Букстар 2024 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bukstar-2024/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Oct 2024 09:55:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Букстар 2024 Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bukstar-2024/ 32 32 И читањето и пишувањето се реални, дел се од животот, вели Алесандро Барико, добитник на специјалната награда „BookStar“ X10 за исклучителни достигнувања во литературата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/i-chitaneto-i-pishuvaneto-se-realni-del-se-od-zhivotot-veli-alesandro-bariko-dobitnik-na-spetsijalnata-nagrada-bookstar-x10-za-iskluchitelni-dostignuvana-vo-literaturata/ Fri, 04 Oct 2024 09:55:19 +0000 https://republika.mk/?p=822545

Со настанот „Книжевната метафизика на Алесандро Барико: Метаморфоза на имагинацијата“, кој вклучуваше онлајн-разговор со авторот Алесандро Барико од Италија, синоќа во Скопје се затвори фестивалот на европска литература „Букстар“.

Италијанскиот писател доби специјална награда „BookStar“ X10 за исклучителни достигнувања во литературата. Меѓу другото, тој кажа:

И читањето и пишувањето се реални, дел се од животот. Нешто создаваш. И, ако денес треба да го преиспитам целото мое творештво, сите романи што сум ги напишал, не можам да кажам дека се работи единствено за бегство од реалноста. Не. Туку за специфичен, малку изопачен начин да се насели реалноста. Начин да се биде во реалноста, не да се бега од неа. Начин да се смени однатре. Од долу. Во суштина градиш светови. Кога пишуваш приказна за човек што го црта морето со морска вода, создаваш свет. Таа слика навлегува во колективната имагинација, како што навлегла во мојата. И тогаш светот станува поголем. И бега, веќе не може да го задржат. И мислам се работи за огромен труд да го изградиш тој свет, не само за бегство. Не само мој, туку бездруго и на моите читатели.

Разговорот со него го водеше Владимир Јанковски, а воведна реч имаше професорката Анастасија Ѓурчинова.

„Букстар“ во изминатите десет години се трансформираше во уникатен книжевен спектакл кој во четири фестивалски денови донесе полни сали и полни срца. Тоа е главниот впечаток на учесниците и посетителите на десетото, јубилејно издание на Фестивалот на европска литература, кој се одржуваше од 30 септември до 3 октомври под мотото „Метаморфозис“ или „Преобразба“ а во чест на стогодишнината од смртта на Франц Кафка. Покрај тоа, во исто време се одбележаа и 25 години од постоењето на издавачката куќа „Антолог“, организаторот на овој Фестивал.

Врвни европски автори донесе годинешниот фестивалот: Мирженка Чехова (Чешка), Паола Перети (Италија), Кристијан Новак (Хрватска), Фарук Шехиќ (Босна и Херцеговина), Игор Маројевиќ (Србија), Румена Бужаровска, Жозе Луиш Пејшото (Португалија), Здравка Евтимова (Бугарија) и Јон Калман Стефансон (Исланд), како и Алесандро Барико (Италија). Секако, фестивалот немаше да биде она што е, ако дел од него не беа и бројни домашни автори и уметници.

Покрај авторите, дел од фестивалот беа и реномирани европски издавачи, така што претставниците на издавачките куќи и авторите имаа можност да се сретнат со Надеж Агило (Франција) – извршна директорка на издавачката куќа „Агило“ од Бордо; Тино Шленх (Австрија/Германија) – куратор за книжевната програма на „Културзомер“ – Виена, Австрија; Џорџа Спадони (Италија) – преведувач и надворешен соработник за издавачката куќа „Ботега Еранте“ – Удине, Италија; Манол Пејков (Бугарија) – сопственик на издавачката куќа „Жанет 45“ – Пловдив и на Софиската книжевна агенција – Софија, Бугарија; Бенјамин Лангер – преведувач од македонски на германски јазик и соработник на „Традуки“.

На Анастасија Ѓурчинова и на Бенјамин Лангер им беа врачени наградите „Драги“.
Наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод на македонски јазик ја доби Анастасија Ѓурчинова, за превод од италијански јазик на делото „Интимен живот“ од авторот Николо Аманити во издание на „Антолог“, додека германскиот доктор на науки и преведувач Бенјамин Лангер е добитник на годинашнaта интернационална награда „Драги“ за преводот на романот „Пиреј“ од Петре М. Андреевски, во годината кога се обележува деведесегодишнината од неговото раѓање.

