бугарско вето Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarsko-veto/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Aug 2023 07:51:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бугарско вето Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarsko-veto/ 32 32 Дури ни САД не тврдат дека нема да има ново бугарско вето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/duri-ni-sad-ne-tvrdat-deka-nema-da-ima-novo-bugarsko-veto/ Tue, 08 Aug 2023 06:19:19 +0000 https://republika.mk/?p=669795

Ги охрабруваме владите на Македонија и Бугарија да продолжат со нивниот билатерален дијалог за решавање на разликите, изјави за Гласот на Америка на македонски јазик портпарол на Стејт департментот, на прашањето дали САД добиле некакви гаранции од бугарските партнери дека нема да има ново вето за македонските евроинтеграции откако би се усвоиле уставните измени.

- САД силно ја поддржуваат целосната интеграција на Македонија во Европската Унија. Европска Унија што го вклучува целиот Западен Балкан, вклучително и Македонија, ќе биде посилна и попросперитетна. Ги охрабруваме владите на Македонија и Бугарија да продолжат со нивниот билатерален дијалог за решавање на разликите, исполнување на претходните договори и поддршка на брзиот пристап на Македонија, се вели во изјавата од Стејт департментот.

Специјалниот претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар, на дебата за регионот во Конгресот минатиот месец, рече дека САД се ангажирани со новата бугарска влада да се осигураат дека нема да има нови барања откако државата ќе ги исполни обврските од постоечките договори.

- За да ги продолжи своите аспирации за ЕУ, Владата на Македонија се обврза да донесе уставни измени за признавање на бугарското малцинство. Силно го поддржуваме овој тежок, но неопходен чекор, рече Ескобар пред Конгресот неодамна.

Седницата за првата фаза на уставните измени, односно за гласањето за потребата од промени на Уставот, е закажана за 18 август.

The post Дури ни САД не тврдат дека нема да има ново бугарско вето appeared first on Република.

]]>

Грчева: Треба да си со ампутиран мозок да веруваш дека „жими мајка, ќе нема нови блокади“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grcheva-treba-da-si-so-amputiran-mozok-da-veruvash-deka-zhimi-majka-ke-nema-novi-blokadi/ Fri, 14 Jul 2023 08:47:24 +0000 https://republika.mk/?p=661193

Треба да си со ампутиран мозок, па да поверуваш на ваквите „жими мајка“ ветувања, вели Солза Грчева за вчерашните изјави на евроспките министри кои во Скопје со порачаа дека Македонија треба да направи уставни измени, а другите земји ќе направат сè за да нема веќе нови барања од Бугарија.

„Ќе направиме се што е во наша моќ да не добивате нови блокади“ - министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и Словачка!
На ваквата фраза можам само да се изнасмеам. НЕ МОЖАТ НИШТО.
Турција отвори 26 од 33 поглавја и доби вето (вета) од Кипар кој едвај се гледа на карта. Во 2019 ги прекина преговорите. Турција, втора армија во НАТО.
Треба да си со ампутиран мозок, па да поверуваш на ваквите „жими мајка“ ветувања, порача Грчева.

The post Грчева: Треба да си со ампутиран мозок да веруваш дека „жими мајка, ќе нема нови блокади“ appeared first on Република.

]]>

Треба да си со ампутиран мозок, па да поверуваш на ваквите „жими мајка“ ветувања, вели Солза Грчева за вчерашните изјави на евроспките министри кои во Скопје со порачаа дека Македонија треба да направи уставни измени, а другите земји ќе направат сè за да нема веќе нови барања од Бугарија.
„Ќе направиме се што е во наша моќ да не добивате нови блокади“ - министрите за надворешни работи на Австрија, Чешка и Словачка! На ваквата фраза можам само да се изнасмеам. НЕ МОЖАТ НИШТО. Турција отвори 26 од 33 поглавја и доби вето (вета) од Кипар кој едвај се гледа на карта. Во 2019 ги прекина преговорите. Турција, втора армија во НАТО. Треба да си со ампутиран мозок, па да поверуваш на ваквите „жими мајка“ ветувања, порача Грчева.

The post Грчева: Треба да си со ампутиран мозок да веруваш дека „жими мајка, ќе нема нови блокади“ appeared first on Република.

]]>
EУ не може да ни даде гаранција дека никој нема да стави вето и по уставните измени, вели Давитковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/eu-ne-mozhe-da-ni-dade-garantsija-deka-nikoj-nema-da-stavi-veto-i-po-ustavnite-izmeni-veli-davitkovski/ Thu, 23 Mar 2023 13:54:38 +0000 https://republika.mk/?p=622824

Претпоставувам дека сите високи европски функционери ќе дојдат во Скопје до мај за да нè убедат да ги направиме уставните промени. Иако, нема никаква гаранција дека тоа ќе придонесе за некакви гаранции дека нема да бидеме попречувани на патот кон ЕУ од страна на Бугарија, вели универзитетскиот професор Борче Давитковски во СТУДИО 10 на ТВ 24.

Прво ЕУ не може да ни даде таква гаранција. Не може да и каже на своја членка дека беше доволно и да не става вето. Мене повеќе ме загрижува тоа што се размислува за три круга на ЕУ. Во првиот круг би влегле основачите и првите членки кои ќе одлучуваат, во вториот круг би биле земји како Бугарија и Унгарија кои очигледно им прават проблем, а во третиот круг би биле ние без никакво право на одлучување но со економски привилегии, вели Давитковски.

Тој додава дека неговите очекувања се оние земји кои го полнат буџетот да имаат повеќе моќ за одлучување, а на трошачите да им се лимитираат можностите. Но, вели професорот тоа е нивно внатрешно прашање, а се очекува нешто да се случи на овој план во следните десет години додека ние ги водиме преговорите.

Давитковски вели дека во суштина посетите од странските дипломати треба да ги убедат ВМРО-ДПМНЕ, оти сите други се согласни дека ќе гласаат за уставни измени.

Тој додава дека Бугарија лесно ќе ја убедат со некоја донација.

Ние не оставаме слика на сериозна држава, нам никој веќе не ни верува, вели Давитковски. Тој додава дека кај нас никој не одговарал за лоши политики. -Но, ние си имаме и други сериозни проблеми на кои конечно треба да им се посветиме, а не е само Бугарија проблемот.

The post EУ не може да ни даде гаранција дека никој нема да стави вето и по уставните измени, вели Давитковски appeared first on Република.

]]>

Претпоставувам дека сите високи европски функционери ќе дојдат во Скопје до мај за да нè убедат да ги направиме уставните промени. Иако, нема никаква гаранција дека тоа ќе придонесе за некакви гаранции дека нема да бидеме попречувани на патот кон ЕУ од страна на Бугарија, вели универзитетскиот професор Борче Давитковски во СТУДИО 10 на ТВ 24.
Прво ЕУ не може да ни даде таква гаранција. Не може да и каже на своја членка дека беше доволно и да не става вето. Мене повеќе ме загрижува тоа што се размислува за три круга на ЕУ. Во првиот круг би влегле основачите и првите членки кои ќе одлучуваат, во вториот круг би биле земји како Бугарија и Унгарија кои очигледно им прават проблем, а во третиот круг би биле ние без никакво право на одлучување но со економски привилегии, вели Давитковски.
Тој додава дека неговите очекувања се оние земји кои го полнат буџетот да имаат повеќе моќ за одлучување, а на трошачите да им се лимитираат можностите. Но, вели професорот тоа е нивно внатрешно прашање, а се очекува нешто да се случи на овој план во следните десет години додека ние ги водиме преговорите. Давитковски вели дека во суштина посетите од странските дипломати треба да ги убедат ВМРО-ДПМНЕ, оти сите други се согласни дека ќе гласаат за уставни измени. Тој додава дека Бугарија лесно ќе ја убедат со некоја донација.
Ние не оставаме слика на сериозна држава, нам никој веќе не ни верува, вели Давитковски. Тој додава дека кај нас никој не одговарал за лоши политики. -Но, ние си имаме и други сериозни проблеми на кои конечно треба да им се посветиме, а не е само Бугарија проблемот.

The post EУ не може да ни даде гаранција дека никој нема да стави вето и по уставните измени, вели Давитковски appeared first on Република.

]]>
Герџиков: Не исклучувам вето за Македонија, треба да ги отрезниме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gerdhikov-ne-iskluchuvam-veto-za-makedonija-treba-da-gi-otreznime/ Fri, 03 Feb 2023 20:02:21 +0000 https://republika.mk/?p=604497

Не сакам екстремни мерки, но можеби треба да одиме таму – да наметнеме вето за да се отрезнат овие политичари. Не го исклучувам тоа, изјави поранешниот претседател на Бугарскиот парламент и професор по право, Огњан Герџиков, за бугарската телевизија „Нова“.

Причина за ова, како што објасни Герџиков, е „ескалацијата на тензиите против Бугарите“ во Македонија.

Бугарија не можеше на светот да му ја покаже состојбата на односите и историската вистина со Република Македонија, додека тоа го правеа Македонците. Работите се длабоко вкоренети долго време. Во Македонија се разви посебен шовинизам, антибугарски чувства. Ова е многу деликатна тема, тука е потребен многу дипломатски пристап. Губат повеќе, со оваа конфронтација им се пресекува или барем се одложува патот кон ЕУ. Зошто да отстапиме од имињата на бугарските културни клубови – Ванчо Михаилов и цар Борис Трети?, праша Герџиков.

Според него, постои опасност следниот парламент да го повтори она што се случи досега.

Се надевам дека ова е последна ротација – парламенти за неколку месеци. За жал, не можам да бидам сигурен. Кризата е во немањето дијалог, бидејќи партиската себичност преовладува над националните интереси, вели Герџиков.

The post Герџиков: Не исклучувам вето за Македонија, треба да ги отрезниме appeared first on Република.

