All Assets“, која се појави минатата година, предизвика умерен шок во меѓународната медиумска заедница.

Džezbollah моментално е на проштална турнеја, така што ова е буквално единствена прилика да ги видите во живо.

The post Концерти на „Džezbollah” и „WoO” од Белград вечерва во „Буква” appeared first on Република.

]]>

На 3 мај (петок), во кафе-книжарница „Буква”, со почеток од 21 часот ќе се одржат два музички настапи. На настанот ќе се претстават белградскиот музичар Вукашин Ѓелиќ кој свири и создава електронската микропоп-музика под името WoO и Džezbollah , дизастер џез квартетот од Белград кој комбинира влијанија од локалната панк/нојз и фри-џез/импров сцена. WoO - Вукашин Ѓелиќ е белградски музичар кој главно свири гитара во бендот „Дол” или во импровизирани состави со други музичари. Под името WoO има објавувано албуми во различни музички куќи и неколку независни изданија. WoO свири гитара на различни начини, често пристапувајќи му на инструментот како приемник на различните сигнали што ги емитуваат разноразните уреди, или како удирачки инструмент, создавајќи звучни пејзажи од едноставни мелодии кои се претвораат во небесни ритами. Неговата најнова звучна авантура е албумот „Од утре“ („Od sutra“), во кој семплерите, ритам машините и синтисајзерите го водат слушателот во ониричниот свет на електронската микропоп-музика. Džezbollah е дизастер џез квартет од Белград кој комбинира влијанија од локалната панк/нојз и фри-џез/импров сцена, и ги претвора во политички набиена какофонија која е одраз на империјализмот на Блискиот Исток и на Балканот. Траката „Liquidate All Assets“, која се појави минатата година, предизвика умерен шок во меѓународната медиумска заедница. Džezbollah моментално е на проштална турнеја, така што ова е буквално единствена прилика да ги видите во живо.

The post Концерти на „Džezbollah” и „WoO” од Белград вечерва во „Буква” appeared first on Република.

]]>
10. „Поетска епизода“ посветена на 100 години надреализам утре во „Буква“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/10-poetska-epizoda-posvetena-na-100-godini-nadrealizam-utre-vo-bukva/ Thu, 11 Apr 2024 13:06:29 +0000 https://republika.mk/?p=764272

Новата „Поетска епизода“, 10-та по ред, која ја посветуваме на 100 години надреализам! Ни читаат повеќе автори од различни генерации надреалистичка поезија, но и своја авторска поезија или проза, велат од Култура Бета.

Оваа епизода ќе се случи на 12. април со почеток во 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“.

Оваа епизода ни гостуваат:
Влада Урошевиќ
Фросина Пармаковска
Иван Шопов
Дарија Јовановска
Дејвид Величковски
Јована Стаматовска
Настанот ќе го модерираат Андреј Медиќ Лазаревски и Марија Велинова
„Поетска епизода“ е настан организиран од здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“. Настанот е поддржан од кафе-книжарницата „Буква“.

Постер: Марија Велинова

The post 10. „Поетска епизода“ посветена на 100 години надреализам утре во „Буква“ appeared first on Република.

]]>

Новата „Поетска епизода“, 10-та по ред, која ја посветуваме на 100 години надреализам! Ни читаат повеќе автори од различни генерации надреалистичка поезија, но и своја авторска поезија или проза, велат од Култура Бета.

Оваа епизода ќе се случи на 12. април со почеток во 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“.
Оваа епизода ни гостуваат:
Влада Урошевиќ
Фросина Пармаковска
Иван Шопов
Дарија Јовановска
Дејвид Величковски
Јована Стаматовска
Настанот ќе го модерираат Андреј Медиќ Лазаревски и Марија Велинова
„Поетска епизода“ е настан организиран од здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“. Настанот е поддржан од кафе-книжарницата „Буква“.

Постер: Марија Велинова

The post 10. „Поетска епизода“ посветена на 100 години надреализам утре во „Буква“ appeared first on Република.