Свечено беше доделена и наградата „Букстар“ 2024 на Јон Калман Стефансон за трилогијата „Помеѓу рајот и пеколот“, а разговор со него водеа Александар Маџаровски и Никола Маџиров. На едно место исландскиот писател се осврна на моќта на книжевноста денес: „Сакам да го сменам светот со пишувањето, сакам да допрам до луѓето.“

Редици за потпишување книги, здравици, променети и проширени видици, изблици на енергија, невидено богата програма, сето тоа е лесно е кога целта е да се постигне највисоко ниво на работа и бренд од кој ќе бидеме сите горди. Метаморфозата можеби е комплицирана, ама потоа срцето сјае како избрусен дијамант. Авторите и публиката на годинешното издание на фестивалот беа избрусени дијаманти. И ќе сјаат во нас уште долго, велат организаторите.

Фестивалот се одржа под слоганот „Преобразба“ и беше поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија, книжевната мрежа Традуки, ЕУ со тебе (Eu with YOU), Амбасадaтa на Германија, издавачката куќа „Антолог“, а одделни настани и гостувања беа реализирани и со поддршка на Амбасадите на Република Чешка и Италија, Културно–информативниот центар на Република Бугарија во Скопје, Италијанскиот институт за култура во Белград, Исландскиот книжевен центар и Институтот за соработка и јазик „Камоеш“. Медиумски покровител на настанот беше Македонската радио телевизија. Визуелниот идентитет беше авторство на Маја Плачкоска, која го изработи и фестивалското видео.

 

The post И читањето и пишувањето се реални, дел се од животот, вели Алесандро Барико, добитник на специјалната награда „BookStar“ X10 за исклучителни достигнувања во литературата appeared first on Република.

]]>

Со настанот „Книжевната метафизика на Алесандро Барико: Метаморфоза на имагинацијата“, кој вклучуваше онлајн-разговор со авторот Алесандро Барико од Италија, синоќа во Скопје се затвори фестивалот на европска литература „Букстар“. Италијанскиот писател доби специјална награда „BookStar“ X10 за исклучителни достигнувања во литературата. Меѓу другото, тој кажа:
И читањето и пишувањето се реални, дел се од животот. Нешто создаваш. И, ако денес треба да го преиспитам целото мое творештво, сите романи што сум ги напишал, не можам да кажам дека се работи единствено за бегство од реалноста. Не. Туку за специфичен, малку изопачен начин да се насели реалноста. Начин да се биде во реалноста, не да се бега од неа. Начин да се смени однатре. Од долу. Во суштина градиш светови. Кога пишуваш приказна за човек што го црта морето со морска вода, создаваш свет. Таа слика навлегува во колективната имагинација, како што навлегла во мојата. И тогаш светот станува поголем. И бега, веќе не може да го задржат. И мислам се работи за огромен труд да го изградиш тој свет, не само за бегство. Не само мој, туку бездруго и на моите читатели.
Разговорот со него го водеше Владимир Јанковски, а воведна реч имаше професорката Анастасија Ѓурчинова. „Букстар“ во изминатите десет години се трансформираше во уникатен книжевен спектакл кој во четири фестивалски денови донесе полни сали и полни срца. Тоа е главниот впечаток на учесниците и посетителите на десетото, јубилејно издание на Фестивалот на европска литература, кој се одржуваше од 30 септември до 3 октомври под мотото „Метаморфозис“ или „Преобразба“ а во чест на стогодишнината од смртта на Франц Кафка. Покрај тоа, во исто време се одбележаа и 25 години од постоењето на издавачката куќа „Антолог“, организаторот на овој Фестивал. Врвни европски автори донесе годинешниот фестивалот: Мирженка Чехова (Чешка), Паола Перети (Италија), Кристијан Новак (Хрватска), Фарук Шехиќ (Босна и Херцеговина), Игор Маројевиќ (Србија), Румена Бужаровска, Жозе Луиш Пејшото (Португалија), Здравка Евтимова (Бугарија) и Јон Калман Стефансон (Исланд), како и Алесандро Барико (Италија). Секако, фестивалот немаше да биде она што е, ако дел од него не беа и бројни домашни автори и уметници. Покрај авторите, дел од фестивалот беа и реномирани европски издавачи, така што претставниците на издавачките куќи и авторите имаа можност да се сретнат со Надеж Агило (Франција) – извршна директорка на издавачката куќа „Агило“ од Бордо; Тино Шленх (Австрија/Германија) – куратор за книжевната програма на „Културзомер“ – Виена, Австрија; Џорџа Спадони (Италија) – преведувач и надворешен соработник за издавачката куќа „Ботега Еранте“ – Удине, Италија; Манол Пејков (Бугарија) – сопственик на издавачката куќа „Жанет 45“ – Пловдив и на Софиската книжевна агенција – Софија, Бугарија; Бенјамин Лангер – преведувач од македонски на германски јазик и соработник на „Традуки“. На Анастасија Ѓурчинова и на Бенјамин Лангер им беа врачени наградите „Драги“. Наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод на македонски јазик ја доби Анастасија Ѓурчинова, за превод од италијански јазик на делото „Интимен живот“ од авторот Николо Аманити во издание на „Антолог“, додека германскиот доктор на науки и преведувач Бенјамин Лангер е добитник на годинашнaта интернационална награда „Драги“ за преводот на романот „Пиреј“ од Петре М. Андреевски, во годината кога се обележува деведесегодишнината од неговото раѓање. Свечено беше доделена и наградата „Букстар“ 2024 на Јон Калман Стефансон за трилогијата „Помеѓу рајот и пеколот“, а разговор со него водеа Александар Маџаровски и Никола Маџиров. На едно место исландскиот писател се осврна на моќта на книжевноста денес: „Сакам да го сменам светот со пишувањето, сакам да допрам до луѓето.“
Редици за потпишување книги, здравици, променети и проширени видици, изблици на енергија, невидено богата програма, сето тоа е лесно е кога целта е да се постигне највисоко ниво на работа и бренд од кој ќе бидеме сите горди. Метаморфозата можеби е комплицирана, ама потоа срцето сјае како избрусен дијамант. Авторите и публиката на годинешното издание на фестивалот беа избрусени дијаманти. И ќе сјаат во нас уште долго, велат организаторите.
Фестивалот се одржа под слоганот „Преобразба“ и беше поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија, книжевната мрежа Традуки, ЕУ со тебе (Eu with YOU), Амбасадaтa на Германија, издавачката куќа „Антолог“, а одделни настани и гостувања беа реализирани и со поддршка на Амбасадите на Република Чешка и Италија, Културно–информативниот центар на Република Бугарија во Скопје, Италијанскиот институт за култура во Белград, Исландскиот книжевен центар и Институтот за соработка и јазик „Камоеш“. Медиумски покровител на настанот беше Македонската радио телевизија. Визуелниот идентитет беше авторство на Маја Плачкоска, која го изработи и фестивалското видео.  

