бугарско малцинство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarsko-malcinstvo/ За подобро да се разбереме Fri, 14 Apr 2023 16:17:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бугарско малцинство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarsko-malcinstvo/ 32 32 Ново барање: Бугарите сакаат да бидат споменати во Уставот како „македонски Бугари“ а не како малцинство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novo-barane-bugarite-sakaat-da-bidat-spomenati-vo-ustavot-kako-makedonski-bugari-a-ne-kako-maltsinstvo/ Fri, 14 Apr 2023 13:43:21 +0000 https://republika.mk/?p=630804

Здруженијата на Бугарите во Македонија имаат нови барања за нивно вклучување во Уставот. Тие до претседателот Стево Пендаровски испратиле писмо кое го објави „Експрес.мк“ во кое му напоменуваат дека во никој случај нема да прифатат само да бидат наброени како останатите, а  уште помалку ќе се согласат за нив да се користи терминот  „малцинство“.

Тие сметаат дека се контититивен народ и затоа за нив единствен прифатлив термин е зборот „Македонски Бугари“. Безобразлукот оди дотаму што уште бараат да бидат споменати по азбучен ред веднаш после Македонците.

За овој израз Бугрите имаат поддршка од власите во Софија без разлика која партија ќе формира Влада, и секако од претседетелот Радев.

Доколку Пендаровски и Владата на ДУИ ова го прифати, бидејќи премиерот Ковачевски и онака за ништо не се прашува ќе биде најголем удар по македонскиот идентитет бидејќи практично ќе се изедначат Македонците и Бугарите и бугарската заедница ќе се смета за создавач на државата.

The post Ново барање: Бугарите сакаат да бидат споменати во Уставот како „македонски Бугари“ а не како малцинство appeared first on Република.

]]>

Здруженијата на Бугарите во Македонија имаат нови барања за нивно вклучување во Уставот. Тие до претседателот Стево Пендаровски испратиле писмо кое го објави „Експрес.мк“ во кое му напоменуваат дека во никој случај нема да прифатат само да бидат наброени како останатите, а  уште помалку ќе се согласат за нив да се користи терминот  „малцинство“. Тие сметаат дека се контититивен народ и затоа за нив единствен прифатлив термин е зборот „Македонски Бугари“. Безобразлукот оди дотаму што уште бараат да бидат споменати по азбучен ред веднаш после Македонците. За овој израз Бугрите имаат поддршка од власите во Софија без разлика која партија ќе формира Влада, и секако од претседетелот Радев. Доколку Пендаровски и Владата на ДУИ ова го прифати, бидејќи премиерот Ковачевски и онака за ништо не се прашува ќе биде најголем удар по македонскиот идентитет бидејќи практично ќе се изедначат Македонците и Бугарите и бугарската заедница ќе се смета за создавач на државата.  

The post Ново барање: Бугарите сакаат да бидат споменати во Уставот како „македонски Бугари“ а не како малцинство appeared first on Република.

]]>
EУ го одби барањето на Софија третманот на Бугарите во Македонија да биде услов за напредок https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/eu-go-odbi-baranjeto-na-sofija-tretmanot-na-bugarite-vo-makedonija-da-bide-uslov-za-napredok/ Thu, 15 Dec 2022 07:26:35 +0000 https://republika.mk/?p=585770

Советот на ЕУ ја одбил бугарската декларација со која се барало „ефективно гонење и осуда за злосторства од омраза од страна на властите вo Македонија“. Софија барала нејзината унилатерална изјава да влезе во заклучоците на Советот за општи работи во делот за Македонија, но министрите го одбиле тоа барање.

Дел од медиумите во Бугарија вчера објавија дека бугарската декларација била прифатена, но според заклучоците на Советот во кои имал увид Дојче веле тоа не е случај. Бугарските медиуми се повикуваат на заклучокот за „понатамошно зајакнување на основните права, слободата на медиумите и слободата на изразување“ кој е наведен во точката 12 од заклучоците, и кој се однесува на сите земји од регионот на Западниот Балкан.

Во изјава за ДВ, тоа го потврди и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.  – Унилатералната декларација на Бугарија не е дел од заклучоците, и тој нивни поединечен став не беше прифатен од останатите земји, вели Маричиќ.

Вицепремиерот појаснува дека заклучоците на советот „само потсетуваат на претходните заклучоци“ донесени во јули годинава од летово „и сѐ останато е поддршка за нашата позиција и и продолжување на пристапните преговори“.

Добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински елементи на процесот на проширување, како и на Процесот на стабилизација и асоцијација. Советот потсетува на важноста од постигнување опипливи резултати и спроведување на билатералните договори, вклучувајќи го и договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. Во текстот се напоменува дека мора да се избегнуваат изјави и активности што негативно влијаат врз добрососедските односи и на мирното решавање на споровите

The post EУ го одби барањето на Софија третманот на Бугарите во Македонија да биде услов за напредок appeared first on Република.

]]>

Советот на ЕУ ја одбил бугарската декларација со која се барало „ефективно гонење и осуда за злосторства од омраза од страна на властите вo Македонија“. Софија барала нејзината унилатерална изјава да влезе во заклучоците на Советот за општи работи во делот за Македонија, но министрите го одбиле тоа барање. Дел од медиумите во Бугарија вчера објавија дека бугарската декларација била прифатена, но според заклучоците на Советот во кои имал увид Дојче веле тоа не е случај. Бугарските медиуми се повикуваат на заклучокот за „понатамошно зајакнување на основните права, слободата на медиумите и слободата на изразување“ кој е наведен во точката 12 од заклучоците, и кој се однесува на сите земји од регионот на Западниот Балкан. Во изјава за ДВ, тоа го потврди и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.  – Унилатералната декларација на Бугарија не е дел од заклучоците, и тој нивни поединечен став не беше прифатен од останатите земји, вели Маричиќ. Вицепремиерот појаснува дека заклучоците на советот „само потсетуваат на претходните заклучоци“ донесени во јули годинава од летово „и сѐ останато е поддршка за нашата позиција и и продолжување на пристапните преговори“. Добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински елементи на процесот на проширување, како и на Процесот на стабилизација и асоцијација. Советот потсетува на важноста од постигнување опипливи резултати и спроведување на билатералните договори, вклучувајќи го и договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. Во текстот се напоменува дека мора да се избегнуваат изјави и активности што негативно влијаат врз добрососедските односи и на мирното решавање на споровите

The post EУ го одби барањето на Софија третманот на Бугарите во Македонија да биде услов за напредок appeared first on Република.

]]>
Бугарија бара од Македонија да ја почитува Конвенцијата за заштита на малцинства, иако самата не ја почитува https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarija-bara-od-makedonija-da-ja-pochituva-konvencijata-za-zashtita-na-malcinstva-iako-samata-ne-ja-pochituva/ Fri, 21 Oct 2022 12:35:39 +0000 https://republika.mk/?p=564040

Бугарските власти бараат Македонија да ја почитува европска конвенција за заштита на човековите права. Ова барање од Софија доаѓа отако партиите во Македонија се сложија да се направат измени во Законот за политички партии и за здруженија  со кои имиња на личности од фашистичкиот период ќе бидат забранети.

Македонија ги загрозува основните права на Бугарите утврдени со Европската конвенција за човекови права, како што се правото на здружување, собирање, слобода и слободно изразување на убедувањето, изјави денеска бугарскиот заменик министер за надворешни работи Костадин Коџабашев.

Бугарија има потпишано и ратификувано конвенции на Советот на Европа но не ги почитува.

Иако се обврзаа да се грижат за малцинските права - со тоа што ја потпиша Рамковната конвенција за национални малцинства, Бугарија нема се' уште ратификувано неколку значајни документи: на пример, таканаречениот Протокол 12 од Европската конвенција за малцинските права и јазици.

https://republika.mk/vesti/makedonija/po-zdruzenija-bugarite-vo-makedonija-formiraat-i-partija/

The post Бугарија бара од Македонија да ја почитува Конвенцијата за заштита на малцинства, иако самата не ја почитува appeared first on Република.

„Не е само тоа“: Бугарските власти признаа дека внесувањето на Бугарите во Уставот не е единствениот услов https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-e-samo-toa-bugarskite-vlasti-priznaa-deka-vnesuvanjeto-na-bugarite-vo-ustavot-ne-e-edinstveniot-uslov/ Sun, 17 Apr 2022 12:12:48 +0000 https://republika.mk/?p=489554

Бугарската делегација која претсојуваше во Македонија е децидна дека главното барање кое се форсира во моментов а тоа е внесување на бугарското малцинство во македонскиот Устав не е единствено туку дека подоцна ќе има и нови

Потпретседателката Јотова е јасна Бугарија нема да каже „да“ за членство во ЕУ се додека овие прашања не бидат регулирани.