]]>
Концерт на „Сервус“ во „Јавна соба“ https://arhiva3.republika.mk/scena/kontsert-na-servus-vo-javna-soba/ Thu, 21 Mar 2024 16:48:44 +0000 https://republika.mk/?p=757092

На 21. март, со почеток од 21 часот, во Public Room ќе се одржи концерт на „Сервус”, најновиот музички проект на Јордан Костов во кој членуваат :

Ива Дамјановски – клавијатури / теремин/ вокал

Ник Де Карло – туба и алтфлигерхорн

Кети Танчева – теремин

Драган Теодосиев – тапани

Јордан Костов – хармоника , вокал

Билетите за концертот се по цена од 400 денари и може да ги набавите на линкот.

The post Концерт на „Сервус“ во „Јавна соба“ appeared first on Република.

]]>

На 21. март, со почеток од 21 часот, во Public Room ќе се одржи концерт на „Сервус”, најновиот музички проект на Јордан Костов во кој членуваат : Ива Дамјановски – клавијатури / теремин/ вокал Ник Де Карло – туба и алтфлигерхорн Кети Танчева – теремин Драган Теодосиев – тапани Јордан Костов – хармоника , вокал Билетите за концертот се по цена од 400 денари и може да ги набавите на линкот.

The post Концерт на „Сервус“ во „Јавна соба“ appeared first on Република.

]]>
„Култура Бета“ го прослави својот 4. роденден https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kultura-beta-go-proslavi-svojot-4-rodenden/ Sun, 25 Feb 2024 11:46:06 +0000 https://republika.mk/?p=748085

Деветта по ред „Поетска епизода“ во „Буква“ во знак на 4. роденден на организацијата Култура Бета. Со претставување на романот „Ронлива“ и разговор со авторката Милена Сиљаноска, 9. Поетска епизода и свирка на Кенопсија, „Култура Бета“ одбележа 4 години од своето основање и активна работа на нејзините платформи.

На почетокот, публиката се запозна со романот „Ронлива“ на младата авторка Милена Сиљаноска. Во продолжение, повеќе автори ја искористија познатата Хамлетова реплика „Нешто е гнило во државата Данска“, говорејќи за внатрешните превирања и недостатоци во тогашното данско општество.

The post „Култура Бета“ го прослави својот 4. роденден appeared first on Република.

]]>

Деветта по ред „Поетска епизода“ во „Буква“ во знак на 4. роденден на организацијата Култура Бета. Со претставување на романот „Ронлива“ и разговор со авторката Милена Сиљаноска, 9. Поетска епизода и свирка на Кенопсија, „Култура Бета“ одбележа 4 години од своето основање и активна работа на нејзините платформи.

На почетокот, публиката се запозна со романот „Ронлива“ на младата авторка Милена Сиљаноска. Во продолжение, повеќе автори ја искористија познатата Хамлетова реплика „Нешто е гнило во државата Данска“, говорејќи за внатрешните превирања и недостатоци во тогашното данско општество.

The post „Култура Бета“ го прослави својот 4. роденден appeared first on Република.

]]>
Изложба со уметнички инсталации на уметниците Ивана Мирчевска и Дарко Алексовски во „Буква“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-so-umetnichki-instalatsii-na-umetnitsite-ivana-mirchevska-i-darko-aleksovski-vo-bukva/ Fri, 13 Oct 2023 07:32:47 +0000 https://republika.mk/?p=690720

Денеска, во 17 часот, во кафе – книжарницата „Буква“ во центарот на Скопје ќе биде отворена еднодневна изложба со уметнички инсталации на македонските уметници Ивана Мирчевска и Дарко Алексовски. Изложбата е дел од проектот „Сегашно минато“/Present Past, кој се реализира под менторство на познатиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ.

Настанот е дел од регионален проект на Гете-институтите од Југоисточна Европа. Се состои од три „модули“ и конечно обединување, а проектот „Сегашно минато“ како еден од модулите е координиран од Гете-институтот во Хрватска, во соработка со Гете-институтите од Белград, Сараево и Скопје.