The post И читањето и пишувањето се реални, дел се од животот, вели Алесандро Барико, добитник на специјалната награда „BookStar“ X10 за исклучителни достигнувања во литературата appeared first on Република.

]]>
Вечерва свечено ќе биде доделена наградата BookStar 2024 https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vecherva-svecheno-ke-bide-dodelena-nagradata-bookstar-2024/ Wed, 02 Oct 2024 07:40:43 +0000 https://republika.mk/?p=821571

Вечечрва свечено ќе биде доделена наградата „Букстар“ 2024 на Јон Калман Стефансон од Исланд на Фестивалот на европска литератуа кој го организира издавачката куќа „Антолог“, а потоа следи концерт на Чалгија Саунд Систем, а по повод двата јубилеја – 10 години „Букстар“ и 25 години „Антолог“.

Денот ќе започне со „Книжевно отворање кон Европа – македонско искуство“ – значајната втора конвенција на претставници на издавачкиот сектор во склоп на програмата Publishing Europe Fellowship. Учесници ќе бидат Владимир Мартиновски, Билјана Туџаровска-Ќупева, Живко Грозданоски, Снежана Стојчевска, Тијана Милиќ, како и Надеж Агило (Франција), Џорџија Спадони (Италија), Тино Шленх (Австрија/Германија), Манол Пејков (Бугарија), Бенјамин Лангер (Германија). Настанот ќе се одржи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје, каде што одделни средби со студентите ќе имаат Мирженка Чехова и Паола Перети.

На истото место во 12:30 ќе бидат соопштени и наградите за најдобар превод „Драги“ 2024, а во „Јуроп хаус“ во 16 часот ќе се одржи панел-дискусија „Читајќи го и преведувајќи го Кафка“ во чест на светското одбележување на стогодишнината од смртта на Франц Кафка. Учесници ќе бидат Зорица Николовска, Венко Андоновски, Соња Стојменска-Елзесер, Бенјамин Лангер (Германија), Јасминка Делова-Силјанова и Бобан Здравковски Андреевски.