– Кога зборуваме за гаранции, тие не може да бидат усни. Пет години по потпишувањето на Договорот за добрососедство ништо не е направено. Така што, за нас, најсериозните гаранции ќе бидат гаранциите на Бугарите во Уставот на Македонија, изјави Јотова.

Прашана дали главниот проблем за тргање на бугарското вето за Македонија во ЕУ е впишувањето на Бугарите во уставот на земјава, Јотова рече „не е само тоа“.

[caption id="attachment_489446" align="alignnone" width="640"] (фото ТВ Тера)[/caption]

– Ако добро го познавате Договорот за добрососедство меѓу двете земји ќе знаете дека ништо по тие прашања внатре не е направено во последните пет години. Прво, поставените услови за одредени текстови во учебниците од средно, кои треба да бидат дефинирани од Историската комисија меѓу двете земји и тие соодветно да бидат вметнати во учебниците. Второ, ние бараме отворање на архивите за случаите со лицата кои покажале бугарска самосвест и на трето место, тоа што за мене е исклучително важено, е скрнавењето на спомениците, изјави Јотова.

Во однос на членството на земјава во ЕУ, Јотова посочи дека станува збор за исполнување критериуми на патот за членство, исто како и секоја друга земја на тој пат.

– Тие се јасно напишани во шесте кластери. Во поглавјата кои треба да се отворат со ЕК и Извештаите за напредокот на земјата. Тоа е една процедура, што се движи по сосема различна линија, рече Јотова, зборувајќи за можноста Бугарија да го крене ветото поради војната во Украина и опасноста од прелевање и во регионот.

The post „Не е само тоа“: Бугарските власти признаа дека внесувањето на Бугарите во Уставот не е единствениот услов appeared first on Република.

]]>

Бугарската делегација која претсојуваше во Македонија е децидна дека главното барање кое се форсира во моментов а тоа е внесување на бугарското малцинство во македонскиот Устав не е единствено туку дека подоцна ќе има и нови Потпретседателката Јотова е јасна Бугарија нема да каже „да“ за членство во ЕУ се додека овие прашања не бидат регулирани.
– Кога зборуваме за гаранции, тие не може да бидат усни. Пет години по потпишувањето на Договорот за добрососедство ништо не е направено. Така што, за нас, најсериозните гаранции ќе бидат гаранциите на Бугарите во Уставот на Македонија, изјави Јотова.
Прашана дали главниот проблем за тргање на бугарското вето за Македонија во ЕУ е впишувањето на Бугарите во уставот на земјава, Јотова рече „не е само тоа“. [caption id="attachment_489446" align="alignnone" width="640"] (фото ТВ Тера)[/caption]
– Ако добро го познавате Договорот за добрососедство меѓу двете земји ќе знаете дека ништо по тие прашања внатре не е направено во последните пет години. Прво, поставените услови за одредени текстови во учебниците од средно, кои треба да бидат дефинирани од Историската комисија меѓу двете земји и тие соодветно да бидат вметнати во учебниците. Второ, ние бараме отворање на архивите за случаите со лицата кои покажале бугарска самосвест и на трето место, тоа што за мене е исклучително важено, е скрнавењето на спомениците, изјави Јотова.
Во однос на членството на земјава во ЕУ, Јотова посочи дека станува збор за исполнување критериуми на патот за членство, исто како и секоја друга земја на тој пат.
– Тие се јасно напишани во шесте кластери. Во поглавјата кои треба да се отворат со ЕК и Извештаите за напредокот на земјата. Тоа е една процедура, што се движи по сосема различна линија, рече Јотова, зборувајќи за можноста Бугарија да го крене ветото поради војната во Украина и опасноста од прелевање и во регионот.

The post „Не е само тоа“: Бугарските власти признаа дека внесувањето на Бугарите во Уставот не е единствениот услов appeared first on Република.

]]>
Јотова ја кажа уцената: Прво решавање на правата на Бугарите во Македонија, па членство во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jotova-prvo-reshavanje-na-pravata-na-bugarite-vo-makedonija-pa-chlenstvo-vo-eu/ Sat, 16 Apr 2022 13:14:28 +0000 https://republika.mk/?p=489291

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, при посетата на Битола денеска кажа дека Македонија треба час поскоро да биде дел од Европската Унија, но дека тоа ќе се случи само ако се решат правата на Бугарите во Македонија.

За Македонија да биде членка на ЕУ тоа се правата на Бугарите во Македонија. Права кои треба да се исполнат, за Македонија да биде дел од ЕУ. Тоа е позицијата на Бугарија. Се радувам што сум тука и што сум дел од овој настан - рече Јотова.

