бугарско-македонски клубови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarsko-makedonski-klubovi/ За подобро да се разбереме Tue, 03 May 2022 06:34:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бугарско-македонски клубови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarsko-makedonski-klubovi/ 32 32 Денес се формира клубот за бугарско-македонско пријателство во кој членуваат Георгиевски, Бучковски и Колозова https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/denes-se-formira-klubot-za-bugarsko-makedonsko-prijatelstvo-vo-koj-chlenuvaat-georgievski-buchkovski-i-kolozova/ Tue, 03 May 2022 06:34:45 +0000 https://republika.mk/?p=496598

Онлајн преку платформата „Зум“ денеска ќе биде претставен нов клуб за бугарско-македонско пријателство.

Како што соопшти Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, кој е виртуелен домаќин, темата на прес-конференцијата е „Претставување на нов клуб за бугарско-македонско пријателство и повелба за негово формирање со видео конференција меѓу видни јавни личности од Софија и Скопје“.

Од Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје информираат дека тие не се креатори и учесници во идејата и сакаат, како што велат, да ја поддржат иницијативата на добра волја која стои зад креирањето на оваа платформа.

Како што е најавено, меѓу основачите на Клубот од македонска страна се филозофката Катерина Колозова, политикологот Љупчо Петковски, новинарите Марјан Николовски и Столе Наумов, историчарот Драган Заjковски, поранешните македонски премиери Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски.

Меѓу основачите на Клубот од бугарска страна се писателите Алек Попов и Чавдар Ценов, универзитетските професори Александар Ќосев, Ивајло Дичев и Маја Грекова, новинарите Бојко Станкушев, Иво Беров и Димитар Кенаров, експертот за одбрана Велизар Шаламанов, економистите Красен Станчев и Евгени К’нев, тенисерката Мануела Малеева, режисерот Јавор Г’рдев, советникот на претседателот Жељу Желев за етнички прашања и Михаил Иванов.

Исто така меѓу основачите се и три организации на македонските Бугари – Бугарскиот културен клуб Скопје (БККС), Културно-просветното друштво „Вардар“ и Здружението на граѓани за промоција, издавање, иницијативи и меѓународна соработка „ДЕЛО“ Скопје.

The post Денес се формира клубот за бугарско-македонско пријателство во кој членуваат Георгиевски, Бучковски и Колозова appeared first on Република.

]]>

Онлајн преку платформата „Зум“ денеска ќе биде претставен нов клуб за бугарско-македонско пријателство. Како што соопшти Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје, кој е виртуелен домаќин, темата на прес-конференцијата е „Претставување на нов клуб за бугарско-македонско пријателство и повелба за негово формирање со видео конференција меѓу видни јавни личности од Софија и Скопје“. Од Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје информираат дека тие не се креатори и учесници во идејата и сакаат, како што велат, да ја поддржат иницијативата на добра волја која стои зад креирањето на оваа платформа. Како што е најавено, меѓу основачите на Клубот од македонска страна се филозофката Катерина Колозова, политикологот Љупчо Петковски, новинарите Марјан Николовски и Столе Наумов, историчарот Драган Заjковски, поранешните македонски премиери Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски. Меѓу основачите на Клубот од бугарска страна се писателите Алек Попов и Чавдар Ценов, универзитетските професори Александар Ќосев, Ивајло Дичев и Маја Грекова, новинарите Бојко Станкушев, Иво Беров и Димитар Кенаров, експертот за одбрана Велизар Шаламанов, економистите Красен Станчев и Евгени К’нев, тенисерката Мануела Малеева, режисерот Јавор Г’рдев, советникот на претседателот Жељу Желев за етнички прашања и Михаил Иванов. Исто така меѓу основачите се и три организации на македонските Бугари – Бугарскиот културен клуб Скопје (БККС), Културно-просветното друштво „Вардар“ и Здружението на граѓани за промоција, издавање, иницијативи и меѓународна соработка „ДЕЛО“ Скопје.

The post Денес се формира клубот за бугарско-македонско пријателство во кој членуваат Георгиевски, Бучковски и Колозова appeared first on Република.

]]>
Во Софија се формира мрежа на бугарско-македонски клубови: Меѓу претставниците од Македонија се Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-sofija-se-formira-mreza-na-bugarsko-makedonski-klubovi-megju-pretstavnicite-od-makedonija-se-ljubcho-georgievski-i-vlado-buchkovski/ Sat, 30 Apr 2022 10:53:27 +0000 https://republika.mk/?p=495657

Прва дигитална телеконференција на македонски и бугарски интелектуалци, општествени работници, новинари и претприемачи ќе се одржи во вторник во прес-клубот на БТА во Софија и во Институтот за Општествените и хуманистичките науки во Скопје.

-На дигиталната телеконференцијата ќе биде објавен Заеднички документ за зближување и соседство, кој ќе биде патоказ за градење целосен процез за зближување меѓу двата народи и двете земји обединети во нова мрежа на клубови за бугарско-македонско пријателство во двете земји, се вели во соопштението од организаторите испратено до дописникот на МИА од Софија.

