бујаре абази Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bujare-abazi/ За подобро да се разбереме Sat, 14 Sep 2024 11:38:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бујаре абази Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bujare-abazi/ 32 32 Абази: Фирма фамилијарно поврзана со пратеник од ДУИ добивала тендери од Министерството на Груби https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/abazi-firma-familijarno-povrzana-so-pratenik-od-dui-dobivala-tenderi-od-ministerstvoto-na-grubi/ Sat, 14 Sep 2024 11:38:25 +0000 https://republika.mk/?p=816304

Бујаре Абази од Коалицијата Вреди на пред-конференција изнесе нови обвинувања поврзани со раководењето на кадрите на ДУИ во претходниот мандат.

Абази изјави дека ДУИ ги користеле народните буџетски средства како приватно чекмеџе за остварување политичко влијание. Во мрежата на главниот извршител Артан Груби, рече Абази, се фаќале сите политичари кои ја сфаќаат политиката и како можност за лично и фамилијарно богатење.

Фирмата РИТРОН КОПИ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, чиј сопственик е внук на сопругата на пратеникот Елми Азири, во период од 9 месеци, сметано од јуни 2021 до март 2022, добила два тендера од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците на чие чело беше Артан Груби, главниот логистичар на Али Ахмети. Овие два тендера се однесуваат на набавка на информатичка опрема и нивната вкупна вредност изнесува 2 милиони и осумстотини илјади денари. Ова е втора државна институција под команда на Артан Груби од која истата компанија добила тендери - рече Абази.

Коалицијата Вреди верува дека не е случајно што токму фирмата на внукот на пратеникот Елми Азири имала најповолни понуди за да ги добива тендерите.

Од сите страни пристигнуваат застрашувачки информации за коруптивното поведение на кадрите на Али Ахмети и Зијадин Села. Наша обврска е да ги споделуваме со јавноста. Интересно е да видиме како раководството на таканаречениот Европски Фронт ќе му објаснува на своето членство зошто само одредени луѓе можеле да ги чувствуваат бенефициите од власта - рече Абази.

Коалицијата „Вреди“ најави дека и утре ќе продолжи со изнесување на нови информации поврзани со претходното раководство на Интегративците.

The post Абази: Фирма фамилијарно поврзана со пратеник од ДУИ добивала тендери од Министерството на Груби appeared first on Република.

]]>

Бујаре Абази од Коалицијата Вреди на пред-конференција изнесе нови обвинувања поврзани со раководењето на кадрите на ДУИ во претходниот мандат. Абази изјави дека ДУИ ги користеле народните буџетски средства како приватно чекмеџе за остварување политичко влијание. Во мрежата на главниот извршител Артан Груби, рече Абази, се фаќале сите политичари кои ја сфаќаат политиката и како можност за лично и фамилијарно богатење.
Фирмата РИТРОН КОПИ ДООЕЛ увоз-извоз Куманово, чиј сопственик е внук на сопругата на пратеникот Елми Азири, во период од 9 месеци, сметано од јуни 2021 до март 2022, добила два тендера од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците на чие чело беше Артан Груби, главниот логистичар на Али Ахмети. Овие два тендера се однесуваат на набавка на информатичка опрема и нивната вкупна вредност изнесува 2 милиони и осумстотини илјади денари. Ова е втора државна институција под команда на Артан Груби од која истата компанија добила тендери - рече Абази.
Коалицијата Вреди верува дека не е случајно што токму фирмата на внукот на пратеникот Елми Азири имала најповолни понуди за да ги добива тендерите.
Од сите страни пристигнуваат застрашувачки информации за коруптивното поведение на кадрите на Али Ахмети и Зијадин Села. Наша обврска е да ги споделуваме со јавноста. Интересно е да видиме како раководството на таканаречениот Европски Фронт ќе му објаснува на своето членство зошто само одредени луѓе можеле да ги чувствуваат бенефициите од власта - рече Абази.
Коалицијата „Вреди“ најави дека и утре ќе продолжи со изнесување на нови информации поврзани со претходното раководство на Интегративците.

The post Абази: Фирма фамилијарно поврзана со пратеник од ДУИ добивала тендери од Министерството на Груби appeared first on Република.

]]>
Рашиди нов директор на МЕПСО, Абази ја презема Македонска пошта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/rashidi-nov-direktor-na-mepso-abazi-ja-prezema-makedonska-poshta/ Tue, 07 Mar 2023 09:31:05 +0000 https://republika.mk/?p=616754

Пратеникот Сурија Рашиди ќе биде предлог за директор на МЕПСО, а Бујаре Абази, поранешната заменичка на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ќе биде новата директорка на „Македонски пошти“, потврдуваат за „Слободен печат“ од Алијанса за Албанците.