The post Јотова ја кажа уцената: Прво решавање на правата на Бугарите во Македонија, па членство во ЕУ appeared first on Република.

Бугарија и Радев со ново барање кон Македонија: Бугарите да не се нарекуваат малцинство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarija-i-radev-so-novo-baranje-kon-makedonija-bugarite-da-ne-se-narekuvaat-malcinstvo/ Sat, 09 Apr 2022 16:04:06 +0000 https://republika.mk/?p=485917

Иако од претставниците на македонската влада постојано се уверува дека има напредок во преговорите и односите се подобруваат, денеска нови студени тонови пристигнаа од бугарскиот претседател Румен Радев. Тој порача дека очекува бугарската Влада строго да се придржува на Декларацијата на бугарското собрание во преговорите за решавање на отворени прашања со Македонија, кој како што истакна треба да се решат пред почеток на преговорите. Во спротивно рече тој, секоја отстапка ќе предизвика владина криза. Радев со најава за нова блокада кон Македонија, бара Бугарите кои живеат во земјава да не се нарекуваат малцинство.

Надворешно-политичките советници на премиерот во никој случај да не ги оквалификуваат македонските Бугари како малцинство. Тоа не соодветствува на реалноста на Уставот на нашиот сосед. Тоа може да создаде сериозни проблеми во нашите односи и да го уништи целиот процес на европската интеграција на Република Македонија“, вели Румен Радев.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека тие не знаат што преговара Владата со Бугарија.

Доколку го негира постоењето на посебната македонска историја, традиција, обичаи, споредено со традицијата и обичаите кај нашиот источен сосед, доколку не ја одразува различноста на македонскиот народ од бугарскиот народ, автентичната борба на македонскиот народ за своја сопствена држава, идната Влада ниту има намера да го почитува ниту има намера да биде дел од учебниците со кои што децата ќе учат искривена историја, посочи Христијан Мицкоски.

Од СДСМ реагираа на ваквата изјава на Мицкоски.

Државните позиции во однос на разговорите со Бугарија се јасни, потврдени и со Резолуција во македонското Собрание и Христијан Мицкоски треба да престане со своите неодговорни изјави да и предизвикува штета на македонската позиција и на државниот интерес, порачаа од СДСМ.

Премиерот Ковачевски деновиве рече дека со Бугарија имаме искрена комуникација и дека двете влади веќе работат на конкретни резултати. Сепак тој рече дека за отворените политички прашања се уште нема прифатливо решение.

The post Бугарија и Радев со ново барање кон Македонија: Бугарите да не се нарекуваат малцинство appeared first on Република.

Ахмети: Ништо лошо нема да ѝ стане на државата, да ги прифатиме Бугарите во Уставот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ahmeti-nishto-losho-nema-da-stane-na-drzavata-da-gi-prifatime-bugarite-vo-ustavot/ Tue, 18 Jan 2022 18:42:40 +0000 https://republika.mk/?p=446486

Нема лошо да ѝ стане на државата ако ние го прифатиме бугарското малцинство како уставна категорија, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети на прес-конференција по средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков попладнево во Собранието.

Ахмети рече дека на средбата се интересирал за тоа кои се пречките за позитивен епилог во спорот односно решение за почнување пристапни преговори за ЕУ и од делегацијата на соседната земја слушнал, рече, дека за нив значајно е во нашиот Устав да биде наведено бугарското малцинство што живее во РепубликаМакедонија.

Зборував многу отворено за ова со Петков. Ние сме целосно ангажирани да се почитува и да не му се оспорува правото на никој да се декларира, без притисок, така како што чувствува, тоа да се рефлектира во Уставот. Мислам дека ништо лошо нема да ѝ се случи на државата ако ние го прифатиме бугарското малцинство како уставна категорија. Значајно е да се отворат преговори за зачленување во ЕУ зашто така градиме сигурна иднина. Рамковниот договор ги има опфатено сите малцинства кои живеат овде и со сигурност со прифаќање и со значајните измени кои ќе се направат само ќе ја зајакнеме нашата држава и европските стандарди и диверзитетите. Ќе имаме претставување и на Хрватите и Црногорците, кои исто така имаат покренато прашање да се претставени во Уставот на РСМ. За тоа да се случи треба храброст и добра волја од сите – Собранието, невладиниот сектор и медиумите, рече Ахмети, нагласувајќи дека тоа е стратегија значајна за почеток на преговорите за ЕУ.

