бујар османи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bujar-osmani/ За подобро да се разбереме Tue, 22 Oct 2024 10:38:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бујар османи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bujar-osmani/ 32 32 Изјавите на Захариева против Македонија: Maкедонскиот јазик е западнобугарски дијалект, Македонизмот е креација на Србија и Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/izjavite-na-zaharieva-protiv-makedonija-makedonskiot-jazik-e-zapadnobugarski-dijalekt-makedonizmot-e-kreatsija-na-srbija-i-rusija/ Tue, 22 Oct 2024 10:31:31 +0000 https://republika.mk/?p=829688

Екатерина Захариева, поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија е нов  комесар на ЕУ за  за истражување и иновации. За Македонија таа е интересна бидејќи беше на чело на бугарската дипломатија oд 2017 до 2021 година кога владата на СДСМ и ДУИ ги направи најголемите отстапки кон источниот сосед чии последици ги чувствуваме и денеска.

Захариева на чело на бугарското МНР имаше чести средби со Бујар Османи и Никола Димитров. На нив,49 годишната Екатерина директно ги навредуваше Македонија и Македонците на што двајцата нејзини колеги премолчуваа или реагираа „колку да се рече“.

Изјавите на Захариева против Македонија и Македонците

Македонскиот јазик е западнобугарски дијалект со србизми

На 16.1 2020 година Захариева и во  интервју за бугарската телевизија Канал 3, зборуваше за македонскиот јазик и историја.

Македонскиот јазик е напишан е во 45-та година, на основа на западнобугарскиот дијалект. Смениле единствено некои… малку граматика, малку додале зборови од еден друг соседен јазик – истакна Захариева.

Македонизмот е креација на Србија и Русија

Македонизмот сам по себе е геополитичка идеја создадена од Белград и Москва. Враќањето на српскиот јазик значи дека сите партии во Македонија, без оглед на нивните политички разлики, се едногласни за ова прашање…, како и за темата за односите со Бугарија“, изјави Захариева за бугарската национална телевизија БТВ на 29 јануари 2021 година.

Треба ли да се напомене дека немаше никаква официјална реакција од тогашните официјални претставници на Македонија.

Во интервју за „Ројтерс“  на 31.1 2020 Захариева ги повика Македонците „да си ги препознаат корените“.

Нашата загриженост е поврзана со постојаните тврдења на Северна македонија кон македонско малцинство во нашата земја. Ако тие ги препознаат корените на нивната нација и јазик, ова ќе заврши-рече Захариева.

Захарова пред неколку недели се најде среде нов скандал.Овој пат темата не беше Македонија туку нејзината канидатура за еврокомесар.

Кај европратениците интерес привлекол фактот што таа нема објаснување за потеклото на парите со кои купила куќа во Софија и вила на Халкидики во Грција во периодот кога  беше министерка за надворешни работи.

Захариева се поврзуваше и  со неколку други афери, меѓу кои и таа од 2018 година за илегално издавање на бугарски државјанства за паричен надомест.

https://republika.mk/vesti/balkan/mrazachkata-na-makedontsite-nema-objasnuvane-za-potekloto-na-imotot-kukite-na-zaharieva-vo-sofija-i-na-halkidiki-gi-zaintrigiraa-evropratenitsite/

The post Изјавите на Захариева против Македонија: Maкедонскиот јазик е западнобугарски дијалект, Македонизмот е креација на Србија и Русија appeared first on Република.

]]>

Екатерина Захариева, поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија е нов  комесар на ЕУ за  за истражување и иновации. За Македонија таа е интересна бидејќи беше на чело на бугарската дипломатија oд 2017 до 2021 година кога владата на СДСМ и ДУИ ги направи најголемите отстапки кон источниот сосед чии последици ги чувствуваме и денеска. Захариева на чело на бугарското МНР имаше чести средби со Бујар Османи и Никола Димитров. На нив,49 годишната Екатерина директно ги навредуваше Македонија и Македонците на што двајцата нејзини колеги премолчуваа или реагираа „колку да се рече“.

Изјавите на Захариева против Македонија и Македонците

Македонскиот јазик е западнобугарски дијалект со србизми

На 16.1 2020 година Захариева и во  интервју за бугарската телевизија Канал 3, зборуваше за македонскиот јазик и историја.

Македонскиот јазик е напишан е во 45-та година, на основа на западнобугарскиот дијалект. Смениле единствено некои… малку граматика, малку додале зборови од еден друг соседен јазик – истакна Захариева.
Македонизмот е креација на Србија и Русија
Македонизмот сам по себе е геополитичка идеја создадена од Белград и Москва. Враќањето на српскиот јазик значи дека сите партии во Македонија, без оглед на нивните политички разлики, се едногласни за ова прашање…, како и за темата за односите со Бугарија“, изјави Захариева за бугарската национална телевизија БТВ на 29 јануари 2021 година.
Треба ли да се напомене дека немаше никаква официјална реакција од тогашните официјални претставници на Македонија. Во интервју за „Ројтерс“  на 31.1 2020 Захариева ги повика Македонците „да си ги препознаат корените“.
Нашата загриженост е поврзана со постојаните тврдења на Северна македонија кон македонско малцинство во нашата земја. Ако тие ги препознаат корените на нивната нација и јазик, ова ќе заврши-рече Захариева.
Захарова пред неколку недели се најде среде нов скандал.Овој пат темата не беше Македонија туку нејзината канидатура за еврокомесар. Кај европратениците интерес привлекол фактот што таа нема објаснување за потеклото на парите со кои купила куќа во Софија и вила на Халкидики во Грција во периодот кога  беше министерка за надворешни работи. Захариева се поврзуваше и  со неколку други афери, меѓу кои и таа од 2018 година за илегално издавање на бугарски државјанства за паричен надомест. https://republika.mk/vesti/balkan/mrazachkata-na-makedontsite-nema-objasnuvane-za-potekloto-na-imotot-kukite-na-zaharieva-vo-sofija-i-na-halkidiki-gi-zaintrigiraa-evropratenitsite/

The post Изјавите на Захариева против Македонија: Maкедонскиот јазик е западнобугарски дијалект, Македонизмот е креација на Србија и Русија appeared first on Република.

]]>
Никола Димитров: Политиката на Бујар Османи беше погрешна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikola-dimitrov-politikata-na-bujar-osmani-beshe-pogreshna/ Fri, 18 Oct 2024 10:20:59 +0000 https://republika.mk/?p=828415

„Бев во МНР и потоа заминав во секретаријатот на Европските прашања во обид да имам поголемо влијаниена домашната агента. Можеби тоа беше погрешен чекор. Од оваа ретроспектива веројатно беше грешка. Ептен избувна ова прашање за Бугарија и еве како се реши, односно не се реши - вели поранешниот МНР Никола Димитров на гостувањето во „Дејли Клик“ на ТВ21.

Според него причина за нерешавање на ова прашање е полиртиката на неговиот наследник Бујар Османи.