Следните настани ќе се одржат во „Лабораториум“. Душко Крстевски ќе го одржи поседниот поткаст „Гол ручек“ за ова издание со Игор Маројевиќ, а Александар Маџаровски ќе го води разговорот со Жозе Луиш Пејшото (Португалија) и Здравка Евтимова (Бугарија).

Доделувањето на наградата „Букстар“ 2024 на исландскиот автор Јон Калман Стефансон за трилогијата „Помеѓу рајот и пеколот“ ќе се одржи во 20 часот, а разговорот со него ќе водат Александар Маџаровски и Никола Маџиров.

Вечерта ќе заврши со големиот концерт наречен 10/25 на „Чалгија саунд систем“ кој е отворен за публиката.

Фестивалот се одржува под слоганот „Преобразба“ и е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија, книжевната мрежа Традуки, ЕУ со тебе (Eu with YOU), Амбасадaтa на Германија, издавачката куќа „Антолог“, а одделни настани и гостувања се реализирани и со поддршка на Амбасадите на Република Чешка и Италија, Културно–информативниот центар на Република Бугарија во Скопје, Италијанскиот институт за култура во Белград, Исландскиот книжевен центар и Институтот за соработка и јазик „Камоеш“. Медиумски покровител на настанот е Македонската радио телевизија. Визуелниот идентитет е авторство на Маја Плачкоска, која го изработи и фестивалското видео.

 

The post Вечерва свечено ќе биде доделена наградата BookStar 2024 appeared first on Република.

]]>

Вечечрва свечено ќе биде доделена наградата „Букстар“ 2024 на Јон Калман Стефансон од Исланд на Фестивалот на европска литератуа кој го организира издавачката куќа „Антолог“, а потоа следи концерт на Чалгија Саунд Систем, а по повод двата јубилеја – 10 години „Букстар“ и 25 години „Антолог“. Денот ќе започне со „Книжевно отворање кон Европа – македонско искуство“ – значајната втора конвенција на претставници на издавачкиот сектор во склоп на програмата Publishing Europe Fellowship. Учесници ќе бидат Владимир Мартиновски, Билјана Туџаровска-Ќупева, Живко Грозданоски, Снежана Стојчевска, Тијана Милиќ, како и Надеж Агило (Франција), Џорџија Спадони (Италија), Тино Шленх (Австрија/Германија), Манол Пејков (Бугарија), Бенјамин Лангер (Германија). Настанот ќе се одржи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје, каде што одделни средби со студентите ќе имаат Мирженка Чехова и Паола Перети. На истото место во 12:30 ќе бидат соопштени и наградите за најдобар превод „Драги“ 2024, а во „Јуроп хаус“ во 16 часот ќе се одржи панел-дискусија „Читајќи го и преведувајќи го Кафка“ во чест на светското одбележување на стогодишнината од смртта на Франц Кафка. Учесници ќе бидат Зорица Николовска, Венко Андоновски, Соња Стојменска-Елзесер, Бенјамин Лангер (Германија), Јасминка Делова-Силјанова и Бобан Здравковски Андреевски. Следните настани ќе се одржат во „Лабораториум“. Душко Крстевски ќе го одржи поседниот поткаст „Гол ручек“ за ова издание со Игор Маројевиќ, а Александар Маџаровски ќе го води разговорот со Жозе Луиш Пејшото (Португалија) и Здравка Евтимова (Бугарија). Доделувањето на наградата „Букстар“ 2024 на исландскиот автор Јон Калман Стефансон за трилогијата „Помеѓу рајот и пеколот“ ќе се одржи во 20 часот, а разговорот со него ќе водат Александар Маџаровски и Никола Маџиров. Вечерта ќе заврши со големиот концерт наречен 10/25 на „Чалгија саунд систем“ кој е отворен за публиката. Фестивалот се одржува под слоганот „Преобразба“ и е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија, книжевната мрежа Традуки, ЕУ со тебе (Eu with YOU), Амбасадaтa на Германија, издавачката куќа „Антолог“, а одделни настани и гостувања се реализирани и со поддршка на Амбасадите на Република Чешка и Италија, Културно–информативниот центар на Република Бугарија во Скопје, Италијанскиот институт за култура во Белград, Исландскиот книжевен центар и Институтот за соработка и јазик „Камоеш“. Медиумски покровител на настанот е Македонската радио телевизија. Визуелниот идентитет е авторство на Маја Плачкоска, која го изработи и фестивалското видео.  