]]>

Не сакам екстремни мерки, но можеби треба да одиме таму – да наметнеме вето за да се отрезнат овие политичари. Не го исклучувам тоа, изјави поранешниот претседател на Бугарскиот парламент и професор по право, Огњан Герџиков, за бугарската телевизија „Нова“. Причина за ова, како што објасни Герџиков, е „ескалацијата на тензиите против Бугарите“ во Македонија.
Бугарија не можеше на светот да му ја покаже состојбата на односите и историската вистина со Република Македонија, додека тоа го правеа Македонците. Работите се длабоко вкоренети долго време. Во Македонија се разви посебен шовинизам, антибугарски чувства. Ова е многу деликатна тема, тука е потребен многу дипломатски пристап. Губат повеќе, со оваа конфронтација им се пресекува или барем се одложува патот кон ЕУ. Зошто да отстапиме од имињата на бугарските културни клубови – Ванчо Михаилов и цар Борис Трети?, праша Герџиков.
Според него, постои опасност следниот парламент да го повтори она што се случи досега.
Се надевам дека ова е последна ротација – парламенти за неколку месеци. За жал, не можам да бидам сигурен. Кризата е во немањето дијалог, бидејќи партиската себичност преовладува над националните интереси, вели Герџиков.

The post Герџиков: Не исклучувам вето за Македонија, треба да ги отрезниме appeared first on Република.

]]>
Мицкоски за Бугарија: Згрозен сум од ова килаво однесување на власта, сè голтаат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-za-bugarija-zgrozen-sum-od-ova-kilavo-odnesuvane-na-vlasta-se-goltaat/ Thu, 26 Jan 2023 13:01:41 +0000 https://republika.mk/?p=601283

Навистина можам да кажам дека ова што го гледам е нешто за кое ние предупредувавме дека ќе се случува, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања за ситуацијата со Бугарија после денешната посета на Кисела Вода.

Прво, она кое што вознемирува е фактот дека оваа Влада и покрај сите отстапки, и покрај сето она што беше побарано од оваа Влада, практично сѐ отстапи и сѐ потпиша во интерес на зачувување на своите лични фотелји. Гледаме дека другата страна и покрај сето тоа влегува во еден таканаречен конфликт кој што би го ставил на ниво на една студена војна помеѓу двете држави, бидејќи колку што разбрав, амбасадорот на нашиот источен сосед не е во државава, односно го задржале таму, не го вратиле назад, односно не е дојден тука каде што треба да ја извршува својата амбасадорска позиција. И тоа, го правдаат властите во Софија како револт поради оној настан кој што се случил во Охрид. Тоа е така затоа што кога едната страна попушта се, коленичи, ведне кичма, а другата страна практично добива сѐ, таа страна, во случајов Бугарија мисли дека природно право нејзино е да добие сѐ што ќе побара и на тоа предупредувавме изминатиот период дека тоа не треба да се случува, но за жал имаме политички аналфабети криминалци и корумпирани политичари коишто буквално за да ги задржат своите позиции и да можат уште некој тендер во четири очи да добијат се подготвени сѐ да проголтаат, рече тој.

Но, како што потенцираше, сè ова се прави на товар на македнскиот народ, македонскиот идентитет и на македонските граѓани.

Второ, гледате тие дека функционираат како аналитичари. И Владата и Стево Пендаровски седат и прават анализа, па ќе го слушнете Стево Пендаровски како ќе ви каже дека ова било некаков си заговор, дека овие се некои тајни служби, надворешни влијанија и фактори за дестабилизација на Македонија, а притоа ниту едните ниту другите, после оној состанок што го имаа, Совет за безбедност кај Стево Пендаровски не излегоа кои се тие странски служби кои се тие странски фактори за влијание, кои се практично луѓето кои сакааат да ја дестабилизираат Македонија? Знаете тие добиваат плати ги уживаат привилегиите, затоа што народот ги плаќа да даваат решенија, да даваат одговори на прашањата, а не како аналитичари да коментираат.
Трето, прво почнаа со тезата ќе прогласувале персона нон грата, па потоа се повлекоа што чекаат да дојде 4 февруари па да се случат инциденти па тие луѓе да предизвикаат и провоцираат па од маргинални политичари, буквално естрадни политичари да претворија политички тешкаши сега со овие пинг понг изјави во јавноста, овој Џамбаски како се викаше овој европскиов политичар како му беше презимето од што не знае што да направи повеќе буквално како циркузант во естрада се однесува за да добие некој политички поен повеќе на темата мрази ги Македонците, навредувај ги Македонците, мрази ја Македонија итн. И што направија они со тоа, буквално ништо. Ете тоа е оној театар и естрада во која ја претвораат политиката во Македонија.
И четврто. Она кое сакам исто така да го кажам е ова нивно килаво однесување кое претпоставувам е резултат на нивната огромна корумпираност и заштита на криминалот за да останат уште некој ден, некоја недела, некој месец на тие позиции за да можат на грбот на овој народ да се богатат и се подготвени сѐ да проголтаат. Па дури и народот да го жртвуваат, па дури и иднината на народот да ја жртвуваат само за да можат тие уште некој ден да останат таму каде што се. Јас сум навистина згрозен и очекувам час поскоро да излеземе на предвремени парламентарни избори и да може народот гласно да зборува, а јас сум убеден во тој резултат и во огромната победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Следната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе има тешка задача, но и невозможна, да ги исправи сите грешки кои што оваа криминална и корумпирана влада на ДУИ поддржана од СДСМ ги направи, порача Мицкоски.

The post Мицкоски за Бугарија: Згрозен сум од ова килаво однесување на власта, сè голтаат appeared first on Република.

]]>

Навистина можам да кажам дека ова што го гледам е нешто за кое ние предупредувавме дека ќе се случува, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања за ситуацијата со Бугарија после денешната посета на Кисела Вода.
Прво, она кое што вознемирува е фактот дека оваа Влада и покрај сите отстапки, и покрај сето она што беше побарано од оваа Влада, практично сѐ отстапи и сѐ потпиша во интерес на зачувување на своите лични фотелји. Гледаме дека другата страна и покрај сето тоа влегува во еден таканаречен конфликт кој што би го ставил на ниво на една студена војна помеѓу двете држави, бидејќи колку што разбрав, амбасадорот на нашиот источен сосед не е во државава, односно го задржале таму, не го вратиле назад, односно не е дојден тука каде што треба да ја извршува својата амбасадорска позиција. И тоа, го правдаат властите во Софија како револт поради оној настан кој што се случил во Охрид. Тоа е така затоа што кога едната страна попушта се, коленичи, ведне кичма, а другата страна практично добива сѐ, таа страна, во случајов Бугарија мисли дека природно право нејзино е да добие сѐ што ќе побара и на тоа предупредувавме изминатиот период дека тоа не треба да се случува, но за жал имаме политички аналфабети криминалци и корумпирани политичари коишто буквално за да ги задржат своите позиции и да можат уште некој тендер во четири очи да добијат се подготвени сѐ да проголтаат, рече тој.
Но, како што потенцираше, сè ова се прави на товар на македнскиот народ, македонскиот идентитет и на македонските граѓани.
Второ, гледате тие дека функционираат како аналитичари. И Владата и Стево Пендаровски седат и прават анализа, па ќе го слушнете Стево Пендаровски како ќе ви каже дека ова било некаков си заговор, дека овие се некои тајни служби, надворешни влијанија и фактори за дестабилизација на Македонија, а притоа ниту едните ниту другите, после оној состанок што го имаа, Совет за безбедност кај Стево Пендаровски не излегоа кои се тие странски служби кои се тие странски фактори за влијание, кои се практично луѓето кои сакааат да ја дестабилизираат Македонија? Знаете тие добиваат плати ги уживаат привилегиите, затоа што народот ги плаќа да даваат решенија, да даваат одговори на прашањата, а не како аналитичари да коментираат. Трето, прво почнаа со тезата ќе прогласувале персона нон грата, па потоа се повлекоа што чекаат да дојде 4 февруари па да се случат инциденти па тие луѓе да предизвикаат и провоцираат па од маргинални политичари, буквално естрадни политичари да претворија политички тешкаши сега со овие пинг понг изјави во јавноста, овој Џамбаски како се викаше овој европскиов политичар како му беше презимето од што не знае што да направи повеќе буквално како циркузант во естрада се однесува за да добие некој политички поен повеќе на темата мрази ги Македонците, навредувај ги Македонците, мрази ја Македонија итн. И што направија они со тоа, буквално ништо. Ете тоа е оној театар и естрада во која ја претвораат политиката во Македонија. И четврто. Она кое сакам исто така да го кажам е ова нивно килаво однесување кое претпоставувам е резултат на нивната огромна корумпираност и заштита на криминалот за да останат уште некој ден, некоја недела, некој месец на тие позиции за да можат на грбот на овој народ да се богатат и се подготвени сѐ да проголтаат. Па дури и народот да го жртвуваат, па дури и иднината на народот да ја жртвуваат само за да можат тие уште некој ден да останат таму каде што се. Јас сум навистина згрозен и очекувам час поскоро да излеземе на предвремени парламентарни избори и да може народот гласно да зборува, а јас сум убеден во тој резултат и во огромната победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ. Следната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе има тешка задача, но и невозможна, да ги исправи сите грешки кои што оваа криминална и корумпирана влада на ДУИ поддржана од СДСМ ги направи, порача Мицкоски.

The post Мицкоски за Бугарија: Згрозен сум од ова килаво однесување на власта, сè голтаат appeared first on Република.

]]>
МНР: Последните активности од Бугарија не се во согласност со договорената практика за унапредување на односите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-poslednite-aktivnosti-od-bugarija-ne-se-vo-soglasnost-so-dogovorenata-praktika-za-unapreduvane-na-odnosite/ Thu, 26 Jan 2023 12:39:47 +0000 https://republika.mk/?p=601267

Министерството за надворешни работи смета дека последните активности на официјална Софија не се во согласност со договорената практика за унапредување на меѓусебните односи. Повлекувањето на бугарскиот амбасадор од земјава, според МНР, е неоснован и непоткрепен чекор со валидни аргументи.

Министерството за надворешни вработи со внимание ги следи изјавите и активностите кои доаѓаат од Република Бугарија и со жалење констатира дека последните активности на официјална Софија, не се во согласност со договорената практика за унапредување на меѓусебните односи; напротив, тие претставуваат потклекнување кон провокациите на оние кои сакаат да ги нарушат напорите на двете Влади за стабилен и позитивен развој на односите меѓу двете земји, се вели во соопштението од МНР.

МНР посочува дека повлекувањето на амбасадор на консултација во матичната држава е право на земјата испраќач и е редовна дипломатска пракса, но констатира дека ваквиот чекор на бугарската страна е неоснован, непоткрепен со валидни аргументи и непропорционален.