Политиката на Бујар Османи била погрешна. Политиката, решенијата, како ова го играше... Ние имавме ситуација кога Бугарија се жалеше дури и јавно како може да се повеќе солидари со земја кандидат, кога ние седиме со вас на маса, ние сме земја кандидат. До таму дојде дој период бидејќи е сосем неразбирлива политиката кон нас. Не дека ние бевме повешти од нив или поважни од нив. Ама политиката им е исклучително погрешна и суштински неевропска.И со Лисабонскиот договор кој што вика ние се гордееме со сите јазици во Европа - вели Димитров

The post Никола Димитров: Политиката на Бујар Османи беше погрешна appeared first on Република.

]]>

„Бев во МНР и потоа заминав во секретаријатот на Европските прашања во обид да имам поголемо влијаниена домашната агента. Можеби тоа беше погрешен чекор. Од оваа ретроспектива веројатно беше грешка. Ептен избувна ова прашање за Бугарија и еве како се реши, односно не се реши - вели поранешниот МНР Никола Димитров на гостувањето во „Дејли Клик“ на ТВ21. Според него причина за нерешавање на ова прашање е полиртиката на неговиот наследник Бујар Османи. Политиката на Бујар Османи била погрешна. Политиката, решенијата, како ова го играше... Ние имавме ситуација кога Бугарија се жалеше дури и јавно како може да се повеќе солидари со земја кандидат, кога ние седиме со вас на маса, ние сме земја кандидат. До таму дојде дој период бидејќи е сосем неразбирлива политиката кон нас. Не дека ние бевме повешти од нив или поважни од нив. Ама политиката им е исклучително погрешна и суштински неевропска.И со Лисабонскиот договор кој што вика ние се гордееме со сите јазици во Европа - вели Димитров

The post Никола Димитров: Политиката на Бујар Османи беше погрешна appeared first on Република.

]]>
Османи со предлог- ако продолжат бугарските блокади, Парламентот да може да ги суспендира уставните измени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-so-predlog-ako-prodolzhat-bugarskite-blokadi-parlamentot-da-mozhe-da-gi-suspendira-ustavnite-izmeni/ Tue, 15 Oct 2024 18:37:16 +0000 https://republika.mk/?p=827305

Поранешниот шеф на македонската дипломатија, Бујар Османи пак со предлог да се воведе клаузула во Законот за спроведување на Уставот.

Тоа би значело дека ако продолжат бугарските блокади на македонскиот евроинтегративен пат и по внесување на Бугарите во Уставот, Парламентот ќе може да ги суспендира уставните измени.

Османи потенцира дека Македонија треба да го исполни овој европски услов, и дека развојувањето на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ не е добро за Македонија.

На предлогот на Османи одговори владината портпаролка, Марија Митева. Му порачаа дека нема кредибилитет да говори на оваа тема и дека се сомневаат во искреноста на неговите намери.

Премиерот претходно најави дека во подготовка е писмо со нови предлози за тоа како да продолжат преговорите со ЕУ.

Опозициската СДСМ, пак, излезе со став дека нема да ја кочи иднината на земјава за политичка корист и дека ќе даде поддршка ако се обезбеди одложена примена на уставните измени.

The post Османи со предлог- ако продолжат бугарските блокади, Парламентот да може да ги суспендира уставните измени appeared first on Република.

]]>

Поранешниот шеф на македонската дипломатија, Бујар Османи пак со предлог да се воведе клаузула во Законот за спроведување на Уставот. Тоа би значело дека ако продолжат бугарските блокади на македонскиот евроинтегративен пат и по внесување на Бугарите во Уставот, Парламентот ќе може да ги суспендира уставните измени. Османи потенцира дека Македонија треба да го исполни овој европски услов, и дека развојувањето на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ не е добро за Македонија. На предлогот на Османи одговори владината портпаролка, Марија Митева. Му порачаа дека нема кредибилитет да говори на оваа тема и дека се сомневаат во искреноста на неговите намери. Премиерот претходно најави дека во подготовка е писмо со нови предлози за тоа како да продолжат преговорите со ЕУ. Опозициската СДСМ, пак, излезе со став дека нема да ја кочи иднината на земјава за политичка корист и дека ќе даде поддршка ако се обезбеди одложена примена на уставните измени.

The post Османи со предлог- ако продолжат бугарските блокади, Парламентот да може да ги суспендира уставните измени appeared first on Република.

]]>
Османи има најмал кредибилитет да зборува за уставните измени, смета Митева https://arhiva3.republika.mk/vesti/osmani-ima-najmal-kredibilitet-da-zboruva-za-ustavnite-izmeni-smeta-miteva/ Tue, 15 Oct 2024 11:50:12 +0000 https://republika.mk/?p=827136

Се сомневаме во искреноста на нивните намери, а поранешниот шеф на дипломатијата најмалку има кредибилитет да зборува за оваа тема, рече денеска владината портпаролка Марија Митева во врска со ставот на Бујар Османи да се донесат уставните измени, но со клаузула според која нема да важат ако Бугарија во наредните пет години продолжува да го блокира нашето членство во ЕУ.

-Ја видовме изјавата на поранешниот шеф на дипломатијата кој со години беше на чело на таа позиција и цениме дека најмалку има кредибилитет да зборува за оваа тема зашто се сомневаме во искреноста на нивните намери при давањето предлози и решенија за состојбата во која се наоѓаме по однос на ова прашање, истакна Митева на прес-конференција.

Одговорајќи на новинарско прашање во кој смисол Владата се сомнева, Митева подвлече дека сомнежот е во однос на тоа „која е намерата во однос на нивните предлози што ги даваат сега како насока на предлог-решенија“.

Османи за ТВ21 денеска рече дека земјава треба да ги реализираме уставните измени преку вметнување клаузула во Законот за спроведување на Уставот.

-Еве, јас одам еден чекор понапред, доколку уставните измени се направат денес, ние слободно можеме во Законот за спроведување на Уставот да вметнеме клаузула со која се вели, доколку во наредните пет години Бугарија продолжува да ја спречува Македонија за работи кои немаат врска со Европската Унија, Парламентот да има право да ги суспендира уставните измени, но тие да стапат на сила сега, истакна Османи

The post Османи има најмал кредибилитет да зборува за уставните измени, смета Митева appeared first on Република.

]]>

Се сомневаме во искреноста на нивните намери, а поранешниот шеф на дипломатијата најмалку има кредибилитет да зборува за оваа тема, рече денеска владината портпаролка Марија Митева во врска со ставот на Бујар Османи да се донесат уставните измени, но со клаузула според која нема да важат ако Бугарија во наредните пет години продолжува да го блокира нашето членство во ЕУ.
-Ја видовме изјавата на поранешниот шеф на дипломатијата кој со години беше на чело на таа позиција и цениме дека најмалку има кредибилитет да зборува за оваа тема зашто се сомневаме во искреноста на нивните намери при давањето предлози и решенија за состојбата во која се наоѓаме по однос на ова прашање, истакна Митева на прес-конференција.
Одговорајќи на новинарско прашање во кој смисол Владата се сомнева, Митева подвлече дека сомнежот е во однос на тоа „која е намерата во однос на нивните предлози што ги даваат сега како насока на предлог-решенија“. Османи за ТВ21 денеска рече дека земјава треба да ги реализираме уставните измени преку вметнување клаузула во Законот за спроведување на Уставот.
-Еве, јас одам еден чекор понапред, доколку уставните измени се направат денес, ние слободно можеме во Законот за спроведување на Уставот да вметнеме клаузула со која се вели, доколку во наредните пет години Бугарија продолжува да ја спречува Македонија за работи кои немаат врска со Европската Унија, Парламентот да има право да ги суспендира уставните измени, но тие да стапат на сила сега, истакна Османи

The post Османи има најмал кредибилитет да зборува за уставните измени, смета Митева appeared first on Република.