The post Вечерва свечено ќе биде доделена наградата BookStar 2024 appeared first on Република.

]]>
Алесандро Барико и Јон Калман Стефансон- лауреати на „Букстар“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/alesandro-bariko-i-jon-kalman-stefanson-laureati-na-bukstar/ Fri, 27 Sep 2024 08:38:56 +0000 https://republika.mk/?p=820128

Фестивалот „Букстар“ ја објави целосната програма за десетото издание и таа вклучува голем број атрактивни настани и импозантни авторски имиња од различни европски држави – Јон Калман Стефансон (Исланд), Алесандро Барико (Италија), Кристијан Новак (Хрватска), Здравка Евтимова (Бугарија), Жозе Луиш Пејшото (Португалија), Игор Маројевиќ (Србија), Паола Перети (Италија), Фарук Шехиќ (Босна и Херцеговина) и Мирженка Чехова (Чешка).

Автор во фокусот од Македонија е Румена Бужаровска која ќе го прогласи фестивалот за отворен, но во програмата учествуваат уште четириесетина македонски писатели, универзитетски професори, критичари, музичари и друг вид претставници од издавачкиот и од културниот сектор.

Поттикнати од јубилејот, годинава за првпат се доделува специјалната наградата „Букстар“ Х10 за исклучителни достигнувања во литературата на Алесандро Барико, со гаранција најпознатиот италијански писател, еден од омилените европски автори, интелектуалец кој стана глобална сензација и човек чие име е звучно како на рок-ѕвезда.

Италијанскиот романсиер, сценарист, литературен и музички критичар, новинар, пијанист, режисер и есеист е роден во Торино во 1958 година. Добитник е на наградата „Вијареџо“ во 1993 година, како и на бројни други награди. Напишал четиринаесет романи, три есеи и голем број на сценарија. Речиси целото негово дело е преведено на македонски јазик и тоа вклучува голем број дела со култен статус – „Свила“, „Замоци на гневот“, „Новеченто“, „Океан Море“, „Мистер Гвин“, „Оваа приказна“, од кои дел се и екранизирани и поставени на театарските сцени. Многу значајна и опсежна е неговата работа на телевизија, во театар и на филм. Наградата BOOKSTAR“ Х10 ја добива за своето севкупно творештво.

 Говориме за автор што со секоја книга освојува некоја нова пишувачка територија и од крајот на 1990-тите години интересот за него не спласнува. Барико остана глас што и кога пишува различно од своите првични романи, повторно е свеж и иновативен. Тој е вечна метаморфоза на имагинацијата и на нејзините неисцрпни можности. Со оглед на тоа дека неговите патувања во странство веќе четири-пет години се сведени на минимум, Фестивалот „BookStar“ годинава ја има честа да реализира ексклузивно онлајн-учество на еден од најголемите автори на денешнината, повод заради кој наскоро ќе го објавиме и преводот од неговата најнова книга, „Авел“ – велат од „Антолог.

Вториот годинашен лауреат е Јон Калман Стефансон кој се закитува со традиционалната награда „BookStar“ 2024 за трилогијата „Помеѓу рајот и пеколот“. Стефансон (1963) е најзначајниот современ исландски писател и европски автор за кој насекаде се зборува, познат по својата оригинална способност да ги комбинира поезијата и прозата и создавајќи дела кои се длабоко лирични и емотивни. Досега има објавено тринаесет прозни дела, пет поетски збирки и пет преводи на исландски меѓу кои и едно дело на Чарлс Буковски. Во 2017 година, неговиот роман „Рибите немаат нозе“ бил номиниран за Меѓународната награда „Букер“, а четири пати бил номиниран за Литературната награда на нордискиот совет. Неговите дела се преведени на десетина јазици. На македонски јазик се преведени три негови романи: „Помеѓу рајот и пеколот“, „Солзите на ангелите“ и „Срцето на човекот“ и за нив има добиено повеќе награди. Стефансон доаѓа во Скопје после редица настани во различни делови на светот, меѓу кои и големиот Интернационален фестивал на книгата во Будимпешта каде што деновиве е главен почесен гостин.

Фестивалот за европска литература „BookStar“ почетокот на своето јубилејно, десетто издание, ќе го означи в понеделник на 30 септември, а ќе трае до 3 октомври. Настаните ќе се одвиваат во „Лабораториум“, како и на други локации: Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и Europe House – Скопје.