Уметничката инсталација „Daydream Concrete Utopia“ на Алексовски е интервенција во јавен простор, измислен наратив со низа измислени знамиња како јавни знаци за непозна утопија. Уметникот ја истражува врската помеѓу јавните простори и симболи, а знамињата како означувачи на замислено место се субверзивен обид да се преиспита како се паметат местата и дали се забораваат, како се замислуваат или остануваат нешто непознато, нешто кон кое можеме само да се стремиме.

Интерактивната јавна скулптура „Gossips on the futurе“ на Мирчевска, се состои од цилиндричен објект (зоотроп) во кој се поставени слики. Брзото вртење на сликите создава илузија на континуирано движење на пејзажот. Авторката прави обид да креира собирен простор за локалната заедница и со тоа стимулира нови форми на социјална кореографија.
“Проектот, „Сегашно минато“ се занимава со културните и политички односи во дел од поранешните југословенски држави: Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија и Србија. Замислен е како низа уметнички реакции на тема сегашност/минато, кои се инспирираат и надополнуваат, создавајќи верижна реакција.

Во секоја земја работилниците се организираат под менторство на докажани автори. Па така, уметничките инсталации на Мирчевска и Алексовски, кои денеска ќе можат да се погледнат во „Буква“ се под менторство на Јовановиќ, во Босна и Херцеговина се реализира работилница за фотографија со фотографот Зијах Гафиќ, во Хрватска работилница за раскази со писателот Зоран Жмириќ и во Србија работилница за стрип со Саша Ракезиќ – Зограф“, велат од Гете -институтот во Скопје.

Во фокус на проектот е транзицијата низ просторот на поранешна Југославија и нејзиниот одраз во културата, како и со широкиот и често стереотипизиран концепт на Балканот. Земјите од Југославија имаат долга заедничка историја, а процесите на транзиција различно се манифестираат од деведестите години до денес. Со растојание од триесет години, сè уште чувствувајќи ги последиците од тие големи промени, се отвора дијалог да се истражи блиската врска помеѓу минатото и сегашноста.

„Сегашно минато“ го истражува нашето разбирање за минатото и поврзаноста меѓу земјите од поранешна Југославија преку уметнички работилници и меѓусебна соработката. Целта на работилниците е да се размислува за транзицијата, која се случи во секоја од земјите, во секој аспект од неа: социјален, економски, интелектуален и емоционален. Идејата е финалните дела создадени на работилниците да ги инспирираат учесниците за идни заеднички проекти.

The post Изложба со уметнички инсталации на уметниците Ивана Мирчевска и Дарко Алексовски во „Буква“ appeared first on Република.