Република Cеверна Македонија покажа силен демократски и институционален капацитет и низ брза и ефикасна постапка го стави последниот инцидент низ правосудните процеси, откривајќи ги и приведувајќи сторител на кривичното дело, против кого активно се водат истражни дејствија. Дополнително, преку своите изјави на највисоко ниво, Претседателот на државата, Премиерот на Владата и Министерот за надворешни работи го осудија инцидентот, а Министерот дополнително оствари итна посета на Софија, вклучувајќи посета и на повредениот со цел јасно да ја демонстрира одлучноста на државните органи во обезбедување правна сигурност, безбедност и одржлив јавен ред, велат од МНР.

Во периодот што следи, од МНР очекуваат смирување на страстите и отстранување на провокациите со цел повторно враќање на дипломатските активности, приоритетите кон заедничките проекти, работните групи итн.,

Во периодот што следи остануваме внимателно да ги следиме сите изјави и постапки на официјална Софија, очекувајќи смирување на страстите и отстранување на провокациите, со цел повторно враќање на дипломатските активности, на приоритетите кон заедничките проекти, работните групи итн., кои се во насока на зачувување и унапредување на добрососедските односи, се наведува во соопштението од МНР.

Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков вчера по седницата на Комисијата за надворешни работи изјави дека го повлекуваат амбасадорот Ангел Ангелов се додека Софија не види знаци на промена.

The post МНР: Последните активности од Бугарија не се во согласност со договорената практика за унапредување на односите appeared first on Република.

Ковачевски за РТС тврди дека бугарското вето веќе не постои https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-za-rts-tvrdi-deka-bugarskoto-veto-vekje-ne-postoi/ Fri, 02 Sep 2022 19:45:16 +0000 https://republika.mk/?p=546925

Во интервју за српската државна телевизија, премиерот Димитар Ковачевски рече дека немањето ниту едно отворено политичко прашање меѓу Македонија и Србија како секуларни држави, особено неговиот, како што тврди, личен добар контакт со претседателот на државата Александар Вучиќ, како и со премиерката Ана Брнабиќ, како и позитивните односи на останатите политички репрезенти од двете земји, имаше позитивно влијание и врз односите меѓу црковните институции меѓу двете држави и во изминатиот период беше решено едно повеќе децениско значење односно примањето на МПЦ во канонско единство со сите други православни цркви и одлуката на Синодот на СПЦ беше со огромно задоволство прифатена во Македонија.

Ковачевски повторно ги истакна добрите резултати кои произлегуваат од Иницијативата „Отворен Балкан“, односно дека немањето отворени прашања со соседите, особено со Србија и Албанија и срдечните средби кои ги остваруваат лидерите на овие три земји, испраќаат јасен сигнал дека Западен Балкан е регион каде што луѓето соработуваат, се почитуваат, работат на економски просперитет, на меѓусебно вмрежување, што е спротивно на мислењето коешто се имаше за Балканот порано.

Една од моите цели, визија уште од секогаш од млади години кога сум се школувал во странство и на американскиот континент и тука во Европа било да ја смениме сликата во Балканот, од место на конфликти на место на меѓусебна соработка и просперитет за сите граѓани кои живеат тука, вели за РТС Ковачевски.

Тој како пример на добрососедство ги повтори затворените прашања со Република Грција, по што станавме земја членка на НАТО.

Со Република Бугарија со Договорот за добрососедство со Бугарија преку ресорски комисии во сите области се постигна договор за отпочнување на преговорите на Cеверна Македонија во ЕУ и веќе ветото од бугарска страна не постои, вели тој за РТС.

Тука, како што пренесуваат од владината прес-служба, „премиерот Ковачевски ја истакна добрата соработка со Бугарија особено во услови на енергетска криза, со оглед на тоа што Бугарија е една од земјите во Европа која има нето вишоци на електрична енергија заради поседување на нуклеарна централа и исто така и со нив сме во комуникација во однос на обезбедување на електрична енергија“.

The post Ковачевски за РТС тврди дека бугарското вето веќе не постои appeared first on Република.

]]>

Во интервју за српската државна телевизија, премиерот Димитар Ковачевски рече дека немањето ниту едно отворено политичко прашање меѓу Македонија и Србија како секуларни држави, особено неговиот, како што тврди, личен добар контакт со претседателот на државата Александар Вучиќ, како и со премиерката Ана Брнабиќ, како и позитивните односи на останатите политички репрезенти од двете земји, имаше позитивно влијание и врз односите меѓу црковните институции меѓу двете држави и во изминатиот период беше решено едно повеќе децениско значење односно примањето на МПЦ во канонско единство со сите други православни цркви и одлуката на Синодот на СПЦ беше со огромно задоволство прифатена во Македонија. Ковачевски повторно ги истакна добрите резултати кои произлегуваат од Иницијативата „Отворен Балкан“, односно дека немањето отворени прашања со соседите, особено со Србија и Албанија и срдечните средби кои ги остваруваат лидерите на овие три земји, испраќаат јасен сигнал дека Западен Балкан е регион каде што луѓето соработуваат, се почитуваат, работат на економски просперитет, на меѓусебно вмрежување, што е спротивно на мислењето коешто се имаше за Балканот порано.
Една од моите цели, визија уште од секогаш од млади години кога сум се школувал во странство и на американскиот континент и тука во Европа било да ја смениме сликата во Балканот, од место на конфликти на место на меѓусебна соработка и просперитет за сите граѓани кои живеат тука, вели за РТС Ковачевски.
Тој како пример на добрососедство ги повтори затворените прашања со Република Грција, по што станавме земја членка на НАТО.
Со Република Бугарија со Договорот за добрососедство со Бугарија преку ресорски комисии во сите области се постигна договор за отпочнување на преговорите на Cеверна Македонија во ЕУ и веќе ветото од бугарска страна не постои, вели тој за РТС.
Тука, како што пренесуваат од владината прес-служба, „премиерот Ковачевски ја истакна добрата соработка со Бугарија особено во услови на енергетска криза, со оглед на тоа што Бугарија е една од земјите во Европа која има нето вишоци на електрична енергија заради поседување на нуклеарна централа и исто така и со нив сме во комуникација во однос на обезбедување на електрична енергија“.  

The post Ковачевски за РТС тврди дека бугарското вето веќе не постои appeared first on Република.

]]>
Николоски: Владата на СДСМ прифати негирање на македонскиот јазик, македонската историја и култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikoloski-vladata-na-sdsm-prifati-negiranje-na-makedonskiot-jazik-makedonskata-istorija-i-kultura/ Fri, 22 Jul 2022 14:02:09 +0000 https://republika.mk/?p=532197

Во март 2020 година Бугарија стави вето и никој не може да ме убеди дека беше без координација. Само што се појави нова методологија имаше вето од нова држава, посочи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во своето обраќање на летниот камп „Балвањос“ во Трансилванија, Романија.

Тогаш Бугарија побара од нас да го промениме Уставот, значи повторно промена на Уставот, да напишеме во нашиот устав дека Бугарите се основачи на нашата држава, да ги промениме нашите учебници по историја, нашиот јазик, нашата култура и да напишеме дека нашите предци биле Бугари кои некако магично преку ноќ после Втората светска војна станале Македонци и дека ние не зборуваме македонски јазик, туку зборуваме дијалект на бугарскиот јазик. Што би направила нормална личност на ова? Би кажала НЕ благодарам. Што се случуваше? Добивме таканаречен француски предлог, повторно Франција е во приказната, кој предлог всушност вели или ќе прифатите се што Бугарија бара, или никогаш нема да почнете пристапни преговори. За жал сегашната Влада на СДСМ го прифати ова. И ова се случува во овој моментов, во изминатиов месец, каде што ние Македонците се бориме за нашата национална гордост и правото на самоопределување, објасни Николоски пред учесниците на летниот камп.

Николоски во Трансилванија, на покана на Фондација за малцинства „Pro Minoritate“, имаше свое на најголемиот летен камп во Европа „Балвањос, универзитетски и студентски камп“ кој се одржува оваа година по 31ви пат традиционално, по пауза од две години поради корона пандемијата. На овој камп учествуваат голем број видни политичари од целиот свет, сериозни тинк тенк организации, новинари, професори на реномирани меѓународни универзитети и активисти во сите полиња од општеството.

https://youtu.be/QKTz0w10INI

The post Николоски: Владата на СДСМ прифати негирање на македонскиот јазик, македонската историја и култура appeared first on Република.

]]>

Во март 2020 година Бугарија стави вето и никој не може да ме убеди дека беше без координација. Само што се појави нова методологија имаше вето од нова држава, посочи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во своето обраќање на летниот камп „Балвањос“ во Трансилванија, Романија.
Тогаш Бугарија побара од нас да го промениме Уставот, значи повторно промена на Уставот, да напишеме во нашиот устав дека Бугарите се основачи на нашата држава, да ги промениме нашите учебници по историја, нашиот јазик, нашата култура и да напишеме дека нашите предци биле Бугари кои некако магично преку ноќ после Втората светска војна станале Македонци и дека ние не зборуваме македонски јазик, туку зборуваме дијалект на бугарскиот јазик. Што би направила нормална личност на ова? Би кажала НЕ благодарам. Што се случуваше? Добивме таканаречен француски предлог, повторно Франција е во приказната, кој предлог всушност вели или ќе прифатите се што Бугарија бара, или никогаш нема да почнете пристапни преговори. За жал сегашната Влада на СДСМ го прифати ова. И ова се случува во овој моментов, во изминатиов месец, каде што ние Македонците се бориме за нашата национална гордост и правото на самоопределување, објасни Николоски пред учесниците на летниот камп.
Николоски во Трансилванија, на покана на Фондација за малцинства „Pro Minoritate“, имаше свое на најголемиот летен камп во Европа „Балвањос, универзитетски и студентски камп“ кој се одржува оваа година по 31ви пат традиционално, по пауза од две години поради корона пандемијата. На овој камп учествуваат голем број видни политичари од целиот свет, сериозни тинк тенк организации, новинари, професори на реномирани меѓународни универзитети и активисти во сите полиња од општеството. https://youtu.be/QKTz0w10INI

The post Николоски: Владата на СДСМ прифати негирање на македонскиот јазик, македонската историја и култура appeared first on Република.