Јавноста знае, рече тој, дека разликите помеѓу Скопје и Софија досега се покажале како пречка и на средбата се заинтересирал како би можел да се ангажира за решението.

Но јас денес видов многу голема волја кај премиерот на Бугарија ова прашање да има епилог и колку може побрзо да се изнајде заедничко прифатливо решение за двете страни. Ние да ги отвориме преговорите за членство во јули оваа година, рече лидерот на ДУИ.

Притоа нагласи дека Македонците не треба да имаат дилема зашто, подвлече, тој е нивни сограѓанин и е заинтересиран да не се чувствуаат лошо. Обврзан е како претставник на ДУИ неговите сограѓани, како што рече, да ја осетат поткрепата од политиката на партијата што ја предводи.

Нагласи дека на средбата со Петков истакнал дека двете земји имаат потреба од релаксирање на односите и да зборуваат многу отворено за теми кои бараат решение, но не треба, рече, да бидеме преокупирани со емоции, туку рационални.

Се согласиле за што поскоро почнување на изградбата на Коридорот 8, и патниот и железничкиот, заради тоа што поврзува градови од Бургас преку Скопје до Тирана и зближува, за да се подобри комуникацијата и соработката во повеќе области – економија, инвестиции, култура.

На новинарско прашање дали разговарале и за македнското малцинство во Бугарија, Ахмети одговори дека не разговарал за реципроцитет бидејќи, како што рече, „ние сме во ситуација во која треба со внимание да менаџираме зашто е стратешки интерес на нашата земја да имаме сигурност и функционална стабилност“.

Тие се прашања кои припаѓаат на Уставот на Бугарија и јас немам доволно познавање за да отворам вакви теми, додаде лидерот на ДУИ.

The post Ахмети: Ништо лошо нема да ѝ стане на државата, да ги прифатиме Бугарите во Уставот appeared first on Република.

]]>

Нема лошо да ѝ стане на државата ако ние го прифатиме бугарското малцинство како уставна категорија, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети на прес-конференција по средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков попладнево во Собранието. Ахмети рече дека на средбата се интересирал за тоа кои се пречките за позитивен епилог во спорот односно решение за почнување пристапни преговори за ЕУ и од делегацијата на соседната земја слушнал, рече, дека за нив значајно е во нашиот Устав да биде наведено бугарското малцинство што живее во РепубликаМакедонија.
Зборував многу отворено за ова со Петков. Ние сме целосно ангажирани да се почитува и да не му се оспорува правото на никој да се декларира, без притисок, така како што чувствува, тоа да се рефлектира во Уставот. Мислам дека ништо лошо нема да ѝ се случи на државата ако ние го прифатиме бугарското малцинство како уставна категорија. Значајно е да се отворат преговори за зачленување во ЕУ зашто така градиме сигурна иднина. Рамковниот договор ги има опфатено сите малцинства кои живеат овде и со сигурност со прифаќање и со значајните измени кои ќе се направат само ќе ја зајакнеме нашата држава и европските стандарди и диверзитетите. Ќе имаме претставување и на Хрватите и Црногорците, кои исто така имаат покренато прашање да се претставени во Уставот на РСМ. За тоа да се случи треба храброст и добра волја од сите – Собранието, невладиниот сектор и медиумите, рече Ахмети, нагласувајќи дека тоа е стратегија значајна за почеток на преговорите за ЕУ.
Јавноста знае, рече тој, дека разликите помеѓу Скопје и Софија досега се покажале како пречка и на средбата се заинтересирал како би можел да се ангажира за решението.
Но јас денес видов многу голема волја кај премиерот на Бугарија ова прашање да има епилог и колку може побрзо да се изнајде заедничко прифатливо решение за двете страни. Ние да ги отвориме преговорите за членство во јули оваа година, рече лидерот на ДУИ.
Притоа нагласи дека Македонците не треба да имаат дилема зашто, подвлече, тој е нивни сограѓанин и е заинтересиран да не се чувствуаат лошо. Обврзан е како претставник на ДУИ неговите сограѓани, како што рече, да ја осетат поткрепата од политиката на партијата што ја предводи. Нагласи дека на средбата со Петков истакнал дека двете земји имаат потреба од релаксирање на односите и да зборуваат многу отворено за теми кои бараат решение, но не треба, рече, да бидеме преокупирани со емоции, туку рационални. Се согласиле за што поскоро почнување на изградбата на Коридорот 8, и патниот и железничкиот, заради тоа што поврзува градови од Бургас преку Скопје до Тирана и зближува, за да се подобри комуникацијата и соработката во повеќе области – економија, инвестиции, култура. На новинарско прашање дали разговарале и за македнското малцинство во Бугарија, Ахмети одговори дека не разговарал за реципроцитет бидејќи, како што рече, „ние сме во ситуација во која треба со внимание да менаџираме зашто е стратешки интерес на нашата земја да имаме сигурност и функционална стабилност“.
Тие се прашања кои припаѓаат на Уставот на Бугарија и јас немам доволно познавање за да отворам вакви теми, додаде лидерот на ДУИ.