]]>

Денеска, во 17 часот, во кафе – книжарницата „Буква“ во центарот на Скопје ќе биде отворена еднодневна изложба со уметнички инсталации на македонските уметници Ивана Мирчевска и Дарко Алексовски. Изложбата е дел од проектот „Сегашно минато“/Present Past, кој се реализира под менторство на познатиот уметник Ѓорѓе Јовановиќ. Настанот е дел од регионален проект на Гете-институтите од Југоисточна Европа. Се состои од три „модули“ и конечно обединување, а проектот „Сегашно минато“ како еден од модулите е координиран од Гете-институтот во Хрватска, во соработка со Гете-институтите од Белград, Сараево и Скопје. Уметничката инсталација „Daydream Concrete Utopia“ на Алексовски е интервенција во јавен простор, измислен наратив со низа измислени знамиња како јавни знаци за непозна утопија. Уметникот ја истражува врската помеѓу јавните простори и симболи, а знамињата како означувачи на замислено место се субверзивен обид да се преиспита како се паметат местата и дали се забораваат, како се замислуваат или остануваат нешто непознато, нешто кон кое можеме само да се стремиме. Интерактивната јавна скулптура „Gossips on the futurе“ на Мирчевска, се состои од цилиндричен објект (зоотроп) во кој се поставени слики. Брзото вртење на сликите создава илузија на континуирано движење на пејзажот. Авторката прави обид да креира собирен простор за локалната заедница и со тоа стимулира нови форми на социјална кореографија. “Проектот, „Сегашно минато“ се занимава со културните и политички односи во дел од поранешните југословенски држави: Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија и Србија. Замислен е како низа уметнички реакции на тема сегашност/минато, кои се инспирираат и надополнуваат, создавајќи верижна реакција. Во секоја земја работилниците се организираат под менторство на докажани автори. Па така, уметничките инсталации на Мирчевска и Алексовски, кои денеска ќе можат да се погледнат во „Буква“ се под менторство на Јовановиќ, во Босна и Херцеговина се реализира работилница за фотографија со фотографот Зијах Гафиќ, во Хрватска работилница за раскази со писателот Зоран Жмириќ и во Србија работилница за стрип со Саша Ракезиќ – Зограф“, велат од Гете -институтот во Скопје. Во фокус на проектот е транзицијата низ просторот на поранешна Југославија и нејзиниот одраз во културата, како и со широкиот и често стереотипизиран концепт на Балканот. Земјите од Југославија имаат долга заедничка историја, а процесите на транзиција различно се манифестираат од деведестите години до денес. Со растојание од триесет години, сè уште чувствувајќи ги последиците од тие големи промени, се отвора дијалог да се истражи блиската врска помеѓу минатото и сегашноста. „Сегашно минато“ го истражува нашето разбирање за минатото и поврзаноста меѓу земјите од поранешна Југославија преку уметнички работилници и меѓусебна соработката. Целта на работилниците е да се размислува за транзицијата, која се случи во секоја од земјите, во секој аспект од неа: социјален, економски, интелектуален и емоционален. Идејата е финалните дела создадени на работилниците да ги инспирираат учесниците за идни заеднички проекти.

The post Изложба со уметнички инсталации на уметниците Ивана Мирчевска и Дарко Алексовски во „Буква“ appeared first on Република.

]]>
Во „Буква“ ќе се слави една година од „Поетска епизода“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-bukva-ke-se-slavi-edna-godina-od-poetska-epizoda/ Sat, 17 Jun 2023 13:44:49 +0000 https://republika.mk/?p=652455

Во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје вечерва во 21 часот ќе се одржи новото издание на „Поетска епизода“. Оваа епизода е прв роденден на настанот, а ќе биде одбележана со поетско читање на поезија од поети кои годинава издале нови стихозбирки или нивни збирки добиле македонски преводи.

Во оваа епизода ќе учествуваат интернационалните гости: Ернесто Ередеро дел Кампо од Шпанија, Марио де Роза од Италија и Надија Реброња од Србија и домашните поети Александра Спасеска, Павлина Атанасова, Јосип Коцев и Перица Сарџоски. Настанот ќе биде модериран од младите поети Андреј Медиќ Лазаревски и Марија Велинова, а по читањето Ајнур Касо ќе пушта своја селекција од музика.

The post Во „Буква“ ќе се слави една година од „Поетска епизода“ appeared first on Република.

]]>

Во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје вечерва во 21 часот ќе се одржи новото издание на „Поетска епизода“. Оваа епизода е прв роденден на настанот, а ќе биде одбележана со поетско читање на поезија од поети кои годинава издале нови стихозбирки или нивни збирки добиле македонски преводи. Во оваа епизода ќе учествуваат интернационалните гости: Ернесто Ередеро дел Кампо од Шпанија, Марио де Роза од Италија и Надија Реброња од Србија и домашните поети Александра Спасеска, Павлина Атанасова, Јосип Коцев и Перица Сарџоски. Настанот ќе биде модериран од младите поети Андреј Медиќ Лазаревски и Марија Велинова, а по читањето Ајнур Касо ќе пушта своја селекција од музика.

The post Во „Буква“ ќе се слави една година од „Поетска епизода“ appeared first on Република.

]]>
Младинското неформално здружение за култура „Култура Бета“ слави 3 роденден во „Буква“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mladinskoto-neformalno-zdruzhenie-za-kultura-kultura-beta-slavi-3-rodenden-vo-bukva/ Sat, 11 Feb 2023 15:36:26 +0000 https://republika.mk/?p=607776

Во сабота (11.2.) со почеток во 18:30 во кафе-книжарницата „Буква“ младинското неформално здружение за култура „Култура Бета“ организира настан по повод третиот роденден.