]]>
Муцунски ја презеде функцијата министер за надворешни работи од Османи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-ja-prezede-funktsijata-minister-za-nadvoreshni-raboti-od-osmani/ Fri, 28 Jun 2024 11:36:39 +0000 https://republika.mk/?p=791548

Во Министерството за надворешни работи денеска беше извршено примопредавање на функцијата меѓу новоименуваниот министер Тимчо Муцунски и досегашниот министер Бујар Османи.

Од МНР информираа дека Османи му посакал успех на Муцунски во реализацијата на активностите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а Муцунски порачал дека во периодот што следи акцентот ќе биде ставен на забрзување на евроинтегративниот процес на земјава, стратешкото партнерство со САД, како и привлекувањето странски инвестиции.

И покрај многуте предизвици, со посветена работа и решителност ќе бидат постигнати зацртаните цели во предвидената програма за работа на Владата, истакнал Муцунски на средбата.

Претходно, Муцунски му ја предаде функцијата градоначалник на Општина Аеродром на Дејан Митески, кој ќе биде новиот в.д. градоначалник на Општината.

The post Муцунски ја презеде функцијата министер за надворешни работи од Османи appeared first on Република.

]]>

Во Министерството за надворешни работи денеска беше извршено примопредавање на функцијата меѓу новоименуваниот министер Тимчо Муцунски и досегашниот министер Бујар Османи. Од МНР информираа дека Османи му посакал успех на Муцунски во реализацијата на активностите на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а Муцунски порачал дека во периодот што следи акцентот ќе биде ставен на забрзување на евроинтегративниот процес на земјава, стратешкото партнерство со САД, како и привлекувањето странски инвестиции.
И покрај многуте предизвици, со посветена работа и решителност ќе бидат постигнати зацртаните цели во предвидената програма за работа на Владата, истакнал Муцунски на средбата.
Претходно, Муцунски му ја предаде функцијата градоначалник на Општина Аеродром на Дејан Митески, кој ќе биде новиот в.д. градоначалник на Општината.  

The post Муцунски ја презеде функцијата министер за надворешни работи од Османи appeared first on Република.

]]>
Бујар Османи ја испраќа ТВ водителката Бесмира Ејупи на испомош во амбасадата во Германија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bujar-osmani-ja-ispraka-tv-voditelkata-besmira-ejupi-na-ispomosh-vo-ambasadata-vo-germanija/ Sat, 15 Jun 2024 12:04:58 +0000 https://republika.mk/?p=787829

ТВ водителката Бесмира Ејупи која пред две години не успеа да стане конзул, сега доби дипломатска мисија со потпис на министерот за надворешни работи во заминување Бујар Османи, тврдат извори во МНР за порталот Експрес.

Како што објави порталот, министерот за надворешни работи во заминување Бујар Османи денеска потпишал решенија за праќање дипломати на испомош во македонски дипломатски конзуларни претставништва низ светот.

На списокот е и ТВ водителката новинарката Бесмира што тој во 2022 година сакаше да ја прати за Генерален конзул во Њујорк, но се повлече под притисок од јавноста.

Според извори во МНР, објави Експрес, Османи сега потпишал Ејупи да оди една година на испомош во конзулатот во Бон, Германија.

Под притисок од медиумите Османи во септември 2022 година прозна дека Ејупи била префрлена во МНР од Министерството за политички систем кое го водеше Артан Груби.

Тој тогаш рече дека Ејупи била вработена затоа што имало потреба од педесетина нови вработувања заради пензионирање на дел од персоналот.

Прашањето за Бесмира Ејупи стана актуелно откако почнаа да кружат информации дека се размислува за нејзино назначување за конзул во Њујорк и во друг случај кога истовремено била ангажирана и земала плата од Државното правобранителство и неколку општини, а за целиот едногодишен ангажман добила околу 12.000 евра, објави тогаш ТВ21.

The post Бујар Османи ја испраќа ТВ водителката Бесмира Ејупи на испомош во амбасадата во Германија appeared first on Република.

]]>

ТВ водителката Бесмира Ејупи која пред две години не успеа да стане конзул, сега доби дипломатска мисија со потпис на министерот за надворешни работи во заминување Бујар Османи, тврдат извори во МНР за порталот Експрес. Како што објави порталот, министерот за надворешни работи во заминување Бујар Османи денеска потпишал решенија за праќање дипломати на испомош во македонски дипломатски конзуларни претставништва низ светот. На списокот е и ТВ водителката новинарката Бесмира што тој во 2022 година сакаше да ја прати за Генерален конзул во Њујорк, но се повлече под притисок од јавноста. Според извори во МНР, објави Експрес, Османи сега потпишал Ејупи да оди една година на испомош во конзулатот во Бон, Германија. Под притисок од медиумите Османи во септември 2022 година прозна дека Ејупи била префрлена во МНР од Министерството за политички систем кое го водеше Артан Груби. Тој тогаш рече дека Ејупи била вработена затоа што имало потреба од педесетина нови вработувања заради пензионирање на дел од персоналот. Прашањето за Бесмира Ејупи стана актуелно откако почнаа да кружат информации дека се размислува за нејзино назначување за конзул во Њујорк и во друг случај кога истовремено била ангажирана и земала плата од Државното правобранителство и неколку општини, а за целиот едногодишен ангажман добила околу 12.000 евра, објави тогаш ТВ21.

The post Бујар Османи ја испраќа ТВ водителката Бесмира Ејупи на испомош во амбасадата во Германија appeared first on Република.

]]>
Oсмани е загрижен што МТВ и МАНУ се уште не се „северни“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-e-zagrizhen-shto-mtv-i-manu-se-ushte-ne-se-severni/ Thu, 13 Jun 2024 11:54:45 +0000 https://republika.mk/?p=787220

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи порача дека не ни треба кавгаџиска политика и дека, како што ја обвинуваме Грција дека не ги исполнила сите обврски, нив не ги исполнила и Македонија, бидејќи законите за промена на имињата на МРТ и на МАНУ стојат заглавени пет години во Собранието.

Според него, столбот на Преспанскиот договор е давањето поддршка од страна на Грција за нашата интеграција во ЕУ и во НАТО, а таа обврска е исполнета и не треба да се загрозува со споредни прашања. Ако сакаме да најдеме мани, може да најдеме и во односите со САД, рече Османи, апелирајќи да се престане со барањето проблеми таму каде што ги нема. Османи беше експлицитен дека суштинската обврска на Преспанскиот договор е исполнета  од Грција и дека благодарејќи на грчката поддршка Македонија е членка на НАТО и доби датум за преговори со ЕУ.