Програмата на фестивалот опфаќа дваесетина настани: разговори со автори, промоции на книги, средби со студенти, панел-дискусии, книжевни читања, креативни работилници поткасти, музички концерти, изложба, стендап шоу, доделување на наградите „Драги“, како и втората фелоушип конвенција „Publishing Europe“. Влезот на сите книжевни настани е бесплатен.

Фестивалскиот слоган, кој секоја година креативно предизвикува на ангажман и размислување, е „Метаморфозис“ или „Преобразба“ и е инспириран од делата на Франц Кафка. Во негова чест ќе се одржи и специјален настан „Читајќи го и преведувајќи го Кафка“.

Преобразбите се еден од најисконските начини врз кои е осмислено човековото постоење. Преобразбите се местото каде што логиката ѝ отстапува место на фантазијата и никој не се буни за тоа. Во годината кога се навршуваат сто години од смртта на Кафка и во која фестивалот го слави својот прв јубилеј со нула на крајот, наоѓаме инспирација во делата што се доволно моќни да го претворат неможното во можно. Делата што ги надминуваат средините од кои потекнуваат. Тоа се дела што се поголеми од моментот и за кои книжевниот свет некогаш е претесен. А овие дела се напишани од автори што ја живеат литературата. И тие сега доаѓаат во Скопје за да доживеат THE METAMORPHOSIS! – велат организаторите.

Покрај писателите, дел од фестивалот ќе бидат и врвни претставници на издавачкиот сектор од Европа: Надеж Агило (Франција) – извршна директорка на издавачката куќа „Агило“ од Бордо; Тино Шленх (Австрија/Германија) – куратор за книжевната програма на „Културно лето“ – Виена; Џорџа Спадони (Италија) – преведувач и надворешен соработник за издавачката куќа „Ботега Еранте“ – Удине; Манол Пејков (Бугарија) – сопственик на издавачката куќа „Жанет 45“ – Пловдив и на Софиската книжевна агенција – Софија, како и преведувачот и универзитетски професор во Берлин, Бенјамин Лангер, инаку годинашен добитник на интернационалната награда „Драги“ за преводот на романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски од македонски на германски јазик.

Во рамки на фестивалот ќе биде соопштен и добитникот на наградата „Драги“ за најдобар превод на македонски јазик. Петте финалисти за 2024 година се Анастасија Ѓурчинова за преводот од италијански на „Интимен живот“ од Николо Аманити; Ѓоко Здравески за преводот од хрватски на „Тројца за картал“ од Миљенко Јерговиќ; Екатерина Бабамова за преводот од англиски на „Градот на победата“ од Салман Ружди; Елисавета Поповска за преводот од француски на „Девојчински спомени“ од Ани Ерно и Ирена Јурчева за преводот од англиски на „Силмарилион“ од Џ. Р. Р. Толкин.

Како и во текот на минатите, така и оваа година „BookStar“ ќе ја надгради соработката со сите чинители за подигнување на свесноста околу селекцијата на отпадот, но и активно учество на публиката во процесот на селекција, а исто така ќе ја продолжи својата мисија како прв книжевен фестивал кој понуди превод на дел од настаните на знаковен јазик. Меѓу другото, годинава ќе бидат испродуцирани и донирани и книги на Брајово писмо, со цел со личен пример да ја поддржиме трансформацијата на нашето општество во инклузивно.

Досега на „Букстар“ учествувале најголемите европски писатели: Славенка Дракулиќ, Наџат ел Хачми, Стефан Хертманс, Игор Штикс, Сјон, Миљенко Јерговиќ, Илја Леонард Фајфер, Јела Кречич Жижек, Михал Вивег, Слободан Шнајдер, Николо Аманити, Светлана Алексиевич, Саша Станишиќ, Евгениј Водолазкин, Ирса Сигурдардотир, Јуси Адлер-Олсен, Хокан Несер и многу други автори од речиси сите европски држави, како и неколку десетици македонски писатели.

Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија, книжевната мрежа Традуки, ЕУ со тебе (Eu with YOU), Амбасадaтa на Германија, издавачката куќа „Антолог“, а одделни настани и гостувања се реализирани и со поддршка на Амбасадите на Република Чешка и Италија, Културно–информативниот центар на Република Бугарија во Скопје, Италијанскиот институт за култура во Белград, Исландскиот книжевен центар и Институтот за соработка и јазик „Камоеш“.