Во рамки на програмата, со почеток во 18:30 ќе се одржи разговор за лирските елементи во романот „Годишни времиња“ на Јулијана Величковска, авторка ќе чита делови од романот, а истиот ќе биде достапен да се купи по промотивна цена.

Во 20 часот ќе се случи и четвртото издание на поетските средби „Поетска епизода“, овојпат насловена како „Од љубовта треба да се пазиме“, а љубовна и еротска поезија ќе читаат поетесите Д.А. Лори, Александра Спасеска, Ива Петревска, Јулијана Величковска и Марија Костиќ од Србија. Модератори на оваа епизода ќе бидат Андреј Медиќ Лазаревски и Калина Качоровска.

Во 22 часот ќе се случи и свирка на младинскиот бенд „Занаду“. Во текот на целата вечер ќе трае изложба на поезија, фотографии и цртежи од 30-тина автори, а во рамки на роденденот ќе биде пуштено во продажба и третото студентско културно списание „Умник“.

Третиот роденден на Култура Бета е посветен на потсетување на симболот на прекината програма и на тоа зошто овој симбол не смее да се појави на уметничките сцени, екрани, галерии. Лицата кои (ќе) се појавуваат над симболот за прекината програма се симболи на будноста и работата на одржувањето на таа уметност. Уметноста која главно ја одржува програмата во живот е алтернативната и независната сцена која неуморно и со години наназад се бори за унапредување на таквата сцена, која се бори за креативност, продуктивност, живост, будност, тоа е таа уметност која не може и не смее да биде прекината! Уметниците кои, пак, го прават сето ова се неуморни борци за унапредувањето на независната сцена која е стожер на културата кај нас.

Водејќи се од идејата за потребата на негување на независната сцена во нашето општество, ентузијастично започнавме создавање мрежа на млади поети, писатели, сликари, фотографи, музичари, колумнисти, екологисти, активисти; започнавме со создавање на платформа за вмрежување на овие уметници и активисти и со создавање простор за нивно полесно, појавно, поприсутно изразување, започнавме со создавање на место каде што уметноста и културата сфатени во најширока смисла ќе добијат простор каде ќе бидат застапувани, негувани и промовирани независно, слободно и вонинституционално. Тргнувајќи од идејата дека постои некоја ‘алфа’ уметност која е комерцијална, институционална и наменета за широки јавни маси – ја создадовме ‘бета’, Култура ẞ, која ќе биде еден од претставниците на вистинската и културна култура, на независната и алтернативна уметност.

Борбата за развој на културна култура и вистинска уметност е заедничка, а љубовта, поддршката, вмрежувањето е клучно за таа борба. Затоа на сите им честитаме што се дел од сцената и што се дел од оваа борба за нејзин развој. На 11ти февруари во Буква со дел од овие луѓе го славиме ова, а во нашата следна, четврта, година најавуваме уште куп настани, отворени можности, идеи, соработки… Никогаш да не се појави знакот на прекината програма!“ велат од Култура Бета во најавата за настанот.

The post Младинското неформално здружение за култура „Култура Бета“ слави 3 роденден во „Буква“ appeared first on Република.