]]>
Пендаровски штотуку призна дека со предлогот ќе се менува македонската историја во учебниците по желба на Бугарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-shtotuku-prizna-deka-so-predlogot-kje-se-menuva-makedonskata-istorija-vo-uchebnicite-po-zelba-na-bugarite/ Sat, 09 Jul 2022 08:20:26 +0000 https://republika.mk/?p=526186

Претседателот Стево Пендаровски гостувајќи во „Клик Плус“ на ТВ21, зборуваше околу договорањето на историските личности со Бугарија и потврди дека доколку нема договор, тогаш следува веднаш вето од Бугарија.

Јавноста реагира што уште еднаш се излажани, и дека за македонскиот јазик и историја не смее да се преговара.

Комисијата е составена од 7 Македонци и 7 Бугари. Ако се согласат двете страни, тие упатуваат препораки до двете Влади. Двете Влади ако се согласат пуштаат до надлежно министерство до МОН ако зборуваме за учебник, тие си наоѓаат автори. Го акцентирам зборот препорака. На крајот само авторот на учебникот носи целосна одговорност. Тие ќе ја имаа на увид. Ако Комисијата не се договори за историските личности, следува блокада, вето од Бугарија, изјави Пендаровски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarija-moze-da-ni-lupa-veto-za-sekoja-sitnica-ova-go-priznava-i-pendarovski/

The post Пендаровски штотуку призна дека со предлогот ќе се менува македонската историја во учебниците по желба на Бугарите appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски гостувајќи во „Клик Плус“ на ТВ21, зборуваше околу договорањето на историските личности со Бугарија и потврди дека доколку нема договор, тогаш следува веднаш вето од Бугарија. Јавноста реагира што уште еднаш се излажани, и дека за македонскиот јазик и историја не смее да се преговара.
Комисијата е составена од 7 Македонци и 7 Бугари. Ако се согласат двете страни, тие упатуваат препораки до двете Влади. Двете Влади ако се согласат пуштаат до надлежно министерство до МОН ако зборуваме за учебник, тие си наоѓаат автори. Го акцентирам зборот препорака. На крајот само авторот на учебникот носи целосна одговорност. Тие ќе ја имаа на увид. Ако Комисијата не се договори за историските личности, следува блокада, вето од Бугарија, изјави Пендаровски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarija-moze-da-ni-lupa-veto-za-sekoja-sitnica-ova-go-priznava-i-pendarovski/

The post Пендаровски штотуку призна дека со предлогот ќе се менува македонската историја во учебниците по желба на Бугарите appeared first on Република.

]]>
Бугарија може да ни лупа вето за секоја ситница – ова го признава и Пендаровски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarija-moze-da-ni-lupa-veto-za-sekoja-sitnica-ova-go-priznava-i-pendarovski/ Fri, 08 Jul 2022 20:27:22 +0000 https://republika.mk/?p=526123

Претседателот Стево Пендаровски гостувајќи во „Клик Плус“ на ТВ21, зборуваше околу договорањето на историските личности со Бугарија. Тој кажа која е процедурата, но доколку нема договор, тогаш следува веднаш вето од Бугарија.

Комисијата е составена од 7 Македонци и 7 Бугари. Ако се согласат двете страни, тие упатуваат препораки до двете Влади. Двете Влади ако се согласат пуштаат до надлежно министерство до МОН ако зборуваме за учебник, тие си наоѓаат автори. Го акцентирам зборот препорака. На крајот само авторот на учебникот носи целосна одговорност. Тие ќе ја имаа на увид. Ако Комисијата не се договори за историските личности, следува блокада, вето од Бугарија, изјави Пендаровски.

Целата изјава низ видео:

https://youtu.be/YkIZOBm2Hfo

The post Бугарија може да ни лупа вето за секоја ситница – ова го признава и Пендаровски appeared first on Република.

Целата изјава низ видео: https://youtu.be/YkIZOBm2Hfo

The post Бугарија може да ни лупа вето за секоја ситница – ова го признава и Пендаровски appeared first on Република.

]]>
Француското претседателство завршува, бугарското вето останува https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/francuskoto-pretsedatelstvo-zavrshuva-bugarskoto-veto-ostanuva/ Thu, 30 Jun 2022 06:52:23 +0000 https://republika.mk/?p=521371

Француското претседателство со ЕУ што завршува денеска, нема нова иницијатива за тргање на бугарското вето за евроинтеграцијата на Македонија. Владата во Скопје тврди дека сè уште не им бил доставен официјален предлог за надминување на спорот со Бугарија и за почеток на преговорите за членство, а во Софија, пак, молк откако минатата недела Парламентот го прифати „францускиот предлог“ и изгласа недовeрба на владата на Кирил Петков.

Француските дипломати во седиштето на ЕУ, како што јави дописничката на МИА од Брисел, не се запознаени со нова иницијатива за надминување на спорот меѓу Софија и Скопје по посетата на македонската делегација во Бугарија.

Процесот е целосно во рацете на Софија и Скопје, а делумно и во Париз, пред сѐ кај францускиот претседател Емануел Макрон, чиј предлог беше отфрлен минатата недела од страна на Македонија.

Македонската влада тврди дека официјален документ досега нема добиено и ги истакна своите црвени линии: јасна заштита на македонскиот јазик, македонскиот идентитет, Уставот, протоколот, историјата.

Премиерот Димитар Ковачевски вчера на собраниската седница за пратенички прашања, повтори дека не се прифатливи идеи кои не прават јасна заштита на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и не е прифатливо билатерални прашања да бидат вклучени во мултилатерални преговори со ЕУ.

Историските прашања не треба и не можат да бидат критериуми за преговарачка рамка на Република Македонија со ЕУ, ниту за која било друга организација. И второ, преговорите со Европската унија мора да започнат со одржување на меѓувладина конференција, пред да бидат отпочнати измените на Уставот со цел внесување на Бугарите Црногорците, Хрватите да станат дел од Преамбулата. И трето, и ЕУ и Бугарија ќе достават гаранции дека нема да постојат понатамошни условувања во однос на нашиот процес на пристапување кон ЕУ, подвлече Ковачевски.

Доколку се постигне разбирање на овие позиции, Скопје е подготвено да се вклучи во разговори со партнерите во ЕУ.

Медиумите информираа дека македонска делегација била во посета на Софија во понеделникот, но никој не соопштува конкретни резултати по средбите.

Вчера во Брисел се одржа состанок на амбасадорите на ЕУ. Нема информација дека Бугарија и Македонија биле на дневен ред. Дипломатски извор од земја членка на ЕУ за МИА вели дека не слушнале ниту за нов француски предлог.

Топката, според ЕУ, е во рацете на Скопје и Софија. Доколку двете страни успеат да се усогласат, ЕУ и француското претседателството би биле подготвени за нов обид, но шансите се чинат многу мали со оглед на тоа дека напредок меѓу двете страни нема, а нема ни време бидејќи од утре претседавањето со ЕУ го презема Чешка. Доколку во последен момент не биде постигнат напредок, прашањето ќе се префрли кај чешкото претседателство.

За евроинтергарацијата и за бугарската блокада, вчера во Мадрид на Самитот на НАТО разговараа претседателот Стево Пендаровски и германскиот канцелар Олаф Шолц. Во соопштението од кабинетот на Пендаровски, се вели само дека останува силната и значајна поддршка од Германија за нашата европска интеграција и отворање на пристапните преговори со ЕУ. За францускиот предлог или за некое друго излезно решение, во соопштението ништо не се спомнува.

Невозможно е решавање на спорот со Софија до истекот на француското претседателство, смета лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Барањата на официјална Софија, според него, се премногу максималистички и среќен е што Скопје го одби францускиот предлог.

Нема напредок од проста причина што толку се максималистички барањата на официјална Софија што што дури и за овие кои се таму и преговараат во името на граѓаните не се прифатливи. Барањата се толку максималистички што се надвор од здрава логика и надвор од сите европски вредности, рече Мицкоски.

Тој порача оти нивниот став како политичка партија е прецизен, а тоа е дека нема преговори за јазикот и никакви фусноти не се прифатливи.

Директорката на Институтот за европски политики – ЕПИ, Симонида Кацарска смета дека на последниот ден од француското претседателство, рамно е на чудо да се очекува некаков договор за разликите помеѓу Македонија и Бугарија во однос на предлогот на Франција за тргање на ветото и деблокада на евроинтеграциите на земјава.

Тешко дека за еден ден ќе може да направиме клучен пробив во однос на „пеглање“ на разликите поради документите коишто беа усвоени во бугарското Собрание и нашите црвени линии. Очекувам дека чешкото претседателство ќе го преземе ова доколку не видиме некое чудо, меѓутоа веројатно со смален интензитет од она што работеше француското претседателство. Кај Чешка мислам дека примарниот фокус е Украина, како што знаеме, веројатно и Самитот којшто требаше да биде за Западниот Балкан од она што се последни најави е дека истиот ќе биде за Украина, изјави Кацарска.

Франција денеска го завршува шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ. Од 1 јули со ЕУ ќе претседава Чешката Република. Порано овој месец, Владата во Прага ги соопшти прироритетите на своето претседавање во кои не е наведено проширувањето на Европската унија кон Западен Балкан.

The post Француското претседателство завршува, бугарското вето останува appeared first on Република.