Медиумски покровител на настанот е Македонската радио телевизија. Визуелниот идентитет е авторство на Маја Плачкоска, која го изработи и фестивалското видео.

The post Алесандро Барико и Јон Калман Стефансон- лауреати на „Букстар“ appeared first on Република.

]]>

Фестивалот „Букстар“ ја објави целосната програма за десетото издание и таа вклучува голем број атрактивни настани и импозантни авторски имиња од различни европски држави – Јон Калман Стефансон (Исланд), Алесандро Барико (Италија), Кристијан Новак (Хрватска), Здравка Евтимова (Бугарија), Жозе Луиш Пејшото (Португалија), Игор Маројевиќ (Србија), Паола Перети (Италија), Фарук Шехиќ (Босна и Херцеговина) и Мирженка Чехова (Чешка). Автор во фокусот од Македонија е Румена Бужаровска која ќе го прогласи фестивалот за отворен, но во програмата учествуваат уште четириесетина македонски писатели, универзитетски професори, критичари, музичари и друг вид претставници од издавачкиот и од културниот сектор. Поттикнати од јубилејот, годинава за првпат се доделува специјалната наградата „Букстар“ Х10 за исклучителни достигнувања во литературата на Алесандро Барико, со гаранција најпознатиот италијански писател, еден од омилените европски автори, интелектуалец кој стана глобална сензација и човек чие име е звучно како на рок-ѕвезда. Италијанскиот романсиер, сценарист, литературен и музички критичар, новинар, пијанист, режисер и есеист е роден во Торино во 1958 година. Добитник е на наградата „Вијареџо“ во 1993 година, како и на бројни други награди. Напишал четиринаесет романи, три есеи и голем број на сценарија. Речиси целото негово дело е преведено на македонски јазик и тоа вклучува голем број дела со култен статус – „Свила“, „Замоци на гневот“, „Новеченто“, „Океан Море“, „Мистер Гвин“, „Оваа приказна“, од кои дел се и екранизирани и поставени на театарските сцени. Многу значајна и опсежна е неговата работа на телевизија, во театар и на филм. Наградата BOOKSTAR“ Х10 ја добива за своето севкупно творештво.
 Говориме за автор што со секоја книга освојува некоја нова пишувачка територија и од крајот на 1990-тите години интересот за него не спласнува. Барико остана глас што и кога пишува различно од своите првични романи, повторно е свеж и иновативен. Тој е вечна метаморфоза на имагинацијата и на нејзините неисцрпни можности. Со оглед на тоа дека неговите патувања во странство веќе четири-пет години се сведени на минимум, Фестивалот „BookStar“ годинава ја има честа да реализира ексклузивно онлајн-учество на еден од најголемите автори на денешнината, повод заради кој наскоро ќе го објавиме и преводот од неговата најнова книга, „Авел“ – велат од „Антолог.
Вториот годинашен лауреат е Јон Калман Стефансон кој се закитува со традиционалната награда „BookStar“ 2024 за трилогијата „Помеѓу рајот и пеколот“. Стефансон (1963) е најзначајниот современ исландски писател и европски автор за кој насекаде се зборува, познат по својата оригинална способност да ги комбинира поезијата и прозата и создавајќи дела кои се длабоко лирични и емотивни. Досега има објавено тринаесет прозни дела, пет поетски збирки и пет преводи на исландски меѓу кои и едно дело на Чарлс Буковски. Во 2017 година, неговиот роман „Рибите немаат нозе“ бил номиниран за Меѓународната награда „Букер“, а четири пати бил номиниран за Литературната награда на нордискиот совет. Неговите дела се преведени на десетина јазици. На македонски јазик се преведени три негови романи: „Помеѓу рајот и пеколот“, „Солзите на ангелите“ и „Срцето на човекот“ и за нив има добиено повеќе награди. Стефансон доаѓа во Скопје после редица настани во различни делови на светот, меѓу кои и големиот Интернационален фестивал на книгата во Будимпешта каде што деновиве е главен почесен гостин. Фестивалот за европска литература „BookStar“ почетокот на своето јубилејно, десетто издание, ќе го означи в понеделник на 30 септември, а ќе трае до 3 октомври. Настаните ќе се одвиваат во „Лабораториум“, како и на други локации: Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и Europe House – Скопје. Програмата на фестивалот опфаќа дваесетина настани: разговори со автори, промоции на книги, средби со студенти, панел-дискусии, книжевни читања, креативни работилници поткасти, музички концерти, изложба, стендап шоу, доделување на наградите „Драги“, како и втората фелоушип конвенција „Publishing Europe“. Влезот на сите книжевни настани е бесплатен. Фестивалскиот слоган, кој секоја година креативно предизвикува на ангажман и размислување, е „Метаморфозис“ или „Преобразба“ и е инспириран од делата на Франц Кафка. Во негова чест ќе се одржи и специјален настан „Читајќи го и преведувајќи го Кафка“.