]]>

Во сабота (11.2.) со почеток во 18:30 во кафе-книжарницата „Буква“ младинското неформално здружение за култура „Култура Бета“ организира настан по повод третиот роденден. Во рамки на програмата, со почеток во 18:30 ќе се одржи разговор за лирските елементи во романот „Годишни времиња“ на Јулијана Величковска, авторка ќе чита делови од романот, а истиот ќе биде достапен да се купи по промотивна цена. Во 20 часот ќе се случи и четвртото издание на поетските средби „Поетска епизода“, овојпат насловена како „Од љубовта треба да се пазиме“, а љубовна и еротска поезија ќе читаат поетесите Д.А. Лори, Александра Спасеска, Ива Петревска, Јулијана Величковска и Марија Костиќ од Србија. Модератори на оваа епизода ќе бидат Андреј Медиќ Лазаревски и Калина Качоровска. Во 22 часот ќе се случи и свирка на младинскиот бенд „Занаду“. Во текот на целата вечер ќе трае изложба на поезија, фотографии и цртежи од 30-тина автори, а во рамки на роденденот ќе биде пуштено во продажба и третото студентско културно списание „Умник“. Третиот роденден на Култура Бета е посветен на потсетување на симболот на прекината програма и на тоа зошто овој симбол не смее да се појави на уметничките сцени, екрани, галерии. Лицата кои (ќе) се појавуваат над симболот за прекината програма се симболи на будноста и работата на одржувањето на таа уметност. Уметноста која главно ја одржува програмата во живот е алтернативната и независната сцена која неуморно и со години наназад се бори за унапредување на таквата сцена, која се бори за креативност, продуктивност, живост, будност, тоа е таа уметност која не може и не смее да биде прекината! Уметниците кои, пак, го прават сето ова се неуморни борци за унапредувањето на независната сцена која е стожер на културата кај нас. Водејќи се од идејата за потребата на негување на независната сцена во нашето општество, ентузијастично започнавме создавање мрежа на млади поети, писатели, сликари, фотографи, музичари, колумнисти, екологисти, активисти; започнавме со создавање на платформа за вмрежување на овие уметници и активисти и со создавање простор за нивно полесно, појавно, поприсутно изразување, започнавме со создавање на место каде што уметноста и културата сфатени во најширока смисла ќе добијат простор каде ќе бидат застапувани, негувани и промовирани независно, слободно и вонинституционално. Тргнувајќи од идејата дека постои некоја ‘алфа’ уметност која е комерцијална, институционална и наменета за широки јавни маси – ја создадовме ‘бета’, Култура ẞ, која ќе биде еден од претставниците на вистинската и културна култура, на независната и алтернативна уметност. Борбата за развој на културна култура и вистинска уметност е заедничка, а љубовта, поддршката, вмрежувањето е клучно за таа борба. Затоа на сите им честитаме што се дел од сцената и што се дел од оваа борба за нејзин развој. На 11ти февруари во Буква со дел од овие луѓе го славиме ова, а во нашата следна, четврта, година најавуваме уште куп настани, отворени можности, идеи, соработки… Никогаш да не се појави знакот на прекината програма!“ велат од Култура Бета во најавата за настанот.

The post Младинското неформално здружение за култура „Култура Бета“ слави 3 роденден во „Буква“ appeared first on Република.

]]>
Хаику, оригами, изложба и концерт во „Буква“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/haiku-origami-izlozba-i-koncert-vo-bukva/ Mon, 20 Jun 2022 08:35:44 +0000 https://republika.mk/?p=517491

Вечерва во 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи настан на кој организаторот, Japan@mk ќе претстави дел од јапонската култура и естетика во Македонија.

Продолжуваме со промоција на јапонска култура во Македонија и овој настан ќе го искористиме да го испратиме нашиот драг помагач и донатор Такеши Мацунага. Тој пред да се врати во земјата на изгрејсонцето, ќе ни презентира уште една специфична традиционална јапонска церемонија, овој пат на мириси, наречена Кодо, вели организаторот.

Планирано е да се чита хаику поезија од Николина Андова Шопова, Владимир Мартиновски и
Искра Донева. Присутните може да се запознаат со кинцуги колекцијата на Надица Атанасова, Мила Симовска ќе презентира како се прави модуларен оригами модел.
Бендот„Rolling Ethnos“ при институтот за етнологија и антропологија на ПМФ ќе имаат специјална акустична изведба.

The post Хаику, оригами, изложба и концерт во „Буква“ appeared first on Република.