The post Ахмети: Ништо лошо нема да ѝ стане на државата, да ги прифатиме Бугарите во Уставот appeared first on Република.

]]>
ФАЦ: Петков бара бугарското малцинство да се вклучи во македонскиот Устав, а не сака да чуе за македонско малцинство во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/fac-petkov-bara-bugarskoto-malcinstvo-da-se-vkluchi-vo-makedonskiot-ustav-a-ne-saka-da-chue-za-makedonsko-malcinstvo-vo-bugarija/ Tue, 18 Jan 2022 11:46:55 +0000 https://republika.mk/?p=446322

Бугарскиот премиер Кирил Петков денес е во прва официјална посета на Македонија, а пред посетата најави нов пристап во разговорите за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија. Весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ) денеска излезе со анализа токму на таа тема, со наслов „Проба за поправање на односите во Скопје“.

ФАЦ пишува дека Хрватска е последната држава која што се приклучила на Европската Унија во летото во 2013 и Европското проширување од тогаш е ставено во мирување. Постојат неколку аргументи зошто ова е точно. Францускиот Премиер Емануел Макрон често укажува на паузата во проширувањето на ЕУ. Со години, тој укажува дека ЕУ едвај преживува со постоечките земји членки кога е во прашање донесување на важни одлуки, кои мора да се донесат со едногласност. Макрон сака прво ЕУ да ги реформира процедурите за гласање барем за важните одлуки. На Балканот, постојат држави кои сеуште посакуваат и прават се за да се приклучат на ЕУ. Приклучувањето кон ЕУ на овие држави е главната надворешна политика. Тие се: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија. Сепак, ниту една држава нема направено отстапки и нема платено повеќе од Македонија.

Поранешниот македонски премиер Зоран Заев, заедно со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас дури успеаја да го сменат името на државата, која претходно се викаше само Македонија, во 2018, со што го надминаа долгогодишниот спор околу името кој  Македонија го имаше со Грција. Меѓутоа, веднаш кога грчкото вето беше спуштено, земјата беше повторно блокирана: Сега Бугарија ја спречува  Македонија од започнување на пристапни преговори со ЕУ со серија на таканаречени историски барања. На пример,  Македонија повеќе не смее да ја нарекува бугарска окупација од Втората светска војна окупација, мора да признае дека корените на македонскиот јазик се бугарски и да го признае постоењето на бугарско малцинство во преамбулата на својот устав – пишува ФАЦ.

Иако ваквите барања од Софија не се ништо ново, тие не беа забележани во Европа во минатото поради поапсурдните барања од страна на Грција, пишува весникот. Пред 10 години, поранешниот бугарски премиер Росен Плевнелиев кажа дека, доколку Македонија сака да почне какви било преговори со ЕУ, државата мора да престане со анти-Бугарската политика.

Сепак, во тоа време, во Скопје постоеше сомнителна историска политика. Меѓутоа, моменталното лидерство во државата во никој случај не смее да биде обвинето за било какво нешто слично. Како резултат на бугарското вето, од кое страда и Албанија како колатерална штета, последните спомени од Европска политика на проширување на Балканот како да тонат. Помеѓу другото, тоа значи дека и влијанието кое ЕУ го има на Балканот станува се помало – пишува ФАЦ.

Сега, новиот бугарски премиер Кирил Петков, кој е премиер од декември 2021 година, почнува да размислува за промени. Новиот македонски премиер Димитар Ковачевски, кој е премиер околу 72 часа, го пречекува на разговори во Скопје. Ковачевски стана премиер после Заев, кој беше политички ослабен од пропаднатите европски ветувања и одлучи да го отстапи своето место од првиот ред од политиката во земјата.

Петков и Ковачевски сакаат да најдат решените за одново започнување на преговорите. Доколку успеат, проширувањето на ЕУ би можело барем формално да биде рестартирано. Петков, кој има завршено на „Харвард“ и кој навлезе во политиката од бизнис секторот, сака да ја воведе својата држава во еврозоната, не се смета за бугарски националист – пишува ФАЦ.