]]>

Француското претседателство со ЕУ што завршува денеска, нема нова иницијатива за тргање на бугарското вето за евроинтеграцијата на Македонија. Владата во Скопје тврди дека сè уште не им бил доставен официјален предлог за надминување на спорот со Бугарија и за почеток на преговорите за членство, а во Софија, пак, молк откако минатата недела Парламентот го прифати „францускиот предлог“ и изгласа недовeрба на владата на Кирил Петков. Француските дипломати во седиштето на ЕУ, како што јави дописничката на МИА од Брисел, не се запознаени со нова иницијатива за надминување на спорот меѓу Софија и Скопје по посетата на македонската делегација во Бугарија. Процесот е целосно во рацете на Софија и Скопје, а делумно и во Париз, пред сѐ кај францускиот претседател Емануел Макрон, чиј предлог беше отфрлен минатата недела од страна на Македонија. Македонската влада тврди дека официјален документ досега нема добиено и ги истакна своите црвени линии: јасна заштита на македонскиот јазик, македонскиот идентитет, Уставот, протоколот, историјата. Премиерот Димитар Ковачевски вчера на собраниската седница за пратенички прашања, повтори дека не се прифатливи идеи кои не прават јасна заштита на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и не е прифатливо билатерални прашања да бидат вклучени во мултилатерални преговори со ЕУ.
Историските прашања не треба и не можат да бидат критериуми за преговарачка рамка на Република Македонија со ЕУ, ниту за која било друга организација. И второ, преговорите со Европската унија мора да започнат со одржување на меѓувладина конференција, пред да бидат отпочнати измените на Уставот со цел внесување на Бугарите Црногорците, Хрватите да станат дел од Преамбулата. И трето, и ЕУ и Бугарија ќе достават гаранции дека нема да постојат понатамошни условувања во однос на нашиот процес на пристапување кон ЕУ, подвлече Ковачевски.
Доколку се постигне разбирање на овие позиции, Скопје е подготвено да се вклучи во разговори со партнерите во ЕУ. Медиумите информираа дека македонска делегација била во посета на Софија во понеделникот, но никој не соопштува конкретни резултати по средбите. Вчера во Брисел се одржа состанок на амбасадорите на ЕУ. Нема информација дека Бугарија и Македонија биле на дневен ред. Дипломатски извор од земја членка на ЕУ за МИА вели дека не слушнале ниту за нов француски предлог. Топката, според ЕУ, е во рацете на Скопје и Софија. Доколку двете страни успеат да се усогласат, ЕУ и француското претседателството би биле подготвени за нов обид, но шансите се чинат многу мали со оглед на тоа дека напредок меѓу двете страни нема, а нема ни време бидејќи од утре претседавањето со ЕУ го презема Чешка. Доколку во последен момент не биде постигнат напредок, прашањето ќе се префрли кај чешкото претседателство. За евроинтергарацијата и за бугарската блокада, вчера во Мадрид на Самитот на НАТО разговараа претседателот Стево Пендаровски и германскиот канцелар Олаф Шолц. Во соопштението од кабинетот на Пендаровски, се вели само дека останува силната и значајна поддршка од Германија за нашата европска интеграција и отворање на пристапните преговори со ЕУ. За францускиот предлог или за некое друго излезно решение, во соопштението ништо не се спомнува. Невозможно е решавање на спорот со Софија до истекот на француското претседателство, смета лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Барањата на официјална Софија, според него, се премногу максималистички и среќен е што Скопје го одби францускиот предлог.
Нема напредок од проста причина што толку се максималистички барањата на официјална Софија што што дури и за овие кои се таму и преговараат во името на граѓаните не се прифатливи. Барањата се толку максималистички што се надвор од здрава логика и надвор од сите европски вредности, рече Мицкоски.
Тој порача оти нивниот став како политичка партија е прецизен, а тоа е дека нема преговори за јазикот и никакви фусноти не се прифатливи. Директорката на Институтот за европски политики – ЕПИ, Симонида Кацарска смета дека на последниот ден од француското претседателство, рамно е на чудо да се очекува некаков договор за разликите помеѓу Македонија и Бугарија во однос на предлогот на Франција за тргање на ветото и деблокада на евроинтеграциите на земјава.
Тешко дека за еден ден ќе може да направиме клучен пробив во однос на „пеглање“ на разликите поради документите коишто беа усвоени во бугарското Собрание и нашите црвени линии. Очекувам дека чешкото претседателство ќе го преземе ова доколку не видиме некое чудо, меѓутоа веројатно со смален интензитет од она што работеше француското претседателство. Кај Чешка мислам дека примарниот фокус е Украина, како што знаеме, веројатно и Самитот којшто требаше да биде за Западниот Балкан од она што се последни најави е дека истиот ќе биде за Украина, изјави Кацарска.
Франција денеска го завршува шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ. Од 1 јули со ЕУ ќе претседава Чешката Република. Порано овој месец, Владата во Прага ги соопшти прироритетите на своето претседавање во кои не е наведено проширувањето на Европската унија кон Западен Балкан.

The post Француското претседателство завршува, бугарското вето останува appeared first on Република.

]]>
Рама и Мета го поздравија „укинувањето на ветото“ од бугарскиот парламент https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rama-i-meta-go-pozdravija-ukinuvanjeto-na-vetoto-od-bugarskiot-parlament/ Fri, 24 Jun 2022 13:24:17 +0000 https://republika.mk/?p=519354

Претседателот на Албанија Илир Мета и премиерот Еди Рама, ја поздравија одлуката на бугарскиот парламент за „укинувањето на ветото за Македонија“.

Во објава на Твитер, премиерот Рама наведува дека повторно имал телефонски разговор со лидерот на бугарската опозиција Бојко Борисов, на кого му се заблагодарил за неговата улога во укинувањето на ветото.

Рама пишува дека неговата партија го спасила образот на Бугарија и ЕУ и ја повика унијата да дејствува брзо.

– Само што добив повик од Бојко Борисов. Не можев доволно да му се заблагодарам за доброто мислење дека ми се јави, но можев да му се заблагодарам за неговата одлучувачка улога во отстранувањето на ветото во парламентот! Вистински пријател, вистински лидер. Неговата партија ГЕРБ и другите го спасија образот на Бугарија и ЕУ! Сега ЕУ мора брзо да дејствува – напиша Рама на Твитер.

И претседател Илир Мета, кому денеска му е последен ден на оваа функција, укинувањето на ветото за Македонија го нарекува долгоочекувана вест од Бугарија. Во реакција на Фејсбук, Мета пишува дека ова гласање и го отвори патот на Албанија за почеток на преговорите за членство.

– Конечно дојде долгоочекуваната вест од пријателска Бугарија, која отсекогаш била цврст поддржувач на нашиот процес за членство. Гласањето на бугарскиот парламент за укинувањето на ветото за Македонија го отвори патот за почеток на преговорите за членство на нашите две земји. Се чекаат следните вести од состанокот на Европскиот совет, кој сè уште трае – пишува Мета.

Бугарскиот парламент денеска го одобри францускиот предлог за Македонија, но за овој предлог македонскиот премиер Димитар Ковачевски вчера во Брисел јасно кажа дека е неприфатлив за Скопје.

The post Рама и Мета го поздравија „укинувањето на ветото“ од бугарскиот парламент appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Албанија Илир Мета и премиерот Еди Рама, ја поздравија одлуката на бугарскиот парламент за „укинувањето на ветото за Македонија“. Во објава на Твитер, премиерот Рама наведува дека повторно имал телефонски разговор со лидерот на бугарската опозиција Бојко Борисов, на кого му се заблагодарил за неговата улога во укинувањето на ветото. Рама пишува дека неговата партија го спасила образот на Бугарија и ЕУ и ја повика унијата да дејствува брзо.
– Само што добив повик од Бојко Борисов. Не можев доволно да му се заблагодарам за доброто мислење дека ми се јави, но можев да му се заблагодарам за неговата одлучувачка улога во отстранувањето на ветото во парламентот! Вистински пријател, вистински лидер. Неговата партија ГЕРБ и другите го спасија образот на Бугарија и ЕУ! Сега ЕУ мора брзо да дејствува – напиша Рама на Твитер.
И претседател Илир Мета, кому денеска му е последен ден на оваа функција, укинувањето на ветото за Македонија го нарекува долгоочекувана вест од Бугарија. Во реакција на Фејсбук, Мета пишува дека ова гласање и го отвори патот на Албанија за почеток на преговорите за членство.
– Конечно дојде долгоочекуваната вест од пријателска Бугарија, која отсекогаш била цврст поддржувач на нашиот процес за членство. Гласањето на бугарскиот парламент за укинувањето на ветото за Македонија го отвори патот за почеток на преговорите за членство на нашите две земји. Се чекаат следните вести од состанокот на Европскиот совет, кој сè уште трае – пишува Мета.
Бугарскиот парламент денеска го одобри францускиот предлог за Македонија, но за овој предлог македонскиот премиер Димитар Ковачевски вчера во Брисел јасно кажа дека е неприфатлив за Скопје.

The post Рама и Мета го поздравија „укинувањето на ветото“ од бугарскиот парламент appeared first on Република.

]]>
Ставот на Бугарија е јасен – македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stavot-na-bugarija-e-jasen-makedonskiot-jazik-e-dijalekt-na-bugarskiot/ Mon, 20 Jun 2022 15:16:14 +0000 https://republika.mk/?p=517717

Ќе има јавна, видлива дебата за сите, во која ќе се разговара за сите гледишта и ќе се донесе конечна одлука дали да се прифати францускиот предлог или да се одбие во однос на Македонија. Не сум го видел текстот. Мора да го опстоиме на ставот што го имавме досега, изјави Димитар Гочев од партијата на Кирил Петков, Продолжуваме со промените, во интервју за утринската емисија на БНТ „Денот почнува“.

Ставот на Бугарија е јасен – македонскиот јазик го сметаме за дијалект на бугарскиот јазик. Бугарија и понатаму има право на вето и во секое време може да го блокира нивното членството во Европската Унија, додаде Гочев.

Тој го опиша ставот на претседателот Румен Радев на оваа тема како „чуден“.

Не може да се зборува за предавство кога сè уште не е донесена одлука. Можеби околу претседателот има советници кои му даваат информации кои не се точни. Тој прво рече дека премиерот не може да носи такви одлуки, но сега вели дека не може да дозволи Народното собрание да ги носи овие одлуки. Ова е многу чуден став, додаде Гочев.

Според него, ова не е првпат Националното собрание да биде одлучувачко тело.

И во 2019 година кога Борисов беше премиер, повторно прашањето за Македонија го презеде Народното собрание и парламентот донесе декларација. Тогаш не го слушнавме Радев како го критикува Борисов на истата тема, а сега се однесува чудно. Гледам една голема недоследност и тешко е да ја коментирам и да дадам објаснување за тоа. Се надевам дека е забуна. Продолжуваме да инсистираме на свикување на Консултативниот совет за национална безбедност со претседателот на тема Македонија, рече Гочев.

Според него, во редовите на ИТН има големо незадоволство, но никој не може да каже како ќе се канализира ова незадоволство.

The post Ставот на Бугарија е јасен – македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот appeared first on Република.