]]>

Вечерва во 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи настан на кој организаторот, Japan@mk ќе претстави дел од јапонската култура и естетика во Македонија.
Продолжуваме со промоција на јапонска култура во Македонија и овој настан ќе го искористиме да го испратиме нашиот драг помагач и донатор Такеши Мацунага. Тој пред да се врати во земјата на изгрејсонцето, ќе ни презентира уште една специфична традиционална јапонска церемонија, овој пат на мириси, наречена Кодо, вели организаторот.
Планирано е да се чита хаику поезија од Николина Андова Шопова, Владимир Мартиновски и Искра Донева. Присутните може да се запознаат со кинцуги колекцијата на Надица Атанасова, Мила Симовска ќе презентира како се прави модуларен оригами модел. Бендот„Rolling Ethnos“ при институтот за етнологија и антропологија на ПМФ ќе имаат специјална акустична изведба.

The post Хаику, оригами, изложба и концерт во „Буква“ appeared first on Република.

]]>
Промоцијата на романот „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски вечерва во „Буква“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocijata-na-romanot-nokjite-koga-zaspivavme-vo-pompeja-od-davor-stojanovski-vecherva-vo-bukva/ Fri, 20 May 2022 11:45:52 +0000 https://republika.mk/?p=504770

Вечерва во кафе-книжарницата „Буква“ во 20 часот ќе се одржи промоцијата на романот „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски, во издание на „Или-или“. Промоторка на книгата ќе биде писателката Николина Андова-Шопова. Романот влезе во најтесниот круг за наградата „Роман на годината 2021“ на Фондацијата „Славко Јаневски“.

Давор Стојановски напишал сјаен роман! Возбудлива и непредвидлива приказна, прецизна нарација со брилијантно чувство за ритам и драматургија, со одлично изградена атмосфера и ликови, со вешто вклопени контемплативни прелевања (некои од нив антологиски парчиња). Му посакувам (и предвидувам) голем успех. Топла препорака“. Николина Андова-Шопова

Давор Стојановски (1987, Скопје) е писател, поет, преведувач и музичар. Магистрирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Неговите дела се застапени во домашни и во странски антологии. Неговиот прв роман „Ненасловена месечева соната“ (2013) влезе во потесниот круг за наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“, а со вториот роман „Собирачи на пепел“ (2016) стана лауреат. Третиот роман „Утеха за голите“ (2018) беше номиниран за Наградата за литература на ЕУ за 2020 година.

The post Промоцијата на романот „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски вечерва во „Буква“ appeared first on Република.

]]>

Вечерва во кафе-книжарницата „Буква“ во 20 часот ќе се одржи промоцијата на романот „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски, во издание на „Или-или“. Промоторка на книгата ќе биде писателката Николина Андова-Шопова. Романот влезе во најтесниот круг за наградата „Роман на годината 2021“ на Фондацијата „Славко Јаневски“.
Давор Стојановски напишал сјаен роман! Возбудлива и непредвидлива приказна, прецизна нарација со брилијантно чувство за ритам и драматургија, со одлично изградена атмосфера и ликови, со вешто вклопени контемплативни прелевања (некои од нив антологиски парчиња). Му посакувам (и предвидувам) голем успех. Топла препорака“. Николина Андова-Шопова
Давор Стојановски (1987, Скопје) е писател, поет, преведувач и музичар. Магистрирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Неговите дела се застапени во домашни и во странски антологии. Неговиот прв роман „Ненасловена месечева соната“ (2013) влезе во потесниот круг за наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“, а со вториот роман „Собирачи на пепел“ (2016) стана лауреат. Третиот роман „Утеха за голите“ (2018) беше номиниран за Наградата за литература на ЕУ за 2020 година.

The post Промоцијата на романот „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски вечерва во „Буква“ appeared first on Република.

]]>
Промоција на романот „Најосаменото место“ од Симеон Јанков вечерва во „Буква“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-romanot-najosamenoto-mesto-od-simeon-jankov-vecherva-vo-bukva/ Wed, 27 Apr 2022 07:52:48 +0000 https://republika.mk/?p=494137

Со почеток во 20 часот во среда (27 април) во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоција на романот „Најосаменото место“ од Симеон Јанков во издание на „Или-Или“.

