бугарско државајнство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarsko-drzhavajnstvo/ За подобро да се разбереме Sat, 03 Aug 2024 13:10:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бугарско државајнство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/bugarsko-drzhavajnstvo/ 32 32 Хигиеничарка правела интервјуа за бугарско државјанство во козулатот во Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/higienicharka-pravela-intervjua-za-bugarsko-drzhavjanstvo-vo-kozulatot-vo-bitola/ Sat, 03 Aug 2024 13:10:22 +0000 https://republika.mk/?p=803055

Хигиеничарка правела интервјуа за бугарско државјанство во нашиот конзулат во Битола, соопшти в.д. премиерот и министер за надворешни работи на Бугарија Димитар Главчев, пренесува БНР. По пријава за прекршоци во конзулатот, извршен е увид со кој е констатирана повреда од страна на вработената хигиеничарка, како и во однос на кол центарот кој закажувал за бугарско државјанство.

„Шефот на Генералниот конзулат во Битола и ја прекинал дејноста на Весна Котевска, хигиеничарката. По увид на Инспекторатот, вработената повеќе нема пристап до архивата и дејноста на конзуларната служба на претставништво“.

Ова не е единствената повреда констатирана при увидот. Главчев пријавил и за телефонски центар што го одржувала македонска компанија која обезбедувала услуги за закажување во конзулатот во Битола и во бугарската амбасада во Скопје.

„На овој начин, правно лице со нејасна сопственост доби можност да ги дознае, систематизира и архивира личните податоци на десетици илјади лица кои низ годините аплицирале за бугарско државјанство и секаков друг вид на конзуларни услуги. Телефонскиот број на кол центарот е импулсен, а цената на повиците не е објавена и има нејасна вредност за корисникот и за вработените во генералниот конзулат во Битола“. Договорот со компанијата е раскинат, увери бугарскиот премиер.

The post Хигиеничарка правела интервјуа за бугарско државјанство во козулатот во Битола appeared first on Република.

]]>

Хигиеничарка правела интервјуа за бугарско државјанство во нашиот конзулат во Битола, соопшти в.д. премиерот и министер за надворешни работи на Бугарија Димитар Главчев, пренесува БНР. По пријава за прекршоци во конзулатот, извршен е увид со кој е констатирана повреда од страна на вработената хигиеничарка, како и во однос на кол центарот кој закажувал за бугарско државјанство. „Шефот на Генералниот конзулат во Битола и ја прекинал дејноста на Весна Котевска, хигиеничарката. По увид на Инспекторатот, вработената повеќе нема пристап до архивата и дејноста на конзуларната служба на претставништво“. Ова не е единствената повреда констатирана при увидот. Главчев пријавил и за телефонски центар што го одржувала македонска компанија која обезбедувала услуги за закажување во конзулатот во Битола и во бугарската амбасада во Скопје. „На овој начин, правно лице со нејасна сопственост доби можност да ги дознае, систематизира и архивира личните податоци на десетици илјади лица кои низ годините аплицирале за бугарско државјанство и секаков друг вид на конзуларни услуги. Телефонскиот број на кол центарот е импулсен, а цената на повиците не е објавена и има нејасна вредност за корисникот и за вработените во генералниот конзулат во Битола“. Договорот со компанијата е раскинат, увери бугарскиот премиер.

The post Хигиеничарка правела интервјуа за бугарско државјанство во козулатот во Битола appeared first on Република.

]]>