Преобразбите се еден од најисконските начини врз кои е осмислено човековото постоење. Преобразбите се местото каде што логиката ѝ отстапува место на фантазијата и никој не се буни за тоа. Во годината кога се навршуваат сто години од смртта на Кафка и во која фестивалот го слави својот прв јубилеј со нула на крајот, наоѓаме инспирација во делата што се доволно моќни да го претворат неможното во можно. Делата што ги надминуваат средините од кои потекнуваат. Тоа се дела што се поголеми од моментот и за кои книжевниот свет некогаш е претесен. А овие дела се напишани од автори што ја живеат литературата. И тие сега доаѓаат во Скопје за да доживеат THE METAMORPHOSIS! – велат организаторите.
Покрај писателите, дел од фестивалот ќе бидат и врвни претставници на издавачкиот сектор од Европа: Надеж Агило (Франција) – извршна директорка на издавачката куќа „Агило“ од Бордо; Тино Шленх (Австрија/Германија) – куратор за книжевната програма на „Културно лето“ – Виена; Џорџа Спадони (Италија) – преведувач и надворешен соработник за издавачката куќа „Ботега Еранте“ – Удине; Манол Пејков (Бугарија) – сопственик на издавачката куќа „Жанет 45“ – Пловдив и на Софиската книжевна агенција – Софија, како и преведувачот и универзитетски професор во Берлин, Бенјамин Лангер, инаку годинашен добитник на интернационалната награда „Драги“ за преводот на романот „Пиреј“ на Петре М. Андреевски од македонски на германски јазик. Во рамки на фестивалот ќе биде соопштен и добитникот на наградата „Драги“ за најдобар превод на македонски јазик. Петте финалисти за 2024 година се Анастасија Ѓурчинова за преводот од италијански на „Интимен живот“ од Николо Аманити; Ѓоко Здравески за преводот од хрватски на „Тројца за картал“ од Миљенко Јерговиќ; Екатерина Бабамова за преводот од англиски на „Градот на победата“ од Салман Ружди; Елисавета Поповска за преводот од француски на „Девојчински спомени“ од Ани Ерно и Ирена Јурчева за преводот од англиски на „Силмарилион“ од Џ. Р. Р. Толкин. Како и во текот на минатите, така и оваа година „BookStar“ ќе ја надгради соработката со сите чинители за подигнување на свесноста околу селекцијата на отпадот, но и активно учество на публиката во процесот на селекција, а исто така ќе ја продолжи својата мисија како прв книжевен фестивал кој понуди превод на дел од настаните на знаковен јазик. Меѓу другото, годинава ќе бидат испродуцирани и донирани и книги на Брајово писмо, со цел со личен пример да ја поддржиме трансформацијата на нашето општество во инклузивно. Досега на „Букстар“ учествувале најголемите европски писатели: Славенка Дракулиќ, Наџат ел Хачми, Стефан Хертманс, Игор Штикс, Сјон, Миљенко Јерговиќ, Илја Леонард Фајфер, Јела Кречич Жижек, Михал Вивег, Слободан Шнајдер, Николо Аманити, Светлана Алексиевич, Саша Станишиќ, Евгениј Водолазкин, Ирса Сигурдардотир, Јуси Адлер-Олсен, Хокан Несер и многу други автори од речиси сите европски држави, како и неколку десетици македонски писатели. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Македонија, книжевната мрежа Традуки, ЕУ со тебе (Eu with YOU), Амбасадaтa на Германија, издавачката куќа „Антолог“, а одделни настани и гостувања се реализирани и со поддршка на Амбасадите на Република Чешка и Италија, Културно–информативниот центар на Република Бугарија во Скопје, Италијанскиот институт за култура во Белград, Исландскиот книжевен центар и Институтот за соработка и јазик „Камоеш“. Медиумски покровител на настанот е Македонската радио телевизија. Визуелниот идентитет е авторство на Маја Плачкоска, која го изработи и фестивалското видео.

The post Алесандро Барико и Јон Калман Стефансон- лауреати на „Букстар“ appeared first on Република.

]]>