]]>

Ќе има јавна, видлива дебата за сите, во која ќе се разговара за сите гледишта и ќе се донесе конечна одлука дали да се прифати францускиот предлог или да се одбие во однос на Македонија. Не сум го видел текстот. Мора да го опстоиме на ставот што го имавме досега, изјави Димитар Гочев од партијата на Кирил Петков, Продолжуваме со промените, во интервју за утринската емисија на БНТ „Денот почнува“.
Ставот на Бугарија е јасен – македонскиот јазик го сметаме за дијалект на бугарскиот јазик. Бугарија и понатаму има право на вето и во секое време може да го блокира нивното членството во Европската Унија, додаде Гочев.
Тој го опиша ставот на претседателот Румен Радев на оваа тема како „чуден“.
Не може да се зборува за предавство кога сè уште не е донесена одлука. Можеби околу претседателот има советници кои му даваат информации кои не се точни. Тој прво рече дека премиерот не може да носи такви одлуки, но сега вели дека не може да дозволи Народното собрание да ги носи овие одлуки. Ова е многу чуден став, додаде Гочев.
Според него, ова не е првпат Националното собрание да биде одлучувачко тело. И во 2019 година кога Борисов беше премиер, повторно прашањето за Македонија го презеде Народното собрание и парламентот донесе декларација. Тогаш не го слушнавме Радев како го критикува Борисов на истата тема, а сега се однесува чудно. Гледам една голема недоследност и тешко е да ја коментирам и да дадам објаснување за тоа. Се надевам дека е забуна. Продолжуваме да инсистираме на свикување на Консултативниот совет за национална безбедност со претседателот на тема Македонија, рече Гочев. Според него, во редовите на ИТН има големо незадоволство, но никој не може да каже како ќе се канализира ова незадоволство.

The post Ставот на Бугарија е јасен – македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот appeared first on Република.

]]>
Ако ѝ се попушти на Бугарија, и од Србија ќе се бара да го признае Косово за влез во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ako-se-popushti-na-bugarija-i-od-srbija-kje-se-bara-da-go-priznae-kosovo-za-vlez-vo-eu/ Fri, 17 Jun 2022 12:18:59 +0000 https://republika.mk/?p=516349

Ако сме виделе една работа тоа е дека ако се постави некој преседан, тој се повторува. Апсолутно верувам дека може да и се случи и на Србија во однос на Косово, смета премиерката на Србија Ана Брнабиќ во контекст на изјави од некои челници од земји членки на ЕУ дека Белград не може да напредува во евроинтеграцијата без меѓусебно признавање со Косово.

Решавање на какви било билатерални прашања и со тоа да се условува евопскиот пат на една земја која ги исполнила сите услови да добие статус на кандидат и да почне преговори е преседан, а тоа не би смеело и не би требало да се случи. Дали може да се повтори, апсолутно верувам дека може да се повтори и апсолутно верувам дека ќе го отежне патот на сите нас од Западен Балкан кон ЕУ. Дали тоа и се случува на Србија, да, се случува. Со тоа што во нашата преговарачка позиција се зборува за севкупна нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина, односно Србија и Косово, но Косово со астерикс. Косово во склад со Резолуцијата 1244 на Советот за безбеност на ОН која го гарантира територијалниот интегритет на Србија во нејзините меѓународно признати граници и никаде не се спомнува ниту збор признавање на т.н. Република Косово од страна на Република Србија, за што сега слушаме. Значи тоа не е во склад со официјална преговарачка позиција на ЕУ и со позицијата на ЕУ. Ако треба да ја менуваат нека ја менуваат, но ова е официјална позиција. Би бил преседан и во сред преговори вие да ја менувате преговарачката позиција, вели Брнабиќ на новинарско прашање по учеството на панел во рамки на Преспа форумот за дијалог за тоа дали она што ѝ се случи на Македонија со Бугарија може да и се повтори на Србија со Косово.

Според неа, откако изби војната во Украина Србија се наоѓа во уште потешка позиција поради, како што вели, огромното лицемерие на голем број членки на ЕУ и на некои други земји кои го признаа независно Косово, затоа што додека се залагаат за територијалниот интегритет на Украина, што е, посочува, целосно во согласност со меѓународното право и основните принципи за територијалниот интегритет на меѓународно признаени држави, за што имаат целосна поддршка од Србија, а истовремено тој прв принцип на меѓународното право не важеше за Р Србија, бидејќи го прекршија и во 1999 година и во 2008 година.

Тука е и прашањето кое го покажува степенот на лицемиерие, а тоа е вели таа, како може да прекршите една резолуција на Советот за безбедност на ОН, кои ја прекршија тие кои ја признаа Р Косово а во сите други конфликтни зони во светот секогаш се повикувате на целосно почитување на резолуции на ОН.

Така што огромна е комплексноиста по ова прашање. Србија е во специфична позиција, затоа што кога тие земји ќе ја погледнат Србија, тие како во огледало го гледаат своето лицемерие и двојни стандарди. Тоа е тогаш тешко, тие тоа не сакаат да го гледаат, да го видат својот срам. Најдобро би било сите ние да се вратиме на позициите на меѓународното право и меѓународниот правен поредок, вели премиерката на Србија Ана Брнабиќ.

The post Ако ѝ се попушти на Бугарија, и од Србија ќе се бара да го признае Косово за влез во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Ако сме виделе една работа тоа е дека ако се постави некој преседан, тој се повторува. Апсолутно верувам дека може да и се случи и на Србија во однос на Косово, смета премиерката на Србија Ана Брнабиќ во контекст на изјави од некои челници од земји членки на ЕУ дека Белград не може да напредува во евроинтеграцијата без меѓусебно признавање со Косово.
Решавање на какви било билатерални прашања и со тоа да се условува евопскиот пат на една земја која ги исполнила сите услови да добие статус на кандидат и да почне преговори е преседан, а тоа не би смеело и не би требало да се случи. Дали може да се повтори, апсолутно верувам дека може да се повтори и апсолутно верувам дека ќе го отежне патот на сите нас од Западен Балкан кон ЕУ. Дали тоа и се случува на Србија, да, се случува. Со тоа што во нашата преговарачка позиција се зборува за севкупна нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина, односно Србија и Косово, но Косово со астерикс. Косово во склад со Резолуцијата 1244 на Советот за безбеност на ОН која го гарантира територијалниот интегритет на Србија во нејзините меѓународно признати граници и никаде не се спомнува ниту збор признавање на т.н. Република Косово од страна на Република Србија, за што сега слушаме. Значи тоа не е во склад со официјална преговарачка позиција на ЕУ и со позицијата на ЕУ. Ако треба да ја менуваат нека ја менуваат, но ова е официјална позиција. Би бил преседан и во сред преговори вие да ја менувате преговарачката позиција, вели Брнабиќ на новинарско прашање по учеството на панел во рамки на Преспа форумот за дијалог за тоа дали она што ѝ се случи на Македонија со Бугарија може да и се повтори на Србија со Косово.
Според неа, откако изби војната во Украина Србија се наоѓа во уште потешка позиција поради, како што вели, огромното лицемерие на голем број членки на ЕУ и на некои други земји кои го признаа независно Косово, затоа што додека се залагаат за територијалниот интегритет на Украина, што е, посочува, целосно во согласност со меѓународното право и основните принципи за територијалниот интегритет на меѓународно признаени држави, за што имаат целосна поддршка од Србија, а истовремено тој прв принцип на меѓународното право не важеше за Р Србија, бидејќи го прекршија и во 1999 година и во 2008 година. Тука е и прашањето кое го покажува степенот на лицемиерие, а тоа е вели таа, како може да прекршите една резолуција на Советот за безбедност на ОН, кои ја прекршија тие кои ја признаа Р Косово а во сите други конфликтни зони во светот секогаш се повикувате на целосно почитување на резолуции на ОН.
Така што огромна е комплексноиста по ова прашање. Србија е во специфична позиција, затоа што кога тие земји ќе ја погледнат Србија, тие како во огледало го гледаат своето лицемерие и двојни стандарди. Тоа е тогаш тешко, тие тоа не сакаат да го гледаат, да го видат својот срам. Најдобро би било сите ние да се вратиме на позициите на меѓународното право и меѓународниот правен поредок, вели премиерката на Србија Ана Брнабиќ.

The post Ако ѝ се попушти на Бугарија, и од Србија ќе се бара да го признае Косово за влез во ЕУ appeared first on Република.

]]>
„Медиапул“: Францускиот предлог значи вклучување на бугарските барања во преговарачката рамка со ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mediapul-francuskiot-predlog-znachi-vkluchuvanje-na-bugarskite-baranja-vo-pregovarachkata-ramka-so-eu/ Thu, 16 Jun 2022 18:50:09 +0000 https://republika.mk/?p=516134

Француското ротирачко претседателство е подготвено да ги вклучи барањата на Бугарија во преговарачката рамка за Македонија и ЕУ да стане гарант за нивната имплементација и тоа да биде одобрено од другите земји-членки и покрај резервите дека билатералните прашања се пренесуваат на европско ниво, објави бугарски „Медиапул“ повеќе информации за францускиот предлог, од дипломатски извори.

Досега никој не го видел предлогот црно-бело, но Франција ќе го испрати нацртот на новата преговарачка рамка за Македонија до Бугарија и другите земји-членки, стои во текстот на бугарскиот медиум.

Тоа беше потврдено за време на последните дипломатски шатлови на комесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји и претставници на француското претседателство во Софија, додека „Има таков народ“ (ИТН) ја развива својата кампања за „национално предавство“. Нацртот на новата рамка треба да го добие Министерството за надворешни работи, предводено од министерката во оставка Теодора Генчовска, појаснува „Медиапул“.

The post „Медиапул“: Францускиот предлог значи вклучување на бугарските барања во преговарачката рамка со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Француското ротирачко претседателство е подготвено да ги вклучи барањата на Бугарија во преговарачката рамка за Македонија и ЕУ да стане гарант за нивната имплементација и тоа да биде одобрено од другите земји-членки и покрај резервите дека билатералните прашања се пренесуваат на европско ниво, објави бугарски „Медиапул“ повеќе информации за францускиот предлог, од дипломатски извори. Досега никој не го видел предлогот црно-бело, но Франција ќе го испрати нацртот на новата преговарачка рамка за Македонија до Бугарија и другите земји-членки, стои во текстот на бугарскиот медиум.
Тоа беше потврдено за време на последните дипломатски шатлови на комесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји и претставници на француското претседателство во Софија, додека „Има таков народ“ (ИТН) ја развива својата кампања за „национално предавство“. Нацртот на новата рамка треба да го добие Министерството за надворешни работи, предводено од министерката во оставка Теодора Генчовска, појаснува „Медиапул“.