The post Oсмани е загрижен што МТВ и МАНУ се уште не се „северни“ appeared first on Република.

Oсмани на поранешната грчка амбасадорка во Македонија и ветил дека ќе го почитува Договорот од Преспа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-na-poraneshnata-grchka-ambasadorka-vo-makedonija-i-vetil-deka-ke-go-pochituva-dogovorot-od-prespa/ Thu, 13 Jun 2024 11:39:17 +0000 https://republika.mk/?p=787211

На маргини на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа што се одржува во Скопје, министерот за надворешни работи, Бујар Османи остварил билатерална средба со заменик министерката за надворешни работи на Република Грција, Александра Пападопуло, соопштија од МНР. Пападопуло е поранешна амбасадорка на Грција во Македонија.

Тема на разговор била европската перспектива на Македонија и потребата од натамошна поддршка од страна на Грција.

- Македонија и Грција, како партнери и сојузници треба да играат клучна улога во обезбедувањето на регионалната стабилност. ПСЈИЕ како иницијатива е добра платформа за дијалог и за решавање и разрешување на отворените прашања, истакнал Османи.

Тој додал дека Грција е ценет и силен поддржувач на европската интеграција на Македонија, како и доверлив и значаен сојузник во НАТО.

- Очекуваме оваа поддршка за ЕУ и соработката во НАТО да продолжи да се развива и надградува во наредниот период. Европската интеграција на регионот е од најголемо стратешко значење и споделен интерес за регионалната и целокупната европска безбедност, рекол Османи, се посочува во соопштението од МНР.

На средбата, соговорниците изразиле задоволство од динамиката со која се развиваа односите меѓу двете соседни земји, особено изминативе седум години по потпишувањето на Преспанскиот договор, нагласувајќи ја потребата од негово почитување и целосна имплементација од двете страни

The post Oсмани на поранешната грчка амбасадорка во Македонија и ветил дека ќе го почитува Договорот од Преспа appeared first on Република.

]]>

На маргини на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа што се одржува во Скопје, министерот за надворешни работи, Бујар Османи остварил билатерална средба со заменик министерката за надворешни работи на Република Грција, Александра Пападопуло, соопштија од МНР. Пападопуло е поранешна амбасадорка на Грција во Македонија. Тема на разговор била европската перспектива на Македонија и потребата од натамошна поддршка од страна на Грција. - Македонија и Грција, како партнери и сојузници треба да играат клучна улога во обезбедувањето на регионалната стабилност. ПСЈИЕ како иницијатива е добра платформа за дијалог и за решавање и разрешување на отворените прашања, истакнал Османи. Тој додал дека Грција е ценет и силен поддржувач на европската интеграција на Македонија, како и доверлив и значаен сојузник во НАТО. - Очекуваме оваа поддршка за ЕУ и соработката во НАТО да продолжи да се развива и надградува во наредниот период. Европската интеграција на регионот е од најголемо стратешко значење и споделен интерес за регионалната и целокупната европска безбедност, рекол Османи, се посочува во соопштението од МНР. На средбата, соговорниците изразиле задоволство од динамиката со која се развиваа односите меѓу двете соседни земји, особено изминативе седум години по потпишувањето на Преспанскиот договор, нагласувајќи ја потребата од негово почитување и целосна имплементација од двете страни

The post Oсмани на поранешната грчка амбасадорка во Македонија и ветил дека ќе го почитува Договорот од Преспа appeared first on Република.

]]>
Османи: Нема македонска туку дипломатија на Република Cеверна Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-nema-makedonska-tuku-diplomatija-na-republika-ceverna-makedonija/ Wed, 12 Jun 2024 18:19:39 +0000 https://republika.mk/?p=787022

Според министерот за надворешни работи во заминување, Бујар Османи, придавката македонски може да се користи само во етнички, а не во државен контекст

Министерот за надворешни Бујар Османи работи утре попладне ќе разговара со грчката заменик-министерка за надворешни работи Александра Пападопулу за актуелни билатерални прашања. Таа е во Скопје на состанокот на министрите за надворешни работи, што се одржува по повод македонското едногодишно претседавање со Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). Османи денеска на прес-конференција рече дека досега во МНР не добиле ниту една официјална реакција или нота од Грција поради тоа што претседателката Гордана Сиљановска Давкова го користи името Македонија без придавката Cеверна.

На новинарско прашање дали е забрането да се користи името Македонија според Преспанскиот договор, Османи изјави дека употребата ерга омнес е јасна.

Преспанскиот договор е спореден во однос на уставната обврска што ја имаме сите ние. Уставното име на државата е Република Cеверна Македонија и секоја употреба на друго име е надвор од Уставот. И Мицотакис беше против Преспанскиот, но кога стана премиер, рече: „Јас сè уште сум против, но тоа е меѓународна обврска и мора да го почитувам“. Еве бесплатен совет до Владата, може да сте против, но тоа е дел од Уставот и мора да се почитува, рече Османи.

Во врска со членот 7 од Договорот, каде што се наведува како двете страни може да ги користат термините Македонија и македонски, Османи вели дека нема простор за различни интерпретации.

За придавката, гледам соопштенија од официјални државни институции, каде што претседателката се именува како македонска претседателка. Според Преспански, придавката македонски може да се користи само во етнички контекст, не во државен. Сѐ што е со придавката македонски, се однесува на македонската етничка заедница и треба да се почитуваат тие одредби, бидејќи отвораат нови прашања. Исто е и за името на државата. Најкоректно е да се каже, имаме разлики, но тоа е реалноста. Ако имаат начини да ја сменат реалноста, нека повелат, тоа е демократски процес, но додека не ја сменат, таа треба да се почитува. Може да имате став дека ќе работите да го смените Преспанскиот договор, но дотогаш треба да го почитувате. Но, да не прејудицираме, да почекаме да видиме кој ќе биде ставот на владата, рече Османи.

На новинарско прашање за македонската дипломатија, Османи ја коригираше новинарката и порача дека тоа е дипломатија на Cеверна Македонија.

Според член 7 од Преспанскиот договор, разбирањето на термините Македонија и македонски е различно за двете страни, се однесува на различен историски контекст и културно наследство, при што „за втората страна овие термини ја означуваат нејзината територија, јазик, народ и нивните одлики, со нивната сопствена историја, култура и наследство кои се особено различни од оние на првата страна“.

Мандатарот Христијан Мицкоски, пак, денеска на новинарско барање за коментар на препораките од САД и од Франција да се почитуваат меѓународните договори, рече дека договорите треба да се почитуваат, но тоа е двонасочна улица.

Ние како идна влада го почитуваме Преспанскиот договор, сè што е дел од нашето законодавство, во Устав, се почитува во детали, и тука никој не треба да има никаква дилема. Но, истовремено очекувам и вториот потписник, а тоа е нашиот јужен сосед, да ги почитува. Креиравме документ колку е имплементирано од наша страна, а колку е имплементирано од грчка страна, и планираме да го запознаеме секој оној што е љубопитен да знае колку двете страни го почитуваат билатералниот меѓународен договор, рече Мицкоски.

Тој додаде дека очекува сите наши стратегиски партнери што се дел од такви договори „да ги почитуваат онака како што и ние како држава ги почитуваме“.