Целта е да се создаде активно граѓанско општество со претставници од Бугарија и Македонија, кои ќе работат на зближување на двете општества врз основа на европските вредности. Исто така, целта на Клубот за бугарско-македонско пријателство е да организира академски, културни, спортски и секакви средби на граѓаните на двете земји за да се подобри меѓусебното познавање, разбирање, пријателство и добрососедство.

-Целта е да се извлечат бугарско-македонските односи од „ќорсокакот“ во кој моментално се наоѓаат како резултат на засилениот дијалог во сите области, да се отстранат од тесните политички и дипломатски кругови, како и од оние кои се под контрола на властите или одредени тајни центри „во двете земји, кои отворено работат против добрососедската политика.

Меѓу основачите на Клубот од бугарска страна се писателите Алек Попов и Чавдар Ценов, универзитетските професори Александар Ќосев, Ивајло Дичев и Маја Грекова, новинарите Бојко Станкушев, Иво Беров и Димитар Кенаров, експерт за одбрана и поранешен министер за одбрана на Бугарија Велизар Шаламанов, економистите Красен Станчев и Евгени Канев, светски познатата тенисерка Мануела Малеева, режисерот Јавор Гардев, советникот на првиот демократски избран претседател на Бугарија Жељу Желев за етнички прашања, Михаил Иванов.

Од македонска страна на иницијативата се приклучуваат филозофката Катерина Колозова, политикологот Љубчо Петковски, новинарите Марјан Николовски и Столе Наумов, историчарот Драган Зајковски, како и поранешните македонски премиери Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски.

Меѓу основачите се Бугарскиот културен клуб – Скопје, Културно-просветното друштво Вардар и Здружението на граѓани за промоција, издаваштво, иницијативи и меѓународна соработка „Дело“. Како што наведуваат организаторите во нивното соопштение до дописникот на МИА во Софија, учесник во клубот може да биде секој кој за тоа ќе се пријави на веб-страницата www.bgmkclub.eu или на електронската пошта bgmkclub@gmail.com.

The post Во Софија се формира мрежа на бугарско-македонски клубови: Меѓу претставниците од Македонија се Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски appeared first on Република.

]]>

Прва дигитална телеконференција на македонски и бугарски интелектуалци, општествени работници, новинари и претприемачи ќе се одржи во вторник во прес-клубот на БТА во Софија и во Институтот за Општествените и хуманистичките науки во Скопје. -На дигиталната телеконференцијата ќе биде објавен Заеднички документ за зближување и соседство, кој ќе биде патоказ за градење целосен процез за зближување меѓу двата народи и двете земји обединети во нова мрежа на клубови за бугарско-македонско пријателство во двете земји, се вели во соопштението од организаторите испратено до дописникот на МИА од Софија. Целта е да се создаде активно граѓанско општество со претставници од Бугарија и Македонија, кои ќе работат на зближување на двете општества врз основа на европските вредности. Исто така, целта на Клубот за бугарско-македонско пријателство е да организира академски, културни, спортски и секакви средби на граѓаните на двете земји за да се подобри меѓусебното познавање, разбирање, пријателство и добрососедство. -Целта е да се извлечат бугарско-македонските односи од „ќорсокакот“ во кој моментално се наоѓаат како резултат на засилениот дијалог во сите области, да се отстранат од тесните политички и дипломатски кругови, како и од оние кои се под контрола на властите или одредени тајни центри „во двете земји, кои отворено работат против добрососедската политика. Меѓу основачите на Клубот од бугарска страна се писателите Алек Попов и Чавдар Ценов, универзитетските професори Александар Ќосев, Ивајло Дичев и Маја Грекова, новинарите Бојко Станкушев, Иво Беров и Димитар Кенаров, експерт за одбрана и поранешен министер за одбрана на Бугарија Велизар Шаламанов, економистите Красен Станчев и Евгени Канев, светски познатата тенисерка Мануела Малеева, режисерот Јавор Гардев, советникот на првиот демократски избран претседател на Бугарија Жељу Желев за етнички прашања, Михаил Иванов. Од македонска страна на иницијативата се приклучуваат филозофката Катерина Колозова, политикологот Љубчо Петковски, новинарите Марјан Николовски и Столе Наумов, историчарот Драган Зајковски, како и поранешните македонски премиери Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски. Меѓу основачите се Бугарскиот културен клуб – Скопје, Културно-просветното друштво Вардар и Здружението на граѓани за промоција, издаваштво, иницијативи и меѓународна соработка „Дело“. Како што наведуваат организаторите во нивното соопштение до дописникот на МИА во Софија, учесник во клубот може да биде секој кој за тоа ќе се пријави на веб-страницата www.bgmkclub.eu или на електронската пошта bgmkclub@gmail.com.

The post Во Софија се формира мрежа на бугарско-македонски клубови: Меѓу претставниците од Македонија се Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски appeared first on Република.

]]>