The post „Медиапул“: Францускиот предлог значи вклучување на бугарските барања во преговарачката рамка со ЕУ appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Ако предлогот е да нè асимилираат и бидеме Бугари, тогаш така не сакам влез во Европската Унија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-ako-predlogot-e-da-ne-asimiliraat-i-bideme-bugari-togash-taka-ne-sakam-vlez-vo-evropskata-unija/ Thu, 16 Jun 2022 17:45:34 +0000 https://republika.mk/?p=516120

Како да зборувам за Европа сега денеска, кога ние денеска сме уценувани да прифатиме ако е ова точно, ќе треба да прифатиме да се асимилираме и бугаризимираме односно да ги асимилираме нашите предци, нашите дедовци, нашите баби ако сакаме да бидеме дел од ЕУ или тоа за нас преставува невозможна мисија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија говорејќи за предлогот на Франција.

Мицкоски посочи дека тој жали за тоа што се случува во Украина, жали за тоа што се случува во Севернодоњецк, во Мариупол итн. но, исто така жали за тоа што се случува и во Македонија односно во Струмица, во Прилеп, во Битола, во Тетово, во Гостивар, од таму десетици автобуси секој ден полни си заминуваат од државата и тоа со претежно млади луѓе.

Нема што да се разговара ако е таков предлогот, какво прифаќање. Ова со предлогот е нокаут за македонската дипломатија. Ако е ова така, повторно ќе кажам, ако е ова така, што прави дипломатијата освен што троши народни пари и освен што полни авиони да се шетаат на грбот на народните пари по светот како придружба на министерот. Што прави нашата дипломатија ако биле изненадени од ова, запраша Мицкоски.

Тој додаде ако резолуцијата од Собранието е бела, тогаш предлогот е црн, нема сиво ништо тука. Ова сега што е како информација, ако е точна тоа е катастрофа. Ова ќе биде дипломатски нокаут.

Ако е ова предлогот таква иднина јас не сакам. Не сакам да ме асимилираат ниту мене, ниту моите два сина, нагласи Мицкоски.

The post Мицкоски: Ако предлогот е да нè асимилираат и бидеме Бугари, тогаш така не сакам влез во Европската Унија appeared first on Република.

]]>

Како да зборувам за Европа сега денеска, кога ние денеска сме уценувани да прифатиме ако е ова точно, ќе треба да прифатиме да се асимилираме и бугаризимираме односно да ги асимилираме нашите предци, нашите дедовци, нашите баби ако сакаме да бидеме дел од ЕУ или тоа за нас преставува невозможна мисија, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија говорејќи за предлогот на Франција. Мицкоски посочи дека тој жали за тоа што се случува во Украина, жали за тоа што се случува во Севернодоњецк, во Мариупол итн. но, исто така жали за тоа што се случува и во Македонија односно во Струмица, во Прилеп, во Битола, во Тетово, во Гостивар, од таму десетици автобуси секој ден полни си заминуваат од државата и тоа со претежно млади луѓе.
Нема што да се разговара ако е таков предлогот, какво прифаќање. Ова со предлогот е нокаут за македонската дипломатија. Ако е ова така, повторно ќе кажам, ако е ова така, што прави дипломатијата освен што троши народни пари и освен што полни авиони да се шетаат на грбот на народните пари по светот како придружба на министерот. Што прави нашата дипломатија ако биле изненадени од ова, запраша Мицкоски.
Тој додаде ако резолуцијата од Собранието е бела, тогаш предлогот е црн, нема сиво ништо тука. Ова сега што е како информација, ако е точна тоа е катастрофа. Ова ќе биде дипломатски нокаут.
Ако е ова предлогот таква иднина јас не сакам. Не сакам да ме асимилираат ниту мене, ниту моите два сина, нагласи Мицкоски.

The post Мицкоски: Ако предлогот е да нè асимилираат и бидеме Бугари, тогаш така не сакам влез во Европската Унија appeared first on Република.

]]>
Француски предлог: ЕУ да гарантира дека Скопје ќе ги исполни барањата на Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/francuski-predlog-eu-da-garantira-deka-skopje-kje-gi-ispolni-baranjata-na-sofija/ Thu, 16 Jun 2022 17:04:45 +0000 https://republika.mk/?p=516099

Францускиот предлог предвидува укинување на ветото, а ЕУ да стане гарант дека Скопје ќе ги исполни условите на Софија. Ова се првичните информации коишто пристигнуваат во врска со францускиот предлог, којшто со нетрпение се очекува во Македонија и во Бугарија, пишува Дојче Веле.

„Француското ротирачко претседателство е подготвено да ги вклучи барањата на Бугарија во преговарачката рамка за Македонија и ЕУ да стане гарант за нивната имплементација, а се очекува да биде одобрен од другите земји - членки и покрај резервите дека билатералните прашања се пренесуваат во Европа. „Западен Балкан треба да се придвижи кон ЕУ“, пишува бугарскиот портал Медиапул, повикувајќи се на изјави на дипломати.

Предлогот најпрво на бугарска маса 

Вниманието и во Скопје и во Софија е целосно свртено кон францускиот предлог, од кој се очекува одговор дали има можност за тргање на ветото и отворање на вратите на ЕУ за Западен Балкан. Најавите се дека Франција ќе го испрати нацртот на новата преговарачка рамка за Македонија до Бугарија и до другите земји-членки.

Според Бугарското национално радио, веќе во текот на денот се очекува тој да се најде пред Владата, а потоа ќе мора да оди во бугарскиот парламентот, откако Советот на министри, по барање на премиерот Кирил Петков, одлучи токму тоа да носи одлуки за сите прашања поврзани со Македонија и ветото.

Предлогот со нетрпение се очекува и во Скопје. Македонскиот претседател Стево Пендаровски  денеска изјави дека Скопје го нем добиено францускиот предлог. „Имаме разговори со нашите бугарски колеги. Немам намера да коментирам дали владата или собранието во Софија ќе успее, тоа е внатрешна бугарска политика“, изјави претседателот Пендаровски на прашањето што содржи францускиот предлог за кревање на ветото од Бугарија. Тој вели дека францускиот предлог е интерна работа на ЕУ во рамки на подготовката на заклучоците на Европскиот совет што Франција како претседавач со ЕУ треба да ги достави до сите земји членки.

Неизвесност и во Скопје 

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел кој е во посета на земјата, по средбата со Пендаровски во Охрид не сакаше да коментира што ќе има во заклучоците, со образложение дека  потреба дискреција во пресрет на Самитот на ЕУ.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе ги почека прво реакциите во Бугарија, па тоа ќе даде свои забелешки на францускиот предлог, доколку има. „Во овие последни денови француското претседателство треба да го преземе кормилото и да ни каже врз основа на проценката што ја добиваат од Софија дали има простор за некаков посуштински ангажман и од разговорите што ги имаат со нас, дали ќе одат на нареден чекор. Ако одат на нареден чекор нашиот став е да видиме унифициран став од сите земји членки, вклучувајќи ја и Бугарија, а потоа ние да ги кажеме нашите забелешки доколку имаме забелешки на таков француски предлог“, изјави Османи.

The post Француски предлог: ЕУ да гарантира дека Скопје ќе ги исполни барањата на Софија appeared first on Република.

]]>

Францускиот предлог предвидува укинување на ветото, а ЕУ да стане гарант дека Скопје ќе ги исполни условите на Софија. Ова се првичните информации коишто пристигнуваат во врска со францускиот предлог, којшто со нетрпение се очекува во Македонија и во Бугарија, пишува Дојче Веле. „Француското ротирачко претседателство е подготвено да ги вклучи барањата на Бугарија во преговарачката рамка за Македонија и ЕУ да стане гарант за нивната имплементација, а се очекува да биде одобрен од другите земји - членки и покрај резервите дека билатералните прашања се пренесуваат во Европа. „Западен Балкан треба да се придвижи кон ЕУ“, пишува бугарскиот портал Медиапул, повикувајќи се на изјави на дипломати. Предлогот најпрво на бугарска маса  Вниманието и во Скопје и во Софија е целосно свртено кон францускиот предлог, од кој се очекува одговор дали има можност за тргање на ветото и отворање на вратите на ЕУ за Западен Балкан. Најавите се дека Франција ќе го испрати нацртот на новата преговарачка рамка за Македонија до Бугарија и до другите земји-членки. Според Бугарското национално радио, веќе во текот на денот се очекува тој да се најде пред Владата, а потоа ќе мора да оди во бугарскиот парламентот, откако Советот на министри, по барање на премиерот Кирил Петков, одлучи токму тоа да носи одлуки за сите прашања поврзани со Македонија и ветото. Предлогот со нетрпение се очекува и во Скопје. Македонскиот претседател Стево Пендаровски  денеска изјави дека Скопје го нем добиено францускиот предлог. „Имаме разговори со нашите бугарски колеги. Немам намера да коментирам дали владата или собранието во Софија ќе успее, тоа е внатрешна бугарска политика“, изјави претседателот Пендаровски на прашањето што содржи францускиот предлог за кревање на ветото од Бугарија. Тој вели дека францускиот предлог е интерна работа на ЕУ во рамки на подготовката на заклучоците на Европскиот совет што Франција како претседавач со ЕУ треба да ги достави до сите земји членки. Неизвесност и во Скопје  Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел кој е во посета на земјата, по средбата со Пендаровски во Охрид не сакаше да коментира што ќе има во заклучоците, со образложение дека  потреба дискреција во пресрет на Самитот на ЕУ. Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе ги почека прво реакциите во Бугарија, па тоа ќе даде свои забелешки на францускиот предлог, доколку има. „Во овие последни денови француското претседателство треба да го преземе кормилото и да ни каже врз основа на проценката што ја добиваат од Софија дали има простор за некаков посуштински ангажман и од разговорите што ги имаат со нас, дали ќе одат на нареден чекор. Ако одат на нареден чекор нашиот став е да видиме унифициран став од сите земји членки, вклучувајќи ја и Бугарија, а потоа ние да ги кажеме нашите забелешки доколку имаме забелешки на таков француски предлог“, изјави Османи.