Во интервју за агенцијата МИА, кое го даде пред планираниот пат во Скопје, наведува медиумот, тој се претставува себеси како прагматичен човек.

Нема потреба за нови декларации, туку проблемите кои се важни за луѓето во двете држави треба да се решат - рече Петков.

Главниот фокус треба да биде во инфраструктурата. До денес, Скопје и Софија не се директно поврзани ниту со автопат ниту со железница. Не постои ни директна авио-линија меѓу двата града. Тоа мора да се смени.

Бугарската влада сака да ја зацврсти довербата, која е уништена, со сериозни проекти. Пет работни групи (за бизнис, култура, инфраструктура, европска интеграција и историја), кои би требало да се сретнуваат еднаш неделно, би требало да воведат до забрзување на подобрување на односите – се вели во текстот.

Петков беше цитиран со изјава дека имал конструктивен разговор по телефон со Ковачевски. Двајцата премиери се договориле да доведат што е можно повеќе компании од двете држави за да се зајакнат економсксите односи. Сепак, вели медиумот, иако Петков е прагматичар, не е јасно дека нешто ќе може да се смени во преговорите помеѓу двете држави.

Бугарскиот премиер ќе мора да се откаже од многу работи, бидејќи Социјалистичката партија, која е традиционално националистичка кон  Македонија, е дел од владата на Бугарија. Претседателот на Бугарија Румен Радев, поранешен борбен пилот кој тренирал во земјите на Варшавскиот пакт, е човек кој комплетно ја доведе до прашање цела социјалистичка историографија. Неговите националистички изјави кон  Македонија често укажуваат дека тој никогаш нема да може да се одвои од таа бивша социјалистичка политика. Тој зборува на националистички теми, чие место е 19-тиот век – се вели во анализата.

Во интервјуто, Петков укажа дека постојат деструктивни сили и во двете држави кои работат против добрососедкиот односи.

Сепак, некои екперти сè уште не се сигурни колку Петков ќе можа да се дистанцира од тие деструктивни сили. Бугарскиот историчар Росен Милев, кој често ја критикува Бугарската националистичка политика кон Македонија, укажува на една контрадикција. Иако Петков, во линија со националистичките елементи во Бугарија, бара да се прифати бугарското малцинство во Македонија и тоа да биде вклучено во Уставот на земјата, тој одбива дури и да разговара за постоењето на македонско малцинство во Бугарија.

Тоа е скандалозно. Како може еден премиер во Европа да зборува дека една држава мора да го признае малцинството во соседна држава, но одбива да зборува за спротивниот случај? Тоа оди против сè во Европа, објаснува Милев – завршува ФАЦ.

