букет црвени рози Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/buket-tsrveni-rozi/ За подобро да се разбереме Sun, 03 Dec 2023 16:17:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png букет црвени рози Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/buket-tsrveni-rozi/ 32 32 Вучиќ со огромен букет црвени рози ја пречека италијанската премиерка Џорџа Мелони https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchik-so-ogromen-buket-tsrveni-rozi-ja-precheka-italijanskata-premierka-dhordha-meloni/ Sun, 03 Dec 2023 16:17:34 +0000 https://republika.mk/?p=718994

Економските и политичките односи беа во фокус на разговорите на италијанската премиерка Џорџа Мелони со српскиот претседател Алекдандар Вучиќ на денешната средба во Белград, со акцент на евроинтегративните процеси и мигрантската политика, и почетокот на производството на електричното возило „Панда“ на Стелантис во Крагувац, јави дописникот на МИА од Белград.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека за Рим е важно Западен Балкан да се приклучи на европското семејство и дека Србија има стратешко значење за Италија.

Затоа сме тука и ќе продолжиме да бидеме меѓу првите кои го поддржуваат процесот на проширување, не толку проширувањето колку обединувањето на Европа, бидејќи Европа не е клуб каде што се одлучува кој треба да биде таму. Она што европските институции треба да го направат е сериозен и брз процес за да се гарантира дека цела Европа ќе биде обединета, рече Мелони.

Таа потенцираше дека за „Италија е важно Западна Европа да биде дел од семејството на ЕУ и Србија може да смета на поддршката од Италија и во Европскиот совет, со цел да се забрза процесот на приближување кон ЕУ и се она што го бара Европската комисија“.

Знам дека Србија ќе продолжи да има конструктивен пристап во дијалогот за Косово. Италија го поддржува тој процес и ние работиме на реализација на сите обврски што ги презедоа страните, рече Мелони.

Вучиќ на прес-конференцијата рече дека Италија објективно и суштински пристапува кон решавање на проблемите во регионот.

Разговарав со Мелони за сите регионални прашања и европскиот пат на Србија и благодарен сум на премиерката на Италија за суштинската и упорна поддршка на Италија за европскиот пат на Србија, а особено сум благодарен на Мелони што секогаш сакаше да го слушне нашето мислење, да сослуша што има да каже Србија, и што нема едностран пристап кон проблемите во регионот, рече Вучиќ.

Во врска со економската соработка, Вучиќ изрази надеж дека во иднина таа може да биде многу повисоко, особено кога „Стелантис ќе почне да ја произведува електричната „панда“ во Крагуевац“.

Компанијата „Стелантис“ може, покрај производството на „пандата“, ново електрично возило, да биде и генератор на нови инвестиции во автомобилската индустрија, рече Вучиќ.

The post Вучиќ со огромен букет црвени рози ја пречека италијанската премиерка Џорџа Мелони appeared first on Република.

]]>

Економските и политичките односи беа во фокус на разговорите на италијанската премиерка Џорџа Мелони со српскиот претседател Алекдандар Вучиќ на денешната средба во Белград, со акцент на евроинтегративните процеси и мигрантската политика, и почетокот на производството на електричното возило „Панда“ на Стелантис во Крагувац, јави дописникот на МИА од Белград. Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека за Рим е важно Западен Балкан да се приклучи на европското семејство и дека Србија има стратешко значење за Италија.
Затоа сме тука и ќе продолжиме да бидеме меѓу првите кои го поддржуваат процесот на проширување, не толку проширувањето колку обединувањето на Европа, бидејќи Европа не е клуб каде што се одлучува кој треба да биде таму. Она што европските институции треба да го направат е сериозен и брз процес за да се гарантира дека цела Европа ќе биде обединета, рече Мелони.
Таа потенцираше дека за „Италија е важно Западна Европа да биде дел од семејството на ЕУ и Србија може да смета на поддршката од Италија и во Европскиот совет, со цел да се забрза процесот на приближување кон ЕУ и се она што го бара Европската комисија“.
Знам дека Србија ќе продолжи да има конструктивен пристап во дијалогот за Косово. Италија го поддржува тој процес и ние работиме на реализација на сите обврски што ги презедоа страните, рече Мелони.
Вучиќ на прес-конференцијата рече дека Италија објективно и суштински пристапува кон решавање на проблемите во регионот.
Разговарав со Мелони за сите регионални прашања и европскиот пат на Србија и благодарен сум на премиерката на Италија за суштинската и упорна поддршка на Италија за европскиот пат на Србија, а особено сум благодарен на Мелони што секогаш сакаше да го слушне нашето мислење, да сослуша што има да каже Србија, и што нема едностран пристап кон проблемите во регионот, рече Вучиќ.
Во врска со економската соработка, Вучиќ изрази надеж дека во иднина таа може да биде многу повисоко, особено кога „Стелантис ќе почне да ја произведува електричната „панда“ во Крагуевац“.
Компанијата „Стелантис“ може, покрај производството на „пандата“, ново електрично возило, да биде и генератор на нови инвестиции во автомобилската индустрија, рече Вучиќ.

The post Вучиќ со огромен букет црвени рози ја пречека италијанската премиерка Џорџа Мелони appeared first on Република.

]]>
Со букет црвени рози и олдтајмер Виктор Апостоловски отиде по невестата https://arhiva3.republika.mk/zivot/semejstvo/so-buket-tsrveni-rozi-i-oldtajmer-viktor-apostolovski-otide-po-nevestata/ Sat, 17 Jun 2023 15:22:34 +0000 https://republika.mk/?p=652483

Македонскиот пејач Виктор Апостоловски денеска се ожени со својата долгогодишна девојка Милена Доневска. Свадбата е во Битола, од каде што потекнуваат и двајцата.

Виктор, со букет црвени рози тргна по невестата со многу роднини и пријатели, во црвен олдтајмер.

The post Со букет црвени рози и олдтајмер Виктор Апостоловски отиде по невестата appeared first on Република.

]]>

Македонскиот пејач Виктор Апостоловски денеска се ожени со својата долгогодишна девојка Милена Доневска. Свадбата е во Битола, од каде што потекнуваат и двајцата. Виктор, со букет црвени рози тргна по невестата со многу роднини и пријатели, во црвен олдтајмер.  