The post Француски предлог: ЕУ да гарантира дека Скопје ќе ги исполни барањата на Софија appeared first on Република.

]]>
Петков денеска пред парламентот со францускиот предлог за укинување на ветото https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petkov-deneska-pred-parlamentot-so-francuskiot-predlog-za-ukinuvanje-na-vetoto/ Thu, 16 Jun 2022 07:35:34 +0000 https://republika.mk/?p=515798

Премиерот на Бугарија Кирил Петков денеска до Народното собрание ќе го испрати францускиот предлог за укинување на ветото за Македонија и почеток на преговорите за членство во Европската унија. Ова го споделил самиот Петков пред своите најблиски соработници, јавија бугарските медиуми.

Петков кажал дека е „детално запознаен со шемата како ќе се случи сето ова: В четврток официјално ќе биде испратен до сите земји-членки на ЕУ, а јас лично утре ќе го испратам во парламентот. Лично зад мене стојат Емануел Макрон и Олаф Шолц. Ќе го прифатиме, а потоа продолжуваме понатаму“.

https://republika.mk/vesti/svet/predlogot-na-makron-stanuva-realnost-vtorata-liga-na-eu-vo-koja-kje-vleze-i-makedonija-kje-se-formira-vekje-ovaa-godina/

Вчера, на самиот почеток на состанокот на Министерскиот совет, Петков го прочитал неговото барање, кое е прифатено, „предлогот на француското претседателство веднаш да биде испратен до собраниската Комисија за надворешна политика“.

The post Петков денеска пред парламентот со францускиот предлог за укинување на ветото appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Бугарија Кирил Петков денеска до Народното собрание ќе го испрати францускиот предлог за укинување на ветото за Македонија и почеток на преговорите за членство во Европската унија. Ова го споделил самиот Петков пред своите најблиски соработници, јавија бугарските медиуми. Петков кажал дека е „детално запознаен со шемата како ќе се случи сето ова: В четврток официјално ќе биде испратен до сите земји-членки на ЕУ, а јас лично утре ќе го испратам во парламентот. Лично зад мене стојат Емануел Макрон и Олаф Шолц. Ќе го прифатиме, а потоа продолжуваме понатаму“. https://republika.mk/vesti/svet/predlogot-na-makron-stanuva-realnost-vtorata-liga-na-eu-vo-koja-kje-vleze-i-makedonija-kje-se-formira-vekje-ovaa-godina/ Вчера, на самиот почеток на состанокот на Министерскиот совет, Петков го прочитал неговото барање, кое е прифатено, „предлогот на француското претседателство веднаш да биде испратен до собраниската Комисија за надворешна политика“.

The post Петков денеска пред парламентот со францускиот предлог за укинување на ветото appeared first on Република.

]]>
Бугарскиот Парламент на затворена седница ќе ја сослуша Генчовска за Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarskiot-parlament-na-zatvorena-sednica-kje-ja-soslusha-genchovska-za-makedonija/ Wed, 15 Jun 2022 07:54:40 +0000 https://republika.mk/?p=515360

Со гласови од ГЕРБ – СДС, ДПС, „Има таков народ“ и „Преродба“, бугарскиот Парламент одлучи како прва точка на дневниот ред, денеска, да ја сослуша министерката за надворешни работи Теодора Генчовска.

Предлогот беше одобрен со 117 гласа „за“, 108 против и пет воздржани. Од „Продолжуваме со промената“, „БСП за Бугарија“, „Демократска Бугарија“ и четворица независни пратеници гласаа „против“ предлогот.

На барање на „Има таков народ“, сослушувањето на министерката Генчовска е зад затворени врати. Затоа медиумските камери беа запрени и од пратениците беше побарано да ги остават телефоните надвор од салата.

Таа е кандидат на партијата на Слави Трифонов и пред неколку месеци зборуваше за двојна политика на премиерот Кирил Петков околу спорот за Македонија. Последните денови откако ИТН ја напуштија коалицијата и почнаа да ги обвинуваат своите поранешни партнери, повторно се отвори прашањето за обидите на Петков зад сцената да го укине ветото за почеток на преговорите за пристапување на Македонија во ЕУ.

Како одговор, премиерот постојано повторуваше дека одлуката за соседната земја ќе се носи во Парламентот, максимално транспарентно, а не без согласност на опозицијата.

Неодамна пратеникот Станислав Балабанов покажа белешка во која тврди дека го обвинува премиерот дека лаже, затоа што нацртал дијаграм на возот за Киев, според кој Владата планира прво да го укине ветото, а потоа Македонија да ги исполни барањата на Бугарија.

Наводите на Балабанов беа опишани од шефот на кабинетот на премиерот Лена Бориславова како трикови.

ГЕРБ- СДС утринава поднесоа 59 потписи по барање за изгласување недоверба на Владата. Ова на брифинг во Народното собрание го соопшти претседателката на групата Десислава Атанасова.

На вонредна прес-конференција заменик-претседателот на ГЕРБ Томислав Дончев вчера најави дека денеска ќе се поднесе гласање поради неуспехот на Владата во областа на јавните финансии и економската политика.

The post Бугарскиот Парламент на затворена седница ќе ја сослуша Генчовска за Македонија appeared first on Република.

]]>

Со гласови од ГЕРБ – СДС, ДПС, „Има таков народ“ и „Преродба“, бугарскиот Парламент одлучи како прва точка на дневниот ред, денеска, да ја сослуша министерката за надворешни работи Теодора Генчовска. Предлогот беше одобрен со 117 гласа „за“, 108 против и пет воздржани. Од „Продолжуваме со промената“, „БСП за Бугарија“, „Демократска Бугарија“ и четворица независни пратеници гласаа „против“ предлогот. На барање на „Има таков народ“, сослушувањето на министерката Генчовска е зад затворени врати. Затоа медиумските камери беа запрени и од пратениците беше побарано да ги остават телефоните надвор од салата. Таа е кандидат на партијата на Слави Трифонов и пред неколку месеци зборуваше за двојна политика на премиерот Кирил Петков околу спорот за Македонија. Последните денови откако ИТН ја напуштија коалицијата и почнаа да ги обвинуваат своите поранешни партнери, повторно се отвори прашањето за обидите на Петков зад сцената да го укине ветото за почеток на преговорите за пристапување на Македонија во ЕУ. Како одговор, премиерот постојано повторуваше дека одлуката за соседната земја ќе се носи во Парламентот, максимално транспарентно, а не без согласност на опозицијата. Неодамна пратеникот Станислав Балабанов покажа белешка во која тврди дека го обвинува премиерот дека лаже, затоа што нацртал дијаграм на возот за Киев, според кој Владата планира прво да го укине ветото, а потоа Македонија да ги исполни барањата на Бугарија. Наводите на Балабанов беа опишани од шефот на кабинетот на премиерот Лена Бориславова како трикови. ГЕРБ- СДС утринава поднесоа 59 потписи по барање за изгласување недоверба на Владата. Ова на брифинг во Народното собрание го соопшти претседателката на групата Десислава Атанасова. На вонредна прес-конференција заменик-претседателот на ГЕРБ Томислав Дончев вчера најави дека денеска ќе се поднесе гласање поради неуспехот на Владата во областа на јавните финансии и економската политика.

The post Бугарскиот Парламент на затворена седница ќе ја сослуша Генчовска за Македонија appeared first on Република.

]]>
Митов од ГЕРБ: Се надеваме дека ќе ја собереме потребната поддршка за изгласување недоверба на владата на Петков https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mitov-od-gerb-ne-e-vo-red-da-se-pregovara-za-zaobikoluvanje-na-vetoto-za-makedonija/ Wed, 15 Jun 2022 07:51:28 +0000 https://republika.mk/?p=515355

Се надеваме дека ќе ја собереме потребната поддршка за изгласување недоверба. Ова мачење мора да заврши, изјави денеска Даниел Митов од ГЕРБ пред почетокот на денешната седница на Народното собрание. Митов го коментираше и барањето за затворена седница на Народното собрание за Македонија. Тој рече дека е можно да се преговара за заобиколување на ветото, но поентата е дека не е во ред, рече Митов.

Како поранешен министер за надворешни работи, рече дека на секој состанок на меѓународно ниво треба да присуствува претставник на МНР и од тоа да има белешки, кои треба да им бидат достапни на идните функционери.

Ако Кирил Петков не ги сподели таквите белешки со лидерите, тоа е кршење на принципот на континуитет во нашата надворешна политика, рече Митов.

БГНЕС вчера објави дека бугарскиот премиер Кирил Петков има намера целосно да го изолира Министерството за надворешни работи (МНР) во обидите да го укине ветото за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ и притоа цитираше дел од текстот во нацрт-предлогот, кој самиот Петков ќе го поднесе на првата можна седница на владата.

Барањето за гласање недоверба на Владата на Петков вчера официјално ја најавија од ГЕРБ на прес-конференција.

The post Митов од ГЕРБ: Се надеваме дека ќе ја собереме потребната поддршка за изгласување недоверба на владата на Петков appeared first on Република.

]]>

Се надеваме дека ќе ја собереме потребната поддршка за изгласување недоверба. Ова мачење мора да заврши, изјави денеска Даниел Митов од ГЕРБ пред почетокот на денешната седница на Народното собрание. Митов го коментираше и барањето за затворена седница на Народното собрание за Македонија. Тој рече дека е можно да се преговара за заобиколување на ветото, но поентата е дека не е во ред, рече Митов. Како поранешен министер за надворешни работи, рече дека на секој состанок на меѓународно ниво треба да присуствува претставник на МНР и од тоа да има белешки, кои треба да им бидат достапни на идните функционери.
Ако Кирил Петков не ги сподели таквите белешки со лидерите, тоа е кршење на принципот на континуитет во нашата надворешна политика, рече Митов.
БГНЕС вчера објави дека бугарскиот премиер Кирил Петков има намера целосно да го изолира Министерството за надворешни работи (МНР) во обидите да го укине ветото за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ и притоа цитираше дел од текстот во нацрт-предлогот, кој самиот Петков ќе го поднесе на првата можна седница на владата. Барањето за гласање недоверба на Владата на Петков вчера официјално ја најавија од ГЕРБ на прес-конференција.

The post Митов од ГЕРБ: Се надеваме дека ќе ја собереме потребната поддршка за изгласување недоверба на владата на Петков appeared first on Република.

]]>