The post Османи: Нема македонска туку дипломатија на Република Cеверна Македонија appeared first on Република.

]]>

Според министерот за надворешни работи во заминување, Бујар Османи, придавката македонски може да се користи само во етнички, а не во државен контекст Министерот за надворешни Бујар Османи работи утре попладне ќе разговара со грчката заменик-министерка за надворешни работи Александра Пападопулу за актуелни билатерални прашања. Таа е во Скопје на состанокот на министрите за надворешни работи, што се одржува по повод македонското едногодишно претседавање со Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ). Османи денеска на прес-конференција рече дека досега во МНР не добиле ниту една официјална реакција или нота од Грција поради тоа што претседателката Гордана Сиљановска Давкова го користи името Македонија без придавката Cеверна. На новинарско прашање дали е забрането да се користи името Македонија според Преспанскиот договор, Османи изјави дека употребата ерга омнес е јасна.
Преспанскиот договор е спореден во однос на уставната обврска што ја имаме сите ние. Уставното име на државата е Република Cеверна Македонија и секоја употреба на друго име е надвор од Уставот. И Мицотакис беше против Преспанскиот, но кога стана премиер, рече: „Јас сè уште сум против, но тоа е меѓународна обврска и мора да го почитувам“. Еве бесплатен совет до Владата, може да сте против, но тоа е дел од Уставот и мора да се почитува, рече Османи.
Во врска со членот 7 од Договорот, каде што се наведува како двете страни може да ги користат термините Македонија и македонски, Османи вели дека нема простор за различни интерпретации.
За придавката, гледам соопштенија од официјални државни институции, каде што претседателката се именува како македонска претседателка. Според Преспански, придавката македонски може да се користи само во етнички контекст, не во државен. Сѐ што е со придавката македонски, се однесува на македонската етничка заедница и треба да се почитуваат тие одредби, бидејќи отвораат нови прашања. Исто е и за името на државата. Најкоректно е да се каже, имаме разлики, но тоа е реалноста. Ако имаат начини да ја сменат реалноста, нека повелат, тоа е демократски процес, но додека не ја сменат, таа треба да се почитува. Може да имате став дека ќе работите да го смените Преспанскиот договор, но дотогаш треба да го почитувате. Но, да не прејудицираме, да почекаме да видиме кој ќе биде ставот на владата, рече Османи.
На новинарско прашање за македонската дипломатија, Османи ја коригираше новинарката и порача дека тоа е дипломатија на Cеверна Македонија. Според член 7 од Преспанскиот договор, разбирањето на термините Македонија и македонски е различно за двете страни, се однесува на различен историски контекст и културно наследство, при што „за втората страна овие термини ја означуваат нејзината територија, јазик, народ и нивните одлики, со нивната сопствена историја, култура и наследство кои се особено различни од оние на првата страна“. Мандатарот Христијан Мицкоски, пак, денеска на новинарско барање за коментар на препораките од САД и од Франција да се почитуваат меѓународните договори, рече дека договорите треба да се почитуваат, но тоа е двонасочна улица.
Ние како идна влада го почитуваме Преспанскиот договор, сè што е дел од нашето законодавство, во Устав, се почитува во детали, и тука никој не треба да има никаква дилема. Но, истовремено очекувам и вториот потписник, а тоа е нашиот јужен сосед, да ги почитува. Креиравме документ колку е имплементирано од наша страна, а колку е имплементирано од грчка страна, и планираме да го запознаеме секој оној што е љубопитен да знае колку двете страни го почитуваат билатералниот меѓународен договор, рече Мицкоски.
Тој додаде дека очекува сите наши стратегиски партнери што се дел од такви договори „да ги почитуваат онака како што и ние како држава ги почитуваме“.

The post Османи: Нема македонска туку дипломатија на Република Cеверна Македонија appeared first on Република.

]]>
Османи: Преспанскиот договор е повеќе од договор за името, тоа е договор за стратешка соработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-prespanskiot-dogovor-e-poveke-od-dogovor-za-imeto-toa-e-dogovor-za-strateshka-sorabotka/ Wed, 12 Jun 2024 13:13:27 +0000 https://republika.mk/?p=786958

Министерот за надворешни работи во техничката влада, Бујар Османи, денеска информираше дека на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржува на 13 и 14 јуни во Скопје, ќе присуствува грчката заменик-министерка за надворешни работи, Александра Пападопулу, со која ќе има билатерална средба на која ќе разговараат, како што рече „за сите прашања од билатерален интерес“.

На денешната прес-конференција во МНР по повод Самитот, Османи одговарајќи на новинарски прашања, рече дека Преспанскиот договор е јасен по однос на употребата на името на државата.

- Преспанскиот договор е јасен по однос на „erga omnes“ употребата на името на државата и тој е спореден по однос на уставната обврска што ја имаме сите ние. Уставното име на државата е Република Македонија и секоја употреба на друго име е надвор од Уставот, ирелевантно станува во однос на Преспанскиот договор, рече Османи.

Тој упати, како што рече, „бесплатен совет до Владата“.

- Може да сте биле против, може да сте против, но, тоа е реалност, тоа е дел од нашиот уставен поредок, дел од Уставот и мора да се почитува, рече тој.

Во однос на почитување на одредбите од договорот во врска со употребата на името, Османи потенцираше дека нема простор за различни интерпретации на Преспанскиот договор.

- Согласно Преспанскиот договор придавката македонски може да се користи само во етнички контекст, не во државен. Сè што е македонски се однесува на македонската етничка заедница и оттука мислам дека треба да се почитуваат тие одредби бидејќи отвораат нови прашања. Исто е и по однос на името на државата  и мислам дека најкоректниот однос е да се каже ние можеби имаме, имавме разлики, но, тоа е реалност, рече министерот.

Дополни дека доколку Владата има начин да ја смени реалноста, тоа може да го направи бидејќи, како што рече, е демократски процес, но, нагласи дека додека тоа не го направат, реалноста, односно Уставот, мора да се почитуваат.

- Вие може да имате став дека во иднина ќе работите да го смените името, Преспанскиот договор, како што се вели дека ќе ја сменат преговарачката рамка. Меѓутоа, до тогаш, треба да почитуваат, рече Османи.

Информираш дека немаат добиено никаква официјална реакција од Грција, и рече дека се во комуникација.

- Јас уште дента ставот на МНР го кажав по однос на обврските што двете држави ги имаме од договорот. Преспанскиот договор е повеќе од договор за името, тоа е договор за стратешка соработка, рече тој.

Во однос на позициите на Софија, тој рече дека се не нерелевантни.

- Јасно се утврдени правилата на игра во преговарачката рамка и тие позиции може да бидат за потребите на домашната сцена. Не се влошени, ниту подобрени, но, немаат некое значење во однос на преговарачкиот процес бидејќи јасно се утврдени правилата на игра во тој процес и тоа го прави процесот предвидлив за нас, што е многу важно за земја која што аспирира да стане членка, рече Османи.

На Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) ќе земат учество ќе земат делегациите на 13 учесници на Процесот, претставници на Европската Унија и Регионалниот совет за соработка

The post Османи: Преспанскиот договор е повеќе од договор за името, тоа е договор за стратешка соработка appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи во техничката влада, Бујар Османи, денеска информираше дека на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што се одржува на 13 и 14 јуни во Скопје, ќе присуствува грчката заменик-министерка за надворешни работи, Александра Пападопулу, со која ќе има билатерална средба на која ќе разговараат, како што рече „за сите прашања од билатерален интерес“. На денешната прес-конференција во МНР по повод Самитот, Османи одговарајќи на новинарски прашања, рече дека Преспанскиот договор е јасен по однос на употребата на името на државата. - Преспанскиот договор е јасен по однос на „erga omnes“ употребата на името на државата и тој е спореден по однос на уставната обврска што ја имаме сите ние. Уставното име на државата е Република Македонија и секоја употреба на друго име е надвор од Уставот, ирелевантно станува во однос на Преспанскиот договор, рече Османи. Тој упати, како што рече, „бесплатен совет до Владата“. - Може да сте биле против, може да сте против, но, тоа е реалност, тоа е дел од нашиот уставен поредок, дел од Уставот и мора да се почитува, рече тој. Во однос на почитување на одредбите од договорот во врска со употребата на името, Османи потенцираше дека нема простор за различни интерпретации на Преспанскиот договор. - Согласно Преспанскиот договор придавката македонски може да се користи само во етнички контекст, не во државен. Сè што е македонски се однесува на македонската етничка заедница и оттука мислам дека треба да се почитуваат тие одредби бидејќи отвораат нови прашања. Исто е и по однос на името на државата  и мислам дека најкоректниот однос е да се каже ние можеби имаме, имавме разлики, но, тоа е реалност, рече министерот. Дополни дека доколку Владата има начин да ја смени реалноста, тоа може да го направи бидејќи, како што рече, е демократски процес, но, нагласи дека додека тоа не го направат, реалноста, односно Уставот, мора да се почитуваат.
- Вие може да имате став дека во иднина ќе работите да го смените името, Преспанскиот договор, како што се вели дека ќе ја сменат преговарачката рамка. Меѓутоа, до тогаш, треба да почитуваат, рече Османи.
Информираш дека немаат добиено никаква официјална реакција од Грција, и рече дека се во комуникација. - Јас уште дента ставот на МНР го кажав по однос на обврските што двете држави ги имаме од договорот. Преспанскиот договор е повеќе од договор за името, тоа е договор за стратешка соработка, рече тој. Во однос на позициите на Софија, тој рече дека се не нерелевантни.
- Јасно се утврдени правилата на игра во преговарачката рамка и тие позиции може да бидат за потребите на домашната сцена. Не се влошени, ниту подобрени, но, немаат некое значење во однос на преговарачкиот процес бидејќи јасно се утврдени правилата на игра во тој процес и тоа го прави процесот предвидлив за нас, што е многу важно за земја која што аспирира да стане членка, рече Османи.
На Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) ќе земат учество ќе земат делегациите на 13 учесници на Процесот, претставници на Европската Унија и Регионалниот совет за соработка

The post Османи: Преспанскиот договор е повеќе од договор за името, тоа е договор за стратешка соработка appeared first on Република.

]]>
Османи за последен пат во НАТО како министер https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-za-posleden-pat-vo-nato-kako-minister/ Thu, 30 May 2024 09:08:40 +0000 https://republika.mk/?p=783085

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, патува за Прага каде ќе учествува на неформалниот Состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО.

Во фокусот на разговорите ќе бидат актуелните безбедносни предизвици, понатамошната поддршка за Украина, како и зајакнувањето на одвраќањето и одбраната на Алијансата.

Ќе стане збор и за финалните подготовки и клучните одлуки кои се очекува да бидат усвоени на Самитот на НАТО, што ќе се одржи во јули во Вашингтон.

The post Османи за последен пат во НАТО како министер appeared first on Република.

За Османи владата што ја прави Мицкоски е со „нелегитимни“ Албанци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-osmani-vladata-shto-ja-pravi-mitskoski-e-so-nelegitimni-albantsi/ Fri, 17 May 2024 10:11:49 +0000 https://republika.mk/?p=779130

Министерот за надворешни работи Бујар Османи и натаму смета дека Европскиот фронт ја претставува мнозинската волја на Албанците, а не Вреди која освоила помалку гласови.

„ДУИ е во постојано заседание, емоциите кај албанскиот народ се веќе вжештени и ние повеќе се обидуваме да менаџираме и да контролираме, бидејќи има луѓе кои веќе чувствуваат дека нивниот глас е ништовен. Кој е критериумот за дефинирање на релевантноста? Кој одредува што е малку а што многу, ако не малцинство и мнозинство?“, прашува Османи во интервју за Канал 5.

Османи кажа дека Влада со нелегитимни Албанци и влада без Албанци е исто.

„Влада со нелегитимни Албанци и влада без Албанци е еден ист концепт. Јас ви велам – Милошевиќ го правеше тоа во Косово. Рахман Морина го стави претседател на Косово, а Албанците велеа – кој ти е овој?“, рече Османи.

Потпретседателот на ДУИ посочи дека при состав на влада, не може да функционира моделот на „преферирани Албанци“.

„Ние имавме натпревар со Вреди, тежок натпревар. И победивме. И, чуму таа победа? Зошто мнозинството Албанци одлучија меѓу Европскиот фронт и Вреди, ако нивниот глас е ништовен? Оваа дебата е сериозна. Рамковниот договор воведе механизми за заштита од мајоризација на немнозинските заедници. И ова веќе не е прашање на ДУИ. Ова ќе ги разгневи сите Албанци, заради тоа што тие ќе почнат да чувствуваат дека веќе нивниот глас не важи, дека е ништовен, и тоа ќе отвори многу теми а такви теми не ни се потребни“, додаде тој.

The post За Османи владата што ја прави Мицкоски е со „нелегитимни“ Албанци appeared first on Република.

Ќе лобира ли за прием на Косово? Oсмани во Советот на Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ke-lobira-li-za-priem-na-kosovo-osmani-vo-sovetot-na-evropa/ Thu, 16 May 2024 12:12:38 +0000 https://republika.mk/?p=778840

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе учествува на 133-тата сесија на Комитетот на Министри на Совет на Европа во Стразбур.

Како што соопшти МНР, покрај обраќањето на утрешната сесија, тој вечер ќе учествува на работната вечера на тема „Отпорноста на европскиот проект во време на бројни закани“, организирана од Генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ и претседателката на Комитетот на министри на Лихтенштајн, Доменик Хаслер.

За време на престојот во Стразбур, на маргини на сесијата на Совет на Европа, Османи ќе оствари и бројни средби со негови колеги од различни земји, се додава во соопштението на Министерството.

The post Ќе лобира ли за прием на Косово? Oсмани во Советот на Европа appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе учествува на 133-тата сесија на Комитетот на Министри на Совет на Европа во Стразбур. Како што соопшти МНР, покрај обраќањето на утрешната сесија, тој вечер ќе учествува на работната вечера на тема „Отпорноста на европскиот проект во време на бројни закани“, организирана од Генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ и претседателката на Комитетот на министри на Лихтенштајн, Доменик Хаслер. За време на престојот во Стразбур, на маргини на сесијата на Совет на Европа, Османи ќе оствари и бројни средби со негови колеги од различни земји, се додава во соопштението на Министерството.