Промоторка на романот е Фросина Пармаковска. Taa вели дека ова е роман за вртоглавите патувања низ најмрачните сокаци во човековата психа, за најосаменото место каде животот го вперува своето огледало во смртта, а смртта испушта еликсир што ја опива душата со љубовта кон „мртвата сакана“.

Главниот лик е плетач на приказни, сонувач на минати времиња, гледач на неми филмови, собирач на трепки и на мртви љубови и конечно, цртач на извонредно тенки линии помеѓу она што вистински е и она што само така изгледа. Одлично изграден лик, по малку чудак, по малку мрачен, по малку фантазер, но исклучително несекојдневен и интригантен лик кој во комбинација со занимливата приказна и прекрасниот начин на нејзино раскажување од самиот лик (роман во 1во лице) го произвеле „најосаменото место“ како уникатна must-see дестинација што топло ја препорачувам. Симеон Јанков, е веќе потврден раскажувачки водич кој има, и тоа како, што да каже, што да покаже и извонредно креативни начини како да го поведе читателот во неповторлива книжевна авантура!“, објаснува Пармаковска.

Инаку, Јанков дипломирал Македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Тој е автор на романот „Црна шума“, објавен во 2019 година.

The post Промоција на романот „Најосаменото место“ од Симеон Јанков вечерва во „Буква“ appeared first on Република.

]]>

Со почеток во 20 часот во среда (27 април) во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоција на романот „Најосаменото место“ од Симеон Јанков во издание на „Или-Или“. Промоторка на романот е Фросина Пармаковска. Taa вели дека ова е роман за вртоглавите патувања низ најмрачните сокаци во човековата психа, за најосаменото место каде животот го вперува своето огледало во смртта, а смртта испушта еликсир што ја опива душата со љубовта кон „мртвата сакана“.
Главниот лик е плетач на приказни, сонувач на минати времиња, гледач на неми филмови, собирач на трепки и на мртви љубови и конечно, цртач на извонредно тенки линии помеѓу она што вистински е и она што само така изгледа. Одлично изграден лик, по малку чудак, по малку мрачен, по малку фантазер, но исклучително несекојдневен и интригантен лик кој во комбинација со занимливата приказна и прекрасниот начин на нејзино раскажување од самиот лик (роман во 1во лице) го произвеле „најосаменото место“ како уникатна must-see дестинација што топло ја препорачувам. Симеон Јанков, е веќе потврден раскажувачки водич кој има, и тоа како, што да каже, што да покаже и извонредно креативни начини како да го поведе читателот во неповторлива книжевна авантура!“, објаснува Пармаковска.
Инаку, Јанков дипломирал Македонска книжевност и јужнословенски книжевности на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Тој е автор на романот „Црна шума“, објавен во 2019 година.

The post Промоција на романот „Најосаменото место“ од Симеон Јанков вечерва во „Буква“ appeared first on Република.

]]>
Македонски кратки играни филмови вечерва во „Буква“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonski-kratki-igrani-filmovi-vecherva-vo-bukva/ Fri, 01 Apr 2022 07:53:55 +0000 https://republika.mk/?p=481749

Денес (петок) во 18 часот во „Буква“ продолжува проекцијата на македонски кратки играни филмови според селекцијата од истоименото издание на Кинотека на Македонија.

На репертоар се повеќе култни режисерски имиња од домашната филмска уметност.

Во „Буква“ можете редовно да ги најдете сите изданија на Кинотека, како и некои реткости за коишто известуваме тековно.

The post Македонски кратки играни филмови вечерва во „Буква“ appeared first on Република.

]]>

Денес (петок) во 18 часот во „Буква“ продолжува проекцијата на македонски кратки играни филмови според селекцијата од истоименото издание на Кинотека на Македонија.

На репертоар се повеќе култни режисерски имиња од домашната филмска уметност.

Во „Буква“ можете редовно да ги најдете сите изданија на Кинотека, како и некои реткости за коишто известуваме тековно.

The post Македонски кратки играни филмови вечерва во „Буква“ appeared first on Република.

]]>