Рашиди за директор на МЕПСО ќе дојде на местото на Орхан Муртезани од Алтернатива, откако таа партија излезе од Владата. Нов пратеник од Алијанса за Албанците, на местото на Рашиди ќе биде Ремзи Мехмеди од Кичево.

Абази пак, на директорската позиција ќе го смени Васко Стефанов, откако Алијанса за Албанците стана владин партнер.

Абази е актуелна советничка во Советот на Град Скопје и потпретседателка на Алијанса за Албанците.

The post Рашиди нов директор на МЕПСО, Абази ја презема Македонска пошта appeared first on Република.

]]>

Пратеникот Сурија Рашиди ќе биде предлог за директор на МЕПСО, а Бујаре Абази, поранешната заменичка на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ќе биде новата директорка на „Македонски пошти“, потврдуваат за „Слободен печат“ од Алијанса за Албанците. Рашиди за директор на МЕПСО ќе дојде на местото на Орхан Муртезани од Алтернатива, откако таа партија излезе од Владата. Нов пратеник од Алијанса за Албанците, на местото на Рашиди ќе биде Ремзи Мехмеди од Кичево. Абази пак, на директорската позиција ќе го смени Васко Стефанов, откако Алијанса за Албанците стана владин партнер. Абази е актуелна советничка во Советот на Град Скопје и потпретседателка на Алијанса за Албанците.

The post Рашиди нов директор на МЕПСО, Абази ја презема Македонска пошта appeared first on Република.

]]>
Град Скопје со реакција: Жалиме што Абази одлучи партијата да ја стави пред интересот на градот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/grad-skopje-so-reakcija-zalime-shto-abazi-odluchi-partijata-da-ja-stavi-pred-interesot-na-gradot/ Thu, 29 Sep 2022 12:11:35 +0000 https://republika.mk/?p=555624

По повод оставката на заменик градоначалничката на Град Скопје, Бујаре Абази стигна и реакција од Град Скопје.

Тие велат дека Абази не била партиско решение и на функцијата заменик била назначена како личност која треба да ги застапува интересите на граѓаните.

„Искрено жалиме што Абази одлучи партијата да ја стави пред интересот на градот и скопјани, но тоа е нејзина одлука. Департизацијата во институциите мора да биде постулат врз кој ќе се градат професионални јавни институции, а секој кој партиските интереси ги става над јавниот интерес, јасно е дека не може да функционира во насока на соодветно застапување на скопјани“, додаваат од Град Скопје

The post Град Скопје со реакција: Жалиме што Абази одлучи партијата да ја стави пред интересот на градот appeared first on Република.

]]>

По повод оставката на заменик градоначалничката на Град Скопје, Бујаре Абази стигна и реакција од Град Скопје. Тие велат дека Абази не била партиско решение и на функцијата заменик била назначена како личност која треба да ги застапува интересите на граѓаните.
„Искрено жалиме што Абази одлучи партијата да ја стави пред интересот на градот и скопјани, но тоа е нејзина одлука. Департизацијата во институциите мора да биде постулат врз кој ќе се градат професионални јавни институции, а секој кој партиските интереси ги става над јавниот интерес, јасно е дека не може да функционира во насока на соодветно застапување на скопјани“, додаваат од Град Скопје

The post Град Скопје со реакција: Жалиме што Абази одлучи партијата да ја стави пред интересот на градот appeared first on Република.

]]>
Арсовска во коалиција со ДУИ: Заменик градоначалничката на Град Скопје поднесе оставка https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-vo-koalicija-so-dui-zamenik-gradonachalnichkata-na-grad-skopje-podnese-ostavka/ Thu, 29 Sep 2022 10:13:54 +0000 https://republika.mk/?p=555510

Заменик градоначалничката на Град Скопје Бујаре Абази од Алијанса на Албанците поднесе оставка од функцијата.

– На последните локални избори во Град Скопје ветивме дека ќе ги тргнеме од власт тие кои што наштетија, ограбуваа и им го влошија животот на скопјани, но актуелната градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска, направи две скандалозни прекршувања на договорот и заложбата што ја дадовме пред граѓаните, нагласи Абази, додавајќи дека актуелно раководство нема да ја добие нејзината поддршка.

Ова е само уште една потврда за пишувањата дека Арсовска е влезена во коалиција со ДУИ.

The post Арсовска во коалиција со ДУИ: Заменик градоначалничката на Град Скопје поднесе оставка appeared first on Република.