The post Ќе лобира ли за прием на Косово? Oсмани во Советот на Европа appeared first on Република.

]]>
Коспонзорството е големо зло: Нашинците од Србија бараат од претседателката Силјановска Македонија да се повече од „спонзорството“ на Резолуцијата за Сребреница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kosponzorstvoto-e-golemo-zlo-nashintsite-od-srbija-baraat-od-pretsedatelkata-siljanovska-makedonija-da-se-poveche-od-sponzorstvoto-na-rezolutsijata-za-srebrenitsa/ Thu, 16 May 2024 09:43:39 +0000 https://republika.mk/?p=778709

Македонците од Србија бараат од претедателката Гордана Силјановска-Давкова да се повлече коспонзорството од Резолуцијата за Србреница во Обединетите нации.

Горан Илијевски, претседател на партијата на Македонците во Србија вели дека новата претседателка мора веднаш да реагира и Македонија да не биде во групата на земји кои се промотори, односно спонзори на оваа срамна резолуција.

Конкретно, тие испратија писмо до претседателката во кое бараат во согласност со нејзините уставни надлежности да се повлече самоволната одлука на министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Османи изјави дека лично донел таква одлука и со ја злоупотреби својата фунција.Тој нема такви ингеренции бидејќи станува збор за техничка влада и во таков случај само претседателот на државата има таква надлежност.. Министерот лична одлука може да носи во кафеана или во партија. Големо зло е коспонзорството. Дали тој го штити националниот или личниот интерес? прашува Илијевски за „Република“.

Згора на тоа, Собранието на Македонија во 2010 година веќе има донесено одлука дека во Сребреница не се случил геноцид туку воено злосторство.

Резолуцијата на Генералното собрание на ОН која не е обрзувачка и со која Србите треба да бидат прогласени за геноциден народ е на дневен ред во четврток.

The post Коспонзорството е големо зло: Нашинците од Србија бараат од претседателката Силјановска Македонија да се повече од „спонзорството“ на Резолуцијата за Сребреница appeared first on Република.

]]>

Македонците од Србија бараат од претедателката Гордана Силјановска-Давкова да се повлече коспонзорството од Резолуцијата за Србреница во Обединетите нации. Горан Илијевски, претседател на партијата на Македонците во Србија вели дека новата претседателка мора веднаш да реагира и Македонија да не биде во групата на земји кои се промотори, односно спонзори на оваа срамна резолуција. Конкретно, тие испратија писмо до претседателката во кое бараат во согласност со нејзините уставни надлежности да се повлече самоволната одлука на министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Османи изјави дека лично донел таква одлука и со ја злоупотреби својата фунција.Тој нема такви ингеренции бидејќи станува збор за техничка влада и во таков случај само претседателот на државата има таква надлежност.. Министерот лична одлука може да носи во кафеана или во партија. Големо зло е коспонзорството. Дали тој го штити националниот или личниот интерес? прашува Илијевски за „Република“.
Згора на тоа, Собранието на Македонија во 2010 година веќе има донесено одлука дека во Сребреница не се случил геноцид туку воено злосторство. Резолуцијата на Генералното собрание на ОН која не е обрзувачка и со која Србите треба да бидат прогласени за геноциден народ е на дневен ред во четврток.  

The post Коспонзорството е големо зло: Нашинците од Србија бараат од претседателката Силјановска Македонија да се повече од „спонзорството“ на Резолуцијата за Сребреница appeared first on Република.

]]>
Милошоски: Не е спорно што министерот на заминување Бујар Османи се жали пред дел од странските амбасадори, спорно е што си ја кодоши сопствената држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-ne-e-sporno-shto-ministerot-na-zaminuvane-bujar-osmani-se-zhali-pred-del-od-stranskite-ambasadori-sporno-e-shto-si-ja-kodoshi-sopstvenata-drzhava/ Wed, 15 May 2024 16:40:15 +0000 https://republika.mk/?p=778444

Не е спорно што министерот на заминување Бујар Османи се жали пред дел од странските амбасадори за тоа дека ДУИ станала непожелен субјект на политичката сцена, пишува Антонијо Милоѓоски на својот фесјбук профил.

Спорно е што министерот си ја кодоши сопствената држава и што тоа го прави во МНР, која како државна институција не е местото за вакви субјективни партиски поплаки.

На партиските поплаки местото им во партиското седиште на ДУИ. Или можеби во седиштето на ОБСЕ, каде токму Бујар Османи до вчера ја убедуваше целата домашна и меѓународна јавност дека сите институции се комплетно спремни за организирање на "европски" фер и демократски избори.

The post Милошоски: Не е спорно што министерот на заминување Бујар Османи се жали пред дел од странските амбасадори, спорно е што си ја кодоши сопствената држава appeared first on Република.

Османи: На средба со амбасадори изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-na-sredba-so-ambasadori-izraziv-zagrizhenost-za-kompromitirane-na-izborniot-protses/ Wed, 15 May 2024 11:46:01 +0000 https://republika.mk/?p=778342

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во објава на „Фејсбук“ информира дека на средби со амбасадорите на САД, Германија, Велика Британија и Холандија изразил загриженост за, како што наведува, компромитирањето на изборниот процес.

Ја изразив мојата загриженост во врска со компромитирањето на изборниот процес со произволни одлуки на ДИК со цел да се украде изборната волја со правење политички инженеринг со одлуките за прегласување, пишува во објавата.

Османи укажал и на неопходноста за почитување на Охридскиот и на меѓународните договори, како и на вложувањето во реформската агенда за евроинтеграцискиот процес на државата.

Европскиот фронт предводен од ДУИ обвинува за политички инженеринг во ДИК со цел да им се одземат еден до два пратенички мандати со прифаќањето на приговори за прегласување на одредени избирачки места.

The post Османи: На средба со амбасадори изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во објава на „Фејсбук“ информира дека на средби со амбасадорите на САД, Германија, Велика Британија и Холандија изразил загриженост за, како што наведува, компромитирањето на изборниот процес. Ја изразив мојата загриженост во врска со компромитирањето на изборниот процес со произволни одлуки на ДИК со цел да се украде изборната волја со правење политички инженеринг со одлуките за прегласување, пишува во објавата. Османи укажал и на неопходноста за почитување на Охридскиот и на меѓународните договори, како и на вложувањето во реформската агенда за евроинтеграцискиот процес на државата. Европскиот фронт предводен од ДУИ обвинува за политички инженеринг во ДИК со цел да им се одземат еден до два пратенички мандати со прифаќањето на приговори за прегласување на одредени избирачки места.

The post Османи: На средба со амбасадори изразив загриженост за компромитирање на изборниот процес appeared first on Република.