The post ФАЦ: Петков бара бугарското малцинство да се вклучи во македонскиот Устав, а не сака да чуе за македонско малцинство во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот премиер Кирил Петков денес е во прва официјална посета на Македонија, а пред посетата најави нов пристап во разговорите за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија. Весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЦ) денеска излезе со анализа токму на таа тема, со наслов „Проба за поправање на односите во Скопје“. ФАЦ пишува дека Хрватска е последната држава која што се приклучила на Европската Унија во летото во 2013 и Европското проширување од тогаш е ставено во мирување. Постојат неколку аргументи зошто ова е точно. Францускиот Премиер Емануел Макрон често укажува на паузата во проширувањето на ЕУ. Со години, тој укажува дека ЕУ едвај преживува со постоечките земји членки кога е во прашање донесување на важни одлуки, кои мора да се донесат со едногласност. Макрон сака прво ЕУ да ги реформира процедурите за гласање барем за важните одлуки. На Балканот, постојат држави кои сеуште посакуваат и прават се за да се приклучат на ЕУ. Приклучувањето кон ЕУ на овие држави е главната надворешна политика. Тие се: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија. Сепак, ниту една држава нема направено отстапки и нема платено повеќе од Македонија.
Поранешниот македонски премиер Зоран Заев, заедно со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас дури успеаја да го сменат името на државата, која претходно се викаше само Македонија, во 2018, со што го надминаа долгогодишниот спор околу името кој  Македонија го имаше со Грција. Меѓутоа, веднаш кога грчкото вето беше спуштено, земјата беше повторно блокирана: Сега Бугарија ја спречува  Македонија од започнување на пристапни преговори со ЕУ со серија на таканаречени историски барања. На пример,  Македонија повеќе не смее да ја нарекува бугарска окупација од Втората светска војна окупација, мора да признае дека корените на македонскиот јазик се бугарски и да го признае постоењето на бугарско малцинство во преамбулата на својот устав – пишува ФАЦ.
Иако ваквите барања од Софија не се ништо ново, тие не беа забележани во Европа во минатото поради поапсурдните барања од страна на Грција, пишува весникот. Пред 10 години, поранешниот бугарски премиер Росен Плевнелиев кажа дека, доколку Македонија сака да почне какви било преговори со ЕУ, државата мора да престане со анти-Бугарската политика. Сепак, во тоа време, во Скопје постоеше сомнителна историска политика. Меѓутоа, моменталното лидерство во државата во никој случај не смее да биде обвинето за било какво нешто слично. Како резултат на бугарското вето, од кое страда и Албанија како колатерална штета, последните спомени од Европска политика на проширување на Балканот како да тонат. Помеѓу другото, тоа значи дека и влијанието кое ЕУ го има на Балканот станува се помало – пишува ФАЦ. Сега, новиот бугарски премиер Кирил Петков, кој е премиер од декември 2021 година, почнува да размислува за промени. Новиот македонски премиер Димитар Ковачевски, кој е премиер околу 72 часа, го пречекува на разговори во Скопје. Ковачевски стана премиер после Заев, кој беше политички ослабен од пропаднатите европски ветувања и одлучи да го отстапи своето место од првиот ред од политиката во земјата. Петков и Ковачевски сакаат да најдат решените за одново започнување на преговорите. Доколку успеат, проширувањето на ЕУ би можело барем формално да биде рестартирано. Петков, кој има завршено на „Харвард“ и кој навлезе во политиката од бизнис секторот, сака да ја воведе својата држава во еврозоната, не се смета за бугарски националист – пишува ФАЦ. Во интервју за агенцијата МИА, кое го даде пред планираниот пат во Скопје, наведува медиумот, тој се претставува себеси како прагматичен човек. Нема потреба за нови декларации, туку проблемите кои се важни за луѓето во двете држави треба да се решат - рече Петков. Главниот фокус треба да биде во инфраструктурата. До денес, Скопје и Софија не се директно поврзани ниту со автопат ниту со железница. Не постои ни директна авио-линија меѓу двата града. Тоа мора да се смени. Бугарската влада сака да ја зацврсти довербата, која е уништена, со сериозни проекти. Пет работни групи (за бизнис, култура, инфраструктура, европска интеграција и историја), кои би требало да се сретнуваат еднаш неделно, би требало да воведат до забрзување на подобрување на односите – се вели во текстот. Петков беше цитиран со изјава дека имал конструктивен разговор по телефон со Ковачевски. Двајцата премиери се договориле да доведат што е можно повеќе компании од двете држави за да се зајакнат економсксите односи. Сепак, вели медиумот, иако Петков е прагматичар, не е јасно дека нешто ќе може да се смени во преговорите помеѓу двете држави. Бугарскиот премиер ќе мора да се откаже од многу работи, бидејќи Социјалистичката партија, која е традиционално националистичка кон  Македонија, е дел од владата на Бугарија. Претседателот на Бугарија Румен Радев, поранешен борбен пилот кој тренирал во земјите на Варшавскиот пакт, е човек кој комплетно ја доведе до прашање цела социјалистичка историографија. Неговите националистички изјави кон  Македонија често укажуваат дека тој никогаш нема да може да се одвои од таа бивша социјалистичка политика. Тој зборува на националистички теми, чие место е 19-тиот век – се вели во анализата. Во интервјуто, Петков укажа дека постојат деструктивни сили и во двете држави кои работат против добрососедкиот односи. Сепак, некои екперти сè уште не се сигурни колку Петков ќе можа да се дистанцира од тие деструктивни сили. Бугарскиот историчар Росен Милев, кој често ја критикува Бугарската националистичка политика кон Македонија, укажува на една контрадикција. Иако Петков, во линија со националистичките елементи во Бугарија, бара да се прифати бугарското малцинство во Македонија и тоа да биде вклучено во Уставот на земјата, тој одбива дури и да разговара за постоењето на македонско малцинство во Бугарија. Тоа е скандалозно. Како може еден премиер во Европа да зборува дека една држава мора да го признае малцинството во соседна држава, но одбива да зборува за спротивниот случај? Тоа оди против сè во Европа, објаснува Милев – завршува ФАЦ.

The post ФАЦ: Петков бара бугарското малцинство да се вклучи во македонскиот Устав, а не сака да чуе за македонско малцинство во Бугарија appeared first on Република.

]]>