]]>
MНР на Османи пред заминување ја искара Силјановска што употребува „Македонија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-na-osmani-pred-zaminuvane-ja-iskara-siljanovska-shto-upotrebuva-makedonija/ Mon, 13 May 2024 08:57:17 +0000 https://republika.mk/?p=777500

Министерството за надворешни работи ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на Уставните одредби како и сите меѓународно преземени обврски како што е целосното почитување на Договорот за стратешко партнерство меѓу Република Македонија и Република Грција, познат како Договорот од Преспа.

  • Изминативе седум години, двете соседни земји развија исклучително високо ниво на политички дијалог, кое резултираше и со неколкукратно зголемување на економската соработка и изградбата на позитивни врски меѓу луѓето. Овие придобивки резултираа со членството на земјата во НАТО, Отворање на преговорите со Европската Унија, како и со надградба на Стратешкото партнерство во Стратешки дијалог со САД, се вели во соопштението на МНР.

The post MНР на Османи пред заминување ја искара Силјановска што употребува „Македонија“ appeared first on Република.

„Добро утро победници!“ се оглси Османи на Фејсбук https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dobro-utro-pobednitsi-se-oglsi-osmani-na-fejsbuk/ Thu, 09 May 2024 14:56:11 +0000 https://republika.mk/?p=776436

По завршувањето на изборите, денес на фејсбук се огласи Бујар Османи.

„Добро утро победници!

Двојна победа отколку во 2020. Тогаш 15 спрема 12, сега 19 спрема 13!“, напиша тој.

The post „Добро утро победници!“ се оглси Османи на Фејсбук appeared first on Република.

]]>

По завршувањето на изборите, денес на фејсбук се огласи Бујар Османи.
„Добро утро победници! Двојна победа отколку во 2020. Тогаш 15 спрема 12, сега 19 спрема 13!“, напиша тој.

The post „Добро утро победници!“ се оглси Османи на Фејсбук appeared first on Република.

]]>
Боемот: „Победник со победник“ е завршена работа – ДУИ оди во опозиција! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/boemot-pobednik-so-pobednik-e-zavrshena-rabota-dui-odi-vo-opozitsija/ Fri, 03 May 2024 09:32:07 +0000 https://republika.mk/?p=773710

Во текот на вчерашниот ден сите бевме сведоци на жестока реторика од Бујар Османи кој немоќно велеше дека ДУИ по секоја цена ќе биде дел од новата влада.

На оваа прес-конференција на Бујар Османи реагираше и Никола Николовски – Боемот кој вели дека ДУИ мора да отиде во опозиција.

„Победник со победник“ е завршена работа – ДУИ оди во опозиција!
ДУИ пред одење во опозиција по цели 16 години. Бујар Османи нервозен на прес-конференција се повикува на правилото „Победник со победник“, со арогантен тон им вели на новинарите „да ви нацртам“. Ретка слики за нашето општество, да се гледа ДУИ пред колапс.

Да разјасниме. ДУИ сега го сркаат тоа што го дробеле. Самите го уништија правилото на кое сега се повикуваат.
Мајскиот договор или принципот „победник со победник“ не постојат веќе, бидејќи ДУИ го прекршија во 2016 година. Тоа е завршена работа, одлуката на победникот во 2016, ДУИ, да не направи коалиција со ВМРО-ДПМНЕ го напушти тој концепт. Барањето на партнери од едната или другата страна ќе зависи од минимум принципи и од мнозинството на гласови како ќе се формира. Речиси на сите ни е јасно дека новата влада ќе биде меѓу ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозиција.

Како и да е, на 8 мај да излеземе и да го довршиме она што го почнавме на 24 април. Да излеземе и да гласаме против погубните анти-македонски политики. Да гласаме за ДУИ конечно да отиде во опозиција.

Боемот 2.0

The post Боемот: „Победник со победник“ е завршена работа – ДУИ оди во опозиција! appeared first on Република.

]]>

Во текот на вчерашниот ден сите бевме сведоци на жестока реторика од Бујар Османи кој немоќно велеше дека ДУИ по секоја цена ќе биде дел од новата влада. На оваа прес-конференција на Бујар Османи реагираше и Никола Николовски – Боемот кој вели дека ДУИ мора да отиде во опозиција.
„Победник со победник“ е завршена работа – ДУИ оди во опозиција! ДУИ пред одење во опозиција по цели 16 години. Бујар Османи нервозен на прес-конференција се повикува на правилото „Победник со победник“, со арогантен тон им вели на новинарите „да ви нацртам“. Ретка слики за нашето општество, да се гледа ДУИ пред колапс. Да разјасниме. ДУИ сега го сркаат тоа што го дробеле. Самите го уништија правилото на кое сега се повикуваат. Мајскиот договор или принципот „победник со победник“ не постојат веќе, бидејќи ДУИ го прекршија во 2016 година. Тоа е завршена работа, одлуката на победникот во 2016, ДУИ, да не направи коалиција со ВМРО-ДПМНЕ го напушти тој концепт. Барањето на партнери од едната или другата страна ќе зависи од минимум принципи и од мнозинството на гласови како ќе се формира. Речиси на сите ни е јасно дека новата влада ќе биде меѓу ВМРО-ДПМНЕ и албанската опозиција. Како и да е, на 8 мај да излеземе и да го довршиме она што го почнавме на 24 април. Да излеземе и да гласаме против погубните анти-македонски политики. Да гласаме за ДУИ конечно да отиде во опозиција. Боемот 2.0

The post Боемот: „Победник со победник“ е завршена работа – ДУИ оди во опозиција! appeared first on Република.

]]>
Силјановска-Давкова: Нема потреба од двојно мнозинство за формирање Влада и ние треба да имаме Влада како сите во ЕУ, а тоа најмногу треба да го заговараат оние кои се декларираат со придавката европски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-nema-potreba-od-dvojno-mnozinstvo-za-formirane-vlada-i-nie-treba-da-imame-vlada-kako-site-vo-eu-a-toa-najmnogu-treba-da-go-zagovaraat-onie-koi-se-deklariraat-so-pridavkata-evropski/ Thu, 02 May 2024 21:01:18 +0000 https://republika.mk/?p=773656

Министерот за внатрешни работи Бујар Османи, денеска кажа дека за Влада е потребно двојно мнозинство, односно обично и Бадентер.

На ова одговори Гордана Силјановска – Давкова, кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

На изборите има само еден победник, нема двајца победници, ниту имало, ниту треба да има, а двојно мнозинство се употребува во исклучителни ситуации кога се носат закони или се решаваат прашања кои се директно врзани за културата и идентитетот на сите сегменти. Формирањето на Владата не е такво прашање, и ние треба да имаме Влада како сите во ЕУ, а тоа најмногу треба да го заговараат оние кои се декларираат со придавката европски. Во владата треба да има место за Албанците, но и останатите етнички заедници, јас од секогаш сум го велела тоа“, изјави Силјановска-Давкова.

The post Силјановска-Давкова: Нема потреба од двојно мнозинство за формирање Влада и ние треба да имаме Влада како сите во ЕУ, а тоа најмногу треба да го заговараат оние кои се декларираат со придавката европски appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Бујар Османи, денеска кажа дека за Влада е потребно двојно мнозинство, односно обично и Бадентер. На ова одговори Гордана Силјановска – Давкова, кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.